Признаваме дека сме многу комплицирани и нашиот начин на дејствување не е ни најмалку едноставен. Она што го сакаат девојките, за мажите може да биде вистинска мистерија. Но, доколку се грижите за вашата девојка, ќе се потрудите да ѝ го обезбедите следново во вашата врска:rnrnСигурност и заштита – Девојките сакаат да се чувствуваат сигурно и безбедно. Нема девојка која не сака силен човек покрај неа, кој ќе ја штити од секој кој може да ѝ нанесе болка. Штом девојката ќе ја најде својата заштита во вашата прегратка, бидете сигурни дека ќе ја добиете нејзината љубов.rnrnРазбирање – Дури и да не можете да го разберете нејзиното однесување, трудете се да сфатите како се чувствува. Секогаш нека знае дека ја разбирате и ги почитувате нејзините одлуки. Начинот на кој размислуваат мажите и жените е сосема различен, но луѓето во врска наместо да избувнуваат за секоја ситница, треба да имаат разбирање.rnrn
rnrnТелесна поврзаност – Можеби најважно е да се разбирате и да имате заеднички ставови и многу теми на разговор, но важноста на телесната поврзаност не треба да се потцени. Дел од секоја здрава и успешна врска е добриот секс. Можеби девојките не размислуваат на оваа тема онолку колку што тоа го прават мажите, но не можат да одречат дека им е потребен добар сексуален живот.rnrnОдговорност – Незрел и неодговорен дечко кој сè сфаќа на шега, може да е интересен само на почетокот. Девојките сакаат одговорни личности кои се грижливи, вложуваат во иднината и ги исполнуваат своите обврски. Тоа им влева чувство на сигурност и безбедност. Никој не сака покрај себе нестабилен човек на кој не може да се потпре кога има проблем.rnrnПоддршка – И кога навидум нешто изгледа како навистина луда идеја, поддржете ја! Верувајте, таа секогаш би ве поддржала вас, па вратете ѝ со иста мера. Поддржете ја во остварување на своите соништа, не ја враќајте назад и не ѝ ја одземајте надежта за успех. Па нели и вие сакате вашата девојка да биде успешна и силна личност?rnrnРамо за плачење – Не сме толку големи плачки колку што вие мислите, но кога ќе се разнежниме сакаме да бидете покрај нас. Бидете ѝ рамо за плачење на вашата љубена, нека осети дека колку и да е лош денот, на крајот од бурното попладне може да се врати кај вас и да најде мир и нега.rnrnМажественост – Бидете џентлмени, со секој ваш гест истакнете ја машкоста. Верувајте, тоа може да направи девојката да полуди по вас. Обрнете внимание на ситниците како: отворање врата, дозволување да седне прва, злобен поглед упатен кон момчето од спротивната страна кој чудно ја гледа…rnrnВнимание за важните датуми – Никогаш не го заборавајте денот кога сте ја запознале, кога сте ја бакнале за првпат, вашата годишнина и слични важни датуми. Сте слушнале за начинот на кој може жената да ве натера никогаш да не ја заборавите вашата годишнина? Само пробајте да ја заборавите еднаш. :)rnrnСмисла за хумор – Човек кој знае да ја насмее и во најтмурните мигови е она што секоја девојка го посакува. Оној кој ѝ носи насмевка на лицето има голема шанса да биде човекот на нејзиниот живот.rnrnПочит – Почит кон нејзините желби и кон нејзините права како жена. Почит кон нејзините соништа и благодарност за она што го вложува во врската. Исто така, бидете свесни дека колку и да ве сака, ќе се откаже од вас доколку немате почит кон нејзиното семејство и најблиските.rnrnДоверба и слобода – Добри се оние знаци дека се грижите за неа и ја сакате за себе, но претераната љубомора нема да ве однесе никаде. Со обид да ѝ ја скратите слободата ќе направите само лошо за вашата врска. Довербата треба да е обострана. Влевајте ѝ доверба и почувствувајте ја истата и од нејзина страна.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrnВо студијата биле вклучени 300 млади луѓе, кои биле поделени во групи и им биле направени три експерименти, чија цел била да се процени нивното ниво на соживување и емпатија.rnrnЏенифер Стелар, која е социјален психолог и автор на ова истражување, вели дека резултатите покажале дека постои култура на разбирање и соработка кај индивидуите од пониските класи, кои можеби произлегуваат од нивниот страв од нарушување на благосостојбата.rnrn
rnrnДоколку во вашата врска има девет од овие десет фактори, потрудете се таа да успее, бидејќи има голема веројатност дека партнерот ќе ве направи среќни за целиот живот. Но, ако има помалку од тоа, тогаш треба уште еднаш да размислите за вашите критериуми или да се запрашате дали можеби сте во врска само за да не бидете сами.rn
rn
rn
rn
rn
rn










rnrnСепак, во сите моменти од животот не можеме да очекуваме поддршка од луѓето кои најмногу ни значат, па така треба да најдеме начини како самите да се мотивираме и да си го подигнеме моралот. Еве неколку совети, кои можете да ги примените:rnrn
Иако ви се чини дека сте сами на светот обидувајќи се да постигнете нешто, сепак има милиони луѓе кои со сигурност целат кон истото. Па така, доколку целта ви е да ја намалите телесната тежина, најубаво би било да се приклучите кон некој фитнес клуб. Тренерите и луѓето кои ќе ве опкружуваат во таквата средина, ќе ви овозможат да се чувствувате сигурно, а нивото на вашата самодоверба и верба во успехот, сигурно ќе се зголемат.rnrn
rnrnКолку и да не се чувствувате како некоја организирана личност, со оваа метода ќе можете многу брзо да се адаптирате на работите кои треба да ги сторите. Кога целите кон исполнување на вашите приоритети, многу лесно може да се случи да се дезорганизирате, па така подобро би ви било да се посветувате на добро организирање на вашето време.rn
rnrnКога целите кон нешто, не се оптоварувајте со конечниот резултат. Секогаш пред себе поставувајте ги работите чекор по чекор, и погрижете се да ги исполнувате. Ќе ве мотивира напредокот, гледајќи се себеси како си ги остварувате замислите.rnrn
rnrnСекој чекор напред е голем успех, затоа вреди да се прослави. Па така, пофалете се на пријателите, купете си нешто за себе како награда или пак излезете на некоја полуксузна вечера. Не е важен начинот на прославата, важно е да си покажете дека напредувате и да се чувствувате добро поради тоа.