КАФЕ ПАУЗА

Tag: пластика

  • 3 знаци дека никогаш не треба да ги искористувате пластичните шишиња за друга намена

    3 знаци дека никогаш не треба да ги искористувате пластичните шишиња за друга намена

    Пластичното шише е широко распространето низ светот, и најчесто не ни размислуваме за штетата што може да ни ја нанесе ако одново го полниме со вода. Со цел да ве предупредиме и да ви помогнеме да го заштитите вашето здравје, решивме да ги споделиме најголемите 3 начини на кои повторната употреба на пластичните шишиња влијае на вас и вашето тело.rn

    1. Кои видови пластични шишиња испуштаат штетни хемикалии?

    rn(1) 3-znaci-deka-nikogash-ne-treba-da-gi-iskoristuvate-plastichnite-shishinja-za-druga-namena-www.kafepauza.mkrnrnПластичните шишиња можат да испуштаат многу опасни хемикалии, па затоа внимавајте на специјалниот знак на дното, односно на нумерираните триаголници што ни покажуваат каква пластика била користена за изработка.rnrnНа пример, оние со ознака 1 (PET или PETE) се безбедни само за една употреба. Откако ќе ги изложите на кислород или на високи температури, и особено на сончева светлина, шишето ќе исфрли токсични супстанци што ќе навлезат во водата.rnrn(2) 3-znaci-deka-nikogash-ne-treba-da-gi-iskoristuvate-plastichnite-shishinja-za-druga-namena-www.kafepauza.mkrnrnПо секоја цена избегнувајте ги оние што се означени со 3 или 7 (PVC и PC) бидејќи исфрлаат хемикалии што се способни да навлезат во вашите пијалаци и храна, а долготрајното изложување може да ви предизвика сериозни проблеми со здравјето.rnrnШишињата направени со полиетилен (2 и 4) и полипропилен (5 и PP) се безбедни за повеќе употреби, но само ако во нив чувате ладна вода и редовно ги дезинфицирате.rn

    2. Пластичните шишиња се идеална површина за растење на бактерии

    rn(3) 3-znaci-deka-nikogash-ne-treba-da-gi-iskoristuvate-plastichnite-shishinja-za-druga-namena-www.kafepauza.mkrnrnПиењето вода од искористени пластични шишиња е исто како да лижете тоалетна школка или кучешка играчка. Ако ги прашувате научниците, можеби дури и полошо. Количината на бактерии што расте во овие шишиња ги надминува сите безбедносни граници. Ние создаваме совршени услови за бактериите така што ги фаќаме шишињата со нечисти раце, не ги плакнеме доволно и чуваме топла вода во нив.rnrnПа што треба да правите за да се заштитите? Редовно мијте ги шишињата со топла сапунеста вода, оцет или антибактериска течност за плакнење уста.rn

    3. Внимавајте на грлото на шишето

    rn(4) 3-znaci-deka-nikogash-ne-treba-da-gi-iskoristuvate-plastichnite-shishinja-za-druga-namena-www.kafepauza.mkrnrnДури и со темелното миење, ние сè уште можеме да се заразиме со труење од храна, па дури и со хепатитис А. Истражувањата покажуваат дека повеќе од бактериите живеат на грлото на шишињата бидејќи не се мијат доволно добро. Отворањето и затворањето со капаче дополнително предизвикува развивање на бактерии што подоцна ги голтате со водата. Па, за да бидете безбедни, користете цевка.rnrnКако да одберете безбедни и нетоксични пластични шишиња и садови?

  • Како да одберете безбедни и нетоксични пластични шишиња и садови?

    Како да одберете безбедни и нетоксични пластични шишиња и садови?

    Нашето секојдневие е исполнето со користење пластични амбалажи. Некои пластични садови се безбедни, додека пак други може да бидат потенцијално опасни за вашето здравје. Погледнете во вашата кујна. Дали сте сигурни дека пластиката која се наоѓа таму не е отровна? За да го избегнете овој ризик, треба да се запознаете со различните видови пластики кои постојат на пазарот денес.rnrnШто треба да проверите кога користите пластична амбалажа?rnrnСѐ што треба е да погледнете на дното на садот и да видите од кој материјал е направен. Пластиката е означена со броеви, од 1 до 7 и/или со букви кои го обележуваат хемискиот состав, како што е прикажано на сликата.rnrnШто треба да проверите кога користите пластична амбалажа?rnrnПодолу погледнете што означува секој од овие знаци.rn

    Тип 1: PETE или PET

    rnПластиката PET е чиста, 100% се рециклира и најчесто се користи за пијалаци, средства за плакнење на устата, како и садови за во микробранова. Општо земено, оваа пластика се смета безбедна за чување храна и пијалаци, иако сепак потрошувачите треба да бидат претпазливи. Тие треба да се чуваат на собна температура, затоа што високите температури може да го зголемат нивото на хемискиот елемент антимон, што потенцијално е канцероген материјал. Правилно е да ја користите оваа пластика само еднаш, затоа што повторната употреба може да доведе до зголемување на бактериите.rn

    Тип 2: HDPE или HDP

    rnHDPE е потешка пластика од PET и има висок сооднос на јачина и густина. Овој вид пластика не е транспарентна, има боја и се користи за маркетинг, на пример шишиња за детергенти, кесиња за замрзнување и слично. Досега експертите не пронашле токсични хемикалии во нејзиниот состав. HDPE е безбедна за чување храна и пијалаци.rn

    Тип 3: PVC или 3V

    rnПластиката PVC е потенцијално штетна за здравјето на луѓето. Таа се користи за правење пластична проѕирна фолија, како и некои играчки за деца и домашни миленици. Овој вид пластика содржи фталати кои може да бидат поврзани со репродуктивното здравје кај луѓето и животните, поради хемикалиите кои може да влијаат на производството на хормони. Исто така се поврзуваат и со тоа дека предизвикуваат астма кај децата.rn

    Тип 4: LDPE

    rnПластиката LDPE е флексибилна и отпорна на растворување. Често се користи за замрзната храна, кеси за леб или ѓубре, a не е познато дека остава хемикалии во храната. Исто така таа може да се најде во картонските амбалажи на млекото, а неговото производство се смета за опасно, но во многу мала мера. Сепак, многу луѓе се чувствуваат подобро избегнувајќи го ова.rnrnШто треба да проверите кога користите пластична амбалажа?rn

    Тип 5: PP

    rnПластиката PP е потешка од другите пластики. Таа најчесто се користи кај шишињата за јогурт, медицинските садови, како и садовите за маргарин и путер. Оваа пластика може да се стави во микробранова и да достигне високи температури без да се топи. Ова значи дека оваа пластика е безбедна за чување храна и пијалаци.rn

    Тип 6: PS

    rnСтиропорот или PS е пластика која се користи за кутии за јајца, чаши за пиење и слично. Избегнувајте го овој материјал за чување храна и пијалаци. Оваа пластика не е безбедна кога ќе се загрее и испушта канцерогени хемикалии во храната. Таа се поврзува со зголемениот ризик од лимфом и леукемија, а исто така и со тумор на белите дробови кај лабораториските животни. Било откриено дека дури и топла вода и кафе кои се служат во чаши од стиропор, имаат зголемено ниво на стирен. Оваа пластика не треба да се користи за долгорочно чување.rn

    Тип 7: PC или необележани

    rnPC или необележаните пластики треба да ги избегнувате секогаш кога тоа е возможно. Оваа категорија се користи за да се опишат предметите направени од хемикалии кои не се наоѓаат во претходните шест видови. Таа е тешка и речиси нераскинлива пластика. Поликарбонатите содржат бисфенол А кој се топи во содржината на садот. Но и покрај нејзините опасности, таа најчесто се користи кај спортските и бебешките шишиња.rn

    Читајте ги етикетите!

    rnПред да купите каква било пластика, трудете се да ги прочитате броевите и/или буквите кои се означени на дното од садот. Обидете се да ги избегнувате броевите 3, 6 и 7. Бидете внимателни со сите пластични садови и не дозволувајте им да се прегреат и не чувајте ја храната премногу долго. Секогаш кога можете, користете стаклени садови.

  • Нема да поверувате на кој начин може да ги искористите пластичните шишиња. Погледнете!

    Нема да поверувате на кој начин може да ги искористите пластичните шишиња. Погледнете!

    Грижата за животната средина и нејзина заштита не се нешто ново. Луѓето сè повеќе смислуваат различни начини за да се намали штетата што ѝ се предизвикува на планетата со некои креативни идеи за рециклирање и повторна употреба на одредени предмети. Затоа погледнете ги овие 9 необични употреби на пластичните шишиња. Овие проекти се едноставни, корисни за секојдневниот живот, но и за заштита на животната средина. Многу е важно да запомните дека на едно пластично шише му се потребни 700 години за да започне со процесот на распаѓање и повеќе од еден век за целосно да исчезне од животната средина.rnrn1-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    1. За чување храна

    rnИскористете 2 пластични шишиња за да направите садови за чување храна како ориз, грав, тестенини и шеќер. Потребно е да ги исечете шишињата во различни димензии: подолго (тоа ќе биде основата) и покусо (кое ќе биде капаче), па спојте ги заедно.rnrn2-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    2. За кофи за наводнување

    rnМногу лесно може да го претворите пластичното шише во кофа за наводнување. Сè што треба да направите се неколку дупчиња на капачето со помош на клинец и чекан. Бидете внимателни! Ако патувате, а немате никого да се грижи за вашите цвеќиња, тогаш шишето навалете го надолу кон саксијата. Или пак, може да го закачете над саксијата, со клинец на капачето, а водата ќе тече пополека и ќе спречи вашето цвеќе да се исуши.rnrn3-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    3. За организирање на вашата работна површина

    rnКористете пластични шишиња за да создадете држачи за моливи и различни организатори за вашата работна површина. Искористете го долниот дел од шишето и декорирајте го по ваша желба. Може да искористите само едно шише или пак повеќе со тоа што ќе ги залепите заедно со лепило. Искористете ја вашата креативност и направете различни димензии и „поплава“ од бои. Украсните селотејпи се супер за украсување на вашите организатори.rnrn4-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    4. За хранење птици

    rnАко имате градина и сакате во неа да летаат птици, тогаш интересна идеја е да поставите храналка за птици. За тоа може да искористите пластично шише. Една од идеите е да искористите две лажици вметнати во шишето. Направете мали дупчиња и ставете ги лажиците од страна. Наполнете го шишето со храна за птици и овозможете таа да истекува на лажиците. Може наместо лажици да искористите стапчиња за јадење, но мора да се погрижите дупчињата да бидат поголеми за птиците полесно да доаѓаат до храната. Сега само ви останува да ја закачите вашата храналка за птици на дрвото и да чекате тие да дојдат.rnrn5-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    5. За сад за грицки

    rnДолниот дел од шишето може да се искористи за да се направи супер сад за грицки. Исечете го долниот дел од шишето и користете пегла за алишта за да ги поправите несовршеностите (притиснете го нежно горниот дел од садот неколку секунди). Искористете го садот за кикиритки, грицки, чипс и слично.rnrn6-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    6. За лажица во итни ситуации

    rnАко кампувате далеку од цивилизација или пак на место каде што е многу тешко да најдете лажица, тогаш може лесно да ја направите од пластично шише. Може да ја направите ако го исечете шишето како што е покажано на сликата подолу, со тоа што ќе го искористите долниот заоблен дел за да го добиете делот за црпење. Супер и лесен трик во итни ситуации.rnrn7-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    7. За распрскувач

    rnАко имате голема градина, а немате доволно време за да ја наводните, тогаш користењето на распрскувач е одлична идеја. Може да направите домашен распрскувач од пластично шише. Направете неколку поголеми дупчиња со клинец и употребете селотејп за да го прицврстите цревото внатре. Сега само пуштете ја водата и дозволете таа да ја наводни вашата градина. Запомнете, користете ја водата само тогаш кога ви е потребна.rnrn8-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    8. За држач на тоалетна хартија

    rnДали имате деца и секогаш ви е потреба тоалетна хартија за да исчистите нешто? Интересна идеја е да направите држач за тоалетна хартија од пластично шише. Исечете го долниот дел со иста должина како тоалетната хартија и горниот дел кој ќе служи како капаче. Отстранете го делот за капачето на шишето и извлечете ја хартијата. Лесно и корисно.rnrn9-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    9. За организатор на весници

    rnСовршен за чекални и канцеларии. Отстранете го горниот дел и шишињата залепете ги на пластична или на дрвена површина. Исто така, може да го поставите на подот, со тоа што ќе го прицврстите со јаже. Во канцелариите оваа идеја може да послужи како организатор за поштата и слично.rnrn10-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_

  • Направете убави шарени алки од обично пластично шише

    Направете убави шарени алки од обично пластично шише

    Кога ќе погледнете колку е лесно, веднаш ќе посакате да направите неколку алки за вашите деца или за децата на вашите пријатели.rnrnnapravete-ubava-narakvica-za-vashite-deca-lesno-i-ednostavno-kafepauza.mkrn

    Потребни материјали:

    rn

      rn011

    • Пластично шише
    • rn011

    • Селотејп
    • rn011

    • Ножици
    • rn011

    • Пегла
    • rn011

    • Лакови за нокти
    • rn

    rn

    Постапка:

    rn

      rn011

    1. Околу шишето облепете селотејп, онолку колку што треба во зависност од тоа колку сакате алката да биде широка.
    2. rn011

    3. Пресечете го шишето над и под селотејпот така што ќе ви остане само парчето кое е облепено.
    4. rn011

    5. Одлепете го селотејпот од пластиката.
    6. rn011

    7. Земете ја пеглата, исклучете ја пареата и ставете на средна топлина.
    8. rn011

    9. Земете го парчето од шишето кое веќе наликува на алка, и нежно допирајте го на пеглата додека постојано го вртите во круг (како што е прикажано во видеото). Повторете го ова и од другата страна.
    10. rn011

    11. Откако ќе ја добиете посакуваната форма, бидете креативни со лаковите за нокти боејќи по внатрешноста на алката.
    12. rn

    rnЕдноставно, нели?rnrn

  • Погледнувајте го знакот на дното на амбалажата! Дознајте која пластика ве труе!

    Погледнувајте го знакот на дното на амбалажата! Дознајте која пластика ве труе!

    Многу луѓе имаат навика да ги чуваат пластичните шишиња од вода или сок за да можат повторно да ги употребат за слична намена, не знаејќи дека тие може да бидат отровни. Секоја пластична амбалажа не е наменета за повеќекратна употреба. Некои шишиња треба да се употребат еднаш и потоа да се фрлат.rnrnПогледнувајте го знакот на дното на амбалажата! Дознајте која пластика ве труе!rnrnНа дното на секоја пластична амбалажа се наоѓа триаголен знак со бројка во средината, а под него е ознаката која кажува колку е опасна пластиката што ја држите во рака. Ако шишето е наменето за еднократна употреба, не би требало да го користите повеќе пати.rn

    Пластика само за еднократна употреба

    rnПовеќето шишиња од минерална или обична вода како и од газирани и негазирани пијалаци имаат ознака PET (често се среќава и како PETE) со бројот 1 во триаголникот. Важно е да знаете дека тие шишиња се наменети исклучиво за еднократна употреба. Постои можност со секое ново полнење во водата да го испуштат тешкиот метал антимон, хемиското соединение EPA, кое го попречува функционирањето на хормоните. Таквите шишиња можат да испуштат и канцерогени материјали.rnrnПогледнувајте го знакот на дното на амбалажата! Дознајте која пластика ве труе!rn

    Оваа пластика е сигурна

    rn

    Ќе ја препознаете по ознаките HDP (или HDPE), LDPE и PP или по броевите 2, 4 и 5.

    rnHDP (HDPE) е добра пластика за која постои најмала веројатност од испуштање хемикалии во водата.rnrnLDPE е вид пластика која за жал не се користи за изработка на шишиња, туку само за ќесички за пакување намирници.rnrnPP е исто така добар избор, пластика која се користи главно за чашки јогурт и има бела боја.rnrnПогледнувајте го знакот на дното на амбалажата! Дознајте која пластика ве труе!rn

    Оваа амбалажа треба целосно да ја избегнувате

    rn

    Тоа е пластиката со ознаки PVC (некогаш и 3V), PS и PC (често и без ознака) или по броевите во триаголникот 3, 6 и 7.

    rnPVC испушта две опасни хемикалии кои ја нарушуваат работата на хормоните во организмот. И покрај тоа, оваа пластика се користи за производство на шишиња.rnrnPS во водата ја испушта канцерогената материја стирен. Најчесто се користи за пластични чашки за кафе за еднократна употреба или за амбалажа за брза храна.rnrnPC (или без ознака, но со број 7) е најлоша пластика за амбалажа на прехранбени производи бидејќи ја испушта опасната хемикалија BPA. За жал се користи во амбалажи за бебиња, шишиња за спортисти и садови за подготовка на храна.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи кои никогаш не треба да ги ставате во микробранова

    Работи кои никогаш не треба да ги ставате во микробранова

    Можеби мислите дека можете да пикнете сѐ во микробрановата печка. Но, всушност постојат низа јадења, садови и амбалажи кои никако не смеете да ги загревате во микробранова. Некои се штетни по здравјето, додека пак други може да го расипат самиот уред, па дури и да предизвикаат пожар.rnrnraboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-stavate-vo-mikrobranova-kafepauza.mkrn

    Пластични садови за еднократна употреба

    rnПластичните амбалажи од јогурт, маргарин или кисело млеко не смеат да се користат во микробранова печка. Тие се наменети за еднократна употреба и не можат да поднесат висока температура. Овој вид пластични садови можат да се деформираат во микробрановата или дури и целосно да се растопат и да испуштат опасни хемикалии во храната.rn

    Варени јајца

    rnНемојте да се залажувате – тврдо варени јајца во микробранова се апсолутна грешка. Ако сакате да направите тврдо варени јајца во микробранова, најверојатно ќе добиете само голем неред за чистење. Брзото загревање на микробрановата печка, во јајцата создава голема количина пареа, а насобраната пареа на крај резултира со пукање на јајцата.rn

    Амбалажа од стиропор

    rnХраната за носење обично ја пакуваат во амбалажа од стиропор, па ако ви останала од ручекот на работа, не помислувајте да ја подгревате во микробранова пред да ја дојадете. Стиропорот е вид пластика, а микробрановата е огромен непријател на пластиката, освен ако на амбалажата не е наведено поинаку.rn

    Грозје

    rnНекои видови овошје може да издржат високи температури, но не сите. На пример, грозјето ќе експлодира, а сувото грозје ќе зачади.rn

    Метален прибор за јадење

    rnСекако треба да се избегнува користење на метални виљушки, лажици и сл., без разлика дали златни или сребрени. Имено, металот може да реагира на високата температура и да ја оштети микробрановата печка. Ова правило се однесува и на алуминиумската фолија која може дури да се запали.rn

    Пластични садови за складирање храна

    rnПластичните садови за чување храна можат да бидат многу различни, па ако на садот не е наведено дека е погоден за користење во микробранова, немојте да ризикувате.rn

    Лути пиперчиња

    rnЗагревањето на лутите пиперки во микробрановата нема да им направат ништо на самите нив, но во моментот кога ќе ја отворите вратата, тие ќе испуштат хемиско соединение кое силно ќе ви ги надразни очите и грлото.rn

    Ништо

    rnНе е добро ниту да ја пуштите микробрановата празна. Во таков случај, таа нема да има што да апсорбира па може да се расипе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да си направите држачи за козметика од пластични шишиња?

    Како да си направите држачи за козметика од пластични шишиња?

    Во вашата бања секогаш имате расфрлани моливчиња за очи, римели, четки за нанесување руменило, пинцети и четки за заби? Зошто да не го средите хаосот, складирајќи ги во креативни пластични држачи, кои на многу едноставен начин ќе си ги направите сами, рециклирајќи пластика. Потребни ви се: мали пластични шишиња, нож, пар ножици и врела пегла.rnrnИсечете го грлото на шишето, поправете ги несовршеностите со ножици, а потоа прилепете ја жешката пегла до устата на преостанатиот дел од шишето, за да се зацврсти и формира работ на држачот. Потоа, наредете ја вашата козметика во симпатичната чашка и уживајте во вашиот рециклиран производ. rnrnКако да си направите држачи за козметика од пластични шишиња?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатно 3Д пенкало кое црта во воздух

    Неверојатно 3Д пенкало кое црта во воздух

    Сте посакале ли некогаш да го кренете пенкалото од хартијата и да гледате како вашиот цртеж се претвора во реален тридимензионален објект? Епа сега можете!rnrnНеверојатно 3Д пенкало кое црта во воздухrnrn„3Doodler“ е 3Д револуционерно пенкало коешто црта во воздух. Работи со ABS пластика (материјал којшто се употребува во многу 3Д печатачи), а може да црта во воздух или на некаква површина. Едноставно е за употреба и не му е потребен компјутер или софтвер за да работи. Едноставно приклучете го во струја и за неколку минути нацртајте сѐ што сакате! Доколку знаете да чкртате, цртате или едноставно да го мрдате прстот низ воздухот, тогаш ќе знаете и да го користите 3Doodler.rnrn

    rnНеверојатно 3Д пенкало кое црта во воздухrnrnОва пенкало умее да црта во воздух, на начин што од врвот истиснува загреана пластика, која многу брзо се лади и се претвора во цврста и стабилна структура. Ова ви овозможува да градите бесконечно многу разни 3Д форми со леснотија.rnrnСо ова неверојатно пенкало можете многу едноставно да креирате разни артистички дела. Доколку сте артист или едноставно онака, од хоби сакате да создавате нешто убаво со вашите раце, ќе посакате ова пенкало веднаш да го имате!rnrnНеверојатно 3Д пенкало кое црта во воздухНеверојатно 3Д пенкало кое црта во воздухrn

    Што можете да создавате со „3Doodler“?

    rnПостојат разни начини на кои можете да го користите ова пенкало. Можете да го користите за креирање на рамни површини кои потоа лесно се одлепуваат од парче хартија, за фристајл 3Д објекти или за засебни парчиња, кои потоа лесно можат да се спојат со помош на пенкалово. Еве што се можете да создадете:rn

      rn011

    • Основни 3Д форми и 3Д макети
    • rn011

    • Накит, приврзоци и лампиони
    • rn011

    • Декоративни предмети и магнети за фрижидер
    • rn011

    • Персонализација на секојдневните предмети (футроли за Ајфон, лаптопи, пенкала итн.)
    • rn011

    • Мини Ајфелова кула и што ли уште не…
    • rn

    rn3Doodler работи на секаква површина, вклучително и на пластична, а освен за декорирање и за забава, може да се употребува и за некои ситни поправки на предметите низ вашиот дом. Пенкалото чини 75 американски долари, а негови основачи се Питер Дилворт и Mакс Бoуг.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасни огромни риби од пластични шишиња

    Прекрасни огромни риби од пластични шишиња

    Прекрасната уметничка инсталација која прикажува три огромни риби е поставена на плажата Ботафого во Рио де Жанеиро, Бразил. Скулптурите се направени со цел да го привлечат вниманието на јавноста на неодамна одржаната конференција Рио +20.Прекрасни огромни риби од пластични шишињаНа оваа конференција се сретнаа светските лидери и илјадници други учесници од владиниот, приватниот и невладиниот сектор со цел да најдат начини да ја намалат сиромаштијата, да го подобрат квалитетот на општествениот живот и да ја заштитат природата од брзорастечкиот пораст на популацијата на земјата. Слоганот кој ги придружува овие величествени скулптури од рециклирана пластика гласи: „Препознајте го нивното место“.Прекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишиња
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Наоми Кембел, секси дури и во пластична верзија

    Наоми Кембел, секси дури и во пластична верзија

    Францускиот професионален фотограф и режисер Seb Janiak направил компилација од фантастични фотографии со супер моделот Наоми Кембел. Фотографиите се наменети за магазинот„Soon International“, но тие исто така ќе се најдат и во книгата посветена на досегашната работа на авторот. Наоми Кембел, секси дури и во пластична верзијаАвторот е еден од пионерите на дигиталната фотографија со ретуширање. Тој започнал да ја работи оваа работа во 1986 година, најчесто за проекти поврзани со модата, филмот, па дури и со музиката.Наоми Кембел, секси дури и во пластична верзијаНаоми Кембел, секси дури и во пластична верзијаНаоми Кембел, секси дури и во пластична верзијаНаоми Кембел, секси дури и во пластична верзијаНаоми Кембел, секси дури и во пластична верзијаНаоми Кембел, секси дури и во пластична верзијаНаоми Кембел, секси дури и во пластична верзијаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.