КАФЕ ПАУЗА

Tag: митови

  • Најчестите митови за лебот во кои треба веднаш да престанете да верувате

    Најчестите митови за лебот во кои треба веднаш да престанете да верувате

    До неодамна, лебот беше основна состојка во сечија исхрана. Но, во последниве неколку години изглед дека тој стана најголемиот злосторник во диетата. „Се обидувам да не јадам леб“ е најчестата изјава на сите луѓе кои се обидуваат да ослабат некое кило, верувајќи дека тој ги дуе во областа на стомакот и дека ги дебелее. Дури и оние кои сè уште јадат леб, велат дека се чувствуваат виновно кога го прават тоа. Но, дали навистина лебот е толку лош и мора да го избегнувате по секоја цена?rnrnНајчестите митови за лебот во кои треба веднаш да престанете да веруватеrn

    Мит #1 – Јадењето леб ве дебелее

    rnВистината е сосема спротивна од основното верување. Доколку го консумирате умерено и како дел од балансирана диета, вие слободно можете да уживате во лебот дури и доколку слабеењето е вашата крајна цел. Но, сепак избегнувајте го белиот леб на кој му се отстранети повеќето витамини, минерали и хранливи влакна за време на процесот на рафинирање.rn

    Мит #2 – Безглутенскиот леб е поздрав

    rnЕтика дека е производ без глутен не го прави самиот лебот поздрав. Всушност, некои безглутенски алтернативи изобилуваат со шеќери. Во обичниот леб, глутенот е оној кој му ја дава формата и мекоста, па токму затоа компаниите кои произведуваат безглутенски производи се обидуваат да го заменат со адитиви како „xanthan gum“ или скроб од пченка за да ја постигнат истата текстура. Тие исто така додаваат и повеќе шеќер и маснотии со цел да создадат подобар вкус. Токму затоа внимавајте кога одбирате безглутенски производи и секогаш одбирајте ги оние производи кои содржат киноа, чиа или брашно од ориз.rn

    Мит #3 – Црниот леб е поздрав од белиот

    rnВистината е дека црниот леб се смета за поздрав избор, но анализите покажале дека многу видови црн леб содржат повисоки количини шеќер од белиот, бидејќи произведувачите ги додаваат со цел тој да биде повкусен. Исто така некои видови црн леб содржат и карамела за тие да изгледаат потемно и со тоа да се направи илузија дека се подобри. Не постои дилема дека лебот од целосни зрна е најдобриот стандард кога станува збор за витамини, минерали и хранливи влакна, па токму затоа секогаш проверувајте ги неговите состојки пред да го купите.rn

    Мит #4 – Лебот е лош за шеќерот во вашата крв

    rnЛебот е јаглехидрат, па доколку го јадете само него (особено рафинираниот бел леб) тој може да предизвика нагло покачување и потоа опаѓање на шеќерот во крвта кое води кон губење на енергијата и потреба за благо. Токму затоа доколку го комбинирате со производи кои содржат многу протеини или добри маснотии, како хумусот или кашкавалот, тогаш ќе ги неутрализирате шеќерите кои тој ги содржи. Исто така со цел да го избегнете силното опаѓање на енергијата по ручекот, избегнувајте да јадете бел леб.rn

    Мит #5 – Лебот предизвикува надуеност

    rnВистината е дека не постои ниту една диетална причина за надуеност. Но, кај некои индивидуи, под влијание на други фактори, сепак тој може да ја предизвика оваа состојба. Поголемиот дел од комерцијалниот леб поминува низ таканаречениот процес „Chorleywood“, преку кој се создаваат евтини и брзи производи со помош на состојки на кои многумина можат да бидат чувствителни. Доколку забележувате дека лебот од маркетот ви предизвикува чувство на надуеност, а кога го подготвувате сами не забележувате никакви проблеми, тогаш со сигурност причината е таа. Од друга страна пак, кај некои луѓе проблемот се јавува од квасецот, а кај други поради глутенот. Сè е до самата личност, па токму затоа откријте што најмногу одговара на вашето тело и држете се до таа исхрана.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Модни митови кои се одамна заборавени

    Модни митови кои се одамна заборавени

    Автор: Сара ТурановиќrnrnВо светот на модата никогаш не е досадно, па затоа секој ден може да видиме некои новитети. Но она што е најважно е вашата креативност и имагинација да бидат ваш главен моден тренд. Во минатото облеката беше „врзана“ за многу пишани и непишани правила. Меѓутоа тие времиња поминаа, а овие правила се заборавени. Сепак погледнете што во минатото било важно, а денес е само мит.rnrnМодни митови кои се одамна заборавениrn

    Долгите фустани не се за ситни жени

    rnДолгите фустани се многу практични за жешките, летни денови и супер се комбинираат за дневни и вечерни излегувања. Не постои никаква причина поради која ситните жени би требало да ги избегнуваат. Изберете фустани од лесни лелеави материјали, а избегнете ги оние со големи цветни мотиви и тешки слоеви.rnrnМодни митови кои се одамна заборавениrn

    Кратките сукњи се забранети за жени над 35 години

    rnМитот за жените и кратките сукњи потекнува уште од времето кога било срамота жената да ги покажува своите колена. Овој чин се толерирал само за младите девојки и децата. Но овие времиња се далеку зад нас. Мини сукњите секогаш изгледаат прекрасно на убавите жени, без разлика колку години тие имаат. Затоа, слободно облечете кратка сукња и гордо прошетајте ги своите нозе!rnrnМодни митови кои се одамна заборавениrn

    Светките се само за вечерни излегувања

    rnСветките во вечерните комбинации изгледаат гламурозно и свечено, па затоа многу ги гледаат како премногу свечен додаток за преку ден. Меѓутоа, ако ги искомбинирате на вистинскиот начин, може да се претворат во интересен и освежителен додаток на дневната гардероба. Најважно е да не претерувате со нив. Ако одлучите да носите едно парче облека со светки, остатокот нека го сочинуваат едноставни и еднобојни парчиња.rnrnМодни митови кои се одамна заборавениrn

    Никогаш не носете повеќе од една јака боја

    rnАко носите една јака боја, тогаш бидете спремни за погледи. Комбинацијата од две јаки бои е премногу храбар чин и бара почит. Судирот на две неочекувани и воочливи бои ќе ве стави во центарот на вниманието, па ова е добар рецепт ако сакате да бидете ѕвезда на вечерта. Слободно играјте си со боите и не верувајте во овој мит.rnrnМодни митови кои се одамна заборавениrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 митови за интровертните личности

    10 митови за интровертните личности

    Интровертите се повлечени луѓе кои најубаво се чувствуваат кога се сосема сами. Друштвото на други луѓе на некој начин им ја троши енергијата, додека самотијата им ги полни батериите. Па така, доколку забава со гласна музика и полно луѓе кои се забавуваат прави да се чувствувате како да сте во затворска ќелија, веројатноста дека сте интроверт е многу голема. Иако често се опишувани како срамежливи и несоцијализирани или, пак, им се припишуваат секакви болести и ментални нарушувања само затоа што се различни, тие се сосема нормални од здравствена гледна точка и едноставно претпочитаат да бидат сами.rnrnChild's face looking through a hole in paperrnrnОд научна гледна точка, според фактите наведени во книгата „Предност на интровертите: како да се напредува во светот на екстровертите“ од Марти Лејни, оваа состојба се објаснува преку различните доминантни патишта кои невротрансмитерите ги следат во нервниот систем на интровертните и ектровертните личности. Доколку податоците во оваа книга се точни, тогаш може да се заклучи дека интровертите се пречувствителни на допаминот, така што преголема надворешна стимулација ги истоштува и заморува. Бидејќи процентуално 25% од човековата популација се карактеризираат со особини на интровертна личност, деталното проучување и дефинирање на интровертите е отежнато и сѐ уште е во тек, па поради ова настануваат митови и погрешно перципирање на карактеристиките на интровертите.rn

    1. Интровертите не сакаат да зборуваат

    rnНапротив – интровертите не зборуваат освен кога навистина имаат нешто да кажат. Тие мразат безначајни разговори, но доколку начнете тема за која се заинтересирани, тогаш нема да престанат да зборуваат.rn

    2. Интровертите се срамежливи

    rnСрамежливоста нема никаква врска со интровертноста. Во глобала тие воопшто не се плашат од луѓето ниту, пак, имаат фобија од социјализирање. Едноставно им треба причина за да зборуваат, како на пример тема за која имаат интерес и познавање.rn

    3. Интровертите се некултурни

    rnТоа што можеби прави да мислите дека интровертите се некултурни е фактот дека тие не сакаат правење лице, туку ги ценат реалноста и искреноста. Бидејќи сѐ поретко овие две работи може да ги сретнете во денешното комуницирање на луѓето, целиот процес знае да биде непријатен и истоштувачки за интровертите.rn

    4. Интровертите не ги сакаат луѓето

    rnОва е целосно погрешно. Интровертите навистина ги сакаат оние неколку пријатели кои ги имаат. Иако истите можат да се бројат на прсти, поради неколкуте причини кои се погоре наведени, доколку сте пријател со интровертна личност, тогаш не само што вие навистина заслужувате почит, туку и имате лојален пријател за до крајот на животот.rn

    5. Интровертите не сакаат да излегуваат во јавност

    rnМоже да се каже дека не сакаат да бидат излезени на подолго време, но не и дека не сакаат воопшто да излегуваат. Сакаат да ги избегнат компликациите кои настануваат доколку се вклучат во јавните активности, а бидејќи многу брзо и лесно сфаќаат работи, нема потреба да излегуваат за долго. Ним им е потребно да одат дома каде ќе ги наполнат батериите и ќе имаат можност да го разгледаат и проучат здобиеното знаење.rn

    6. Интровертите секогаш сакаат да бидат сами

    rnТие знаат да уживаат во своите мисли и во сопственото друштво. Сакаат кога имаат загатки и проблеми за решавање и сакаат да сонуваат. Но се чувствуваат многу осамено кога немаат со кого да ги споделат своите откритија. Иако уживаат кога се сами, сакаат кога имаат искрена врска со некоја личност.rn

    7. Интровертите се чудни

    rnИнтровертите се индивидуалисти. Совршено добро функционираат кога се сами и не сакаат да следат групи на луѓе. Напротив, сакаат да бидат ценети за нивните самостојни постигнувања и не носат одлуки базирани на општо прифатеното мислење или тоа што е актуелно. Тоа не ги прави чудни, туку различни.rn

    8. Интровертите се настрани генијалци

    rnСконцентрирани на сопствените мисли и чувства, интровертите се луѓе кои посветуваат внимание на сопствената личност и тоа што ги интересира. Способни се во секоја смисла на зборот да ги следат случувањата околу нив, но во ниту една ситуација тие случувања не се попримамливи од нивниот внатрешен свет кој е стимулирачки за нив.rn

    9. Интровертите не знаат да се опуштат и да се забавуваат

    rnИако многу јасно зошто останатиот дел од светот би го објаснил нивното однесување вака, ова е сосема погрешно. Интровертите можеби не се забавуваат во присуство на други луѓе, но неверојатно многу се опуштени и расположени кога се сами дома или во природа. Се исклучуваат и повлекуваат во големи гужви поради тоа што тие им ја трошат енергијата и се доста заморувачки за нив.rn

    10. Интровертите можат да се поправат и да станат екстроверти

    rnНе можат да се поправат и сменат бидејќи нема што да поправат. Тие се сосема нормални и единствени и многу способни и интелигентни. Можат да придонесат неверојатно многу кон општеството, а разликата во однос на екстровертите е тоа што тоа го успеваат сосема сами од таа една и единствена причина дека така функционираат со полна пареа.rnrnИнтровертите заслужуваат почит како и сите останати луѓе. Иако различното и непознатото отсекогаш е нешто што ги плашело луѓето, тоа не е причина интровертните личности да бидат избегнувани и неприфатени од општеството. Напротив, има многу нешта кои можеме да ги научиме од нив.

  • Изненадувачки вистини за кучињата и нивните сопственици

    Изненадувачки вистини за кучињата и нивните сопственици

    Постојат многу митови околу кучињата и нивните сопственици, но за дел од нив сè уште не постојат цврсти факти со кои би се докажале. Токму затоа погледнете ја оваа објективна перспектива на 3 добро познати митови и факти за кучињата и нивните сопствениците која е поддржана со голем број истражувања во оваа област.rnrnИзненадувачки вистини за кучињата и нивните сопственициrn

    Дали сопствениците на поагресивни кучиња се понепријателски настроени? Потврдено!

    rnЕдна студија која била објавена во октомври, 2012 година ја донела првата научна валидација на овој стереотип. Дебора Велс и нејзините колеги со спроведеното истражување откриле дека оние сопственици кои имаат поагресивни раси на кучиња имале повисок резултат на скалите за лутина, агресија и непријателство.rnrnИзненадувачки вистини за кучињата и нивните сопственициrnrnПозади науката: И покрај тоа што оваа теорија не е целосно потврдена, можно е објаснувањето на овој феномен да се бара во фактот дека луѓето одбираат кучиња кои се на некој начин продолжување од нив. Ние ги одбираме своите пријатели и партнери кои имаат слични интереси и тенденции, па зошто да не би го правеле тоа и со домашните миленици? Но, постојат и други фактори кои можат да предизвикаат луѓето да бидат поагресивни и да изберат поагресивни раси на кучиња. Луѓето кои се социјално изолирани, имаат малку посетители или живеат во област која изобилува со криминал се под поголемо ниво на хроничен стрес, па токму поради тоа би можеле да одберат поагресивно куче со цел да биде нивниот „чувар“.rn

    Дали чувањето домашно милениче ве прави поздрави? Потврдено!

    rnГолем број студии биле спроведувани врз здрави луѓе, оние со хронична болест или постарите и секогаш чувањето куче било позитивно поврзано со начинот на кој срцето се прилагодува на стресни ситуации, со намалениот крвен притисок, помалку болка и значително намален ризик од срцеви и мозочни удари во период од 10 години или повеќе. Повеќето студии ги вклучувале сопствениците на кучиња, но дел од нив биле и со сопственици на мачки.rnrnИзненадувачки вистини за кучињата и нивните сопственициrnrnПозади науката: Очигледното објаснување е дека со чувањето куче доаѓа и обврската да излезете од вашиот дом и да пешачите. Всушност истражувањата покажале дека оние кои поседуваат куче имаат многу повеќе аеробик вежби во нивниот живот отколку оние кои немаат домашно милениче. Вежбањето има голем број здравствени придобивки, започнувајќи од борбата против прекумерната телесна тежина и дијабетесот, па сè до подобрување на општото здравје. Излегувањето од дома исто така води до подобрување на социјалниот живот, но она што е најинтересно е дека студиите покажале дека чувањето куче исто така и го продолжува вашиот живот.rnrnКучињата не се единствените кои имаат позитивно влијание врз луѓето. Другите домашни миленици, вклучувајќи ги и мачките, исто така имаат големо влијание при намалување на стресот. Во експерименталните студии, кога од испитаниците се барало да ги стават своите раце во студена вода, тие биле под помалку стрес, и физички и психички, доколку биле во придружба на нивните миленичиња, во споредба со нивните сопружници или пријатели.rn

    Дали сопствениците наликуваат на нивните кучиња? Потврдено!

    rnИстражувачите откриле дека луѓето можеле многу лесно да ги препознаат вистинските (наспроти лажните) сопственици на кучиња, доколку тие се расни. Ова препознавање одело малку потешко кај мешаните кучиња.rnrnИзненадувачки вистини за кучињата и нивните сопственициrnrnПозади науката: Истражувачите од Сан Диего ги тестирале своите хипотези дека кучињата и нивните сопственици, исто како венчаните двојки, почнуваат да наликуваат еден на друг со тек на време. Но, не постојат докази кои би ја поддржале оваа врска. Од друга страна пак, наместо со тек на време да почнат да наликуваат едни на други, изгледа дека луѓето уште од почетокот одбираат раси на кучиња кои најмногу наликуваат на нив. Дали станува збор за свесен или несвесен избор, сè уште не се знае. Но, она што може со сигурност да се каже е дека луѓето често им пристапуваат со недоверба на оние нешта кои се различни од нив, па можеби токму затоа одбираат кучиња со кои на некој начин делат одредени сличности.

  • Најчести митови за убавината и разубавувањето

    Најчести митови за убавината и разубавувањето

    Цел живот слушаме совети од нашите мајки, пријателки и баби кои нè уверуваат дека некои методи за нега се исправни, додека други погрешни, но дали е тоа навистина така? Повеќето од нив се митови во кои ние целосно веруваме. Ги издвојуваме најчестите невистини кои некои од нас дури ги имаат прифатено како „светото писмо“.rnrnnajchesti-mitovi-za-ubavinata-i-razubavuvanjeto-kafepauza.mkrn

    МИТ 1: „Кубењето“ на белите влакна прави тие да растат повеќе

    rnОва е тотален мит. Нашата коса побелува како што старееме и тоа е процес кој не можеме да го запреме. На некој тоа му се случува порано, на некој подоцна, но не постои личност на која нема да ѝ побелее косата. Често се случува, откако ќе го забележиме првото бело влакно, да ни се причинува како да ги има сè повеќе и повеќе. Всушност тоа е поради тоа што сега сме го „истренирале“ нашето око да ги забележува секојпат кога ќе се погледнеме во огледало.rn

    МИТ 2: Бричењето ги прави влакната подебели и погусти

    rnО, да дами. И ова е голем мит! Избричените влакна изгледаат подебели поради тоа што бричот го отсекува влакното само од површината на кожата, односно тоа не е целосно извадено од фоликулата. Заради тоа кога повторно ќе почне да расте, се гледа подебелиот дел и визуелно ни изгледа дека влакната станале подебели.rn

    МИТ 3: Мајонезот е одличен регенератор

    rnВсушност, тука има и вистина. Ако мајонезот е вистински, односно содржи вистинско масло и јајца, тоа го прави добар регенератор. Киселините и протеините добро ја негуваат косата.rn

    МИТ 4: Ставањето мраз на кожата ги намалува порите

    rnНе, не и не. За жал, ништо не може да ги намали порите. Големината на порите е резултат на генетиката, а не се менува под влијание на температурата нанесена на кожата. Факт е дека некои луѓе имаат помали, а некои поголеми пори.rn

    МИТ 5: Пастата за заби ги суши акните

    rnПастата за заби содржи ментол и други активни состојки кои можат да ги исушат или намалат акните пред да дочекате тие „природно“ да исчезнат. Меѓутоа, истите тие состојки можат да ја исушат или изиритираат кожата на вашето лице, па подобро е да користите крем против акни.rn

    МИТ 6: Со нанесување на пиво пред сончање може да добиете „златен“ тен

    rnНе е вистина. Треба да избегнувате да излегувате на сонце без да нанесете крем со висок заштитен фактор, а пивото и не може баш да ви помогне. Како и поголемиот дел од работите така и ова е дел од генетиката. Некои потемнуваат лесно, а други пак изгледаат како рак веднаш штом излезат на сонце.rn

    МИТ 7: Поради седењето со прекрстени нозе ќе добиете проширени вени

    rnНе, нема да добиете. Сè уште не е откриен факторот зошто набабруваат вените на нозете. Седењето со прекрстени нозе нема да направи да добиете проширени вени, но ако веќе имате тогаш ваквото седење може да ги влоши.rn

    МИТ 8: Вените отекуваат кога ги миете нозете додека сте уморни

    rnНе, вените ви отекуваат затоа што нозете ви се уморни. Тоа е начин на кој телото се бори против заморот. Добро е кога сте изморени да ги ставите нозете во топла вода за да ја подобрите циркулацијата во долниот дел од телото и да го отстраните заморот.

  • Суеверија ширум светот, кои се чудни дури и за суеверните

    Суеверија ширум светот, кои се чудни дури и за суеверните

    Треба да земеме предвид дека суеверијата водат потекло од митот и ритуалот. Kако такви тие се неразделни поими. Митот е приказна во која луѓето верувале уште во најстаро време, а ритуалот е чин со кој се избавувале од проблемите (болест, лоша среќа, молење итн.). Па со овие предзнаења многу лесно би можеле да ги сфатиме суеверијата.rnrnЛуѓето ширум светот, со цел да си објаснат некои појави и случувања си создавале свои приказни кои станале општо прифатени верувања, денес познати како суеверија.rn

    Англија

    rnВо средновековна Англија се верувало дека доколку новороденчето го префрлеле преку пита кашкавал ќе има просперитетен живот.rnrnСо јадење марула може да се остане стерилен.rnrnКлучот за одржување на младоста е во раздавањето желади.rnrn1-sueverija-shirum-svetot-koi-se-chudni-duri-i-za-suevernite-kafepauza.mkrn

    Русија

    rnНосењето празна кофа носи лоша среќа.rnrnКолку повеќе измет имате на покривот, толку повеќе пари ќе имате.rnrnДоколку некој случајно ве згазне на ногата, вратете му. Самиот чин на згазнување предизвикува недоразбирање, кавга, па доколку му вратите, го затворате кругот и недоразбирањето во иднина би се избегнало.rnrn2-sueverija-shirum-svetot-koi-se-chudni-duri-i-za-suevernite-kafepauza.mkrn

    Јапонија

    rnПајакот го сметаат за добар, но и за лош знак во зависниот во кој дел од деноноќието ќе го видат. Па доколку е преку ден, тоа е добар знак и не треба да се убие пајакот, но доколку го видат навечер тоа се смета за лоша среќа.rnrnКога се поминува низ гробишта треба палците да се стават во џеб за да се спасат од смртта.rnrnВеруваат дека откако ќе се вратат од погреб не треба да влегуваат дома пред да си фрлат сол на главата, а тоа го сметаат како ритуал за прочистување.rnrn3-sueverija-shirum-svetot-koi-se-chudni-duri-i-za-suevernite-kafepauza.mkrn

    Индија

    rnЛуѓето за време на помрачување на сонцето не излегуваат од своите домови затоа што веруваат дека зраците се штетни.rnrnСреда и сабота не се сечат нокти и не се мие косата затоа што ќе им донесе несреќа.rnrnПериодот на менструација на една жена симболизира нечистотија и тогаш таа не смее да влезе во кујна и во осветените места во домот.rnrnКако заштита од уроци користат чили пиперки и лимони.rnrn4-sueverija-shirum-svetot-koi-se-chudni-duri-i-za-suevernite-kafepauza.mkrn

    Турција

    rnСе избегнува џвакање мастика навечер, затоа што џвакањето го поврзуваат со враќањето на мртвите.rnrnАко коза ви помине преку патот тоа ќе ви донесе среќа, затоа што козите го апсорбирале злото.rnrn5-sueverija-shirum-svetot-koi-se-chudni-duri-i-za-suevernite-kafepauza.mkrn

    Нигерија

    rnНекои веруваат дека бакнувањето на бебе во уста ќе го направи размазено во понатамошниот живот.rnrn6-sueverija-shirum-svetot-koi-se-chudni-duri-i-za-suevernite-kafepauza.mkrn

    Шпанија

    rnЛуѓето точно во 12 часот на Нова година, јадат по 12 зрна грозје, верувајќи дека ќе им донесе добра среќа.rnrnap071202059813

  • 8 најголеми митови за феминизмот

    8 најголеми митови за феминизмот

    Зачудувачка е вистината дека најголем број од луѓето всушност не знаат што е тоа феминизам. Насекаде околу нас има лажни дефиниции за овој поим. На некои самиот поим им звучи фрустрирачки, други сметаат дека феминистките ги мразат мажите итн. Денес ги разоткриваме најголемите митови и заблуди за феминизмот, за сите да знаеме што точно значи и кога да го употребуваме терминот.rnrn8 најголеми митови за феминизмотrn

    1. Феминистките ги мразат мажите

    rnФеминизмот не е никакво движење против машкиот пол, напротив. Многумина ги гледаат жените кои себеси се нарекуваат феминистки како исфрустрирани жени кои поради одредени причини ги мразат мажите. Оние кои се залагаат за и веруваат во рамноправност меѓу половите се феминисти. Феминизам по дефиниција значи еднаквост на жената со мажот.rnrnТука е големиот оксиморон – ако мислите дека сте феминистки а ги мразите мажите, самите себе се дискредитирате, феминистот се залага за еднаквост. Доколку решите да се залагате за ова движење и да го ширите феминизмот како култура на размислување, мора да престанете да зборувате лошо за машкиот род, тие две работи не одат заедно. Токму затоа многумина имаат погрешна слика за феминизмот. Добро е да се знае дека, спротивно од феминизам, постои и поимот шовинизам што во овој контекст значи супериорност на еден пол спрема друг, така што може да бидете женски шовинисти доколку сметате дека женскиот род е супериорен над машкиот.rn

    2. Феминистките не смеат да бидат женствени

    rnАко сакам да бидам женствена, ако сакам покрај себе да имам џентлмен, ако ја сакам розовата боја, не значи дека немам право да се наречам себеси феминистка. Феминизмот значи дека жените треба да имаат право и слобода на контрола над сопствените тела, начин на живот и размислување, и на никој начин да не бидат ограничени . Тоа дека не смеат да бидат женствени е само едно големо ограничување, иронично, како и големо недоразбирање. Феминистка не е онаа која се труди со начинот на облекување да покаже за што се залага или во што верува, туку онаа која не се плаши со високи потпетици да успева во „светот на мажите“.rnrnДали сте женски шовинист?rn

    3. Феминистките не сакаат џентлменски гестови

    rnДефинитивно едно од најголемите недоразбирања е следново: како очекувате од нас да бидеме џентлмени кога се залагате за еднаквост меѓу половите? Да се разбереме, феминистките немаат ништо против да им отворите врата од кола. Јас, како феминистка секогаш сум почестена од овој гест а никогаш навредена. Она што ми пречи и крајно навредува, е шовинистичкото свиркање по пат, довикување и отворениот сексизам од кој по сè изгледа никој не се срами.rnrnМоже некогаш дечкото ќе плати за вечерата, некогаш ќе плати девојката. Тоа нема никаква врска со феминизмот, џентлменството е култура на однесување, не само кон жените туку воопшто. Сексизмот е она што ни пречи и крајно нè револтира.rn

    4. Во 21-ви век жените не треба да се борат за своите права

    rnДа, не одрекуваме дека за разлика од некогаш жените во модерниот свет имаат многу повеќе права. Но, да не заборавиме дека постојат многу земји и култури каде жената се третира како предмет на мажот, каде може да биде силувана, а потоа дури и обвинета за тоа, каде жената присилно се мажи на 14 години за 60-годишен човек (извинете девојчето, не жената).rnrnИсто, во т.н. модерни земји, иако сме стигнале далеку, не значи дека жената е третирана еднакво. Би се изненадиле колкав е бројот на девојки и жени кои биле силувани, а никогаш не пријавиле од срам што тоа им се случило нив. Би се изненадиле доколку знаете дека во просек жените се помалку платени од мажите кои ја извршуваат потполно истата работа како и нив. Секако, секогаш ќе постојат личности кои ќе размислуваат различно и ќе имаат предрасуди. Но, важно е да се направи глобална промена.rnrnТоа ќе го постигнеме кога таткото еднакво ќе се радува на веста дека му се родила ќерка или пак дека му се родил син, кога девојчињата ќе бидат воспитувани дека се еднакви и можат да сторат што сакаат, кога на момчињата од мали нозе нема да им се всади идеја во главата дека тие се мажи во куќата, кога примарна цел на девојките нема да им биде да најдат богат маж туку да се образуваат и вработат, кога ќе ги видите дома таткото и мајката како ги извршуваат домашните обврски заедно. До тогаш може само да си мачкаме очи дека сме рамноправни.rn

    5. Феминистите се против бракот и имањето деца

    rnБракот е личен избор и зависи од тоа како некој е воспитан и кои му се приоритетите во животот. Бидејќи веќе разјаснивме дека феминистките не ги мразат мажите, кога ќе го пронајдат совршениот партнер за себе може да решат да стапат во брак и да основаат семејство. Секако, ќе се потрудат покрај тоа што ќе бидат мајки, да бидат и многу други нешта.rnrn8 најголеми митови за феминизмотrn

    6. Феминизмот значи жените да уживаат во повеќе права од мажите

    rnНе. Феминизмот значи жените да имаат еднакви права како и мажите, и тоа не само на хартија туку и во пракса. Свесни сте што прави шовинистичкото воспитување на кое се учат машките деца уште од мали – да не плачат, да бидат мажи, да не покажуваат чувства и слично? Статистички е покажано дека се случуваат голем број самоубиства токму поради таа емоционална недостапност. Бидејќи е маж тој не смее да покаже чувства, па мора да ги потиснува во себе.rnrnЗначи, феминизмот не угнетува еден пол за другиот да има повеќе права. Феминизмот се залага за еднаквост. Жената може да носи дрва или да си ја поправи колата, а мажот може да пушти солза ако му е тешко бидејќи е човек.rn

    7. Феминистките се хистерични и исфрустрирани личности

    rnФеминистките најчесто се асоцираат со луди, хистерични, гласни, исфрустрирани. Кога жената ќе покаже чувства – таа е хистерична, или под влијание на хормоните, кога ќе повиши глас – таа е самобендисана или крената во облаци или сака да шефува, кога жената ќе покаже сексуалност – таа е непримерна.rnrnОд друга страна, кога мажот е бесен, гласен или наредува, тоа е оправдано, а кога вербално ги изразува сексуалните желби тој е фраер.rn

    8. Феминистите се одреден тип на луѓе

    rnФеминизмот не е ниту секта ниту препознава возраст, потекло или боја на кожа. Феминист може да биде кој сака, и феминист е секој оној кој верува во полова рамноправност.

  • 8 разоткриени митови за алкохолот

    8 разоткриени митови за алкохолот

    Автор: Маја ЛинковаrnrnПиењето е забавно. Алкохолот нè прави среќни и нè тера да правиме работи за кои претходно никогаш не би се осмелиле. За жал, по една ноќ придружена со алкохол, ние мора да се справиме со несаканите последици (убиствен мамурлак кој нѐ казнува за нашите гревови). За да се спречат различните ефекти на алкохолот, ние употребуваме свои убедливи техники мислејќи дека ќе ни помогнат. На пример не пиеме пиво поради пивскиот стомак, или пиеме кафе за да се отрезниме. Проблемот е во тоа што ова се обични митови за алкохолот и тие не ни помагаат. Па, пред да испиете огромна количина кафе за да се отрезните, подобро прочитајте ја вистината за осумте најпознати митови за алкохолот.rnrn8-razotkrieni-mitovi-za-alkoholot-kafepauza.mkrn

    Пиење пиво пред да се напиете жесток алкохол ќе ве опие побрзо

    rnВсушност, редот на алкохолни пијалаци кои ги пиете не е битен. Ќе имате мамурлак бидејќи сте испиле премногу. Секоја пијачка што ќе ја испиете, сè додека е иста количина ќе ги предизвика истите ефекти кои ги предизвикува претераното пиење – дехидрирање, губење меморија, гадење и чувствителност на светлина.rn

    Пиењето пиво резултира со пивски стомак

    rnЗголемувањето на тежината позната како „пивски стомак“, не се случува само од пивото. Секој алкохолен пијалак има високо ниво калории и празни јаглехидрати, па така пивскиот стомак може да биде предизвикан од кој било алкохолен пијалак, сеедно дали станува збор за вино, вотка, ликер или некој друг вид алкохол. Па, следниот пат кога ќе избегнете пиво, знајте дека не треба да го обвинувате само него.rn

    Кафето ќе ви помогне да се справите со мамурлакот

    rnСо цел да се отрезните, телото треба целосно да се ослободи од алкохолот што го има во вашето тело. Меѓутоа, кафето нема да помогне во забрзувањето на тој процес. За да се справите со мамурлакот, треба да почекате вашето тело природно да го уништи алкохолот во телото и за ова може да бидат потребни неколку часа. Пиењето кафе може да ги наостри вашите сетила и да ве натера да се чувствувате како да се справувате со мамурлакот. Дури и да испиете голема количина кафе, тоа нема да го забрза процесот и препорачливо е да се избегнуваат опасни активности, како што е возењето автомобил наредното утро.rn

    Алкохолот ги уништува мозочните клетки

    rnПиењето може да го забави процесот на размислување и може да ја спречи активноста на вашиот мозок. Но, не грижете се, мозочните клетки не се уништуваат целосно поради тоа. Сепак, важно е да разберете дека алкохолот ги уништува и оштетува нервните клетки, ја променува нивната структура и предизвикува некои симптоми кои се случуваат кога сме пијани. Ова може да биде краткорочна појава, но колку повеќе пиете, толку повеќе мозокот ја губи способноста да се „поправи“ по пијана ноќ.rn

    Ќе се чувствувате повеќе пијано ако помешате алкохол со енергетски пијалак

    rnНема да се чувствувате многу пијано, само поразлично. Ако пиете алкохол со кофеински енергетски пијалак, ќе бидете во чудна состојба која е наречена „тотално будно пијанство“. Ќе ја имате истата количина алкохол во крвта, како да сте пиеле само алкохол, но ќе се чувствувате потрезно поради кофеинот. Ова е потсетник за тоа како кафето не ви помага да се отрезните. Не е препорачливо да мешате енергетски пијалак со алкохол. Оваа мешавина може да биде многу штетна.rn

    Повраќањето може да ве отрезни

    rnПовраќањето ќе ви помогне да го исфрлите алкохолот од дигестивниот систем, кој ќе го спречи тој да навлезе во крвотокот. Но, вашата крв сè уште ќе содржи алкохол кој вашето тело мора да го исфрли. Па, може да помогне да се ослободите од алкохолот во вашиот стомак, а со тоа повеќе нема да бидете пијани. Сепак треба да почекате неколку часа за телото целосно да се ослободи од алкохолот во вашето тело.rn

    Светлите пијалаци (по боја) ќе ве спасат од мамурлак

    rnПосветлите алкохолни пијалаци ќе ја подобрат целата состојба. Образложението е тоа дека ферментираните производи кои се потемни алкохолни пијалаци, го прават вашиот мамурлак посилен.rn

    Мажите и жените кои имаат иста висина, можат да испијат иста количина алкохол

    rnДури иако сте иста висина и тежина со мажот кој седи до вас, вие сепак ќе се опиете многу побргу доколку испиете иста количина алкохол. Тоа се случува така бидејќи мажот има повеќе мускулни ткива и масти од жената, а мускулите содржат повеќе вода отколку масти. Тоа значи дека алкохолот се проширува повеќе во машкото тело. Ова значи дека жените ќе имаат повисоко ниво на алкохол.

  • 6 вистини кои морате да ги знаете ако (не) сакате да останете бремени

    6 вистини кои морате да ги знаете ако (не) сакате да останете бремени

    Сте се одлучиле за дете и веќе некое време се обидувате. Разговарате со пријателките и дознавате за разноразни методи кои ги зголемуваат шансите да останете бремени. Но во таа размена на факти и совети од лично искуство се шират и многу погрешни информации, па затоа ги разбиваме митовите со следниве 6 важни информации кои треба да ги знаете било да сакате да останете бремени, било да сакате да го избегнете ова во моментов.rnrn6-vistini-koi-morate-da-gi-znaete-ako-ne-sakate-da-ostanete-bremeni-kafepauza.mkrn

    МИТ 1: Можно е да останете бремени во кој било момент во текот на месецот

    rnВИСТИНА: За да забремените потребно да е имате однос пред и во текот на деновите на овулација. Најплодни денови се 2-3 дена пред овулацијата и на самиот ден на овулација.rn

    МИТ 2: Менструалниот циклус трае 28 дена и секоја жена овулира на 14-тиот ден од циклусот

    rnВИСТИНА: Просечниот менструален циклус трае 28 дена, но секоја жена е различна и дури кај половина жени циклусот варира околу 7 дена или повеќе. Со оглед на различното траење на циклусите, различен е и денот кога настапува овулацијата, па затоа може да биде многу тешко да се утврдат плодните денови.rn

    МИТ 3: Мерењето на телесната температура ќе ви помогне лесно да забремените

    rnВИСТИНА: Мерењето на телесната температура е непожелно ако сакате да останете во блажена состојба. На жените им се качува телесната температура дури после овулацијата, кога веќе е доцна за оплодување на јајце клетките во рамките на тој месечен циклус.rn

    МИТ 4: Никогаш не сум користела хормонални методи на контрацепција, па затоа би можела брзо да забременам

    rnВИСТИНА: Само затоа што вашите хормони не биле под влијание на хормонски контрацептивни средства не значи дека сте во предност. Вашето тело можеби само може подобро да ги регулира хормоните, но на плодноста влијаат и бројни други фактори, не само контрацептивите.rn

    МИТ 5: Првото дете го зачнав лесно, така што со следната бременост не би требало да имам проблеми

    rnВИСТИНА: Нема сигурен доказ за вакво тврдење. Ќе бидете постари, ќе имате помалку време за сексуални односи, а можеби ќе имате и друг партнер. Ако имате помалку од 35 години и се обидувате да забремените веќе подолго од една година, задолжително разговарајте со лекар (6 месеци ако имате над 35).rn

    МИТ 6: Можете да забремените во текот на менструацијата

    rnВИСТИНА: Ако имате многу краток менструален циклус и крварите во текот на повеќе денови на почетокот на циклусот, можно е да бидете на почетокот на плодните денови пред да ви заврши менструацијата.

  • Најголемите заблуди во врска со полнењето на батеријата на вашиот смартфон

    Најголемите заблуди во врска со полнењето на батеријата на вашиот смартфон

    Кога станува збор за траењето на вашата батерија, постојат многу правила кои одредуваат што можете, а што не треба да правите со вашиот смартфон. Некои од нив имаат врска со реалноста, но некои се само митови. Еве 5 правила кои можете слободно да ги прекршите и едно до кое треба да се придржувате.rnrnnajgolemite-zabludi-vo-vrska-so-polnenjeto-na-baterijata-na-vashiot-smartfon-kafepauza.mkrn

    1. Полначите од помалку познати производители ја уништуваат батеријата

    rnИако не се оптимизирани за паметните телефони од познатите производители, тие нема да им наштетат. Сепак, треба да купувате полначи од легитимни производители, а не лажни копии на познатите брендови.rn

    2. Не е добро да го користите мобилниот додека се полни

    rnУште еден мит. Можете да го користите колку сакате сѐ додека не користите сомнителен полнач. Сѐ додека си ја користите оригиналната батерија и полнач кој е одобрен од производителот, единствена последица од користењето на мобилниот додека се полни е тоа што полнењето ќе оди малку побавно.rn

    3. Полнењето во текот на ноќта ја „убива“ батеријата

    rnПа не баш. Повеќето паметни телефони препознаваат кога е полна батеријата и во тој момент прекинуваат со полнење. Всушност, тогаш тие не ја ни користат батеријата. Сепак, не мора да го полните мобилниот преку ноќ секоја ноќ. Батеријата ќе потрае подолго ако мобилниот го одржувате со капацитет на батеријата помеѓу 40 и 80%.rn

    4. Никогаш не треба да го исклучувате смартфонот

    rnПонекогаш и него им е потребна пауза. Ако не морате баш секогаш да бидете достапни, во ред е повремено да го исклучувате телефонот, на пример пред да си легнете. Се препорачува да го правите ова еднаш неделно. Ако не можете да го исклучите, барем ресетирајте го.rn

    5. Не го полнете телефонот сѐ додека батеријата комплетно не ви се испразни

    rnПогрешно! Многу подобро е ако го дополнувате секој ден, отколку да го трошите до нула и потоа да го полните докрај. Литиум-јонските батерии какви што користат Епл и Самсунг подобро се одржуваат кога се наполнети. Ако постојано ги цедите до максимум, можат да постанат нестабилни. Секоја батерија може да издржи одреден број полнења пред да треба да се замени со нова. Секој пат кога ја празните докрај, многу поблиску сте до замената.rn

    Факт: Топлината ја уништува батеријата

    rnТочно! Технологијата и високите температури обично не одат заедно. Батериите не се исклучок од ова. Литиум-јонските батерии се загреваат при работа, повеќе во текот на полнењето. И ладното време може да има негативен ефект врз траењето на батеријата – ладната батерија побрзо ќе се испразни при ниски температури.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.