КАФЕ ПАУЗА

Tag: поддршка

  • Отворено писмо до сите оние што се чувствуваат заробено во темнината

    Отворено писмо до сите оние што се чувствуваат заробено во темнината

    Кога се наоѓаме во темните периоди од животот, многу често сфаќаме дека сме сосема сами и дека само ние можеме да се извлечеме кон светлината. Без разлика колку луѓе има околу нас. Ние самите одбираме да страдаме тивко и во осаменост. Една анонимна девојка многу добро го разбира ова, па затоа и решила да напише писмо до сите што минуваат низ истото со цел да им понуди поддршка. Таа е тука за вас, дури и ако не можете да ја видите. Доволно е само да верувате во неа!rnrnrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnЗнам дека ти е тешко и тоа е сосема во ред. Нема ништо лошо во тоа да имаш лош ден. Можеби сме пријатели, а можеби и никогаш не сме се сретнале, но тоа не ми менува ништо бидејќи сè уште те сакам целосно и безусловно. Би ти ја дала мојата јакна, мојот паричник, моето срце… ми причинува задоволство да ти помогнам на секој можен начин. Не ми треба „Благодарам“ или услуга за возврат. Само сакам да ти помогнам да излезеш од темнината.rnrnНе треба да ми ги кажуваш најинтимните детали на твоите потешкотии, ниту пак длабочината на твоите болки. И самата можам да ги почувствувам и да се грижам. Нема да те прашам да споделиш ништо пред да бидеш подготвен, не сум тука за тоа. Мојата работа е едноставно да љубам, да тешам и да помогнам да се најде светлината на сите можни начини.rnrnСе грижам за тебе. Мојата љубов кон тебе целосно ме исполнува: телесно, умствено и душевно. Можеби ти си ги гледаш сите маани или скршени парчиња, но сè што јас можам да видам е твојата убавина, твојата неверојатност. Го гледам и очигледното и скриеното и го сакам до тој степен што ме маѓепсува.rnrnМожеби почнуваш да се прашуваш што добивам јас од сè ова и како е можно да се чувствувам на овој начин. Оваа грижа е сосема оправдана. Вистината е дека сум добро запознаена со темнината, со тивкото страдање, со мразењето себеси, со живеењето во осаменост. Имајќи го ова на ум, едноставно не сакам никој да чекори по овој пат сам, па затоа и се нудам да бидам покрај тебе во твојот очаен период.rnrnТе сакам. Тука сум. Не се плаши да бидеш ранлив, со мојата помош лесно можеш да се составиш ако се распаднеш. Не се плаши да плачеш, јас ќе ги избришам твоите солзи. Не се плаши да паднеш, јас ќе те фатам. Дури и кога не ме гледаш, јас сум покрај тебе. Не мора да чекориш по овој пат сам, дозволи ми да носам дел од твојот товар. Јас едноставно сакам да помогнам.rnrn[/message_box]rnrnПрочитајте го и ова отворено писмо од девојка која се обидела да изврши самоубиство до сите кои поминале низ истото!rnrn 

  • Како да ѝ дадете безрезервна поддршка на личност којашто страда, без да ѝ ја одземете личната слобода?

    Како да ѝ дадете безрезервна поддршка на личност којашто страда, без да ѝ ја одземете личната слобода?

    Сметате ли дека сте способни да чекорите покрај некоја друга личност, без разлика каков е нејзиниот животен пат, без да ја осудувате и да правите да се чувствува неспособно, без да пробувате да ја „поправите“ и без да се обидувате да влијаете врз нејзините идни резултати? Размислете два пати пред да си одговорите на прашањево. Кога сакате некому да му ја дадете вашата безрезервна поддршка, тоа значи дека треба да го отворите вашето срце, да понудите безусловна помош и да се ослободите од потребата за контрола и осуда.rnrnКако да ѝ дадете безрезервна поддршка на личност којашто страда, без да ѝ ја одземете личната слобода?rnrnПонекогаш, тоа не е лесна задача, бидејќи многу луѓе чувствуваат потреба да ги поправаат личностите коишто минуваат низ тешка фаза од животот, да им даваат безброј непотребни совети или да ги осудуваат поради тоа што не постигнале поголеми успеси во животот од досегашните.rnrnЗа целосно да го поддржите напредокот, трансформацијата или страдањето на некоја личност, никако не смеете да се обидувате да ѝ ја одземете моќта или да пробувате да ги коригирате нејзините проблеми, да ја посрамотувате (имплицирајќи дека треба да знае повеќе отколку што знае) или да ја преплавите со сугестии (да ѝ давате повеќе информации отколку што е подготвена да прими). Ова значи, дека треба да бидете подготвени да се поттргнете настрана, за да може да си донесе сопствени одлуки, да ѝ понудите безрезервна љубов и поддршка, да ѝ дадете нежни насоки кога ќе има потреба од тоа и да направите да се чувствува безбедно, дури и кога прави грешки.rnrnНевозможно е да бидете некому силен поддржувач, доколку некој друг не е тоа за вас. Дури и на најуспешните лидери, тренери, доктори, потребно им е да знаат дека во нивниот живот постојат луѓе пред кои можат да бидат ранливи и слаби, без да се плашат дека ќе бидат осудени.rnrnДавањето безрезервна поддршка е нешто што СИТЕ ние можеме да го направиме едни за други – за нашите партнери, деца, пријатели, соседи, па дури и за непознати лица со кои случајно сме започнале разговор во автобус.rnrnСекој ден е прилика да ја искажете вашата поддршка на луѓето околу вас, а овие 8 совети ќе ви укажат кој е правилниот начин да го направите тоа:rn

    1. Дозволете ѝ на личноста да верува во сопствената интуиција и мудрост

    rnСекој си знае за себе како се чувствува и што може или не може да направи во моментот. Притисокот да постапи според вашите верувања, коишто се базирани на вашето, а не на нејзиното искуство, само ќе придонесе да се чувствува уште полошо од претходно. Дозволете ѝ да се обиде да се потпре на сопствениот разум и интелигенција.rn

    2. Дадете ѝ онолку информации колку што може да поднесе

    rnВо спротивно, доколку ѝ правите притисок да биде поинаква, ќе направи да се чувствува неспособно и безвредно. Доколку забележите дека само вие зборувате и не престанувате да давате предлози и имагинарни решенија на проблемите и тоа носи контраефект кај лицето што страда, значи дека го правите тоа на погрешен начин.rnrnКако да ѝ дадете безрезервна поддршка на личност којашто страда, без да ѝ ја одземете личната слобода?rn

    3. Не ѝ ја одземајте нејзината моќ и слобода

    rnКога се обидуваме да ја одземеме моќта за донесување одлуки од рацете на другите луѓе, правиме тие да се чувствуваат бескорисно и некомпетентно. Во некои случаи е потребно да преземеме акција и да ги донесеме тешките одлуки за некој друг (како на пример кога личноста се бори со зависност од дрога, коцкање и слично и интервенцијата изгледа како единствен начин да ја спасиме). Како и да е, во речиси кој било друг случај, на секој човек му е потребна автономија сам да си ги прави сопствените избори. Никогаш не давајте наредби и не се обидувајте да контролирате некој друг.rn

    4. Држете го сопственото его надвор од животите на другите

    rnНа сите нас понекогаш ни се случува да веруваме дека нечиј туѓ успех зависи од нашата интервенција. Мислиме дека неуспесите и падовите на некој друг лошо се рефлектираат на нас или сме убедени дека емоциите коишто ги споделуваат се однесуваат на нас, а не на нив. Но, ова е стапица и ваквото размислување не му чини добро никому. Доколку навистина сакате да поддржите нечиј развој, држете го вашето его настрана и дадете ѝ на личноста доволно простор и можност да учи и да се развива себеси.rn

    5. Направете да се чувствува безбедно дури и ако повторно падне

    rnКога луѓето учат, растат или поминуваат низ тешка животна фаза или транзиција, најчесто прават неколку грешки по патот. Но ние, како безусловни поддржувачи, треба да им ја дадеме можноста да проникнат длабоко во себеси, самите да ја пронајдат храброста да преземат ризици и да продолжат да се борат дури и ако повторно не успеат. Кога ќе им дадеме до знаење дека неуспехот е само составен дел од патувањето, а не крај на светот, тие ќе трошат помалку време во самокритичност, а повеќе време во учење од нивните грешки.rnrnКако да ѝ дадете безрезервна поддршка на личност којашто страда, без да ѝ ја одземете личната слобода?rn

    6. Ненаметливо понудете ги вашите насоки и останете сталожени

    rnМудар поддржувач знае точно кога да не дава насоки (на пример, кога личноста се чувствува неспособно и бесмислено), а кога да ги понуди на нежен начин (на пример, кога личноста сама ќе побара помош или е премногу изгубена за да знае што да побара). Балансот помеѓу овие два случаи е како прецизен танц, кој треба да научите како да го играте доколку сакате да му ја понудите некому вашата безрезервна поддршка. Препознавањето на областите во коишто личноста се чувствува најранливо и неспособно, како и нудењето на вистинскиот тип помош без да ја посрамотите, е нешто за коешто е потребна пракса, понизност и стабилност.rn

    7. Создадете ѝ безбедна зона за нејзините комплексни емоции, стравови, трауми…

    rnКога луѓето се чувствуваат побезбедно отколку што се обично навикнати, тие не се плашат да си дозволат нивните длабоки емоции да излезат на површина. Доколку сте личност којашто е доволно свесна и ги разбира другите, знаете дека ова може да се случи и треба да бидете подготвени да им ја дадете вашата поддршка на нежен начин, преку бодрење и без осуда. Личноста којашто поминува низ тежок период, треба да се чувствува доволно безбедно да се „распадне“ пред вас, без да стравува дека ќе биде вечно скршена или засрамена пред некој друг. Ова не е лесна задача и не може да ја извршува некој којшто и самиот е премногу емотивен, не може да ги увиди сопствените недостатоци, нема самодоверба или не ѝ верува на личноста којашто сака да ја поддржи.rn

    8. Дозволете ѝ да донесува различни одлуки и да доживува различни искуства од вашите

    rnДавањето поддршка подразбира почитување на различностите кај секоја личност и препознавање дека тие разлики може да доведат до избори кои ние не би ги направиле. Понекогаш, луѓето носат одлуки базирани на сопствените способности, квалитети и искуство, а нашата задача е да не пробуваме да ги контролираме и да ги почитуваме тие разлики.rnrnДавањето безрезервна поддршка на друга личност не е нешто што можеме да го научиме и совладаме преку ноќ. Тоа не може да се научи ниту низ листа со совети како оваа. Тоа е сложена практика, којашто се развива само преку константно учење и вежбање и е различна за секоја личност и ситуација.rnrnВо продолжение прочитајте и како вашиот живот ќе се промени за 180 степени доколку се ослободите од овие 20 ментални бариери.

  • 5 начини да ги поддржите вашите пријатели кои не можат да најдат работа

    5 начини да ги поддржите вашите пријатели кои не можат да најдат работа

    По дипломирањето, младите се соочуваат со поголема одговорност, адаптирање кон животот на возрасните, а и потреба од поголема финансиска самостојност. Но, не можат сите веднаш да пронајдат работа, или пак наоѓаат некои работни позиции кои се слабо платени. Така, личностите кои подолг период остануваат дома чувствуваат поголем притисок, а понекогаш се и депресивни. rnrn5 начини да го поддржите вашиот пријател кој не може да најде работаrnrnАко и вие сте во ваква состојба, сигурно многу добро ги сфаќате овие чувства, но доколку во ова ги пронаоѓате вашите пријатели, треба да се обидете да ги разберете и да им бидете поддршка. Бидејќи вие не сте во нивната кожа за да знаете како точно се чувствуваат, погледнете ги овие совети кои ќе ви помогнат да ги утешите кога се чувствуваат несреќно.rn

    1. Пронајдете бесплатни начини да поминувате повеќе време заедно

    rnКога сте вработени и имате редовни месечни примања, најверојатно можете да си дозволите да истрошите повеќе пари кога сте излезени, но, тоа не е толку едноставно за вашите невработени пријатели. Затоа, за да не ги ставите во незгодна ситуација, подобро е да изберете места каде што нема да треба да трошите пари, а сепак ќе можете непрекинато да разговарате. Па, најдобро е да отидете во парк, да шетате заедно и слично. Исто така внимавајте да не претерате со плаќање на пијалакот на вашите пријатели, затоа што тоа може да биде непријатно за нив.rn

    2. Научете како да зборувате за вашата работа

    rnКога главната разлика помеѓу вас и вашите пријатели е работата, тогаш споделувањето на вашите искуства и достигнувања со вашите невработени пријатели, може да биде малку незгодно. Добро е да ги споделите своите успеси и радости со нив, но внимавајте со тоа да не ги повредите, а за таа цел анализирајте го нивното однесување. Ако ви се чини дека ситуацијата станува непријатна, тогаш променете ја темата.rn

    3. Охрабрете ги вашите пријатели кога одат на интервју за работа

    rnКога некој сѐ уште е во потрага по работа, интервјуто е од голема важност за него. Поддржете ги вашите пријатели така што ќе им посакате среќа, а веднаш по завршувањето на интервјуто јавете им се и прашајте ги како поминале. Со тоа што ќе покажете дека сте заинтересирани, вие ќе направите тие да чувствуваат дека се сакани и дека имаат поддршка од вас, што им дава повеќе доверба и им покажува дека не се сами.rnrn5 начини да го поддржите вашиот пријател кој не може да најде работаrn

    4. Кога ќе дознаете дека некаде има слободна работна позиција, веднаш јавете им се на вашите пријатели

    rnУште еден прекрасен начин да им покажете на вашите невработени пријатели дека ги поддржувате е да разговарате со нив за секоја слободна работна позиција која ќе ја пронајдете. Ако вашите пријатели веќе подолго време бараат работа, тие по одреден период почнуваат да ги гледаат сите работни позиции на ист начин, па понекогаш може да пропуштат и добри можности. Затоа, помогнете им така што ќе им испратите некои информации за слободните места кои ќе ги пронајдете.rn

    5. Не дозволувајте им да се откажат

    rnИсто така при одреден период поминат во барање работа, вашите пријатели може да станат безнадежни и да се откажат. По неколку поминати интервјуа и сепак ниту една позитивна вест, тие може да чувствуваат дека за нив никаде нема место. Но, ваша работа е да ги потсетите дека не се сами. Само со вашето присуство вие можете да направите голема разлика. Покажете им на вашите пријатели дека животот е вреден да се живее, дури и без работа, која ќе се појави порано или подоцна. Потсетете ги дека работата не ги дефинира нивните карактерни особини. Иако таа е од особено значење во човековиот живот, пријателството е уште поважно, па затоа, бидете секогаш до вашите најдраги личности кога сте им најмногу потребни!rnrnПрочитајте и што се подразбира под паметното барање работа.

  • Наместо да се жалите дека никој не ве поддржува, поддржете се вие самите!

    Наместо да се жалите дека никој не ве поддржува, поддржете се вие самите!

    Ако некогаш се наоѓате во тешки моменти и чувствувате дека сите ве напуштиле, можеби сте во право, но не сте земале предвид некој кој би требало, а тоа сте самите вие. Сепак, вие се познавате себеси многу подобро отколку што ве познаваат другите луѓе. Можеби другите си заминале поради одредени, за вас непознати причини, но зошто вие би кренале раце од самите себеси и зошто да си дозволите да се предадете, наместо да останете со единствениот борец со кој можете да ги добиете или да ги изгубите битките?rnrnАко се жалите дека никој не ве поддржува – поддржете се вие самите!rnrnОтстранете ги негативните мисли, очајот и сомнежот дека сте послаби од околностите и дека не вреди да се борите за целите кои се пред вас. Честопати можете да се одлучите да се откажете, но кога некој или нешто ќе ве инспирира, започнувате од почеток, затоа што знаете дека само вие останувате во борбата и дека ако истраете, некој ќе ви се придружи. Најтешко е да го исполните ветувањето кое сте си го дале себеси, во кое се содржи сета ваша иднина.rnrnМожеби сѐ уште во вашата глава ви стои мислењето на другите кои ви велат дека нешто не вреди да го направите, дека треба да изберете друг пат, да се вратите од почеток или да се откажете. Но, дали е тоа навистина важно? Не! Не дозволувајте туѓите негативни мислења да ви бидат пречка за вашите одлуки и цели. Кога ќе ви остане само она што е важно, тогаш ќе пронајдете волја и сила со чијашто помош сѐ ќе ви изгледа лесно и едноставно. Затоа, станете свесни за своите мисли. Тие се тука за да ви дадат доверба, а не истата да ви ја одземат. Тие се тука да ви дадат моќ и упорност. Ако за нешто треба да вложите голем труд, значи дека му е голема цената и дека вреди. Ако се жалите дека никој не ве поддржува, тогаш поддржете се самите себе. Тоа е патот по кој одат победниците, оние кои веруваат во себе дури тогаш и кога никој друг не верува во нив.

  • Животни лекции кои можете да ги научите само од родителите кои овозможуваат голема поддршка

    Животни лекции кои можете да ги научите само од родителите кои овозможуваат голема поддршка

    Родителите би требало да сакаат, да разбираат и да ги подржуваат своите деца. Секако, сите тоа го прават, зарем би можело да биде поразлично? Но, едноставно некои тоа го прават на вистинскиот начин, бидејќи им доаѓа природно. Ако сте израснале со безусловна љубов и поддршка макар од едниот родител, тогаш без сомнение сте ги научиле овие животни лекции. Од друга страна пак, ако вие сте родители, прочитајте ги следниве придобивки кои вашите деца ќе ги искусат доколку им ја подарите вашата неизмерна поддршка.rnrn1-raboti-koi-gi-nauchivte-od-roditelite-koi-vi-pruzhile-poddrshka-www.kafepauza.mk_rn

    1. Следете ги своите соништа!

    rnЗа да бидете тоа што сте, треба прво да откриете што сте. За ова откритие да биде возможно, треба да ги следите своите соништа. Она што го сакате, за она што фантазирате, она што ве покренува, радува, исполнува – тоа се патоказите на патот кон себе. Секој поминува низ загубеност и барање, низ периоди на неориентираност и разочарување. Важно е да не се откажувате.rn

    2. Никогаш не се откажувајте!

    rnОбидете се, одново и одново. Кога ќе паднете, станете и тргнете. Кога повторно ќе паднете, станете и тргнете повнимателно, ако е потребно и на четири нозе. Кога ќе се исправите, чекорете, пред да потрчате. Кога трчајќи ќе удрите во некој ѕид, станете, соберете се и тргнете во друга насока. Учете од себе, од вашите обиди и грешки. Сменете ја перспективата, начините и тактиките. Ако не сака на сегашниот начин, обидете се на друг. Ако повеќе не оди како што одело до сега, прилагодете ја брзината на движете. Ако пропустите ве враќаат на почеток, тргнете од почеток и движете се побавно и обидете се да не ги повторувате истите грешки. Движете се и никогаш не откажувајте се.rn

    3. Бидете вредни и давајте сè од себе!

    rnВистинското чувство на постигнување доаѓа само кога вредно работите и давате сè од себе. Тоа не значи дека треба да се мачите и дека не сте вредни и предани ако ви оди лесно – онаму каде што ви оди полесно, за таму сте поталентирани, поспособни, повешти и побрзи во остварувањето на целите. Тоа не значи дека не треба да го работите она што ви е тешко, предизвикувачки и напорно, туку напротив, вежбајте ја својата волја и упорност, ширете ги своите граници со работа и истрајност.rnrn2--raboti-koi-gi-nauchivte-od-roditelite-koi-vi-pruzhile-poddrshka-www.kafepauza.mk_rn

    4. Не е срамота да не знаете!

    rnСè што не знаете, можете да го дознаете, научите и промените. Како воопшто да дознаете нешто, ако не тргнете од она што не го знаете? Останете љубопитни и постојано ќе дознавате работи кои дотогаш не сте ги знаеле.rn

    5. Потпирањето на себе е закон!

    rnИ оној кој се потпира на себе може да побара помош и асистенција. И може адекватно да ги прими и примени, само доколку се потпира на својата сопствена проценка, чувства и причини.rn

    6. Искреноста е клучот!

    rnПред сè, кон себеси. Илузиите и залажувањата се магла од незнаења и неуспеси. Искреноста ги разрешува работите и ги поставува на своето место. Искреноста е скоро идентична на почитта.rnrn3--raboti-koi-gi-nauchivte-od-roditelite-koi-vi-pruzhile-poddrshka-www.kafepauza.mk_rn

    7. Секогаш изрази благодарност!

    rnБидете благодарни и секогаш изразувајте ја својата благодарност, на другите, подеднакво како и на себе. На космосот и планетите, еднакво како на своите пријатели. Заблагодарувањето е свест за вредноста на сечие искуство.rn

    8. Опростите им на другите!

    rnОпростете им на оние кои ве повредиле, не само затоа што сакате да бидете подобри од нив и да се воздигнете помеѓу светците, туку затоа што опростувањето ве ослободува и ви овозможува да одите понатаму, без гневни и насилни мисли и енергија.rn

    9. Опростете си себеси!

    rnОва е понекогаш потешко отколку да им опростите на другите. Но, затоа е неопходно. Со чувството на вина и жалење, не правиме ништо конструктивно, блокирани сме. Со опростувањето себеси, ја ослободуваме креативната енергија.rnrn4--raboti-koi-gi-nauchivte-od-roditelite-koi-vi-pruzhile-poddrshka-www.kafepauza.mk_rn

    10. Дружете се со подобри луѓе!

    rnАко сакате да учите и да се развивате, дружете се со подобри од себе. Тие ќе ви го покажат патот и начинот, а тоа што го можат они, го можете и вие.rn

    11. Бидете великодушни!

    rnПронајдете ја радоста на давањето и секогаш уживајте во неа без одложување. Оние кои даваат внимание, љубов, сочувство како и материјални вредности, се посреќни од оние кои што се каат и сметаат. Колку повеќе давате, толку повеќе имате за давање.

  • 22 реченици што треба да ги чуете кога ви е најтешко

    22 реченици што треба да ги чуете кога ви е најтешко

    Сите сме имале тешки денови. Или недели. Некои дури и години. Но, најважно е покрај нас да имаме добри пријатели што ќе нè потсетуваат дека и ова ќе помине. А ова се дефинитивно работите кои треба да ни ги кажат кога ни е најтешко.rnrn(1) 22-raboti-shto-treba-da-gi-chuesh-koga-ti-e-najteshko-kafepauzamkrnrn1. Секоја личност околу вас некогаш се има чувствувано вака.rnrn2. Не сте сами во овие мисли, во овие стравови.rnrn3. Од друга страна пак, баш овие стравови и грижи што ги имате, ве прават човек и ве поврзуваат со луѓето околу вас кои поминале низ истото.rnrn4. Која било личност на која ќе помислите сега, поминала низ денови на несигурност и страв од светот. Дури и Стив Џобс имал денови кога се чувствувал ситен и немоќен.rnrn5. Размислете за сите оние мали работи од минатото што тогаш многу ве погодиле и растажиле, а денес се само дел од спомените.rnrn6. Сетете се дека за една година од сега, овие ваши грижи и проблеми ќе бидат само делче меморија.rnrn7. Ако се чувствувате изгубено и без правец, не значи дека сте слаби или неуспешни.rnrn8. Она што го правите секојдневно, и покрај напливот на овие непријатни чувства, е она што навистина сте.rnrn9. Секој мора да почне некаде.rnrn10. Само одберете каде.rnrn11. Никогаш не треба да правите нешто само затоа што другите сметаат дека така е правилно.rnrn12. Дружете се со луѓе кои имаат слични интереси како вас. Не се дружете со негативни луѓе.rnrn13. Имајте 5-минутно правило. Одвојте си пет минути во денот да се чувствувате лути, само да лежите, или да бидете исплашени. Дозволете си целосно да се соочите со вашите чувства.rnrn14. Кога ќе си дозволите пет минути да се чувствувате тажно или исплашено, ќе видите дека скоро сите околу вас се чувствуваат така во врска со некоја работа.rnrn(2) 22-raboti-shto-treba-da-gi-chuesh-koga-ti-e-najteshko-kafepauzamkrnrn15. Се соочувате со чувствата не за да пропаднете во нив, туку да им дозволите помирување, да изроните од нив со цврста желба да се борите.rnrn16. Мора да си признаете што навистина ве мачи за да можете да го решите тоа. Ниеден проблем не може да се реши без прво да се дефинира.rnrn17. Вие сте многу повеќе од грешките што сте ги сториле.rnrn18. И ова, како и сè претходно, ќе помине.rnrn19. Многумина мислат дека треба да се има детален план за да се издржат овие тешки денови. Вистината е дека воопшто не мора ни да се има план. Само треба да се продолжи. Да не се запира.rnrn20. Несигурноста и двоумењето неретко можат да нè спуштат на земја и да служат како врска со сите околу нас.rnrn21. Вие сте една ѕвездичка во универзумот, а таа ѕвездичка може да засвети во животите на многу луѓе.rnrn22. Некои од најинспиративните приказни кои сте ги чуле започнале со неуспех и несигурност. Направете ја и вашата таква.

  • Како успешно да се грижите за тажна личност во само 10 чекори?

    Како успешно да се грижите за тажна личност во само 10 чекори?

    Сите се соочуваме со тагата на различен начин. Некои луѓе се експерти во уметноста на давањето поддршка и утеха и знаат како да направат тажните личности да се почувствуваат удобно, сакано и почитувано. Некои само се лажат себеси дека сѐ е во ред и автоматски стануваат и самите тажни, што може да резултира во обратната ситуација кога тажната личност којашто требаше да ја утешат, ги теши нив.rnrn

    Како успешно да се грижите за тажна личност во само 10 чекори?
    Како да се грижите за тажна личност?
    rnrnДоколку припаѓате во онаа група луѓе кои не се толку добри во помагањето на другите да се соочат со некои потешки моменти, ситуации и проблеми, тогаш овие интересни илустрации направени од артистот Џон Садингтон, можат да бидат вистинскиот водич и правилник. Сѐ што треба да направите е да ги следите овие 10 едноставни чекори и наскоро вашата тажна личност ќе стане среќна и расположена. Само погрижете се да изберете повесел филм, затоа што во спротивно ќе треба одново да го започнете процесот.rnrn
    1. Постелете ќебе
    1. Постелете ќебе
    rnrn

  • 10 љубовни лекции кои секој треба да ги научи

    10 љубовни лекции кои секој треба да ги научи

    Љубовта не се заснова само на емоциите и чувствата. Понекогаш, треба да ја активираме нашата рационална страна и да се обидеме да најдеме компромис за сите проблеми кои ќе ни застанат на патот, бидејќи заедничките решенија и комуникацијата се едни од најважните елементи врз кои се заснова структурата на секоја љубовна врска. Во оној момент кога двајцата ќе бидат способни да функционираат како едно, тогаш целта ќе биде постигната. Во тој контекст, прочитајте ги 10-те лекции за љубовта кои ќе ви помогнат да ја одржите рамнотежата во вашиот однос.rnrn10 љубовни лекции кои секој треба да ги научиrnrn1. Не ја споредувајте својата врска со ничија друга. Оној пар кој навидум изгледа свршено можеби има сериозни проблеми и обратно, оние кои изгледаат како да не се воопшто блиски, можеби го имаат најдобриот и најфункционалниот однос од сите нивни пријатели. Научете како да ги прикриете своите емоции и интересирајте се само за себе и за својот партнер.rnrn2. Делењето на заедничките вредности е темелот на квалитетната врска. Сосема е во ред да имате различни вкусови за музика, филмови и забава, но за сериозните животни прашања како што се кариерата, купувањето недвижнини, бракот и децата треба да се има исто или слично мислење.rnrn3. Никому не смеете да дозволите да донесува одлуки наместо вас. Правете го само она што вие двајца сметате дека е правилно. Слободно слушајте ги советите на своите пријатели и семејството, но на крајот послушајте го своето срце бидејќи тоа знае најдобро.rnrn4. Квалитетната комуникација е клучна за здравиот однос. Немојте да викате еден на друг без причина. Седнете и разумно разговарајте како две возрасни и цивилизирани личности. Ако веќе се карате, тогаш потрудете се кавгата да биде продуктивна и да пронајдете некакво решение, наместо одново и одново да се расправате за истиот проблем.rnrn5. Никому не дозволувајте да ве убеди дека сексуалниот однос не е толку важен. Тој навистина не е најважен, но затоа е единствениот физички начин на кој можете да ја покажете љубовта и поврзаноста. Немојте да ја изгубите страста во врската.rnrn6. Пред да започнете да се распрашувате, најпрвин разговарајте со партнерот. Доколку се сомневате на неверство или едноставно се чувствувате занемарено, тогаш разговарајте искрено со него или неа. Немојте да направите нешто што може да има само негативни последици.rnrn7. Стилот на облекување, висината или месечниот приход нема да ја зголемат вашата љубов кон никого. Наместо да се бавите со барање на совршениот партнер кои ќе ги задоволи вашите критериуми, дозволете личноста која навистина ве сака, да ве усреќи.rnrn8. Паровите кои опстануваат се оние кои работат на нештата што можат да ги разделат. Не постои совршена врска, но доколку сакате да останете заедно, тогаш мора да бидете спремни да дадете поддршка и во најтешките моменти. Токму тоа е вистинскиот показател на цврстината на вашата поврзаност.rnrn9. Откажете се од идејата некој да го промените во целост. Луѓето се менуваат само ако имаат потреба да го направат тоа. Во никој случај немојте да започнувате врска со личноста која ве привлекла и со која уште од старт планирате да ја менувате, бидејќи тоа нема да биде успешно.rnrn10. Отворено разговарајте за сѐ што ќе ви падне на памет. Никој не може да ви ги чита мислите. Ако нешто сакате, тогаш кажете го тоа јасно и гласно. Немојте да си замерувате и да си се лутите еден на друг само затоа што тој или таа не направиле нешто за кое сметате дека требало да го сфатат.

  • Што треба да знаете пред да дадете отказ на вашето работно место?

    Што треба да знаете пред да дадете отказ на вашето работно место?

    Многумина од нас го поминале животот подготвувајќи се за кариера за која или имаме или немаме искуство. Типично, сѐ уште не сме ниту возрасни кога ги формираме овие идеи за остатокот на нашиот живот и кариерата. Често се поведуваме од родителите, учителите, професорите за тоа како треба да изгледа успехот и нашиот пат го градиме по тие модели. Иако интересот на нашето семејство, пријателите и познаниците за нашите избори е добронамерен, сепак има и големо влијание врз нашата способност да одлучиме што е најдобро за нас. Во продолжените прочитајте ги 4-те клучни работи кои треба да ги знаете доколку планирате да ја промените вашата кариера.rnrnШто треба да знаете пред да дадете отказ на вашето работно место?rn

    1. Промената не е моментна

    rnКога ќе сфатите дека промената на работното место е неизбежна и потребна, можеби ќе се почувствувате како да сте тргнале голем товар од својот грб и дека сѐ останато што ќе се случува понатаму ќе биде лесно. Но, за жал, промената не се случува како во филмовите. Да се има реалистични очекувања од и за вашата кариера е витален елемент за вашиот успех.rn

    2. Стравот за парите е неизбежен

    rnПостојат многу стравови со кои луѓето се соочуваат кога ќе одлучат да направат каква било промена, а најчести меѓу нив се финансиските грижи кои прават да се чувствуваме многу нестабилно. Кога парите се поврзани со вашите чувства на сигурност и безбедност, како што е и случајот со многу луѓе, тогаш очекувајте промените во вашите приходи да имаат голем емотивен ефект врз вас.rn

    3. Правилната поддршка е неопходна

    rnПромената не е лесна ниту за вашите најблиски. Родителите и пријателите, дури и оние кои најмногу ве поддржуваат, се сепак луѓе, полни со емоции и желби. Тие можат да бидат и загрижени, посебно ако сакате да ја промените кариерата на едно сосема некарактеристично работно место за вас. Дозволете им да ви ја пружат потребната поддршка, бидејќи таа ви е повеќе од потребна. Поддршката од истомислениците или оние кои поминуваат во слична ситуација како вашата исто така може да биде од најголема помош.rn

    4. Давањето отказ не е секогаш првиот чекор

    rnПромената на кариерата е процес кој ќе ви помогне најпрво да истражите што значи за вас некоја позначајна кариера, потоа да дефинирате која промена е добра промена и за крај, да станете едно со вашиот план за промена на кариерата. Нема ништо лошо во тоа да сакате да го промените своето работно место, баш напротив, тоа е многу здраво. Дајте си време да размислите и избегнувајте да бидете импулсивни.

  • 10 клучни принципи за пронаoѓање среќа

    10 клучни принципи за пронаoѓање среќа

    Сите копнееме по среќата. Но, за жал, често гледаме во погрешна насока. Парите, материјалните добра и статусот се патеките кои луѓето ги избираат за да ја најдат целта во својата потрага по среќата, иако на сите ни е веќе добро познато дека овие компоненти нудат само едно привидно, краткотрајно задоволство. Долгогодишните емпириски истражувања покажуваат дека ваквите популарни стратегии за пронаоѓање на среќата немаат никакви долгорочни ефекти. Во продолжение прочитајте ги 10-те научно докажани принципи за максимизирање на среќата и научете како вистински да уживате во задоволствата кои животот ги нуди.rnrn10 принципи за пронаоѓање среќаrnrn1. Благодарност: Истражувањата покажуваат дека дури и самото правење листа со работите и луѓето на кои сте им благодарни, може да го подобри вашето расположение и среќа, воопшто. Додека често знаме да се жалиме за работите или да ги земаме здраво за готово, не треба да забораваме секојдневно да се фокусираме на оние нешта за кои сме благодарни.rnrn2. Оптимизам: Гледајќи ја чашата полуполна наместо полупразна има огромен ефект врз расположението, среќата па дури и физичкото и психичкото здравје. Според истражувањата, оптимистичкиот стил се поврзува со еден голем дијапазон на здравствени придобивки, па дури и долговечност.rnrn3. Општествени и социјални споредби: Постојано сме склони да се споредуваме со другите, независно дали станува збор за позитивни или негативни компарации, гледајќи ги оние кои имаат повеќе и оние кои имаат помалку од нас. Врз основа на овие забелешки, често се критикуваме себеси и нашите избори, безбедност, интелигенција, физички изглед, среќа итн. Доколку навистина сакаме да бидеме среќни, тогаш треба да престанеме да се споредуваме и да се прифатиме себеси со сите свои маани и предности, независно колку клише звучи тоа.rnrn4. Свесност: Понекогаш нашите одлуки можат да бидат нејасни и замаглени бидејќи сѐ уште размислуваме за минатото или се грижиме за иднината. Таква е човечката природа. Со тоа што ќе се обидеме да работиме и да функционираме на еден сегашен и посвесен пристап во животот, значително ќе ги зголемиме шансите да ја пронајдеме сопствената среќа.rnrn5. Опростување: Ослободувањето од лутината и омразата кон другите е клучно доколку сакаме да бидеме посреќни. Веројатно многу луѓе ни згрешиле во животот, а несомнено и ние сме им згрешиле на другите. Фокусирањето на опростувањето на другите и на самите себеси е повеќе од потребно за нашата среќа и благосостојба.rnrn6. Сочувство: Да се биде внимателен со потребите и чувствата на другите, обидот да се ставиме на нивно место и да се однесуваме соодветно на ситуациите прават чуда во зголемувањето на личната среќа. Ова може да биде изненадувачко ако се земе предвид фактот дека нашите обиди да бидеме посреќни често се јавуваат како последица од нашите себични мотиви и желби, а сепак кога сме несебични и дарежливи сме и посреќни.rnrn7. Стрес менаџмент: Можеби нема секогаш да ги контролираме стресните ситуации во животот како што се опасностите или губењето на некое пријателство или врска, но можеме да реагираме на стресот со добри алатки за менаџирање. Тука се вклучува однесувањето, општествената поддршка, организацијата на времето, одбивањето на понуди и покани кои не сакаме да ги прифатиме и други стратегии за сопствената грижа кои ќе ни помогнат да бидеме помалку нервозни и помалку анксиозни.rnrn8. Општествена поддршка: Нашата индивидуалистичка култура може да го отежни осигурувањето и снабдувањето со општествена поддршка. Да се има една важна поддршка од пријателите, семејството, колегите и соседите значи многу за среќата и потрагата по неа.rnrn9. Разумни очекувања: Често имаме големи очекувања и од себе и од другите, што резултира и со големи разочарувања. Мора да поработиме на одржувањето разумни очекувања од другите и од животните околности за да можеме успешно да си ја обезбедиме среќата и секојдневните задоволства.rnrn10. Грижа за телото и душата: Луѓето знаат да ги занемарат своите физички и духовни потреби и својата општа психофизичка состојба со цел да го поминат денот, а, вежбите, духовните практики и социјалната поддршка се типично првите елементи кон кои се вртиме кога се чувствуваме анксиозно, нервозно и загрижено. Да се биде свесен за својата физичка и духовна состојба резултира во едно повисоко ниво на среќа.