КАФЕ ПАУЗА

Tag: пластика

  • Уметница користи рециклирано предиво и пластика за да ја подигне свеста за климатската криза

    Уметница користи рециклирано предиво и пластика за да ја подигне свеста за климатската криза

    Шкотската уметница Џо Хамилтон создава неверојатни уметнички дела од рециклирано предиво и пластика. Почнувајќи од впечатливи, шарени портрети па сè до макотрпно зашиените градски пејзажи, нејзините плетени парчиња си играат со текстурата, бојата и нијансите, при што ја сведуваат уметноста на плетењето во едно сосема поинакво светло. Преку својата уметност, Хамилтон сака да ја подигне свеста за прашањата што го мачат општеството, особено во поглед на климатската криза. Нејзините дела имаат за цел да го прикажат односот меѓу човекот и животната средина, како и разорното влијание на човештвото врз нашата планета.rnrnУметница користи рециклирано предиво и пластика за да ја подигне свеста за климатската кризаrn

    „Поради мојата загриженост (но и мала опсесија) со климатската криза, почнав да рециклирам и да користам колку што е можно повеќе од пластичниот отпад во моето домаќинство за моите дела“, вели Хамилтон.rnrnТаа исто така додава: „Се надевам дека моите дела и материјалите од кои се изработени ќе ни помогнат да го преиспитаме нашиот однос со вештачкиот и природниот свет и дека навреме ќе го сопреме уништувањето на нашата планета. Се надевам и дека мојот бавен начин на работа наспроти брзиот ритам на модерното живеење ќе нè поттикне да забавиме и да го цениме она што го имаме, наместо постојано да бараме нешто повеќе“.

    rnВо продолжение погледнете ги нејзините уметнички дела.rnrnУметница користи рециклирано предиво и пластика за да ја подигне свеста за климатската кризаrnrnУметница користи рециклирано предиво и пластика за да ја подигне свеста за климатската кризаrnrnУметница користи рециклирано предиво и пластика за да ја подигне свеста за климатската кризаrnrnУметница користи рециклирано предиво и пластика за да ја подигне свеста за климатската кризаrnrnУметница користи рециклирано предиво и пластика за да ја подигне свеста за климатската кризаrnrnУметница користи рециклирано предиво и пластика за да ја подигне свеста за климатската кризаrnrnУметница користи рециклирано предиво и пластика за да ја подигне свеста за климатската кризаrnrnУметница користи рециклирано предиво и пластика за да ја подигне свеста за климатската кризаrnrnУметница користи рециклирано предиво и пластика за да ја подигне свеста за климатската кризаrnrnУметница користи рециклирано предиво и пластика за да ја подигне свеста за климатската кризаrnrnОткако ги погледнавте овие неверојатни уметнички дела, можеби ќе сакате да погледнете и како можете да се изборите со здодевноста преку плетење.rnrnИзвор: mymodernmet.com

  • Пожолената пластика ќе изгледа како нова: Избелете ги старите приклучоци и рамките на прозорците

    Пожолената пластика ќе изгледа како нова: Избелете ги старите приклучоци и рамките на прозорците

    Пластичните работи како прекинувачи, приклучоци, далечински управувачи и слично често добиваат жолтеникава боја која не изгледа убаво. Но, со помош на овој едноставен трик можете да им ја вратите прекрасната бела боја.rnrnПожолената пластика ќе изгледа како нова: Избелете ги старите приклучоци и рамките на прозорцитеrnrnПред да започнете да ги отстранувате жолтите дамки од пластиката, треба да подготвите сад што подоцна ќе го наполните со вода, детергенти, мека крпа за триење на пластичната површина, суви крпи, четка за заби и гумени ракавици за да ја заштитите вашата кожа.rn

    Како да ја отстраните жолтата боја од пластиката со помош на различни средства?

    rnАко одлучите да користите сода бикарбона, можете да се обидете нежно да ја втриете на пластиката користејќи влажна крпа. Исто така, можете да растворите сода бикарбона во малку вода и на тој начин да се обидете да ги протриете сите површини што се валкани и добиле жолта боја.rnrnОсвен со сода, можете да го отстраните жолтилото и со помош на обичен детергент за миење садови. Треба да ставите една мала чаша детергент во сад исполнет со четири литри вода.rnrnАко претпочитате да користите некои од природните препарати за отстранување на жолтата боја од пластиката, можете да користите јаболков оцет, кој ќе го нанесете директно на површината.rnrnПокрај тоа, може да користите мешавина од оцет во комбинација со вода. Растворете малку оцет во сад со вода и испрскајте го растворот на површините што сакате да ги исчистите. Бидете внимателни со приклучоците и прекинувачите за водата да не влезе на места каде што има електрична енергија.rnrnИстите методи за чистење можете да ги примените на пожолтени ПВЦ врати или рамки, тостери, далечински управувачи, клима-уреди и слично.rnrnПогледнете го овој одличен начин за чистење на сите видови кожен мебел.

  • Како да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?

    Како да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?

    Сте подготвиле нешто ароматично и сте сакале да ви биде спремно јадењето за наредниот ден, па сте го ставиле во пластичен сад. Храната сте ја изеле, садот е измиен, но упорната миризба останала. Во продолжение дознајте како ефикасно да се ослободите од мирисот од пластичните садови.rnrnКако да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?rn

    Сода бикарбона

    rnНаправете смеса од сода бикарбона и вода. Истругајте ја внатрешноста со смесата и оставете да отстои еден ден. Потоа исплакнете го садот, но доколку сè уште мириса, повторете ја постапката.rnrnКако да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?rn

    Сок од лимон

    rnСокот од лимон е природно средство за чистење. Само измијте го садот со овој сок или пак стругајте го садот со кора лимон за да се ослободите од непријатната миризба.rnrnКако да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?rn

    Кафе

    rnИстурете кафе во садот, затворете го и оставете така сè додека не исчезне миризбата.rnrnКако да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?rn

    Весник

    rnВесниците можат да ја впијат непријатната миризба. Свиткајте неколку страници, ставете ги во садот и затворете го. Оставете го така ден-два и миризбата ќе исчезне.rnrnКако да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?rn

    Активен јаглен

    rnСтавете неколку таблети активен јаглен во садот и нека стои затворен сè додека не ја снема миризбата.rnrnКако да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?rn

    Сол

    rnСипете сол додека не се прикрие дното на садот. Потоа исперете го садот и ќе биде спремен за употреба.rnrnКако да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?rnrnПогледнете го и овој едноставен трик на Марта Стјуарт за одлепување на налепници кој ќе ве воодушеви.

  • Застрашувачко откритие: Колкава количина пластика внесувате во вашето тело на дневно ниво?

    Застрашувачко откритие: Колкава количина пластика внесувате во вашето тело на дневно ниво?

    Без разлика дали пиете од пластично шише или носите пластична кеса, поголемиот дел од вас доаѓаат во контакт со пластика неколкупати дневно. Колку е тоа штетно?rnrnrnrnСпоред студијата што била спроведена при Универзитетот Викторија, просечниот човек консумира повеќе од 70.000 честички микропластика на годишно ниво, а особено загрижува фактот што сè уште не се знаат здравствените ефекти од оваа консумација. Истражувачите анализирале 26 претходни истражувања чиј фокус биле количината микрочестички пластика во рибите, школките, шеќерите, солите, алкохолот, флашираната вода и водата од чешма, како и во воздухот. Тимот експерти со помош на тие резултати пресметале колку такви честички консумираат луѓето во просек.rnrnРезултатите покажале дека секој човек во своето тело внесува помеѓу 74.000 и 121.000 честички микропластика во само една година, во зависност од животната доба и полот. Но, не сите се согласуваат со овие податоци. Според професорот по екологија Алестер Грант, овие резултати не треба да се сфаќаат премногу сериозно.rn

    „Авторите на студијата ја мереле консумацијата на микропластиката исклучиво со помош на измерена концентрација во храната и во воздухот. Според тоа, испаѓа дека човекот во еден ден преку устата внесува 142 честички и вдишува уште 170. Овие големи броеви се всушност годишна прогноза. А и сè уште не постојат докази дека се значајно штетни за човечкото здравје“, изјавил д-р Грант. „Еден од изворите кои ја мерат концентрацијата на честички во воздухот вели дека проучуваните честички се многу големи за човекот да може да ги вдише, па оние што навистина стигнуваат до белите дробови се значително помалку.“

    rnМикропластика се нарекуваат ситните честички пластика кои луѓето незнајно ги консумираат додека јадат и дишат. Иако ефектите на микропластиката сè уште не се познати, научниците предупредуваат дека тие се доволно мали да влезат во човечкото ткиво и да создадат имунореакција како и да ослободат отровни супстанци.rnrnВреме е за промена! Што мислите за оваа идеја? Азиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластика.

  • Азиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластика

    Азиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластика

    Нашата примарна цел би требало да биде намалување на употребата на пластика и едукација на луѓето за глобалните промени и проблеми со коишто се соочуваме. Иако повеќето од нас веруваат дека рециклирањето ќе го реши проблемот, па продолжуваме да користиме пластика, всушност важи токму спротивното.rnrnАзиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластикаrnrnСамо во САД, во 2013-та година биле произведени 254 милиони тони ѓубре, а само околу 30% било рециклирано. Ова значи дека останатиот дел завршил во депонии и ќе остане таму илјадници години, создавајќи токсични гасови, загадувајќи ја Земјата и загадувајќи ги океаните. Бидејќи повеќето од нас не ја гледаат реалноста, навистина е важно проблемот да го разберат сите. Пластичното пакување што го користите само неколку секунди, ќе се распадне дури после 1.000 години.rnrnСо цел да започнат позитивна промена, азиските супермаркети почнале да користат листови за пакување на зеленчукот. Овој вид пакување не само што е евтин, туку и ја исфрла употребата на пластика.rnrnНеодамна, Кина престана да увезува ѓубре од целиот свет и се фокусира на рециклирањето на нивното ѓубре. Пред ова, 30% од отпадот во светот завршуваше во Кина, од каде што потекнува и верувањето дека азиските држави се одговорни за поголемиот дел од ѓубрето. Сега, азиските држави како Виетнам и Тајланд, бараат нов начин целосно да ја избегнат пластиката. Ова направило простор за нови бизнис идеи, а една од нив е нов и еколошки начин на пакување на храната, без употреба на пластика.rnrnАзиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластикаrnrnСветот слушнал за оваа идеја благодарение на објава од фирмата Perfect Homes Chiangmai’s. Еден член од тимот на компанијата влегол во маркетот Rimping, забележал дека зеленчукот е спакуван со листови од банана и решил да ги фотографира полиците. Со над 3,5 милиони прегледи и над 17.000 споделувања, идејата стана нешто што луѓето ги охрабруваат супермаркетите да го пробаат.rn

    „Не знаев дека ќе се прослави, се шокирав кога имаше 20 споделувања. Дури следното утро сфатив што се случува“, изјавил споделувачот на фотографијата.

    rnАзиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластикаrnrnНекои луѓе забележале дека не е сè без пластика, на што од супермаркетот одговориле дека одат чекор по чекор и дека го даваат најдоброто од себе. Но сепак, не е лесно. Многу продукти стигнуваат во маркетот веќе спакувани во пластика, а на компаниите за пакување им одговара ова бидејќи е евтино. Сега им останува на потрошувачите да кажат што сакаат. Без сомнение, секој би одбрал пакување од лист од банана наместо пластика.rnrnАзиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластикаrnrnАзиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластикаrnrnАзиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластикаrnrnАзиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластикаrnrnАзиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластикаrnrnСега, повеќе од кога било, луѓето почнуваат да сфаќаат колку е лоша состојбата на нашата планета. Секое парче пластика што е направено сè уште постои на планетата, па добро е да ги знаете овие факти за загадувањето со пластика и што можете да смените вие.

  • Вознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желките

    Вознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желките

    Фотографката Каролин Пауер била повикана да помогне во спасување на бебиња желки кои се насукале на брегот во алгата позната како Sargassum. Оваа алга се движи по струите низ тропските мориња. Таа им нуди храна и засолниште на над 240 видови риби, морски птици и видови како туна, па дури и морски желки.rnrnВознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желкитеrnrnВо отворениот океан, оваа алга е оаза. Но кога ќе заврши на брегот, може да ги зароби животните кои живеат во неа и да ги закопа живи.rnrnКога Каролин пристигнала на местото, била ужасната. Алгите биле полни со пластика. Лесно било да се идентификуваат продукти користени во Гватемала и Хондурас, како што се шишиња од Кока-кола, етикети од Пепси и мали пакувања од шампон. Имало и многу пластични кеси и детски играчки.rnrnДури до 40% од глобалното производство на пластика се користи за пакување производи на Кока-кола, Пепси, Нестле и слично, па тие се одговорни за голем дел од загадувањето.rnrnВолонтерите успеале да спасат 18 неодамна извадени желки од пластиката. Желките биле однесени во центар за спасување и чекале да бидат пуштени на слобода. За жал, не преживеале сите желки. Во една од мртвите желки биле пронајдени 13 пластични предмети. Желката била помлада од две недели.rnrnПогледнете ги фотографиите што ги направила Керолин на кои е прикажана ужасната состојба во која биле најдени желките.rn

    Ова малечко беше најдено закопано на брегот

    rnВознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желкитеrn

    Спасувачите бараат желки пред да бидат заробени на копното

    rnВознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желкитеrn

    Пластични остатоци од нечиј ручек

    rnВознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желкитеrn

    Ова малечко го чека пластично море

    rnВознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желкитеrn

    Ова малечко буквално одеше низ пластиката

    rnВознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желкитеrn

    Ова не преживеа. Не се знае причината за смртта, но тие не умираат од „природни причини“, па најверојатно е поради заплеткување или јадење пластика

    rnВознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желкитеrn

    Сите видови морски желки се загрозени – помалку од 1 во 1.000 стануваат возрасни

    rnВознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желкитеrn

    Она што требало да им биде заштита на желките станало пловечка депонија

    rnВознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желкитеrn

    Осум од тринаесетте предмети најдени во желудникот на желката беа пластиката

    rnВознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желкитеrnrnПогледнете и кои видови пластика треба да престанете да ги употребувате уште денес.

  • Колумбиска компанија прави куќи од пластичен отпад, кои чинат само 280 долари

    Колумбиска компанија прави куќи од пластичен отпад, кои чинат само 280 долари

    Во главниот град на Колумбија, Богота, дневно се исфрлаат 700 тони пластичен отпад, а само 100 тони од нив се рециклираат. Ова звучи навистина застрашувачки за нашата планета, но благодарение на архитектот Оскар Мендез, овој проблем конечно започнал да се решава на подобар начин. Неговата компанија „Conceptos Plásticos“ се занимава со обработка на пластичен и гумен отпад, претворајќи го во градежен материјал за куќи за сите оние коишто имаат потреба од нов дом.rnrnКолумбиска компанија прави куќи од пластичен отпад, кои чинат само 280 долариrnrnОскар и неговите колеги Хенри Кaњон и Изабел Кристина, започнале да се занимаваат со оваа работа со цел да го намалат негативното еколошко влијание на пластиката, преку нејзина реупотреба во градежништвото. Откако ги обединиле силите заедно со Фернандо Јанос, а подоцна и со Хезус Мендес, започнала со работа оваа иновативна компанија и од ден на ден таa станува сè поуспешна.rnrnКомпанијата со својот изум има за цел да реши два проблеми во државата: прво, да се ослободи од планините од пластичен отпад во депониите и второ, да обезбедат решение за домување во градовите ширум Латинска Америка, каде што е огромен порастот на популацијата. Реално, тешко е да се каже кои од овие два проблеми носат полоши последици кон животната средина.rnrnСпоред едно соопштение на непрофитната организација „TECHO“, неверојатни 80% од популацијата во Латинска Америка сега живее во градовите. Од друга страна, според извештај од 2016-та година објавен од швајцарската фондација „Светски економски форум“, во 2014 биле произведени околу 309 милиони тони пластика. Како и да е, ниеден од овие проблеми не е присутен исклучиво само во Колумбија. Како што самиот Оскар вели: „Пластиката е проблем насекаде низ светот, а на луѓето секогаш ќе им биде потребен кров над глава.“rnrnКолумбиска компанија прави куќи од пластичен отпад, кои чинат само 280 долариrnrnПа, како во суштина тие го претвораат отпадот во градежен материјал? Најпрвин, тие работат со оние луѓе коишто ќе имаат придобивки за домување. Посетуваат училишта и разни општествени заедници и ги охрабруваат луѓето да колекционираат пластично ѓубре и стари гуми. Собраните продукти потоа темелно се чистат, се растопуваат и се ставаат во калапи, за да се создадат парчиња со дизајн којшто овозможува спојување на гредите, циглите и столбовите како Лего коцки.rnrnУште поинтересен е фактот, дека компанијата им држи и обуки на луѓето во општините самите да ги изградат овие структури, притоа им даваат сопствеништво на нивните домови и стекнуваат нови вештини. Пластичните домови на Оскар, може да се склопат за неверојатно брзо време. Така на пример, куќа од 40 м2, сочинета од две спални соби, бања, дневна соба, трпезарија и кујна, може да ја изградат 4 лица, за само 5 дена. Воедно, трошоците се многу помали во споредба со традиционалното градежништво – куќа со просечна големина како споменатата, кошта неверојатни 280 долари.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=dxclu7Nff4srnrnИсто како и Лего коцките, на ваквите цигли кои влегуваат една во друга, не им е потребно лепило за да бидат конструкциите цврсти и силни, па поради тоа се одлична опција за мобилни засолништа. Доколку се прашувавте, дали пластичниот микс еден ден биолошки ќе се разгради, одговорот е ДА, но дефинитивно не во наредните 100 години и повеќе. Пластичната конструкција е отпорна на пожари и земјотреси и потребно ѝ е минимално одржување.rnrnВо 2016 година, компанијата на Оскар била дел од финалето на „The Venture“, натпревар за иновативни компании коишто прават позитивни промени во светот, којшто се одржува во Њујорк. Од 1 милион долари коишто биле одобрени за финансирање на финалистите, на „Conceptos Plásticos“ ѝ биле дадени 300.000 долари. Оваа победа, била од огромно значење за тимот, бидејќи се докажало дека нивниот проект има неверојатен потенцијал, во којшто тие отсекогаш верувале.rn

    „Нашата надеж е да создадеме движење во коешто ќе бидат инволвирани сè повеќе и повеќе луѓе. Сакаме да создадеме и нови продукти коишто ќе имаат подобра примена од илјадниците тони пластика којашто се фрла во депониите. Наскоро, во морињата ќе има повеќе пластика отколку риби, па навистина мораме да направиме нешто големо во врска со овој проблем. Ние сакаме да продолжиме да ги мултиплицираме нашите капацитети на производство, за да направиме големо општествено, еколошко и економско влијание, овозможувајќи евтино домување за луѓето во руралните средини. Воедно, нашата мисија е да го автоматизираме процесот на производство и да го прошириме нашиот модел во земјите во Латинска Америка, каде што дефицитарноста од куќи е поголема од 40%, а пластичниот отпад претставува огромен проблем“, објаснува Оскар.

    rnПрочитајте го и овој 21 факт за загадувањето со пластика и 10 нешта што вие можете да ги смените.

  • Моќна кампања на National Geographic за загадувањето со пластика

    Моќна кампања на National Geographic за загадувањето со пластика

    Списанието National Geographic само што започна информативна и шокантна кампања наречена „Планета или пластика“. Ова е проект од кој секој треба да научи нешто.rnrnМоќна кампања на National Geographic за загадувањето со пластикаrnrnПовеќето од нас се свесни дека има премногу пластика во нашето опкружување. Сите се чувствуваме малку виновно кога фрламе нешто пластично во корпата за отпадоци. Но што ако се соочиме со ужасните последици од нашата зависност од пластика?rnrnМоќна кампања на National Geographic за загадувањето со пластикаrnrnОва е една од целите на иконската кампања на списанието. Луѓето зад овој проект бараат како да го променат начинот на кој користиме пластика. Ако потрошувачите и организациите можат да работат заедно и да направат промена на фундаментално ниво, корпорациите надежно ќе го исполнат барањето на јавноста и ќе ја намалат пластиката во нивните продукти.rnrnМоќна кампања на National Geographic за загадувањето со пластикаrnrnСамото списание води со пример. Тие почнале да ги испраќаат своите изданија во хартија наместо пластика. Бидејќи секоја промена, без разлика колку мала изгледа, може да биде од помош.rnrnМоќна кампања на National Geographic за загадувањето со пластикаrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 21 факт за загадувањето со пластика и 10 нешта што вие можете да ги смените

    21 факт за загадувањето со пластика и 10 нешта што вие можете да ги смените

    Изгледа како да не можеме да го избегнеме загадувањето со пластика. Буквално секој ден ја држиме во раце – тастатура, компјутер, шишиња, амбалажи… Но каде оди целата пластика кога повеќе не ни е потребна? Иако можеби мал дел се рециклира, поголемиот дел завршува во депонии. А уште поголем дел завршува како пластичен отпад кој евентуално си го наоѓа патот до водата за пиење.rnrn21 факт за загадувањето со пластика и 10 нешта што вие можете да ги сменитеrnrnСитните пластични честички кои се користат во многу производи за хигиена и нега, како пилинг за лице и паста за заби, се најдени во многу водни површини. Во океаните можат да се пронајдат огромни површини од отпад од пластика. Целото загадување со пластиката не е само проблем за Земјата, туку и за нашето здравје. Во продолжение прочитајте 22 вознемирувачки факти за загадувањето со пластика.rnrn1. Само во Лос Анџелес, секој ден се исфрлаат 10 тони пластика во Тихиот Океан.rnrn2. Изминатите 10 години произведовме повеќе пластика отколку целиот изминат век.rnrn3. 50% од пластиката која што ја користиме, ја употребуваме само еднаш и ја фрламе.rnrn4. Секоја година фрламе доволно пластика за да се заобиколи Земјата 4 пати.rnrn5. Моментално рециклираме само 5% од пластиката што ја употребуваме.rnrn6. Просечен Американец фрла приближно 84 килограми пластика годишно.rnrn7. Пластиката опфаќа околу 10% од целокупниот отпад што го произведуваме.rnrn8. Производството на пластика користи околу 8% од светското производство на нафта.rnrn9. Американците фрлаат 35 милијарди пластични шишиња за вода секоја година.rnrn10. Пластиката во океаните се крши на толку мали делчиња што делчиња од едно пластично шише можат да се најдат на секоја плажа на светот.rnrn11. Низ целиот свет се користат околу 500 милијарди пластични кеси. Повеќе од милион кеси се користат секоја минута.rnrn12. 46% од пластиката плови и може да лута со години пред да се концентрира во некој вртлог.rnrn13. На пластиката ѝ се потребни 500 до 1.000 години да се разгради.rnrn14. Во океаните има милијарди килограми пластика кои зафаќаат околу 40% од нивната површина. 80% од загадувањето потекнува од земјата.rnrn15. „Пластичната супа“ во Тихиот Океан е најголема депонија во океаните. Оваа маса од пластика е побројна од морскиот живот, и тоа во однос 6 спрема 1.rnrn16. Годишно умираат 1 милион морски птици и 100.000 морски цицачи поради пластиката во океаните.rnrn17. 44% од сите видови морски птици, 22% од китовите и сите видови желки се документирани со пластика во или околу нивните тела.rnrn18. Во примероци од езерото Ери, 85% од пластичните честички биле микроскопски. Истражувачите пронашле 1.500 и 1,7 милиони од овие честички на површина од 2,7 километри квадратни.rnrn19. Секое парче пластика кое било произведено сè уште постои во некоја форма освен мал дел кој бил изгорен.rnrn20. Пластичните хемикалии можат да бидат апсорбирани од телото. 93% од Американците на возраст од 6 или повеќе години биле позитивни на пластични хемикалии.rnrn21. Некои од состојките во пластиката ги менуваат хормоните или имаат други потенцијални влијанија на човечкото здравје.rn

    10 начини на кои можете да помогнете

    rn1. Кога станува збор за кеси и флаширана вода секогаш обидувајте се да ја употребувате истата пластика повеќе пати. Покрај тоа, можете да користите платнени кеси за купување и стаклени шишиња за вода.rnrn2. Немојте да купувате производи кои се посебно пакувани во пластика, сламки и други производи од пластика кои се фрлаат.rnrn3. Намалете го пластичниот отпад така што ќе користите кутија за вашиот ручек наместо пластични кеси. Соковите можете да ги ставате и во термос.rnrn4. Понесете ваша чаша кога купувате кафе за носење. Ова е одличен начин да се намали отпадот.rnrn5. Нема потреба од пластични цедиња кога можете да купувате игри, музика и филмови онлајн.rnrn6. Побарајте алтернатива за пластичните предмети кои често ги користите.rnrn7. Рециклирајте. Ако морате да користите пластика обидете се да одберете PETE или HDPE. Овие видови се најчесто рециклирани.rnrn8. Волонтирајте за чистење на отпадот.rnrn9. Поддржувајте ја забраната за пластични кеси.rnrn10. Раширете ги вестите. Разговарајте со пријателите и семејството за тоа зошто е важно да го намалиме користењето на пластиката во нашите животи.rnrnПогледнете и како да го намалите загадувањето на водата.

  • 6 видови пластика кои треба да престанете да ги употребувате уште денес

    6 видови пластика кои треба да престанете да ги употребувате уште денес

    Со малите промени во нашиот живот и намалената употреба на пластика, ние можеме да направиме голема разлика за нашата околина. Во продолжение погледнете ги 6-те видови пластика кои треба да престанете да ги употребувате.rn

    1. Сламки

    rn(1)6-vidovi-plastika-koi-treba-da-prestanete-da-gi-upotrebuvate-ushte-denes-kafepauza.mkrnrnСламките за пиење се навистина непотребни. Само во САД секој ден се користат околу 500 милиони пластични сламки. Тие многу ретко завршуваат во корпите за рециклирање, а наместо тоа се фрлаат во морињата и океаните притоа загрозувајќи го морскиот свет. Навистина нема потреба да користите сламка за вашите пијалаци.rn

    2. Пластичен прибор за јадење

    rn(2)6-vidovi-plastika-koi-treba-da-prestanete-da-gi-upotrebuvate-ushte-denes-kafepauza.mkrnrnПоголемиот дел од пластичниот прибор за јадење е направен од полистирен1. Овој вид пластика не може да се рециклира, па само создава нов отпад. Едноставно користете прибор за јадење за повеќе употреби, и одбивајте кога ќе ви понудат храна во пластичен сад.rn

    3. Флаширана вода

    rn(3)6-vidovi-plastika-koi-treba-da-prestanete-da-gi-upotrebuvate-ushte-denes-kafepauza.mkrnrnНаместо да купувате вода која троши многу извори што не можат да се обноват, можете да носите шише кое постојано ќе си го полните. Одберете шише од нерѓосувачки челик. Во овој случај нема да бидете изложени на штетните хемикалии кои се наоѓаат во пластичните шишиња. Ќе си го подобрите и вашето здравје, и ќе правите добро за вашата околина.rn

    4. Чаши за кафе

    rn(4)6-vidovi-plastika-koi-treba-da-prestanete-da-gi-upotrebuvate-ushte-denes-kafepauza.mkrnrnМногу од нас пијат кафе, па кога се брзаме секогаш го купуваме во хартиена чаша. Иако можеби изгледа дека хартиените чаши се лесни за рециклирање, реалноста е поинаква. Многу често овие хартиени чаши се обложени со пластика. Ова ја прави чашата поиздржлива, но има многу лоши последици за околината. Па зошто да не го испиете вашето кафе во кафетеријата, или пак да си понесете ваш сад кој можете да го користите многу пати?rn

    5. Пластични четки за заби

    rn(5)6-vidovi-plastika-koi-treba-da-prestanete-da-gi-upotrebuvate-ushte-denes-kafepauza.mkrnrnПластичните четки за заби се само уште еден вид пластика кој нема потреба да го користите. Инвестирајте во четка од природни материјали која ќе биде подобра и за вас и за вашата околина. Над 4,7 милијарди четки за заби кои нема да се распаднат се исфрлаат во отпадите и во океаните низ целиот свет.rn

    6. Пластични кеси

    rn(6)6-vidovi-plastika-koi-treba-da-prestanete-da-gi-upotrebuvate-ushte-denes-kafepauza.mkrnrnПластичните кеси ѝ штетат на природата на многу начини. Тие остануваат во почвата и испуштаат отровни хемикалии во неа. Голем дел од нив завршуваат и во океаните и го уништуваат морскиот свет, а за нивно производство потребни се ограничени природни ресурси. Исфрлете ги пластичните кеси од вашиот живот и инвестирајте во некоја платнена торба која ќе ја носите со вас кога ќе пазарувате.rnrnПогледнете и како да го намалите загадувањето на водата.