КАФЕ ПАУЗА

Tag: митови

  • 5-те најчести погрешни сфаќања за психотерапијата

    5-те најчести погрешни сфаќања за психотерапијата

    И покрај тоа што терапијата со текот на времето добива сè попозитивна репутација, сепак сè уште постојат многу луѓе кои веруваат дека таа постои само за „лудите“. Дури и покрај големиот успех зад себе, многумина ја потценуваат нејзината важност во денешниот модерен начин на живеење. Токму затоа погледнете ги следниве 5 митови за психотерапијата и вистината која се крие зад нив.rnrn5-те најчести погрешни сфаќања за психотерапијатаrn

    1. Психотерапијата е за луди луѓе

    rnЛуѓето одат на терапија поради многу причини, како на пример, раскинување, проблеми во бракот или стрес на работа. Постојат различни видови проблеми, кои заслужуваат соодветна грижа и поддршка. Помеѓу нив се и различните ментални болести, како и најразличните видови секојдневни потешкотии. Избегнувањето на терапијата само затоа што мислите дека ќе ве направи „луди“ во очите на другите е голема грешка.rn

    2. Не можете да си дозволите психотерапија

    rnНо, можете да си дозволите излегување и неколку пијачки секоја сабота? Вистината е дека психотерапијата е покриена од вашето здравствено осигурување, па сè што треба да направите е да најдете терапевт кој работи во државна институција. Доколку не сакате да го искористите вашето осигурување, или пак немате, постојат терапевти кои имаат попристапни цени, но и попусти за одредени ситуации. Исто така вие не мора секоја недела да одите на сесии, но кога навистина ќе ви биде потребна помош, не ја одбивајте. Вашите пари нема залудно да бидат потрошени.rn

    3. Можете да разговарате со вашите пријатели за овие проблеми

    rnВашите пријатели можеби можат да ве сослушаат, па дури и да ви дадат совет, но тие не го имаат поминато потребниот тренинг за целосно да ви помогнат. Психотерапевтите поставуваат прашања кои водат кон свесност и личен раст. Исто така, кога сте на терапија, целата сесија се врти околу вас, па ќе имате доволно време да работите на сите нешта кои поминуваат низ вашата глава.rn

    4. Сите психотерапевти се исти

    rnПогрешно. Постојат многу различни видови терапевтски стилови, па токму затоа и треба да го откриете оној кој најмногу ви одговара. Различните видови терапии водат кон различни техники кои си имаат свои специфични позитивни страни. Вие не можете да откриете што најдобро ви одговара доколку не пробате. Исто така, не се откажувајте веднаш по првата средба. Дајте си време да ја запознаете личноста спроти вас и да откриете дали таа може да ви помогне или не.rn

    5. Можете да го решите проблемот со апчиња

    rnПсихијатријата и медикаментите се ефективни за многу луѓе. Но, за жал не сите проблеми можат да бидат средени на овој начин. Понекогаш е многу поефикасно доколку едноставно разговарате за она што ве мачи. На пример, ако се карате често со вашиот партнер, тоа може да значи дека имате проблеми со комуникацијата. Во овој случај апчињата нема да можат да ви помогнат. Терапевтите имаат способност да ви помогнат побрзо да ги надминете потешкотиите и да развиете нови техники со кои во иднина полесно би се справувале со слични проблеми.

  • Среќата доаѓа кога ќе добиеме сè што ќе посакаме: 8 лаги во кои најчесто веруваме

    Среќата доаѓа кога ќе добиеме сè што ќе посакаме: 8 лаги во кои најчесто веруваме

    Мислите дека ќе бидете среќни кога ќе добиете сè што ќе посакате? Подобро е да бидете во каква било врска или да сте сами? Ви се чини дека најјаките не чувствуваат болка?rnrnИзгледа дека „сакаме“ да веруваме во некои идеи кои всушност не се вистинити. Затоа е време да се ослободиме од некои изреки и лаги кои нѐ спречуваат да го живееме животот онака како што сакаме. Ова се најчестите лаги во кои веруваме.rnrn1-podobro-e-da-bidesh-sam-otkolku-vo-bilo-kakva-vrska-7-lagi-vo-koi-najchesto-veruvame-www.kafepauza.mk_rn

    1. Да се биде сам е исто што и да се биде осамен

    rnНе значи дека ако сте сами, секогаш би биле и осамени, но и да се биде во врска не значи дека тој однос мора да биде задоволувачки. Ако сте сами, тоа никогаш нема да ви предизвика толкава осаменост како што може тоа да го направи погрешниот однос. Ако во врската работите не одат како што треба, паузирајте и поминете време сами со себе. Ценете ги вашите вредности. Следниот пат кога ќе бидете во врска која тоне, ќе бидете припремени да пливате сами и сигурно.rn

    2. Среќата доаѓа кога ќе добиеме сè што ќе посакаме

    rnДен Гилберт, професор по психологија на Харвард и експерт за среќа, вели дека нашите уверувања за тоа што нѐ прави среќни честопати се погрешни. Тој ја испитал идејата која вели дека сме несреќни доколку не го добиеме она што го посакуваме и заклучил:rn

    „Нашиот ‘психолошки имун систем’ ни допушта да бидеме вистински среќни дури и кога работите ќе испаднат онака како што не сме планирале.“

    rnВо Гилбертовите истражувања се споредувани луѓе неколку години откако добиле голема добивка на лотарија и параплегичари. Што мислите, кој бил посреќен? Научниците утврдиле дека имаат исто ниво на животна среќа. „Психолошкиот имун систем“ ни помага да го промениме погледот на светот за да можеме да се чувствуваме подобро за сè она околу нас и за самите себе.rnrnТоа што сте среќни не значи дека не сакате повеќе, тоа значи дека сте благодарни за тоа што го имате и сте стрпливи за она што доаѓа. Некогаш се обидуваме да достигнеме нешто големо, па така ни „бегаат“ оние мали работи кои му даваат магија на животот. Затоа, ценете го денешниот ден и сето она што тој го носи.rnrnHappiness / 20100117.7D.02031.P1.L1.BW / SMLrn

    3. Болката е нешто што можеме да го видиме

    rnНикогаш не ја потценувајте туѓата болка, бидејќи сите се борат со сопствените демони. Некои луѓе, едноставно се повешти во сокривањето на сопствените проблеми. Никогаш не знаете што се случува зад затворената врата. Психолозите велат дека осудувањето е губење време и енергија.rn

    4. Животот треба да се живее на одреден начин

    rnВистина е дека секогаш имаме слобода и избор како сакаме да одговориме на она што ни го носи животот. Немојте слепо да ги следите вашите уверувања за тоа каков би требало да биде животот, туку прифатете ги реалните околности. Променете го она што можете и променете ги вашите мисли за тоа што не можете да го смените. Најважно – живеете во мир со самите себе и на тој начин ќе отфрлите уште еден мит – само привилегираните имаат способност да живеат прекрасен живот.rnrn1-srekjata-doagja-koga-kje-dobieme-se-shto-kje-posakame-8-lagi-vo-koi-najchesto-veruvame-kafepauza.mkrn

    5. Споредувањето со другите е неопходно

    rnКога ќе престанете да се споредувате со другите верзии од себе, вистински или замислени, и кога ќе престанете да се споредувате со другите луѓе, вистински или замислени, ќе почувствувате вистински мир, кој ќе биде вистински, а не замислен.rn

    6. Неопходно е да има и тешки мигови

    rnНекогаш работите треба да тргнат по погрешен пат, односно онака како што не сме планирале. Понекогаш треба да ги пуштите погрешните луѓе да заминат од вашиот живот, за да дозволите вистинските луѓе да дојдат во него. Понекогаш е потребно да се чувствувате слабо, за да дознаете што значи да се биде вистински јак. Ќе се чувствувате скршено, но барем ќе знаете дека нема секогаш да бидете заштитени. И добрите и тешките периоди поминуваат, но со некои лоши работи мора да се научиме да живееме.rnrn3-srekjata-doagja-koga-kje-dobieme-se-shto-kje-posakame-8-lagi-vo-koi-najchesto-veruvame-kafepauza.mkrn

    7. Да се биде јак значи да не се чувствува болка

    rnВо реалноста, најјаките луѓе се всушност оние кои чувствуваат болка, ја прифаќаат, учат од своите постапки и ја надминуваат. Она што секој од нас треба да го научи е кога треба да направи пауза, да се исплаче, да се повлече… но и да знае како да се врати во „рингот“ и да се бори како никогаш дотогаш.rn

    8. Фантазирањето е губење време

    rnНајголеми подароци се оние работи кои се невидливи за очите, а се чувствуваат со срцето. Она што го гледаме е само мал дел од она што е можно. Кога ќе им дозволиме на мислите да лутаат и несвесно да си го прават своето, како што и самиот Даниел Големан вели, тогаш ѝ дозволуваме на нашата креативност да се изрази. Некоја идеја ќе ни падне на памет, нешто што веќе долго време се обидуваме да го истражиме ќе се појави, ќе се изнајде решението на проблемот кој одамна сме сакале да го решиме.

  • 3 погрешни сфаќања за теоријата дека спротивностите се привлекуваат

    3 погрешни сфаќања за теоријата дека спротивностите се привлекуваат

    Теоријата дека привлечностите се привлекуваат стана една од најпопуларните верувања во модерниот начин на живеење и како што поминуваат генерациите, така луѓето стануваат сè позаинтересирани за овој феномен. Ние сакаме да гледаме необични комбинации на луѓе кои навидум не одговараат, но сепак функционираат беспрекорно. И да, вистината е дека спротивностите навистина се привлекуваат, но не на оној начин на кој вие верувате. Погледнете ги следниве најголеми митови на оваа тема и вистината која се крие зад нив.rnrn3 погрешни сфаќања за теоријата дека привлечностите се привлекуваатrn

    Мит 1: Оваа привлечност се случува за секунда, удирајќи ве како мистериозен љубовен гром

    rnИсто како што има големи шанси да ве удри гром кога сте поблизу до метален објект, исто така и привлечноста удира тогаш кога ќе најде ранлива точка. Под ранлива точка мислиме за однесувања кои не ги поседувате, но длабоко ги посакувате. Да претпоставиме дека сте срамежлива личност која за промена многу сака да биде во центарот на вниманието и одеднаш сфаќате дека ве привлекува екстроверт, кој е душата на секој собир. Оваа потреба за екстроверт во вашиот живот не ви се јавила одеднаш, за само една секунда. Таа полека се градела, без да ја забележите и потајно сте ја посакувале толку долго што одеднаш експлодирала, правејќи да ви се допадне онаа личност која ја поседува оваа карактеристика.rn

    Мит 2: Оваа привлечност се случува кога сакаме да искусиме нов вид партнер

    rnСтанува збор за делумен мит, бидејќи од една страна вие сакате да пробате нешто ново, но од друга страна сте привлечени од оваа личност бидејќи и вие самите сакате да се чувствувате и однесувате како него или неа. Па, зошто тогаш едноставно не го промените вашето однесување наместо да започнете нова врска? Бидејќи вториот избор е многу полесен. Кога ќе започнете врска со личност спротивна на вас, вие инстантно станувате како нив така што позајмувате некои нивни карактеристики. Ако сте со партнер сосема спротивен на вас, вашата желба ќе биде остварена и одеднаш ќе бидете доживувани како сосема нова личност. Брзо и ефикасно.rn

    Мит 3: Спротивностите се привлекуваат под влијание на хемијата

    rnВие веќе го знаете одговорот на овој мит според разрешувањето на претходните два. Не станува збор за хемија, туку за нешта поврзани со умот. Спротивностите се привлекуваат поради само една причина: Луѓето имаат потреба да бидат некој кој не се, но премногу се срамат или плашат да се променат себеси, па решаваат да го направат тоа на друг начин, преку внесувајќи сосема спротивна личност од нив во нивниот живот. Не е лесно да се признае дека сакате да искусите сосема нов свет, особено ако е против вашите ставови, но многу е лесно да се префрли вината на непобедливата сила наречена „спротивностите се привлекуваат“. Само имајте на ум дека зад оваа привлечност се крие само љубопитноста за какво е чувството да се биде во кожата на вашиот партнер.

  • 3 луди митови за пари: Токму поради нив вашиот паричник е секогаш празен

    3 луди митови за пари: Токму поради нив вашиот паричник е секогаш празен

    Бихевиоралните финансии се релативно нова гранка од економијата, која научно го истражува човечкото социјално и когнитивно однесување, како и емоционалната нерамнотежа која настанува со цел подобро да се разберат донесените одлуки за инвестиција. Токму затоа научниците ги испитале и најчестите митови поврзани со финансиите, со цел да ја проверат нивната точност. Погледнете кои се најголемите заблуди во кои поголемиот дел од луѓето веруваат…rnrn3 луди митови за пари: Токму поради нив вашиот паричник е секогаш празенrn

    Мит 1 – Два прихода во семејството се подобри од еден

    rnМногу често во семејствата со повеќе деца, поради бројните трошоци, еден од партнерите не работи. Иако на прв поглед делува логично дека во семејството каде што работат двата родители има повеќе пари, тоа не секогаш е точно. Секако сè зависи од примањата на личноста, но да земеме две семејства со исти плати каде што во едното работат двата родитела, а во другото само едниот.rnrnКога ќе се платат основните трошоци кои се јавуваат кога уште една личност работи, како на пример, беби-ситерка или градинка, втор автомобил или автобуска карта, облека за работа и исхрана, многу често се случува една цела плата да се стопи за овие побарувања. Исто така во семејствата каде што има две плати, партнерите многу почесто се одлучуваат да купат нешта кои не им се нужни, а исто така и полесно решаваат да подигнат кредит.rn

    Мит 2 – Поседувањето е секогаш подобро од изнајмувањето

    rnУбаво е да се биде сопственик на недвижнини, но тоа само по себе си носи дополнителни трошоци. На пример, сите сопственици на кредити во швајцарски франци во поголемиот дел од случаите денес би се согласиле дека изнајмувањето стан е многу подобро од поседувањето. И покрај тоа што нашиот сопствен стан би ни донел многу поголема удобност, сепак често носи и поголеми трошоци за кои воопшто не размислуваме.rnrnПокрај трошокот кој со себе го носи отплаќањето на кредитот, тука е и данокот за самиот имот, трошоците за одржување на недвижнината, мебелот… Живееме во општество во кое секој поединец се учи дека поседувањето стан е нужност во зрелите години, но голем број западни земји не се согласуваат со овој заклучок токму од финансиска гледна точка.rn

    Мит 3 – Мора да заработувате повеќе со цел да можете повеќе да заштедите

    rnПоголемата плата носи и поголеми трошоци. Не е важно колку заработувате, важна е само вашата волја. Во поголемиот дел од случаите, како што расте приходот на одредена личност, така растат и нејзините животни трошоци. Токму затоа и со поголемите примања доаѓаат и подобар стил на живеење кој самиот по себе е поскап.rnrnДоколку платата е повисока, луѓето се одлучуваат на купување подобар автомобил, вложување во подобро образование и интелектуален развој како и подобро грижење за физичкиот изглед. Од друга страна пак, повеќе пари се трошат и на различни видови релаксирања. Токму затоа и заштедените пари на крајот од месецот нема да бидат многу поразлични од оние кои биле зачувани со помала плата.

  • Митови за шеќерот во кои веднаш треба да престанете да верувате

    Митови за шеќерот во кои веднаш треба да престанете да верувате

    Сигурно многупати сте прочитале дека консумирањето шеќер е штетно за здравјето, дека од него страдаат забите и се појавуваат акни и мозолчиња. Но, постојат многу митови и невистини дека консумирањето шеќер предизвикува одредени последици и дека влијае на здравјето воопшто.rnrn2-mitovi-za-shekjerot-vo-koi-vednash-treba-da-prestanete-da-veruvate-www.kafepauza.mk_rnrnПрвиот таков мит е дека шеќерот е одговорен за хиперактивноста. Овој мит е толку популарен и всаден во мозокот на луѓето ширум светот, па многу родители веруваат дека ако им дадат парче кекс или чоколадо на своите деца тие ќе „полудат“, ќе добијат енергија и ќе започнат да дивеат по куќата. Ова верување настанало поради тоа што слатките најчесто се консумираат на прославите како што се: родендени, забави, слави, венчавки или крштевки. Па затоа, логично е тогаш луѓето, но и децата малку да „полудат“, повеќе да се расположат и да подиват. Доброто расположение нема врска со шеќерот или слатките, а секако шеќерот не е одговорен за доброто или лошо расположение.rnrnУште едно погрешно верување е дека шеќерот предизвикува дијабетес. Дијабетесот најчесто е наследен, а го предизвикуваат и нездравите навики, начинот на живот и лошиот избор на производи. Имајте на ум дека ако јадете многу чоколади тоа не ве прави кандидат за дијабетичар.rnrn1-mitovi-za-shekjerot-vo-koi-vednash-treba-da-prestanete-da-veruvate-www.kafepauza.mk_rnrnВо желба да ослабете, сигурно најпрво ќе се определите во чајот или кафето да ставате кафеав наместо бел шеќер, бидејќи некаде сте прочитале дека е поздрав и помалку калоричен од белиот шеќер. Кафеавиот шеќер содржи многу адитиви, вештачки бои и многу е понездрав од белиот. Лага е дека белиот шеќер е високо калоричен и дека се дебелеете од него.rnrnУште едно верување кое не само што е обичен мит, туку и ќе влијае штетно врз вашето здравје е дека треба да го избегнувате овошјето, бидејќи е преполно со сахароза. Овошјето е полно со влакна и да, содржи шеќер, но тој шеќер е природен и не е исполнет со адитиви и нездрави состојки од кои се направени некои слатки, џемови, кремови и слично. Овошјето содржи влакна кои ќе ви помогнат да го стабилизирате холестеролот и да го изедначите шеќерот во крвта. И затоа треба да консумирате овошје секогаш кога ќе имате прилика.

  • 8 нешта за мастурбацијата кои никој нема да ви ги каже, а сепак треба да ги знаете

    8 нешта за мастурбацијата кои никој нема да ви ги каже, а сепак треба да ги знаете

    Мастурбацијата е одличен начин да го запознаете вашето тело и да откриете што е тоа што ви се допаѓа. Постојат разни митови поврзани со мастурбирањето, па еве некои нешта кои никој не ви ги кажува.rnrn0-8-neshta-za-masturbacijata-koi-nikoj-nema-da-vi-gi-kazhe-a-sepak-treba-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrn1. Не е возможно толку многу да уживате во мастурбирањето за никогаш да не уживате во сексот – Секогаш е подобро кога ве допира некој друг отколку самите вие. Едноставно така е.rnrn2. Мастурбацијата е нормална – Не ја практикуваат само морничавите перверзници во тесни улички – Сите мастурбираат. Вашата библиотекарка, вашата докторка и сите ваши пријателки. Апсолутно е нормално.rnrn3. Ако не можете да свршите преку мастурбација, не мора да значи дека исто ќе биде и во сексот – Плус, како би сфатиле како се мастурбира кога голем број од луѓето мислат дека следнава точка е вистинита…rnrn4. Не, не треба да ги користите прстите како замена за пенис – Голем дел од жените не ни свршуваат само од пенетрација…rnrn5. Секако дека спаѓа во мастурбирање ако само си играте со вулвата со часови додека гледате телевизија – Aко се допирате и тоа ви се допаѓа, иако не сте не доживеале 8 експлозивни оргазми, сепак станува збор за мастурбација.rnrn6. Не значи дека го изневерувате момчето ако мастурбирате – Kако што заклучивме, сите мастурбираат. Иако ја сакате личноста со која што сте, ако додека мастурбирате сакате да го замислите Бред Пит, тоа е во ред.rnrn7. Употребата на секс играчки не значи дека лошо мастурбирате со раце – Само затоа што не можете да свршите без да употребите секс играчки не значи дека сте најлошиот мастурбатор на светов. Плус, со секс играчките секогаш ќе свршите. Особено ако сте многу уморни навечер и некако не сте расположени за акробации, а сепак сакате брзо да свршите за да може да спиете. Откако го кажавме ова…rnrn8. Секако дека може да мастурбирате и без секс играчки – Пробајте со раце – најлесната, најбезбедната и најевтината секс играчка на светот.

  • 5 летни митови во кои нема ниту трошка вистина

    5 летни митови во кои нема ниту трошка вистина

    Летните мудрости како „не пливајте на полн желудник“ се правилник на однесување до кои многумина се придржуваат без никакво размислување. Но, науката ни покажува дека во овие мудрости нема никаква вистина, додека пак некои од нив можат и лошо да влијаат врз нашето здравје. Погледнете за кои станува збор…rnrn5 летни митови во кои нема ниту трошка вистинаrn

    1. Потопувањето рана во солена вода ќе поттикне побрзо зарастување

    rnЕдна од мудростите кои често ги слушаме од постарите генерации е всушност голема невистина. Специјалистите велат дека постојат рани на кои солената вода им помага побрзо да зараснат, но тоа се оние кои се длабоки и нечисти и на кои би им требало навистина долго време да зараснат. Но, кога станува збор за малите повреди, не е добро да ги изложувате на солена вода бидејќи таа ќе ги нагризе и ќе го отежни нивното подобрување.rn

    2. Заштитниот фактор 30 е двојно посилен од заштитниот фактор 15

    rnИ покрај тоа што изгледа сосема логично да се дојде до овој заклучок, сепак тој не е вистинит. Ознаките за заштитниот фактор се всушност мерени во лабораториски услови. Дури и покрај тоа што факторот 30 ќе ве заштити повеќе од 15, како и 50 повеќе од 30, не станува збор за премногу големи разлики и за максимална заштита на кожата. Токму затоа треба да се придржувате до советите од докторите кои препорачуваат да не се излегува на сонце за време на критичните периоди во денот.rn

    3. Белата маица може да ја замени кремата за сончање

    rnНајчесто оние личности кои се исклучително бели решаваат да се заштитат од штетните УВ зраци од сонцето така што ќе облечат само бела маица, но таа не е доволна. За најголема заштита, потребно е покрај маицата да се намачкате и со крема за сончање. Експертите велат дека во периодот помеѓу 11 и 15 часот, доколку се движите на сонце, секогаш носете бела маица во комбинација со заштитен фактор. Ова правило особено се однесува на децата. Исто така кожата која е веќе потемнета не е доволна за заштита, па затоа дури и тогаш користете заштитен фактор.rn

    4. Пливањето со полн желудник е штетно

    rnВлегувањето во вода веднаш по јадењето долго време се сметало за опасно поради ризикот од болки и грчеви во стомакот. И покрај тоа што работата на желудникот може да ви го намали вашето уживање во пливањето, таа не ви се испречува на патот. Но, ако имате проблеми со срцето или со циркулацијата, тогаш секое нагло влегување во вода би можело да ви направи проблем. Ако сте млади и здрави, можете слободно да пливате дури и додека јадете.rn

    5. Минатогодишната крема за сончање со заштитен фактор може да се искористи и оваа година

    rnДоколку ви останала крема за сончање од минатото лето, слободно фрлете ја бидејќи нејзиниот рок на траење има 1 година од денот кога е отворена, под услов да ја чувате на суво и ладно место. Дури и ако рокот ѝ се уште валиден, сепак нејзината ефикасност може да биде намалена.

  • 8 бесмислени митови кои кружат за љубовните врски

    8 бесмислени митови кои кружат за љубовните врски

    Вака треба или така, цел живот веруваме во бајки кои ни презентираат само едно нешто – љубовта е совршена. За жал (или за среќа), такво нешто во реалноста не постои. Совршена врска нема да најдете никаде и ниту еден пар не е постојано среќен. Митовите кои ги слушаме за врските се само тоа – митови, а секоја врска бара со полно срце да се работи на неа за таа да биде успешна, среќна и продуктивна.rnrn(1)-8-besmisleni-mitovi-za-ljubovnite-vrski-kafepauza.mkrnrnСледните 8 се најпознатите и најбесмислени митови кои постојат за врските.rn

    1. Добрата врска значи дека не мора да се работи на неа

    rnПогрешно. Добрата врска значи дека постојат двајца луѓе кои се желни постојано да работат на неа за таа да продолжи да биде добра. Според д-р Лиса Блум, клинички психолог во Пасадина и Лос Анџелес, токму оние најјаките и најстабилни врски бараат најмногу работа, а тоа е спротивното од она на кое нè подготвува општеството во кое живееме. Од мали растеме со приказни и романтични филмови кои нè учат дека љубовната врска е и треба да биде лесна, убава и совршена. Реалноста е поинаква. Секако, доколку поголем дел од времето поминувате карајќи се со партнерот, тажни и гневни, постојано обидувајќи се да се смените, можеби е редно време да се запрашате дали е тоа врската за која уште вреди да се борите.rn

    2. Ако партнерите навистина се сакаат, тогаш ќе си ги познаваат меѓусебните потреби и чувства

    rnПогрешно. Никој не е способен да чита мисли ниту да предвиди како некој ќе се чувствува. Очекувајќи ги од партнерот овие надреални моќи е апсурдно со оглед на тоа што тој/таа нема никогаш да биде во можност да ги исполни тие очекувања. Според д-р Блум, одговорност на сите возрасни е да комуницираат и да ги изразуваат своите чувства и потреби, бидејќи додека како деца можеби имаат изговор, сега веќе не е така. Покрај тоа, нели е подобро да си заштедите себеси малку време и нерви и едноставно да му кажете на партнерот што ви лежи на душа? Тој/таа ќе го цени тоа, а и вие на крајот на денот ќе го добиете токму тоа што го сакате: некој кој знае што ви е потребно.rn

    3. Вистинската љубов значи дека страста секогаш ќе постои

    rnПогрешно. Желбата за некого нема апсолутно никаква врска со љубовта. Врската со тек на време неизбежно преоѓа во рутина која дава извесно ниво на комоција кај партнерите. Тие се презафатени со секојдневните обврски и милион други нешта кои им висат на памет, што сакале или не, на крајот на денот немаат ни време ни енергија за партнерот. Ова не значи дека тие повеќе не се сакаат ниту, пак, дека немаат желба еден за друг. Значи дека страста е само скриена некаде подлабоко и треба да се најде начин таа повторно да се разбуди.rn

    4. Дете ќе ја зајакне врската

    rnПогрешно. Дете само би ја усложнило и така веќе сложената ситуација која воопшто довела до ваквата помисла. Истражувањата покажале дека во солидно добри услови, кога создавањето семејство доаѓа само по себе, среќата во врската/бракот се намалува со зголемување на бројот на деца. Зошто? Затоа што поголемото семејство со себе носи повеќе одговорности, предизвици и компликации. Наместо да се вовлекува дете во целата приказна, залудно верувајќи дека така повторно ќе бидете среќни, попаметно е да се размисли на промените кои навистина ѝ се потребни и што треба да се направи за да се дојде до посакуваното ниво на среќна врска.rn

    5. Љубомората е доказ за вистинска љубов

    rnПогрешно. Љубомората е болест во секоја смисла на зборот. Таа е болест која колку повеќе ја храните, толку повеќе ќе ве јаде и вас и вашиот партнер, а со тоа и врската. Љубомората, во некоја од своите дефиниции, може да се карактеризира како ниво на самодоверба и доверба во партнерот. Доколку сте во врска со партнер кој е љубоморен, тогаш сте свесни за тоа колку таа „болест“ е исцрпувачка и колку лоши работи носи со себе. Верувањето дека таа е доказ за тоа колку партнерот ве сака може да ве доведе до момент да го/ја уверувате дека е сè во ред што повторно нема да даде некакви резултати. Од друга страна, обидувајќи се дополнително да го/ја направите љубоморен/на, може да си направите уште поголеми проблеми. Љубомората не е доказ дека партнерот вистински ве сака.rn

    6. Расправиите ја уништуваат врската

    rnПогрешно. Комуникацијата во врската е единственото нешто кое може да ги реши проблемите. Игнорирањето на проблемите и моментите кои водат до расправии се токму она кое ја уништува врската. Не сакајќи да признаете дека нешто не е во ред и живеејќи во илузија дека нема што да се средува единствено води до ниво во врската кога воопшто и не постои искрена и отворена комуникација. Меѓу другото, огромно влијание има и начинот на кој се решаваат проблемите. Инаетот, грдите зборови и непочитувањето можат само да ја разгорат расправијата оставајќи ве без можност за заедничко решение. За разлика од тоа, разбирањето и почитувањето доведуваат до продуктивни расправии кои водат до добро познатата златна средина и наоѓање решение.rn

    7. За да успее врската, партнерот мора да се смени

    rnПогрешно. Колку повеќе барате од партнерот да се смени, толку повеќе ќе го оддалечите од себе. Проблемот не е кај партнерот, проблемот е кај вас. Наместо да се оптоварувате и залудно да се обидувате да го смените партнерот, подобро би било да видите зошто ви пречи тоа што ви пречи и зошто не можете да го прифатите партнерот таков каков што е. На крајот на краиштата, за секој проблем и секое решение во врската се потребни двајца. Па ако постои нешто што не ви се допаѓа, прво погледнете кон себе, а потоа и кон партнерот.rn

    8. Професионалното советување за парови значи дека врската е во неволја

    rnПогрешно. Терапијата е повеќе превентива со цел да не дојде период кога таа навистина ќе биде во неволја. За ова е потребна навистина огромна храброст и слободен ум, со оглед на општеството во кое живееме, но доколку некој ви значи, нели вреди да преминете преку некои стереотипи и да се одлучите на ваков чекор? Врската е во неволја во оној момент кога ќе одлучите повеќе да не се грижите, да не се замарате и да не преземате активности во насока на нејзино подобрување. А советувањето може само да помогне во целта да се спречи тој тажен крај.

  • 8 митови за мажите во кои мора веднаш да престанете да верувате

    8 митови за мажите во кои мора веднаш да престанете да верувате

    Постојат некои причини за мажите кои во поголемиот дел од случаите се вистинити, како на пример, тие сакаат пиво и орален секс. Но, постојат и некои верувања кои се тотална глупости, како следниве 8…rnrn8 митови за мажите во кои мора веднаш да престанете да веруватеrn

    Мит 1: Мажите сакаат да трчаат по девојка

    rnВистина: Мажите во денешно време обожаваат образовани и самоуверени жени. Истражувањето кое било неодамна спроведено од страна на сајтот „Match.com“ во Америка со кое биле испитани повеќе од 5.600 жени и мажи за љубовта и сексот, ни покажува дека дури 90% од мажите изјавиле дека сакаат девојката да ги покани на состанок. Сепак живееме во 2015 година…rn

    Мит 2: Мажите сакаат само секс без обврски

    rnВистина: Не сите мажи го делат ова размислување, па дури и оние кои во моментов би се согласиле со него не значи дека ќе се согласуваат со него и во иднината. Некои мажи воопшто не се заинтересирани за секс без обврски, додека пак други го практикуваат само одреден дел од нивниот живот. Доколку тој сака секс, тоа не значи и дека не сака љубов или врска.rn

    Мит 3: Мажите немаат биолошки часовник

    rnВистина: Антропологот Хелен Фишер вели дека и двата пола сакаат да најдат партнер во кој ќе се заљубат и со кој ќе имаат деца, особено пред 40-тата година. Мажите се желни за сè ова исто како и жените.rn

    Мит 4: Големи стапала значат дека тој има и голем пенис

    rnВистина: За жал, не постои никаква научна потврда дека бројот на чевли (или големината на раката и носот) е индикатор за големината на неговиот полов орган. Сексуалниот терапевт, Стивен Снајдер објаснува дека станува збор само за урбани легенди.rn

    Мит 5: Мажите имаат проблеми со врзувањето

    rnВистина: Хелен Фишер спровел истражување кое ја потврдува неговата теорија дека ова не е вистина. Мажите сакаат да ги запознаат своите партнерки со нивните родители и пријатели многу побрзо отколку што жените ја добиваат оваа желба, бидејќи тие се посклони кон јавно покажување на нивните емоции. Исто така тие порано сакаат и да почнат да живеат заедно со партнерката.rn

    Мит 6: Мажите не можат да одглумат оргазам

    rnВистина: За жал реалноста е спротивна. Ако сте мислеле дека само жените се способни да одглумат оргазам, тогаш сте се лажеле. И мажите го прават тоа бидејќи често чувствуваат голем притисок за време на сексуалниот однос.rn

    Мит 7: Мажите лесно доживуваат оргазам

    rnВистина: Мажите можат да имаат потешкотии и на ова поле, а медицинскиот поим за тоа е задоцнета ејакулација. Докторот Снајдер објаснува дека на некои мажи им е потребно малку повеќе време за да доживеат оргазам, а проблемот најчесто се наоѓа во стресот, алкохолот или консумирањето антидепресиви. Тоа може да се појави и кај младите, но и кај оние над 40 години.rn

    Мит 8: Мажите размислуваат за секс на секои 7 секунди

    rnВистина: Ако тие навистина помислуваат на секс на секои 7 секунди, тогаш тоа нè води до бројка од 8.000 пати на ден. Доколку тоа навистина се случува тие би биле опседнати со сексот и не би можеле да функционираат нормално во текот на денот. Вистината е дека младите момци (18 – 25 години) помислуваат на секс до 19 пати дневно, што е многу помалку од 8.000.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 митови за емоциите и начините на кои тие можат да ве повредат

    8 митови за емоциите и начините на кои тие можат да ве повредат

    Луѓето многу често не говорат за своите емоции, па затоа разговорите имаат тенденција да бидат фокусирани повеќе на она што во моментот го правиме или размислуваме. Всушност, за повеќето луѓе е полесно да ја започнат реченицата со „Јас мислам…“ наместо „Јас чувствувам…“ само затоа што на тој начин им звучи помалку непријатно.rnrn8 митови за емоциите и начините на кои тие можат да ве повредатrnrnПовеќето луѓе никогаш не добиле соодветна едукација за своите емоции и затоа тие самите се обидуваат да научат социјално прифатливи начини на кои можат да се справат со нештата кои ги чувствуваат од оние околу нив. Токму затоа воопшто не е ни чудно што постојат големи заблуди за емоциите. Погледнете дел од најголемите погрешни сфаќања за емоциите кои можат негативно да влијаат врз вашата добросостојба…rn

    1. „Треба да се чувствувам различно.“

    rnМногу често луѓето кажуваат нешта како, „Знам дека не треба да бидам вознемирен/а за нешто толку мало“, или пак, „Навистина треба да бидам посреќен/посреќна одошто сум“. Но, реалноста е дека не постојат никакви правила кои укажуваат на погрешна емоционална реакција. Наместо да ја трошите енергијата во обвинување себеси, прифатете го она што го чувствувате во моментот и обидете се да ги препознаете изборите во начинот на кој можете да реагирате.rn

    2. „Не можам да ги контролирам моите чувства.“

    rnДури и покрај тоа што вашите емоции не се погрешни, тоа не значи дека вие мора да останете заглавени подолго време во одредено расположение. Вие дефинитивно можете да направите промени кои ќе влијаат врз начинот на кој се чувствувате, така што ќе го промените вашето размислување и однесување во моментот.rn

    3. „Исфрлањето на емоциите од себе ќе направи да се чувствувам подобро.“

    rnПостои широко прифатено верување дека доколку не зборувате со никого за вашите чувства, вие ги „потиснувате“ вашите емоции. Но, истражувањата покажуваат дека понекогаш спротивното е вистинито, особено кога станува збор за гнев. Удирањето во перница или јавувањето на сите во вашиот именик за да им кажете колку лош ден сте имале само ќе ја зголеми вашата вознемиреност и нема да ви помогне да се чувствувате подобро.rn

    4. „Обидувањето да ги контролирам моите емоции е исто како да се однесувам како робот.“

    rnНекои луѓе мислат дека контролата врз емоциите значи да се однесуваат како да немаат никакви чувства. Но, тоа е далеку од вистината. Реалистичниот поглед ни покажува дека ние сме способни да искусуваме широк спектар на емоции, но тоа не значи дека тие имаат контрола врз нас. Една од најздравите навики е кога по тежок ден на работа ќе одберете да правите нешто што ќе влијае да се почувствувате подобро, наместо да дозволите да останете во тоа лошо расположение.rn

    5. „Другите луѓе имаат целосна моќ врз моите емоции.“

    rnМногу често луѓето кажуваат нешта како, „Мојот шеф ме разлути“, или пак, „Мојата свекрва ми прави да се чувствувам лошо за себе“. Но, реалноста е дека никој не може да ве натера да почувствувате одредена емоција. Тие можат до некој степен да влијаат врз начинот на кој се чувствувате, но вие сте оние кои имате моќ над вашите емоции и одлучувате што ќе се случува во вас. Токму затоа следен пат кога ќе ве налути шефот, запрашајте се зошто сте дозволиле неговото однесување да влијае врз вас на тој начин.rn

    6. „Не можам да поднесам непријатни емоции.“

    rnКога луѓето се сомневаат во нивната способност да толерираат одредени емоции, тоа води кон избегнување. Оној кој се чувствува непријатно, со соочувањето може да избегне состанок со соработник кој може да доведе до решение на одреден проблем. Учењето како да се справувате со непријатните емоции директно ја гради самодовербата. Откако нема да им дозволите на вашите емоции да владеат со вашето однесување, вие ќе научите дека можете да поднесете многу повеќе од тоа што претходно сте верувале.rn

    7. „Негативните емоции се лоши.“

    rnМногу е лесно да се категоризираат емоциите како „добри“ или „лоши“, но тие самите никогаш не се позитивни или негативни. Тоа што ние одбираме да го правиме со нив е тоа што прави разлика. На пример, лутината многу често има лоша репутација. И покрај тоа што многу луѓе прават лоши избори кога се под влијание на лутината, други знаат како да ја искористат оваа емоција за продуктивна цел. Дел од најголемите позитивни промени во светот никогаш немало да настанат доколку активистите не се налутиле за одредена неправда на која биле сведоци.rn

    8. „Покажувањето емоции е знак на слабост.“

    rnИ покрај тоа што однесувањето професионално е многу здрава социјална алатка, дури и кога не се чувствувате дека сте во вашето најдобро светло, сепак добро е доколку одвреме-навреме го спуштите вашиот штит. Тоа не само што не е знак на слабост, туку е еден вид свесност за вашите емоции и правење свесна одлука да го споделите она што го чувствувате со другите, секако доколку тоа е социјално соодветно. На овој начин вие покажувате знак за цврстина.rnrnРазвивањето свесност и разбирањето на вашите емоции може да биде многу тешко кога не сте научени да размислувате за начинот на кој се чувствувате. Но, како и повеќето способности во животот, вашата способност да препознавате, толерирате и регулирате емоции може да се подобри со соодветно вежбање. Зголемената свесност за себе е клучот за изградба на ментална цврстина и постигнување успех во вашиот личен и професионален живот.