КАФЕ ПАУЗА

Tag: пијалак

  • Флертувачки коктели за св. Валентин

    Флертувачки коктели за св. Валентин

    Денеска, според католичкиот календар, е Св. Валентин, а според православниот Св. Трифун, па така што и да славите со сигурност убаво ќе си поминете. Сепак, доколку сакате да ги искомбинирате овие два празника, еве неколку одлични коктели кои ќе ви помогнат да го направите тоа.rn.rn

    Забранета љубов (Amore Vietato)

    rnФлертувачки коктели за Св. Валентинrn

      rn011

    • 60 ml џин
    • rn011

    • 30 ml леден сок од црвен портокал
    • rn011

    • 10 ml шербет
    • rn011

    • 2 јагоди
    • rn011

    • 2 резанки краставица
    • rn

    rnНачин на подготовка: Едната јагода и едната резанка од краставица исечкајте ги на парчиња. Во шејкер ставете ги џинот, сокот од црвен портокал и шербетот. Додадете ги парчињата овошје и силно протресете. Коктелот сипете го во висока чаша за мартини. Украсете со јагодата и краставичката која ви остана, а од кората од портокалот можете да направите форми на срциња.rn.rn

    Љубовта е… Маргарита (Love is…Margarita)

    rnФлертувачки коктели за Св. Валентинrn

      rn011

    • 75 ml чоколадно млеко (ладно)
    • rn011

    • 25 ml текила
    • rn011

    • 25 g пире од јагоди
    • rn011

    • 1 јагода прелиена со чоколадо
    • rn

    rnНачин на подготовка: Во дебела чаша сипете ги чоколадното млеко, текилата и пирето од јагоди. Енергично промешајте за да се добие хомогена смеса и украсете со јагодата прелиена со чоколадо.rn.rn

    Цреша (Kerasi)

    rn rn

    Флертувачки коктели за Св. Валентин

    rnrn

      rn011

    • 60 ml вотка од праска
    • rn011

    • 30 g пире од цреши
    • rn011

    • 15 ml ликер од праска
    • rn011

    • 15 ml бренди од цреша
    • rn011

    • 15 ml сок од лимон
    • rn011

    • 10 ml пенливо вино
    • rn

    rnНачин на подготовка: Сите состојки измешајте ги, освен пенливото вино и сипете ги во висока тенка чаша. Одозгора сипете го виното и украсете со една цреша.rn.rn

    Присети се на минатото лето (Remember Last Summer)

    rn

    Флертувачки коктели за Св. Валентин

    rnrn

      rn011

    • 45 ml вотка од ванила
    • rn011

    • 45 ml ликер од јагода
    • rn011

    • 30 ml сок од ананас
    • rn011

    • 15 g крем од кокос
    • rn011

    • рендан кокос
    • rn011

    • мраз
    • rn

    rnНачин на подготовка: Сите состојки, освен ренданиот кокос, ставете ги во шејкер и силно протресете. Сипете го коктелот во голема чаша и украсете со ренданиот кокос.rn.rn

    Пунч од јагоди (Strawberry Punch)

    rn

    Флертувачки коктели за Св. Валентин

    rnrn

      rn011

    • 3 свежи јагоди
    • rn011

    • 3 парчиња конзервиран ананас
    • rn011

    • 15 ml сок од ананас (од конзервата)
    • rn011

    • 10 ml шербет
    • rn011

    • 60 ml бел рум
    • rn011

    • мраз
    • rn

    rnНачин на подготовка: Истолчете го овошјето и ставете го во шејкер. Додадете го мразот и останатите состојки и силно протресете. Коктелот сипете го во голема чаша и украсете со овошје.rn.rn

    Розова маргарита (Pink Margarita)

    rn

    Флертувачки коктели за Св. Валентин

    rnrn

      rn011

    • 45 ml текила
    • rn011

    • 10 ml кампари
    • rn011

    • 15 ml свеж лимонов сок
    • rn011

    • 15 ml мед
    • rn011

    • мраз
    • rn

    rnНачин на подготовка: Ставете ги сите состојки во шејкер и енергично протресете. Коктелот сипете го во голема чаша, а украсете со резанка лимон и лист од нане.rn.rn

    Цвет од боровинка (Cranberry Flower)

    rnФлертувачки коктели за Св. Валентинrn

      rn011

    • 60 ml џин
    • rn011

    • 25 ml лимонов сок
    • rn011

    • 25 ml лимонов шербет*
    • rn011

    • 2 Супени лажици шербет од боровинки**
    • rn011

    • 6 боровинки
    • rn

    rnНачин на подготовка: Столчете ги боровинките и ставете ги во шејкер. Додадете го шербетот од боровинки и од лимон, лимоновиот сок и џинот и силно протресете. Коктелот сипете го во висока чаша за мартини и украсете со три боровинки.rnrn* При правење на стандарден шербет додавате свеж лимонов сок.rn** При правење на стандарден шербет додавате свеж сок од боровинка.rn.rn

    Бакнеж од јагода (Strawberry Kiss)

    rn

    Флертувачки коктели за Св. Валентин

    rnrn

      rn011

    • 45 ml вотка од ванила
    • rn011

    • 15 ml ликер од јагода
    • rn011

    • 10 ml сок од ананас
    • rn011

    • 10 ml шампањ
    • rn011

    • 1 јагода
    • rn

    rnНачин на подготовка: Сите состојки, освен шампањот, сипете ги во тенка чаша за вино. Одозгора сипете го шампањот и украсете со јагодата.

  • Атоле

    Атоле

    Атоле е традиционален мексикански пијалак кој локалното население во Мексико го пие преку целиот ден, иако најчесто се служи за време на појадокот. Бидејќи најдобрите ванила-стапчиња доаѓаат од Мексико, логично е мексиканците да измислат пијалак кој ќе го величи овој божествен зачин. Одлична замена е за тешките и преблаги пудинзи од ќесичка. Еве како да го направите: АтолеrnrnЗа 6 шолји атоле потребно е:rn

      rn011

    • 40 г нишесте
    • rn011

    • 1.5 литри млеко
    • rn011

    • 65 г шеќер
    • rn011

    • екстракт од ванила
    • rn

    rnНачин на подготовка: Во големо тенџере ставете ги нишестето и 250 мл млеко. Со жица за матење мешајте за да се соединат и да нема грутки во млекото од нишестето. Кога ќе добиете мазна смеса, истурете го остатокот од млекото и потоа додајте ги екстрактот од ванила и шеќерот. Вклучете ја ринглата на средна температура и гответе ја смесата со жица за да се стопи шеќерот и да се згусне целата смеса. АтолеКога ќе се згусне атолето, претурете го во високи шолји и оставете малку да се олади. Овој мексикански пијалак се служи топол.АтолеЗабелешка: Оригиналниот рецепт за атоле вклучува стапче од ванила. Тоа во Скопје ретко се наоѓа, а исто така е најскапиот зачин во светот.

  • Кампари Мимоза

    Кампари Мимоза

    Ова е пијалакот со кој ќе сакате да наздравите за доаѓањето на новата година. Италијанскиот ликер кампари ќе ве освои со неговиот горчлив вкус, а прекрасните меурчиња од деликатниот шампањ само ќе го надополнат изгледот на овој новогодишен пијалак.rnrnКампари Мимозаrnrn

    За 12 чаши потребни се:

    rn

      rn011

    • 3/4 шолји кампари
    • rn011

    • 3 шолји свежо цеден сок од портокал, претходно оладен
    • rn011

    • 750 мл добро оладен шампањ
    • rn011

    • за декорација: спирали од кора од портокал
    • rn

    rnКампари Мимозаrnrn

    Подготовка:

    rnrnСекоја висока чаша наполнете ја со 1 голема лажица кампари и 1/4 шолја сок од портокал. Промешајте. Благо навалете ја чашата и наполнете ја со шампањ. Секоја чаша декорирајте ја со спирални кори од портокал. Служете веднаш.rnrnКампари МимозаКампари МимозаrnrnЗабелешка: Со мало ноже излупете тенки долгнавести парчиња кора од портокал. Целата кора навртете ја на тенко дрвено стапче и оставете ја да постои во фрижидер еден час за да се стврдне. Потоа, ставете по една спирална кора во секоја чаша со кампари мимоза.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неонска лимонада

    Неонска лимонада

    Замислете си пијалак што свети и тоа не на филм или на слика, туку на вашата забава.Неонска лимонадаОвој рецепт ќе свети благодарение на 3 работи: тоник вода, ултра-виолетови светла и проѕирни пластични чаши. Да, да тоник водата содржи кинин и свети во темница. Сега ја знаете тајната како да си направите супер светкави пијалаци, сокови и коктели. Има многу пијалаци што може да се направат со тоник вода. Еден од нив е лимонада која секако ќе свети.rnrnПотребно е:rn

      rn011

    • тоник вода со кинин
    • rn011

    • сок од цеден лимон
    • rn011

    • коцки мраз
    • rn

    rnНаправете коцки мраз од вода и тоник вода. Помешајте ги лимонадата и тоник водата. Претурете ја течноста во висока чаша за бело вино и ставете од коцките мраз.rnrnИзгаснете ги светлата и забавата може да почне.Неонска лимонадаЗабелешка: Сокот од лимон може да го замените со сок од портокал или некој друг сок по ваш вкус.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Гламурозни коктели инспирирани од „Сексот и градот“

    Гламурозни коктели инспирирани од „Сексот и градот“

    „The pink drink“ (розовиот пијалак) кој е микс од вотка, Triple Sec и сок од боровинки, стана мега популарен со ТВ серијата „Сексот и градот“, во која софистицираната Кери Бредшо го нарачуваше во секој бар во Њујорк. Но сега, секоја од четирите девојки има свој уникатен напиток, направен од производителите на вотката SKYY.rnrnПравењето коктели никогаш не било повозбудливо! Викнете ги вашите најблиски пријателки на гости, спремете чаши за мартини и поминете една незаборавна вечер, како девојките од „Сексот и градот“.rn

    „The Carrie“ – Кери1-Glamurozni-kokteli-inspirirani-od-„Seksot-i-gradot“-www.kafepauza.mk_

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 60 ml SKYY вотка
    • rn011

    • 15 ml свежо цеден сок од лимон
    • rn011

    • 15 ml свежо цеден сок од зелен лимон
    • rn011

    • 1 кафена лажичка шеќер
    • rn011

    • 1 голтка ликер Crème de cassis
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо еден поплиток сад сипете малку од ликерот, превртете ја чашата за мартини обратно и натопете ја површината во него. Потоа во тацна сипете шеќер и кристализирајте ја чашата. Во мешалка за коктели (шејкер) ставете ги состојките и додадете неколку коцки мраз. Енергично тресете ја мешалката за убаво да се изедначи пијачката и потоа сипете ја во чаша за мартини произведена од Swarovski (сет од 2 чаши чини „само“ 390 американски долари). Завршете го коктелот со отсипување една капка од ликерот crème de cassis на врвот.rn

    „The Samantha“ – Саманта

    rn

    Гламурозни коктели инспирирани од „Сексот и градот“

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 60 ml SKYY вотка со вкус на ананас
    • rn011

    • 30 ml свежо цеден сок од зелен лимон
    • rn011

    • 20 ml ликер Triple Sec
    • rn011

    • 20 ml чоколаден ликер Crème de cacao
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги состојките и неколку коцки мраз во мешалка за коктели и промешајте убаво. Сипете ја пијачката во секси чаша за мартини. Декорирајте со резанка од зелен лимон.rn

    „The Charlotte“ – Шарлот

    rn

    Гламурозни коктели инспирирани од „Сексот и градот“

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 45 ml SKYY вотка со вкус на грозје
    • rn011

    • 90 ml газиран сок 7- Up
    • rn011

    • 7 ml свежо цеден сок од лимон
    • rn011

    • 7 ml црвено вино
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсцедете пола лимон и сипете го во мешалка за коктели. Додајте ги вотката со вкус на грозје, сокот 7–Up и неколку коцки мраз, а потоа промучкајте. Пијачката сипете ја во висока чаша Collins (сет од 6 чаши чинат 42,60 американски долари) полна со коцки мраз. На крајот, заруменете го котелот со црвено вино.rn

    „The Miranda“ – Миранда4-Glamurozni-kokteli-inspirirani-od-„Seksot-i-gradot“-www.kafepauza.mk_

    rn

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 60 ml SKYY вотка со вкус на ѓумбир
    • rn011

    • 2 супени лажици сируп од мед (за да направите сируп од мед, потребно е да измешате една лажица вода со една лажица мед)
    • rn011

    • 20 ml свежо цеден сок од лимон
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки во мешалка за коктели, додадете неколку коцки мраз и промешајте силно. Сипете го добиениот коктел во замрзната чаша за мартини. Од лимоновата кора направете декоративна лента, која ќе ја замотате на стапче за коктел.rn

    „The Mr. Big“ – Ѕверка

    rn

    Гламурозни коктели инспирирани од „Сексот и градот“

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 60 ml SKYY вотка со вкус на цреша
    • rn011

    • 15 ml бурбон Wild Turkey 101
    • rn011

    • 20 ml Кока-кола
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСипете ги вотката, бурбонот, колата и неколку коцки мраз во мешалка за коктели и мешајте. Подготвената пијачка сипете ја во голема чаша за пунч од 3,5 dl. На крајот декорирајте со марачино цреша.rnrnОдберете го вашиот омилен коктел и забавата може да започне!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што кажува за вас пијалакот кој го пиете?

    Што кажува за вас пијалакот кој го пиете?

    Сте помислиле ли некогаш дека пијалакот што го пиете можеби го покажува вашиот карактер? Погледнете како пијалакот го открива вашиот карактер и карактерот на луѓето околу вас.rn

    Црвено вино

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnВие сте личност која сака да се дружи, но преферирате да одите на забави каде ќе можете да зборувате со партнерот до вас. Избегнувате барови со премногу луѓе и хаотични домашни забави. Имате стил или барем сакате така другите да мислат за вас. Во виното уживате дури и ако го пиете од пластична чаша. Не сте претенциозни, но сонувате за денот кога ќе ги гледате луѓето од високо. Остроумност, организираност, професионалност и одличен стилски изглед се особини кои ве красат.rn

    Пиво

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnКреативни сте и сакате да експериментирате. Имате многу идеи и не се разочарувате ако не се земат веднаш предвид. Уживате во џезот, уметноста и во медиумите. Најчесто сакате да одите во пабови. Се дружите со различни луѓе и малку сте ексцентрични во однесувањето.rn

    Ликер

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnОбожавате домашни забави и најчесто сте веќе напиени пред да стигнете на забавата. Махери сте за опивање. Луѓето ве знаат, но никогаш не се сигурни за вашето име. Исто и вие. Не сте секогаш сигурни за имињата на луѓето кои се во вашето друштво. Добредојдени сте и пожелни на секоја забава. Вие сте од оние кои знаат добро да се забавуваат.rn

    Бело вино/Вотка

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnВие сте сестрана личност и пиете во зависност од вашето расположение. Имате претприемачки дух и сакате одговорни функции. Модата ви е важна и секогаш сакате да изгледате беспрекорно. Независни сте и сакате да оценувате. Џорџо Армани е еден од многуте кој ужива во овие пијалаци.rn

    Блади Мери

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnЕгзотични сте, а вотката ја обожавате. Имате хипи дух. Секогаш барате начин да го споите здравото со забавното.rn

    Космополитен

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnВие сте најголем фан на серијата „Сексот и градот“. Овој сладок коктел ве прави да се чувствувате најсофистицирано.rn

    Текила

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnКога пиете текила исто како да имате голем знак кој вели: „САКАМ ЗАБАВА!“ Вие сте диви, забавни, секси и сите очи се вперени во вас. Сакате долги, луди и незаборавни ноќи. Екстравертни сте и ослободени од секакви предрасуди.rn

    Маргарита

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnКога го пиете овој пијалак, единствено нешто за што размислувате се големи палми и песочни плажи. Сакате забави на плажа и сите коктели кои одат со неа.rn

    Виски

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnВие сте борец, но не во онаа лоша смисла на зборот. Едноставно, за секое прашање имате одговор. Темпераментни сте и избувливи. Луѓето не ве прашуваат што пиете, бидејќи и така ги гледаат проблемите на вашето лице.rn

    Џин

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnНе го сакате алкохолот, па затоа џинот ви е безбедна опција. Жедни сте за удобност и безбедност. Ја прифаќате реалноста, се фокусирате кон домот, семејството и пријателите. Сакате среќен крај на филмовите, сапунски серии. Модата вешто ве одминува.rn

    Рум

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnСе претпоставуваат две работи: или сте пират или сакате да се напиете од љубопитност.rn

    Шампањ

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnРомантични сте и не се грижите за тоа што мислат другите околу вас. Сакате да флертувате и сигурни сте дека со чаша шампањ, тоа одлично ви оди.rn

    Мартини

    rnШто кажува за вас пијалокот кој го пиете?rnrnВие имате одличен вкус и доволно пари за да нарачате минимум уште две мартини. Можеби Џејмс Бонд ви е идол.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #4

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #4

    Оваа недела, нашиот избор за десктоп позадина ќе им се допадне на љубителите на кафето кои преферираат овој магичен пијалак да го пијат во комбинација со малку млеко.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1080) и за да ја преземете на вашиот компјутер.rnКафе-позадина за вашиот десктоп #4

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #3

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #3

    Нова работна недела, нови предизвици, нова потрага по инспирација. За сето ова, потребен е бистар ум и енергија. Не заборавајте да правите кафе пауза. Еве нешто што ќе ви помогне во тоа.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (2560×1440) и за да ја преземете на вашиот компјутер.Кафе-позадина за вашиот десктоп #3

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #2

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #2

    Започнете ја оваа недела со нова десктоп позадина која ќе ве потсеќа на свежиот мирис на кафето, а истовремено ќе го освежи и вашиот монитор.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и за да ја преземете на вашиот компјутер.rnrnКафе-позадина за вашиот десктоп #2

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #1

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #1

    Земете шолја полна со овој магичен пијалак, сервирана на вашиот десктоп,  колку пати сакате во текот на денот.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина и за да ја преземете на вашиот компјутер.rnrnКафе-позадина за вашиот десктоп #1