Дали некогаш сте слушнале за здравствените придобивки кои ги нуди водата од грозјето? Таа претставува одличен додаток за вашата диета, особено затоа што се смета дека е добра за здравјето на црниот дроб. Водата во која се варело сувото грозје стимулира одредени биохемиски процеси во црниот дроб, кои пак помагаат за поефикасно вршење на детоксикација на крвотокот.rnrn
rnrnНајголем „виновник“ за ова се самите зрна грозје, а доколку го следите овој третман четири дена по ред, ќе забележите дека варењето на храната ви се подобрило и дека имате повеќе енергија. Лекарите честопати препорачуваат сувото грозје да го јадете наутро, за подобро здравје на вашето срце, елиминирање на лошиот холестерол, намалување на нивото на триглицериди, подобрена работа на желудникот и самиот метаболизам. Сувото грозје е природен извор на минерали и витамини, но нивниот ефект драстично се зголемува ако пиете вода во која се наоѓале тие зрна, затоа што на овој начин го намалувате нивото на шеќер. Еве како да го направите тоа.rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 400 милилитри вода
- 150 грама суво грозје
rn011
rn
rn
Начин на подготовка
rn1. Внимателно одбирајте ги зрната суво грозје и избегнувајте ги оние кои имаат светла и сјајна боја, затоа што тој сјај не е природен, туку е резултат на бројни хемиски процеси кои се заслужни за таков „привлечен“ изглед. Одлучете се за оние со потемна боја кои ниту се премногу тврди, ниту пак премногу меки.rnrn2. Измијте ги и ставете ги на страна.rnrn3. Во сад, ставете на оган да зовријат две чаши вода. Додајте го сувото грозје и оставете да врие 20 минути. Звучи лесно, но тоа не е сѐ. Потребно е да ги оставите така за зрната грозје да впијат во текот на ноќта.rnrn4. Наредното утро процедете ја водата и повторно загрејте ја. Овој пијалак можете да го пиете врел или млак, но важно е да го правите тоа на празен стомак, веднаш по будењето. Појадокот би требало да следи половина час подоцна.rnrn5. Идеално е ова да го правите неколку дена по ред, а минимум четири. Веќе по два дена ќе забележите дека желудникот ви работи подобро, имате повеќе енергија, а особено се препорачува на луѓето кои сакаат да ги намалат вишокот килограми.rnrnОвој третман можете да го повторувате секој месец.


rnrnНа почеток, пијте ја оваа количина три пати дневно, а по некое време зголемете ја количината на сувото грозје на 50 грама, сѐ додека не биде решен проблемот.rnrnЗа сувото грозје исто се верува дека има и други позитивни ефекти на здравјето, односно помага за регулирање на високиот крвен притисок, прекумерната тежина, ги спречува канцерогените заболувања, помага при анемичност, а одлично е и за тенот и косата.


rnrnДуото вода и јогурт, познато под името „ласи“ е традиционален индиски пијалак, кој е идеален за секој дигестивен систем благодарение на пробиотичките бактерии, а со неколку сочни парчиња овошје тој ќе стане вашиот омилен пијалак во летниот период.rn
rnrnИако сметаме дека пикантната и лута арома на лековитиот ѓумбир, воопшто не звучи примамливо за високите температури, неговото дејство е сосема спротивно. Имено, ѓумбирот помага во регулацијата на телесната температура.rn
rn
rn

rnrnТечната диета го намалува обемот на стомакот и од таа причина лесно можете да го контролирате својот апетит и да изгубите тежина. Таа се базира на консумирање само течна храна, сокови, супи, млечни производи, билни чаеви и вода. Вкупната количина на течности дневно не би требало да биде поголема од 3 литри.rnrn
