КАФЕ ПАУЗА

Tag: митови

  • Луди митови за убавината и здравјето кои се всушност вистинити

    Луди митови за убавината и здравјето кои се всушност вистинити

    Постојат митови кои навистина звучат смешно и воопшто не се вистинити, како на пример, митот дека пастата за заби може да ви помогне со акните. Верувајте, таа само ќе ја влоши состојбата. Но, од друга страна постојат и неколку луди „урбани легенди“ кои се целосно вистинити…rnrnЛуди митови за убавината и здравјето кои се вистинитиrn

    Премногу стегнатa пунџа или коњско опавче може да доведе до опаѓање на косата и појава на ќелавост

    rnКој било вид фризура која предизвикува тензија на вашата глава може да доведе до оштетување на косата и нејзино опаѓање. Бидејќи од оштетените корени не може повторно да порасне ново влакно, вашата коса нема да може да се обнови. Токму затоа обидете се да бирате фризури кои не ја затегаат многу цврсто косата.rn

    Триењето на очите може да создаде брчки

    rnИ покрај тоа што оваа активност не може директно да создаде брчки, самото кружно движење со кое ја оптегнувате кожата околу очите може да доведе до настанување на брчки и изглед кој укажува на предвремено стареење. Ништо нема да се случи доколку одвреме-навреме ги протриете вашите очи, но обидете се да не го правите тоа постојано.rn

    Миењето на косата со пиво може да ја направи погуста и поцврста

    rnСостојките од кои е составено пивото се богати со витамини и протеини кои ѝ помагаат на вашата коса да изгледа погуста, поцврста и посјајна, додека пак алкохолот служи за нејзино длабинско прочистување. И покрај тоа што ова не е трајно решение, доколку понекогаш го практикувате, вашата коса ќе добие буен изглед во наредните неколку дена по нанесувањето на пивото.rn

    Одредена храна може да доведе до појава на акни или до влошување на нивната состојба

    rnВистината е дека сѐ уште не постои детална листа на исхрана која може да помогне во борбата против акните, бидејќи секое тело реагира различно на различна храна. И покрај тоа што за најчестите причинители се смета исхраната која изобилува со маснотии, како и чоколадото, кај вас може да станува збор за нешто сосема друго. Токму затоа обидете се да ја следите вашата исхрана така што ќе запишувате секојдневно што внесувате во вашето тело и ќе го споредувате тоа со периодите кога имате поголема појава на акни.rn

    Најдоброто место за вашиот парфем е фрижидерот

    rnПарфемите можат да траат со години доколку ги чувате правилно. Бидејќи маслата и хемикалиите кои се наоѓаат во парфемите се многу нежни, лесно можат да бидат оштетени од високи температури. Токму затоа направете место за нив во вашиот фрижидер за да им го продолжите животот. Студените и темни места кои имаат постојана температура се идеални затоа што ништо не ги уништува честичките на парфемите побрзо од директната изложеност на сончева светлина.rn

    Балсамот за усни може да направи зависност

    rnЗависноста од балсам за усни не е вистинска медицинска состојба, но сепак постои. Ова се случува кога вашата кожа станува „зависна“ од одредени состојки како ментолот кои всушност повеќе ја иритираат отколку што ја смируваат. И покрај тоа што овие состојки функционираат добро со останата формула на балсамот и веднаш по нанесувањето чувствувате хидратација на вашите усни, по подолготрајна употреба можат да доведат до сувост која ќе бара зголемена употреба на балсамот.rn

    Со помош на лакот за коса можете да ја зацврстите и вашата шминка

    rnИ покрај тоа што лакот за коса навистина помага при зацврстување на вашата шминка, подобро е доколку не го практикувате тоа. Тој е преполн со хемикалии и други нешта кои можат да му наштетат на вашето лице.rn

    Регенераторот за коса може да служи и како шампон

    rnРегенераторот, исто како и шампонот, содржи компоненти кои прават пена. Разликата е во тоа што не содржи ни приближно толку компоненти како шампонот, па затоа неговите способности за чистење се многу мали. Доколку имате екстремно сува или оштетена коса, употребата само на регенератор може да ви помогне во омекнувањето на косата, но доколку имате мрсна коса, тогаш оваа практика може само да го зголеми вашиот проблем.

  • 3 најчести митови за холестеролот

    3 најчести митови за холестеролот

    Автор: Ана ПетровиќrnrnПознато е дека постојат два вида холестерол, лош (ЛДЛ) и добар (ХДЛ). Кога нивото на лошиот холестерол е висок, тој почнува да се лепи за површината на крвните садови, ја забрзува атеросклерозата и ја намалува еластичноста на артериите. Заради сушење на артериите може да настапи инфаркт или мозочен удар. Иако за холестеролот се знаат многу работи, она што многумина не го знаат е вистината за следниве три мита:rnrn3-najchesti-mitovi-za-holesterolot-kafepauza.mkrn

    1. Сите масти кои се внесуваат преку храната ги запушуваат крвните садови

    rnИако се смета дека холестеролот кој се наоѓа во јајцето ги затнува артериите, истражување од Универзитетот Харвард го демантира ова тврдење. Вистина е дека само заситените масти кои се наоѓаат во процесираната храна (сирење, павлака, маргарин) учествуваат во создавање на лошиот холестерол. Дневно препорачаната доза на ваквите производи е ограничена на 16 грама.rn

    2. Физичката активност може да даде брзи резултати

    rnИако истражувањата покажуваат дека 40 минути физичка активност дневно го поттикнува производството на добриот холестерол, сепак ваквиот ефект не се постигнува преку ноќ. На мажите им е потребен период од 3 месеци, додека на жените, период од 6 месеци за да го намалат лошиот холестерол.rn

    3. Нивото на холестерол се тестира само еднаш во животот

    rnОваа заблуда може да ви го наруши здравјето. Нивото на холестерол во текот на животот се менува, посебно кај жените во менопауза, па затоа се препорачува негова проверка на секои две години.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 најпознати дезинформации за абортусот

    6 најпознати дезинформации за абортусот

    Иако абортусот е честа појава, и многу е веројатно дека познавате барем некој кој го направил тоа, сепак сѐ уште постојат многу митови поврзани со последиците од таквиот потфат. Овие се главно резултат на убедувањето на противниците на абортусот и лажните клиники кои ги водат истите луѓе, кои користат лаги за да ги одвлечат жените, кои имаат намера да абортираат, од таа идеја.rnrn6 најпознати дезинформации за абортусотrn

    1. Абортусот предизвикува рак на дојката

    rnОва е една од најраспространетите лаги. Всушност, врската помеѓу абортусот и ракот на дојката сѐ уште не е потврдена со веродостојни медицински докази. Во 2003 година, Националниот институт за рак организирал работилница со повеќе од 100 светски водечки експерти за бременост и ризици од рак на дојката, кои докажале дека абортусот не е поврзан со зголемување на ризикот од рак на дојката. Ова било потврдено и со студија од 2009 спроведена од Американскиот колеџ за акушери и гинеколози, кои покажале дека скорешните сериозни и методолошки цврсти истражувања покажуваат дека нема каузална врска помеѓу изведениот абортус и подоцнежното зголемување на ризиците од рак на дојката.rn

    2. Абортусот предизвикува неплодност

    rnОва е лага која лажните клиники за грижа на бремени жени ја користат за да ги заплашат и на тој начин да ги премислат жените кои се одлучиле за абортус. Но, како и за претходниот мит, така и за ова тврдење не постојат легитимни научни докази. Според Клиниката Мајо, абортусот не е причина за проблеми со плодноста или други компликации во идната бременост. Исто така Институтот Гутмакер, кој е независна организација за унапредување на правата и сексуалното и репродуктивно здравје, вели дека абортусот извршен во првото тромесечје не покажува долготраен ризик за неплодност.rn

    3. Повеќето жени се каат што абортирале

    rnСтатистички гледано, некои жени се каат за абортусот. Но, факт е дека мнозинството не покажуваат знаци на каење како главна емоција после зафатот. Една скорешна студија на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, открила дека 90% од жените кои извршиле абортус изјавиле дека им олеснало, додека оние кои укажале на негативни чувства по чинот не се каеле односно не мислеле дека направиле грешка. Во истата студија, 80% од жените кои имале негативни емоции, сепак чувствувале дека абортусот бил вистинскиот избор за нив.rn

    4. Штом жената види слика од фетус на ултразвук, таа нема да може да абортира

    rnОва не е ни одблизу точно. Според скорешна студија објавена во Списанието за акушерство и гинекологија, од 40% кои одбрале да одат на ултразвук, 98,4% сепак продолжиле со абортус. Ова убедување кое го шири анти-абортус движењето дури помогнало во преземање законски мерки за задолжителен ултразвук во 23 земји во САД. Но, и покрај наметнатата регулатива, таа нема ефект во спречувањето на абортусот.rn

    5. Абортусот за жените е психолошки штетен

    rnПротивниците на абортусот често го промовираат т.н. пост-абортусен синдром, понекогаш наречен пост-абортусен стресен синдром, како доказ дека оние кои ќе го направат зафатот, емоционално и психолошки ќе патат. Но, во суштина не постои такво нешто како пост-абортусен синдром. Тоа е само мит. Тоа не е ниту медицински термин бидејќи не е медицински реален. Работната група за ментално здравје и абортус при Американската психолошка асоцијација категорично потенцира дека не постојат докази дека некој абортус предизвикал ментални здравствени проблеми.rn

    6. Абортусот го загрозува здравјето и животот на жената

    rnДемонстрантите кои се залагаат против абортусот често велат дека тој им наштетува на жените, дека е небезбеден и дури смртоносен. Но, тоа не е така. Не е смртоносен кога се изведува легално и во безбедни услови. Според Институтот Гутмакер, ризикот од смрт при абортус е 10 пати помал од ризикот од смрт при породување. Исто така, во првото тромесечје од бременоста, абортусот е една од најбезбедните медицински процедури со 0,05% ризик за големи компликации кои би барале болничка грижа. Ризикот од смрт при абортус до 8 недели е буквално 1 во милион.rnrnРеалниот ризик од смрт настапува само во случај кога абортусот се изведува небезбедно: во 2008 година имало 47.000 смртни случаи од небезбедни абортуси ширум светот. Затоа, опасноста за здравјето и животот на жените не лежи во безбедноста, пристапноста и легалноста на абортусот, туку во оние кои се обидуваат да го спречат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Имаш пошта

    Имаш пошта

    Го гледаш висок, згоден, неопходен, те гледа така заводливо и тебе ти се тресат колената, па гласно и јасно објавуваш – се заљубив! Не баш… Најверојатно си занесена… или пак си претерала со пиењето.rnrnЉубов на прв поглед – вистина или само мит? Јас би одела со второто. Да гледаме реално на нештата, колку знаеш за личноста која тукушто си ја сретнал/а?rnrnИмаш поштаrnrnОна што го чувствуваш на прв поглед е некаква хемија, сексуална привлечност, заинтересираност за другата личност, ама не е љубов. Љубовта во денешно време има толку многу дефиниции, најчесто ужасно погрешни. И да, јас сум млада, ќе речете, и најверојатно точно ќе знам да ја дефинирам љубовта кога со некого ќе се држам под рака на 60 години. И нема да погрешите. Но ако не знам да кажам што точно е, тогаш сигурно знам да кажам што не е. Всушност, во младоста сме многу незрели за да знаеме што е љубов, во зрелиот период од животот сме многу зафатени за да ѝ обрнеме внимание, а во староста може и да ја изумиме. Тогаш, кога е вистинското време за да знаеш точно да ја дефинираш љубовта?rnrnПоради тие романтични комедии и митови од сказните, девојките се стремат да го најдат својот prince charming и својата вистинска љубов на 16 години. Што предизвикува да донесат многу непромислени одлуки или пак да се тотално скршени и уништени доколку не си го нашле совршениот пред да завршат средно.rnrnКако ќе знаете дека сте го нашле совршениот? Најверојатно по тоа што воопшто нема да биде совршен. Но на некаков магичен начин ќе ве тера да тонете во неговите светови, и што е најважно од сè, ќе ве прави многу подобра личност од ден во ден. Ќе го истакнува најдоброто од вас. И за да се најде таков/ва, бога ми потребно е повеќе од еден кафе муабет и констатирање дека не можете да живеете без него/неа.rnrnВсушност, вистинската љубов, според мене, е далеку од љубов на прв поглед. Напротив, најверојатно на почеток ќе ви оди по нерви и ќе ви се чини дека е далеку од вистинска. Но после неколку кафиња, ќе почне да ве копка, и потребни ќе бидат 100 кафиња за да сфатите дека е вистинскиот/ата.rnrnАма не едно, во никој случај.rnrnЗатоа, поштедете се себеси од невистините за љубовта, и не очајувајте ако не сте нашле нешто вредно пред дваесеттата. Некои луѓе тоа вредното го наоѓаат и после триесеттата година од животот, но во секој случај, добрите работи доаѓаат кај тој што умее да биде трпелив. Не задоволувајте се со плитките дефиниции за љубовта, не се согласувајте на сенешто колку да имате некој покрај себе – љубовта ни треба да ја форсирате ни да ја измислите.rnrnЌе се вљубите едно сосем обично и „нережирано“ утро, по подготвеното кафе донесено во кревет. Тогаш ќе ви светне една прекрасна идеја – го/ја сакам. Како пошта. Динг-донг – имате пошта.rnrnПа и брзата храна не е здрава и не е препорачлива. Лебот баба што го прави, се чека да порасне па „да појде кај мајка му“, е тоа е веќе нешто друго. Така и љубовта. Ѝ треба време. Како лебот на баба. Ама откако ќе го пробаш, нема да ти текне на ништо друго.rnrnЕлиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Здравствени митови и вистини поврзани со празниците

    Здравствени митови и вистини поврзани со празниците

    За новогодишните и божиќните празници се врзани голем број митови, па проверете кои се вистинити, а кои не. Еве од кои работи треба да се пазите, а кои не треба да ве загрижуваат.rnrnЗдравствени митови и вистини поврзани со празницитеrn

    Дебелеење

    rnТочно. Многу луѓе качуваат по некој килограм за време на празниците. Но, тоа не е толку многу како што најчесто се мисли. Едно ново истражување покажало дека во текот на овој период, качуваме нешто помалку од килограм, но дури и ако не се менува бројката на килограми на вагата, се зголемува процентот на масно ткиво во телото. Значи, внимавајте што јадете во текот на празниците, но не очајувајте премногу заради јадењето доцна навечер.rnrnПовеќе истражувања покажале дека јадењето во доцните часови не е директно поврзано со зголемениот број килограми. Меѓутоа ако јадете повеќе од три пати дневно или го прескокнувате појадокот, тоа може да доведе до зголемување на тежината.rn

    Расте бројот на самоубиства

    rnНеточно. Стапката на самоубиства во декември е најниска во однос на останатите месеци во годината, според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција од болести.rnrn„Луѓето всушност имаат поголема емоционална и социјална поддршка во овој период од годината, а намален е и бројот на посети на психијатар. Повеќе самоубиства има за време на летните месеци.“ – вели докторката Рејчел Вримен.rn

    Зголемена е опасноста од пожари

    rnТочно. Ова особено се однесува на оние луѓе кои со сијалички го украсуваат надворешниот дел од домот или некои високи дрва во дворот. Доколку го правите ова морате да бидете максимално внимателни. Пожарите се најзастапени за време на месец декември, а најчест предизвикувач се неисправните сијалички и свеќите околу дрвата. Затоа проверете дали ги имате изгасено сите пред да си легнете.rn

    Мамурлакот може да се излечи

    rnНеточно. Досега се појавиле безброј трикови кои можат да ви помогнат да се ослободите од мамурлакот, меѓутоа сите тие се неточни. Мамурлакот можете да го избегнете само ако не испиете преголема количина на алкохол.rnrnСепак, постојат некои аминокиселини кои се наоѓаат во јајцата и кои можат да му помогнат на телото да ги исфрли токсините кои доаѓаат од алкохолот, но нема сигурна гаранција дека тоа ќе ви помогне да се чувствувате подобро.rn

    Зголемен ризик од срцев удар

    rnТочно. Срцевите удари се почести во зимно време отколку во лето, делумно затоа што ладното време може да го зголеми крвниот притисок. Најмногу треба да се пази во периодот околу Нова година, бидејќи при крајот на јануари и почетокот на февруари, опасноста се намалува.rnrnТака, доколку имате проблеми со срцето, внимавајте на правилната исхрана, вежбајте, спијте доволно и избегнувајте стрес. Опасност претставува и храната со висок процент на масти и сол.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Митови за мажите кои не се ни блиску до вистината

    Митови за мажите кои не се ни блиску до вистината

    Мажите се мистериозни, но од друга страна и жените знаат да бидат. За двата пола кружат голем број митови, кои често се обични измислици. Ова се неколку од најпознатите митови за мажите кои не држат вода.Митови за мажите кои не се ни блиску до вистинатаrn

    Мислат на секс по цел ден

    rnОвој мит со сигурност сте го чуле. Според митот, мажите помислуваат на секс на секои 7 секунди, што автоматски значи дека по цел ден мислат само на секс. Едно истражување што го направил институтот „Kinsey“ покажува дека 54% од мажите мислат на секс секој ден, додека 43% мислат на секс неколку пати неделно. Постојат и мажи кои уште поретко помислуваат на секс.rn
    rn

    Не сакаат многу да зборуваат

    rnПостојат истражувања кои покажуваат дека жените изговараат повеќе зборови од мажите во текот на еден ден. Сепак тоа не е вистина, бидејќи и мажите и жените зборуваат отприлика исто, а во некои случаи мажите се и позборлести. Очигледно проблемот лежи во тоа што жените поретко знаат да поставуваат вистински прашања.rn
    rn

    Не сакаат врски

    rnОвој изговор сѐ уште им дава сила на жените да прејдат преку фактот дека налетале на незгоден тип. Истражувањата покажуваат дека само 20% од мажите не сакаат туку-така да влезат во врска, додека остатокот од нив многу лесно се впуштаат во врска.rn
    rn

    Не сакаат жената да го направи првиот чекор

    rnОва најверојатно го измислиле посрамежливите жени, бидејќи повеќето мажи се изјаснуваат дека сакаат кога жените ја преземаат иницијативата. Доколку одбијат жена, тоа не значи дека ја одбиле затоа што таа го направила првиот чекор, туку бидејќи едноставно не им се допаѓа.rn
    rn

    Се плашат од успешни жени

    rnНекои од нив да, но поголемиот дел од мажите немаат проблем со тоа нивната понежна половина да биде успешна и да знае што сака. Оние кои се плашат од успешни жени, пополека стануваат вид во исчезнување.rn
    rn

    Големината на стапалата и дланките не значи ништо

    rnМитовите дека по големината на стапалата и дланките можеме да дознаеме колкав му е пенисот на еден маж се тотални бесмислици. Истражувањето на Универзитетот во Лондон, покажува дека едното со другото си нема никаква врска, што е добра вест за оние со мали дланки и стапала.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Стареењето можеби и не е толку лошо

    Стареењето можеби и не е толку лошо

    Насекаде низ светот владее мислењето дека постарите луѓе се тажни и непривлечни личности кои се чувствуваат осамено и финансиски ограничено. Но, изгледа дека токму овие постари луѓе не се чувствуваат ни приближно толку лошо колку што мислат помладите… Стареењето можеби и не е толку лошо...Истражувањето спроведено од Институтот за јавно мислење од Њујорк открило интересни факти за 5-те најпознати митови за стареењето:rnrn1. Постарите луѓе се тажни. Всушност, младите се потажни. Само околу 29% од младите на 18-30 години се опишале себеси како „многу среќни“, во споредба со 44% од луѓето над 65 години.rnrn2. Постарите луѓе мразат како изгледаат. Кога луѓето над 65 години биле запрашани што ги загрижува најмногу, 82% од нив одговориле дека тоа е губењето на меморијата, а само 11% биле загрижени за губењето на нивниот изглед.rnrn3. Постарите луѓе се сиромашни. Вистината е дека тие ниту се чувствуваат сиромашно, ниту пак имаат голем проблем со финансиите. Само 15% од оние над 65 години изјавиле дека одвреме-навреме им е потребна финансиска помош.rnrn4. Постарите луѓе не се во тек со технологијата. И покрај тоа што сите ние сметаме дека мал број од луѓето над 65 години можат да ја следат технологијата, само 15% од испитаниците се согласуваат со ова тврдење.rnrn5. Постарите луѓе се осамени. И покрај тоа што околу 37% од луѓето веруваат дека осаменоста ќе им биде проблем во староста, само 5% од оние над 65 изјавиле дека е.rnrnРоџер Баугарт, извршниот директор на „Home Instead“ изјавил дека неговата компанија побарала реализирање на оваа анкета за да може да се направи разлика помеѓу митовите и реалноста за она што значи да се биде постар во денешно време.rn
    rn

    „Мора да постои пореалистичен поглед кон стареењето, бидејќи популацијата на постарите се зголеми од 800 милиони на 2 милијарди луѓе во последниве 30-тина година“, изјави тој.

    rnОва се дефинитивно добри вести за сите оние кои се плашат од животот по 60-тата година…rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 3 митови за вработените жени

    3 митови за вработените жени

    Дали мажите и жените се еднакви на работните места? Поради која причина жената се откажува од својата кариера? Чија кариера е поважна? Ова се трите најголеми митови за жените со кариера, но постојат начини да им се спротивставиме на тие верувања.3 митови за вработените жениrn

    1. Мажите и жените се еднакви на работните места

    rnБи требало да сме еднакви, но не сме. Сè уште во просек мажите заработуваат повеќе од жените, а неретко нивната работа и повеќе се цени. Што можеме да направиме за да го промениме ова?rnrnНе само да зборуваме, туку да делуваме. Промовирајте се самите себе, истакнувајте се, не дозволувајте да ве стават во сенка само затоа што сте жена. Доколку работите иста или слична работа со вашиот колега, а сте помалку платени, дејствувајте и барајте го она што праведно ви следува.rnrnНајважно од сè – ако се трудите да бидете еднакви со мажите и да ве сфатат сериозно, подгответе се да одите по потешкиот пат! Колку е лицемерно да се бориш за полова еднаквост, а да се трудиш да го добиеш вниманието на шефот облекувајќи се провокативно? Една жена секогаш треба да е средена и убаво облечена, но мора да е ценета поради својата способност, а не да потхранува нечие его.rnrnНе дозволувајте да бидете сфатени на шега. Не дозволувајте некој да помисли дека само затоа што сте жена вие сте лесен противник. Дајте им на сите до знаење колку сте борбени и дека не планирате да се откажете од своето работно место или од унапредување, поради која било причина.rn
    rn

    2. Жените се откажуваат од кариерата кога ќе родат бидејќи така сакаат

    rnМногумина ќе помислат дека поради мајчинскиот инстинкт, жената порадо би се откажала од својата кариера за да остане дома со детето. Но, истражувањата покажуваат дека жените најчесто се приморани да се откажат од својата кариера, а тоа ги прави депримирани.rnrnПоради што се приморани? Реално, ретко кој маж ќе пружи вистинска помош откако детето ќе се роди, најчесто сè останува на грбот на жената. Во нашето општество, жената нема да биде сфатена од семејството или пријателите дека ја заслужува својата кариера и дека и покрај тоа што родила, треба да се врати на работа. Најчесто и работодавците не се попустливи кон младите мајки. Отворено разговарајте со вашиот шеф и замолете го да ви излезе во пресрет на одреден период. Исто така, вашиот сопруг мора да знае дека обврските на двајцата родители се еднакви.rn
    rn

    3. Кариерата на мажот е поважна од кариерата на неговата сопруга

    rnВистината е дека на жените им е потребна кариерата исто колку и на мажите, можноста жените да бидат успешни е еднаква со онаа на мажите. Застанете на исто рамниште со својот сопруг и дајте му до знаење дека имате потреба и способност да се надоградувате себеси исто колку и тој.rnrnСè повеќе мажи посакуваат нивните жени да работат. Финансиската сигурност во семесјтвото е поголема, а доколку еден од партнерите ја изгуби работата, ќе имаат поткрепа додека да се врати во игра.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Митови за заштедување на горивото

    Митови за заштедување на горивото

    Како и сите други возачи, сигурно и вие сакате да заштедите на гориво на начин кој е добар за вашиот автомобил. Но, покрај сите „испробани и вистинити“ совети, постојат неколку кои можат да ве однесат во сосема спротивна насока. Поради тоа погледнете ги овие не толку познати митови за заштедување на вашето гориво, како и фактите кои стојат позади нив…rnrnМитови за заштедување на горивотоrn

    Мит #1 – Со нечист филтер за воздух ќе поминете помалку километри

    rnВозењето со нечист филтер кај постарите модели на автомобили имало големо влијание на зголеменото трошење на горивото. Но, поновите мотори работат на сосема различен начин – тие со помош на компјутерски пресметки одредуваат точно колкав однос воздух-гориво е потребен, во зависност од количеството на воздухот кој поминува низ филтерот. Поради тоа, намалувањето на протокот на воздух придонесува и за намалување на количеството на гориво кое моторот го користи. Не само што се работи за мит, туку со нечист филтер и значително ќе го намалите забрзувањето на вашиот автомобил.rn

    Мит #2 – Автомобилот треба да се загрее пред тргнување

    rnТочно е дека со постарите модели на автомобили, ова беше и повеќе од потребно (особено при екстремно ниски температури). Но, денешните мотори се многу поефикасни кога функционираат при нормална температура, а најбрзиот начин таа да се постигне е автомобилот да се вози веднаш по запалувањето.rn

    Мит #3 – Полнете гориво кога воздухот е поладен за да добиете повеќе за вашите пари

    rnТеоретски, во утринските часови кога воздухот е поладен, горивото би требало да е погусто и поради тоа би добиле повеќе за вашите пари. Но, бидејќи поголемиот број од бензинските станици го чуваат горивото под земја, неговата температура варира многу малку во периодот од 24 часа. Она што ќе го добиете како плус гориво во вакви услови би требало да е занемарливо.rn

    Мит #4 – Премиум горивото, со повеќе октани е секогаш најдобар избор

    rnКога станува збор за обично, средно и премиум гориво, корпорациите многу работеле за да направат голема разлика помеѓу нив. Премиум горивото има највисоко количество на октан, што го прави отпорно на пребрзо согорување на бензинот во моторот. Моторите кои имаат повисоки перформанси се поподложни на побрзо согорување бидејќи често се загреваат премногу. Поради тоа овој вид гориво се препорачува за спортските и луксузните автомобили. Доколку не употребувате ваков вид гориво за овие автомобили, големи се шансите да не ги почувствувате нивните перформанси во целост.rnrnНо, ако вашиот автомобил не припаѓа во оваа категорија, тогаш овој вид гориво воопшто нема да ги зголеми перформансите на моторот, но дефинитивно ќе ве чини повеќе отколку горивото кое е наменето за него. Секогаш одбирајте го тоа гориво што е препорачано во прирачникот за вашиот автомобил.rn

    Мит #5 – Возењето со отворени прозори ја зголемува потрошувачката на горивото

    rnГолем број од луѓето советуваат да не се користи клима уредот во автомобилот, бидејќи тоа ја намалува економичноста на горивото. Но, други пак велат дека со отворени прозори при брзина од 100 км/ч или повеќе се пореметува аеродинамиката на автомобилот и поради тоа уште повеќе се зголемува потрошувачката на горивото. Но, доколку ги затворите прозорите и ја пуштите климата при овие брзини, ќе ја зголемите потрошувачката за околу 1,5 километри на литар. При тестирањата на Хонда Акрод, отворањето на прозорите на овие брзини немало никакво влијание врз потрошувачката.rn

    Мит #6 – Гумите со послаб отпор на вртење се секогаш добар избор

    rnИ покрај тоа што овие гуми има шанси да ви го намалат трошењето на горивото, тие не секогаш се добри кога станува збор за кочење и управување на автомобилот. Најдобро е доколку при вашиот избор на гуми на прво место ви се нивните безбедносни способности, а потоа отпорот на вртење.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 митови за ноќниот живот во Њујорк

    5 митови за ноќниот живот во Њујорк

    Џесика Кјулик е блогер од Њујорк која додека патува низ светот се осврнува на својот роден град. Таа сфатила дека светот погрешно гледа на ноќниот живот во Њујорк и ни ги открива петте најчести митови поврзани со него.rnrn5 митови за ноќниот живот во Њујоркrn

    Мит бр. 1: Кери Бредшо

    rnЏесика вели дека познава многу девојки кои се преселиле во Њујорк затоа што „биле инспирирани од Кери Бредшо“. Таа тврди дека ноќниот живот претставен во „Сексот и градот“ е само мит. Во серијата четирите пријателки собираат машки погледи и воздишки додека поминуваат по улиците во својата скапа облека и скапи чевли, а потоа налетуваат на богат маж кој е спремен да направи многу нешта за нив. Според Џесика, работите во реалноста стојат поинаку: девојката може да го чека своето згодно момче во некој бар, облечена во небрендирана облека. Додека чека се наоѓа некој друг маж кој нападно ќе ѝ се пушта, а кога момчето конечно ќе стигне ќе се налути поради тоа и веројатно ќе фрла погледи по други девојки.rn

    Мит бр. 2: Сите се излезени во петок навечер

    rnТочно е дека њујоршките барови и клубови се полни во петок и во сабота навечер, но не со Њујорчани. Оние што ќе ги сретнете таму најчесто се туристи или тазе богаташи преселени од руралните делови на Америка. Њујорчаните преферираат да излегуваат во работните денови. Градот нуди извонредна забава секој ден, па тие се решаваат да ги искористат разните попусти кои им се на располагање од понеделник до четврток. За викендите добар избор е седенка со друштво во нечиј стан.rnrn5 митови за ноќниот живот во Њујоркrn

    Мит бр. 3: Бруклин е популарен, значи Бруклин е одлично место

    rnБруклин, некогаш сиромашниот дел на Њујорк, денес е местото каде што „живеат сите кул деца“. Сепак, Џесика вели дека тој дел на градот и покрај препородувањето што му се случи изминативе години и понатаму не е место на кое му се восхитува. Таа го вкусила ноќниот живот во Бруклин, но е разочарана од своето искуство, пред сè затоа што самите Бруклинци не се трудат да го подигнат својот стандард.rn

    Мит бр. 4: Тајмс Сквер е центарот на њујоршкиот ноќен живот

    rnНиту еден Њујорчанец не оди на Тајмс Сквер со драго срце. Таму е најголемата гужва која ја прават туристите, а тие не сакаат да гледаат како тинејџери вриштат пред зградата на Ем-ти-ви или туристи како надвор чекаат ред за маса во некој ресторан. Според Џесика, тоа е најпреценетиот дел на Менхетн.rnrn5 митови за ноќниот живот во Њујоркrn

    Мит бр. 5: Вреди да се чека во редица за влез

    rnЌе се облечете во најубавата и најнова облека, ќе излезете со најубавите пријателки и пријатели, а потоа ќе чекате за влез во некој нов клуб или бар во кој се очекува да ги видите познатите од шоу бизнисот. Ќе се правите дека не ви е тешко што чекате долго за да изгледате кул, а кога конечно ќе влезете внатре, вие сте првиот гостин. Њујорчаните не го прават ова.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.