Многумина од нас имаат неточни верувања за среќата, а тие верувања можат да нè спречат да уживаме во животот. Еве некои од работите во кои веруваме и си ги кажуваме, а кои можат да нè оддалечат од среќата.rnrn
rn
1. „Нешто не е во ред со мене ако не сум среќен/а цело време“
rnНе, нема ништо лошо во тоа да не сте среќни цело време, впрочем никој не може да биде среќен постојано. Понекогаш, погрешно го сметаме чувството на зашеметеност за среќа, а се јавува како резултат на возбуда. Важно е да знаеме дека вистинската среќа наликува повеќе на внатрешен мир.rn
2. „Ќе бидам среќен/а ако имам многу пари“
rnСо парите може да се купат многу работи, но откако ќе ги задоволите вашите основни потреби, сето она што можете дополнително да го добиете благодарение на зголемениот приход и не прави некоја голема разлика. Истражувањето спроведено од страна на Универзитетот Принстон покажало дека емоционалната благосостојба не се зголемува кај луѓето кои заработуваат повеќе од 75.000 долари. Заклучокот е дека сумата што ја заработувате може да има мало влијание врз вашиот коефициент на среќа.rn
3. „За да бидам среќен/а морам да се чувствувам подобро од едно обично ОК“
rnЧестопати мислиме дека можеме да бидеме среќни само кога ќе го добиеме тоа што сакаме. Но, проблемот е тоа што ние постојано посакуваме нешто, зошто животот се менува, а со тоа и нашите желби. Дури и да го добиеме она што го посакуваме, дали ќе бидеме среќни докрај? Веројатно не.rn
4. „Ќе бидам среќен/а кога ќе ја пронајдам вистинската љубов“
rnОва е можеби најчестиот мит кога станува збор за среќата. Љубовта е најдоброто нешто што може да ни се случи во животот, но може да биде и најболното, па затоа подгответе се.rn
5. „Никогаш нема да бидам несреќен/а ако имам исполнет живот“
rnНишто не е вечно вклучувајќи го и чувството на исполнетост. Како што стареете и вашиот живот се менува, ќе бидете во потрага по различни нешта кои ќе можат да ве исполнат. Запомнете дека несреќата, како и среќата, е привремена.rn
6. „Ќе бидам тажен/а ако не ја барам постојано среќата“
rnНапротив, можеби ќе бидете задоволни. Кога работите се надвор од ваша контрола вие чувствувате стрес. Кога тие не се надвор од контрола, вие самите си создавате стрес со тоа што се терате самите себе да бидете среќни. Наместо да ја барате среќата, обратете внимание на задоволствата што ви ги нуди животот.rn
7. „Ќе бидам среќен/а само тогаш кога животот ќе се врати во нормала“
rnСе чини дека ваквите мисли се присутни кај повеќето, особено во овој период. За жал, постои можност работите да не бидат како што биле порано. Со оглед на ситуацијата, не можеме да знаеме како ќе изгледа „новото нормално“. Затоа, овој пат наместо да ја барате среќата, обидете се да уживате во она што веќе го имате.rnrnОткако ги прочитавте митовите за среќата, можеби ќе сакате да прочитате и во кои 12 митови треба да престанете да верувате за да се чувствувате слободни.rnrnИзвор: themindsjournal.com

rnrnМожеби сте слушнале дека спиењето е корисно додека страдате од депресија, но научниците откриле многу интересен детаљ, познат како „екстремна парадоксална несоница“. Тоа се користи како терапија релативно неодамна и ако луѓето со тешка депресија останат будни барем една ноќ, тоа може да доведе до заздравување.rnrnМожеби ова се случува поради шок од инертен биолошки часовник, но потоа ќе се чувствувате подобро и нема да имате проблеми со спиењето.rn
rnrnАко го следите ова правило, веројатно е време да го преиспитате вашиот распоред. Ако ги намалите часовите за спиење неколку ноќи по ред, веројатно ќе се чувствувате поспани во текот на денот. Вашето тело и вашиот мозок нема да функционираат толку ефикасно затоа што не можат да се приспособат на спиењето помалку часови.rnrnЕскпертите препорачуваат да спиете помеѓу 7 и 9 часа ноќе и дека најдобро време за да си легнете да спиете е помеѓу 20 часот и полноќ.rn
rnrnАко правите мали, несвесни движења на телото во текот на ноќта, тоа се смета за здрав сон. Не треба да бидете загрижени ако понекогаш ја движите ногата, но има некои случаи што не се сметаат за нормални, како што се следниве:rn
rnrnНесоницата може да биде предизвикана од вашата психолошка состојба и од стрес, но за тоа придонесуваат и физичките фактори. Жените со несоница се изложени на поголем ризик од мажите за развој на срцеви заболувања, мозочни удари и вишок килограми. Исто така, синдромот на немирни нозе, промените во хормоните, проблемите со тироидната жлезда и невролошките нарушувања може да бидат причина за непроспиени ноќи.rnrnДополнително, истражувачите забележале дека жените можат да доживеат нарушувања на спиењето поврзани со нивниот менструален циклус и менопаузата.rn
rnrnПонекогаш, може да се разбудите еднаш или двапати во текот на ноќта и да имате тешкотии да заспиете повторно. Некои луѓе претпочитаат да останат во кревет, обидувајќи се да се присилат да се одморат, но на крајот само се чувствуваат изморени следното утро.rnrnВо овој случај, подобро е да станете и да правите нешто 15-20 минути. Оваа тактика нема да ви ја украде шансата да спиете доволно, но важно е да не пиете ништо освен вода или да не користите уреди во овој момент.rn
rnrnРаспоредот за спиење е важен, но експертите се повеќе загрижени за времето на будење. Важно е да станувате приближно во исто време, не само во текот на неделата, туку и за време на викендите.rnrnИсто така, не е задолжително да се будите рано наутро. Секое тело е различно, така што вашиот распоред на спиење може да биде различен од оној на другите. Нема потреба да се присилувате да се будите во 7 часот наутро ако не морате.rn
rnrnТешкотиите при заспивање најчесто се поврзани со несоница. Сепак, ова нарушување се карактеризира и со други симптоми: често будење, будење премногу рано, неможност да заспиете и да се чувствувате свежи следното утро. Ако овие симптоми ви се случуваат често, подобро е да се консултирате со вашиот лекар.rn
rnrnКога не спиете доволно во текот на неделата, може да го надоместите тоа за време на викендот. Но, според лекарите, ова функционира само за акутно лишување од сон и нема докази дека е навистина добро за вашиот мозок и за вашето тело ако го правите тоа цело време.rnrnОсвен тоа, истражувачите откриле дека луѓето кои морале да го ограничат сонот во текот на неделата, стекнале навика да грицкаат нешто по вечерата, што доведува до зголемување на телесната тежина.rn
rnrnИ децата може да доживеат несоница, дури и ако мислите дека се премногу мали за тоа. Причините за тоа се исти како и кај возрасните, а најчестите се некои медицински состојби или емоционални фактори. Постојат неколку знаци дека вашето дете може да страда од несоница:rn






