КАФЕ ПАУЗА

Tag: поддршка

  • 4 начини да ја спасите вашата сопруга од ужасниот ден

    4 начини да ја спасите вашата сопруга од ужасниот ден

    Таа со сигурност ќе ви биде благодарна. Ако сте како повеќето мажи, тогаш постојат моменти кога сакате вашата сопруга да доаѓа со упатство за употреба. Вие сигурно сте супер партнери кои навистина сакаат да им помогнат на своите сакани кога имаат лош ден. Сигурно сте се обиделе и да ги решите нивните проблеми, па дури и да го одвлечете нивното внимание од нив. Но, наместо да бидат благодарни, се чини дека вашите напори само ја влошуваат ситуацијата.rnrn4 начини да ја спасите вашата жена од ужасниот денrnrnПрво мора да знаете дека нејзиниот лош ден не е поврзан со вас. Па оттука нема причина за фрустрации откако таа нема да се почувствува подобро и покрај вашите напори. Вашата сопруга ќе се врати во нормала многу скоро, дури и поскоро отколку што мислите ако ѝ понудите вистинска поддршка и љубов. Еве четири едноставни начини како лесно да го подобрите нејзиното расположение.rn

    1. Прашајте ја дали сака да зборува за тоа што ја мачи

    rn4 начини да ја спасите вашата жена од ужасниот денrnrnАко сака, сослушајте ја, соживејте се со неа и во никој случај не обидувајте се да ја решите ситуацијата, освен ако таа не го побара тоа од вас. Па дури и тогаш само внимателно понудете предлози кои можат да ѝ помогнат.rn

    2. Прашајте ја дали сака да биде сама

    rn4 начини да ја спасите вашата жена од ужасниот денrnrnПонекогаш жените сакаат пауза од сѐ. Тоа значи дека можеби сакаат само да легнат во када со топла вода, да одат на масажа или педикир, да вежбаат или едноставно да бидат оставени на мира. Но тоа не значи дека мажите треба веднаш да ја напуштат куќата (освен ако таа не го побара тоа од вас). Тоа значи дека вие треба да се погрижите за нејзините обврски со цел да ѝ олесните, како и да се фокусирате околу децата, вечерата или кучето. Сѐ што требало таа да направи, направете го вие самите со цел да ѝ дозволите простор за себе.rn

    3. Прегрнете ја

    rn4 начини да ја спасите вашата жена од ужасниот денrnrnНежноста и поддршката можат да помогнат многу при смирувањето на нејзините кревки нерви. Немојте да се изненадите ако најпрво е крута и ве одбива, а потоа едноставно почне да плаче. Набрзо таа ќе омекне во вашата прегратка. Само продолжете да ја држите нежно сè додека таа не се повлече.rn

    4. Прашајте ја дали може некако да помогнете

    rn4 начини да ја спасите вашата жена од ужасниот денrnrnАко искрено го поставите ова прашање, големи се шансите дека ќе добиете вистински одговор. Но, без разлика на тоа што ќе ви го каже, направете сѐ за да ја поддржите. Не грижете се ако ги одбива сите ваши понуди првите неколку пати кога се обидувате да ѝ помогнете после лошиот ден. Само бидете сигурни и дајте ѝ до знаење дека сте тука за неа. Кога ќе се навикне на фактот дека вие секогаш сте тука да помогнете, таа ќе се потпре на вас и ќе може да ја искористи вашата сила за да го надмине лошиот ден. Вие ќе се чувствувате подобро знаејќи дека ѝ помагате, а таа ќе се чувствува подобро бидејќи ќе знае дека навистина се грижите за неа и ја разбирате.

  • 5 работи кои само најдобрите пријатели можат да ги направат за нас

    5 работи кои само најдобрите пријатели можат да ги направат за нас

    Пријателството е магична работа. Станува збор за личност која е постојано до вас, за добро и за лошо, со која можете да бидете најлуди и најоткачени и која ќе ве сака и покрај тоа. Пријателите се луѓе без кои не можеме и како такви тие имаат невидено влијание врз нас и нашиот живот. Кажувајќи им ја секоја тајна, секоја болка и секоја радост, тие понекогаш нè познаваат и подобро одошто ние самите се познаваме себеси.rnrn(1)-5-raboti-koi-samo-najdobrite-prijateli-mozhat-da-gi-napravat-za-nas-kafepauza.mkrnrnНо, што кога и науката ќе потврди дека пријателите имаат огромно влијание врз квалитетот на нашиот живот? Едно истражување спроведено на 8 милиони повици направени од страна на 2 милиони луѓе во текот на 1 година покажало дека главната причина за траењето на врските е рамнотежата – враќање на повикот кога некој ќе ви се јави и одвојување време за оние кои ви значат. Инвестирањето во пријателството е главен знак за тоа колку истото ќе трае. Како што и самите учесници во истражувањето се изјасниле, најважната функција на пријателството според нив е тоа што имаат некој покрај себе, некој кој е тука и поради чие присуство тие се чувствуваат убаво.rnrnНо, што навистина значи да имаме вистински пријатели?rn

    1. Пријателите ни го продолжуваат животот

    rnСтудијата која се состои од 148 различни истражувања покажала дека оние луѓе кои имаат здрави пријателски врски имаат и 50% поголеми шанси да живеат долг живот. Земајќи ги во предвид факторите како возраста, полот, здравствената состојба, причината за смрт, како и гледајќи во мал временски период после тоа, резултатите од овие истражувања се покажале како веродостојни во секоја ситуација. Уште повеќе, колку личноста имала поразгранета мрежа пријатели, толку повеќе уживала во придобивките кои доаѓаат со нив.rn

    2. Пријателите нè поддржуваат низ најголемите животни предизвици

    rnРезултатите од повеќе истражувања покажуваат дека пријателите имаат моќ да ни помогнат во совладувањето на најголемите предизвици со кои се соочуваме во животот. Дали играјќи ја улогата на терапевт или, пак, само со држењето на нашата рака тие го намалуваат стресот кој го чувствуваме, ни помагаат да ја расчистиме маглата пред нас и да го видиме позитивното во секоја ситуација.rn

    3. Пријателите нè тераат да бидеме најдобри што можеме

    rnКога најмногу се сомневаме во себеси, кога мислиме дека нема каде понатаму, верувајќи дека не можеме ништо повеќе од тоа што сме, пријателите се оние кои нè поттикнуваат да направиме уште барем еден чекор понатаму. Тие ни ги отвораат очите кон истражување нови работи, созревање и постигнување повеќе од моменталниот максимум за кој сме мислеле дека е толку. Пријателствата нè тераат да ги зграбиме приликите кои се наоѓаат на нашиот пат, да ги рашириме нашите видици и да се оспособиме себеси за повеќе, притоа, како што многу истражувања покажале, да добиеме јасна слика за смислата на животот.rn

    4. Ни помагаат што повеќе да уживаме во животот

    rnПриредувајќи ви го задоволството кое произлегува од пријателството, вашите пријатели несвесно се грижат вие да уживате повеќе во животот. Како една од главните состојки во смесата на задоволството, пријателството ве исполнува, ве теши, ве смее и ве прегрнува, а најмногу ви дава личност со која може да споделувате неверојатни моменти. Со други зборови, пријателите се уживање кое ве прави посреќни.rn

    5. Го штитат нашето ментално здравје

    rnКој било начин и да го одберете, од најбаналното смеење за секојдневни работи, па сè до држењето за рака кога ви е најмногу потребно, факт е дека пријателите се оние кои нè спречуваат целосно да полудиме. Тие го штитат нашето ментално здравје на тој начин што кога и да имаме потреба, тука се да нè ислушаат и расположат, обезбедувајќи ни ја потребната поддршка која ни е неопходна во тие моменти и секогаш обидувајќи се да ја разведрат ситуацијата.

  • 15 моменти кога сте заборавиле да се сакате себеси, но вашата најдобра пријателка не

    15 моменти кога сте заборавиле да се сакате себеси, но вашата најдобра пријателка не

    Кога не се сакате себеси, поминувате толку многу време обидувајќи се да најдете важност и вредност на друг начин, што станувате слаби, несигурни и неспособни да им ја возвратите љубовта на луѓето кои го заслужуваат тоа. Сите сме ги имале тие моменти: кога сме ја изгубиле работата, кога ни се скршило срцето, кога сме повредиле некого. Животот е полн со ситуации кои нѐ тераат да заборавиме да се цениме и почитуваме себеси. Но, има една личност која ќе ве сака и покрај сѐ: вашата најдобра пријателка. Таа ќе остане покрај вас и во најтешките моменти и ќе го гледа вашиот потенцијал дури и кога вие ќе заборавите дека го имате. Ова се 15-те моменти кога таа ве потсетила да се сакате себеси.rnrn15 моменти кога сте заборавиле да се сакате себеси, но вашата најдобра пријателка неrnrn1. Кога сте ја изгубиле работата и кога ви помогнала да откриете каде всушност лежи вашата вистинска страст и интерес.rnrn2. Кога не сте биле во врска со момчето кое ви се допаѓало и кога таа ве потсетила дека не вреди да го трошите вашето драгоцено време на него.rnrn3. Кога сте испиле малку повеќе, а таа ве потсетила на 84-те личности од синоќа кои биле во полоша состојба од вашата.rnrn4. Кога сте го замениле тоа што го сакате за тоа што мислите дека е кул, а таа ве потсетила кои сте без да ве суди за тоа кои сте постанале.rnrn5. Кога сте аплицирале на факултетот од вашите соништа и не ве прифатиле, а таа ви докажала дека не е крај на светот.rnrn6. Кога сте запреле да го сакате вашето тело и да си ја давате самопочитта која ја заслужувате, а таа ви донела сладолед и ве потсетила дека сте една од најубавите девојки кои ги познава.rnrn7. Кога сте ставиле протези на 19 години и кога таа сепак продолжила да се фотографира со вас.rnrn8. Кога не сте успеале да влезете во популарниот круг на пријатели, а таа ве потсетила дека сте двојно подобри и поинтересни од сите личности од групата заедно.rnrn9. Кога сте страдале од најлошиот ПМС досега и кога ви донела 2 тона чоколадо и вино и ве слушала како ја колнете целата човечка раса.rnrn10. Кога сте направиле грешка и вината ве уништувала, а таа ве потсетила дека сте само човек и дека луѓето понекогаш грешат.rnrn11. Кога сѐ уште сте живееле дома дури и откако сте дипломирале, а таа ве потсетила на сите пари кои сте ги заштедиле на кирија и стресот кој никогаш не сте го почувствувале од делење простор со лоши цимери.rnrn12. Кога сте му се вратиле на момчето за кое сте знаеле дека не ве заслужува и таа ви дозволила да се жалите колку што ви е потребно, паралелно држејќи се до својот став дека тој за неа непотребно го троши воздухот.rnrn13. Кога сте дозволиле некој друг да ве дефинира кои сте и кога таа ви дала време одново да се откриете.rnrn14. Кога вашиот шеф направил да се чувствувате мали, а таа ве потсетила колку сте всушност силни.rnrn15. Кога се чувствувате сами и кога ќе се сетите дека тоа не е можно бидејќи имате најдобра пријателка како неа.

  • Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаат

    Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаат

    Живеењето со ментална болест е често искуство кое води кон изолирање, без разлика на фактот што стотици милиони ширум светот секојдневно се соочуваат со истите проблеми. Осаменоста е најчесто резултат од познатите стигми кои ги следат болестите како депресијата, анксиозноста и биполарното нарушување. Може да биде тешко да се зборува за симптомите на менталната болест, дури и со доктор, но токму тоа е патот кон исцелување. За среќа овие познати ѕвезди искрено зборуваат за своите психолошки проблеми со цел да ги намалат стигмите и да ви покажат дека не сте сами.rn

    1. Адам Левин, синдром на дефицит на вниманието и хиперактивност

    rn(1) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаатrn

    „Кога прв пат ми дијагностицираа синдром на дефицит на вниманието и хиперактивност, тоа не беше големо изненадување бидејќи имав потешкотии при фокусирањето во средно училиште. Исто така мислам дека и ден-денес луѓето секојдневно го забележуваат овој синдром кај мене. Кога не можам да обрнам внимание, навистина не можам да обрнам внимание.“

    rn

    2. Леонардо Дикаприо, опсесивно-компулсивно нарушување

    rn(2) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаатrn

    „Се сеќавам кога моите мејкап артистка и асистентка одеа покрај мене кон сетот и велеа, ‘Ох Боже, ќе ни требаат 10 минути да го одведеме таму бидејќи тој мора да оди наназад и да згазне на она нешто, да ја допре вратата, да влезе и повторно да излезе.’“

    rn

    3. Хајден Панетиер, постнатална депресија

    rn(3) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаатrnrn

    Постојат многу недоразбирања – има луѓе кои сметаат дека тоа не е вистинско, дека не постои, дека нешто е измислено во нивните умови или пак, дека хормоните се виновни. Па, го отфрлаат. Но, тоа е нешто што не може да се контролира. Навистина е болно и навистина е страшно и на жените им е потребна голема поддршка.“

    rn

    4. Деми Ловато, биполарно нарушување вид 2

    rn(4) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаатrn

    „Се сеќавам дека седев со мојот менаџер и моето семејство и разговаравме за тоа дали јавно да ги споделам проблемите со кои се соочувам. Знаев дека постојат две можности: или немаше да зборувам за мојата рехабилитација и ќе се надевав дека сè ќе исчезне или ќе зборував за неа и ќе инспирирав многу луѓе да побараат помош за нивните проблеми, па токму тоа и го направив.“

    rn

    5. Вил Витон, депресија и генерализирано нарушување на анксиозноста

    rn(5) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаатrnrn

    „Вие не сте единствената личност на овој свет која има анксиозност. Вие не сте единствената личност на овој свет која има депресија. Вие не сте единствената личност на овој свет која има мисли за самоповредување. Постојат луѓе кои сакаат да ви помогнат. Постојат луѓе кој го поминале целиот свој живот помагајќи им на луѓето како мене и тебе и сите останати кои ги гледате во ова видео. И вие не сте сами. Вие сте ОК.“

    rn

    6. Оливија Мун, анксиозност и трихотиломанија

    rn(6) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаатrnrn

    „Не ги гризам моите нокти, но ги откорнувам трепките. Тоа не боли, но е навистина иритирачко. Секој пат кога ќе излезам од куќата мора да застанам некаде и да купам цел сет вештачки трепки.“

    rn

    7. Британи Сноу, депресија, телесна дисморфофобија и нарушување во исхраната

    rn(10) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаатrnrn

    „Кога имав 19 години конечно отидов во болница за депресија и самоповредување. Не бев личноста која сакав да бидам и знаев дека нешто не е во ред. Терапевтот ме дијагностицираше со анорексија, булимија со вежбање (наместо повраќање, јас поминував многу часови во теретана), депресија и телесна дисморфофобија.“

    rn

    8. Џеред Падалеки, депресија

    rn(7) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаатrnrn

    „Дијагнозата за депресија ме удри како торба со цигли. Мислам, имав 25 години. Имав сопствена ТВ серија. Имав кучиња кои ги сакав и тон пријатели, додека истовремено добивав восхит од фанови и бев среќен со мојата работа. Но, нешто немаше смисла и не можев да сфатам што. Депресијата не ги напаѓа само оние кои не можат да најдат работа или не можат да се вклопат во општеството.“

    rn

    9. Кетрин Зета Џонс, биполарно нарушување вид 2

    rn(8) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаатrn

    „Никогаш не сакав да бидам толку отворена за тоа како што бев. Имам британски менталитет, тоа не беше нешто за кое сакав да викам од кров. Но, кога се расчу, знаев дека не бев единствената личност која страда од тоа или единствената која мора секојдневно да се соочува со тоа. Па, ако помогнав на кого било со разговорите за билполарното нарушување или депресија, тоа е одлично.“

    rn

    10. Дејвид Бекам, опсесивно-компулсивно нарушување

    rn(9) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаатrnrn

    „Ќе влезам во хотелска соба. За да можам да се опуштам, мора да ги наредам сите памфлети и книги во фиока. Сè мора да биде совршено.“

  • 13 причини зошто треба да го цените вашето меко стомаче

    13 причини зошто треба да го цените вашето меко стомаче

    Ако ги погледнете насловните на списанијата, сигурно во поголемиот дел од нив ќе забележите дека има совети со чија помош можете да го намалите и зацврстите вашиот стомак. Исто така, сите модели на нивните страници се со извајано тело и совршено затегнат стомак. Но, во реалноста не постои Фотошоп кој може да го израмни нашиот стомак и да ги отстрани дури и најмалите несовршености од него. Токму затоа и треба да научите како да го сакате своето тело, во целост, вклучувајќи го и вашето меко стомаче. Еве зошто…rnrn13 причини зошто треба да го цените вашето меко стомачеrnrn1. Тоа го држи вашиот лаптоп додека гледате ТВ серии. Со едната рака стискате на следната епизода, додека пак, со другата јадете чипс.rnrn2. Тоа ви докажува дека доволно сте јаделе. Ако не си легнувате во кревет гладни, тогаш сте посреќни од повеќето луѓе на овој свет.rnrn3. Исто така ви кажува и кога сте гладни. Специфичниот звук кој излегува од него кога сте гладни може да ве разбуди дури и од најдлабокиот сон и да ве натера да го отворите фрижидерот.rnrn4. Доколку немате голем задник, вашиот стомак помага да не ви паѓаат фармерките со висок струк. Зарем има нешто полошо од задник кој надзира над свлечените фармерки?rnrn5. Имате место каде да го носите вашето бебе, еден ден во иднината. Бебето можеби ви изгледа како лош избор во моментов, но со тек на време ќе бидете благодарни на малото човече што ќе расте во вашиот стомак.rnrn6. Тоа служи како поддршка за корпата со алишта која треба да ја качите по скали. Вие едноставно треба да искористите сè што ви излегува во пресрет.rnrn7. Исто ви помага и со носењето кеси од маркет. Вашите раце не можат сами да носат млеко, портокали, замрзнато овошје и две кутии колачиња!rnrn8. Вие сте жена и стомакот ви овозможува да имате облини. Облините се одлични, без разлика дали се кај вашите гради, колкови или стомак.rnrn9. Тоа може да биде причина да почнете со вежбање. Бидејќи понекогаш будењето во 6 часот наутро за да трчате пред работа не е најлесното нешто на светот без мотив.rnrn10. Ве одржува приземјени. Вашето тело не е совршено и никогаш нема да може да изгледа како моделите на насловните од списанијата. Токму тоа и ви го покажува вашиот стомак.rnrn11. Никогаш, или пак, многу ретко, имате проблем со облека која ви е преширока кај струкот. Сметајте се за среќна жена.rnrn12. Вие сте малку помеки, па затоа и сте подобри за прегратки. Покрај тоа што сте навистина интелигентни, забавни и талентирани, многу е важно да бидете и пријатни за гушкање – ова е еден од најдобрите комплименти кои можете да ги добиете.rnrn13. Но, најважно од сè, тоа е дел од вас. Вие треба да се сакате себеси.

  • Цртаните на Дизни имаат голема лекција за вас: Ова е вистинско пријателство!

    Цртаните на Дизни имаат голема лекција за вас: Ова е вистинско пријателство!

    Можеби мислевте дека Дизниевите цртани филмови се обични содржини за деца, но верувајте дека грешите. Тие во себе содржат важни лекции за пријателството, љубовта, грижата… Во секој од нив има скриена порака која треба да ја разбереме и да ја практикуваме. Внимателно погледнете што велат цртаните на Дизни за пријателството и какви лекции тие споделуваат со вас.rnrn1-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    1. Вистинските пријатели чекорат со вас низ животот.

    rn2-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    2. Тие ве подигаат кога ќе паднете.

    rn3-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    3. И ги чуваат вашите тајни.

    rn4-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    4. Но, исто така ви помагаат да го намалите озборувањето.

    rn5-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    5. Тие се секогаш тука да ве држат за рака.

    rn6-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    6. Тие нема да ве осудуваат ако одвреме-навреме им се препуштате на задоволствата.

    rn7-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    7. Тие ве поддржуваат кога ви е најпотребно.

    rn8-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    8. Но, ве опоменуваат кога грешите.

    rn9-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    9. Тие се поврзани со вас на повисоко ниво – понекогаш не се потребни зборови.

    rn10-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    10. Кога ви треба утеха, тие знаат точно што треба да ви кажат.

    rn11-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

  • 7 моќни начини на кои можете да ги поддржувате децата хомосексуалци

    7 моќни начини на кои можете да ги поддржувате децата хомосексуалци

    Како и сите други деца, така и на хомосексуалните им е потребно да се чувствуваат сакано, прифатено и ценето. Тие се нашиот најголем подарок и не треба да бидат гледани на кој било друг начин. Токму затоа погледнете ги следниве моќни начини на кои можете да им помогнете на хомосексуалните деца да бидат оние кои навистина се…rnrn7 моќни начини на кои можете да ги поддржувате децата хомосексуалциrn

    1. Помогнете им да сфатат дека се нормални

    rnМал број хомосексуални мажи и жени ја признале вистината за себе со голема самодоверба. Тинејџерите во старт се чувствуваат како да не припаѓаат никаде и како никој никогаш да не ги сфаќа, па токму затоа хомосексуалноста само дополнително влијае врз нивното чувство дека не се доволно добри.rn

    2. Внимавајте што зборувате во нивно присуство

    rnДури и најголемите поддржатели на хомосексуални деца можат понекогаш да кажат нешто што е многу навредливо за нив, а со тоа и да предизвикаат тие да се повлечат подлабоко во себе. Едноставните изјави како „Тоа изгледа многу женствено“ или пак, „Не биди плачко“ може многу посилно да влијае врз нив отколку што влијае врз останатите деца.rn

    3. Поддржувајте ги без услови

    rnСекој родител треба да го поддржува своето дете, без разлика на неговата сексуална ориентираност. Но, кога станува збор за хомосексуалните деца, вие треба повеќе да ги слушате што ви зборуваат отколку да им давате брзи и непромислени совети. Како и останатите деца, така и тие се многу чувствителни, дури и кога ви делуваат силно на зборови.rn

    4. Информирајте се

    rnЕдно од најтешките места за хомосексуалните деца е училиштето. Тие постојано се мета на физичко и психичко малтретирање од останатите деца. Па, наместо да ги читате насловите во весници за овие негативни настани, зошто да не почнете да правите нови наслови, позитивни? Информирајте се колку што е можно повеќе за животот на овие деца и обидете се да направите некаква промена. Колку повеќе знаете, толку повеќе тие ќе знаат дека се грижите.rn

    5. Не правете никакви претпоставки

    rnНаместо постојано да се запрашувате дали се или не се хомосексуалци, едноставно создадете безбеден простор околу вас и вашите деца каде што ќе ги уверите дека нема да постојат никакви претпоставки, критики или осуди. Покажете им дека тие се вашиот најголем подарок, без разлика на сè. Кога тие ќе бидат подготвени за разговор, веднаш ќе ве побараат.rn

    6. Бидете емпатични и дајте им до знаење дека ги сфаќате

    rnСите ние сакаме да бидете сфатени. Кај хомосексуалните деца оваа желба е помножена со 10. Без разлика дали искрено ќе ви признаат или ќе ви праќаат индиректни знаци, вашиот најдобар пристап е доколку сте емпатични, ги признавате нивните чувства и им давате до знаење дека се сфатени. Исто така можете да ги утешите така што ќе им кажете дека не се единствените во овој свет, со цел тие да се чувствуваат помалку осамено. Целта е да станете нивниот сојузник и најголемиот извор на поддршка.rn

    7. Не ги лажете дека е сè во ред доколку не се чувствувате така

    rnАко сè уште не сте сигурни што мислите за хомосексуалноста, тогаш бидете искрени со вашето хомосексуално дете за тоа, но истовремено и дајте му до знаење дека се обидувате да си ги средите вашите чувства. Хомосексуалните деца имаат силен одбранбен став, па дури и најмалиот сигнал дека ги лажете може да доведе до целосно нивно повлекување во себе. Децата на овие години сè уште не се способни целосно да објаснат кои се и зошто се чувствуваат онака како што се чувствуваат, па токму затоа целта на возрасните е гордо и одговорно да ги водат низ процесот, без разлика на нивната сексуалната ориентација. На овој начин, тие ќе израснат во автентични личности, правејќи го светот подобро место за сите.

  • 10 типови луѓе кои токсично влијаат на вас и вашиот живот

    10 типови луѓе кои токсично влијаат на вас и вашиот живот

    Човекот е социјално суштество кое не може да опстане без пријателите. Социјализацијата и создавањето на нови пријатели како и на одреден круг од пријатели се есенцијален дел од животот на човекот. Но, не треба да бидеме пријатели со секого. Многу е важно внимателно да ги одбираме луѓето со кои се дружиме и уште поважно, како им дозволуваме да се однесуваат со нас.rnrn0-10-tipa-lugje-koi-toksicno-vlijaat-na-vas-i-vasiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    1. Сакаат да им го посветите целото слободно време

    rnМожеби на почеток е слатко да ги поминувате сите моменти заедно, но да го трошат целото ваше слободно време е претерано. На секого му е потребно малку време сами или околу други луѓе. Ако ваквите луѓе не сакаат да отстапат од ова, тогаш имате проблем од кој треба брзо да се ослободите.rn

    2. Даваат злонамерни комплименти

    rnТоа се таков тип луѓе кои преку комплимент сакаат да ви кажат дека нешто не е во ред со вас. Звучи како комплимент, но не се чувствувате така? Тргнете се од нив. Вие заслужувате вистински и искрени комплименти.rn

    3. Постојано се жалат

    rnЛуѓето кои постојано се жалат и никако не придонесуваат во вашиот живот се луѓе кои дефинитивно не ви се потребни во животот. Тие ниту влијаат позитивно на вас, ниту имате некаква корист од нивното однесување. Но, ако веќе ако им дозволувате да ви се жалат, тогаш бидете сигурни дека тие преземаат нешто околу тоа и не остануваат само на зборови.rnrn1-10-tipa-lugje-koi-toksicno-vlijaat-na-vas-i-vasiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    4. Очекуваат да правите компромис за сѐ

    rnТочно е дека некогаш треба да правите компромис и да се откажете од вашите барања, но тоа не треба да го правите секогаш. Не сте должни да се откажувате од сето она што го сакате. Компромис треба да постои од двете страни. Ако само едната страна секогаш се откажува од она што го сака, тогаш сигурно ќе настанат проблеми, порано или подоцна.rn

    5. Постојано наоѓаат причина за карање

    rnНа повеќето луѓе не им е пријатно да бидат во околина каде што постојано има негативна енергија и расправии. Па така и вие не сте должни да трпите нечии караници. Заслужувате средина која зрачи со позитивност и оптимизам.rnrn2-10-tipa-lugje-koi-toksicno-vlijaat-na-vas-i-vasiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    6. Не веруваат во вас

    rnАко луѓето околу вас не веруваат во вашите идеали и соништа, тогаш мала е веројатноста дека ќе успеете да ги постигнете зацртаните цели. На секого му е потребна поддршка и разбирање. Не смеете да си го скратувате ова право.rn

    7. Постојано се навраќаат на минатото

    rnНема ништо добро во спомнувањето на минатото и неговите грешки. Вие живеете во сегашноста и се стремите кон иднината. Но, тоа станува многу потешко ако некој постојано ве навраќа назад.rn

    8. Секогаш наоѓаат маани

    rnБез разлика што и да направите никако не можете да ги усреќите. Свестете се. Време е да престанете да ги задоволувате туѓите потреби и да размислите за вашите. Луѓето кои вредат да се најдат во вашата близина секогаш ќе ви даваат поддршка и љубов. Не смеете да се чувствувате како да сте бескорисни. Не го дозволувајте ова.rnrn3-10-tipa-lugje-koi-toksicno-vlijaat-na-vas-i-vasiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    9. Ги омаловажуваат вашите соништа

    rnПотребен ви е оптимизам и поддршка, а од ваквите луѓе тоа никогаш нема да го добиете. Опкружете се со луѓе кои веруваат во вас и во вашите квалитети. Така најлесно ќе успеете во она што сте го зацртале.rn

    10. Не опростуваат

    rnЛуѓето кои се злопамтила и силно се држат за вашите грешки од минатото се луѓе кои дефинитивно не треба да останат во вашиот живот. Сите правиме грешки и човечки е да простуваме, но овие луѓе никогаш нема да го направат тоа. Затоа, трудот да ги промените е залуден. Продолжете понатака без нив во вашиот живот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да кажете „те сакам“ без навистина да ги изговорите овие зборови?

    Како да кажете „те сакам“ без навистина да ги изговорите овие зборови?

    Да се изговори „те сакам“ е многу тешко. Не секој може да ги каже тие зборови со значење. Но, има начини како да ги кажете без навистина да ги изговорите. А некогаш делата зборуваат многу погласно од зборовите…rnrn0-kako-da-kazete-te-sakam-bez-vsusnot-da-go-recete-kafepauza.mkrn

    1. Станете најдобри пријатели

    rnАко сакате да покажете љубов кон некого, прво станете нивни пријател. Тоа подразбира разбирање, поддршка и сеприсутност во нивниот живот. Да се биде пријател со некого значи дека ако ви се јави во четири наутро бидејќи не може да се справи со некој проблем, вие ќе помогнете. Ако го споделувате вашето време и енергија, тогаш таа личност ќе сфати дека навистина ви значи.rn

    2. Прифатете ги сосе сите маани

    rnКога мислите дека сте заљубени во некој, не избрзувајте со „те сакам“, но сепак покажувајте ги вашите емоции. Треба да набљудувате како таа личност поминува низ стресните ситуации и да видите како ќе се справи со нив. Лесно е да мислиме дека сечиј живот освен нашиот е розов, но тоа се само слатки лаги со кои се залажуваме. За да познавате некого и за да го сакате онаков каков што е треба да видите како се справува со предизвиците кои животот му ги доделува. Љубов е кога ги прифаќаме мааните на другиот, а ова не смее да биде исклучок.rn

    3. Покажете дека се грижите да бидат среќни

    rnПоддржувајте ги нивните цели. Помогнете им да ги согледаат нивните силни страни и да се доближат кон остварувањето на нивните соништа. Не ги обесхрабрувајте или исмејувајте поради нешто што сакаат да го прават. Вие треба да сте нивни најголем поддржувач и наместо да им одмогнувате, вие треба да ги поттикнете да останат фокусирани на целта. Кога се чувствуваат дека ја имаат вашата поддршка, тогаш ќе знаат дека се грижите за нив.rnrn1-kako-da-kazete-te-sakam-bez-vsusnot-da-go-recete-kafepauza.mkrn

    4. Бидете тука кога поддршката им е потребна

    rnЉубовта се искажува со самото тоа што сте тука кога им сте потребни. Бдеете над нивните кревети кога се болни, кога тагуваат или кога едноставно им е потребен некој за разговор. Ако не сте тука кога сте им потребни тие нема да ви веруваат дека ги сакате. За да постои љубов мора да се поврзете со нив. А искреноста се чувствува во гласот и во начинот на кој ги кажувате нештата. Нема потреба да кажете „те сакам“ кога тоа веќе го покажувате.rn

    5. Не им судете кога ќе згрешат

    rnСите носиме лоши одлуки во една или во друга доба од животот. Ако сте нивни пријател и личноста ви значи, вие нема да им судите кога ќе згрешат. Наместо тоа, ќе им помогнете да најдат солуции на нивните проблеми. Сите понекогаш грешиме, потфрлуваме, доживуваме пораз. Оној кој знаеме дека нè сака ќе ни помогне потсетувајќи нè дека сите сме само луѓе.rn

    6. Тргнете ги маските

    rnОсвен што треба да бидете искрени, исто така треба и искрено да се однесувате и да се отворите кон нив. Бидете оние кои што сте – понекогаш несредени, понекогаш хаотични во мислите. Едноставно оставете да ве запознаат онакви какви што навистина сте. Кога покажувате дека немате што да скриете, друга личност едноставно ја чувствува вашата љубов.rnrn2-kako-da-kazete-te-sakam-bez-vsusnot-da-go-recete-kafepauza.mkrn

    7. Бидете целосно искрени со нив

    rnКога сте ранливи и отворени со нив, тие сигурно ќе ја почувствуваат вашата љубов. Кога се чувствувате дека можете целосно да се отворите, вклучувајќи ги и вашите „неславни моменти“ тогаш тие ќе се заинтересираат за вас, кои сте и што сте научиле попатно. Можеби и вие ќе научите нешто ново што не сте го знаеле за себе.rn

    8. Дружете се со нивните пријатели

    rnАко сакате да ги запознаете луѓето, најдобро ќе научите за нив преку нивните пријатели. Ако ги мразите луѓето со кои се дружат, голема е веројатноста и нив да ги замразите по одреден временски период. Пријателите се одраз на нашиот карактер. Не залудно се вели со кој си – таков си. Штом покажете дека ги почитувате и се отворите пред нив – тоа е јасно „те сакам“ за кое не се потребни зборови.rn

    9. Покажете интерес за нивното семејство

    rnКако и пријателите, така и семејството претставува важен фактор во животот на саканата личност. Кога ќе го запознаете нивното семејство ќе разберете многу за врските кои тие ги имаат меѓусебно. А со самото покажување интерес да бидете дел од тие врски – вие изразувате љубов.rnrn3-kako-da-kazete-te-sakam-bez-vsusnot-da-go-recete-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 нешта што треба да ги запаметите ако сте покрај анксиозна личност

    7 нешта што треба да ги запаметите ако сте покрај анксиозна личност

    Луѓето кои чувствуваат анксиозност постојано живеат во страв. Нивниот живот се сведува само на исчекување на лошото. Анксиозноста е тешка и сериозна болест која многу често се потценува, а на личностите кои ја чувствуваат не им е укажана потребната љубов.rnrnНо, таа им паѓа тешко и на оние кои ја немаат, а се блиски на оној кој што ја има. Тешко е да се избориме со ваков предизвик. Постојано искушение, болка и тага, психички и физички цедејќи ја целата енергија од нас. Анксиозноста не е штетна само по здравјето на оној кој ја искусува, туку и на оние кои му се блиски. Затоа запомнете ги овие 13 нешта кога ќе сакате да се откажете од нив.rnrn1-7-nesta-koi-treba-da-gi-zapamtite-koga-ste-pokraj-anksiozna-licnost-kafepauza.mkrn

    1. Тие се многу повеќе од нивната анксиозност

    rnИако ова звучи многу секојдневно и нормално, сепак луѓето имаат тенденција да судат според еден атрибут на личноста. Менталните проблеми честопати ни го помрачуваат видикот. Затоа потсетете ги дека ги сакате и цените со сите нивни маани и компликации кои ги носат. Бидејќи сите сме луѓе и сите имаме маани.rn

    2. Лесно се заморуваат

    rnАнксиозноста е заморна. Постојано на штрек, живеејќи со постојан страв и ретка смиреност, анксиозноста ги предизвикува луѓето да бидат хипертензични. Оние ситуации кои за обичниот човек се нормални проблеми, за луѓето со анксиозност претставуваат планини. Сетете се како ви изгледа денот после стресен ден на работа. Едноставно посакувате да земете одмор и да исчезнете на некое време. Епа тоа им е секојдневие на анксиозните луѓе и тоа е многу заморно. Следниот пат кога ќе ги терате да бидат „попродуктивни“ сетете се на ова.rn

    3. Лесно се кршат

    rnТие се премногу свесни за сето она што се случува околу нив. Секој звук, секое дејствие, секој мирис, секоја светлина, секој предмет и секој човек. За нормалните луѓе сето тоа е во ред, но за некој кој живее на работ, дури и самата идеја на повеќе луѓе во една соба може да им предизвика вртоглавица или губење на здивот.rnrnКога ги терате да излезат, сепак запаметете дека ситуациите и стимулациите во кои уживате, ним можат да им бидат премногу и да ги скршат. Немојте да ги терате да прават нешто што не го сакаат. Особено уверете ги дека можат да си заминат во кое било време.rnrnrn

    4. Тие знаат да ги изразат своите емоции и да комуницираат

    rnНо потребно е вие да слушате. Анксиозноста не значи дека не знаат да комуницираат, туку дека нивната комуникација е отежната. Освен ако имаат напад на паника, тогаш нема никаква комуникација. Тие ќе ви кажат како се чувствуваат, но вие треба да ги слушате. Тие само избираат да не комуницираат, но ако им влеете доволно доверба и покажете разбирање, тогаш тие самите ќе ви се отворат и ќе ви покажат колку се страшни работите во нивната глава. Одвојте време и сослушајте ги.rn

    5. Воопшто не им е потребно прашањето „Дали си добро?“

    rnОсобено не кога паничат. Нивното срце чука забрзано, нивните раце се тресат, грлото им се суши поради адреналинот. Навистина ли мислите дека треба да прашате дали се во ред?! Наместо тоа, обидете се да ги смирите:rn

      rn011

    • „Запомни дека треба да дишеш правилно.“
    • rn011

    • „Запомни дека *Вметни ја техниката која претходно ги смирувала*.“
    • rn011

    • „Дали би ми помогнал/а да ти помогнам на некое потивко/мирно место?“
    • rn011

    • „Тука сум ако ти требам“ (Во овој момент треба да ги оставите сами, освен ако не ве замолат да останете.)
    • rn011

    • „Паничиш, и сам/а знаеш дека не трае долго. И претходно го преброди ова, можеш пак.“
    • rn011

    • 7. Тие го ценат фактот што сте останале покрај нив.
    • rn

    rnВерувајте во ова. Иако тоа не го кажуваат со зборови, па дури и не го покажуваат, длабоко во нив тие тоа го ценат. Тие разбираат дека нивното однесување е нелогично и тие го ценат тоа што сте се откажале од некои активности поради нив. Луѓето кои имаат анксиозност премногу размислуваат. Но, дел од овие размислувања се посветени на луѓето кои се тука за нив. Немојте да мислите дека вашата поддршка останала незабележана.rn

    6. Не се секогаш присутни во реалноста

    rnЛуѓето со анксиозност честопати знаат да се изгубат на сред разговор. Анксиозноста може да биде предизвикана и од најмалите работи, па затоа внимавајте што зборувате. Но, во таквите моменти, обидете се да ги смирите и да ги потсетите каде се. Повратете ги во реалноста и смирете ги. Тие тоа ќе го ценат.rn

    7. Анксиозноста не секогаш се гледа како ограничување

    rnАнксиозноста дава едно поинакво гледиште на светот. Дури таа може да ја подобри личноста. Иако нејзините симптоми се ужасни, особено претераното размислување, анксиозноста може да ги подобри луѓето. Запомнете дека луѓето кои имаат анксиозност се внимателни и перфекционисти токму поради неа. Некои научиле да живеат со тоа и да ја гледаат убавата страна. И вие треба да го направите истото.rnrn3-7-nesta-koi-treba-da-gi-zapamtite-koga-ste-pokraj-anksiozna-licnost-kafepauza.mk