КАФЕ ПАУЗА

Tag: пијалак

  • Неверојатен пијалак што лекува, разладува и ги топи килограмите

    Неверојатен пијалак што лекува, разладува и ги топи килограмите

    Високите температури го намалуваат апетитот, а готвењето над жежок шпорет не претставува задоволство за никого. Ако барате лесен оброк со кој ќе внесете здрави калории, витамини и минерали, пробајте го овој течен оброк што ќе ве освежи, заштити и ќе ви помогне во борбата против килограмите.rnrnНеверојатен пијалак што лекува, разладува и ги топи килограмитеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 раце спанаќ
    • rn 011

    • 70 грама капини
    • rn 011

    • 1 рака боровинки
    • rn 011

    • Половина краставица
    • rn 011

    • Неколку листови нане
    • rn 011

    • 1 лажица сок од лимон или портокал
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмијте ги разладените овошје и зеленчук. Капините и краставиците исечкајте ги и сите состојки ставете ги во блендер. Добро измешајте, а ако сакате постуден пијалак додајте и неколку коцки мраз.rnrnОвој пијалак содржи железо, хранливи влакна, протеини, електролити, калиум, магнезиум, витамини К, А, Ц, Б1 и Б6, фолна киселина и флавоноиди.rnrnПробајте го и овој рецепт за витаминска вода за освежување и полесно справување со летните горештини.

  • 10 знаци дека сте во сериозна врска со кафето

    10 знаци дека сте во сериозна врска со кафето

    Кафето е омилениот пијалак на многумина. Голем број луѓе не можат да го замислат почетокот на денот без шолја кафе. Ако спаѓате во оваа група и ако навистина уживате во кафето, сигурно ќе се препознаете во овие знаци.rnrn10 знаци дека сте во сериозна врска со кафетоrn

    1. Тоа е првото нешто на коешто помислувате откако ќе се разбудите

    rnЕдвај ви се отворени очите, а веќе почнувате да го подготвувате вашето кафе. Пред вас гледате само полни шолји. Мора да се напиете веднаш.rn

    2. Има способност да ви го промени целиот ден

    rnГи знаете оние денови кога ништо не оди по план? Само што ќе помислите дека сè ќе тргне на лошо, се појавува кафето. Птиците продолжуваат да пеат, а облаците веќе не изгледаат толку мрачно. Кафето повторно ве спасило.rn

    3. Чудно ви е кога некој повеќе сака чај

    rnМожеби нема да кажете на глас, но кога некој ќе каже дека повеќе сака чај вие се чувствувате навредено. Едноставно не можете да ги сфатите овие луѓе.rn

    4. Сите знаат колку многу сакате кафе

    rnКако што вљубените зборуваат за нивниот партнер, така и вие не можете да престанете да зборувате за она што го сакате најмногу. Секогаш наоѓате начин да го спомнете кафето, макар и да дадете само мал коментар.rn

    5. Знаете дека далечината зближува

    rn…но тоа не значи дека сакате да го тестирате ова. Среќни сте со кафето и не сакате да се разделите од него.rn

    6. Се чувствувате како да сте изневериле ако отидете во друга кафетерија

    rnАко навистина сакате кафе, голема е веројатноста да имате и омилена кафетерија. А кога земате кафе од друго место, се чувствувате како да сте изневериле. Вие сте посветени на една кафетерија и на еден бренд кафе.rn

    7. Потребно ви е

    rnНе можете да го замислите вашиот ден без барем една шолја кафе и воопшто не ви е срам да го признаете ова. Можеби не ја сакате оваа врска, но потребна ви е. Се разбира, можете да ја прекинете кога сакате.rn

    8. Аромата ве опушта

    rnДали ве смирува мирисот на личноста што ја сакате? Истото го чувствувате и со кафето и знаете дека е многу подобро.rn

    9. Помислувате на кафе кога слушате романтични песни

    rnКафето постојано е во вашите мисли. Дури и романтичните песни ве тераат да помислите на него.rn

    10. Не можете да се сетите на период без кафе

    rnСигурно не сте пиеле кафе уште од мали, но за вас е бизарно да помислите дека имало период кога кафето не било важен дел од вашиот живот. Можеби звучи драматично, но вашиот живот се променил по првата шолја кафе.rnrnПрочитајте ги и овие неочекувани нешта што секој љубител на кафето би сакал да ги знае.

  • Зошто треба да почнете да ставате кокосово масло во вашето кафе?

    Зошто треба да почнете да ставате кокосово масло во вашето кафе?

    Кокосовото масло може да се користи за многу работи. Правите кари? Пржете го зеленчукот во кокосово масло. Ви треба природен отстранувач на шминка? Ставете го на вашето лице пред спиење и измијте го. Кокосовото масло со сладок мирис дефинитивно може да послужи за повеќе намени. Но, дали знаете која е најновата употреба на овој сестран херој? Почнете да го ставате во вашето кафе.rnrnЗошто треба да почнете да ставате кокосово масло во вашето кафе?rnrnМногу луѓе почнаа да додаваат 1-2 лажички кокосово масло во нивната утринска шолја кафе. Многумина ја нарекуваат оваа напивка кето кафе, а некои ја мешаат и со растителен путер за да направат моќно кафе што заситува и помага во битката со вишокот килограми.rnrnПа, кои се придобивките од оваа комбинација? Кокосовото масло е природен извор на триглицериди со среден синџир (MCT), вид заситени масни киселини што телото ги апсорбира многу побрзо за разлика од другите масти. Според луѓето што ја практикуваат оваа рутина, доколку ја додадете оваа комбинација во вашата исхрана, ќе го намалите чувството на глад, ќе го забрзате метаболизмот и ќе ја зголемите вашата енергија. Не се знае дали ова навистина функционира (многу експерти се скептични), но сепак станува збор за голем тренд кој многу брзо се распространува.rnrnНајверојатно се прашувате каков е вкусот. Некои велат дека е кремаст и вкусен, а други дека е масен и по малку одвратен. Најдобро е да го изблендирате маслото во кафето, наместо само да промешате со лажичка.rnrnСѐ уште се двоумите дали да пробате? Ако се обидувате да внесувате помалку калории и масти, тогаш најверојатно треба да го одбегнете овој тренд. Но, ако се интересирате за кето диетата или сакате да го замените кремот од карамела и шлагот со нешто поздраво, слободно пробајте и додадете кокосово масло во вашето утринско кафе.rnrnДоколку сакате вашата утринска напивка да биде уште повкусна, пробајте го ова неодоливо кафе со вкус на кокос и карамела.

  • Зелен алкален пијалак за одржување на здравјето и енергијата

    Зелен алкален пијалак за одржување на здравјето и енергијата

    Благодарение на крцкавата зелена јаболка и интензивниот ѓумбир, овој зелен тоник ќе ви помогне да го преживеете секој ден…

    rnЗелен алкален пијалак за одржување на здравјето и енергијатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 зелена јаболка
    • rn011

    • 3 гранчиња целер
    • rn011

    • 1/2 краставица
    • rn011

    • 2 сантиметри ѓумбир
    • rn011

    • 2 листа кељ
    • rn011

    • 1 лимон
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПресечете ја јаболката на половина и извадете го средниот дел со семките. Ставете ја во соковник. Додајте го целерот. Излупете ја краставицата, исечете ја на тенки линии и додајте ја и неа на останатите состојки. Вклучете го соковникот. Кога ќе добиете сок, изрендајте го ѓумбирот, исечкајте ги листовите кељ и исцедете го лимонот. Измешајте и сипете во чаша.rnrnНапомена: Ако сакате да ги искористите и придобивките на кората од краставицата, купете органска. На овој начин ќе го извлечете најдоброто од неа, без да ги консумирате штетните материи што се користат при прскање на неорганските зеленчуци.rnrnНе ви се допаѓа некоја од овие состојки? Погледнете ја и оваа верзија на зелениот тоник!

  • Само психопатите и садистите го обожуваат овој пијалак: Дали и вие сте дел од нив?

    Само психопатите и садистите го обожуваат овој пијалак: Дали и вие сте дел од нив?

    Научниците дознале кој пијалак им е омилен на психопатите и садистите иако не успеале да ја објаснат таа поврзаност. Според резултатите од истражувањето спроведено на Универзитетот во Инсбрук, ако сакате да пиете џин тоник, постојат големи шанси дека сте психопати. Освен џин тоник, психопатски особини покажале и поединците кои обожуваат темно чоколадо и црно кафе, односно воопшто горчливи вкусови.rnrnСамо психопатите и садистите го обожуваат овој пијалак: Дали и вие сте дел од нив?rnrnВо истражувањето учествувале илјадници луѓе, а задачата им била да пробаат различни видови храна и пијалаци и да оценат колку им се допаѓаат. Потоа, морале да пополнат прашалник за нивната личност, ја мереле нивната емоционална стабилност, склоност кон садизам, агресија и слично.rnrnСе покажало дека луѓето кои претпочитаат горчливи вкусови, како што е вкусот на џин тоник, покажуваат знаци на психопатија, нарцисоидност и садизам.rnrnНаучниците сѐ уште не можат да ја објаснат врската помеѓу овие вкусови и психопатските особини, но некои велат дека тоа е поврзано со преземањето ризици. Имено, горчливите вкусови воглавно се поврзуваат со отровната храна, а „лошиот“ вкус би требало да нѐ одврати од јадењето такви намирници.rnrnШто мислите вие за ова? Дали џин тоникот е вашата омилена пијачка?rnrnВо продолжение дознајте каква музика најчесто слушаат психопатите.

  • Што открива вашиот омилен алкохолен пијалак за вашиот љубовен живот?

    Што открива вашиот омилен алкохолен пијалак за вашиот љубовен живот?

    Дали сте знаеле дека може да се открие женскиот карактер според алкохолниот пијалак што го нарачуваат жените? Дури и да не сте љубители на алкохолот, следниве интересни „откритија“ сигурно ќе ве насмеат. Пронајдете го вашиот омилен пијалак и дознајте што открива тој за вас и вашиот љубовен живот…rn

    Рум и Кока-кола

    rnШто открива вашиот омилен алкохолен пијалак за вашиот љубовниот живот?rnrnОвие девојки се гласни и секогаш се расположени за добра забава. Тие сакаат да танцуваат, да се прегрнуваат и да се смеат. Честопати знаат и премногу да се опуштат.rn

    Вотка

    rnШто открива вашиот омилен алкохолен пијалак за вашиот љубовниот живот?rnrnОвие девојки сакаат да се напијат, особено тие што нарачуваат сечена вотка, како вотка-џус на пример. И дамите кои нарачуваат вотка со мраз и парче лимон сакаат да се напијат, ама внимаваат на тоа колку калории внесуваат.rn

    Виски

    rnШто открива вашиот омилен алкохолен пијалак за вашиот љубовниот живот?rnrnЧистото виски е поинакво од вискито со мраз. Ако некоја жена нарача виски со мраз, тоа значи дека таа навистина сака да се опијани веднаш. Кога некоја девојка ќе нарача чисто виски, тоа значи дека таа навистина се разбира од алкохол. „Чистото“ е за оние коишто сакаат да го зачуваат вкусот. „Виски со мраз“ е повеќе за оние коишто не сакаат да го почувствуваат вкусот на вискито и сакаат само да се опијанат.rn

    Виски со Кока-кола

    rnШто открива вашиот омилен алкохолен пијалак за вашиот љубовниот живот?rnrnОваа жена сега звучи фино и слатко кога нарачува виски и Кока-кола. Но, кога ќе има 50 години и кога сите тие цигари и чаши виски ќе го постигнат нивниот ефект, таа ќе почне да звучи како камионџија со рапав глас.rn

    Шотови

    rnШто открива вашиот омилен алкохолен пијалак за вашиот љубовниот живот?rnrnОвие девојки се како кучиња што лаат, но не касаат. Тие ќе им ветат многу работи на момците кои им се додворуваат, но ќе побегнат од нив во првата прилика.rn

    Sex on the Beach

    rnШто открива вашиот омилен алкохолен пијалак за вашиот љубовниот живот?rnrnСите популарни коктели се знак за тоа дека девојката што го пие сака да се опијани, но на забавен начин. Повеќето жени ја почнуваат вечерта со некој од овие коктели и потоа се враќаат на нивниот вообичаен пијалак. Ретко кога една жена ќе испие 6 коктели одеднаш.rnrnПродолжете на следната страница за останатите алкохолни пијалаци…rnrn

  • „Frosé“: Пијалак број 1 за ова лето!

    „Frosé“: Пијалак број 1 за ова лето!

    Овој едноставен и прекрасен пијалак станува број еден, а ние сѐ уште не сме сигурни дали ни е поубав неговиот вкус или изглед. Frosé (комбинација од англиските зборови „frozen“ што значи замрзнато и „rose“ – розе вино) е новиот тренди пијалак за кој ве предупредуваме дека ќе биде ваша љубов на прв поглед.rnrn1-frose-pijalak-broj-eden-za-ova-leto-a-eve-kako-da-go-podgotvite-sami-www.kafepauza.mk_rnrnОвај пијалак веднаш нè привлече со неговиот розов изглед, а неговата содржина е совршена за жешките и спарни летни денови. За самите да го подготвите овој пијалак нема да ви биде потребно многу време, ниту труд бидејќи неговиот рецепт е доста едноставен. Единствен недостаток кој можеме да го пронајдеме е тоа што треба да почекате неколку часа за да се смрзне. Но, ако го подготвите навреме, тогаш навистина не би требало да има никакви проблеми кои би можеле да ве спречат во вистинското уживање.rnrn2-frose-pijalak-broj-eden-za-ova-leto-a-eve-kako-da-go-podgotvite-sami-www.kafepauza.mk_rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 750 милилитри розе вино
    • rn011

    • 250 грама јагоди (свежи или замрзнати)
    • rn011

    • 150 грама шеќер
    • rn011

    • 120 милилитри вода
    • rn011

    • 80 милилитри сок од лимон
    • rn

    rn rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете го виното во сад кој можете да го замрзнете во рок од 6 часа. Напомена: немојте да користите стаклен сад кој може да пукне! Откако ќе го замрзнете, време е да ги блендирате јагодите.rnrnВо сад измешајте ја водата со шеќерот и ставете ги на оган. Потоа, додајте ги јагодите во врелата мешавина и оставете ги да се изладат околу 30 минути.rnrnПосле тоа, со помош на цедалка исцедете го добиениот сок и оставете го во фрижидер барем 30 минути.rnrnИзмешајте го сокот од лимон со изладениот сируп од јагоди кој претходно го подготвивте и додајте го замрзнатото вино. Блендирајте ги сите состојки.rnrnДоколку барате совршено освежување, а притоа сакате да испробувате нови вкусови, тогаш погледнете како сами да го направите омилениот италијански класик – Аперол Сприц.

  • Зелен пијалак за забрзување на метаболизмот и детоксикација на организмот

    Зелен пијалак за забрзување на метаболизмот и детоксикација на организмот

    Оваа напивка ќе ги исфрли токсините од вашето тело додека спиете!

    rnzelen-pijalak-za-zabrzuvanje-na-metabolizmot-i-detoksikacija-na-organizmot-www.kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 краставица, исечкана на кругови
    • rn011

    • 1 супена лажица магдонос
    • rn011

    • 1 лимон, свежо исцеден
    • rn011

    • 60 милилитри вода
    • rn011

    • 1 супена лажица сок од алое вера
    • rn011

    • 1 супена лажица изрендан ѓумбир
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки во блендер и испијте една чаша пред спиење. За најдобри резултати, комбинирајте со физичка активност. На тој начин побрзо ќе ги исфрлите токсините од организмот и побрзо ќе го забрзате метаболизмот, со што ќе почнете да ги намалувате вишокот килограми.rnrnПогледнете ги и овие совршени смуди рецепти за хранлив појадок.

  • Пијано кафе: Пијалак кој ќе ве освежи и загрее истовремено!

    Пијано кафе: Пијалак кој ќе ве освежи и загрее истовремено!

    Ова лето пробајте една сосема нова напивка која ќе ви ги разбуди сите сетила. Станува збор за пијано кафе. Се подготвува многу лесно и едноставно, но препорачливо е да го пиете само за време на викендите. Изненадете ги вашите пријатели со ова необично кафе и направете им го попладнето позабавно.rnrnПијано кафе: Пијалак кој ќе ве освежи и загрее истовремено!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Турско кафе
    • rn011

    • Ликер од чоколадо или орев
    • rn011

    • Сладолед од чоколадо или ванила
    • rn011

    • Шлаг
    • rn011

    • Малку бело или млечно чоколадо
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПочекајте малку да се излади турското кафе и ставете го во чаша. Додајте ликер од чоколадо или орев по вкус. Ставете топка сладолед од чоколадо или ванила и добро промешајте. Украсете го кафето со шлаг и изрендајте малку бело или млечно чоколадо. Уживањето е загарантирано!rnrnДоколку сте расположени за нешто поосвежително, пробајте го ова кафе со лимонада што ќе ве наполни со енергија.

  • Златно млеко: Ноќен пијалак за смирување

    Златно млеко: Ноќен пијалак за смирување

    Сигурно имате слушнато за златно млеко. Ако се прашувате што е овој пијалак, неговите состојки се куркума, бибер и кокосово масло измешани со млеко. Тоа се користи како лек за речиси сè: Настинка, треска, проблеми со кожата… Иако златното млеко можете да го направите и со млеко од соја или бадем, оригиналниот рецепт од Индија е со обично млеко.rnrnzlatno-mleko-nokjen-pijalak-za-smiruvanje-kafepauza.mkrn

    Дали можете да го направите дома?

    rnДа, и тоа многу лесно.rn

      rn011

    • Чаша од вашето омилено млеко: Обично, соино, млеко од кокос, од ориз, од бадем…
    • rn011

    • Свежа куркума или органска куркума во прав: Свежата куркума можеби не ви е достапна, па затоа можете да го користите и зачинот.
    • rn011

    • Бибер
    • rn011

    • Кокосово масло: Здравите масти од кокосовото масло ја подобруваат апсорпцијата на здравите хранливи материи од куркумата.
    • rn011

    • Мед: Незасладеното златно млеко може да има малку горчлив вкус. Медот ќе го заслади, а нема да ги изгуби хранливите материи.
    • rn

    rn

    Дали сите состојки се здрави?

    rnКога станува збор за обичното млеко, мислењето сè уште е поделено: Дали луѓето треба да пијат млеко од други цицачи или не. Покрај тоа постои мислење и неколку истражувања кои покажале дека пастеризацијата на млекото ја зголемува нетолерантноста на лактоза кај луѓето.rnrnКуркумата, се разбира е одлична и има многу придобивки – превенција од рак, антибактериски својства и намалување на болката. Таа го подобрува имунитетот, помага при болката предизвикана од артритис и помага кај луѓето со Алцхајмерова болест. Исто така го намалува нивото на холестерол.rnrnБиберот ги спречува настинките, проблемите со дишењето, кашлицата, констипацијата, анемијата и уште многу други.rnrnМедот помага во дигестијата и прочистувањето на телото, а истовремено го засладува пијалакот.rn

    Кои се придобивките од златното млеко?

    rnОчигледно е дека со толку здрави состојки златното млеко е навистина добро.rn

    Ја намалува болката и воспалението

    rnКуркумата, биберот и здравите масти во кокосовото масло работат заедно против болката и воспалението.rn

    Помага во дигестијата и слабеењето

    rnКуркумата ги намалува киселините, а кокосовото масло помага во тоа. Биберот помага во апсорбирањето на хранливите материи и ја спречува констипацијата.rn

    Одлично е за срцето

    rnСите состојки на златното млеко помагаат во здравјето на срцето. Го намалуваат холестеролот и крвниот притисок.rn

    Добро е за дијабетичари

    rnКуркумата и кокосовото масло му помагаат на телото да го регулира нивото на инсулин.rn

    Ја подобрува работата на мозокот

    rnСостојките се претвораат во храна за мозокот. Златното млеко помага во спречување на Алцхајмеровата болест, ја подобрува меморијата и ги намалува симптомите на депресија. Златното млеко исто така е добро против стрес бидејќи куркумата поттикнува среќни мисли.rn

    Го зајакнува имунитетот

    rnОвој пијалак не само што ќе ви помогне да се борите против инфекциите, туку ќе ви го подобри и целиот имунолошки систем.rn

    Помага во слабеењето

    rnКомбинацијата од овие состојки го забрзува метаболизмот, го намалува гладот и помага во согорувањето на мастите во телото.rn

    Го спречува ракот

    rnИстражувањата сè уште траат, но досега покажале одлични резултати при спречувањето на ракот.rn

    Постојат ли несакани ефекти?

    rnДодека куркумата е одличен зачин, сепак си има и лоши страни. Ако сте алергични на која било од состојките, не можете да го консумирате златното млеко. Исто така активна состојка од куркумата може да реагира со некои лекарства. Луѓето кои очекуваат операција, се бремени или пак дојат, најдобро е да се консултираат со лекар.rn

    Кој вид куркума е најдобар?

    rnЗачинот кој ни е познат на сите се добива од коренот на растението куркума. Овој корен може да се измие и да се исцеди за да се добие совршениот екстракт за златно млеко. Сепак, кога свежиот корен не ви е достапен, слободно користете го зачинот.rn

    Кога е најдоброто време за консумирање?

    rnПридобивките најмногу се чувствуваат навечер, околу еден час пред спиење. Ова ќе ја забрза дигестијата пред спиењето, ќе го намали стресот и ќе ви го подобри сонот.rnrnПогледнете го и рецептот за овој магичен пијалак.