КАФЕ ПАУЗА

Tag: Предложи содржина

  • Поезија: Зракот

    Поезија: Зракот

    Пратено од: Симона НечковскаrnrnПоезија: ЗракотrnrnНејасен зрак кој продира во најраните утрински часови,rnrnте повикува како во далечен недопирлив сон, и трча пред тебе,rnrnа ти неосетно почнуваш да го следиш…rnrnКако примамена од опојност, и некоја длабока миризба,rnrnод која не можеш да се дозаситиш,rnrnи во тој момент, се крие зад првото свртување, исчезнува…rnrnА ти забрзуваш, се плашиш да не изгубиш трага,rnrnтрчаш, нозете се испреплетуваат една од друга, паѓаш,rnrnи лежиш некоја минута, дозволуваш да потонеш…rnrnОд една страна се вовлекуваш во корењата на дното,rnrnи се опушташ, се предаваш,rnrnод друга страна те држат рацете на бесконечностаrnrnпред тебе, таму горе, во најубавата тишина…rnrnЗатвораш очи за да се сетиш пак…rnrnна она што те примамува да потонеш во сон,rnrnи истото кое повикува кон будење,rnrnи кое те тера да дишеш,rnrnда ја слушаш сопствената тензија,rnrnда ја голташ сопствената возбуденост,rnrnда ја бараш повторно причината…rnrnво секоја клетка која била помилувана,rnrnзашто остана допрена,rnrnод неговите раце…rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каде се купува љубовта?

    Каде се купува љубовта?

    Автор: Маја КузмановскаrnrnСреќавам девојки кои наместо за принцот сонуваат за неговиот автомобил. Човекот да ти станал таков страшен хомо-конзуменс што сега и Ерик Фром се превртува во гробот. Наместо да ја разберат неговата „Вештина на љубовта“ тие погрешно ја протолкувале неговата дефиниција за човекот кој конзумира. Одеднаш, камења ти се трупаат во желудникот кога дознаваш дека денес и љубовта станала бренд, а совршените тела и скапите статусни обележја – маркетиншки трик.rnrnКаде се купува љубовта?rnrnЗемјината гравитација се надополнува со материјалната. Сѐ додека купуваш, љубиш, сѐ додека трошиш среќен си. Капитализмот не владее само со нашите економии и општества, почна да владее и со нашите срца. Парите диктираат кој е подобар љубовник. Или верник. Како да љубовта и вербата можат да се мерат со бројки и количини.rnrnНеодамна, на Твитер некој имаше напишано дека сака да си купи сто грама љубов. Се прашувам, доволни ли ќе се!? Во каква продавница се продава ли љубовта, онаму каде што продаваат убави, светкави работи спакувани во најквалитетната хартија или онаму каде освен бадемите, лешниците, бонбоните се продава и таа, рефус? Како се рекламира љубовта? Купи срце, добиваш и душа! Или земи си љубов ќе добиеш и гратис возење до дома. Биди секси и имаш гратис мартини секоја вечер.rnrnДодека го пишувам ова, отворен е мојот Фејсбук профил. Оп, одеднаш ми светнува, ете каде се продава љубовта. Милиони тука си ги продаваат чувствата, некои си бараат партнер/ка, некои се обидуваат да се пикнат во туѓа врска, срцепарателни рефрени и розови срца на сите страни. Да се љубевме во реалноста толку многу како што тоа го правиме таму ова ќе беше еден среќен свет.rnrnБедно е што денес познавам личности кои се во врски од интерес. Уште победно е што некои се во брак од интерес, имаат деца од интерес. Но, не зборувам за оној интерес и потреба да се биде со некој, некој да се љуби, да споделуваш со него, да му веруваш, да го гушкаш. Мислам на оној материјалниот интерес. Зборувам за оние врски каде клучот од автомобилот или луксузната вила ја дефинираат довербата. За она кога егзотичноста на дестинацијата каде летувате го подобрува вашиот однос. Мислам на ова денешно време – невреме кога за некој незамисливо е да прошета девојка под рака која не поседува скап телефон, не е облечена по најновите модни тенденции и не изгледа како девојките од ревиите на Викторија Сикрет. Алудирам на девојките кои се во „љубовна“ врска само за да бидат ВИП фаци во градот, да пијат во најелитните локали, да пушат увезени цигари и соседите да ги видаат како се симнуваат од автомобил кој сѐ уште не е појавен на македонскиот пазар.rnrnКоја е единицата мерка на нашите души, еврото, доларот, златото, луксузот? Може ли љубовта да се стави на кантар, ќе натежни ли тој тас каде што е таа повеќе од оној другиот на кој стојат дијамантите и парите? Пред да почнете да мерите колку чини вашата љубов, ќе ве потсетам дека врските основани од интерес и профит имаат краток рок на траење. Некогаш дури и пократок од чоколадото кое штотуку го отворивте. Секогаш може да се појави некој кој има поубав автомобил од вашиот, повеќе кредитни картички од вас или девојка која е позгодна од вас. И тогаш „љубовта“ добива нова тежина и амбалажа. Се разбира, со рок на траење колку млекото.rnrnЌе ве потсетам дека некогаш имало војни на овие простори, страшна сиромаштија, беда, немало автомобили, камоли пак елитни места за излегување. Ама луѓето љубеле, верувале, граделе иднина. Небитно, дали љубовта ја „купиле“ на чешма, преку познаници, таа чинела цел еден живот и им трае колку вечноста. Сетете се на најубавите љубовни приказни. Помислете на сите љубовни романи, песни, портрети, скулптури, храмови и војни кои биле последица на голема љубов. Премногу приказни и уште толку нови кои ја чекаат светлоста на денот за да бидат откриени додека страста ги заспива на свилените постели. Ете таква љубов сакам да ни се случува. Онаа која трае светлосни години, онаа која нема цена и живее дури и по физичката смрт на љубовниците и долго се прераскажува.

  • Поезија: Саботно :)

    Поезија: Саботно 🙂

    Автор: МајаrnrnПоезија: Саботно :)rnrnНема посовршен ден од денес.rnЗа нови почетоци и нови луѓе.rnНо, нека започне денот со старите навики.rnКафе, цигара и благо.rnИ сонце.rnПод него, секој има свое место.rnБитно е да го пронајдеш,rnдодека уживаш во својата кожа.rnМизерно е да се обидувашrnда влезеш во туѓа.rnКолку и да си мал,rnтаму не те собира.rnНасмевни се,rnспонтано.rnЌе откриеш дека дишеш.rnСè уште нештоrnможеш да смениш.rnПочнувајќи од тебе.rnОчите нека ти сјаат.rnАко немаш љубов,rnнека ти сјаат од надежrnза љубовта која те чекаrnна секое ќоше.rnЧувај си ги рацетеrnширум отворени,rnникогаш не знаешrnкој би ти влетал в прегратки.rnТропај за да ти отворат,rnбарај за да најдешrnи думај:rnљубезноста е побитна од убавината,rnсексапилот е енергијата и шармот,rnа не брендираната облека.rnШтиклите не ги прават нозете јаки,rnтуку помислата дека можешrnдо крајот на светот и назад.rnРизиците нека ти бидат игра.rnНе доживувај пораз,rnтуку учи ги лекциите.rnСекој ден создавај по една приказна.

  • Поезија: Војник

    Поезија: Војник

    Автор: Илина ЃорѓиевскаrnrnПоезија: ВојникСе сеќаваш ли, на песнатаrnод мојата музичка кутија?rnСекоја ноќ, ја отворав…rnи срцево почнуваше да крвари.rnА се сеќаваш ли како игравме?rnТи ми ставаше цвет во косата.rnСе припивав до тебе и игравме,rnсе нишавме полека, галежно,rnтаговно следејќи ја музиката.rnТи ми ја стегаше нежно ракатаrnи ме љубеше на усни огненоrnи ми ветуваше: ќе заврши.rnЌе помине, ќе дојдам пак!rnПак ќе ја слушаме песната,rnќе ти ставам цвет во косата,rnќе играме цела ноќrnи повторно ќе ти ги љубам усните.rnСе сеќаваш ли, како ти заспивав на гради?rnСигурна, задоволна и вљубена..rnСе сеќаваш ли, се сеќаваш ли?!rnЈас се сеќавам на сè,rnна ноќите прекрасни и погледите безгласни,rnмирисот на цветот и топлината на здивот.rnЌе дојдам пак, ми рече ти.rnЌе помине, ќе заврши, ми вети.rnЗаврши… и помина.rnНо мојата музичка кутија остана затворена.rnМојата коса остана без подарениот цвет.rnМоиве раце празни и напуштени.rnА усните, суви и студени.rnРече: ќе дојдам пак!rnНе дојде.rnЗамина, со песната и цветот,rnпрегратката и бакнежот…rnи со моето срце.

  • Една поинаква врска на далечина

    Една поинаква врска на далечина

    Оние кои одржувале долги врски на далечина, знаат колку е тешко чувството да се биде толку оддалечен од личноста која е толку блиску до срцето. Благодарение на технологијата, денес врските на далечина можат многу да се „доближат“, но покрај тоа, празнината во срцето се чувствува секој ден.rnrnЕдна поинаква врска на далечинаrnrnКраткиот филм „The long distance relationship“ раскажува приказна за двајца млади луѓе кои се нафатиле на овој чекор. Ова сепак, не е типична приказна за врска на далечина…rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Постои ли детето во тебе?

    Постои ли детето во тебе?

    Автор: Валерија ДамчевскаrnrnПостои ли детето во тебе?rnrnСекој еден од нас заборава на детето во себе. Заборава колку бил среќен, колку сонувал, со кого израснал.rnГи заборава куклите кои биле луѓе за него, ги заборава војните со другарите и топките кои значеле премногу, ги заборава коцките кои ги гледал како згради.rnДали воопшто некој некогаш се сеќава на детството?rnrnДали сега светот е толку шарен и едноставен?rnДали сите луѓе можат да бидат добри и на твоја страна?rnДали топката е само играчка или средство за стекнување богатство?rnДали играта е задоволство или само бизнис?rnДали љубениот е само кукла или вистинско суштество?rnДали љубовните приказни се само на филм или ни се случуваат нам?rnДали им кажуваме сè на родителите како порано или пак многу малку?rnДали ја бакнуваме мама за добра ноќ или пак се караме жестоко со неа?rnДали времето „работи“ на наша страна?rnДали секој ден ни е само игра или вистински се случува?rnДали болката ни е од удрено колено или од скршено срце?rnДали солзите капат заради скршена играчка или пак за заминување на некој другар?rnДали плускавиците ни се од патиките во кои трчаме или пак од штикли кои божем нè прават поубави?rnДали во секого гледаме другар или пак се плашиме од многу погледи?rnДали цигарата е само смрдливо нешто кое го пуши тато или ни служи за да ги смириме и ублажиме страдањата?rnДали пивото е горчливо или сега е премногу добро?rnДали се радуваме на сонцето или се криеме од него?rnДали пишуваме споменари или пак објавуваме песни на Фејсбук?rnДали вредеше да пораснеме, бидејќи кога бевме деца си игравме возрасни? Но дали да влеземе во светот на лаги, омраза, болка, дрога, силување, во светот каде секој ја носи својата маска?rnrnИ денес кога ќе го прочитате ова, запрашајте се дали го исполнивте својот сон или само пораснавте?

  • Книгите како храна за душата

    Книгите како храна за душата

    Автор: Маја КузмановскаrnrnПочетокот секогаш е најтежок. Изборот на зборови во некои ситуации е потежок од кој било почеток. Додека се обидувам да си ги соберам растурените мисли, пред очите ми излегува нотесот со зелени корици, каде што сум запишала еден цитат од „Планетата на неискуството“, првата книга на младиот македонски автор Гоце Смилевски:rn

    „Ми се измолкнуваш како сон додека се будам, како расказ кој го носам во себе, а не можам да го уловам во мрежата на зборовите“.

    rnКнигите како храна за душатаrnrnВеќе почнувам да ја осознавам мојата интимна и длабока врска со книгите, неверојатната и магична поврзаност со испишаните страници и „живеењето“ во кожата на авторот. Сега јас сум таа која се обидува да пронајде зборови, да ги смести на хартија и да им даде живот.rnrnБи ја започнала приказната со спомени од училишните денови. Во седмо одделение, веднаш по завршувањето на зимскиот распуст, класната која предаваше македонски јазик, во обид да ја искаже својата лутина и гнев поради тоа што сме прочитале одвај две-три книги за време на празниците, со повишен тон почна да чита еден текст на Бранко Копиќ. Во текстот, авторот кажува дека книгата ја победува смртта, го победува просторот. Ни ги доловува неговите средби со Езоп и Марк Твен и „патувањата“ во далечните земји.rnrnНеколку години подоцна, чувствувам огромна благодарност кон Копиќ. Ме „натера“ да пијам чај со Фројд, да сонувам за љубовта читајќи ја „Дениција“ на Петре М. Андреевски, да согледам колку присутно може да биде нечие отсуство. Започнав да верувам во судбина и случајности, сочувствувајќи со Невена од „Тунел“ на Андреевски, волшебникот со перо. Тој ме соочи и со суровата реалност, македонското проклетство секоја жена да чека некого. Но, нему му се спротивстави Симон де Бовоар, која ми шепна дека ниту една жена не заслужува да биде скршена, таа мора да има посебно место во светот каде што владеат мажите.rnrnВо пркосот на младоста, се сретнав и со типичната американска психологија преку десетици книги кои алудираат на тоа дека ние, жените, сме од Венера, а мажите се од Марс. Но, „Скицата за првото писмо до Ема Гермова“ на Гане Тодоровски, „Љубовница“ на Блаже Конески, „Канционерот“ на Петрарка ме помирија со фактот дека сите, и мажите и жените, сме од Земјата и дека љубовта е највозвишеното нешто што може да му се случи на секој човек.rnrnТука би го сместила и Ерик Фром и неговата „Вештина на љубовта“, каде што се случува парадоксот две личности да станат едно, а сепак да останат две индивидуи.rnrnПак ќе се навратам на моето детство. До денес, на полиците преполни со книги, почесно место имаат „Црвенкапа и Волкот“ и „Девојчето со кибритчињата“ на данскиот писател Ханс Кристијан Андерсен. Можеби ако само прелистував, тогаш сказните со принцот на бел коњ ќе го имаа почесното место. Но, овие две навидум детски книги во себе носат силна метафора, идејна порака за возрасните. Првата за тоа дека постојат пресвртни моменти во која било приказна, а втората дека има приказни и со тажен крај, асоцира на некоја космичка поврзаност, но и на нехуманоста на луѓето.rnrnКога сум веќе кај метафорите, нефер би било да не го споменам Милан Кундера. Во „Неподносливата леснотија на постоењето“ ме става пред една важна претпоставка:rn

    „…метафорите се опасна работа, не е препорачливо да се игра со нив. Љубовта може да се роди и од една метафора“.

    rnСо таа книга Кундера во мојот свет внесува слика за метафорите, идеи за размислување. Кундера ми покажа колку различни биле живеењето и живуркањето.rnrnПонекогаш, јас и книгите не сме совршен пар. Имаме огромни проблеми кога патуваме. Во куферите нема место за сите, а не сакам кавги со новите, со оние корици меѓу кои суштествува некој или нешто, а кои треба да бидат донесени од далечните градови. Но, и во најголемиот, најосветлениот град се појавува босанскиот поет Јован Дучиќ, кој апсолутно тврди дека во еден мал роман има повеќе љубов отколку во еден голем град.rnrnИма една книга од која не би се одделила, која ја читам и препрочитувам. Неа ниту пламени не би ја уништиле. Да, зборувам за волшебната „Вештица“ на нашиот Венко Андоновски. Ако бев актерка, ќе сонував да ја оживеам Јована на театарските штици. Хранејќи си ја душата со зборовите на Андоновски ја откривав светлината и сенката, казната и наградата, љубовта и лудилото, животот и смртта, гордоста и стравот, страста и храброста, вербата и иронијата, времето и вечноста…rnrnСи ги наредив зборовите, внесов хармонија, но создадов неред на полиците каде што „живеат“ моите книги. Но, јас го обожавам тој неред: белешки на маргините, фотографии кои служат како обележувачи на страни, посвети од автори, убави пораки на подарените книги, подвлечени реченици и по некоја моја мисла или коментар. Ете, затоа никој не би ја уништил мојата поврзаност со пишаниот збор. Тој е единствениот кој може да ме истрпи во сите мои пројави: кога сум вљубена, насмеана, добро наспана, но и гневна, уморна или збунета.rnrnЈас и пишаниот збор сме одличен пар. Знаеме да направиме договор, да имаме разбирање. Некој некаде запишал:rn

    „Носи го стариот капут, но купи си нова книга“.

    rnНо, која девојка не би сакала нов капут секоја сезона!? Ете, тука е нашиот компромис и разбирање со пишаниот збор: капут на распродажба и книга на саем, затоа што корицата и цената на книгата не се показател за она внатре, она што живее меѓу страниците, во редовите и (не)мирот кој се пронаоѓа таму.

  • ЖЕНА – битен фактор во општеството

    ЖЕНА – битен фактор во општеството

    Автор: Маја КузмановскаrnrnДа сме начисто со една работа – времето кога понежниот пол ја играше улогата на мајка, домаќинка и совршено пожртвувана сопруга помина. Дами и господо, викнете трипати „УА“ за стереотипите и уште погласно, трипати „УРА“ за еманципираноста на жените. Да живеат жените кои имаат кариера, а меѓувремено успехот го надополнуваат со среќата да бидат сопруги и мајки. Искрено, сѐ уште не ми е јасно како е возможно да постојат мажи кои стојат на радикалниот став дека местото на жената е во кујната и како воопшто постојат жени кои се помируваат со шовинистичко мислење.rnrnЖЕНА - битен фактор во општествотоrnrnВо Македонија си имаме проблем со традицијата. Таа останала: мажот да работи, да печали, а жената да биде во домот и да се пријави на „портирница“ дури и ако оди до кај сосетката на кафе.rnrnАко живеете во метрополата или во некој поголем град од земјава, веројатно ви звучам како да сум излегла од некој серген и сега ви продавам приказни за ич пари. Но, ако ја земеме бројката на жени кои живеат во мали градови и рурални средини во земјава, тогаш сигурно не бладам од некое феминистичко бунило. Жално е што кај нас живеат стереотипите. Жени кои седат дома, кои немаат право на сопствен став, онемени, нешколувани, физички и психички злоупотребени, ете и такви жени има во Македонија. Ние како народ сме навикнати ѓубрето наместо да го собереме и фрлиме, да го потпикнеме под теписонот. Но, нели е крајно време да кажеме „СТОП“ и да ѝ кажеме „ДОБРЕДОЈДЕ“ на независната жена во современото општество!?rnrnСе сеќавам на кампањата на норвешката амбасада пред неколку години која имаше за цел да ги поттикне младите жени активно да учествуваат во политиката. Кампањата немаше голем одек во јавноста и ни стана секојдневие вратоврските да ги решаваат државните, политичките, социјалните, економските, образовните и медицинските проблеми. Претпоставувам дека Македонија за скоро време нема да види жена на чело на државата поради пустиот менталитет.rnrnСпоред машкото мислење жена не може да биде претседателка на држава и во исто време да биде добра сопруга и мајка. Непишано правило е да не ѝ се дава авторитет и кредибилитет на дамата. Ако таа се обиде тие да ги стекне со сѐ она што го поседува (овде не мислам на нејзиното деколте, туку на нејзиното образование, карактер, моќ за убедување, енергијата која ја поседува), тогаш тие би требало да ѝ бидат одземени со постојано негирање на нејзините креации.rnrnАјде да не биде така! Да ги охрабриме жените активно да учествуваат во социјалниот живот. Да бидат амбициозни, со сите свои доблести кои ги поседуваат да се борат за своето место во општеството, да имаат кариера, да бидат граѓански активистки, да си ги знаат и бараат своите права. Ајде заедно да се бориме за ова, силната, едуцираната и независна жена може да биде добра и пожртвувана мајка и да покаже дека со партнерот мора да биде рамноправна.

  • Вие сте единствени

    Вие сте единствени

    Автор: Маја Кузмановскаrn

    „Животот е море, а човекот – кораб. Умот е сидрото на тој кораб, срцето е едро, а страста – ветер во тоа едро. Каква полза од едро без ветер?“ – Вештица, Венко Андоновски

    rnВие сте единствениrnrnНавистина, каква полза од едро без ветер? Што е животот без страст за живеење? Постои миг во нашиот живот кога ќе сфатиме зошто сме тука, но никогаш нема да дознаеме до кога, бидејќи ако го знаеме тоа ќе ја изгубиме смислата на животот, на нашето живеење. Сега дознав дека јас сум на овој свет за да живеам, да станам конкретна појава во секојдневието како и другите околу мене, сите оние кои ја бараат смислата на денешнината, оставајќи го минатото зад своите чекори и чекајќи ја иднината со сјај на надеж во очите кои се измориле од болка и тага.rnrnКога ќе се пронајдеме себеси во овој мал свет ќе најдеме мир за душата. Светот ќе почне да си ги менува боите и кислородот кој го вдишуваме ќе биде најголемиот доказ дека сме живи. Не ни треба посебна филозофија за живеење, бидејќи добрината и љубовта би требало да бидат наша филозофија, стил на живеење. Доволно е да предизвикаме насмевка на лицето на некој што ни значи, да го сакаме сонцето кое симболизира живот, да научиме да ги прифаќаме луѓето околу нас такви какви што се, без да се трудиме да ги промениме. Да си простуваме самите на себеси за да можеме да им простиме на другите, да ги цениме миговите кои иако мали, можат да нè направат среќни. Да сонуваме, затоа што не е грев да се сонува, затоа што понекогаш фантазијата е поважна од знаењето.rnrnПодарувајте време и внимание. Не бидете подобри од другите, туку подобри од тоа што сте. По секој дождлив ден, доаѓа виножитото! И тогаш на површината испливува страста за живеење. Да се биде сега и тука. Затоа што никој не знае што носи утре. И сега почнав да размислувам за своите постапки:rnrnСекојдневно се пронаоѓам во страниците на секоја книга што ќе ја допре мојата дланка, сакам од секоја книга да ја исцрпам сета мудрост што така невино се сокрила таму…rnrnСакам да пропаѓам во музика која ми ги буди сетилата и моите спомени почнуваат да танцуваат во ритамот на животот.rnrnСекогаш искрена, доволна самата на себеси со смисла за хумор токму кога тоа е најпотребно.rnrnЗа мене и обичното кафе и муабет со пријателите може да биде сосем поинакво ако јас го посакам тоа…rnrnИ доста ми е од критики, не се грижам за нив, веројатно затоа што никој досега не подигнал споменик на критичар.rnrnСакам да патувам низ сонот откривајќи го светот во неговите вистински бои…rnrnНе сум Бодлер, па да ги бојадисувам прозорците, не сум Гог, па да си го отсечам увото…rnЈас сум само аматер кој се обидува да стане уметник, а ако станам можеби ќе бидам и контроверзна…rnrnНо, засега останувам верна на моите очи, срцево и разумот, па макар тие не биле во право. Јас сум само ЈАС, ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА. Сега се моите пет минути. Никогаш повеќе природата нема да ме создаде повторно, затоа што секој од нас е уникатен примерок на љубовта.rnrnСега се и вашите пет минути. Секој ги доживува токму сега и никогаш нема да доживеете реприза. Бидете тоа што сте и живејте го мигот. Мигот кој е целиот наш живот. Во тој миг ние ја вложуваме сета своја енергија, сите свои емоции за да бидеме нешто повеќе. И на крајот пак се враќаме на она првобитното: човекот е кораб во морето, неговиот ум е сидро, неговото срце – едро, а љубовта и страста – ветер во тоа едро. И бидете тоа што сте, живејте, сакајте и радувајте му се на секој нов ден.

  • Нешто што пред 30 години би стоело на хартија

    Нешто што пред 30 години би стоело на хартија

    Автор: Маја Кузмановска Оскар Вајлд, во една прилика обидувајќи се една голема мудрост да ја смести во мала реченица изјавил:rn
    rn

    „Мажите ја измислија цивилизацијата за да ги импресионираат жените.“

    rnНешто што пред 30 години би стоело на хартија Денес, без разлика дали си маж или жена имаш потенцијал да го импресионираш светот, а притоа да те нема во жолтиот печат. Ако ме прашаш како, јас ќе ти го дадам мојот одговор кој неминовно ќе биде субјективен. Ако го прашаш татко ми, ќе ти каже дека тоа е невозможно и дека леташ в облаци. Ако го прашаш дедо ми, ќе ти каже дека нема никаква можност да го импресионираш светот бидејќи сè е измислено и сè она што го нарекуваме „новосоздадено“ е само копија на веќе постоечкото. Дали тоа значи дека треба да се откажеме од креациите? Дали тоа значи дека треба да се помириме со нештата такви какви што ни се дадени и да не менуваме ништо? Дали тоа значи дека не треба да создаваме нови вредности во општеството кое почна да ги губи старите!? Во минатото, уметниците биле тие што создавале чувство на импресија кај обичниот народ. Но, што со оние луѓе кои немаат уметничка душа? Имаат ли тие можност да импресионираат некого? Категорично, да! Започни од тоа да бидеш добар. Љубезен. Подготвен за прегратка. Една насмевка дневно не ја намалува твојата банкарска сметка. Неколку убави зборови нема да му наштетат на твојот нов автомобил. Една силна и искрена прегратка нема да ја расипе храната во твојот фрижидер. И ете, си ме импресионирал! За жал, живееме во капиталистичко општество каде парите ги поставуваат вредносните модели на однесување, каде и чувствата стануваат бренд. Некогаш, за среќа подолготрајни од сите останати брендови заедно. Биди со луѓето, меѓу луѓето и за луѓето. Секој има своја приказна. Слушни ја, можеби денес таа е најимпресионирачката на целиот свет. Кога повеќе би се слушале едни со други, кога повеќе би комуницирале со силни пораки и преку вистинските медиуми, кога повеќе би љубеле, можеби ова би бил најдобриот од сите можни светови. Најди си начин и простор да ја кажеш својата приказна. Тишината е најголем непријател на општеството и конфузија за човекот. Биди искрен, како кога беше дете и ѝ кажа на баба ти дека е дебела, затоа што тоа си го слушнал од мајка ти. Биди љубопитен, како кога прашуваше зошто небото е сино. Знаеш ли денес од научен аспект да ми објасниш зошто небото е сино!? Биди предвидлив, не за џабе употребуваш фаќалка за тавата од шпоретот. Но, пред сè, биди свој. Само така ќе имаш уникатна приказна. И уште еднаш ќе нè импресионираш!rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.