КАФЕ ПАУЗА

Tag: поддршка

  • Не смеете да ги заборавите овие 4 работи секогаш кога се справувате со стрес!

    Не смеете да ги заборавите овие 4 работи секогаш кога се справувате со стрес!

    Според психолозите, овие четири работи можат значително да ја зголемат вашата способност за прилагодување на стресот. Кога ќе се најдете среде кризна ситуација, запомнете ја важноста на поддршката и смеата за полесно да го надминете стресот, но и да донесете подобри одлуки.rnrnНе смеете да ги заборавите овие 4 работи секогаш кога се справувате со стрес!rn

    1. Поддршка

    rnСекогаш кога се чувствувате осамено, непријатно, напнато, барајте поддршка од блиските. Кога вербално ги изразувате своите чувства, нивниот интензитет се намалува, нема да ви пречат толку многу како кога ќе се затворите. Можете да се ослободите до одреден степен од непријатните чувства кога некој ве слуша и разбира.rn

    2. Смеење

    rnМногупати сте слушнале дека смеењето е здраво и позитивно влијае на психофизичкото здравје на една личност. Хуморот позитивно влијае на намалување на болката, го подобрува имунолошкиот систем, ја подобрува циркулацијата, ги подобрува меѓучовечките односи, предизвикува пријатни емоции и ја зголемува самодовербата. Кога се обидувате да погледнете на некоја стресна ситуација на смешен начин, преку хумор, почнувате да размислувате дека проблемот може да се реши, а тоа го намалува стресот. Одржувањето позитивен став кон животот, како и кон самите себе, ви дава сила полесно да ја прифатите новата ситуација.rn

    3. Спорт

    rnВежбањето и физичката активност влијаат на одржувањето на рамнотежата во целиот организам. При активирањето на организмот се разградуваат многу штетни и се произведуваат здрави материи. За време на физичката активност се лачат супстанции кои влијаат врз вашето расположение, чувството на задоволство. Различни техники за релаксација можат да ви помогнат овде. Тие директно влијаат на физичките процеси во телото, кои се поврзани со стресот (тие ја релаксираат мускулната тензија). Релаксацијата започнува со заземање удобна положба на телото, што овозможува постепено опуштање на сите негови делови. Таа е проследена со контрола на дишењето, лесно вдишување преку нос, задржување на воздухот, а потоа подолго издишување преку устата. Повторете неколку минути, додека не почувствувате олеснување.rn

    4. Сон

    rnСвесни сте дека кога сте уморни и ненаспани, потешко ги поднесувате и најмалите непријатности. Основното правило е да ги задоволите сите физиолошки потреби за да бидеме поотпорни на сè што ве очекува во текот на денот. Освен тоа, за време на спиењето се обновуваат клетките, енергијата се обновува, ги полните батериите за да бидете продуктивни. Не заборавајте дека за нормално функционирање на организмот треба да спиете осум часа, да се храните здраво и да пиете доволно течности.rnrnОткако прочитавте кои 4 работи можат да ви помогнат да се справите со стресот, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници треба да ги избегнувате кога сте под стрес.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • 3 вида пријателки кои треба да ги чувате и 3 вида пријателки од кои треба да бегате подалеку

    3 вида пријателки кои треба да ги чувате и 3 вида пријателки од кои треба да бегате подалеку

    Пријателството е една од најважните и најскапоцените работи на светот, но не се сите пријателства подеднакво добри и потребни. Во продолжение прочитајте кои пријателки треба да ги чувате како очите.rnrn3 вида пријателки кои треба да ги чувате и 3 вида пријателки од кои треба да бегате подалекуrn

    1. Најдобрата пријателка од детството

    rnНајдобрата пријателка од детството е вистинска и скапоцена, а таквите луѓе треба да ги чувате покрај вас и да го негувате меѓусебниот однос.rnrnСтанува збор за пријателство кое нема да избледи, дури и кога не се гледате подолго време затоа што вие имате силна врска. Секогаш имате поддршка и разбирање.rn

    2. Инспиративна пријателка

    rnИнспиративната пријателка ве прави подобра личност и ви служи како пример. Таа е бестрашна, посветена и го живее животот со полни гради. Дури и ако немате слични животни цели, таа ќе ве инспирира во секое време.rn

    3. Навивачка

    rnОваа пријателка зрачи со позитивна енергија. Таа ужива во својот живот и ги сака блиските луѓе со кои е опкружена. Кога и да ви треба некој што ќе ве охрабри во тешките периоди и што ќе ви биде поддршка, таа ќе биде покрај вас.rnrnПријателството е посебен однос, но постојат луѓе кои воопшто не ви се потребни во животот.rn

    1. Озборувачка

    rnТаа знае сè за сите и не знае да чува тајни. Иако дружењето со таква личност може да ви донесе секаков вид информации, големи се шансите дека разговорите нема да останат помеѓу вас.rn

    2. Пријателката што секогаш се жали

    rnПонекогаш е потребно да ѝ се пожалите на вашата пријателка и тоа е сосема нормално ако и двете се чувствувате опуштено кога зборувате за вашите проблеми. Меѓутоа, ако тоа е единствената работа што ви е заедничка, време е да се опкружете со други пријателки. Постојаната негативност е многу исцрпувачка и непотребна.rn

    3. Конкуренција

    rnМалиот пријателски натпревар нема да повреди никого. Меѓутоа, ако некој создава конкуренција од сè и секогаш мора да докаже дека е подобар од вас, тогаш не ви треба таков пријател во животот.rnrnПрочитајте кои се 10-те разлики помеѓу трајните пријателства и оние што ќе исчезнат.

  • 9 начини како да им помогнете на вашите пријатели да ја надминат кризата низ којашто минуваат

    9 начини како да им помогнете на вашите пријатели да ја надминат кризата низ којашто минуваат

    Навистина е тешко да знаете што точно да направите кога вашите пријатели минуваат низ криза. Без разлика дали се справуваат со раскинување, со смрт на член од семејство, имаат здравствен проблем или нешто друго, вие ќе сакате да им дадете колку што е можно поголема поддршка. Но, нема секогаш да знаете како да ги изберете вистинските зборови. Понекогаш, кога се обидувате да помогнете, може само да ја влошите ситуацијата.rnrn9 начини како да им помогнете на вашите пријатели да ја надминат кризата низ којашто минуваатrnrnЛуѓето може да се изолираат за време на тешките периоди од својот живот или да се справат со ситуацијата поинаку отколку што сте предвидувале, што дополнително го отежнува проблемот. Овие неколку работи треба да ги имате предвид кога им помагате на пријателите што минуваат низ тешки времиња.rn

    1. Понудете им да се дружите

    rnАко не знаете што да направите или што да кажете, започнете со дружење. Многу луѓе не одвојуваат време за да бидат заедно, дури и ако станува збор само за миење садови, за прошетка или за седење на софата и разговарање.rnrnТоа е многу едноставно, но сепак толку ефикасно. Обрнете им внимание на вашите пријатели и тие ќе се чувствуваат ценети, сакани и згрижени.rn

    2. Бидете присутни и слушајте

    rnКога некој што го сакате минува низ болка и тага, чувствувате притисок дека мора да кажете нешто за личноста да се чувствува подобро. Но, честопати е најдобро само да слушате и да ѝ дозволите на личноста да се изрази.rnrnВашите пријатели треба да знаат дека вие можете да ги толерирате нив и нивната болка и дека постои некој што ги разбира низ што минуваат.rn

    3. Чувајте ги советите за подоцна

    rnОдолејте му на поривот да понудите совети или да најдете решение за нивните проблеми, освен ако тие не го побараат тоа од вас.rnrnСлушајте ги вашите пријатели внимателно и без осудување. Можеби навистина е непријатно да разговарате со луѓе со негативните емоции, но ако понудите решение без тоа да биде побарано од вас, тоа може да изгледа како да ги занемарувате нивните чувства, наместо да им дадете можност да го споделат во вас тоа што ги повредува.rnrnОсвен тоа, за раскинувањето и за смртта не можете да најдете решение . Покажете им на вашите пријатели дека сте тука за да ги сослушате.rn

    4. Бидете свесни ги нивните чувства

    rnЕден начин да одговорите, без да понудите совет, е да ги потврдите нивните чувства. Ако ви кажат дека се исплашени, обидете се да одговорите со: „Тоа е толку тешко и страшно. Сега разбирам зошто се чувствуваш вака со оглед на тоа што ти се случува. Јас сум тука за да те сослушам.“rnrnИсто така, можете да направите и едно резиме на сè што е кажано до тој момент, а тоа ќе ѝ даде до знаење на личноста дека внимателно ја слушате.rn

    5. Избегнувајте употреба на клишеа

    rnПостојат многу совети што звучат добро, но всушност не се многу корисни, затоа најдобро е едноставно да кажете: „Не знам што да кажам“. Тоа е многу подобро отколку да речете „Сè ќе биде во ред“.rn

    6. Помогнете им во извршувањето на обврските

    rnАко вашиот пријател е зафатен со справувањето со кризата, понудете се да му помогнете во извршувањето на секојдневните задачи, а тоа за него ќе биде огромно олеснување.rnrnСредувањето на алиштата или купувањето намирници за вашите пријатели може да ги олесни нивниот стрес и справувањето со проблемите. Исто така, тие ќе бидат свесни колку се грижите за нив.rnrnИспратете им порака и прашајте ги дали им треба нешто или едноставно посетете ги и однесете им неколку основни намирници. Тоа е одличен начин да покажете дека се грижите за нив.rn

    7. Прашајте како можете да помогнете

    rnАко не сте сигурни како да го поддржите пријателот, прашајте го што би сакал.rnrnМногу често, кога помагаме некому што минува низ криза, се грижиме и го поддржуваме на начин на кој би сакале ние да бидеме згрижени и поддржани“. Но, можеби на вашиот пријател му треба нешто сосема друго.rnrnМожеби вие сакате да плачете, но вашиот пријател можеби сака да биде сам. Ако не се сигурни што им треба на вашите пријатели, најдобро е да не ги присилувате да направат нешто, дури и ако мислите дека тоа би помогнало. Доволно е што сте покрај нив.rn

    8. Продолжете да проверувате

    rnАко не сте се слушнале со вашиот пријател, побарајте го за да дознаете како е. И продолжете да го правите тоа, дури и подолго отколку што мислите дека е потребно.rnrnНе треба да се плашите да го побарате вашиот пријател и едноставно да го прашате дали сака да разговара. Понекогаш, луѓето чувствуваат потреба да зборуваат за своите чувства со месеци.rnrnНо, не ги присилувајте да зборуваат ако не сакаат. Ако ја притискате личноста, таа можеби ќе се затвори во себе. Ова е едноставно сигнал што покажува дека личноста не е подготвена да разговара. Но, покажете ѝ дека ќе бидете тука кога ќе сака да разговара.rn

    9. Поставете отворени прашања

    rnДруг начин да дознаете што им треба на вашите пријатели е поставувањето отворени прашања. Ова ќе им создаде простор да споделат како се чувствуваат и да ви кажат што им треба.rnrnИсто така, додека разговарате можете да го користите говорот на телото. На пример, ставете ја раката на рамото на вашиот пријател или на вашата пријателка, прегрнете ги или седнете веднаш до нив.rnrnНема совршен начин како да им помогнете на пријателите што се во криза. Но, можете да покажете колку многу се грижите со тоа што секогаш ќе бидете тука за нив.rnrnПрочитајте зошто мажите се најдобрите пријатели што може да ги имаат жените.

  • Како да го „избркате“ сопругот во 15 лесни чекори: Сигурен начин жената да остане напуштена и сама!

    Како да го „избркате“ сопругот во 15 лесни чекори: Сигурен начин жената да остане напуштена и сама!

    Доколку сакате да останете сами до крајот на животот, ова е дефинитивно вистинскиот „рецепт“.rnrnКако да го „избркате“ сопругот во 15 лесни чекори: Сигурен начин жената да остане напуштена и сама!rnrnРазочаран од денешните врски и целосно искривениот концепт на љубовта, писателот Рајмонд Бечард иронично им дава на жените „рецепт“ за тоа како да останат без својот партнер во 15 лесни чекори.rn

    1. Што ви е гајле што е тоа емоционална интимност?

    rnПа што ако психолозите велат дека емоционалната блискост е чувство на припадност и длабока поврзаност, стекнато преку поделени искуства…Бла,Бла! Не трошете време на човекот на кој можете да му верувате и со кого можете да бидете она што сте. Никако немојте да посакувате такво нешто!rn

    2. Ни случајно немојте да го почитувате сопругот

    rnДури и ако тој заслужува почит, никако не смеете да покажете почит кон него. Не слушајте го и не размислувајте за неговите проблеми и приоритети. Направете сè за тој да се чувствува како „вишок“ во вашиот живот. Од друга страна, ако тој навистина не заслужува почит, заминете си. Ако тој не ве почитува, тој не ве ни заслужува. Во секој случај – заминете си.rn

    3. Немајте никакви симпатии кон него

    rnСекако дека го сакате, но дали ви се допаѓа? Ако сакате да го направите несреќен, постојано посочувајте му на сè што ве нервира кај него.rn

    4. Жалете се на сè што прави

    rnДајте му до знаење дека сте сведок на сите негови грешки, нагласувајте ги сите негови грешки. Дури и ситниците. Кажете им на сите ваши пријатели дека тој е губитник.rn

    5. Осудувајте го што е можно почесто

    rnКритикувајте го постојано. Ако нема причина за критика, извртете некој факт и тргнете во акција. Дадете сè од себе за да предизвикате одбранбена реакција кај мажот. Запомнете – секој нов ден е нова можност да пронајдете уште една маана.rn

    6. Не верувајте му

    rnДури и ако ја докаже својата чесност и посветеност, вие немојте да му верувате.rn

    7. Постојано обвинувајте го за нешто

    rnАко се разделите, обвинете го него. Ако поранешниот партнер бил лош со вас, обвинете го сегашниот. Ако вашите деца не се послушни, повторно обвинете го него. Целиот ваш гнев, разочарувања, стравови и несигурности препишете му ги нему. И ако ви се случи нешто лошо казнете го.rn

    8. Бидете постојано лути

    rnТој е маж, мора нешто да не направил како што треба. Дури и ако не знаете што, нешто сигурно има и слободно бидете лути. Тој сигурно заслужил и повеќе. Затоа, поштедете се себеси од чекање тој да направи грешка, налутете се веднаш. И, не престанувајте да се лутите, бидејќи грешките сигурно нема да престанат. Тој е сепак маж.rn

    9. Немојте да му бидете потпора во животот

    rnОбјаснете му дека нема да одговарате на неговите телефонски повици кога и да сте му потребни, колку и да сте му потребни. Дајте му до знаење дека тој никогаш не може да се потпре на вас.  Ако вие сте личноста со која сака да ја сподели и среќата и тагата, покажете незаинтересираност.rn

    10. Не прифаќајте ја неговата помош

    rnШто и да ви се случи, не дозволувајте тој да ви помогне. Колку и да боли, вие можете да ја надминете болката сами, макар и со години да страдате.rn

    11. Не ги признавајте ги своите грешки, не правете компромиси

    rnНикогаш не се извинувајте. Никогаш не признавајте дека со нешто сте го повредиле. Однесувајте се како тоа да не може да се случи.rn

    12. Не сфаќајте го сериозно

    rnВие сте единствена која има право на емоции, проблеми и главоболки. Ако тој покаже нешто од горенаведеното, тогаш тој не е вистински маж. Немате вие време за неговите проблеми!rn

    13. Не поддржувајте го

    rnПрепуштете го на судбината, сам и изолиран. Тој е маж, мора сам да се избори со сите несреќи. Каков е тој маж кому му е потребна помош од жена? Ако постојано му треба одредена пооддршка, доверба и вистински пријател, тој не вреди за вас!rn

    14. Немојте да му простувате

    rnПорано или подоцна, сигурно ќе направи грешка која не се поправа. Кога и да направи грешка, потсетете го на сите претходни, малку надградете ги и зголемете ги ако сте сигурни дека тој има лошо памтење. Кажете му ги сите оние неубави работи кои сте заборавиле да му ги кажете претходно. Ако постојано го потсетувате дека е лош, тој сигурно ќе се подобри!rn

    15. Никако немојте ништо да промените кај себе

    rnАко добро ги следевте претходните 14 правила, сега е време да ја прекинете вашата врска или брак. Оставете сè во минатото. Само отворено навредувајте го и правете го тоа секогаш кога ќе имате прилика. Најдете друг партнер и повторете го истото!rnrnЗабелешка (доколку не ја забележавте иронијата): Ако навистина сакате среќна врска или брак, правете спротивно од горенаведеното! Пронајдете човек кој  ќе ви го разубавува секој ден, исто како и вие нему!rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 9-те неочекувани знаци што покажуваат дека бракот нема да трае долго.

  • 4-те хороскопски знаци на кои секогаш можете да се потпрете

    4-те хороскопски знаци на кои секогаш можете да се потпрете

    Ако ви е потребна поддршка, тогаш без сомнение треба да се обратите кај овие хороскопски знаци. Тие ако треба ќе поместат и планини, со сопствените раце, само за да ве направат среќни. Погледнете за кои знаци станува збор…rnrnrn

    1. Бик

    rnКога станува збор за Биковите, тие не се согласуваат со нештата толку лесно. Нив им е потребно време да размислат и да одлучат колку навистина се грижат за да направат нешто за вас. Причината за ова е дека кога ќе ветат нешто – тие ќе отидат до пеколот и назад само за да го остварат. Затоа и го прават ова само за најблиските.rn

    2. Девица

    rnНа дното на срцето на Девиците е нивната желба да бидат корисни за луѓето во нивниот живот. Ако тие не можат да го олеснат животот на нивните сакани и да бидат позитивно влијание за нив, тогаш Девиците не знаат кои се. Ако имате Девица во вашиот живот, тогаш веќе знаете дека тие се првите луѓе што ќе ви помогнат да се справите со проблемите и тоа ќе го направат на многу практичен начин.rn

    3. Јарец

    rnИма само еден хороскопски знак што поставува премногу високи стандарди за себе! Секако дека зборуваме за Јарецот. Да се биде добар пријател е нешто на што Јарците вистински се гордеат. Тие сакаат да бидат најдобрите и најневеројатните пријатели во друштвото и поради тоа што се земјени знаци, тие го докажуваат своето пријателство на многу буквален начин.rn

    4. Водолија

    rnДа не заборавиме дека Водолиите се водени од Сатурн, планетата на долгото обврзување. Ова значи дека кога Водолиите се решени да направат нешто што ветиле, тие ќе го направат тоа по секоја цена. Во нивното јадро, тие имаат многу моќна и полна со љубов визија како треба светот да изгледа, па ако не можат да го остварат ветеното, тоа ги уништува нивните вредности.rnrnХороскопот ги открива и 4-те знаци кои се обдарени со најголема креативна енергија и уметнички дух.

  • 15 нешта што ги сфаќаме кога нема да можеме да се потпреме на никого

    15 нешта што ги сфаќаме кога нема да можеме да се потпреме на никого

    Сите ние некогаш сме се чувствувале осамени и сме верувале дека немаме кому да се обратиме бидејќи сме мислеле дека никој нема да нè разбере. Кога во животот ќе се случат некои настани и ќе се најдеме во ситуација кога нема да имаме некој на кој би можеле да се потпреме тогаш ни стануваат јасни многу нешта. Овие нешта можеби претходно не сме можеле во целост да ги видиме, како да сме биле слепи верувајќи им на сите. Кога ќе дојдат тешки времиња запомнете дека и од нив може да се научат важни животни лекции. Колку порано ги сфатите овие нешта, толку поубаво!rnrnrnrn1. Учиме дека понекогаш можеме да се обидеме некому нешто да објасниме, но луѓето ќе го сфатат тоа дури кога истото ќе им се случи ним.rnrn2. Почнувате да сфаќате дека на крајот само вие можете да си помогнете себеси и почнувате активно да ги решавате проблемите.rnrn3. Полесно е да не разговарате за некои работи бидејќи потсвесно почнувате да очекувате дека тие ќе се случат и ќе се разочарате ако не се случи тоа што сте мислеле дека ќе се случи.rnrn4. Сфаќате кој се грижи за вас, а кој глуми. Во тешките времиња се препознаваат вистинските пријатели.rnrn5. Некои ваши најдобри пријатели не ве познаваат вистински туку само еден дел од вас. Со други зборови, ве сакаат кога сте среќни, но не и кога сте тажни.rnrn6. Некои луѓе ги потценуваат вашите проблеми бидејќи не се опасни по живот и поради тоа нема да ве слушаат. Од таквите луѓе бегајте подалеку.rnrn7. Почнувате да барате одговори наместо да барате одобрување и решенија над себе. Тоа значи дека постапувате спрема сопствената проценка.rnrn8. Учите да бидете одговорни за сопствениот живот. Ако нешто згрешите, вие сте сами одговорни и не ги обвинувате другите за својот неуспех. Едноставно учите како да ги водите сопствените битки бидејќи не сите се на ваша страна.rnrn9. На потежок начин учите како да се прифатите себеси. Тешко е кога мислите дека сте сами, а уште потешко е ако мислите дека не сте виновни за тоа. Мислите дека сте лоши како пријатели, но на крајот учите дека некои работи не треба да ги сфаќате лично и сте силни додека сте сами.rnrn10. Учите да се носите со осаменоста. Ги прифаќате своите мисли, збунетоста и стравовите. На крајот станувате бестрашни.rnrn11. Почнувате да сфаќате дека секој има некоја улога во вашиот живот, а улогата на некои луѓе не е воопшто важна. Некои се тука само привремено и нема да ви бидат пријатели до крајот на животот.rnrn12. Станувате повнимателни кога се во прашање идните врски. Не сте повеќе доверливи, не верувате лесно на сè. Поставувате граници со оние на коишто вашата добросостојба не им е во интерес.rnrn13. Понекогаш е подобро да не им кажувате на луѓето сè за себе бидејќи никогаш нема да знаете како тоа би можеле да го искористат против вас.rnrn14. Сфаќате дека сами можете да се дигнете после паѓање и дека на никого не мора да се потпрете.rnrn15. Ова е тешка лекција, но и најважна. Можете да преживеете единствено сами бидејќи некои луѓе се тука само за да ве повлечат кон дното.rnrnДознајте и кои се нештата што би било убаво да ги знаевме порано.

  • Знаете ли зошто денес сите носат шарени и различни чорапи?

    Знаете ли зошто денес сите носат шарени и различни чорапи?

    На овој ден, 21-ви март, луѓето облекуваат шарени чорапи со цел да им дадат поддршка на луѓето со Даунов синдром. Оние кои носат различни чорапи покажуваат колку е важно да ја прифатиме разликата помеѓу луѓето. Веројатно се прашувате која е симболиката на шарените и различни чорапи.rnrnЗнаете ли зошто денес сите носат шарени и различни чорапи?rnrnЛуѓето со Даунов синдром се навистина весели и ведри личности, а нивната позитивна енергија ги „заразува“ сите околу нив. Поради ова, не само што се носат различни чорапи, туку се носат и чорапи со навистина весели бои.rnrnДенес е светскиот ден на луѓето со Даунов синдром, а прв пат е обележан во Сингапур во 2006-та година. Причината што е одбран токму овој ден е симболиката на броевите во датумот. Имено, станува збор за генетско нарушување кое е резултат на вишок хромозом кој настанува во моментот на зачнувањето на детето.rnrnФранцускиот генетичар Жером Лежен, во 1959-та година открил за што всушност станува збор. Тој ги проучувал хромозомите и открил дека на 21-виот пар, наместо два, се наоѓаат три хромозоми. Одовде потекнува идејата овој ден да се слави на 21.03 – 21 пар, 3 хромозоми. Името на синдромот потекнува од англискиот доктор Џон Лангдон Даун, кој во 1866-та година за прв пат го опишал ова нарушување. Според некои процени, на секои 650 новородени деца, се раѓа едно со Даунов синдром.rnrnДали и вие ќе го прославите овој ден со различни и шарени чорапи?

  • Угледен норвешки педагог: Училиштето не ги подготвува децата за живот, туку им го убива духот

    Угледен норвешки педагог: Училиштето не ги подготвува децата за живот, туку им го убива духот

    Годи Келер е норвешки педагог кој некогаш работел со деца, а денес почесто со возрасни. За него кажуваат дека не учи, туку инспирира. Тој ги советува наставниците и родителите како да го извлечат најдоброто од нивните деца и како да им помогнат да го развијат нивниот потенцијал, бидејќи секој го има, но кога не го знае, живее живот обележан со неуспех.rnrnУгледен норвешки педагог: Училиштето не ги подготвува децата за живот, туку им го убива духотrn

    „Во Европа речиси 25% од средношколците го напуштаат училиштето. Некои од нив завршуваат и со криминал, дрога… Тоа се најчесто луѓе кои биле натерани да ја изгубат самодовербата, вербата во нивните способности.“

    rn

    Потребна е мотивација

    rn

    „Денешните училишта често не знаат да ги мотивираат децата, туку ги заплашуваат и им кажуваат дека не се доволно добри.“

    rnСпоред него, родителите од сите држави со кои соработувал биле исти.rn

    „Поголема е разликата помеѓу тие луѓе и нивните остарени родители отколку помеѓу денешните родители во Ерменија или Норвешка. Во оваа доба на глобализација насекаде гледам ист вид индивидуализам.“rnrn„Образовниот систем често е неинформиран и кратковид – ги подготвува децата за следниот испит, но не и за животот. Понекогаш така се однесуваат и родителите. Им создаваат притисок на децата да имаат добри оценки, да бидат успешни сега и овде. Но да го подготвите детето за животот не значи да барате од него да биде добро по сите предмети.“

    rn

    Убивање на духот

    rnКелер смета дека педагогијата е уметност на мотивирањето. Тој ги учи возрасните како да ги мотивираат своите деца и да препознаат во што се добри.rn

    „Ако детето не покажува добар успех на тестовите, секој нов тест на училиште за него е стрес, а пораката што ја добива е дека не е доволно паметно и добро. Детето кое често е тестирано и не покажува добри резултати, ја губи самодовербата. Тоа е многу поголем проблем од лошите оценки. Покрај тоа, ако ученикот е немирен и недоволно концентриран често може да добие и некаква дијагноза. Во училиштето нема индивидуален пристап и поединците кои не се вкопуваат се гледаат како отпад.“rnrn„На некои деца тестовите и испитите имаат одлично влијание, но на многу не. Ги имам прашано професорите на колку деца лошата оценка им буди поттик. Лошите оценки се демотивирачки.“rnrn„Ако лошата оцена може да го мотивира детето, тогаш има смисла. Но ако забележите дека му ја уништува самодовербата, мора да најдете друг начин. Најдете му ги силните страни и размислете како можете да го поттикнете да се развива во некоја област.“

    rn

    Поддршка од родителите

    rn

    „Најлошо е кога детето ќе добие лоша оценка и порака дека не е добро, а таква атмосфера го чека и дома. Децата кои биле лоши ученици но станале успешни луѓе, доаѓаат од родители што ги поддржувале и ги учеле да веруваат во себе. Родителите имаат големо влијание на стекнувањето на самодовербата и тоа е нивна задача.“

    rnПогледнете на кои начини училиштето ги прави децата глупави и депресивни.

  • 6 докази дека мајките ни се најголемата поддршка во животот

    6 докази дека мајките ни се најголемата поддршка во животот

    Мајките заземаат важно место во сите наши срца. Без разлика на тоа колку години имаме, дали сме во брак или не, и дали имаме деца или не, мајките секогаш се карпата во нашиот живот – оние на кои можеме да се потпреме во секое време. Тие се нашата емоционална поддршка, а тоа може лесно да се забележи и според начинот на кој сè помалку боли кога сме во нивната прегратка. Сигурни сме дека веќе ги знаете овие нешта, но сепак решивме да ги издвоиме за да им покажеме и на самите мајки дека тие се секогаш во нашите мисли!rnrnrn

    1. Таа ве потсетува дека мажот со кој сте раскинале не е вреден за вашите солзи

    rnСо една прегратка и сочувствителен поглед, мајките се оние што нè охрабруваат да продолжиме понатаму по распадна љубов. Тие успеваат да ги кажат вистинските зборови што лесно ни помагаат да најдеме утеха.rn

    2. Скока кога ви треба помош

    rnБез разлика дали станува збор за топла шолја чај кога сте болни, разговор покрај кафе кога ви треба соговорник или чување дете кога сте на неочекуван службен пат – мајките се секогаш тука за нас!rn

    3. Ве предупредува кога претерувате

    rnПремногу алкохол, пресилна шминка, облека што лошо стои… Тие секогаш ќе најдат начин како да ви покажат дека сте претерале во нешто. Иако можеби некогаш дури и ќе ве налутат, брзо сфаќате дека тоа го прават за ваше добро.rn

    4. Толерира сè

    rnМожете слободно да ѝ се јавите на вашата мајка во кое било време од денот или ноќта и таа трпеливо ќе ве сослуша. Кога сте покрај неа не треба ни да внимавате дали сте премногу патетични, премногу чувствителни или премногу плачливи. Таа е тука да ве сослуша и утеши онака како што само мајка знае.rn

    5. Не го крие своето вистинско јас

    rnСо годините доаѓа и мудроста и самодовербата. Таа е пример за ова! Како што поминува времето така таа е поотворена кон вас, секогаш покажувајќи се себеси во вистинското светло. На овој начин секојдневно ви покажува колку е важно и вие да бидете вистинските вие.rn

    6. Ве потсетува дека вредите и дека треба да ги следите соништата

    rnПостојано ве потсетува дека никогаш не сте престари за ништо, и дека никогаш не треба да престанете да се борите за своите соништа. А ако забележува дека се откажувате од нешто што навистина ви е важно, таа ќе најде начин како да ве врати назад на вистинскиот пат, дури и без да забележите!rnrnПрочитајте ги и овие 30 знаци дека вашата мајка е најважната личност во вашиот живот!

  • 15 нешта што ќе ги научите кога ќе нема на кого да се потпрете

    15 нешта што ќе ги научите кога ќе нема на кого да се потпрете

    Секој очекува најдобрите пријатели да му излезат во пресрет кога се соочува со тежок период. Но за жал не секогаш ќе имате на кого да се потпрете во овие ситуации. Сепак, тоа не е толку лошо бидејќи ќе научите некои многу важни нешта. Погледнете за кои станува збор.rnrn15 нешта што ќе ги научите кога ќе нема на кого да се потпретеrnrn1. Ќе сфатите дека понекогаш можете да се обидувате да им објасните нешто на другите, но тие ќе го сфатат тоа дури кога и нив ќе им се случи истото.rnrn2. Ќе почнете да сфаќате дека на крајот само вие можете да си помогнете и дури тогаш ќе почнете активно да ги решавате проблемите.rnrn3. Полесно ви е кога не разговарате за некои работи бидејќи потсвесно почнувате да ги очекувате, а потоа се разочарувате бидејќи не се случиле.rnrn4. Сфаќате на кого навистина му е грижа за вас, а кој глуми. Во тешките моменти се познаваат вистинските пријатели.rnrn5. Ќе сфатите дека некои од вашите најдобри пријатели познаваат само дел од вас. Со други зборови, ве сакаат кога сте среќни, но не и кога сте тажни.rnrn6. Некои луѓе ќе ги намалуваат вашите проблеми бидејќи „не се опасни по живот“. Држете се настрана од тие луѓе.rnrn7. Ќе почнете да барате одговори наместо да барате одобрување и решенија надвор од вас. Ова значи дека ќе работите според вашата проценка.rnrn8. Ќе научите како да бидете одговорни за вашиот живот. Ако нешто погрешите, вие сте виновни и нема да ги обвинувате другите за вашиот неуспех. Едноставно ќе научите како да ги водите вашите битки бидејќи не секој е на ваша страна.rnrn9. На тежок начин ќе научите да се прифатите. Тешко е кога мислите дека сте сами, а уште потешко е да мислите дека не сте криви за тоа. Ќе мислите дека сте лош пријател, но на крај ќе престанете премногу лично да ги сфаќате работите и ќе бидете силни дури и кога сте сами.rnrn10. Ќе научите да се носите со осаменоста. Ќе ги прифатите вашите мисли, стравови и збунетост. На крај ќе бидете непобедливи.rnrn11. Ќе почнете да сфаќате како секој има некоја улога во вашиот живот, а улогата на некои луѓе не е толку важна. Некои се овде само повремено и нема да ви бидат пријатели до крајот на животот.rnrn12. Ќе станете внимателни кога се во прашање идните врски. Веќе не им верувате на сите толку лесно. Ќе си поставите граници за оние кои баш и не ви мислат најдобро.rnrn13. Ќе сфатите дека понекогаш е подобро да не им кажувате на другите сè за вас бидејќи не знаете кој и кога ќе го искористи тоа против вас.rnrn14. Ќе сфатите дека можете и самите да се кренете кога ќе паднете и дека не треба да се потпирате на никого.rnrn15. Ова е најтешката лекција, но и најважната. Можете да преживеете само сами бидејќи многу луѓе ќе сакаат да ве повлечат кон дното.rnrnПогледнете и како да ѝ дадете поддршка на личноста која страда.