КАФЕ ПАУЗА

Tag: поддршка

  • 10 нешта кои добриот маж никогаш не би ѝ ги направил на својата сакана

    10 нешта кои добриот маж никогаш не би ѝ ги направил на својата сакана

    Почнувајќи од најобичните и секојдневни работи, па сѐ до оние сериозните и важни карактеристики на една врска, партнерството треба да е едно убаво доживување. На секоја жена ѝ е потребен маж кој ќе ја сака и почитува и покрај сѐ, а тогаш кога не е сѐ во ред и се јавуваат проблеми, тој ќе го намали лошото влијание така што ќе биде покрај неа. Со други зборови, добриот маж никогаш не би ги направил следниве работи.rnrn(1)-10-neshta-koi-dobriot-mazh-nikogash-ne-bi-i-gi-napravil-na-svojata-sakana-kafepauza.mkrn

    1. Тој никогаш не би наоѓал замерки за нејзиниот изглед

    rnАко се тргне од фактот дека ја сака девојката покрај себе, може да се претпостави дека ќе ја сака без разлика на тоа дали косата ѝ е средена или не. Она што уште помалку би го направил е нагласување на некои вакви ситници од физичкиот изглед бидејќи со тоа само ќе направи таа да се чувствува лошо. Добриот маж размислува пред да каже нешто бидејќи не сака да ја повреди жената која ја сака.rn

    2. Тој никогаш не би ја нарушил нејзината приватност

    rnСекој има право на своја приватност и свој простор. Врската која се базира на доверба ја сочинуваат маж и жена кои ја почитуваат приватноста на другиот. Навистина, во врска не би требало да постојат тајни, но факт е дека не се кажува секогаш сѐ. Добриот маж никогаш не би ја загрозил врската и не би ја навредил својата сакана со тоа што ќе ја наруши нејзината приватност.rn

    3. Тој никогаш не би ја обесхрабрил

    rnПоддршката и меѓусебното бодрење на партнерите се неопходни во една врска. Потребно е да знаете дека може да се потпрете на некого и дека тој некој е тука и покрај вас за секоја работа. Добриот маж никогаш намерно не би ја обесхрабрил својата сакана бидејќи дури и кога не се согласува со неа, доколку таа е решена, тој е свесен дека со негодувањето само ќе ја навреди.rn

    4. Тој никогаш не би побарал таа да му докажува колку вреди

    rnСвесно или не, во секоја врска се случува едниот партнер да му докажува и укажува на другиот колку тој вреди и дека неговото однесување не е во ред. Добриот маж знае колку вреди жената покрај него и е свесен за тоа колку таа му значи. Тој ја сака покрај себе, знае зошто и токму затоа никогаш не би ѝ наметнал чувство дека треба постојано да му докажува колку всушност вреди.rn

    5. Тој никогаш не би направил таа да се чувствува како последното нешто кое му паднало на памет

    rnСосема е нормално секој од партнерите да има социјален живот надвор од врската, очекувано е партнерите да работаат и да се зафатени, а и веројатно е дека во текот на денот ќе им излезат уште милион работи кои ќе треба да ги завршат веднаш. Но и покрај сето ова, со добар распоред се постигнува сѐ. Добриот маж никогаш не би дозволил неговата сакана да се наоѓа најдолу на листата на приоритети во неговиот живот.rn

    6. Тој никогаш не би направил таа да се чувствува осамено во врската

    rnВрската треба да е целосна спротивност на осаменоста. Таа треба да претставува љубов, среќа, исполнетост, задоволство. Партнерството кое го претставува самата врска значи да се биде со некој заедно во сѐ – заедно да ги споделувате убавите и лошите моменти, заедно да правите работи, заедно да се смеете. Иако е понекогаш нормално да се чувствувате депресивни и тажни, врската значи заедно со некој да поминувате и низ тоа. Добриот маж никогаш не би дозволил таа што ја сака да се чувствува осамено во заедница која го означува токму спротивното.rn

    7. Тој никогаш не би ја изневерил жената која ја сака

    rnЉубовта се потпира на меѓусебното почитување. Невозможно е да сакате некого кого не го почитувате и не го цените. А кога некого почитувате и сакате, тогаш никогаш намерно не би го повредиле така што ќе го изневерите со некој друг. Доколку веќе имате желба да бидете со друга личност, тогаш е фер да бидете искрени со партнерот. Добриот маж никогаш не би ја изневерил својата сакана бидејќи знае дека така ќе ѝ го скрши срцето на милион парчиња и ќе ја изгуби засекогаш.rn

    8. Тој никогаш не би ја навредил со непочитување

    rnДодека за некои парови е важно каква слика презентираат пред другите, факт е дека она што е навистина важно е како тие се однесуваат кога нема никој во близина. Почитувањето на партнерот е многу важно, а најмногу се огледува во оние секојдневните работи и моменти. Добриот маж никогаш не би покажал нешто помалку од почит кон жената која ја сака бидејќи таа го заслужува тоа.rn

    9. Тој никогаш не би избегнувал важни разговори

    rnСакале вие или не, врската бара многу работа и посветеност, па и крпење одвреме-навреме. Тоа значи дека ќе треба да се соочите со реални проблеми кои неминовно ќе се појават, па ќе ве очекуваат еден куп важни разговори со партнерот. Дури и кога немате желба да разговарате на некоја тема, доколку е витална за вашата врска, порано или подоцна таа ќе излезе на површина. Добриот маж никогаш не би избегнувал вакви важни разговори и не би го одложувал проблемот за понатаму бидејќи е свесен дека со разговор може да се решат многу работи.rn

    10. Тој никогаш не би ја злоупотребувал

    rnФизички или психички, злоупотребата може да се јави во секоја форма во која може да ја замислите. Тоа може да биде насилство во облик на тепање, силување, мачење, навредување, понижување и многу други работи. А никој нема право да го прави тоа на друга личност бидејќи никој не го заслужува тоа. Сето ова потекнува од желбата да се покаже сила и доминантност во однос на некого, а таков човек во животот не му треба на никого. Добриот маж никогаш не би ја злоупотребил таа која ја сака бидејќи за него врската е еднаквост и почитување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 13 нешта кои ќе ги разберат само оние кои имаат помала сестра

    13 нешта кои ќе ги разберат само оние кои имаат помала сестра

    Ништо не може да ја надмине поврзаноста која постои помеѓу две сестри. Тие од мали нозе растат една покрај друга, следејќи ги нивните промени и учејќи сè што може да се научи една за друга. Тие неверојатно добро се познаваат и секогаш се тука за поддршка во лошите денови. Сестрите се бесценето богатство, особено оние помалите, па токму затоа само оние кои ги имаат ќе ги разберат овие нешта…rnrn13 нешта кои ќе ги разберат само оние кои имаат помала сестраrn

    1. Тие прават да се почувствувате како мајка

    rnВашата помала сестра, без да знае, сигурно веќе ви го овозможила вашето прво искуство како мајка. Вие сте биле во ситуација кога сте се погрижиле дека таа станала навреме и дека нема да доцни на училиште. Или пак, кога вашите родители излегле со пријатели, вие сте биле таа која ја чувала.rn

    2. Поддршка во доцните часови

    rnМногу често се случува сестрите да делат соба, па и покрај жалбите дека немаат доволно приватност, делењето простор со сестра делува многу природно. Не се сите храбри да спијат сами, па дури и покрај тоа што големите сестри треба да бидат оние храбрите и силните, многу е утешно кога ќе ја видите вашата помала сестра како слатко спие во ваша близина. И да не заборавиме на сите оние ноќи кои сте ги поминале во разговор и споделување тајни кои само вие две ги знаете…rn

    3. Таа е првата која ќе ја чуе вашата новооткриена мудрост

    rnСо годините и искуството доаѓа и мудроста, па токму затоа доколку вашата помала сестра се најде во опасна ситуација низ која и вие самите сте поминале, тогаш големи се шансите дека ќе се активира вашиот „поголема сестра“ аларм. Вие ќе го споделите вашиот совет со неа и, и покрај тоа што во моментот таа може да дава отпор, за некое време ќе ви биде благодарна. Вашата сестра е првата личност која сте подготвени да ја заштитувате од сè и по секоја цена.rn

    4. Вашите пријатели ја обожаваат

    rnТаа е вашата помала сестра, па токму затоа и вашите пријатели автоматски ја сакаат. Дури и некогаш кога посакувате да ја одделите од групата, мора да признаете дека нејзиното присуство ги прави работите многу позабавни.rn

    5. Никој не ја „закача“ вашата помала сестра… освен вие.

    rnСите нејзини пријатели знаат дека вие сте ѝ поголемата сестра, па токму затоа им е забрането дури и да ја допрат. Но, доколку таа сепак успее да западне во одредена неволја, вие сте подготвени да се борите со цел да ја заштитите и одбраните.rn

    6. Имате сопствен јазик

    rnБидејќи поминувате многу време заедно, вие не само што многу добро знаете невербално да комуницирате, туку и сте нашле свој начин на вербална комуникација кој другите не го разбираат. Токму затоа секогаш имате нешто што е само ваше и што може да ве насмее дури и во моментите кога сте опколени со голема група луѓе.rn

    7. Таа секогаш ве изненадува

    rnКога имате лош ден и сакате само да се изолирате од светот и да се затворите помеѓу 4 ѕида, таа многу често знае да ве изненади и да го подобри вашето расположение. Никогаш не се двоумете во неа, бидејќи не знаете за што сè е способна. Можеби досега не сте забележале, ама таа навистина добро пее и уште подобро готви, па токму овие нешта ќе ги употреби за да ве расположи. Дури и доколку сте имале некое недоразбирање, таа на крајот од денот секогаш ќе ви се насмевне и ќе ве прегрне.rn

    8. Невозможно е да ѝ се налутите

    rnТаа може да биде комплицирана, тешка, разгалена и невозможна. Сите сестри се караат до одредена возраст, но најдоброто нешто при овие расправии е фактот што едноставно не можете долго време да ѝ останете лути. Без разлика на тоа што го направила, таа е вашата помала сестра и токму затоа секогаш ќе ви биде слатка.rn

    9. Ве познава подобро од сите останати

    rnТаа ги слушнала зборовите кои ги шепотите во сон, знае колку гласно рчите и да не заборавиме, големи се шансите дека ве видела гола и знае точно како изгледате под вашата облека. Таа секогаш ви ги подарува најдобрите роденденски подароци само затоа што вистински ве познава. Таа има неверојатна способност да ги открие вашите чувства, дури и во оние моменти кога мислите дека одлично ги прикривате. Токму тоа треба да го цените!rn

    10. Таа никогаш не ве заборава

    rnБез разлика колку пријатели има во моментов или ќе има во иднина, таа никогаш нема да го заборави својот најдобар пријател – вие! Малите сестри се неверојатно лојални и секогаш се на ваша страна во животот, стоејќи рамо до рамо покрај вас и во добри и во лоши времиња.rn

    11. Таа ве спречила да правите многу глупави нешта

    rnМалите сестри се чувствуваат одговорни да ве спречат да ги направите оние нешта за кои тие знаат дека некој ден ќе се каете. Доволно е само еден поглед од нивна страна и вие веќе знаете дека не треба да го направите тоа. Понекогаш дури и не се грижите за она што ќе го кажат вашите родители, но секогаш ја имате на ум вашата мала сестра бидејќи нејзиното мислење ви е поважно од сè. Токму затоа големи се шансите дека вашата мала сестра е главниот фактор што сте се развиле во одговорна возрасна личност.rn

    12. Таа секогаш е тука да ве ислуша

    rnВо оние тешки тинејџерски фази, доколку вашите родители не можат да допрат до неа, големи се шансите дека вие ќе успеете да го сторите тоа. Бидејќи сте поблизу до нејзината возраст, таа знае дека со вас може да разговара за сè. Вие сте нејзиниот извор на утеха, но исто така сте и водич за нејзиниот живот. Дури и во оние моменти кога ви изгледа како да не ве слуша, вашите зборови ѝ значат повеќе отколку што можете да замислите.rn

    13. Гледањето како расте ви побудува многу чувства

    rnВие активно ги следите сите големи фази во нејзиниот живот. Сте биле таму да ѝ помогнете кога тргнала прв пат на училиште, кога требало да одбере факултет, но и кога дипломирала. Вие сте биле строги кон нејзиното момче затоа што знаете дека таа вреди, а на нејзината свадба – сигурно не сте можеле да престанете да плачете од среќа. И покрај тоа што таа е веќе возрасна личност, во вашите очи секогаш ќе биде вашата мала и слатка сестра која е огромен дел од вашиот живот и секогаш ќе бидете горди на неа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да му помогнете на партнерот да ги оствари своите цели?

    Како да му помогнете на партнерот да ги оствари своите цели?

    Љубовта не може, а да не ве тера да му дадете малку ветер во грб на партнерот за да ги оствари своите соништа. Ако сакате да го направите тоа, а не знаете како, послушајте ги советите на професорката по психологија Гвендолин Сидман.rnrnКако да му помогнете на партнерот да ги оствари своите цели?rn

    1. Охрабрете го/ја

    rnПартнерот сака кога е поддржан од својата најдрага личност. Многу истражувања покажуваат дека поддршката од партнерот многукратно ги зголемува шансите за успех на секое поле.rn

    2. Не дозволувајте да се исплаши од предизвиците

    rnНатерајте го/ја да се фокусира на позитивните аспекти во големите предизвици и пречките кои се појавуваат на патот до успехот. Не дозволувајте тој/таа да остане парализиран/а во тешките моменти.rn

    3. Пружете помош при бирањето на стратегијата за успех

    rnАко на партнерот му е јасно што сака да постигне, а не знае како, помогнете му/ѝ при планирањето како да се стигне од точката А до точката Б. Можеби вие подобро знаете како се планираат работите.rn

    4. Помогнете му/ѝ да ги избегне активностите кои му/ѝ ја поткопуваат волјата

    rnАко вашиот партнер се обидува да престане да пуши, немојте да го/ја носите на места каде што се вдишува чад кој провоцира да продолжи со тоа. Помогнете му/ѝ да ги избегнува сите оние активности кои можат да ја поткопаат неговата/нејзината волја и да го/ја спречат да успее.rnrnКако да му помогнете на партнерот да ги оствари своите цели?rn

    5. Не го/ја контролирајте

    rnКонтролирањето може да има само обратен ефект. Патот кон одредена цел не треба да значи ограничување на слободата, туку слободен избор. При еден експеримент психолозите заклучиле дека дури и спомнувањето на името на партнерот кој се обидува да контролира ги натерало испитаниците да дејствуваат спротивно на сопствените цели.rn

    6. Не се мешајте ако не е неопходно

    rnСлично како и контролирањето, и непотребното мешање може да предизвика проблеми. Пружањето помош онаму каде што не е неопходна партнерот може да го сфати како закана по сопствената слобода и ќе го/ја натера да мисли дека не му/ѝ верувате.rn

    7. Бидете суптилни

    rnЛуѓето честопати реагираат негативно на понудената помош поради својата гордост, затоа што ја доживуваат како закана или поради некоја друга причина. Затоа, потрудете се да помогнете на начин на кој што примачот на помошта, односно вашиот партнер, нема да забележи дека вие му/ѝ помагате. Поддршка за ваквото тврдење дава и еден експеримент при којшто правниците кои се спремале за полагање на правосудниот испит биле многу помалку вознемирени во деновите кога партнерот не им давал никаква поддршка, отколку во деновите кога ја добивале.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 фрази кои се многу поважни од „Те сакам“

    5 фрази кои се многу поважни од „Те сакам“

    Чувството кое го предизвикуваат зборовите Те сакам е за многу луѓе едно од најубавите. Постојат многу љубовни приказни во кои е опишан самиот момент и што сѐ луѓето прават за да го чујат тоа Те сакам. Но она што многумина го забораваат е дека овие два збора не се доволни за една врска да опстане. Колку што постојат приказни кои сведочат за бескрајната љубов меѓу поединци, толку постојат и приказни кои покажуваат дека Те сакам само по себе не е доволно за среќен крај. Следниве 5 фрази се всушност многу поважни зборови до кои треба да се придржувате доколку копнеете по вашата среќна љубовна приказна. 5-frazi-koi-se-mnogu-povazhni-od-te-sakam-kafepauza.mkrn

    1. „Ти простувам“

    rnПростувањето е многу тешко. Кога некој ќе ве повреди повеќе одошто сте очекувале, вие сте лути и гневни, но и разочарани и повредени. Во тие моменти не ни можете да замислите да простите и да продолжите како ништо да не се случило. И веројатно никогаш нема да можете. Но токму поради тежината која ја носи со себе простувањето, неговото значење е неверојатно големо. Добивањето втора шанса е многу важно, бидејќи секој, буквално секој, може да згреши во даден момент.rn

    2. „Те почитувам“

    rnМеѓусебното почитување е многу поважно во споредба со многу работи во врската, не само од љубовта. Вистина е дека за романтична врска потребно е да постои љубов, но тоа е можно ако и само ако постои почитување меѓу партнерите. За да сакате некого вие прво треба да го почитувате тој некој. Постојат многу врски кои опстоиле само поради меѓусебното почитување на партнерите и токму затоа зборовите Те почитувам значат многу повеќе отколку Те сакам. Тие ќе ѝ кажат на саканата личност дека ја прифаќате таква каква што е и дека сакате да бидете со неа и со сите нејзини предности и недостатоци.rn

    3. „Те поддржувам“

    rnВо врската е многу важно да знаете дека партнерот е покрај вас и во добро и во лошо и дека е секогаш подготвен да ве поддржи во тоа што го правите. Поддршката значи многу, особено кога се обидувате да направите нешто за кое сте сонувале долго време, но дури и тогаш кога станува збор за едноставни работи како издржување на секојдневните работни обврски. За сѐ што правиме во животот, потребна ни е нечија поддршка, бидејќи без неа, дури и најмалата пречка на патот може да нè спречи во нашата цел. Кога имате некој покрај себе, сѐ е полесно бидејќи знаете дека тоа што ви е вам важно, важно му е и нему и тоа само поради вас.rn

    4. „Посветен/а сум на тебе и нашата врска“

    rnКому му е потребен партнер кој би се откажал при првите знаци на тешкотии во врската? Никому. Ниту пак некој кој не сака да работи на врската и не е способен да ѝ го пружи на саканата личност потребното внимание. Затоа овие зборови зад кои стојат дела кои ги поддржуваат значат многу. Значат дека имате покрај себе личност која е подготвена да се посвети и да даде максимум за вас и за вашата врска и која е решена да направи сѐ за да бидете среќни.rn

    5. „Би се жртвувал/а за тебе“

    rnУбаво е кога сте нечиј прв избор. Убаво е да имате некој покрај себе кој секогаш би ве избрал вас пред кој било друг. Убаво е да знаете дека на таа личност вие сте ѝ секогаш приоритет и ништо не ѝ е поважно од вас. Затоа и не ѝ е тешко да жртвува дел од своето време за вас. Не ѝ претставува проблем да се откаже од нешто што сака да го прави само за да прави нешто заедно со вас бидејќи тоа ве прави вас среќен/на. Секому е потребен таков човек во животот бидејќи ако е подготвен да жртвува свој ќеиф за вас, тогаш навистина сте огромен и важен дел од неговиот живот.

  • Зошто жените ги сакаат мажите?

    Зошто жените ги сакаат мажите?

    Мажите се хероите во нашиот живот, воини кои се борат и со најсуровите инсекти и глувци во домот и кои се секогаш тука за нас кога ни е потребна поддршка. Тие се едноставни, секогаш го мислат тоа што го кажуваат и се грижат за нас со целата своја душа. И покрај тоа што ние сме мистерија за нив, тие никогаш не се откажуваат од обидот да нè сфатат. Ова се само неколку од причините зошто толку многу ги сакаме мажите.rnrnЗошто жените ги сакаат мажите?rnrnНо, ние исто така ги сакаме и…rn

      rn011

    • Бидејќи тие никогаш не можат да одглумат оргазам, дури и да го сакаат тоа.
    • rn011

    • Бидејќи тие пишуваат поеми, песни и книги во наша чест.
    • rn011

    • Бидејќи тие никогаш не нè разбираат, но никогаш не се откажуваат од нас.
    • rn011

    • Бидејќи тие можат да ја видат убавината во жените дури и откако тие самите престанале да ја гледаат оваа убавина во себе.
    • rn011

    • Бидејќи тие можат да ги сфатат дури и најкомплексните тајни на универзумот, но можат да бидат целосно изгубени кога станува збор за мистериите на жената.
    • rn011

    • Бидејќи тие се неверојатни љубовници и нема да сопрат сè додека ние не сме среќни.
    • rn011

    • Бидејќи тие го претвораат спортот во религија.
    • rn011

    • Бидејќи тие никогаш не се плашат од темнина.
    • rn011

    • Бидејќи тие никогаш не се грижат како изгледаат, ниту пак дали стареат.
    • rn011

    • Бидејќи тие успеваат да ги направат или поправат дури и оние нешта кои ги надминуваат нивните способности, со самодоверба на тинејџер кој знае сè.
    • rn011

    • Бидејќи тие никогаш не би носеле високи потпетици.
    • rn011

    • Бидејќи тие се секогаш подготвени за секс.
    • rn011

    • Бидејќи тие се плашат да не ја изгубат својата коса.
    • rn011

    • Бидејќи тие секогаш знаат што размислуваат и секогаш го мислат тоа што ќе го кажат.
    • rn011

    • Бидејќи тие обожаваат машини и алати со истата страст како што ние сакаме накит.
    • rn011

    • Бидејќи тие прават сè што е во нивната моќ да го скријат (неуспешно) фактот дека се само луѓе, и тоа кревки.
    • rn011

    • Бидејќи тие до самиот крај или зборуваат премногу или воопшто не зборуваат.
    • rn011

    • Бидејќи тие секогаш јадат сè што е во чинијата пред нив.
    • rn011

    • Бидејќи тие се храбри во борбата против инсекти или глувци.
    • rn011

    • Бидејќи девојче од 4 години кое добро се изразува може да ги остави без зборови и прекрасна 25-годишна девојка може да ги претвори во идиоти кои се лигават.
    • rn011

    • Бидејќи тие сакаат да бидат или војници или љубовници, или артисти или генерали, но ништо помеѓу…
    • rn011

    • Бидејќи за нив никогаш не може да се има премногу адреналин.
    • rn011

    • Бидејќи откако сè ќе се каже и направи, тие не можат да живеат без нас, без разлика на тоа колку многу се трудат.
    • rn011

    • Бидејќи тие се навистина толку едноставни колку што тврдат дека се.
    • rn011

    • Бидејќи тие обожаваат екстреми и кога ќе отидат во одредена крајност ние сме тука за да ги повлечеме наназад.
    • rn011

    • Бидејќи и тие понекогаш се нежни и плачат, но тоа многу ретко се случува.
    • rn011

    • Бидејќи тоа што им недостасува во изразувањето, го надополнуваат со дела.
    • rn011

    • Бидејќи тие се одлична придружба за поминување низ темни улички и опасно маало.
    • rn011

    • Бидејќи тие навистина ги сакаат своите мајки и нè потсетуваат на нашите татковци.
    • rn011

    • Бидејќи тие никогаш не се грижат што вели нивниот хороскоп, свекрвата или соседите.
    • rn011

    • Бидејќи тие не лажат за нивните години, тежина, ниту пак за бројот на облека.
    • rn011

    • Бидејќи тие имаат неверојатна способност да погледнат длабоко во нашите очи и да се поврзат со нашето срце, дури и тогаш кога ние не го сакаме тоа.
    • rn011

    • Бидејќи кога ќе им кажеме „Те сакам“ тие не бараат објаснување.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопруга

    18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопруга

    Излегувате подолго време и на памет ви паѓа да го поставите големото прашање? Тогаш продолжете со читање. Ова се знаците кои покажуваат дека сте во врска со девојката која треба да ви биде сопруга.rnrn18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопругаrn

    1. Ги знае вашите пријатели и се грижи за нив

    rnГи знае по име сите, и блиските и не толку блиските. Знае што се случува во нивните животи и прва ќе крене слушалка да им честита роденден или да им „мести“ некоја пријателка. Никогаш не би сакала да се претворите во оние кои си ги забораваат другарите откако ќе почнат сериозна врска.rn

    2. Кога одите заедно на патување или одмор, не се карате постојано

    rnДури и ако автобусот се расипал или хотелот не бил како на сликите, вие ќе најдете начин да не избувнете и сепак да го извлечете најдоброто од понуденото.rn

    3. Одвреме-навреме ја фаќате како ве мерка од глава до пети

    rnСлатко е кога ќе помислите како ве мерка подгризнувајќи си ги усните, како вие да сте најсекси суштество на светот. Го прави тоа несвесно, исто како „тазе“ заљубените девојки.rnrn18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопругаrn

    4. Имате исти животни приоритети

    rnДелите исти вредности и приоритети. Се согласувате за најважните животни прашања. Ако вас семејството ви е важно, важно ѝ е и неа.rn

    5. Сака да се фали со вас

    rnНе ве пушта од рака додека разговара со некој друг, ве гледа со заљубен поглед и неретко ќе ве пофали за постигнатото пред други.rn

    6. Кога пријателот се жали за својата врска, воопшто не се пронаоѓате

    rnЗарем така постапила? Тоа е толку различно од вашата девојка. Всушност, кога слушате како пријателот се жали за љубовта ви се чини дека вие сте од друга планета.rnrn18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопругаrn

    7. Таа е вашата најголема поддршка

    rnЗа што и да треба да одлучите, со каков проблем да се соочувате, таа е тука, и секогаш е на ваша страна. Го сака најдоброто за вас и за вашата иднина, па ќе ви ја даде целосната поддршка дури и тогаш кога од неа се бара пожртвуваност.rn

    8. Слободно ја вклучувате во плановите за иднината

    rnАко, да речеме, свадбата на вашата сестра е за една година, без ни малку да се почувствувате чудно, го планирате вашето заедничко одење.rn

    9. И двајцата сте подготвени на компромис и сте пожртвувани еден за друг

    rnНе сака да биде само по нејзино, и ако тоа ве прави среќни ќе излезе од нејзината зона на комфорот.rn

    10. Не се обидува да ве промени

    rnИако ги знае сите ваши маани и слаби страни, што секој од нас ги има, не се обидува да промени ништо кај вас. Не ве споредува со други, што би ве навредило. Едноставно ве прифаќа такви какви што сте.rn

    11. Им се допаѓа на вашите пријатели

    rnПо толку состаноци кои тргнале наопаку, по толку напорни и токсични врски и флертови, вашите пријатели се среќни што имате таква девојка покрај себе.rn

    12. Може целосно да бидете искрени со неа

    rnНе чувствувате потреба да се преправате ниту пак да прикриете нешто. Може да ѝ кажете што било и се чувствувате слободни со неа.rnrn18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопругаrn

    13. Таа е првата личност на која ѝ се јавувате кога нешто ќе ви се случи

    rnБез разлика дали е тажна или среќна вест, прво кревате слушалка за да ја споделите со неа.rn

    14. Ги прифаќа работите кои се чудни кај вас

    rnКако некоја чудна или неразбирлива навика за која и вие би се срамеле. Гледате дека дури и почнува да ја применува.rn

    15. Имате нескротлива потреба да ја заштитите

    rnПостојано сте загрижени да не ѝ се случи нешто лошо. Кога ќе ви се јави растревожена посакувате да го убиете оној кој направил да се чувствува така.rn

    16. Кога се карате, тоа го правите на фер начин

    rnТаа се кара со вас на фер начин. Нема да спомнува нешто што се случило пред многу време ниту пак ќе гледа да ви ги погоди слабите точки или да ве потсети колку сте згрешиле во нешто.rnrn18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопругаrn

    17. Има свој живот настрана од вашата врска

    rnСи има свој идентитет, нејзиниот идентитет не е слеан во врската. Неретко ќе излезе сама со другарките или ќе замине некаде без вас. И покрај тоа што многу ве сака, таа е самостојна.rn

    18. Кога сте разделени ви недостига

    rnКога ќе ѝ кажете дека ви недостига, навистина го мислите тоа. Мразите да одите во кревет или да се будите без неа.

  • Прегратките можат да ни помогнат во борбата со стресот и инфекциите

    Прегратките можат да ни помогнат во борбата со стресот и инфекциите

    Дали е доволно само една прегратка на ден да ни помогне во одржување на нашето здравје? Според едно ново истражување спроведено од Универзитетот Карнеги Мелтон, изгледа дека оваа идеја не е целосно невозможна.rnrnПрегратките можат да ни помогнат во борбата со стресот и инфекциитеrnrnВодени од Шелдон Коен, професор по психологија, истражувачите тестирале дали прегратките се еден вид социјална поддршка која ги заштитува луѓето од болести. Објавена во журналот „Psychological Science“, оваа студија ни открива дека поголемата социјална поддршка и почестите прегратки ги заштитуваат луѓето од инфекции предизвикани од стрес и резултира со помалку симптоми на сериозни болести.rnrnКоен и неговиот тим одбрале да ги проучуваат прегратките како пример за социјална поддршка бидејќи тие обично се знак за поголема интимност и блискост со друга личност. Коен објаснува:rn
    rn

    „Знаеме дека луѓето за време на конфликти со другите луѓе се помалку способни да се одбранат од различни видови вируси, како на пример, настинката. Исто така знаеме дека луѓето кои имаат социјална поддршка се делумно заштитени од ефектите на стрес на психолошко ниво, најмногу во областа на депресијата и анксиозноста. Ние тестиравме дали перцепциите за социјалната поддршка се подеднакво ефективни во заштитата од подложноста на инфекции која е предизвикана од стресот и дали прегратките би можеле да придонесат во развивање на чувството на поддршка, а со тоа и до поефективна одбрана од инфекции.“

    rnРезултатите од оваа студија ни покажуваат дека социјалната поддршка го намалувала ризикот од инфекции кој е поврзан со доживувањето конфликти. Прегратките биле одговорни за 1/3 од заштитата на социјалната поддршка. Дури и оние кои за време на истражувањето настинале, покажале значително помали симптоми доколку биле изложени на повисока социјална поддршка и почести прегратки. Коен вели:rn
    rn

    „Ова ни сугерира дека прегратките од личност на која ѝ веруваме можат да служат како ефективно средство на социјална поддршка, а зголемувањето на нивната фреквенција може да биде ефективен начин за намалување на опасните ефекти од стресот. Очигледниот позитивен ефект на прегратките може да биде објаснет со самиот физички контакт или пак, со фактот дека прегратката е бихејвиорален индикатор на поддршка и интимност. Во секој случај, оние кои добиваат повеќе прегратки се позаштитени од инфекции.“

    rnТокму затоа не воздржувајте се, гушкајте ги почесто вашите најблиски и поминете ја оваа зима поздраво од кога било…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто пријателите можат да ве разочараат?

    Зошто пријателите можат да ве разочараат?

    Кога сме под стрес, поминуваме низ тежок период или пак, едноставно се чувствуваме лошо, за поддршка им се обраќаме на нашите најблиски. Пријателите многу често ни помагаат да се чувствуваме подобро и да се избориме со тешките времиња, но тоа не се случува секогаш. Кога и зошто дури и нашите најдобри пријатели нè разочаруваат и што можеме да сториме за тоа?rnrnЗошто пријателите можат да ве разочараат?rn

    Негативност во социјалната поддршка

    rnОва се случува кога некоја личност од вашиот поблизок круг се обидува да ви помогне, но со своето однесување ги прави работите полоши. Постојат неколку видови вакви однесувања. Еден од нив е пријателот „Ти реков“, кој постојано ве потсетува дека тој/таа ве предупредиле дека нешто вакво може да се случи. Од друга страна пак, постојат и оние пријатели кои со добра намера ќе се вмешаат во конфликт помеѓу вас и друга личност и со тоа ненамерно ќе ги направат работите многу полоши.rnrnИ во двата случаи бидете искрени со вашите пријатели. Објаснете им дека нивниот пристап воопшто не ви помага, баш напротив, дека ги влошува работите. Тие знаејќи како ова однесување влијае врз вас, во иднина ќе се обидат да го избегнат.rn

    Емоционална зараза

    rnПонекогаш пријателите нè избегнуваат кога сме вознемирени бидејќи се сигурни дека и тие можат да се „заразат“ со слични емоции. Некои пријатели се повеќе подложни на емоционалната зараза од други, но секој пријател може да се најде во ситуација да избегне да ви понуди поддршка доколку тој/таа можеби поминува низ нешто слично.rnrnНе ги осудувајте вашите пријатели без да ја знаете целата приказна, но истовремено имајте на ум дека не секој е способен емоционално да се справува со тешки ситуации (особено ако не се поврзани со него/неа). Пред да ги „фрлите“ вашите проблеми врз вашите пријатели, прво откријте дали тие се во состојба да ве сослушаат и како овој проблем би можел да влијае врз нив.rn

    Влегување во социјални долгови

    rnНе секогаш гледаме на нашите врски на овој начин, но тие секогаш се реципрочни – постои подеднакво давање и земање. Доколку премногу се потпирате на поддршката на вашите пријатели кога поминувате низ тешки времиња, но не ги поддржувате доволно кога тие имаат проблеми, тогаш вашата социјална „сметка“ за поддршка можеби е надвор од својот баланс. Доколку дозволите оваа рутина да се случува пречесто, вие ќе го „банкротирате“ вашето пријателство и големи се шансите дека ќе останете без потребната поддршка.rnrnНе велиме дека треба водите детална сметка за давањето и добивањето на поддршка, но добро е да се обидете да ги процените оние ситуации во кои таа им е навистина потребна на вашите најблиски.rn

    Незнаење

    rnПонекогаш пријателите можеби нема да бидат ваша поддршка бидејќи едноставно не сфаќаат дека вие имате потреба од нив. Ова најчесто се случува кај машките пријатели (како група) бидејќи истражувањата покажале дека жените се многу повеќе емпатични и чувствителни на емоциите на другите.rnrnТокму затоа наместо да се нервирате во себе затоа што вашите пријатели не ги читаат вашите мисли, доколку имате потреба од поддршка, а не ја добивате, бидете искрени и побарајте ја. Тие без збор ќе застанат покрај вас и ќе се обидат да ви помогнат на секој можен начин.

  • 10 причини зошто пријателите се многу важен дел од нашиот живот

    10 причини зошто пријателите се многу важен дел од нашиот живот

    Автор: Сања ПетровскаrnrnВо свет во кој сè помалку се ценат вистинските вредности, неверојатно е тешко да најдеш вистински пријатели. Тие се составен дел на нашиот живот. Кога и да сме тажни, тие се нашето рамо за плачење. А кога сме среќни, тие се првите на кои им кажуваме зошто. Никој не може да живее сам и изолиран од светот. Затоа тука се пријателите. Секому е потребна личност со која ќе ги споделува тајните, која ќе го советува кога тоа му е потребно, личност која ќе биде тука дури и кога ни е само потребно да не бидеме сами. Тие се луѓето со кои можеме да бидеме луди, свои и слободни. Можат да нè искараат и да нè налутат, но без нив животот би ни бил досаден, монотон и осамен. Да, семејството секогаш доаѓа на прво место, но покрај нив, пријателите се нашата најголема поддршка.rnrn10-prichini-zoshto-prijatelite-se-mnogu-vazhen-del-od-nashiot-zhivot-kafepauza.mkrnrnСледниве неколку причини објаснуваат зошто пријателите се многу важен дел од сечиј живот.rn

    1. За да се опуштиме и да уживаме

    rnСо никого не сме поопуштени и послободни отколку со пријателите. Со нив можеме да ги правиме и најлудите работи, да се смееме на секакви зезанции и дури и најдосадните моменти да ги направиме забавни.rn

    2. За да бидеме во својата комфорна зона

    rnСо пријателите можеме секогаш да бидеме тоа што сме. Тие нè познаваат и, штом се сè уште тука, нè прифаќаат такви какви што сме. Прават да се чувствуваме убаво и опуштено, дури и во најтешките моменти.rn

    3. За да добиеме искрено мислење

    rnВистинскиот пријател нема да нè излаже. Колку и неговото мислење да се коси со нашето, тој го кажува тоа што го мисли и чувствува за дадена ситуација. Дали се работи за некој проблем или едноставно ни е потребен совет, вистинскиот пријател ќе биде тука да нè посоветува. И без разлика на сè, да ни ја каже вистината. А тоа е реткост овие денови.rnrn2-10-prichini-zoshto-prijatelite-se-mnogu-vazhen-del-od-nashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    4. За да споделиме тајни и да бидеме некому лојални

    rnСо пријателите споделуваме сè. Од наједноставните секојдневни случувања, до нашите најголеми тајни и проблеми. Секому му е потребна таква личност, некој кому ќе можеме да му кажеме сè без да се грижиме дека нашите зборови ќе бидат прекажани. Таквата личност нè прави посилни.rn

    5. За да ни помогнат и да нè поддржат

    rnБезусловна поддршка во секој момент. Секогаш се на наша страна, дури и кога ние самите не сме. Можеби имаме различни мислења, но секогаш можеме да се потпреме на нив, тие се секогаш тука за нас и се подготвени да ни помогнат во секој момент и во секое време.rn

    6. Безусловно да нè сакаат и да се грижат за нас

    rnПонекогаш ни е потребна само една прегратка. Не зборови, не совети, туку безусловна љубов од некој кој се грижи за нас. Некој кому му значиме. Некој кој е тажен кога сме ние тажни, кој е среќен кога сме ние среќни. А тоа се пријателите.rn

    7. За да научиме животни лекции и да ги почитуваме меѓусебните разлики

    rnПријатели не се луѓе кои за сè мислат исто како нас, кои се согласуваат со нас постојано или кои се однесуваат како и ние во секоја ситуација. И тоа е позитивна работа. Секој треба да е своја личност. Покрај вистинските пријатели ќе научиме да ги почитуваме меѓусебните разлики, да се прифаќаме без разлика на нив и секогаш, да научиме нешто ново еден од друг.rnrn3-10-prichini-zoshto-prijatelite-se-mnogu-vazhen-del-od-nashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    8. За да ни понудат нова перспектива на работите

    rnЕдна од попозитивните работи е токму оваа. Кога имаме некој проблем ние разговараме со нашите пријатели. Некогаш сме свесно или несвесно слепи за некои наши грешки, работи кои ги правиме, а не би требало или нешта кои ги кажуваме, а повредуваат некого. Тогаш на сцена настапуваат пријателите кои, бидејќи ни мислат добро и сакаат да сме среќни, ни даваат нова и свежа перспектива. Доколку станува збор за некоја расправија, ќе ни помогнат да го согледаме проблемот од страната на личноста со која се караме. Ако сме можеби разочарани од нешто, ќе ни кажат како тие гледаат на нештата. Нивниот збор знае да смени многу нешта.rn

    9. Ни ја зголемуваат самодовербата и самопочитта

    rnСекој се нашол во ситуација кога самодовербата му е на ниско ниво. Дали некој направил да се чувствуваме лошо или само сме имале лош ден, тие ќе нè расположат и ќе нè натрупаат со мал милион работи поради кои ќе се чувствуваме подобро. Способни се да не подигнат дури и кога не сакаме самите себе да се погледнеме во огледало.rn

    10. За да созрееме индивидуално

    rnЗаедно, но сепак разделени. Секој со свој живот и на своја страна, но сепак заедно кога и да ни е најпотребно. Тие се фактор кој има огромно влијание врз нашиот живот, директно или индиректно. Добриот пријател го прави денот поубав. Да знаеш дека постои некој на кој можеш да се потпреш за сè и секогаш е непроценливо. А таквите личности те прават подобра и поуспешна личност.rnrnВелат дека не знаеш кој ти се вистински пријатели сè додека не се искараш со нив. А ако успеете да го решите проблемот, тогаш пријателство ќе биде посилно од кога било. Тие те познаваат и те сакаат. Способни се да те расположат кога ти е најпотребно. Да те научат нешто кога се однесуваш како мало дете. Пријателите имаат неверојатно големо влијание на тоа каква личност си, а со самото тоа нивната улога во нечиј живот е непроценлива. Дали можеш воопшто да си замислиш како твојот живот би изгледал доколку ги немаш пријателите?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 14 начини да ја изградите најдобрата врска во вашиот живот

    14 начини да ја изградите најдобрата врска во вашиот живот

    Автор: Сања ПетровскаrnrnСите ги обожаваме бајките на Дизни. Нема девојче на овој свет кое не си го замислува својот принц на бел коњ ниту, пак, има момче кое не посакува убава и паметна девојка како некоја од главните хероини. Сите сме заљубени во идеалот за совршената врска и тајно посакуваме да ја имаме и ние. Но, додека на Дизни му е дозволено мечтите и соништата да ги спакува во преубава приказна и добро познатото и си живееја среќно до крајот на животот, реалноста е малку поинаква. На секоја врска треба да се работи и во секоја врска треба да се вложува и од двете страни. Проблемите навистина постојат и тие можат да се решат. Совршена врска не постои, но доколку навистина ѝ се посветите, таа ќе биде најдобра што може.rnrn1-14-nachini-da-ja-izgradite-najdobrata-vrska-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    1. Заборавете дека љубовта е нешто што се случува само од себе

    rnНе е тајна дека првата фаза во секоја врска е заљубеноста. Тоа не е љубов. Меѓусебната љубов се гради и стекнува со тек на време.rn

    2. Обидете се да допрете до саканата личност

    rnНикој не може да функционира сам, па согласно ни врската не може да опстои сама од себе. За секоја врска се потребни двајца, а тие двајца подобро функционираат кога заедно се обидуваат да создадат нешто.rn

    3. Следниот пат кога ќе се чувствувате загрижено, нервозно, тажно, спомнете му го тоа на вашиот партнер или бидете тука за него доколку тој е оној кој се чувствува така

    rnВрската треба да претставува безбедно место каде ќе се чувствуваме сакани и разбрани, каде ќе добиеме поддршка и љубов кога ни се најпотребни.rnrn5-14-nachini-da-ja-izgradite-najdobrata-vrska-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    4. Препознајте ги моментите кога се чувствувате оддалечени еден од друг, не можете да пристапите кон партнерот за некоја работа или ставате одбранбен штит пред себе

    rnКога сте во врска би требало да уживате во слободата да бидете тоа што сте, без да чувствувате потреба некои работи да ги тргате на страна. Но ако тие постојат и успеете да ги препознаете, зборувајте со вашиот партнер за нив и обидете се да најдете решение.rn

    5. Ставете акцент на меѓусебната комуникација

    rnЕдна од најважните работи за да опстои врската е да може да зборувате еден со друг. Така не само што ќе успеете да ги решите проблемите и да ги совладате разликите, туку ќе го подобрите и начинот на кој го правите тоа.rn

    6. Зборувајте со партнерот за тоа како влијаете еден на друг

    rnСигурно сте слушнале дека љубовта ја јакнее мотивацијата. Убавата и стабилна врска влијае позитивно на вас и на вашето функционирање, па влијанието кое го има вашиот партнер на вас и она кое вие го имате на него се исто така меѓу најважните работи во една врска.rn

    7. При расправија, секогаш обидете се да ги согледате работите и од перспективата на партнерот

    rnРасправиите настануваат затоа што дошло до судир на различни ставови за една иста работа. И нормално дека мислиме дека ние сме во право. Но тоа не е секогаш така, па согледувањето на работите од друга гледна точка може многу да помогне во решавање на проблемот.rnrn3-14-nachini-da-ja-izgradite-najdobrata-vrska-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    8. Секојдневно работете на зголемување на меѓусебната блискост преку примена на игри на емпатија

    rnЗамислете некоја случка, по што партнерот според изразот на вашето лице треба да одлучи како се чувствувате во врска со тоа. Ова води кон полесно распознавање на чувствата кај вашиот партнер што само повеќе ќе ве зближи.rn

    9. Пронајдете што ви треба во врската и споделете го тоа со вашиот партнер кој треба да го направи истото

    rnОва ќе ви овозможи да се сконцентрирате на тоа што меѓусебно ви недостасува и да вложите малку повеќе за да го добиете.rn

    10. Бидете свесни дека емоционалните повреди ја разоруваат врската

    rnЛути, тажни или бесни, ништо не ги оправдува лошиот збор и дело. Вашиот партнер ве сака и почитува, се потпира на тоа дека вие сте неговата поддршка и очекува да го добие истото за возврат. Доколку емотивно го повредите и притоа не може да го сподели тоа со вас, тоа полека ќе го разорува однатре, а со тоа ќе се разори и вашата врска.rn

    11. Најдобриот рецепт за секс е отворена комуникација и емоционална поврзаност

    rnКога ќе успеете целосно да се отворите еден пред друг, што ќе го постигнете само со меѓусебно комуницирање, и кога од врската ќе ја добивате потребната слобода на изразување и чувствување, само тогаш вашиот сексуален однос ќе има способност да го достигне врвот. А ретко која врска без него може да опстои.rnrn2-14-nachini-da-ja-izgradite-najdobrata-vrska-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    12. Зборувајте за тоа како сте научени да се справувате со емоциите

    rnЗа подобро да функционирате како пар, потребно е да се најдете на заедничка подлога на која заедно ќе ја градите врската. Со емоциите, кои се неизбежен дел од врската (на пр. нема шанси да се налутите и едноставно да го игнорирате тоа), секој се справува на различен начин. И тоа е во ред сè додека не претставува проблем. Зборувајте за ова и обидете се да се прилагодите еден на друг.rn

    13. Кажете си еден на друг што си имате зацртано за цел во следниот период и обидете да си помогнете во нивното постигнување

    rnВо врска мора да постои меѓусебна поддршка. Кога вашиот партнер ве прифаќа и од него го добивате потребното разбирање, тогаш тој може да ви помогне во постигнување на некоја цел. Па уште и ако таа цел е заедничка, тогаш и ограничувањата во врската веќе нема да постојат.rn

    14. Почитувајте ја и охрабрувајте ја меѓусебната поврзаност

    rnНајдете кој свесно или несвесно применуван ритуал ја зајакнува вашата врска и одделете време за истиот. Секој пат сè повеќе ќе ве зближува и ќе ја направи вашата врска посилна од кога било.rnrn4-14-nachini-da-ja-izgradite-najdobrata-vrska-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrnrnЗа да изградите убава и силна врска, потребно е целосно да се внесете во тоа. Потребни се откажувања, прилагодувања и вложувања и од двајцата партнери. Потребни се доверба, разбирање и поддршка, а тие несвесно ги градите и стекнувате со меѓусебна комуникација и секојдневно меѓусебно емоционално поврзување. Љубовта е најважна, но само таа не е доволна.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.