Во многу филмови се јавува потреба од учество на маса луѓе, во сцени каде што има навивачи на спортски натпревари, луѓе кои се забавуваат на концерти или во дискотеки, публика која гледа филм во кино и слично. Компјутерското генерирање слики е навистина скапо, а со статистите е тешко да се излезе на крај и плус чинат многу за да се најмат. За таа цел, компанијата „The Inflatable Crowd“ нуди алтернативно решение на овој проблем – 300.000 пластични манекени на дување за употреба во филмски сцени, каде треба да има голема маса луѓе.rnrnКомпанијата е оформена во 2002 година за креирање сцена со толпа луѓе во филмот „Сибискит“. Подоцна нивната монтажна пластична публика на дување се појави во уште 80 филмови, меѓу кои има и многу познати како што се „Говорот на кралот“, „Фрост/Никсон“, „Американски гангстер“, „Спајдермен 3“ и многу други. Овие пластични мажи и жени се исто така составен дел од сцените на многу ТВ серии и реклами. Во продолжение следуваат неколку фотографии со пластичните луѓе сликани одблизу и оддалеку, како што ги гледаат гледачите. Пластичните кукли најпрво се вадат од нивните кутии и се дуваат. Потоа се облекуваат. Сè уште немаат реални човечки лица. Маските за лице, заедно со периката, капата и слично се ставаат откако куклите ќе бидат комплетно облечени. Одблизу надуваните кукли изгледаат ужасно неуредно и вештачко, но под одредено прилагодување на светлото и соодветен агол на снимање со камерата, тие изгледаат сосема добро и не се забележува дека не се вистински луѓе.rnrnСцена од филмот „Американски гангстер“ со 1.500 надувани кукли rnrnСцена од филмот „Машка пепелашка“ со 11.000 пластични кукли rnrnСцена од филмот „Ние сме Маршал“ со 2.400 кукли на дување rnrnСцена од филмот „Замена“ со 400 кукли rnrnСцена од филмот „Пат кон славата“ со 4.000 пластични куклиrnrn550 надувани кукли подготвени за „глумење“ во сцена од филмот „Ангели и демони“rnrn
Сцена од филмот „Машка пепелашка“ со 11.000 пластични кукли.rnrn
Луксузниот телефон од Aesir Copenhagen е нов воодушевувачки модел, дизајниран од страна на Ив Беар. Во време кога мобилните телефони вклучуваат толку многу функции и претставуваат сè што ни треба спакувано во еден уред, моделот на Беар може да делува малку „еднодимензионално“. Од почеток до крај, ова е само телефон, без GPS, без камера, без интернет и заразни игри. Ова е уред кој е едноставен и практичен за држење в рака, но истовремено сензационален, со луксузен дизајн.Идејата на Ив Беар се базира на ставот дека уредите за комуникација треба да се одликуваат со долготрајност и уникатност, со оглед на големите количини пластиката кои завршуваат во отпадот. Како што постојано излегуваат нови, подобрени верзии од паметните мобилни телефони и со оглед на тоа што договорите со мобилните оператори ни овозможуваат поволни услови за редовно заменување на старите уреди со нови, она што го нуди Баер е луксузен уред од безвремен карактер, но сепак, со основна комуникациска функционалност. Исто како што љубителите на скапи, уникатни часовници, носат еден модел на својот зглоб со децении, така и овој мобилен телефон им е наменет на оние кои сакаат да покажат едноставност и стил преку предметот што го носат во својот џеб.Телефонот на Ив Беар е достапен во варијанта со 18-каратно жолто злато и со преработен не’рѓосувачки челик во комбинација со керамика. Но, безвремениот телефон бара инвестирање на безвремена сума. Имено, за златната верзија ќе треба да платите 59.000 американски долари. Па, иако идејата на Беар е за почит, можеби сепак полесно ќе ни биде да размислуваме што да направиме со стариот уред откако ќе го замениме со нов, барем додека не го заработиме првиот милион. А потоа, нема проблем, би се луксузирале.