КАФЕ ПАУЗА

Tag: Предложи содржина

  • Убавината на зборот

    Убавината на зборот

    Автор: Маја Кузмановскаrn

    „Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог.“rn– Евангелие според Јован

    rnУбавината на зборотrnrnНикој не може да претпостави какво е чувството кога си дете и почнуваш да учиш зборови. Во тој момент, тоа не знае да ти објасни. Детската душа се впушта во една непрекинлива и секогаш возбудлива авантура на откривањето. Детето ќе стане возрасен човек, ќе располага со одреден фонд на зборови кои му ја овозможуваат потребната комуникација со секојдневните соговорници. Притоа (губејќи го детското во него) станува мрзлив за откривање на нови зборови или откопување на старите, архаичните и нивно воскреснување.rnrnАјде да го започнеме патувањето! Да пробаме да бидеме деца кои секој ден ќе откриваат по еден нов збор од јазикот кој несвесно задремал на страниците од некој речник, енциклопедија, книга со поезија или шарена детска сликовница.rnrnСетете се кој е најубавиот збор кој воопшто сте го слушнале. За мене тоа е „пеперутка“. Кога го слушам зборот, ми мириса на пролет, на новост, на свежина. Мојот збор ја има формата на непресушна радост која е потребна секому! Има и боја! Некогаш бела, невино чиста како првиот снег во ноември, некогаш пурпурна како августовските изгрејсонца кои се спојуваат со планините, некогаш румено портокалова како зајдисонцата кои страсно се галат со морските бранови. Некогаш толку шарена како ѕуницата.rnrnИ пеперутката и ѕуницата ме потсеќаат на преобразба, на промена! На себепреобразбата од која започнува менувањето на светот. Или на онаа кога некогашното девојче со кадрави коси и испаднати запчиња ќе стане жена во долг фустан со убава насмевка и две-три лузни кои сведочат за нејзиното искуство. Или на онаа преобразба кога детското, љубопитно и проникливо „зошто“ ќе стане цврстото и машко „затоа“ како одговор на сите женски недоумици.rnrnПишувајќи за пеперутката открив уште десетина други зборови кои носат моќ, магична страст и недопрена убавина кога се изговараат. Кога влегуваат во твојот мозок, а си ги слушнал кажани со најубавиот глас. Убав збор ми е „танц“, иако има романско потекло. Веднаш на него ми се сврзуваат „тангото“ и „тандемот“. Веројатно поради тоа што за танго се потребни двајца, за страст се потребни двајца, за убавина потребни се двајца!rnrnАјде да разговараме за убавината на зборовите, нивната моќ додека се во нас и нивната цел кога излегуваат од нас!rnrnУбави се оние зборови кои сами носат по една приказна. На пример, зборот „прегратка“. Нема таква која не е почеток на една приказна. Можеби ќе раскажува за првата, долгоочекувана средба или за непланираната разделба која боли во грлото. Тоа е приказната за таткото кој го прегрнува своето дете и го крева високо за да го допре таванот и да почувствува моќ. Или онаа прегратка кога сопругот ја гушка веќе изморената сопруга од дневните обврски, кажува дека сѐ ќе биде во ред, па прегратката има намера да ја добие придавката страсна.rnrnПриказна започнува и од прегратка за утеха и сочувство, и од онаа за споделување радост. Од онаа која затоплува, па сѐ до онаа која ја замрзнува душата. Секоја приказна има своја прегратка. И обратно.rnrnИ зборот „насмевка“ ќе го сместам овде. Секоја насмевка има таква магична аналогија која тера на размислување. Насмевка од среќа, од милост, од разбирање, од разбивање на тензија, од невообичаеност, од љубов, од лудило, од иронија, од завист…rnrnСетете се на последната насмевка која сте ја добиле… Убаво ви било!? Да, добивте гест, не збор. Но, позади него се крие цела една приказна… Со многу зборови!

  • Приказни во градот

    Приказни во градот

    Автор: ВеснаrnrnДенес, како и секој ден, работниот ден ми започна рано, за мене рано бидејќи легнувам доцна, заспивајќи на лаптопот кој го купив специјално за спремањето на мојот мастер труд. Додека алармот ми ѕвони, јас само ја протегнувам раката кон мојата ќерка која спие до мене со румените топчести обравчиња, совршени за утринско бакнување и ја будам. Или таа мене: „….мами стани, се успавме, часот ќе ми започне за 25 минути“. Се погледнуваме, насмевнуваме, се заблагодарувам на Господ што и ова утро сум будна и имам волја, верба и надеж за да го земам денот во свои раце… Барем се учам после тешкиот развод, борбата за детето, долгите расправии и тужби за материјалното.rnrnПриказни во градотrnrnКога го спакував куферот на брачниот живот, сè што зедов со себе беа нематеријалните вредности… малку здравје, со цел да го подобрам, многу надеж и верба во подобро утре, вербата во себе дека сум храбра да го минам ова искуство, малото раче на ќеркичката и сила да се соочам со трачарските муабети на загрижените души за мојата лична несреќа, која за нив беше ексклузивна вест, на секој дадена од прва рака.rnrnИ да објаснам веднаш – и сега кога мина најголем дел од тешкотиите и живеам со гордо крената глава и свесна за својата будност, одговорност… И сега кога знам од какво сивило излегов и почнувам да го гледам светот со подруги бои, со еден брак зад себе, едно детенце до себе, многу љубов во себе и моќ да простам и храбро да му погледам на минатото во очи, СЕГА И ОВДЕ ЈА ИМАТЕ НАЈГОЛЕМАТА ПОБОРНИЧКА ЗА СЕМЕЈСТВО, СЕМЕЕЕН ЖИВОТ, БРАК ОД ЉУБОВ. Брак исполнет со почит, разбирање, одрекнување, крунисан со доверба и грижливост на двата партнера.rnrnМожеби ова ќе ви звучи излитено и сто пати прочитано, но кај мене има еден момент, јас тоа го зборувам од искуство, од лично и споделено од мои драги пријателки и пријатели кои го минуваа патот со мене. Одеа по мојот пат на созревање и учење на сопствени грешки. НАЈТЕШКИОТ и не единствениот, ако знаете да се учите од туѓите грешки. Помалку болат, помалку чинат… Сè што треба е да верувате во своите одлуки кои ги носите или уште поважно, да започнете да носите одлуки со цел да се зацврсти љубовта во себе, кон Бог, несебично дарувајте ја и тогаш кога ја примате. Се враќа во огромни размери.rnrnИ да, за крај една молба, а можеби совет… секојпат кога ќе посегнете по туѓата приватност, по нечиј брак или развод, кога ќе се осмелите да оцрните или неуспешно да омаловажите некоја мајка, татко, брачен другар кој останува сам, без разлика на причините, нека ви светне дека вие зборувате за вас, за вашата мајка, вашата сестра, вашиот најблизок.rnrnПочувствувајте дека тоа што ќе го кажете и не сте сигурни дека е некоја вистина, а ве боли и продолжете да бидете во центарот на вниманието додека пиете кафе, ручате и зборувате со вашите пријателки…rnrnКако што сега тоа го прават 4 пријателки на соседната маса до мене во пицеријата во која се дружам со мојот лаптоп, чекајќи ја мојата мала принцеза да заврши со часот по француски. Им благодарам што ме поттикнаа да сум продуктивна од нивната интересна тема за разговор кој го слушаа три соседни маси. И знаете што? Знаете ли што е најинтересното? Што ме спомнаа мене… Да, да и мене не ми се веруваше. ВЛАДЕАТ СО МАТИЧНИ ПОДАТОЦИ ОДЛИЧНО, која сум и што, зборуваа како да ме познаваат, а седам до нив. И не ме познаваат, ниту јас нив. Овој пат зборуваа за мојата храброст и…rnrnДојде времето кога требаше да одам… а може ќе кажеа лага или вистина… Уморна сум и веќе е 20 часот, не би сакала да се срамам од нив самите и да слушам за мојот живот. Го затворив мојот пријател, платив и заминав со насмевка. Конечно не ме допираат „вистините“ од луѓето кои „ме познаваат“.rnrnВИ БЛАГОДАРАМ ДАМИ, 14 часа од моето будење, 8 работни часа и 6 активни часа со принцезата моја, а јас се движам лесно, душата ми се смее. Денес го открив моето ново Јас, мојата силна страна. Ги имам и слабостите, но тоа друг пат, ако ви се допадне оваа моја вистина ќе продолжам да ви пишувам за мене и мојата вистина. Од мој агол. Можеби и ќе се пронајдеe некој/а… Ве поздравувам и верувам дека кај секоја личност има добрина… само треба да се пронајде.

  • Поезија: Потрага по тебе

    Поезија: Потрага по тебе

    Автор: КристинаrnrnrnПоезија: Потрага по тебеrnrnКога стварноста ми е ќорсокакrnсе виткам во спомениrnи ти доаѓам со мислитеrnсо парче минато во грстотrnда те прашам дали сме истите.rnДа ми го покажеш мостот на лагатаrnда ми дадеш билет кон стварностаrnда ја ставиш во куфер тагатаrnзабиберена и замедена, кристализирана.rnСепак ќе фатам воз кон бајкитеrnќе се смешам во приказна за добра ноќrnво потрага по смислата на смислатаrnда потонам во маратонот кон среќатаrnда го осетам среќниот крајrnшто трагично завршуваrnда развеам колоритно знаменцеrnза сонот што ме опседнуваrnдуша што ми возвишува.rnПодај ми рака и не земај меrnодглуми слабост и останиrnпушти ме да те заврзам за себеrnќе береме желбиrnна цветни јоргани послани.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поезија: Безбедност

    Поезија: Безбедност

    Автор: АлександраrnrnПоезија: БезбедностКога соновите се одамна почнати,rnкога низ прозорецот ѕиркаrnиспрекината светлинаrnод уличната сијалица,rnкога дождот непрестајно удираrnво лимениот олукrnи сенките на дрвјата се клатат,rnнебаре ветрот ќе ги сотре,rnтогаш моите очи се ширум отворени,rnтогаш се претворам во кроткост,rnтогаш испарува сета моја стабилност и возрасност,rnтогаш треперам во пижамите,rnзабите ги заривам во ќошот од јорганот,rnи низ измешаната постелаrnсе провирам,rnбрчкам,rnлутам,rnбарајќи ја твојата заспана рака.

  • Поезија: Благодарам!

    Поезија: Благодарам!

    Автор: Душица ДиноваrnrnrnПоезија: Благодарам!rnrnЈа смени продолжувајќи да го прави истото,rnзатоа што му е важно да ѝ го разубави животот,rnно правејќи го тоа поинаку…rnДопирајќи најнапред само еден детаљ,rnнејзиното срце.rnrnИскрено, без скромност ја сака за себе,rnискрено, без скромност ѝ го краде срцето.rnСо љубов му се разлева низ усните малечка…rnЉубов која вели благодарам затоа што постојат,rnзатоа што се сакаат неизмерно,rnзатоа што нивните раце се сплотени една во друга,rnнивните еуфорични души трагаат по единство,rnнивните гради величествено ја пречекуваатrnсекоја нова возбуда во нивните воздишки,rnнивните усни страсно ја доживуваат експлозијата на нивните бакнежи..rnrnЕдно гризнување на вратот, едно на усните со мирис на мека роза,rnпознат парфем,rnдобро познати очни капаци,rnвеѓи, усни и срдечна насмевка со дупчиња на образите.rnrnНасмевка која ветува многу.rnВетува дека ќе се препознаатrnи кога годините ќе ги фрлат сите календари врз нив.rnrnСи ја возвраќаат љубовта,rnсонуваат со едно „Благодарам што постоиш“.rnКопнеат еден за друг,rnтој за неа, таа за него…

  • Поезија: Сама на дождот

    Поезија: Сама на дождот

    Автор: КристинаrnrnrnПоезија: Сама на дождотrnrnПодголтнувам.rnПодлипнувам.rnГлавата исправенаrnЧадорот благо наведнатrnНе сакам никаков контактrnСо обичните минувачиrnСакам да наврнамrnНо не и да давам објаснувањаrnНе и да слушам попувањаrnПатот до дома е долгrnНо не размислувам за домаrnГо олабавив телото и одотrnОставив безволноста да навлезеrnОчајот на празна тага да загризеrnОставам солза да потечеrnБез крик да повлечеrnПијам едно место со очитеrnВадам силуети од споменитеrnИстите силуети од истото местоrnСамо овој пат фиктивноrnСе потешка празнотија в градиrnСекое вдишување болиrnСекое издишување гориrnУличните светилки ги кријат моите сенкиrnСенките го кријат моето лицеrnПод чадорот со кој се делам од светотrnМоето лице збрало грчевиrnОчекувања и поразиrnРазочарувања и надежиrnИ усните збрале зборовиrnНо ги осудиле на робијаrnА не можам да те побарамrnЌе се упропастамrnАко не те побарам можеби уште повеќеrnНо тоа е улогата на гордостаrnИ останавме сами јас и дождот.

  • Цитати на познатите автори на книги за самопомош

    Цитати на познатите автори на книги за самопомош

    Автор: Бојанаrn
    rn

    „Пишувај за да бидеш разбран, зборувај за да бидеш слушнат и читај за да пораснеш.“ – Лоренс Кларк Пауел

    rnЗа читањето книги се смета дека е активност со најголеми интелектуални придобивки. Различни луѓе сакаат да читаат различни книги кои одговараат на нивната личност, преференции и стремежи. Без разлика на различноста во читачките навики и вкусовите на публиката, популарноста на книгите за самопомош се зголемува со геометриска прогресија.rnrnЗголемената популарност на книгите за самопомош е показател за потрагата на модерното општество кон максимизирање на личната среќа преку процесот на самооткривање со помош на книги кои нудат совети за модификации во однесувањето и ветувања за позитивни животни промени.rnrnВо продолжение следат неколку цитати на познати автори на книги за самопомош, кои влијаеле на животите на милиони читатели ширум светот.rnrnЦитати на познатите автори на книги за самопомош
    rn

    „За два месеци може да добиете повеќе пријатели интересирајќи се за другите, отколку за две години обидувајќи се да ги натерате другите да се интересираат за вас.“ – Дејл Карнеги („Како да добиеме пријатели и да влијаеме врз луѓето“)

    rn

    „Почетната точка на секое достигнување е ЖЕЛБАТА. Имајте го ова постојано на ум. Слабата желба носи слаби резултати. Само мал оган создава малку топлина.“ – Наполеон Хил („Мисли и збогати се“)

    rn

    „Смеењето го отвора срцето и ја успокојува душата. Никој не треба да го сфаќа животот толку сериозно и да заборави да се смее на себеси.“ – Робин Шарма („Калуѓерот што го продаде своето Ферари“)

    rn

    „Стравот кој дозволувате да се создаде во вашиот ум е полош од ситуацијата која всушност реално постои.“ – Спенсер Џонсон („Кој го здипли моето сирење“)

    rn

    „Првичната причина за несреќа никогаш не е ситуацијата, туку мислите за неа.“ – Екарт Тол („Нова земја“)

    rn

    „Сè што презирате и она на што остро реагирате кај другите, истото се наоѓа и во вас.“ – Екарт Тол („Нова земја“)

    rn

    „Моќта е во вашите мисли, затоа останете будни. Со други зборови запаметете да запаметите.“ – Ронда Бирн („Тајната“)

    rn

    „Повеќето луѓе не слушаат со цел да разберат, слушаат со цел да одговорат.“ – Стивен Кови („Седумте навики на високо ефективните луѓе“)

    rn

    „Човечките суштества се лоши оценувачи, изложени на суеверија, предрасуди и длабока тенденција да го гледаат она што сакаат да го видат, а не она што вистински постои.“ – Скот Пек („Патот по кој поретко се оди“)

    rn

    „Нашето минато може да објасни зошто страдаме, но не смееме да го користиме како изговор да останеме во ропство.“ – Џојс Маер („Бојното поле на умот“)

    rn

    „Не може да имате убав живот, а негативен ум.“ – Џојс Маер („Бојното поле на умот“)

    rn

    „Трпението не е способност да чекаме, туку способност да имаме добар став додека чекаме.“ – Џојс Маер („Бојното поле на умот“)

    rn

    „Секоја секунда е можност да го промените животот, бидејќи во секој момент може да го промените начинот на кој се чувствувате.“ – Ронда Бирн („Моќта“)

    rn

    „Егото не е она што вистински сте. Егото е слика за себеси, општествена маска, улогата која ја играте. Вашата општествена маска расте со одобрување. Бара контрола и се одржува со моќ бидејќи живее во страв.“ – Дипак Чопра („Седумте духовни закони на успехот“)

    rn

    „Светот е она што мислите за него, затоа мислете РАЗЛИЧНО и вашиот живот ќе се промени.“ – Пол Арден („Што и да мислиш, мисли го спротивно“)

    rn

    „Подобро да жалите за она што сте го направиле, отколку да жалите за она што никогаш не сте го направиле.“ – Пол Арден („Што и да мислиш, мисли го спротивно“)

    rn

    „Никогаш не чувствувајте срам бидејќи сте се обиделе нешто и не сте успеале. Оној којшто никогаш не доживеал неуспех, никогаш не се ни обидел.“ – Ог Мандино („Најголемиот трговец на светот“)

    rn

    „Само навика може да покори друга навика.“ – Ог Мандино („Најголемиот трговец на светот“)

    rn

    „Во бескрајот на животот во кој се наоѓам, сè е совршено, цело и потполно, а сепак животот постојано се менува. Не постои почеток, а ни крај. Само постојано кружење на материјата и доживувањата.“ – Лујза Хеј („Како да го излечите својот живот“)

    rn

    „Никогаш не ја сфатив потребата децата да ги паметат датумите на битките. Тоа е губење време и ментална енергија. Наместо тоа треба да учиме важни работи како што се: како функционира мозокот, како да ги водите своите финансии, како да ја одберете својата професија, како да станете подобар родител, како да воспоставите врски кои ќе ве исполнат и како да стекнете самодоверба и сигурност во себе.“ – Лујза Хеј („Како да го излечите својот живот“)

    rn

    „Вашата потсвест има одговор за сите ваши проблеми. Пред да заспиете ако ѝ предложите на потсвеста: Сакам да се разбудам во 6 часот наутро, таа ќе ве разбуди точно во тоа време.“ – Џозеф Марфи („Моќта на потсвеста“)

    rn

    „Знајте дека вербата е како семе засадено во земја. Засадете ја идејата (семето) во вашиот ум, полевајте ја и оплодувајте ја со надеж и таа ќе роди плод.“ – Џозеф Марфи („Моќта на потсвеста“)


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Женски парфеми кои ја одбележаа 2012 година

    Женски парфеми кои ја одбележаа 2012 година

    Автор: БојанаrnrnКоко Шанел сметаше дека жената без парфем е жена без иднина. Некогаш од жената се очекувало да поседува сопствена уникатна мирисна нота, но во денешно време, менувајќи ги секојдневно, парфемите се третираат повеќе како модни додатоци. Ова прави продажбата на парфеми на пазарот да зависи не само од самата миризба на производот, туку сè повеќе акцент се става на дизајнот на пакувањето, рекламите, заштитните лица итн.rnrnСамо во 2012 година, на пазарот беа лансирани повеќе од 600 нови женски парфеми. Магазинот „Форбс“ ја објави листата на десетте најекстравагантни и највозбудливи парфеми за изминатата година. При изборот земени се предвид фактори како што се уникатноста на производот, кампањата, медиумската покриеност, како и успешноста во продажбата.rn

    1. Bombshell Fantasy – Victoria’s Secret

    rnЗа „Victoria’s Secret“ се вели дека е компанија која дијамантите од венчалните прстени ги пренесе на долната облека. Минатата година тоа го сторија и со нивниот најнов парфем. Овој гламурозен парфем чини „само“ половина милион американски долари. За промоцијата да биде уште погламурозна, беше употребен 2,5-милионскиот градник „Floral Fantasy“ од 18-каратно злато со бели и розови скапоцени камења.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrnrnСамото шишенце на парфемот е уникатно и гламурозно, обложено со жолти и розови скапоцени камења и рачно изработена пеперутка, чие тело се состои од 10-каратни бели дијаманти. Кон неверојатната визуелна привлечност на производот придонесува и неговото заштитно лице, познатиот ангел Алесандра Амбросио.rnrnСигурно се прашувате како мирисаат овие половина милион долари? „Bombshell Fantasy“ е комбинација на виолетова пасифлора, шангри-ла божур и ванила орхидеја со горни ноти на танџело (хибрид од мандарина и цитрон), ананас и јагода, средни ноти на јасмин и суви основни ноти на мошус и дабова маховина.rn

    2. Burberry Body Crystal Baccarat Edition – Burberry

    rnСтанува збор за богата и заводлива интерпретација на „Burberry Body“, спакувана во рачно изработено кристално шише, промовирана во ноември минатата година. По повод 156-годишнината од основањето на „Burberry“, произведени се само 156 рачно нумерирани шишиња од овој парфем.rnrnОвој потентен женски парфем е зајакнат со арома на роза и топли тонка зрна, со цел да се интензивираат горните ноти на апсинт и праска, средните ноти на ирис и сандалово дрво и базичните ноти на кашмир, ванила и мошус. 45-милилитарското шишенце од овој парфем чини 3,500$.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrn

    3. Gucci Premiere – Gucci

    rnОвој парфем е инспириран од колекцијата на свечени фустани „Gucci Premier couture“, која беше прикажана за време на Канскиот фестивал во 2010 година. Според креативниот директор на „Gucсi“, Фрида Џанини, миризбата на парфемот е женствена, интригантна и заводлива како совршен вечерен фустан.rnrn50-милилитарското шише чини 87$ и содржи ноти на бергамот и портокал, со основни ноти на кожа, пачули и сандалово дрво. Заштитно лице за овој парфем е младата актерка Блејк Лајвли, меѓу публиката позната како Серена во познатата американска серија „Озборувачка“.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrn

    4. Coco Noir – Chanel

    rnНовиот парфем на „Chanel“ кој беше лансиран во август 2012 година, ја истражува магнетната длабочина и енигматичната елеганција на црната боја, со софистицирана миризба спакувана во впечатливо црно шише. Овој заводлив, динамичен парфем опфаќа горни ноти на грејпфрут и калабриски бергамот, со базични ноти на роза, јасмин, нарцис и листови од сардела.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrn

    5. Big Pony Collection – Ralph Lauren

    rnПо успехот на машката колекција во 2010 година, во април 2012 Ралф Лорен ја лансираше женската колекција „Big Pony“ која се состои од 4 различни парфеми. За 55$, секое од четирите различно обоени 50-милилитарски шишенца, содржи уникатна миризба. Синото е свежо со нота на грејпфрут, розовото со боровинка и други овошни ноти, жолтото е освежувачко со нота на круша и мимоза, додека виолетовото е со нота на цреша и ориентални цвеќиња.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrn

    6. Fabulous – Isaac Mizrahi

    rnВо септември 2012 година, познатиот њујоршки моден дизајнер Ајзак Мизарахи го лансираше својот прв парфем во чест на неговата љубов кон жените и инспирацијата која тие му ја даваат. „Fabulous“ е опишан како сензуален и безвременски парфем кој ја буди атмосферата на Њујорк.rnСамата композиција на парфемот е цветно-овошна, со интензивни горни ноти на бергамот, мандарина и нектарина кои ги будат сетилата. Средните ноти се женствени и вклучуваат тубероза, јасмин, фрезија и божур, додека основните ноти вклучуваат сандалово дрво, кедар и ванила. Дизајнот на шишето е инспириран од старите холивудски парфеми со пумпа, додека неговите момински розови нијанси му даваат на пакувањето шарм и современост.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrnrn

    7. Aqua Oriens – Van Cleef & Arpels

    rnСе работи за лимитирано издание на оригиналниот „Oriens“, лансиран во 2010 година. Оваа верзија беше промовирана во април 2012 и истата се продава за 50$ за пакување од 50 мл. Парфемот има силни горни ноти на круша и лимон, следени од средни ноти на анамска рака и цвет од портокал. Базичните ноти кои вклучуваат мошус и килибар, го балансираат овошниот мирис со топла софистицираност.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrn

    8. Armani Code Luna – Giorgio Armani

    rnrnМодната куќа „Аrmani“ во март 2012 ја лансираше новата интерпретација на оригиналниот „Armani Code“ од 2006 година. Месечината која е симбол на женственоста, мистицизмот, магнетизмот и сензуалноста, служеше како инспирација за новиот парфем. Името е исто така поврзано со новата состојка на оваа мирисна композиција. Магнетната моќ на месечината е претставена преку цвет кој цвета само навечер, познат како „Fleur de Lune“. Се работи за цитрусно-цветно-ориентална композиција на парфем.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrnrn

    9. Dot – Marc Jacobs

    rnОвој парфем беше лансиран во јули 2012 година. „Dot“ повторно ги задоволува критериумите на Marc Jacobs, неодоливо слатко име, исто како и претходниците „Daisy“ (2007) и „Lola“ (2009) и подеднакво неодоливо пакување како што е шишенцето хибрид од буба мара и пеперутка, кое е толку интригантно што самата миризба на парфемот паѓа на второ место во мислите на купувачот.rnНо покрај слаткото име и пакување, овој парфем има силен карактер. Горните ноти вклучуваат црвени боровинки и питаја, следени од средни ноти на јасмин и цвет од портокал, додека основните ноти вклучуваат кокосова вода, ванила, дрво и мошус.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrnrn

    Fame – Lady Gaga

    rnВо 2012 година и Лејди Гага го издаде својот прв парфем. Овој парфем e уникатен по тоа што течноста е црна, но не остава траги бидејќи штом дојде во допир со воздух, таа станува проѕирна. Оваа технологија за првпат се применува токму за овој парфем. Шишето е дизајнирано од самата Гага во соработка со фотографот Ник Најт. Парфемот е мешавина на атропин, темјан, кајсија и тигреста орхидеја.rnrnЖенски парфеми кои ја одбележаа 2012 годинаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Комшии

    Комшии

    Автор: Тамараrnrn

    Ги поздравувате од сабајле или си замислувате дека се невидливи?

    rnrnИма комшии што повеќе дремат искривени до клучалка отколку што гледаат телевизор. И сабајле во 4 саат: „Леле ете го пак, само носи некои девојки по дома, леле ете го пак со овие од кафената зграда, леле види го уште пиво носи.“ И сабајле на мајка ти ѝ вели: „Абе се врати тој… беше 4 саатот и 47 минути. И така со уште двајца, високи едни, абе пијани што да ти кажувам, ама и со девојки. Абе секој викенд само различни си носи.“ Не зафркавај!rnrnКомшииrnrnИма комшии што имаат по 45.879.487.521 мачки по дома. Уствари ни тие не знаат колку мачки имаат. И цел ден слушаш Виенски концерт.rnrnОбавезно, некоја баба седи цел ден до прозор. На неа секогаш ѝ е досадно. Таа чека некого од партија да ѝ донесе локум и кафе, плус пенкалце за крстозбор и нормално да се пожали колку лоши времиња дошле и да му ја раскаже целата нејзина биографија. Таа секогаш знае кога некој има у ходник и таман некој се спрема да излезе и оваа се црта пред врата: „Леле синко, ладно денеска, кажаа минус 5 ќе било. Ѕиври имаш облечено? Чекај да видам.“ И доаѓа, ја пика раката под фармерки. А овој се брза, доцни, нервозен, ама мора да биде културен и да издржи зашто бабава му дава по некој денар од нејзината пензија. „Леле не носиш! А долна маичка? Ни тоа? Абре дете, морам да зборувам со татко ти. А парички си имаш? – Хмм… па немам. – Еве ајде две стотки земи. – Фала!“ И овој цвета. За 200 денари ќе се жртвува.rnrnА друга приказна е ако баба ти и дедо ти седат стан спроти твојот. Сабајле во 7 саат, носи сарма, мусака, гравче, спанаќ. И само ѕвони на телефон и се жали зошто уште сармата од пред една недела никој не ја изел. Кога не знаеш да готвиш така ти е.rnrnДобивам впечаток дека куќиве и зградиве се направени од хартија. Добро сега повеќе ставаат гипс картон отколку цигли. СЕКОЈА НЕДЕЛА. САБАЈЛЕ. СААТ: 7: „Јутро је, јутро је, кад те нема боље да се ни сам ни пробудила…“ И во позадина расипана правосмукална што брмчи како трактор! Има и некои што се учат да свират пијано, евентуално труба. И штрака по клавишите или белите дробови си ги остава во трубата. Тоа вади од такт. Исто така може да се слушне (попуштено до даска): „Каан душо, изеди си ги јајцата“. Нема потреба да пушташ телевизор, пренос во живо од кај комшијата. Пфф…. бизнис вести, временска прогноза, прељубници, Фокслајф, само да бираш на кој звук од телевизор да се сконцентрираш. И плус знаеш у колку саат има реклами, еве реклама за Вендоксин секој ден на Канал 5, пред вести во 15.00. Не дека некој сака да запамти, комшиите тоа го наложуваат.rnrnИ секако мора да има по некој стан и за: козметичко студио, извршител, адвокат, стоматолошка ординација, центар за странски јазици, невладини организации, фризерници.rnrnИма и такви комшичиња што мислат дека се Полат Алендар и снимаат клипчиња, со пластични пиштоли, чорапи на глави и прават салта по цела зграда. И нормално после ќе се видиш во позадина на видеото на Јутјуб како во пижами фрлаш ѓубре.rnrnА посебна приказна се комшиите кои не знаат „здраво“ да кажат, а доаѓаат на врата и замараат за австриски, шпански и португалски осигурувања. И дреме саат и пол, црта некои множества и графикони. И вели:„Значи сега е моментот, денеска е денот, утре можеби ќе биде доцна. Мораш да мислиш на твоите внуци. (Вао, а јас само 20 години имам. Ептен ме погоди, само тие ми беа на ум.) Твојата пензија може да изнесува и до 3.000 евра! (Не зафркавај) Сигурни сме дека сакаш да бидеш финансиски независна, ако се приклучиш многу ќе добиеш, ние ова веќе 3 години го работиме.“ И после тоа ќе ја чуеш на телефон: „Мама, немав пари да си ставам кредит, ај кажи му на тато да дојде да ме земе!“ Чекај малце, нели финансиски независна, нели многу добиваш?rnrnИма и по некој транс-металец-поп-турбофолкер. Тој прави журки. Сам со звучниците!rnrnЉубопитни:rn
    rn

    „Абе ти велам купија автомобил, само го кријат во гаражана, не сакаат да нѐ частат по едно ракијче.“

    rn

    „Ти велам го влече куферот секоја недела нагоре-надоле. Што прави, кај оди? Којзнае.“

    rn

    „Пред вратата имаа милион оставени кондури, имаше и по некои Најк. Јас колку што избројав 16 пара имаше. Каде тие во двособен стан ќе соберат толку луѓе?“

    rn

    „ЛЕЛЕ, вчера ја видов, беше 18.14, онаа испупчената од втор спрат, ја остави бело југо пред зграда. Абе сигурно ѝ е швалер тој. ЦЦЦЦЦ, како не ѝ е срам, 4 деца има.“

    rn

    „Чекај, нели овие се разведени и сега во вторникот требаше децава да дојдат. Обично кај 9 саат ги носат. Со црниот џип. Сега е четврток. И зошто толку рано ги донесе, и тоа со црвеното Пунто.“

    rnИма и комшии што си играат мајтап и што оговараат. Има и такви што бараат помош, а кога треба да помогнат ги нема нигде: „Комши, дојди да цепиме дрва! Комши ај пиперки да лупиме, нема многу, само 15 кила. Комши ај дојди да фарбаме прозори. КОМШИЈА АЈДЕ ЧАО!“rnrnПример, има комшии што доаѓаат на гости само за да го окупираат компјутерот и да се вклучат на Фејсбук. Добро немаш интернет дома? Јас затоа ли те викнав, да ми покажуваш Бојан какви слики имал со девојка му, гајле ми е! А има и такви што пишуваат на Фејсбук и тврдат дека ти се комшии, а уствари седи 5 километри подалеку од тебе: „Те гледам секој ден, сабајле со такси поминуваш кај мојата куќа, вчера го носеше црвеното палто. И што реши, ќе дојдеш на кафе? Имам нов тросед.“ Браво. Ептен добро ја еволуира темата: Ми се свиѓаш. -.-rnrnИма комшии што ти се пикаат, ти прават муабет, ти делат комплименти само кога тоа им оди во нивна полза. Пример, има такви што имаат по 10 каталози од Авон или Орифлејм и ги делат како бонбончиња по комшии: „Со оваа пудра ќе се чувствуваш како принцеза, со овој шампон нема да мораш да ја миеш косата по една недела, леле, а оваа крема за брчки, за десетина години ќе те подмлади, а тоалетнава вода е перфектна за вечера на јахта.“ Не, не е точно. Од пудрата ми излезе црвенило, кои брчки жено гледаш едвај 20 имам. Која вечера, која јахта. Кога сакам ќе ставам, ти ќе ми кажуваш. Една недела? Со тој шампон ни еден ден не е како што треба.rnrnКомшиите што по цел ден се караат. Е од нив нема спас. Тие се слушаат низ цело маало: „Лелее ти ма пак го тресеш врз нас чаршавот, аууу види врз моите цвеќиња. Леле кога ќе ти се качам горе!“ Или пак: „Ти реков ли, пак двојки наредил, аман бе синко, лаптоп доби, веспа доби, Ајфон доби, што сакаш уште од нас, абе учи синко, сега ви е бесплатно образованието, ако не ќе продаваш патлиџани на пазар!rnrnЕдноставно, тоа се комшиите. :)rnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Класот

    Класот

    Автор: ТамараrnrnВо секој клас има барем по еден фудбалер кој е 24/7 на тренинг, тој инаку тренира во фудбалски клуб Вакв, ама нема врска, тој сепак е професионален фудбалер. Има една шмизла, која сите ја мразат и оговараат, само се фали: „Ова ми е од Тера нова, вчера се фарбав, две бели влакна ми израснале, а кондуриве ми се од City mall… Абе од Скопје!“ А таа уствари купува на Битпазар! Потоа, една на која сите ѝ викаат дека е убава и добра колку да бидат со неа, една која цело време хистерично се смее, една која само учи, учи и учи, да она понекогаш и чита, али углавном учи. А да, и заборавив да ви кажам, она учи!rnrnКласотrnrnИма и по некоја кошаркарка, која едвај чека да заврши 7-ми час за да оди на тренинг, како и еден феминизиран тип, пример сите си седат во училница и тој влетува и се дере: „Лелеее срце да ти кажам што ми се деси“, една која цело време ги озборува другите позади грб, еден кој е „западнат“ во технологијата, еден на кој сите му се единици и не му е гајле за тоа, еден кој е ко изгубен Германец, еве професор го прашува: „Ја прочита лектирата?“ – Па, професорке јас ја барав. – Добро, ја најде? – Па, професорке јас сакав да ја барам, а професорке која лектира?“rnrnА да, тука е и манекенката, таа не знае да оди во патики, манекенка била! Има и некој што нонстоп бара бесплатни на Вип. Ги замара сите: „Ти бесплатни на Вип имаш ли? Леле бее, дајте ми само 2 минутки!“ Стави си де бесплатни на Вип, 80 денари е, не ги замарај луѓето. Има еден што малтретира и еден што е малтретиран.rnrnА класот не би бил клас без умислената што прави фотосесии по школски вецеа. Отишла во веце и се слика. Позадина и се плави искршени плочки изналепени со паломи и прави некои испупчени пози. И после на Фејсбук кога ќе видиш ставила слика и опис на сликата е: „Можда нисам згодна, ал сам веома незгодна“.rnrnИма и една што мисли дека е оперска пејачка е една Цеца. Тие по цел ден не пеат, тие се дерат! Има и такви што не се чешлаат по еден месец.rnrnИсто така има и алкохоличари, главна тема на класен час им е како си поминале во петок и сабота во Клуб, не гледале прст пред око. И тој прави филм: како обезбеџење го мавало, како на полицаец на кондура му се исповраќал, како се качувал на хауби на авта, како кршел чаши, а не ги платил. А оно нема врска. Тој уствари цела вечер седел спроти Клуб на плоштад, зашто баш таа вечер му се погодило да бараат лична карта на врата, а он едвај 16 години има. А има и такви што излегле со 100 денари, а се вратиле дома ѓон пијани. Тие се фалат дека се вратиле сабајле во 4, а они уствари се пуштени до 1.30. И се жали сабајле у 7 саат, уште го болела глава, уште го „држел“ алкохолот од петок. Абе ајде! Четири дена те „држи“ тебе алкохолот?rnrnТука се и оние што на секои 45 минути трчаат во веце. Но, тоа не е сè. Да не ги заборавам и плавушите. Има и такви што сабајле во 7 саат се топ намачкани со аргета по лицето, а да, и плус маскара неизбришана цела недела.rnrnТука е и Дон Жуанот кој им се пушта на сите од 1-ва година или 2-ра евентуално. Тој со девојчињата само Фејсбук разменува, телефонски број никако! Зашто на Фејсбук кога ќе му здосади ќе ја блокира, вака ќе биде замаран, и плус ако девојчето има бесплатни на Вип, е тогаш е готов.rnrnИма една што нонстоп се гребе за цигари. А има и такви што пример купуваат Родео и ќе ги видиш цигарите ги пикаат во пакла од Вест. А има и една што е нонстоп гладна и еден што јаде по 5 тоста на голем одмор. Има и по неколку патриоти. Тој роден ’97 година, а негов најголем идол е другарот Тито.rnrnИма неколку заљубени. Влетува таа во училница и се дере пред табла: „Лелеее, ме погледна!“ И ја прашуваш: „Што ти е?“ И таа: „ПОГЛЕДНА МЕ!!!“ И се тресе цела. И после 15 минути кога ќе се смири ја прашуваш: „Добро што ти беше?“ И таа вели: „Ме погледна! Дечкото од трета година ме погледна!“ Абе остави тој е Дон Жуан, сите ги гледа! Има една што е зависник од Фејсбук, и со најновиот Самсунг Галакси ес3 си фаќа вифи. И во секој клас има барем по еден со Ер Макс авганистански патики. Има и такви што доцнат секој ден зашто таксито им закаснило 17 минути.rnrnИма и такви што сакаат да го импресионираат професорот иако имаат 5-ка и го трошат времето за поправање единици. Седнала во прва клупа и му се пика на професорот: „Професоре, јас за петка едно есејче да напишам?“ Абе ајде доста. Целата графа ѝ е со петки, нема место за оценка, таа уште една бара! А некој дреме од позади 15 минути, чека една 2-ка да добие. Има и еден професионален препишувач. Има и еден што мисли дека е Бред Пит. Тој носи флуоресцентни Најк или Адидас или кондури на штикла и штрака по цело школо. Косата му е дигната нагоре и како петел се шета по цело школо, од 100 метри ќе го познаеш. Носи тесни фармерки, да пукнат на него, и кошула–виножито, што пошарена – тоа подобро. Има некои од нив носат и по 15 пирса на уво, да им донесеш и ланец од точак од отпад, и тоа ќе си го стават на уво.rnrnИма и една што запишува бисери, една што чита „50 нијанси на сиво“ наместо „Чичко Горио“. Инаку „50 нијанси на сиво“ е еротски роман за жени. И таа се пикнала во ќош, и од време на време ќе се слушне: „Ах, лелее, Ахх!“ Добро, ШТО ПРАВИШ? Сигурна си дека читаш? Има и еден филозоф којшто оди од клупа на клупа и ги замара сите за квантна физика и за тоа кое видео било најгледано на Јутуб. И има еден манијак.rnrnИ во секој клас главна функција на претседателот е да ги одложува тестовите, а најглавно ветување на учениците е: за утре обавезно ќе научам, денеска мачката ми умре.rnrnА да, и во секој клас има одредени „здруженија“ од девојчиња или машки. Кои од нив се собираат во училница, кои надвор, кои во ходник, и тие гледаат кој на кого повеќе муабети да спушти, кој кого повеќе ќе заглави. Страшно!rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.