Животот на група луѓе родени на истиот датум се испреплетува на необични начини
rn
Главни улоги: Мајло Вентимиглија, Менди Мур, Криси Метс, Џастин Хартли, Стерлин К. БраунrnrnЖанр: драма, комедијаrnrnКреатор: Ден ФогелманrnrnПремиера: 20 септември 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnМногу е тешко да се најде друга ТВ серија од оваа есен што е толку тешко да се процени дали е добра според првата епизода од „Ова сме ние“ – драма за неколку луѓе што делат ист роденден и за нештата што можеби им се заеднички. Првата епизода завршува со откривање на насоката во која ќе се движи приказната во текот на целата сезона, и покрај тоа што е слатко раскажана, сепак не ни открива што точно можеме да очекуваме. Интересно е што може уште веднаш да се забележи дека токму тоа е и намената на самата епизода – да ни покаже неочекуван пресврт што ќе нè заинтересира да продолжиме со гледање, но без никакви очекувања…rnrn
rnrnДејството го следи брачниот пар, Џек (Мајло Вентимиглија) и Ребека (Менди Мур), сестрата и братот, Кејт (Криси Метс) и Кевин (Џастин Хартли), како и успешниот семеен човек Рандал (Стерлин К. Браун). Кога прв пат ќе ги запознаеме, Џек, Кејт, Кевин и Рандал го слават својот 36-ти роденден и сите поминуваат низ поголеми или помали драми во својот живот. Штом бремената Ребека ќе му го подари на Џек неговиот вообичаен капкејк (заедно со заводлив танц), таа ќе ги почувствува првите знаци за породување. Ребека е бремена со тројка. Во меѓувреме, Рандал е изненаден со торта од страна на колегите додека го дознава името на својот татко, кој го напуштил на противпожарна станица кога бил новороденче. Кејт, од друга страна, која компулсивно се прејадува, тажно зјапа во сопствената торта, прекриена со забелешки што ја потсетуваат да не ја изеде предвреме. И за крај Кевин, актер со добро тело, се обидува да го задржи својот креативен интегритет додека е водечкиот лик во будалеста ТВ серија наречена „Машка беби-ситерка“.rnrn
rnrnАко ви кажеме повеќе од ова, ќе ви ја откриеме централната мистерија на првата епизода, која полека и грациозно се открива со секоја минута. Навистина е тешко да се изгради изненадувачка и целосна приказна во само 40 минути со толку многу карактери, но сепак оваа ТВ серија успева да го направи токму тоа. Ние истовремено и ги запознаваме ликовите и наоѓаме поврзаност помеѓу нивните животи. Резултатот е епизода што ни дозволува да ја набљудуваме убавината и мистеријата на животот – со изненадувачки позитивни пораки за судбината и мистериозната сила која сите нè поврзува.


rnrnПо Дердевил и Џесика Џоунс, дојде редот за приказната на Лук Кејџ (Мајк Колтер), кој претходно го запознавме како спореден лик покрај Џоунс – и според тоа што досега имавме можност да видиме, постојат големи шанси дека ова ќе биде најдоброто дело од соработката помеѓу Марвел и Нетфликс. Лук Кејџ е африканско-американски херој, оригинално создаден од белиот човек, како одговор на експлоатацијата на црните луѓе во 1970-тите години.rnrn
rnrnНеговиот морален интегритет има клучно место во приказната и е многу понагласено од неговите моќи. Тој се воздржува да не користи погрдни зборови, како и да не се однесува лошо. Проблемот е што токму поради желбата да ја направи вистинската работа, тој ќе западне во конфликт со локалните криминални лордови, кој полека, но сигурно ќе ескалира. Велиме полека, бидејќи настаните многу бавно се одвиваат, дозволувајќи ни доволно време добро да го запознаеме Лук.rnrn
rnrnИ акцијата е многу забавна. Лук е премногу силен во однос на своите противници, па затоа и успева да ги победи сите со минимална вложена сила и совршена самодоверба. Исто така изгледа дека неговиот омилен начин да влезе во просторија е со клоцање на вратата. Но, тензијата во приказната доаѓа токму од ограничувањата на неговата моќ – тој не може да ги заштити оние околу себе на никој друг начин освен со својот грб…rnrn

Главни улоги:
rnrnНештата стануваат интересни во моментот кога Рејми ќе успее да воспостави контакт со татко си. Иако тој веќе 20 години е мртов, откако гром ќе удри во куќата на Рејми и ќе го погоди старото радио на татко ѝ, таа ќе го чуе неговиот глас од другата страна. На почетокот тие се збунети и исплашени и мислат дека некој си игра со нивниот ум, но набрзо ќе дознаат дека и покрај тоа што изгледа невозможно, сепак успеале да се поврзат низ времето.rnrn
rnrnИако главната тема е патување низ времето, сепак не постои физичко префрлање од една точка во времето кон друга. Рејми и татко ѝ заедно ќе работат, секој во своето време, обидувајќи се да решат случај со сериски убиец кој трае повеќе од 20 години. И за разлика од другите приказни на оваа тема каде што скоро е невозможно да се промени настан кој се случил, изгледа овие двајца имаат многу поголема слобода при манипулирање со минатото…
Главни улоги:
rnrnОсновната приказна воопшто не е променета. Западниот свет е тематски парк, населен од модерни андроиди. Различни видови луѓе доаѓаат да живеат таму и да ги остваруваат своите фантазии поврзани со дивиот запад, така што имаат интеракција со локалните андроиди, најчесто преку секс или убиство. На крајот од празникот, крвта се чисти, жителите се поправаат и целата приказна почнува од почеток за новиот бран посетители.rnrn
rnrnМожете веднаш да претпоставивте дека хероите во оваа приказна се роботите – тие се софистицирани и достигнале ниво на свесност како луѓето, но сепак се нарекуваат „стока“ зад сцените. Секојдневното страдање што го издржуваат е непријатно реално, но благодарение на грешка во нивното последно надградување, тие ќ почнат да задржуваат дел од сеќавањата. Па, дали ќе одлучите да ја гледате оваа ТВ серија? Ние мислиме дека не смеете да ја пропуштите.rnrn


Главни улоги:
rnrnИако групата ликови кои се во центарот на приказната се измислени, сепак позадината на ТВ серијата е многу позната. Дејството се одвива во Бронкс за време на 70-тите години – период кога ова место било опасно за живеење. Џастис Смит ја има главната улога. Тој го толкува ликот на младиот Езикиел „Зик“ Фигеро, поет и романтичар, кој е заљубен во својата најдобра пријателка Мајлин Круз (Херизен Гуардиола) – диско ѕвезда во своето срце, со неверојатен талент за пеење, но спречена да ги оствари своите соништа од страна на нејзиниот конзервативен татко.rnrn
rnrnЖивотот на Зик целосно ќе се промени откако ќе се сретне со слободоумниот артист за графити, Шаолин Фантастик (Шамеик Мур), кој има желба да стане диџеј. Заедно, тие создаваат група која ќе воведе револуција во музиката, додека истовремено се борат и со тешкиот уличен живот во Бронкс. Иако тие ја чувствуваат музиката во својата крв, сепак сакаат да направат и промена во својот град, да се изборат за неговата безбедност и да го спасат од уништувањето кое долго време ги тера жителите да живеат во страв.rnrn
rnrnНа кратко, оваа ТВ серија може да се гледа и како еден вид историска фикција. Голем дел од ликовите, врските и нивните патишта се целосно измислени, но вклучува вистински настани што се случувале во Њујорк за време на 70-тите години. Имајќи го тоа на ум, ќе имате можност да видите оригинална приказна која ја раскажува вистината за една хаотична ера во која се родиле иконски форми на уметноста.rnrn



rnrnМајлс Телер ја толкува улогата на Дејвид, а Џона Хил на Ефреим. Бидејќи веќе на некој начин е дилер, Ефреим заработува пари од „трошки“ така што продава различни воени материјали кои владата ги смета за доволно мали да бидат игнорирани од страна на големите фирми со кои имаат склучено договор, но сепак вредат илјадници. Од друга страна пак, Дејвид воопшто не е поврзан со оваа индустрија – тој работи со масажи.rnrn
rnrnСигурно веќе сфативте дека Ефреим ќе го внесе Дејвид во својот свет, на начин од кој едвај ќе спасат жива глава. И бидејќи Дејвид ќе ја лаже својата партнерка (Ана де Армас) која е целосно против војните, јасно е дека ништо добро нема да излезе од нивниот план. Но, овие таканаречени кучиња на војната навлегуваат уште подлабоко во овој свет, така што склучуваат договор со Пентагон, вреден 300 милиони долари, за снабдување со оружје на сојузниците во Авганистан.rnrn
rnrnДа, нештата ќе станат насилни, но не толку крвави како што мислите. Филипс го одржува текот на приказната светол и лесен за гледање, па затоа и без сомнение ќе уживате во овој филм. Особено ако сте расположени за комедија базирана на вистински настани, со ликови кои треба да ги мразите, но ќе ги засакате од срце.
Главни улоги:
rnrnПред таа да се најде крвава во кадата, откриваме дека е сопруга и мајка, која се откажала од детективската кариера пред една декада за да може да се посвети на своето семејство. Но, нештата многу брзо ќе се сменат. По многу години во брак, нејзиниот сопруг ја напушта. Брзо потоа, еден од детективите со кои порано работела, ќе тропне на нејзината врата, барајќи помош за серија убиства со гушење, слични на оние на кои таа работела пред да ја напушти работата.rnrn
rnrnИ покрај тоа што имало главен осомничен, никој не бил осуден за овие злосторства кои одеднаш прекинале. Но, изгледа истиот убиец повторно се враќа во акција, бидејќи сцените кои ги остава зад себе се идентични на оние во минатото. Марчела веднаш се насочува кон тогашниот главен осомничен, но се насобираат многу докази кои водат во сосема спротивна насока. Дали таа е во право или пак, греши, само времето ќе ни покаже.rnrn
rnrnИмајќи го сè ова на ум, оваа ТВ серија не обработува само една потрага по убиец. Приказната е многу покомплицирана и како што ќе поминуваат минутите, така ќе сфаќате дека всушност многу споредни нешта кои се случуваат во позадината влијаат на главните настани. Исто така сè би било помалку комплицирано ако Марчела беше сосема обична детективка, на која сите ние можеме да ѝ веруваме. Што значи тоа? Па, кога е под дејство на екстремен стрес, таа целосно се исклучува и станува склона на насилство кое најчесто не го помни (ниту пак ние имаме можност да го видиме, со исклучок на неколку кратки и нејасни сцени).rnrn
rnrnОвие дупки во приказната оставаат многу прашања неодговорени. Таа работи на случајот со серискиот убиец, но паралелно се обидува да ја реши и мистеријата зад своите исклучувања. Дали и таа направила нешто непростливо или пак, само се нашла во погрешно време на погрешно место? Приказната ќе ве држи во неизвесност до самиот крај, поради што и ако сакате мистерии, ќе бидете задоволни од тоа што го гледате!rnrn
Главни улоги:
rnrnОд таму, еден од нивните пријатели исчезнува, по што градот влегува во згушена паника и почнуваат да се случуваат чудни нешта. И да, за самите жители, сè ова е навистина чудно: необјасниви исчезнувања, светла кои трепкаат во комуникација, мистериозна црна област на ЦИА… Но, за гледачите, сите овие нешта се познати, ако не и малку предвидливи. Не велиме дека големите настани се лошо составени, туку дека целиот тим кој работел на оваа ТВ серија очигледно има страст за минатото и желба да го рекреираат на малку поинаков и посвеж начин.rnrn
rnrnИмајќи го сè ова на ум, крајниот резултат, вклучувајќи ги сите 8 епизоди, е и повеќе од одличен. Децата, по исчезнувањето на својот пријател, ќе тргнат во потрага по него, но по пат ќе сретнат мало девојче, кое едвај говори и има необични моќи. Нивната динамика ќе ве потсетува на вонземјанчето Е.Т. со неговите пријателчиња од Земјата, со единствена разлика што таа не доаѓа од друга планета. Можеме слободно да кажеме дека таа е центарот на приказната, бидејќи сите настани се вртат околу нејзините способности, како и нејзиниот живот.rnrn
rnrnИако главните улоги им припаѓаат на децата, сепак оваа приказна е интересна и за малите и за возрасните. Тие различно ќе ја доживеат, секако, но без сомнение сите ќе бидат задоволни од тоа што го гледале. Па, ако имате малку слободно време овој викенд, ви препорачуваме да ѝ дадете шанса на оваа мини ТВ серија, која ќе ве одведе во 80-тите, а потоа и во еден превртен свет, и ќе ја разгори вашата фантазија. Зарем има подобар начин барем на момент да избегате од секојдневните проблеми?rnrn

Режија:
rnrnНо, кој не би бил заинтересиран да дознае нешто повеќе за човекот одгледан од мајмуни, припитомен од љубовта и цивилизиран од модерното општество? Новата адаптација на оваа приказна, во режија на Дејвид Јеитс, го вклучува нашиот херој (Александар Скашгорд) кој живее во Викторијанска Англија, скоро една декада со неговата сопруга, Џејн (Маргот Роби). Но, по сплет на околности, тој е повторно натеран да се врати назад во џунглата, со цел да помогне.rnrn
rnrnКако Вилијамс, Семјуел Л. Џексон го внесува скоро целиот хумор во филмот, иако ова малку го разводнува неговиот фасцинантен карактер. Од друга страна пак, го имаме и Кристоф Волтс, како главниот негативец, кој пак беспрекорно ја одигрува својата улога. Кога станува збор за негативци, Кристоф е можеби еден од најдобрите избори, без разлика на жанрот. Мора да ја издвоиме и неверојатна хемија помеѓу Александар и Маргот, како Тарзан и Џејн.rnrn
rnrnПа, дали вреди да издвоите 110 минути од вашиот живот за овој филм? Секако. Особено ако сте љубители на легендата за Тарзан. Но, внимавајте да не одите со преголеми очекувања, бидејќи во тој случај би можеле да излезете разочарани од кино салите. Едноставно уживајте во специјалните ефекти, прекрасните пејзажи и одличниот избор на актери и без сомнение ќе бидете задоволни од најновата, помодерна верзија на овој добро познат лик.rnrn

Главни улоги:
rnrnВо оваа ТВ серија се обработуваат теми за расите, нетолеранцијата, скршениот правен систем, недовербата како и голем број други проблеми кои длабоко ќе ве замислат за начинот на кој ова човештво функционира. Токму поради тоа и оваа ТВ серија без сомнение вреди за вашето време. А ако одлучите да ја гледате, споделете го вашето мислење со нас…