Автор: Симонаrnrnrn
rnrnТолку се гласни дождливите капки, кои удираат на површината,rnпа се топат и тонат во мекоста на земјата…rnСе мешаат мириси на две тела некаде во дамнешни соништа,rnво најдлабоката бездна која не го чувствува својот крај…rnИ две замолкнати тишини се будат во својот глад,rnсе приближуваат кон својата острина која нежно убива…rnЕдни прсти кои оставаат силен стисок на кожата,rnте галат сеќавања од нивната грубост …rnРаце на кои се препушташ исто како што паѓашrnво некоја зимска ноќ во длабочините на снегот…rnУспиени движења во одминато времеrnкои полека нежно се влечкаат кон приближувањето…rnИ студот полека го заборава својот лад од топлинатаrnкоја го пополнува секој безграничен простор…rnТука воздухот станува сè потежок и потежок,rnдишењето ја заборава својата редовност…rnТука исчезнуваат сите мисли во својата спонтаност,rnостанувате само вие двајца се затворате во заеднички сон …rnТука ги покриваш очите и ги оставаш другитеrnсетила да водат во непознат и нов правец на распознавање…rnЈа чувствуваш жедта која повикува од неговитеrnусни каде што исчезнуваат последните капки на трпение…rnЗаспива вовлекувањето на трепетот некадеrnпод површината на твојата кожа…rnИ се помрднува секоја стабилност од вознемиреноста наrnтвоето замислено тело кое заборава каде е…rnНежноста почнува да ги зарива своите заби наrnсекое местенце кое плаче од болка…rnПлетеш за себе лично мрежа од збунетостrnсе гушиш и сè уште трагаш по чадот на затемнувањето…rnГорчлив вкус на недозреано овошје на коеrnне можеш да одолееш и го земаш пред своето време…rnЈа распостелуваш својата душа на дното одrnсвоето вивнување во највисоката далечина, ја предаваш…rnГи бришеш своите бакнежи за да можеш даrnизрезбаш нови подлабоки и безбојни дела на неговата силуета…rnСе заплеткуваш во своето грчење и едноставноrnтвоето тело престанува да се движи…rnГо разголуваш својот немир и ги препушташ своите воздишки,rnна мирната тишина ѝ ги оставаш да одекнуваат во неговите уши…rnИ векот не знам како ама се собрал во само еден час,rnно ете од се тоа остана повторливиот незаборавен копнеж…rnИ во голотијата на стутканите тела како што сенката ве покриваrnсе завиткувате во својата топлина, прегратка на спојувањето…rnКоја ме разнесува на неизбројливи парчиња…rnи ме тера да се навраќам во секој момент, во секој допир, секој белег…rnза да се пронајдам… и да ти се вратам пак.
Tag: Предложи содржина
-

Поезија: Те вдишувам…
-

Поезија: Неминлив дел од животот или?
Автор: Душица Диноваrnrnrn
rnrnДа ја заклучам ли душава со клучот на замрзнатите чувства,rnда го исушам ли срцево-море, па да не може ТОЈ да го разбранува немирот?rnВрз последниот жар да истурам млаз студена вода,rnта да не може ни најмало ветре со емоции да разгори некоја искра?rnДа го закопам некаде во градиве, длабоко под себе,rnили да го оставам да живее?rnДа го оставам да бие?rnПроклет спомен на тебе.rnПече. Боли.rnСонувам или јаве е?rnГо слушам твојот мил шепот или студениот ветар си поигрува со мене?rnНедостигаш…rnШто остана? Само солзи и сеќавања.rnА утре? Истите талкања низ моите урнати светови.rnБарам прошка за мирен почин на твоето рамо.rnБарам да ми се врати сјајот во очиве и спокојот во душава.rnЌе земам длабоко здив, да не ми го одземеш кога ќе блеснеш под месечевата светлина.rnЌе соберам сила, да не ме соборат солзите на коленици кога ќе застанеш пред мене.rnЌе ги проголтам овие црни денови.rnЌе ја соборам суровата препрека пред мојата иднина, како што мене ме собори минатото.rnТоа е животот. Суров или не, доделен ни е.rnТоа е како клавир. Црно, бело, црно, бело и тогаш паѓа капакот. -

Кога ќе се почитуваат мажите, тогаш ќе се вратат и џентлмените
Автор: АлександарrnrnЏентлмени – загрозен вид во изумирање – текст кој ме инспирираше да ја напишам првата статија во мојот живот. Пробав ред по ред да одговорам на сите скриени прашања и мислам дека повеќето би се сложиле со исклучок на оние личности од понежниот пол кои нема да се препознаат во текстот. Па да почнеме…rnrn
rnrnДури и глумците кои би требало да изгледаат како „совршени џентлмени“, кои навистина може да се видат само на телевизија, стануваат ретки. Толку се ретки што се дигна нивната цена ненормално високо за да самите се спуштат на најниското морално ниво и да глумат совршени џентлмени. Во денешно време многу е тешко да се глуми совршен џентлмен кога пред тебе стои нискоинтелигентна особа.rnrnКако да сакаш да отвориш врата од кола кога она ми вика: Шо кола возиш? Сигурно нема да се возиме во крнтијата на татко ти… или те глеа дека навистина добро се носиш и прво што ù текнува во глава е: Овој мора да има БМВ или Мерџо… а ти возиш Астра 97 година и се радуваш што имаш клима и нема да се скуваш док излезеш у град. Пробуваш да помогнеш на девојка у град дигната на 12-ка штикла, натоварена со кеси потешки од неа со реномирани копии од Бершка, Мона и Теранова и уште ти вика: Бегај море манијак еден… Хелоууу мислиш дека сум толку лесна па со ова ќе ме ќариш? МАРШШШ… или едноставно ти одмавнува со поглед и те прави да се чувствуваш као кретен. Влага во 5-ка дотерана пиц-пец со нога ко ќумец и ти вика: Дечко пази малце, не глеаш дека влагам??? Или се вози во државен во вторник и петок и ти се врти тебе и ти вика: Дечкооо… Шо се буташ???rnrnВака сеа, добро е што жените почнаа да се залагаат за нивните права, но да разграничиме омаловажување од добронамерни џентлменски гестови. Твоето его нема да биде повредено ако некој ти отвори врата и ти влезеш прва, ама твоето его нема да биде повредено и доколку се заблагодариш на дечкото кој се потрудил да те испочитува како дама. Доколку си и самата способна да ја отвориш вратата, значи способна си и да се заблагодариш или едноставно пријатно да се насмевнеш во чест на почитта што ти ја пружил, без прво да помислиш во глава дека со тоа ќе ти се наруши твоето его и ќе дозволиш за жал на, не твој тип на маж, да се насмевнеш и ти ги види твоите „добро наредени заби“. Како што жените го изменија зборот женствени, така и мажите го изменија истакнувањето на машкоста.rnrnКолку само ни недостигаат сите оние ситници на кои се радуваа жените од 80-тите и 90-тите години. Скинато цвеќе од градината на комшијата, крадење кола од дома за да ја изненади девојката и да ја однесе на место каде сонувала да биде, да отвори врата од кола, да ù подаде рака да се качи на коњ, да ù го подаде марамчето паднато на под, да помогне на старата изнемоштена жена која се натоварила со кромид и лук за дедото и слични работи што ги гледаме само на филм и станаа неблагодарни гестови за кои те озборуваат и те оцрнуваат како човек.rnrnНишто друго не бараме, туку почит каква што мажите имале до почетокот на новиот милениум, насмеано лице за подареното цвеќе, а не повратен одговор: И шо да му правам сега? Кај да го ставам? Или: Кај ти текна да ја земеш крнтијава, едвај ќе стигнеме сеа… Ај не ми се прави џентлмен, можам и сама… Го гледа инструкторот за јавање и се моли да ја придржи и дигне за да ја качи на коњ. И, треба нешто да значи ова ако си ми го подал марамчево? …rnrnМажите веќе се свесни дека и со намера нешто да направиш нема да го добиеш, затоа ова почнаа да го практикуваат само за да го направат животот поинтересен, применувајќи некои од овие ретро џентлменски трикови, но за жал веќе изветреани. Башка, што и да направиш за жените веќе е видено на филм и не е интересно.rnrnСе надевам дека понатака и на првиот состанок мажите нема да треба да прават будали од себе кога битно е првиот впечаток на девојчето за тебе, а тоа навидум стана практика кај сите:rn- rn011
- Дали добро ја носи косата?rn
- Дали носи часовник од позната марка? …што укажувало на фактот дека навистина се грижи за својот имиџ, а не дај Боже да носиш и каиш од Мона, тогаш си совршен, но сепак ќе размислам додека не ме качиш во кола.rnА да и најбитното…
- Какви патичиња носиш? (цел град е преплавен со Најк и Адидас патичиња, без разлика на тоа дали им стои на панталоните и маичката или на сакото што го носат у секоја прилика)
rn011
rn011
rn
rnШто и да пробате да направите друго, немојте да зажалите ако на крај се почувствувате као кретен.rn
Така да мажи, сè додека оваа практика не им излезе на девојчињата од глава и почнат да ги гледаат реалните можности на македонското момче, никогаш не пробувајте да бидете џентлмени со избледени џентлменски фори, зашто нема да бидете испочитувани како правилен маж.
-

УСБ стикче кое не се губи
Автор: Стефан СтефановиќrnrnrnОдите на важен состанок и се плашите да не ги загубите вашите податоци? Еве едно прекрасно УСБ стикче кое ќе ви заврши работа. Наместо да го барате по вашите џебови, закачете го на дел од вашата облека и носете ги вашите податоци сигурно и безопасно прицврстени на вас.rnrn
rnrnДизајнирано е од руското студио Арт Лебедев и го викаат Булавкус. Се надеваме само дека ќе го има во широка употреба на пазарот и секако со поголем капацитет од овие 4 гига што ги нуди првичната верзија.rnrn
-

Нашата омилена боја зборува за нашите потреби
Автор: Алисија КолевскаrnrnБојата која најмногу ја сакаме зборува за нашите најдлабоки, а често и несвесни потреби.rnrn
rnrnЦрвена – Вашата потреба е да постигнете физичко исполнување и искусување на животот низ петте сетила.rnrnПортокалова – Вие имате потреба да бидете во друштво на луѓе, да се социјализирате со нив и да бидете прифатени и почитувани како дел од групата. Исто така имате потреба од постојани предизвици во вашиот живот, било тоа да се физички или социјални.rnrnЖолта – Имате потреба од логички ред во секојдневниот живот. Сакате да ја изразувате својата индивидуалност со користење на логиката, да давате нови идеи и да ги инспирирате другите.rnrnЗелена – Вие имате потреба да сакате и да бидете сакани и да се чувствувате безбедно. Ви треба одобрување и благодарност од другите за секојдневните работи што ги правите за нив.rnrnСина – Вие сте во потрага по внатрешен мир, како и по вистината. Сакате да го живеете својот живот во согласност со вашите идеали и верувања, без да ја менувате вашата нефлексибилнa гледна точка на животот со цел да ги задоволите другите.rnrnИндиго – Вашата најдлабока потреба е да се чувствувате поврзани и во хармонија со универзумот и да бидете прифатени од другите како свесно и интуитивно духовно битие.rnrnВиолетова – Имате потреба од емоционална сигурност и создавање на ред и совршенство во сите области на вашиот живот, вклучувајќи го и духовниот. Исто така имате длабока потреба да иницирате и да учествувате во хуманитарни проекти и да им помагате на другите во неволја.rnrnРозова – Вашата најдлабока потреба е да бидете прифатени и сакани безусловно.rnrnrnТиркизна – Вашата потреба е да создадете емоционална рамнотежа во вашиот живот, да можете да ги изразите своите надежи и соништа, без разлика колку се идеалистички и да успеете во животот на свој начин, според сопствените услови.rnrnМагента – Вие не сте конформист и гледате на животот од поинаква гледна точка.rnrnКафеава – Вашата најдлабока потреба е за сигурно, безбедно, едноставно и удобно постоење со поддршка на семејството и пријателите.rnrnЦрна – Вашата потреба е да имате моќ и контрола со цел да ја заштитите вашата емоционална несигурност.rnrnБела – Вашите потреба е да се создаде едноставност во вашиот живот и да се бидете независни и самобитни, така што нема да зависите од некој друг.rnrnСива – Вие сте мирни, сталожени и имате тенденција да се прилагодувате на другите само за да го зачувате мирот.rnrnrnСребрена – Вие сте инспиративни и проникливи и имате потреба од духовно исполнување во вашиот живот.rnrnЗлатна – Зрачите со харизма и индивидуалност. Оставате печат. Сакате луѓето околу вас да се чувствуваат опутено и вредно.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Владо Јаневски низ стиховите, љубовните нишки и заплетените емоции…
Автор: Маја Николоваrn rnrn
rnrnИ денеска те моламrnне заборавај да се сетиш на менеrnзатоа штоrnеден бакнеж и магија се стори,rnа срцево мое капија ти отвори,rnво таа чаирска романтикаrnкога ти кажав:rn-не, не, не те сакамrnја те обожавам!rnrnЗнам дека што и да е ќе помине,rnно оваа љубов спрема тебеrnќе се разгорува сè додека не те сретнам пакrnнекогаш и негде,rnа до тогаш ќе останешrnмоја тајна отровнаrnво срце што ја кријам.rnrnА ти ќе речеш добра беше,rnмногу ме сакашеrnи ќе згрешиш, фала богу,rnтебе те сакам најмногу.rnrnАко не те сакам,rnзашто ми е мака,rnкога ноќ ќе падне и ќе помислам на тебе,rnа тебе лесно ти е да ме оставишrnи без мене ти пак ќе постоиш.rnrnА јас уште помнамrnи во нас се колнам,rnа ти заборавашrnко да вчера не ни било никогаш.rnrnНо и тогаш ќе се најде некоја будала,rnда го спомне ко на шалаrnтвојто име,rnа јас морам да се опијам соrnцрно тиквешко.rnrnЗатоа што,rnкој не сакал,rnтој не знае,rnшто е најтешко.rnrnПрочитајте ги и најубавите љубовни стихови од песните на Владо Јаневски.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Поезија: Недостиг
Автор: Сашкаrnrnrn
rnrnМи недостига еден топол поглед,rnи цврсто држење за рака.rnМи недостига сјајот на едни очи,rnи храброста да им шепнам TE САКАМ.rnМи недостига една силна прегратка,rnи скришно украден бакнеж.rnТолку нешта ми недостигаат!…rnа те нема да ми ги дадеш.rnМи недостигаат долгите разговориrnи доверените тајни.rnМи недостигаат погледите,rnи очи со искри сјајни.rnМи недостига рамо за плачење,rnи смеата од срце.rnМи недостига, се губатrnдве подадени раце.rnМи недостига зимаrnзатрупана во бели снегови,rnза мене топли деновиrnми недостигаат оние мигови…rnНе ми недостига љубовта твоја,rnникогаш ја немав.rnМене не ми недостигаш Ти!rnМи недостига човекот кој мислев дека си… -

Поезија: Ноќи кои раѓаат незаборав
Автор: Ирена Постолова rnrn
rnrnПролетните ноќи раѓаат незаборав,rnја појат душата и очите.rnШепотат… таму некаде под ѕвезденото небоrnблеска чиста љубов посеана,rnопива мирисот од сочните бакнежи.rnТаму некаде расне тревата по која газевмеrnи љубовта ја растевме,rnсè уште влажна од нашите солзи,rnкако штотуку исплакани, пресни.rnТаму некаде дрвјата ги наведнале гранките,rnтажат по нас, по споените срца,rnнајсилните прегратки,rnпо најслатките зборој и утехи.rnТаму некаде пак врне најслаткиот дождrnсо кој ја полевавме љубовтаrnдодека за вечно сакање се колневме.rnТаму некаде пак гали најнежното ветреrnкое го носеше шепотот „те љубам“ до ѕвездитеrnи го враќаше во срцата.rnТаму некаде пак изгрева полната месечинаrnкоја трепереше од нашата страст,rnод ненаситните усни и нивната сластrnи се смешкаше на разбушавените коси.rnИ… сè остана таму некаде,rnи овде и секаде, во срцата и мислите.rnСега, таму некаде потонувам во сонот,rnзаспивам со пролетните ноќиrnсо најубавиот спомен во очите иrnнајсилната љубов во срцето! -

Топли напитоци за ладни зимски денови
Автор: Александра Пешевскаrnrn
Два многу едноставни, но вкусни напитоци, кои ќе ве загреат во текот на зимските денови и ќе ви ја вратат енергијата
rnВо зима мораме дополнително да го загреваме нашиот организам, а за тоа се идеални топлите напитоци. Двата се едноставни за подготвување, а имаат посебен вкус. Изберете вкус на банана или пак вкус на кафе.rn
Банана пунч
rn
rnПотребни состојки:
rn
- rn011
- 150 мл сок од банани
- 2 лажички кафеав шеќер
- половина стапче цимет
- 20 мл сок од цеден портокал
- 40 мл рум
- парчиња банана
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСокот од банани се готви заедно со кафеавиот шеќер и циметот на топол оган. Откако ќе се тргне смесата од оган, се остава да се подолади неколку минути. Потоа се додава сокот од цедениот портокал и се меша со направената смеса. Пијалакот се служи во висока чаша, а по желба се прелива со рум и се декорира со парчиња банани.rn
Зимско кафе
rn
rnПотребни состојки:
rn
- rn011
- 25 г чоколадо за готвење
- 125 мл млеко
- 1 лажица кафеав шеќер
- 1 лажиче цимет
- 1 лажиче инстант кафе
- 100 мл слатка павлака или шлаг
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnМлекото се става на оган и се остава да зоврие. Откако ќе зоврие во него се додава чоколадото за готвење, кафеавиот шеќер и циметот и се меша континуирано околу 10 минути. Потоа се додава кафето и се меша уште 1 минута. Како последна состојка се додава изматената слатка павлака или шлагот и полека се меша. Добиената смеса се послужува додека е топла во широка шолја и се декорира со малку цимет.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10-те најекстремни спортови во светот
Автор: Ивана ДимитровскаrnrnДали сте се запрашале зошто луѓето воопшто се одлучуваат за екстремни спортови? Екстремните спортови можат да бидат прилично опасни и ризични по здравјето на учесниците, а неретко завршуваат и со фатални последици. Некои велат дека тоа е единствениот начин на кој можат да го покачат нивото на адреналин, да се одвојат од останатите, да демонстрираат решителност, одлучност и храброст или едноставно да направат нешто различно и поинакво.rn
1. Volcano boarding (Сурфање на вулкан)
rnБордањето по снег веќе не е во мода. Спуштање по активен вулкан на специјално дизајнирани дрвени бордови со брзина не поголема од 80 км/ч е вистинскиот предизвик. Илјадници љубители на овој спорт се искачуваат на подножјата од планината Сиро Негро во Централна Америка, каде се наоѓаат едни од најубавите вулкански стази за бордање. Оние кои пробале сведочат за неверојатниот адреналински шок кој се јавува кога треба да се помине вулкански наклон од 41 степен во своите најстрмни делови, на релативно млад вулкан кој досега еруптирал преку 20 пати, последен пат во 1999 година. Со своите почетоци во 2005-та година овој тип спорт привлекол повеќе од 10.000 бордери.rnrn
rn2. Train surfing (Сурфање на воз)
rnПред сè, станува збор за илегален спорт кој е популаризиран во 80-тите години во Германија, кој опфаќа искачување и сурфање на воз во движење од надворешната страна. Опасноста во спортот, освен можноста да се падне, е и во потенцијалните пречки на патот: тунели, кабли и слично. Иако подземните железници со години водат против-кампања, сурфањето по возови се практикува на големо во Африка и во Индија. Професионалците во овој спорт ги докажуваат своите способности на најбрзите возови во Германија, InterCityExpress. Овие возови постигнуваат максимална брзина од 280 км/ч.rnrn
rn3. Crocodile bungee (Банџи-скокање над вода со крокодили)
rnЗа оние за кои висината не е доволен предизвик постои алтернативен вид банџи-скокање и тоа скокање во води полни со крокодили. Ова дополнително зачинување кое го вовеле Австралијците дефинитивно остава без здив, а какво е чувството… за тоа сведочат само најхрабрите (најлудите) авантуристи!rnrn
rn4. Slacklining (Екстремно одење по јаже)
rnНајкратката дефиниција за овој екстремен спорт би била: одење по затегнато јаже на голема висина. Впрочем, јажето воопшто и не е затегнато, а најчесто и се прилагодува според тежината на изведувачот. Целиот концепт е во вештината на одржување телесен баланс во стресни околности: неверојатни висини и отстранување на заштитните придржувачи. Моменталниот рекорд според Гинисовата книга го постигнал Кристијан Шу, преминувајќи процеп на Норвешки фјорд во Кјеранг на висина од 1.000 м, висина еквивалентна на 3 Ајфелови кули.rnrn
rn5. B.A.S.E. jumping (Скокање од згради, мостови, антени и карпи)
rnОвој тип спорт е всушност скокање со падобран, но на некое поопасно ниво. Разликата е во тоа што скоковите започнуваат од фиксни објекти, како и кај параглајдерството, но со затворен падобран. Акронимот B.A.S.E. е кратенка од четирите објекти кои најчесто се користат како потенцијални стартни позиции: згради, антени, мостови, карпести рабови. Опасноста на спортот лежи во недостигот на време да се отвори падобранот по скокот.rnrn
rn6. Limbo skating (Поминување под автомобили со ролшуи)
rnЗа многумина речиси невозможно, овој тип лизгање под коли е последното лудило во Индија. Сам по себе спортот бара флексибилност, физичка спремност и способност за гимнастички баланс. Неофицијалниот светски рекордер е Аникет Чиндак, индиското чудо од дете, кое досега прошло под 57 коли.rnrn
rn7. Heli skiing (Скијање по скок од хеликоптер)
rnОвој пред сè скап спорт, вклучува амбициозен обид за скијање по стрмни и непристапни терени до кои може да се стигне само со хеликоптерски превоз. Освен скијањето, дури и самиот хеликоптерски превоз може да биде опасен. Френк Велс, поранешен претседател на корпорацијата Волт Дизни, загинал во хеликоптерска несреќа при обид за хели-скијање.rnrn
rn8. Cave Diving (Нуркање во пештера)
rnЗамислете да се најдете на повеќе од 30 м длабочина во мрачна, ладна и длабока подводна пештера. Нуркачите мора да се добро обучени и спремни за ваков вид експедиција, но и покрај тоа постојат низа опасности кои прават овој спорт да се вброи на листата најекстремни. Можно е да се остане без кислород, да се згреши патеката или да се биде изеден од некое чудно пештерско суштество. Според статистичките извештаи преку 500 нуркачи имаат загинато од првото пештерско подводно спуштање во 1960 година па навака. За љубителите на овој спорт, но и за оние кои сакаат да пробаат, подводните пештери во Матка се доволен предизвик.rnrn
rn9. BirdMen (Луѓе-птици)
rnСо специјална опрема: летечки костим и контрола на движењата, луѓето навистина можат да летаат! Брзината која може да се постигне се движи 220 – 240 км/ч. Популарна локација за ваков вид спуст е долината Ромсдал во Норвешка.rnrn
rn10. Skydiving (Слободен пад од авион)
rnЕкстремен спорт за сите оние кои се заситиле од „едноставното“ спуштање со прикачен падобран, па одат еден чекор погоре: фрлање од авион без прикачен падобран, за потоа, во текот на паѓањето друг падобранџија да им обезбеди безбеден начин за слетување. Велат дека наједноставен начин да се совлада стравот од висина е доколку се фрлите свесно од целосно функционален и исправен авион. Добар дел од падобраните имаат и висински самоактивирачки систем, односно во случај да заборавите да го ослободите, сам ќе ја заврши работата на одредена висина од земјата, но тоа се разбира, само доколку го имате со вас. Во спротивно довербата во вашиот партнер е единствената сигурна работа која ќе ве спушти на тврдо тло.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.