КАФЕ ПАУЗА

Tag: енергија

  • Вовед во ајурведа: Дали сте вата, пита или кафа?

    Вовед во ајурведа: Дали сте вата, пита или кафа?

    Ајурведа (Ајур – животна сила или енергија и веда – наука) е древна индиска наука која го проучува она што нѐ одржува живи и ни помага подобро да ја разбереме туѓата и својата уникатност. Кога имаме разбирање за неа, ние имаме физичка, ментална, емоционална и духовна рамнотежа. Според Ајурведа, сѐ што постои е составено од 5 елементи: Земја, вода, оган, воздух и етер и сѐ што постои, постои во нас во различни количини.rnrnВовед во ајурведа: Дали сте вата, пита или кафа?rnrnКога прана – енергетскиот еквивалент на здивот, се меша со 5-те елементи, се формираат дошите. Постојат 3 доши: Вата, пита и кафа.rn

    Вата

    rnВата се формира кога прана се меша со елементите воздух и етер. Вата владее со движењето. Се опишува како лесна, сува, светла, просторна, брза и ладна. Вата луѓето се слаби и или се многу високи или ниски. Имаат асиметрични физички карактеристики. Кога Вата луѓето се во рамнотежа, тие се креативни и лесно се адаптираат и одлично се снајдуваат со зборовите. Кога не се во рамнотежа, тогаш се плашливи и анксиозни.rn

    Пита

    rnПита е составена од елементите оган и вода. Таа владее со нутрицијата, метаболизмот, телесната температура и варењето на храната. Таа се опишува како жешка, остра, лута и кисела. Пита луѓето имаат силен дигестивен систем и нивното тело е атлетски градено. Кота се во рамнотежа, Пита луѓето се интелигентни и паметни. Кога не се во рамнотежа, тие се тврдоглави и бесни.rn

    Кафа

    rnКафа настанува кога прана се меша со земја и вода. Кафа се нашите коски, мускули, заби и сѐ што има цврстина во нашето тело. Се опишува како бавна, смирена, тешка, мрсна и ладна. Кога Кафа луѓето се во рамнотежа, тие се љубезни, грижливи и приземни. Кога не се во рамнотежа, тие се меланхолични и тешки и во тело и во ум.rn

    Нашата конституција

    rnИсто како што ги имаме сите елементи, така ги имаме и сите доши: Вата, Пита и Кафа, но во различни степени. Нашата доша се одредува во времето на зачетокот. Тоа е нашата конституција или нашата Пракрити со која што се раѓаме и таа никогаш не варира, исто како нашите отпечатоци. Повеќето луѓе се доминантни во две доши. Ретко е да се биде „тридошен“, односно да се има еднаква количина од сите три доши.rn

    Нашата состојба

    rnВикрити е нашата состојба. Во зависност од тоа каде живееме и општо начинот на живеење, нашата состојба може да излезе од рамнотежа. Која ќе ја сознаеме својата состојба, ние користиме храна, тревки, диети и промени во исхраната и секојдневието за да ја израмниме нашата конституција со нашата состојба. Во оној момент кога тие ќе се израмнат, ние ќе искусиме оптимално здравје и мир.rn

    Рамнотежа на вашата состојба и конституција

    rnИмајте на ум дека за да ја балансирате својата доша треба да ги прифатите спротивните квалитети. Дошите владеат и со годишните времиња и периодите. Како што доаѓаме во летните месеци, ние влегуваме во Пита сезоната. Ако физички се чувствувате претопло или сте тврдоглави и критички настроени, тогаш јадете манго со кокос или запалете свеќа со мирис на јасмин за да ја балансирате оваа доша.

  • 8 места во светот коишто можат да ја подобрат вашата физичка и ментална добросостојба

    8 места во светот коишто можат да ја подобрат вашата физичка и ментална добросостојба

    Потрагата по лек за болката или физичкото, психичкото и духовното страдање е проблем кој покажува повеќе од едно решение. Затоа, начините по кои го бараме нашето просветлување ќе продолжат да се разликуваат. Фолклорот и науката се тука да нѐ потсетат дека одредени локации на Земјата се познати по своите „способности“ да ги лечат и обновуваат телото, умот и душата. Во тој контекст, прочитајте за 8-те места во светот кои се познати по тоа што можат да ја подобрат вашата здравствена состојба.rn

    1. Лурд, Франција

    rn8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојбаrnrnЛурд долго време е една од најпопуларните дестинации за туристите и религиозните следбеници. Се истакнува за оние кои веруваат дека чудата се возможни дури и кога тешките периоди изгледаат неминовни. Духовното лечење доаѓа од базените со вода во бањата Бернадет, каде многу случаи сведочат за успешни лекувања на луѓето од разни духовни тегоби.rn

    2. Мачу Пикчу, Перу

    rn8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојбаrnrnМногу локални шамани и експерти за добросостојба ја препорачуваат посетата на Мачу Пикчу за да ги олеснат симптомите од разни болести. Фолклорот вели дека кога перцептивна личност ќе го стави челото на каменот Интихуатана, тој ќе ја пренесе неговата или нејзината визија во духовниот свет.rn

    3. Сина лагуна, Исланд

    rn8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојбаrnrnЕдно од 25-те светски чуда, Сината лагуна е едно од највпечатливите места во Северна Европа, поради своите здравствени придобивки. Се вели дека со своите минерали кои потекнуваат од Земјината кора, лечи од разни кожни болести и состојби како егзема и псоријаза.rn

    4. Портата на пеколот, Нов Зеланд

    rn8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојбаrnrnПриродната спа, која е позната по лекување кожни болести, најпрво била откриена од Роторуа Маори пред повеќе од 7.000 години. Светото место, сега отворено за јавноста, вклучува природни елементи како што се водопадите Какахи – најголемиот водопад со топла вода на Јужната хемисфера. Легендата вели дека воините доаѓале тука и се бањале во водите за да ги излечат раните од битките.rn

    5. Мртво море, Израел

    rn8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојбаrnrnМртвото море е познато по својата лековитост за разни видови нарушувања на физичкото здравје кои се чести во денешното општество, од болки во коските и артритис до псоријаза и срцеви заболувања. Науката зад процесот е високото количество сол – 33% и магнезиум, калциум, калиум и други минерали.rn

    6. Банахав, Филипини

    rn8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојбаrnrnБанахав е активен вулкан кој се наоѓа на филипинскиот остров Лазун и е познат по лекувањето различни видови ментални и духовни нарушувања кои се практикуваат уште од библиските времиња. Верата во ова место е силна и стои како тестамент за сите посетители кои поминуваат покрај карпите, премините и тунелите за да добијат седумгодишна прошка за сите свои гревови. Постои и мало, замаглено водно езерце на кое може да се пристигне само со скала и се вели дека има неверојатни исцелителни моќи за сите оние кои ќе се искапат во него 7 пати.rn

    7. Улуру, Австралија

    rn8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојбаrnrnУлуру се смета за едно најважните знаменитости за домородната култура, каде лидерите на Абориџините се качувале на карпата Ајерс за да ги кажат своите молитви за здравјето и обновувањето на Земјата и нејзините жители. На посетителите им е забрането да се искачат на карпата, од почит кон луѓето кои ја слават земјата врз која таа се формирала. Во контраст, секој што ќе земе парче од карпата може да навлече духовно проклетство кое ќе трае сѐ додека го има каменот со себе.rn

    8. Убуд, Индонезија

    rn8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојбаrnrnУбуд е позната мистична дестинација на Земјата која е богата со приказни за духовно просветлување и исцелување. Славата ја должи на западната култура, односно на филмот „Јади, моли се и сакај“ (Eat Prey Love), кој што ги прикажува бројните здравствени придобивки на мирното место. Медитацијата и јогата се најпознатите традиционални активности во Индонезија, па затоа се вели дека местото е одлично за емоционалното будење и враќањето на енергијата во умот и телото. Локалното население често се моли во бројните храмови кои се наоѓаат на најразлични места низ Убуд.

  • Како функционира процесот на размислувањето и како да го совладате?

    Како функционира процесот на размислувањето и како да го совладате?

    „Една единствена мисла нѐ дели од среќата, но една единствена мисла нѐ дели и од тагата“ – Сид Бенкс

    rnДа замислиме за момент дека егото не постои, дека не постои потсвеста, емоциите, душата. Што ни преостанува кога го нема тоа? Остануваме само на чувствата и мислите кои ни се движат низ главата. Со некои мисли поттикнуваме телесни сензации кои со своето размислување сме ги научиле и сме ги прифатиле како обрасци на однесување во одредени ситуации.rnrnКако функционира процесот на размислувањето и како да го совладате?rnrnТие обрасци се главно создадени за полесно да ги поднесеме несаканите искуства и да имаме моментни и брзи одговори на нив. Ни се чини дека ваквите обрасци функционираат сами, дека ние немаме влијание на тоа однесување, дека тоа е посилно од нас и е предизвикано како реакција на она што ни ги пренесува чувствата во тој момент.rnrnНие не комуницираме само со своите зборови, гестови, изгледот и облеката туку и со вибрации односно енергија за која обично не сме свесни. Нашето срце е орган кој има повеќе невронски отколку мускулни делови и е постаро од мозокот. Првите информации кои ги примаме од надворешниот свет ги примаме со срцето.rnrnВо повеќето ситуации не сме свесни за информациите кои ги прима срцето, а тие информации се сведуваат на она што е добро за нас, а што не е. Информациите за тоа што не ни одговара ги презема мозокот и така настануваат размислувањето и заплетот.rnrnМоменталните мисли се поттикнувач, со нив ги задржуваме обрасците на однесувањето, но само со мислите можеме моментално да ги запреме тие обрасци. Датотеките на нашето искуство не се мали и оние кои моментално ги избираме стануваат примарни.rnrnКако функционира процесот на размислувањето и како да го совладате?rnrnКога ќе се сетиме на некој пријатен настан – состојба, и автоматски се поттикнуваат телесни сензации додека не помислиме на нешто друго. Истото се случува кога ќе се присетиме и на некое лошо искуство. Во реалниот живот се случуваат разни ситуации и само нашето промислување за нив ги привикува обрасците.rnrnШто ќе избереме во сегашниот момент е само наша одлука и нема врска со она што се случува надвор, бидејќи сме во можност сами да избираме. Кога ќе се поттикнат обрасците, телесните сензации спречуваат да ги разбереме енергетските информации кои и понатаму ги примаме. Тоа значи дека не сме свесни за моментот во кој се наоѓаме, туку комуницираме несвесно во афект. Нашето однесување зависи од тоа што и на кој начин размислуваме, дали нешто ќе прифатиме, негираме или е неважно.rnrnКога ќе ја освестиме можноста за одлучување и прифаќањето, животот станува лична креација и тогаш сме свесни дека во која било ситуација имаме избор. Мислите кои ни доаѓаат ја имаат само онаа тежина која сами им ја даваме, ниту помалку ниту повеќе.rn

    „Постигнувањето ментална стабилност и мир на умот е една мисла подалеку од сите на земјата, само ако тие можат да ја пронајдат таа мисла.“ – Сид Бенкс

  • Кафе од цикорија: Здрав пијалак кој ќе го разведри и најсивиот ден

    Кафе од цикорија: Здрав пијалак кој ќе го разведри и најсивиот ден

    Доколку не го сакате кафето, а сакате да се напиете пијалак кој ќе ве освежи и ќе ви послужи како дополнителен извор на енергија, тогаш пробајте го пијалакот на база на цикорија. Ова е повеќегодишно растение од семејството композитни растенија кое на народот му е уште познато и под името водопија, коњска трева и сончево цвеќе. Најраспространето е во Европа, а расте и по ливадите, по патиштата и покрај шумите.rnrnКафе од цикорија: Здрав пијалак кој ќе го разведри и најсивиот денrnrnСтанува збор за лековито растение со горчлив вкус кое ги смалува болките во желудникот, го поттикнува исфрлувањето на токсините од организмот, го забрзува метаболизмот и благотворно делува на намалувањето на симптомите на дијабетес тип 2. За овој последен податок, првенствено е заслужен инсулинот кој се наоѓа во коренот на цикоријата и кој го спречува зголемувањето на нивото на шеќерот во крвта.rnrnИнсулинот, покрај тоа, делува и пробиотички, односно го поттикнува растот на добрите бактерии во цревата и позитивно делува на варењето на храната, како и функциите во целокупниот организам. Коренот од цикорија се користи и како состојка во подготовката на пијалаците кои се сметаат за поздрава алтернатива на кафето и кои се пиеле од многу одамна. Во продолжение прочитајте како да го подготвите овој рецепт.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 3 лажички корен од цикорија во прав
    • rn011

    • 1 лажичка какао
    • rn011

    • 200 милилитри топла вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПрелијте ја цикоријата со водата и додадете го какаото, па мешајте додека не добиете хомогена смеса. По желба, додадете и некаков засладувач. Пијте го овој пијалак во утринските и попладневните часови за да се освежите и разбудите, а избегнувајте да го консумирате навечер или пред спиење, бидејќи ќе имате потешкотии да заспиете.

  • Како што стареете, ќе имате помалку пријатели… Но, тоа е навистина добро!

    Како што стареете, ќе имате помалку пријатели… Но, тоа е навистина добро!

    Можеби сте забележале дека како што минува времето, вие имате контакт со сè помалку луѓе. Ако е така, тогаш не грижете се, ова е добар знак. Како што поминува времето, ќе сфатите дека траат само длабоките и искрените пријателства. Можете да имате помал круг на пријатели, но оние со коишто сте останале во контакт ви се навистина верни.rnrnrnrnКако што минуваат годините, вие можеби ќе сфатите дека сте искусиле некои од овие работи.rn

    1. Сте поминале низ многу ситуации

    rnСо текот на годините доаѓа и искуството. Како што растете вие ќе сфатите дека постојат неколку пријатели коишто ве поддржуваат во тешките времиња. Ќе научите да зависите од оние малкумина пријатели кои останале до вас, а помалку ќе имате време за оние кои не биле до вас кога ви биле потребни.rn

    2. Имате помалку трпение за неискреноста

    rnКога сте биле млади, сигурно сте имале желба да стекнете што повеќе пријатели. Можеби тогаш сте имале поголемо трпение и толеранција за новите познаници. Сепак, како што стареете, вие ќе имате помалку трпение за неискреноста. Она што ќе го научите е дека подобро е да имате неколку искрени пријатели, отколку куп површни односи.rn

    3. Имате формирано подлабоки пријателства

    rnМногу пријатели коишто сте ги стекнале во минатото веќе имаат исчезнато, но постојат и такви коишто секогаш се тука за вас. Преку размената на повеќе искуства, вие ќе имате можност да изберете неколку пријатели со коишто ќе создадете подлабока поврзаност. Тој вид врска може да се создаде само со текот на времето.rnrnrn

    4. Имате помалку време

    rnКако што минува времето, вие ќе станувате сè позафатени. Работата и семејството ќе ви остават помалку време за пријателите. Кога вашето време станува поскапо, вие ќе го цените повеќе и најверојатно е да сакате тоа време да го поминувате со пријателите во чиешто друштво најмногу уживате.rn

    5. Имате помалку енергија за запознавање нови луѓе

    rnКако млади, имате енергија за да одите на забави, да запознавате нови луѓе и да создавате нови пријателства. Како постари, вие ќе имате помалку време и трпение за овие работи. Тогаш повеќе би сакале да уживате во чаша вино со старите пријатели, отколку да излезете надвор и да запознавате нови луѓе.rn

    6. Повеќе ги штитите вашите тајни

    rnКако што поминува времето, вие ќе настојувате повеќе да ги заштитите вашите тајни и да ги споделувате само со неколку избрани пријатели на коишто би можеле да им верувате.rnrnЗатоа, не очајувате ако сфатите дека имате малку пријатели. Оние коишто останале покрај вас и во среќните и во тажните мигови, докажале дека вредат да бидат во ваша близина!

  • Животот е прекраток за да ги правите овие работи

    Животот е прекраток за да ги правите овие работи

    Животот е прекраток! Времето што го имате е драгоцено и треба да го цените и паметно да го користите. Постојат некои секојдневни работи за кои не вреди да си ја трошите енергијата и нервите. Посветете внимание на она што е навистина значајно. Веднаш ќе се почувствувате подобро ако престанете да се грижите за следниве работи…rnrnЖивотот е прекраток за да се грижите за овие работиrn

    Се чувствувате виновни ако сте пропуштиле да вежбате

    rnВо ред е да си дадете слободен ден и не треба да се чувствувате како тотален губитник поради тоа. Како што велат: Потребно е повеќе од една вежба за да имате убаво тело, но потребно е и повеќе од еден слободен ден за да пропадне целиот ваш труд.rn

    Плачете поради лошите момчиња

    rnПред некој да ја добие титулата „момче“ треба да ја заслужи. Ако постојано ве расплакува и ве остава да седите дома и да се чувствувате лошо за себе, тој навистина не ве заслужува. Вашето време е бесценето и не треба да го трошите седејќи дома додека се растурате од плачење.rn

    Имате работа што не ја сакате

    rnОставете ја таа работа за некој што ќе биде среќен да го прави тоа. Вашето ограничено, драгоцено време и енергија треба да бидат потрошени на нешто во кое навистина верувате. Животот е прекраток за да бидете несреќни 40 часа неделно.rn

    Се навредувате себеси

    rnНемојте да си упатувате навреди секогаш кога ќе се погледнете во огледало, кога ги разгледувате вашите слики на Инстаграм, кога пробувате нова облека… Замислете сите тие милиони пати кога сте го критикувале вашето тело, да сте ги искористеле за да си укажете почит, да си дадете комплимент и да ја зголемите вашата самодоверба. Нема сомнеж дека веднаш би се чувствувале подобро!rn

    Носите неудобна долна облека

    rnДолната облека со чипка, тангите, корсетите, халтерите… Сите тие се навистина убави и можат да направат да се чувствувате секси, но само во спалната соба. Доколку не ви се удобни за носење, едноставно чувајте ги само за посебни прилики и уживајте во удобноста на памучните гаќички. Кој ќе знае дека носите „бапски“ гаќи на работа?rn

    Не ги споделувате вашите соништа со вашите најблиски

    rnАко не ги споделувате вашите соништа и цели со вашите пријатели, семејство и луѓето што ви значат, тие нема да знаат како да ве поддржат и да ве охрабрат. Доколку го чувате во тајност она што сакате да го создадете, немате право да очекувате дека тоа магично ќе се случи. Не ја потценувајте моќта на зборовите. Никогаш не знаете кој може да ви се најде во одредена ситуација.rn

    Премногу сте мрзливи за да внесете промени во вашиот живот

    rnИзговорите одземаат многу време: Треба прво да ги измислите, па да си ги повторите додека не почнете да верувате во нив и на крајот да ги искористите во сите области каде што многу поедноставно би било да се фатите за работа и да го завршите тоа што треба. Престанете со ова!rnrnЖивотот е прекраток за да се грижите за овие работиrn

    Се споредувате со други луѓе

    rnТоа што посакувате да бидете како некој друг или да живеете нечиј друг живот нема да го смени она што веќе сте. Насочете ја вашата енергија кон тоа да се претворите себеси во она што навистина би сакале да бидете.rn

    Не трошите пари на патувања и авантури

    rnИма толку многу плажи, планини, ридови, гребени, винарии, реки, мориња, што навистина би било штета да не се обидете да видите барем дел од нив. Зар има подобар начин да ги потрошите заштедените пари од тоа да отпатувате во некој друг свет?rn

    Ги критикувате другите

    rnТоа нема да направи да се чувствувате подобро, само ќе направи да изгледате уште понесреќни и сурови. Никој не сака да биде во близина на таква личност.rn

    Повеќе ги цените размислувањата на другите луѓе

    rnЕдинственото мислење за вашиот живот и одлуките во кои можете да имате доверба, се вашите. Вие сте единствениот човек кој го знае секој детаљ од вашиот живот и вие си знаете најдобро. Верувајте си себеси. Вие најдобро знаете што треба да направите, како да постапите и кој пат да го одберете.

  • 10 вистини за најтврдоглавиот хороскопски знак

    10 вистини за најтврдоглавиот хороскопски знак

    Овенот е еден од најимпулсивните и најтврдоглавите хороскопски знаци. Бестрашни, спонтани и енергични, на оние личности кои се родени во овој знак ништо не може да им застане на патот. Токму поради таа нивна импулсивност и по малку див карактер, многумина имаат потешкотии да ги разберат. Затоа, во продолжение прочитајте ги 10-те вистини за Овенот кои ќе ви помогнат полесно да ја сфатите неговата суштина.rnrn10 вистини за најтврдоглавиот хороскопски знакrnrn1. За Овенот не постои фразата „Мора прво да научите да ползите, пред да знаете како да одите“. Овенот прво дејствува, а потоа мисли. Тој нема време прво да ползи, а потоа да оди бидејќи животот поминува толку брзо, а Овенот сака да искуси сѐ. Ползењето му се чини досадно и бавно, а одењето и трчањето се за него многу подобра опција. Овенот е енергичен и брз од моментот кога ќе се разбуди.rnrn2. За Овенот да го заврши тоа што ќе го започне е монументален успех. Овните започнуваат многу работи и понекогаш не стигнуваат сите да ги завршат. Тие едноставно имаат толку многу идеи, што не можат во целост да се посветат само на една. Затоа се фокусираат на сите и чекаат да видат каде тоа ќе ги одведе, а неизвесноста дополнително ги возбудува.rnrn3. Овенот во сѐ гледа натпревар. Тие имаат силен натпреварувачки дух и победата им е многу важна. Да се биде втор за Овенот значи да се биде последен, па затоа и поразот не го прифаќаат толку добро. Тие ќе дадат сѐ од себе за да победат и да ја остварат целта.rnrn4. Овенот не знае што значи реченицата: „Немој да разговараш со непознати“. Ако некоја непозната личност го привлече вниманието на Овенот, тој веднаш ќе ѝ пријде и ќе започне разговор со неа. Тој обожава да запознава нови луѓе и на тој начин да го проширува својот видик. На Овенот му е потребен широк круг пријатели и познаници бидејќи кога повремено ќе се „засити“ од еден пријател, мора да побара друг. Тие шират познанства и пријателства со луѓе од најразлични карактери, бидејќи се сложуваат со сите.rnrn5. Овенот секогаш ќе го каже своето искрено мислење. Овенот не знае да го држи јазикот зад забите, но во тоа тој не гледа никаков проблем. Неговиот стил не е да ги заобиколува и разубавува нештата, тој искрено ќе каже како стојат работите и ако некој тоа не може да го прифати, тогаш тоа е негов проблем. Со својата искреност, Овенот не сака ниту да повреди некого, ниту да биде дрзок, но често луѓето не можат да го разберат неговиот силен карактер и остар јазик. Меѓутоа, Овенот нема да се менува поради другите луѓе, тој ќе чека во неговиот живот да дојдат личности кои ќе го прифатат онаков каков што е. И тоа е сосема во ред.rnrn6. Овенот може во моментот да го промени мислењето. Поради неговата импулсивност, Овенот често знае да го промени своето мислење во секунда. Таков е во сите аспекти на животот, па дури и во љубовта – во еден момент се чини како да се заљубува во некој/а, а веќе во друг момент му се допаѓа некој/а нов/а. Овенот смета дека животот дава толку многу шанси и штета е нешто да се пропушти.rnrn7. Овенот има огромно срце, иако тоа некои не го гледаат. Под нивната гласна и доминантна природа, во Овенот се крие едно големо срце кое лесно може да се скрши. Луѓето често мислат дека е невозможно да се повреди Овенот, но тоа е така затоа што овој горд хороскопски знак знае добро да ги сокрие своите чувства и емоции. Овните силно ги сакаат семејството и пријателите и ќе ги штитат до самиот крај.rnrn8. Овенот никогаш не одбива ново искуство. За Овенот не постојат граници, ништо не е забрането ниту претерано. Овенот ќе ја проба секоја храна, ќе патува каде и да му се даде можност, ќе разговара со што повеќе личности и ќе биде во врска со најразлични луѓе. За Овенот не постои ништо што тој не може да го направи, неговиот ум признава само дека сѐ е возможно.rnrn9. Овенот секогаш ќе делува самоуверено, дури и кога не се чувствува така. Кога се чувствува несигурно, Овенот тоа никому нема да го открие. Во секој момент ќе одржува репутација на горд, искрен и отворен знак бидејќи тоа се квалитети кои другите му ги припишуваат и на кои им се восхитуваат. Овните знаат дека самодовербата ќе ги однесе далеку во животот и секогаш се трудат да делуваат самоуверено дури и кога се исплашени и несигурни.rnrn10. Овенот е склон да се префрла од една љубовна врска во друга. И Овенот во тоа не гледа никаков проблем. Тој едноставно сака да го испита теренот пред да одлучи да остане со некој или не. Доколку ги завлекува работите, другата личност може да биде повредена. Овенот бара длабока, предана врска и своето срце нема да го даде на кој било.

  • 15 нешта кои треба да престанете да им ги дозволувате на луѓето околу вас

    15 нешта кои треба да престанете да им ги дозволувате на луѓето околу вас

    Никој од нас не би сакал да живее сам и во осаменост. Животот се состои од заедничко коегзистирање и интеракција со другите луѓе. Но не по секоја цена и со секого. Внимавајте кои од луѓето околу вас ви ја црпат енергијата, кои постојано ве осудуваат, а кои ве спречуваат во вашиот развој и напредок. Исфрлете ги овие луѓе од вашите животи и држете се до тие кои секогаш знаат да дадат добронамерна критика, но пред сè ќе ви пружат поддршка тогаш кога ви е најпотребно.rnrn15 нешта на кои треба да се спротиставите во живототrn

    1. Не дозволувајте им на луѓето да ви кажуваат како да живеете

    rnИли како треба да се облекувате, со кого да излегувате или што да јадете.rn

    2.Не дозволувајте им на другите да ви ја одземаат енергијата

    rnОслободете се од овие луѓе и не канете ја нивната негативност во вашите животиrn

    3. Не дозволувајте им на луѓето да го пикаат носот во вашиот живот

    rnЛуѓе кои воопшто нема причина зошто да бидат присутни во вашиот живот. Држете се настрана од оние кои само сакаат да озборуваат наоколу.rn

    4. Не дозволувајте им на луѓето да се смеат на вашите соништа

    rnМалите умови разговараат за мали идеи. Ако сакате да сонувате за големи нешта, треба да се опкружите со луѓе кои веруваат во животни соништа или со луѓе кои можат да ги остварат тие соништа.rn

    5. Не дозволувајте им на луѓето да ве излажат и по втор пат

    rnАко некој ве убеди дека се променил, не верувајте му и не давајте му втора шанса. Самите се лажете.rn

    6. Не прифаќајте совети од луѓе кои и самите не ги применуваат

    rnАко луѓето кои ви делат совети самите не се придржуваат до нив, не слушајте ги.rn

    7. Не дозволувајте им на луѓето да ги посочуваат вашите порази

    rnЧудно, но некои луѓе се чувствуваат подобро со себе кога ги омаловажуваат другите. Не давајте им таква моќ. Соочете се со нив или напуштете ги засекогаш.rn

    8. Не дозволувајте им на луѓето да прават да се чувствувате несакано

    rnИсфрлете ги од вашиот живот луѓето кои постојано ви велат дека сте тешка личност и дека треба да се промените. Не грижете се, има луѓе кои ве сакаат такви какви што сте. Држете се до нив. Тие се доволни.rn

    9. Не дозволувајте да ја искористуваат вашата добрина

    rnИли вашето време. Бидете добар пријател, но секогаш треба да знаете кога ве земаат здраво за готово.rn

    10. Не дозволувајте им на луѓето да ве оддалечат од вашите страсти

    rnЗатоа што се луди, нереални или нема да ви донесат заработка. Не дозволувајте им да ве сопрат во потрагата по вашата среќа.rn

    11. Не дозволувајте им на луѓето да ве притискаат со време

    rnЛуѓето сакаат временски рамки и рокови. Не дозволувајте да бидете само една точка од временскиот распоред на другите.rn

    12. Не дозволувајте им на луѓето да ве етикетираат

    rnРанливи. Емотивни. Луди. Неодлучни. Комплицирани. Луѓето сакаат да етикетираат, но тоа не значи дека вие треба да се согласите. Отфрлете ги нивните етикети.rn

    13. Не дозволувајте да ве одвлечат од вашите идеи

    rnМора да преземете ризик и да верувате во себе. Не споделувајте ги сите идеи со луѓе кои нема да ги разберат.rn

    14. Не дозволувајте луѓето да ве обвинуваат за нивните проблеми во животот

    rnНе дозволувајте им да ве посочат како виновник за нивните проблеми и грешки.rn

    15. Не дозволувајте им на луѓето да ви земат повеќе отколку што ви даваат

    rnНа крајот од денот, луѓето можат ненамерно да ве исцедат или да ве изневерат. Кога некој ви наметнува ставови и гледишта, запомнете дека не мора да ги прифатите.

  • 4 научни совети како да ги остварите вашите соништа

    4 научни совети како да ги остварите вашите соништа

    Многумина од нас брзо се откажуваат од некоја цел, диета или режим за вежбање на кои сме се посветиле. Често, тоа го правиме бидејќи се сметаме за неспособни да продолжиме понатаму. Но, постои научна причина поради ова губење на волја кое се нарекува „замор на самоконтролата“. Добрите вести се тоа што истражувањата покажуваат дека остварувањето на нашата цел не мора да биде тешко.rnrn4 научни совети како да ги остварите вашите соништаrnrnВо една студија за проверка на силата на волјата, направена под раководство на психологот Рој Баумастер, истражувачите испекле чоколадни колачиња и лабораторијата се исполнила со слатка арома. Потоа ги донеле и испитаниците. На некои од нив им било речено да ги изедат чоколадните колачиња, а некои од нив требало да јадат по неколку ротквици и покрај фактот што пред нив се наоѓале колачињата и мирисот којшто ги опкружувал бил неодолив.rnrnПотоа, на двете групи им била доделена една задача која требало да ја решат, меѓутоа не им било кажано дека таа била нерешлива. Истражувачите заклучиле дека оние испитаници кои ја притискале својата самоконтрола побрзо се откажале од барањето решение на проблемот, во споредба со оние испитаници кои ги изеле чоколадните колачиња, кои, пак, ја решавале задачата до самиот крај.rnrnСе поставува прашањето зошто е тоа така? Самоконтролата нѐ исцрпува. Колку повеќе ја користиме, толку помалку ја имаме. Истражувачите откриле дека самоконтролата дури и го намалува шеќерот во крвта и затоа понекогаш имаме желба да се разбудиме во ноќта и да побараме нешто благо. Самоконтролата се троши како што денот поминува. Од рано наутро, па сѐ до доцна навечер ние се обидуваме да го извлечеме најдоброто и:rnrn1. Ги контролираме своите импулси: Ова значи дека го фокусираме и задржуваме вниманието на нашата работа, наместо да правиме работи кои ни го одвлекуваат тоа внимание, како проверувањето на социјалните мрежи или средбите со пријателите.rnrn2. Го контролираме нашиот перформанс: Ова значи дека се трудиме да го дадеме најдоброто од себе, и покрај тоа што се чувствуваме уморни.rnrn3. Го контролираме однесувањето и емоциите: Ова значи дека се обидуваме да го задржиме професионализмот дури и кога работната атмосферата е непријатна.rnrn4. Ги контролираме мислите: Ова значи дека се трудиме да се фокусираме на работата и покрај нашите мисли и фантазии.rnrn4-nauchni-soveti-kako-da-gi-ostvarite-vashite-sonishtarnrnЗа да ги избегнете овие нешта, во продолжение прочитајте ги 4-те научно поткрепени начини како да не дозволиме заморот да ни ја сруши волјата.rn

    1. Запомнете, утрото е златно

    rnСамоконтролата е посилна наутро, бидејќи сме имале цела ноќ да ја обновиме. Тоа значи дека ако сакаме повеќе да вежбаме, да почитуваме некоја диета или да завршиме некој проект, најдобро е да ги направиме во утринските часови, бидејќи така ќе постигнеме подобри резултати.rn

    2. Контролирајте ја енергијата со тоа што ќе бидете смирени

    rnДа бидеме смирени значи да бидеме посилни. Истражувањата покажуваат дека голем број луѓе претпочитаат „високо интензивни“ емоции како возбуда или стрес. Размислете: Луѓето пијат кафе и чекаат до последната минута да ги направат работите, бидејќи зависат од адреналинот. Но, последицата од возбудата и стресот е замор, а колку што сме поуморени, толку помала самоконтрола ќе имаме. Затоа треба да ја организираме енергијата и да си ги „полниме“ батериите на време.rn

    3. Опуштете се во другите сфери на вашиот живот

    rnНе обидувајте се да ја истрошите својата самоконтрола во многу сфери во животот, одеднаш. Држете го темпото лесно и релаксирано за да не бидете изморени преку целиот ден. Изберете каде да ја насочите вашата самоконтрола и каде таа е важна.rn

    4. Фокусирајте се на крајната цел

    rn

    „Кога работиме на оние нешта на кои навистина сакаме да работиме, тогаш помала е веројатноста да се истрошиме“, вели неврологот Елиот Беркман.

    rnТој аргументира дека ако запаметиме која е нашата крајна цел, тогаш можеме да ја најдеме потребната енергија за да ја вложиме таа самоконтрола.

  • 10 прехранбени производи кои ќе ви обезбедат енергија за целиот ден

    10 прехранбени производи кои ќе ви обезбедат енергија за целиот ден

    Има денови кога сте преплавени со обврски и постојано сте во движење, што значи дека немате доволно време за нормални оброци кои ќе ви ги обезбедат сите потребни хранливи материи. Затоа е добро да знаете кои продукти во исхраната ќе ви обезбедат доволно енергија за да можете да ги извршите сите задачи во текот на денот.rnrn10 прехранбени производи кои ќе ви обезбедат енергија за целиот денrn

    1. Јајца

    rnЈајцата се извор на протеини кои ќе ви помогнат во изградбата на мускулите, а истовремено и ќе ви го забрзаат метаболизмот. Тие обилуваат со витамини Б и Д, кои храната ја претовараат во енергија, па затоа се вели дека јајцата се одлични за почеток на денот.rn

    2. Соја

    rnВитаминот Б е клучен за разбивање на јаглехидратите и нивното претоварање во гликоза, горивото за нашиот организам. Покрај тоа, витаминот Б кој се содржи во сојата помага во транспортот на кислородот низ нашето тело, а тој е заслужен да не чувствуваме замор.rn

    3. Житарици

    rnПокрај тоа што изобилуваат со хранливи влакна, житариците бавно испуштаат гликоза во крвотокот, па директно се одговорни за тоа што се чувствуваме силно и енергично.rn

    4. Јаткасти плодови

    rnБез разлика дали ги консумирате помеѓу оброците или како додаток во јадењата, јаткастите плодови се корисни затоа што се полни со здрави маснотии, протеини и влакна. Покрај тоа го потиснуваат гладот поради високото ниво протеини, а го намалуваат чувството на исцрпност после тренинзите или напорниот ден на работа.rn

    5. Киноа

    rnСтанува збор за житарица која содржи најмногу протеини. Овој богат извор на хранливи материи му помага на телото да изгради енергетска рамнотежа и тоа најмногу благодарение на минералите и јаглехидратите. Корисно делува и на кардиоваскуларниот систем и дигестивниот тракт.rnrn10 прехранбени производи кои ќе ви обезбедат енергија за целиот денrn

    6. Семки од тиква

    rnСлично како киноата, семките од тиква се одличен продукт кој брзо го подигнува нивото на енергијата во организмот. Инаку, познато е дека спортистите редат семки од тиква во своите шејкови, за да го забрзаат процесот на заздравување, како и да ја задржат енергијата во организмот.rn

    7. Гоџи бобинки

    rnИако со векови наназад во Кина се користат како дел од исхраната, малку луѓе слушнале за овие чудотворни бобинки. Покрај тоа што го подобруваат протокот на крвта, тие ја стимулираат работата на мозокот, мозочните клетки и мускулните ткива.rn

    8. Чоколадно млеко

    rnВерувале или не, чоколадното млеко е 80 проценти вода, калиум, натриум и електролити кои се одговорни за нивото на водата во организмот и за правилната работа на мускулите. Многу од електролитите се губат при потење, па чоколадното млеко може да биде вкусен извор на енергија.rn

    9. Гуарана

    rnНе зборуваме за енергетскиот пијалак, туку за гуарана бобинките, семки од едно бразилско растение кои содржат скоро двојно повеќе кофеин од кафето.rn

    10. Банана

    rnСодржат само 100 калории, а преполни се со хранливи материи. Тие обилуваат со влакна, магнезиум и калиум, кои се одговорни за правилната работа на мозокот. Уште една предност на ова овошје е што го подобрува варењето.