Ако сте мислеле дека намалувањето на вашата телесна тежина е невозможна мисија, тогаш ова е вистинското време да го пробате овој неверојатен пијалак од само 3 состојки. Не за џабе го нарекуваат чудо за слабеење – тоа има неверојатен ефект за само месец дена. Станува збор за рецепт кој ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, ќе ја елиминира надуеноста, ќе ги разгради масните ќелии и ќе ја поттикне севкупната работа на вашиот организам со цел брзо да ги исфрлите токсините од вас.rnrnrnrnНо, најдобро од сè е фактот што најверојатно веќе ги имате потребните состојки во вашиот дом, додека за подготовка ќе ви бидат потребни само 5 минути.rn
Потребни состојки:
rn
rn011
1 лимон
rn011
60 грама магдонос
rn011
60 милилитри вода
rn
rn
Начин на подготовка и примена:
rnИсцедете го лимонот и исечкајте го магдонос на ситни парчиња, а потоа ставете ги во чаша и сипете врз нив вода.rnrnОвој пијалак има најдобар ефект на празен стомак. Консумирајте по една чаша дневно, во текот од 6 дена, а потоа направете пауза од 10 дена, па почнете од почеток. Доколку започнете уште од денес, за само месец дена ќе ви треба нова гардероба бидејќи сè што имате ќе ви биде големо!
Готу кола (латински: Centella asiatica) е билка која ја има способноста да го подобри секој аспект на менталното здравје. Станува збор за повеќегодишно растение со потекло од Индонезија, Индија, Јапонија, Кина, Шри Ланка и Јужна Африка. Тоа расте во вода и околу неа, а неговите листови се користат како лек. Готу кола е една од многуте билки кои го привлекоа светското внимание токму поради својата улога во подобрувањето на меморијата, продолжувањето на животниот век, како и големиот број други позитивни влијанија врз здравјето.rnrnrnrnЕдна од главните карактеристики кои одамна се припишуваат на ова растение е неговата способност да го зголеми нивото на менталната јасност. Поради тоа, во традиционалната индиска и кинеска медицина, екстрактот од готу кола се користи за зајакнување на способноста за учење, подобрувањето на меморијата, па дури и како средство за освежување на изгубеното сеќавање.rnrnВо Заводот за фармакологија, „All India Institute of Medical Sciences“ во Њу Делхи, се покажало дека водениот екстракт на готу кола ги зголемува когнитивните способности и го спречува нивното опаѓање. А, когнитивната интелигенција т.е. нејзиниот коефициент (IQ) е нашата умствена способност да запазуваме, анализираме, истражуваме, донесуваме заклучоци и да решаваме редовни и вонредни задачи во својот живот. Со тоа што оваа билка е богата со витаминот Б комплекс се потврдува и нејзиниот позитивен ефект врз мозокот.rnrnБ витамините во организмот учествуваат во процесот на претворање на јаглехидратите во гликоза и на тој начин го овозможуваат правилното функционирање на нервниот систем и мозокот. Меѓутоа, гликозидите, освен шеќер, содржат уште една компонента – агликонот, кој пак може да биде токсичен. Затоа, со готу кола не смее да се претерува. Дозирањето треба да се извршува по упатството на произведувачот и најдобро е по употребата од 2 недели да се направи исто толку долга пауза. Лицата постари од 65 години треба да земаат помала доза на готу кола.rnrnrnrnОва растение никако не се препорачува за деца. Исто така, не се препорачува со лекови кои влијаат на црниот дроб (како што се лековите за намалување на нивото на холестерол во крвта), бидејќи ќе се зголеми ризикот од негово оштетување. Притоа, не се препорачува ниту во комбинација со средства кои имаат седативно дејство (како што е на пример валеријаната). Бидејќи готу кола може да дејствува на зголемување на нивото на шеќерот во крвта, лицата со дијабетес не би требало да ја употребуваат ова билка без претходна консултација со лекар. Лицата со историја на преканцерогени или канцерогени кожни лезии, како што се меланомот, не би требало да консумираат готу кола бидејќи според научните истражувања спроведени врз глувци, се покажало дека се поттикнува растот на канцерогени клетки на кожата. Високата доза и претераната употреба на готу кола кај здравите лица може да предизвика мачнина, вознемиреност на желудникот, поспаноста или главоболка.rnrnДоколку оваа билка не ви е достапна, тогаш обидете се со следниов природен лек кој скоро и да нема негативни последици: Ставете во тегла еднаква количина квалитетно црно, суво вино и маслиново масло. Добро затворете ја теглата и оставете да отстои во фрижидер 7 дена. Протресувајте ја теглата повеќе пати во денот. После 7 дена, пијалакот е спремен за употреба. Пијте по две лажички пред јадење, 3 до 5 пати дневно.
Вискито најпрво се користело како медицинска супстанца, позната како „вода за виталност“, но набрзо ја стекнало својата популарност и станало еден од најбараните пијалаци во светот. Првото виски било дестилирано во 15-от век во Шкотска, а набрзо потоа се распространило ширум светот и денес е пијалак во кој уживаат многу луѓе. Во основно училиште сите сме учеле за штетноста на алкохолот, но консумирањето виски во умерени количини може навистина позитивно да влијае на вашето здравје и пред сè расположение. А пијачите на виски тоа го знаат најдобро, па во продолжение прочитајте за нивните позитивни карактеристики и придобивките од дружбата со нив. rnrnrnrn1. Вискито е пијалак за релаксација. Не е пијалак за луѓе кои сакаат внимание, тој не изгледа посебно, искрено дури и не изгледа убаво. Токму затоа луѓето што пијат виски се посреќни луѓе. Тие одбираат да се такви бидејќи тоа им се допаѓа, а не затоа што изгледа добро од страна. Нема да сретнете вистински пијач на виски кој изгледа нервозно и загрижено.rnrn2. Не се плашат од малку болка. Доброто виски може да ве „изгори“ додека се лизга низ вашето грло, но дефинитивно вреди. Сѐ што е вредно да се направи, мора да боли, а пијачите на виски знаат дека е подобро да биде претопло или преладно, отколку да биде здодевно.rnrn3. Тие се релативно здрави.Луѓето најчесто го пијат вискито чисто или со диетален газиран сок. За разлика од другите алкохолни пијалаци, пијачите на виски не внесуваат дополнителни калории и шеќери. Поради ова, мамурлакот после пиењето виски е поблаг, па затоа и можете слободно да уживате во денот после бурната ноќ. Исто така, пиењето виски го намалува ризикот од рак, деменција, инфаркт и срцеви заболувања.rnrn4. Знаат да ги ценат малите нешта. Вискито е едноставен пијалак. Луѓето кои знаат да ги вреднуваат малите, едноставни нешта, секогаш се посреќни.rnrn5. Знаат да внесат забава во секојдневниот живот.За разлика од текилата или елегантните коктели, во вискито можете да уживате после работа или да го пиете за време на вечерата. Вискито е пијалак за луѓето кои сакаат да уживаат во денот и да се опуштат, без постојано да мора да присуствуваат на луди забави.rnrn6. Тие се безвременски.Вискито е вистински безвременски пијалак, а не само вкус кој ќе го заборавите после една недела. Тоа е нешто кое го одбирате кога ќе созреете доволно за да признаете дека постарите луѓе биле во право. Тоа е истата зрелост која ќе ве спаси од непотребната драма во преостанатиот дел од животот.rnrn7. Тие уживаат во природата. Вискито неофицијално е официјален алкохолен пијалак во дрвените викендички насекаде низ светот. Дали некогаш сте виделе несреќен човек седнат пред каминот во својата куќичка во шумата? Секако дека не.rn
Со историја која се протега назад до колонијалните времиња во Америка, топлиот рум со путер е класичен пијалак за зимскиот период. Традиционално се прави со путер, шеќер, темен рум и зовриена вода, кои едноставно само се ставаат во шолја и се мешаат – иако на овој начин путерот често се одделува од останата смеса, оставајќи мрсен вкус.rnrnrnrnЗа среќа, постојат неколку едноставни чекори кои можат да го трансформираат овој стандарден пијалак во извонредно алкохолно задоволство кое е совршено за ладното време. Со употреба на миксер за да се измешаат путерот и шеќерот заедно со зачините како морско оревче, цимет и каранфилче, пијалакот станува похомоген, без да се чувствува маснотијата од путерот. Исто така, бидејќи тој е направен од шеќер, путер и рум, не е нешто невообичаено, па може да одиме чекор напред со додавање јаболков сајдер наместо вода. Коктелот што се добива има повеќеслојна и попривлечна слаткост.rnrnrn
Топол сајдер од јаболко со рум и путер
rn
Потребни состојки за една шолја:
rn
rn011
1 лажица ладна смеса со путер (рецептот е подолу)
rn011
45 милилитри темен рум
rn011
120 милилитри топол јаболков сајдер
rn011
Стапче цимет за декорација
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете го путерот на дното од шолјата, па потоа додадете го румот. На крај сипете го топлиот јаболков сајдер и полека мешајте. Украсете со стапче цимет и послужете веднаш.rn
Смеса со путер
rn
Потребни состојки за 12 пијалаци:
rn
rn011
8 супени лажици путер, чуван на собна температура
rn011
200 грама кафеав шеќер
rn011
1 кафена лажичка цимет
rn011
½ кафена лажичка морско оревче
rn011
½ кафена лажичка каранфилче
rn011
Прстофат морска сол
rn
rn
Начин на подготовка:
rnВо голем сад, со миксер изматете ги заедно путерот, кафеавиот шеќер, зачините и морската сол. Мешајте сè додека смесата не стане хомогена и мазна. Направете мали парчиња од смесата, завиткајте ги во пергамент хартија и оставете ги 1 час да се оладат.
Виното ги прави луѓето среќни. Тоа го знаеме сите, но веројатно има неколку интересни факти за виното кои не ги знаете. Прочитајте 10 занимливи нешта за вашиот омилен зимски алкохол.rnrnrnrn1. Обичајот за удирање на чашите за здравица доаѓа од стариот Рим каде што овој метод се користел за инволвираните да бидат сигурни дека никој не се обидува да ги отруе (кога се судирале чашите, виното се преливало од една во друга чаша). Оваа традиција започнала претходно уште во античка Грција – каде домаќинот ја пиел првата чаша вино за да им покаже на гостите дека нема намера да ги отруе.rnrn2. Кога зборуваме за Рим – во антички Рим на жените им било забрането да пијат вино. Ако сопругот ја начекал својата жена додека пие вино имал право, според законот, да ја убие.rnrn3. Но, Египет била античка цивилизација каде што не се пиело вино. Старите кралеви го одбегнувале виното поради верувањето дека црвениот алкохолен пијалак е всушност крвта од оние кои се обиделе да се борат со боговите. Поради тоа, според Египќаните, луѓето се однесуваат нерационално додека пијат вино (алкохол).rnrn4. Ако поседувате винска колекција – немојте да ги чувате шишињата исправени, бидејќи ова ќе предизвика сушење на тапата и нејзино собирање поради што во шишето може да влезе воздух. Секогаш чувајте ги шишињата со вино наопаку, освен ако не користите тапа од вештачки материјали.rnrnrnrn5. Иако искушението е големо – обидете се да не го чувате виното во кујната. Температурите во кујната се многу високи и можат да го нарушат квалитетот на виното. Фрижидерот исто така не е место за чување вино, бидејќи температурите се премногу ниски. Најдете темен, ладен орман некаде низ вашата куќа или стан, каде што ќе може да ги чувате сите ваши шишиња. Или едноставно направете визба за чување вина.rnrn6. Дали истовремено сакате екстремен живот и вино? Ако го посетите Виетнам, од келнерот побарајте чаша кобра вино. Овој екстремен пијалак се состои од оризово вино, со додаток крв од кобра убиена на лице место. По желба во пијалакот може да се додаде и срцето на кобрата.rnrn7. За време на забраната за производство на алкохол во САД, производителите на концентрат од гроздов сок ја искористиле големата страст за пиење кај Американците и на своите производи лепеле големи налепници со предупредување на кои пишувало „Откако ќе го измешате концентратот со вода, ве молиме да не го чувате 20 дена во дрвени буриња – бидејќи ќе се престори во вино.“rnrn8. Едно испитување спроведено во Австралија вели дека жените кои пијат две чаши вино дневно уживаат повеќе во сексот од жените кои воопшто не пијат.rnrnrnrn9. Светскиот шампион кој може да препознава вино по мирис бил крунисан во 2003. Ричард Јахлин од Шведска препознал 43 вина од 50. За споредба, освојувачот на второ место препознал само 4.rnrn10. Постои фобија од вино која се нарекува оенофобија и навистина има луѓе кои страдаат од неа. Можеби звучи смешно, но оенофобијата како и другите фобии на луѓето им предизвикува анксиозност, страдање, посебно ако често излегуваат во ресторани.
Веруваме дека додека сте во фаза на бременост, вие се трудите да се храните колку што е можно поздраво, а летото е добар период за тоа. Меѓутоа, понекогаш е тешко да им одолеете на слатките. Па, за да не посегнете по сладоледот или пак вештачките сокови, за вас пронајдовме супер смуди рецепти кои ќе ви помогнат да им одолеете на слатките.rnrnrn
1. Смуди против утринските мачнини
rn
rn011
1 банана
rn011
1/2 чаша јогурт
rn011
1 лажичка мед
rn011
1 шолја млеко
rn011
Неколку коцки мраз
rn011
Малку ѓумбир во прав или свеж, нарендан
rn
rnТајната состојка е ѓумбирот, бидејќи тој помага за варењето. Млекото и јогуртот ќе ви ја дадат потребната количина на калциум, а медот е природен засладувач. Бананата е примарен извор на калиум кој ќе ви помогне да се справите со налетот на мачнините.rnrnrn
2. Смуди од малини и вишни
rn
rn011
1/2 шолја малини
rn011
1 вишни
rn011
1 шолја лимонада
rn011
1/2 шолја мраз
rn
rnАко никако не можете да ја изгасите жедта во текот на летните денови, тогаш пробајте го овој овошен деликатес.rnrnrn
3. Цитрос смуди
rn
rn011
1 мандарина (излупена и исечкана)
rn011
1/2 шолја ананас на прачиња
rn011
1 шолја лимонада
rn011
1 лажичка сок од лимета
rn011
1/2 шолја мраз
rn
rnЗемете ја вашата дневна доза витамин Ц и уживајте!rnrnrn
4. Смуди овошна салата
rn
rn011
¼ шолја исечкани јаболка
rn011
¼ шолја исечкани круши
rn011
1 исечкана банана
rn011
1 рака суво грозје
rn011
1 лажичка исечкани ореви
rn011
1/2 чаша јогурт
rn
rnЗошто вашата омилена овошна салата не би ја претвориле во пијалак? Најважно е овошјето да биде разновидно, а потоа може да си играте и да го комбинирате на најразлични начини.rnrnrn
5. Смуди од јагоди и киви
rn
rn011
1 шолја јагоди
rn011
1 исечкано киви
rn011
1 лажичка сок од лимон
rn011
1/2 шолја мраз
rn011
1/2 шолја млеко
rn
rnОвој освежувачки пијалак е полн со витамините Е, Ц и К, но и со калиум, кој ќе му направи големо добро на вашиот организам.rnrnrn
6. Смуди од банана и боровинки
rn
rn011
1 банана
rn011
1/2 шолја боровинки
rn011
1 шолја млеко
rn011
1 лажичка ванилин шеќер
rn
rnУживајте во ова смуди заедно со неколку бисквити или лепче намачкано со мармалад.rnrnrn
7. Зелено смуди
rn
rn011
1 шолја кељ
rn011
1 шолја исечкани дињи
rn011
1 шолја млеко
rn011
1 банана
rn011
1 лажичка ванилин шеќер
rn
rnОва смуди може да биде одличен избор за попладневна ужина.rnrn
Овој неверојатен рецепт ќе ви помогне да ја повратите животната енергија и да го зајакнете имунитетот, а притоа нема да мора ни да се фарбате затоа што нема да имате бели влакна на косата.rnrnrnrnДоаѓањето на убавите сончеви денови е идеално време за чистење на организмот од токсини. Еден од најдобрите начини за тоа е терапијата со трева од пченица која се смета за една од најсилните средства за детоксикација.rnrnПченичната трева делува како чиста сончева енергија, а само 7,5 грама имаат еднаква хранлива вредност како 175 грама моркови, салата или целер. Оваа терапија за чистење на организмот била позната уште од времето на фараоните.rnrnДенес се соочуваме со секојдневни стресови, загадена околина, штетни зрачења и нездрава исхрана, па затоа способноста за детоксикација на тревата од пченица е поважна од кога било.rnrnАко се чувствувате уморно, лошо и постојано сте деконцентрирани, тогаш ваквото чистење на организмот може да ви помогне да ја вратите енергијата и да го подобрите здравјето.rn
Знаци кои покажуваат дека ви е потребна детоксикација:
rn
rn011
Главоболка
rn011
Алергија
rn011
Проблеми со кожата
rn011
Непријатен здив и лош мирис на телото
rn011
Лошо варење на храната
rn011
Надуеност и гасови
rn011
Дебелеење или претерано слабеење
rn011
Запек
rn011
Замор, лоша концентрација, слабо памтење
rn011
Депресија
rn011
Предвремено стареење
rn
rn
Предности на тревата од пченица
rnrnrnТревата од пченица содржи повеќе од 100 елементи кои му се потребни на човекот, а меѓу нив се основните масни киселини, некои важни ензими и антиоксиданси.rnrnЕден од поважните елементи е хлорофилот, на кој отпаѓа околу 70% од составот на пченичната трева.rnrnХлорофилот е важен за исфрлање на отровите и тешките метали од телото. Тука се и витамините А, Б, Б17, Ц, Е, Ф и К, како и минералите калиум, железо, магнезиум и калциум.rnrnПченичната трева го зголемува бројот на црвените крвни клетки, ги чисти крвта и другите органи и го стимулира метаболизмот. Поради големата застапеност на хлорофилот, тревата од пченица ја збогатува крвта со кислород. Ефикасно го чисти црниот дроб и ги неутрализира токсините. Ја поттикнува работата на тироидната жлезда и ја намалува киселоста во организмот.rn
Сокот од пченична трева ја враќа бојата на влакната на косата
rnРедовното консумирање на свеж сок од млада пченична трева ни нуди многу предности, а една од нив е тоа што можеме да го забавиме растот на белите влакна и да ѝ ја вратиме природната боја на косата.rn
Вистинска приказна: Има 82 години, а нема ниту едно бело влакно!
rnrnrnД-р Ен Вигмор прва го промовирала сокот од млади зелени житарици. Таа детално ги истражила својствата на сокот од млада пченица и го развила, потоа детално го опишала процесот за одгледување млада пченица во плитки садови во куќа или на кое било место. Вигмор измислила и евтин соковник за млада пченица со цел да го направи овој животен еликсир достапен за секого.rnrnСокот од трева од пченица воедно е и одличен чистач на крвта и помага во подмладување и регенерација на кожата.rnrnПоради високото учество на хлорофилот, како и на аминокиселините, минералите, витамините и ензимите, тревата од пченица има широк спектар на здравствени придобивки и лековити својства.rnrnПочнете да пиете секој ден по 30 милилитри сок, па постепено можете да ја зголемувате дозата до два пати на ден по 30 милилитри.rnrnrn
Еве како да одгледувате трева од пченица:
rn
rn011
Потопете ги зрната пченица и оставете ги да стојат така 8-12 часови.
rn011
Ставете ги зрната во стаклена тегла и во текот на наредните 24 часа исплакнете ги три пати.
rn011
Кога ќе почнат да се гледаат ‘ркулци, посадете ги зрната плитко во земјата. Односот треба да биде 1 дел ѓубриво на 3 дела земја.
rn011
Налејте ја засадената пченица и покријте ја теглата во првите три дена за да не се исуши. Во текот на тие три дена, добро налевајте ја наутро, а навечер само пропрскувајте ја со вода.
rn011
Четвртиот ден откријте ја теглата и зрната нека бидат на индиректна светлина.
rn011
Идеалната температура за растење на пченицата и спречување појава на мувла е од 21 до 26 степени Целзиусови. Ако се појави мувла тогаш почнете да одгледувате нова трева од пченица.
rn011
Тревата од пченица можете да ја сечете кога ќе порасне околу 20 сантиметри. Два дена пред да ја сечете, изнесете ја надвор на сонце за да дојде до синтеза со хлорофилот.
rn011
За ново одгледување користете нови зрна и земја.
rn011
Сокот од трева од пченица можете да го исцедите со помош на соковник или да ја сомелете во блендер заедно со вода.
Ако сакате да ја дотерате фигурата пред да дојде летото, сега е идеално време да почнете да размислувате за тоа.rnrnrnrnДоколку сè уште не сте се упатиле во теретана или не сте започнале со диета, не грижете се. Постои начин брзо и ефикасно да ја стесните фигурата на вашето тело. Благодарение на овој рецепт, многу жени успеале да го намалат обемот на струкот за неверојатен 1 см на ден.rnrnОвој напиток ги елиминира вишокот масти и вода во организмот и истовремено го подобрува функционирањето на мозокот, видот и помнењето. Покрај сето тоа, многу е освежителен, па ќе ви годи во топлите денови кои доаѓаат.rn
Потребни состојки:
rn
rn011
1 лажичка мед
rn011
2 лажички јаболков оцет
rn011
1 шолја свежо цеден сок од грејпфрут
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСè што е потребно е да ги ставите сите состојки во блендер и да ги мискате додека не добиете хомогена смеса.rn
Начин на конзумирање:
rnОвој напиток би требало да го конзумирате секој ден пред главниот оброк, односно пред ручек или вечера во текот на една недела. После тоа направете пауза од 7 дена, па повторете го третманот.rn
Екстра совет:
rnВо случај да не го сакате сокот од грејпфрут, како замена можете да користите и сок од портокал.
Знаете дека одредена храна има моќ да го поттикнува либидото, но што мислите дека ќе се случи доколку искомбинирате неколку вакви, внимателно одбрани природни афродизијаци? Овој шејк лесно можете да го направите сами, а покрај тоа што е неодоливо вкусен, има навистина силни и моќни својства заради кои ќе треба да се подзамислите на кого ќе му го сервирате.rnrnrn
Пиењето на овој пијалак наутро на празен стомак придонесува за чистење на вашиот организам од токсините. Тој ќе ви го подобри варењето во текот на денот, ќе ви го забрза метаболизмот и на тој начин ќе ве однесе поблиску до губењето на килограмите.rnrnrn
Потребни состојки за една доза:
rn
rn011
2 лажици сиров, нефилтриран јаболков оцет
rn011
2 чаши филтрирана вода
rn011
½ лажичка мед
rn011
прстофат цимет, ѓумбир и мускатно оревче
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСилно мешајте ги сите состојки додека медот сосема не се растопи во течноста. Потоа пијалакот е спремен за пиење.rnrn rnrn