Добрите пријателства се едни од најважните нешта во животот, а наредниве 7 квалитети можат да бидат пронајдени во најдобрите пријатели. Дали сте во романтична врска? Ако да, имајте на ум дека пријателството е основата на секоја врска, па токму затоа овие квалитети укажуваат и на одличен партнер.rnrn
rn
1. Тие се навистина среќни кога работите ви се движат во вистинската насока
rnПостојат многу пријателства кои на прв поглед изгледаат добро, но кои изобилуваат со љубомора, пасивно-агресивни забелешки и ставови како „Ќе згазам врз тебе ако тоа ме одведе повисоко.“ Сите кои ја играат оваа игра не се пријатели, туку манипулатори. Вистинскиот пријател се возбудува (не од љубомора или лутина) од среќа кога ќе ви се случи нешто добро. Добрите пријатели се ваши соиграчи и со срце и душа ги слават вашите успеси. Ова се случува бидејќи тие се сигурни во себе и едноставно немаат потреба да се споредуваат со вас.rn
2. Тука се за вас кога навистина ви требаат
rnВистинските пријатели никогаш нема да ве извисат или да ве остават на цедило. Тие навистина се грижат за вас и токму затоа се подготвени во секој момент да ви помогнат. Добрите пријатели не само што ви велат дека ќе бидат тука кога навистина ви требаат, туку тоа редовно го покажуваат и преку дела.rnrn
rn
3. Тие се искрени, но и ве поддржуваат
rnПријателите се едни од најдобрите надворешни извори на информации за вас. Тие ве познаваат многу добро, но истовремено не се заслепени од емоциите како што тоа се случува во романтичните врски. Ова значи дека тие можат да видат и некои од вашите најгруби страни кои дури ни вие не можете да ги забележите. Доколку ве поддржуваат во сè, без искрено да ви ја воочат ситуацијата која тие сметаат дека лошо влијае врз вас, тие не ја играат добро улогата на пријател. Поддршката не значи слепо согласување со сè што правите, вклучувајќи ги и оние нешта кои ви влијаат штетно. Тој/таа треба да бидат искрени со цел да ви ги отворат очите, а токму оваа поддршка е онаа вистинската.rn
4. Тие го почитуваат вашето време и емоционална енергија
rnТие сметаат дека и вашето време и вашата емоционална енергија се бесценети. Оние пријатели кои не се грижат искрено за вас постојано ќе ве преплавуваат со своите проблеми, дури и во оние моменти кога вие едноставно немате сила да се изборите ни со вашите. Пријателите не треба да меѓусебно да си бидат сунѓери кои ги впиваат сите проблеми. Да се биде добар пријател значи да се има свесност за товарот кој го пренесувате на вашите блиски. Понекогаш, ако не сте сигурни, прво прашајте го вашиот пријател како е, а потоа врз основа на неговиот одговор одлучете дали да го споделите веднаш проблемот со него/неа или пак, да почекате посоодветно време.rnrn
rn
5. Тие комуницираат јасно
rnКако и сите видови врски, така и пријателството бара искреност во комуникацијата. Доколку се појави проблем, разговарајте за него. Доколку нешто не ви се допаѓа во однесувањето на вашиот пријател, искрено кажете му/ѝ го тоа. Не дозволувајте проблемите да се собираат и потоа поради само една ситница да избувнете и да го срушите она што толку време сте го граделе.rn
6. Тие се поврзуваат со вас
rnОсновата на пријателството е поврзаноста со друга личност. Вие имате заеднички интереси, перспективи, поглед кон светот и живеете на исто место. И покрај тоа што овој квалитет можеби изгледа малку површински, тој сепак е многу важен. Вие едноставно не можете да останете долго време во контакт со личност со која не уживате во заедничкото време, а токму тоа може да се случи доколку немате доволно теми за разговарање.rnrn
rn
7. Тие ви веруваат
rnБез довербата, сите пријателства пропаѓаат. Довербата е основната потреба за комуникација, бидејќи доколку не му верувате на вашиот пријател, тогаш која е целта на тоа пријателство?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги сликите кои говорат повеќе отколку илјада зборови.rnrn
rnrnПогледнете го и прекрасното видео кое ќе ве трогне.rnrnrnrn rnrn
rnrnПробајте да изградите мост помеѓу двете страни, да ги поврзете. На пример гледајте на физичкиот тренинг како нешто што ви е неопходно за да успеете во вашата кариера. Кога сте во фит форма, тренирате и живеете здраво, вие водите организиран начин на живот и имате повеќе енергија за исполнување на работните обврски.rnrnКлучно е да не ја оставите вашата одлука да мирува „сама“ туку да ја поврзете со другите цели, вредности и навики кои ги имате во секојдневниот живот.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn

Жените веќе во дваесеттите години имаат добро развиена мрежа на пријателки кои се секогаш спремни да им одржат сеанса и да ги утешат, додека кај машките фали оваа цврста пријателска поддршка за ваквите теми. Во случај на некакви проблеми, мажите често се обраќаат кај својата партнерка за решение, а по прекинот на врската тоа е голем емоционален удар за кој немаат со кого да разговараат, а тоа им задава голем проблем врз нивната самодоверба.rnrnКога ќе дојде до прекин, машките се чувствуваат многу повеќе изолирано, вели истражувачката Мелани Бартли. Пријателите на машкото нема да му пружат ни приближно доволно поддршка, како пријателките на девојката, бидејќи машките се најчесто натпреварувачки настроени. Но и машките се ранливи, исто како и жените кога станува збор за чувствата по прекинот на врската.rnrnБартли објаснува дека во текот на врската жената многу повеќе се дефинира, додека мажите почесто се определуваат за успех во работата. Но, денешните млади генерации, поради неможноста да пронајдат сигурна работа, сè повеќе се посветуваат на емоционалниот дел од животот.rnrnЕдно истражување направено на „University College“ во Лондон, спроведено на над 1.000 парови открило дека машките се под поголем стрес кога врската е нефункционална, но многу повеќе уживаат доколку љубовта им цвета.rnrn
rn
rnrnПотоа разгледувајте ги одделно, група по група. Во првата група одберете една од двете работи кои сте ги навеле. Ако не можете да одберете, затворете ги очите и помислете само на првата работа, исто како втората воопшто да не постои. Замислете дека го работите тоа, дека тоа е вашата професија. Како се чувствувавте, колку ве исполнува? Што би правеле во текот на денот, колку би биле успешни? Потоа размислувајте за истите нешта, само замислете дека ја работите втората работа без првата воопшто да постои. Откако ќе ја одберете работата која повеќе ви одговара, пречкртајте ја другата. Потоа повторете ја истата постапка со останатите четири групи. Петте работи кои ви останаа непречкртани, напишете ги настрана на листот. Тоа се вашите пет главни страсти во животот.rn
rnrnНе оставајте мотивацијата да спласне. Секојдневно интересирајте се за работи кои на кој било начин се поврзуваат со вашите страсти. Информирајте се и читајте, надградувајте ги своите знаења. Потрудете се да најдете макар волонтерска работа поврзана со некое од петте нешта кои ги одбравте. Така ќе проверите дали таквата работа ве исполнува и ќе останете мотивирани.rn
rnrnИсто така, одлично е доколку имате можности да приредите забава за идеи. Повикајте ги вашите пријатели, блиски и далечни и побарајте од нив да дојдат со уште една или две личности. Започнете со кежуал разговори и друштвени игри. Како што поминува вечерта, разговарајте за вашите страсти и идеи. Би биле изненадени како лесно можете да најдете контакти кои би ви помогнале во остварувањето на вашите цели, луѓе кои ќе ве мотивираат или ќе ви предложат решенија.rnrn rnrn

rnrnДобро утро родители,rnrnЈа сум геј. Сакав да ви кажам веќе подолго време. Мислев дека на ваков начин ќе биде најлесно. Се надевам дека сè уште ме сакате. Мислам, тешко е да не го сакате оној што ви направил торта. Сите мои пријатели знаат и сè уште ме сакаат. Вашето прифаќање ќе биде шлаг на тортата. Се надевам дека како и оваа торта, така и вие не сте на парчиња. Се надевам дека кога ќе се присетиме на овој момент, ќе речеме „ова навистина беше големо изненадување“. Станува подобро.rnrnСо љубов,rnrnЛорел.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn rn