КАФЕ ПАУЗА

Tag: драма

  • ТВ серија: Драги белци (Dear White People)

    ТВ серија: Драги белци (Dear White People)

    На колеџ каде што претежно има белци, група од разновидни студенти се борат против расизмот и другите форми на дискриминација

    rn(1) tv-serija-dragi-belci-dear-white-people-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Логан Браунинг, Брендон П. Бел, ДеРон ХортонrnrnЖанр: комедија, драмаrnrnКреатор: Џастин СимиенrnrnПремиера: 22 октомври 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=oYKgHvPVACErnrnСтанува збор за ТВ серија од режисерот Џастин Симиен, инспирирана од истоимениот филм од 2014 година. Приказната обработува теми што ретко можат да се сретнат на малите екрани, но без сомнение вреди да се погледне бидејќи можете многу да научите од неа. Во центарот на настаните се искуствата на младите црнци од елитен универзитет, кои секојдневно се борат за своите права, како во секојдневието така и во приватниот живот. Се обработуваат многу ситуации кои се клучен дел од животот на младите возрасни, и во нив можат да се пронајдат сите, дури и ако нивната кожа не е црна – секој минува низ тешкотии, и сите бараат начин како да преживеат и да продолжат натаму…rnrn(3) tv-serija-dragi-belci-dear-white-people-www.kafepauza.mkrnrnДејството е сместено на Универзитетот Винчестер, фиктивна елитна образовна институција што се смета за водечка во својата област. Но секако не е сѐ измислено тука – има голема вистина во начинот на кој многу вистински училишта сѐ уште се базирани на предрасуди и расизам, истовремено суптилно и експлицитно напаѓајќи ги своите ученици и правејќи им го животот пекол. Токму тоа и се обидува оваа приказна да му го покаже на светот. Главниот лик, Сем (Логан Браунинг), која во себе носи гени од две раси, има голема страст за активизам што често ја воведува во неволја – но тоа е единствениот начин за нејзиниот глас да биде слушнат. Сепак таа не е единствената во приказната, бидејќи секој карактер си има своја клучна улога што ја прави приказната побогата и повредна за гледање.rnrnDear White PeoplernrnСо оглед на тоа што епизодите траат по 30-тина минути, тоа е доволно време да ве опуштат, но и да ве замислат за важни животни прашања. Оваа ТВ серија ќе ве натера да размислувате како сте се однесувале во дадени ситуации, дали тоа било погрешно и како би можеле да се подобрите за да го направите светот побезбедно место за сите, без разлика на бојата на кожата.

  • ТВ серија: 13 причини зошто (13 Reasons Why)

    ТВ серија: 13 причини зошто (13 Reasons Why)

    Тинејџерка остава касети со причините зошто се самоубила…

    rn(1) ТВ серија: 13 причини зошто (13 Reasons Why)rnrnГлавни улоги: Катерин Ленгфорд, Кристијан Наваро, Мајкл СедлерrnrnЖанр: драма, мистеријаrnrnКреатор: Брајан ЈоркиrnrnПремиера: 31 март 2017rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=JebwYGn5Z3Ernrn„13 причини зошто“ е моќна приказна за начинот на кој психичкото и физичкото насилство во основните и средните училишта може да доведе до депресија и самоубиство кај ранливите и чувствителни тинејџери. ТВ серијата се води според книгата со истото име од писателот Џеј Ашер, и според многумина е една од ретките преработки што се сметаат за подобри од оригиналниот извор. Ние им ја препорачуваме на сите родители, но и на средношколците и останатите млади што се борат со „булинг“, како и на оние кои мислат дека исмејувањето и малтретирањето немаат сериозни или долготрајни последици, па ги гледаат како моментална забава.rnrn(2) ТВ серија: 13 причини зошто (13 Reasons Why) (6) ТВ серија: 13 причини зошто (13 Reasons Why)rnrnДејството започнува една недела по самоубиството на Хана, кога еден од нејзините соученици, Клеј, ќе добие чудна кутија со касети. Тој љубопитно ќе ја пушти првата, и ќе се вчудовиди кога ќе го чуе гласот на Хана од другата страна на слушалките. Иако таа е мртва, нејзината приказна допрва ќе почне да се раскажува. Секоја касета има по 2 страни, а секоја страна е посветена на личноста што ѝ помогнала на Хана да одлучи да си го одземе својот живот. Касетите мора да поминат кај сите спомнати во нив, па уште веднаш знаеме дека и Клеј е еден од личностите што придонел за нејзиното самоубиство – иако тој е повлечен, социјално несигурен и на прв поглед делува како да го сака најдоброто за Хана, бидејќи е видливо заљубен во неа…rnrn(4) ТВ серија: 13 причини зошто (13 Reasons Why) (3) ТВ серија: 13 причини зошто (13 Reasons Why)rnrnПред да ја пуштите оваа ТВ серија, важно е да знаете дека станува збор за многу тешка и емоционална приказна, што не е лесна за гледање. Иако главните улоги им припаѓаат на тинејџери и сите настани се вртат околу (не)типичната средношколска драма, сепак начинот на раскажување може многу да ви влијае, па особено се предупредуваат оние што веќе поминуваат низ вакви ситуации во училиште. Од друга страна пак, целта на серијата е да се освестат младите за начинот на кој ги користат своите зборови, како и за однесувањето што го сметаат за „кул“, бидејќи многумина не се ни свесни како влијаат на своите почувствителни соученици. Причината поради која и родителите треба да ја гледаат, е фактот што тие се сè позафатени со својата работа, па немаат толку време за своите деца во најтешкиот момент од нивниот живот. Со оглед на тоа што никогаш не можете да знаете што им се врти во главата, едноставно не смеете да дозволите да се оддалечите од нив и да престанете да разговарате…rnrn(5) ТВ серија: 13 причини зошто (13 Reasons Why)

  • ТВ серија: Патување со временска машина (Time After Time)

    ТВ серија: Патување со временска машина (Time After Time)

    Младиот Х. Г. Велс патува во иднината со својата временска машина барајќи го озлогласениот Џек Мевосек

    rn(1) ТВ серија: Повторно и повторно (Time After Time)Главни улоги: Фреди Строма, Џош Бауман, Џенезис РодригезrnrnЖанр: драма, научна фантастикаrnrnКреатор: Кевин ВилијамсонrnrnПремиера: 3 март 2017rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за телевизиска адаптација на книгата од Карл Александар и филмот со истото име од 1979 година. Но, дури и да не сте имале можност да ја прочитате книгата или да го гледате филмот, оваа ТВ серија воопшто не се разликува од останатите драми со патување низ времето што досега сме имале можност да ги гледаме, па многу брзо ќе можете да ѝ се препуштите на приказната.rnrn(2) ТВ серија: Повторно и повторно (Time After Time)rnrnНе можеме да кажеме дека случувањата не се предвидливи, особено затоа што првите епизоди се држат блиску до филмот, ниту пак дека актерите совршено ги одигруваат своите улоги и се истакнуваат на некој начин од останатите во овој жанр, но тоа не значи дека не треба да ѝ се даде шанса. Како што веќе спомнавме, приказната е лесна за следење, па затоа и гледањето на оваа серија може да ви го одмори мозокот и да ви помогне полесно да се опуштите по тешкиот работен ден.rnrn(3) ТВ серија: Повторно и повторно (Time After Time)rnrnХ. Г. Велс (Фреди Строма), познатиот писател кој во тоа време сè уште ја нема напишано „Временска машина“, решил да изгради вистинска машина што ќе патува низ времето со цел да му ја донесе потребната инспирација за книгата. Токму затоа и кога неговите пријатели ќе го прашаат како му оди пишувањето, тој ќе се пофали со својот изум што е во последните фази на тестирање и наместо да го гледаат со воодушевување, тие ќе го исмеваат верувајќи дека способноста на машината да патува низ времето е само во неговата глава.rnrn(5) ТВ серија: Повторно и повторно (Time After Time)rnrnНивната забава ќе биде прекината од страна на Скотланд јард, кои го истражуваат неодамнешното убиство на проститутка во близина на куќата на Х. Г. Велс. Тие поминуваат низ сите домови во околината, барајќи каков било знак дека Џек Мевосек е таму, па нивната среќа ќе се насмевне откако ќе ја најдат медицинската торба со крвав нож на еден од пријателите на Велс, д-р Џон Стивенсон. Бидејќи тој ќе го чуе неговиот разговор, без размислување ќе влезе во временската машина и ќе отпатува во иднината, во 2017 година, обидувајќи се на тој начин да си ја заштити својата слобода.rnrn(6) ТВ серија: Повторно и повторно (Time After Time)rnrnХ. Г. Велс, знаејќи дека е единствениот што може да го врати назад, тргнува по него и завршува во модерниот Њујорк, каде што ќе остане целосно без зборови. Неговата визија за утописка иднина целосно се руши гледајќи вести. А што се однесува до Џек Мевосек, тој вели: „Јас целосно припаѓам тука. Во нашето време, бев чудак. Денес сум аматер.“ И тоа навистина е така. За разлика од 1800-тите години, денес светот се движи во многу полоша насока. Дали Х. Г. Велс ќе успее да го фати пред тој да стане нешто повеќе и да го врати во своето време или пак, нештата ќе избегаат целосно од контрола?

  • Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting)

    Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting)

    По 20 години живеење во странство, Марк Рентон се враќа во Шкотска и повторно се зближува со своите луди пријатели од минатото

    rn(1) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting)Режија: Дени БојлrnrnУлоги: Јуан Мекгрегор, Роберт Карлајл, Јуан Бремнер, Џони Ли МилерrnrnВреметраење: 117 минутиrnrnПремиера: 27 јануари 2017rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за второто продолжение на филмот Трејнспотинг од 1996 година што нè запозна со будалштините на неколку млади момци од Единбург, што се обидуваат да си го најдат својот пат низ животот, чекорејќи без работа, низ површни љубовни врски и борејќи се со зависност од дрога. Филмот е базиран на роман од Ирвин Волш и се смета за еден од најголемите филмови на 90-тите години чие влијание ја дефинираше новата генерација млади момци и девојки.rnrn(2) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting) (3) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting)rnrn21 година подоцна, франшизата продолжува со Т2 Трејнспотинг, каде што поголемиот дел од оригиналната актерска екипа повторно се враќа на истата сцена, водени од оригиналниот режисер – Дени Бојл. Овој пат, дејството повторно се врти околу главниот карактер Рентон (Јуан Мекгрегор), но исто така имаме можност да ги видиме и незаборавните Бегби (Роберт Карлајл), Спад (Јуан Бремнер) и Сик Бој, во ова продолжение познат како Сајмон (Џони Ли Милер).rnrn(4) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting) (5) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting)rnrnАко сте го гледале првиот филм, тогаш веќе ви е позната моќната енергија со која се одликува и брзото темпо на раскажување што не ви остава простор ни за дишење. Истото може да се каже и за продолжението и иако можеби нема да ви се верува, овој филм на моменти е дури и подобар од оригиналниот. Зависната енергија, погрдниот речник, незамисливите секс средби и живописните сцени со дрога и насилство од првиот дел во комбинација со дозата зрелост со што се одликува овој дел, создава нова химна на очај во која сите љубители на жанрот ќе уживаат.rnrn(6) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting) (7) Филм: Т2 Трејнспотинг (T2 Trainspotting)

  • ТВ серија: Табу (Taboo)

    ТВ серија: Табу (Taboo)

    Дејството се одвива во 1813 година, кога Џејмс Дилејни се враќа од Африка во Лондон за да ја одмазди смртта на својот татко

    rn(1) ТВ серија: Табу (Taboo)Главни улоги: Том Харди, Дејвид Хејмен, Џонатан ПрајсrnrnЖанр: драмаrnrnКреатори: Чипс Харди, Том Харди, Стивен НајтrnrnПремиера: 10 јануари 2017rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 59 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnНајпрво, оваа приказна е навистина добро составена, длабочината може да се забележи уште во првите моменти, а и тимот актери се брилијантно одбрани за својата улога – секој од нив внесува клучен елемент, правејќи ги настаните толку реални што на моменти ќе заборавате дека се наоѓате пред малите екрани, а не во светот кој пред себе го гледате. Имајќи го тоа на ум, содржината често е непријатна за гледање, па ако не сте навикнати на овој стил на раскажување и живописните сцени, може и да не ја забележите убавината која се крие зад ужасот на површината.rnrn(2) ТВ серија: Табу (Taboo) (3) ТВ серија: Табу (Taboo)rnrnТВ серијата изобилува со неверојатни актери, предводени од страна на Том Харди (кој е и еден од креаторите на самата серија). Неговиот лик, Англичанецот Џејмс Дилејни, поминува низ застрашувачки емоции по смртта на својот татко, што ќе го натера да се врати од Африка во Лондон, каде што со години се верувало дека тој е мртов. Неговото ненадејно појавување, токму на погребот на татко си, ќе предизвика лавина од настани што ретко кој би можел да ги предвиди.rnrn(4) ТВ серија: Табу (Taboo) (5) ТВ серија: Табу (Taboo)rnrnЏејмс е енигма што морате да бидете трпеливи доколку сакате да ја откриете, бидејќи секоја епизода открива само мал дел од неговата комплицирана личност. Токму затоа и првите епизоди покренуваат повеќе прашања отколку одговори, но доколку издржите до подоцнежните епизоди, нема да бидете ни најмалку разочарани. Уште на самиот почеток е јасно дека тој е на одмаздничка мисија, подготвен на сè за да ја постигне својата цел, иако не знаеме што точно го поттикнало тоа – но, како што веќе спомнавме, секоја епизода ќе ви открива доволно информации за да го задржи вашето внимание, но и за да ве натера да ја пуштите и следната епизода.

  • Дознајте кои се најдраматичните хороскопски знаци

    Дознајте кои се најдраматичните хороскопски знаци

    Животната драма се јавува во различни форми. Можеби се вознемирувате кога работите не се по ваше, мислите дека светот се врти околу вас или толку многу се трудите да бидете во центарот на вниманието што привлекувате уште повеќе внимание. Доколку се пронајдовте во овие описи, тоа значи дека вие сте драматична личност. Ова е позитивна особина доколку се занимавате со работа од таков карактер, но ако дозволите драмата да навлезе во вашиот приватен живот, може да си предизвикате многу проблеми.rnrnДознајте кои се најдраматичните хороскопски знациrnrnПостојат 5 хороскопски знаци кои се особено драматични. Тие во секунда можат да го сменат расположението и да се претворат во емотивен хаос. Во таков случај најдобро е да се повлечете и да почекате да им помине. Тие со нивното драматично однесување се обидуваат да привлечат внимание и најдобро ќе постапите доколку воопшто не им обрнете внимание. На тој начин, тие ќе се соземат и побрзо ќе се вратат во нормала. Во продолжение прочитајте кои се најдраматичните хороскопски знаци…rn

    Рак

    rnРаковите не се плашат да ги искажат нивните емоции, без оглед на тоа дали се позитивни или негативни. Нивната тврдоглава природа е вообичаено корисна, но понекогаш може да се претвори во преголема компетивност. Раковите многу често го менуваат расположението, особено ако нешто не е по нивно. Тогаш тие се преплавени со емоции, почнуваат да драматизираат и се однесуваат како разгалени детишта. Кога ќе се случи ова, најдобро е да ги вратите во реалноста.rn

    Лав

    rnЛавот освен што е крал на животните, тој е и крал на драмата. Лавовите обожаваат да бидат во центар на внимание и имаат високи животни критериуми што значи дека тие се свесни дека го заслужуваат само најдоброто. Но, постои граница меѓу амбицијата и драматичноста, а припадниците на овој хороскопски знак сѐ уште не знаат каде е. Кога нешто не е по нивно, Лавовите стануваат арогантни, егоцентрични и мислат дека целиот свет се врти околу нив. Во таков случај, никако не смеете да им обрнувате уште повеќе внимание! Ако не им го дадете тоа што го сакаат, Лавовите ќе се смират… Порано или подоцна.rnrnДознајте кои се најдраматичните хороскопски знациrn

    Скорпија

    rnСредното име на Скорпијата е „Страст“, а страста се појавува во многу форми. Скорпиите обично се многу страсни кога станува збор за животот и сексот, но постојат случаи кога таа страст се манифестира во нешто поголемо. Припадниците на овој знак по природа се по малку нападни, па така луѓето не се чудат што стануваат чувствителни и агресивни кога ќе се вознемират. Ако се најдете во близина на Скорпија кога е вознемирена, нашиот совет е да бегате што подалеку. Нивната лутина станува премногу драматична, а понекогаш дури и насилна. Наместо да се обидувате да ги вразумите, најдобро е да почекате да помине бурата.rn

    Стрелец

    rnСтрелците се големи ентузијасти, така што кога тие драматизираат, нивното однесување не се сфаќа во негативна смисла. Сепак, само затоа што не делуваат вознемирени, тоа не значи дека нивните зборови не можат да ве повредат. Стрелците многу зборуваат и подготвени се да кажат што било за да го добијат она што го сакаат. Токму поради тоа, понекогаш стануваат драматични и театрални. Кога ќе забележите дека некој припадник на овој знак ги преувеличува работите, важно е да го вразумите додека работите не отишле предалеку.rn

    Водолија

    rnВодолиите не делуваат како драматични личности, бидејќи секогаш се опуштени и безгрижни, но токму оттаму произлегува нивната драматичност. Тие глумат ладни и недопирливи и кога ќе претераат со таквото однесување, очигледно е дека се обидуваат да побегнат од нешто. Тие не пробуваат да бидат во центарот на вниманието, но нивните емоции се толку темпераментни што не се знае кога ќе им се прелее чашата. А кога ќе се прелее, многу брзо стануваат мелодраматични. Водолиите ќе се смират ако ги сослушате и се обидете да ги разберете, бидејќи тие никогаш не драматизираат без причина.rnrnВо продолжение дознајте и кои се најчувствителните хороскопски знаци.

  • ТВ серија: 3% (3%)

    ТВ серија: 3% (3%)

    Само 3% од секоја генерација 20-годишни момци и девојки имаат шанса да преминат на „подобрата страна“ за живеење

    rn(1) ТВ серија: 3% (3%)Главни улоги: Жуао Мигел, Бјанка Компарато, Мишел ГомезrnrnЖанр: акција, драма, научна фантастикаrnrnКреатор: Педро АгилераrnrnПремиера: 25 ноември 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 50 минутиrnrnЈазик: португалскиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за свет кој е поделен на два дела – во две крајности. На една страна се оние што живеат во сиромаштија и беда, без никаква шанса за напредок во животот. Свет полн со криминал и секојдневна борба за живот. Но, на другата страна се оние што биле доволно среќни и интелигентни да го поминат процесот за тестирање и со тоа да си овозможат живот во луксуз и сигурност, како и шанса да станат нешто повеќе.rnrn(1) ТВ серија: 3% (3%)rnrnПриказната започнува со претставување на новата генерација кандидати. Сите тие имаат точно 20 години и се надеваат дека ќе успеат да ги поминат интензивните тестирања на нивната интелигенција, издржливост и други барани карактеристики потребни за премин на другата страна. Но, само 3% од нив ќе успеат! Конкуренцијата е силна и елиминациите почнуваат скоро инстантно, создавајќи тензија меѓу оние што живееле за постигнувањето на оваа цел.rnrn(2) ТВ серија: 3% (3%)rnrnТоа што се издвојува кај оваа ТВ серија се самите тестови низ кои поминуваат кандидатите. Тие се генијално создадени така што ги мерат токму оние карактеристики што се бараат, без притоа истите да ги откријат. Кандидатите добиваат само основни инструкции, а потоа се оставени сами на себе да се адаптираат и снаоѓаат во ситуации што никогаш досега не ги искусиле. Тие конечно ќе дознаат кои се навистина, во сржта на нивната душа.rnrn(3) ТВ серија: 3% (3%)

  • ТВ серија: Круна (The Crown)

    ТВ серија: Круна (The Crown)

    Почетоците на владеењето на кралицата Елизабета II во Велика Британија

    rn(1) ТВ серија: Круна (The Crown)Главни улоги: Клер Фој, Мет Смит, Ванеса Кирби, Џон ЛитгоуrnrnЖанр: драма, историјаrnrnКреатор: Питер МорганrnrnПремиера: 04 ноември 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnВо последно време ретко можеме да наидеме на ТВ серија што не е исполнета само со површни ликови, празна акција и експлицитни сцени. Тоа е и една од причините зошто голем дел од новите приказни на малите екрани не се задржуваат долго, па брзо завршуваат – луѓето едноставно се заситија од моменталното задоволство што го предизвикуваат овие „брзи“ сцени за кои не е потребно многу напор да се следат. Да, тие се одлични за да го одморите малку мозокот и да му дозволите на времето околу вас да помине побрзо, но по некоја епизода тој ефект исчезнува и заинтересираноста избледува.rnrn(2) ТВ серија: Круна (The Crown) (3) ТВ серија: Круна (The Crown)rnrnИмајќи го ова на ум, ако сте во потрага по впечатлива приказна, исполнета со богати ликови интерпретирани од страна на талентирани актери и секако, инспирирана од вистински настани, тогаш без сомнение сте на вистинското место. Дејството на оваа приказна почнува во Велика Британија, за време на 40-тите години, односно ни го покажува преминот на Елизабета II од тивка принцеза во моќна кралица. Првата епизода ни ја покажува свадбата на Елизабета (Клер Фој) и Филип (Мет Смит) и оттаму полека нè води кон настаните што доведуваат таа да ја наследи круната од својот татко, Џорџ VI (Џаред Харис).rnrn(4) ТВ серија: Круна (The Crown) (5) ТВ серија: Круна (The Crown)rnrnНеверојатното сценарио ни го открива приватниот пат на Кралицата, оној што малкумина имале можност да го видат. Тоа е толку маестрално напишано, што нема да можете да го оттргнете погледот од екранот додека не ја дознаете целата приказна. Не можеме да бидеме сигурни дали сите настани се вистинити (во овој жанр често се менуваат одредени ситуации со цел да се постигне поголем ефект кај публиката), но тоа нема да ве спречи да уживате зад затворените врати на Бакингемската палата, во свет исполнет со моќ и привилегија каде што лидерите на империјата чекаат…

  • Филм: Сојузници (Allied)

    Филм: Сојузници (Allied)

    Дали љубовта може да го преживее притисокот на војната?

    rn(1) Филм: Сојузници (Allied)Режија: Роберт ЗемекисrnrnУлоги: Брет Пит, Марион Котијар, Џеред ХарисrnrnВреметраење: 124 минутиrnrnПремиера: 1 декември 2016rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: акција, драма, романсаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnДејството започнува во 1942 година со пристигнувањето на канадскиот агент за разузнавање, Макс Ватан, во Казабланка. Тој се запознава со Мариен Бојсежур, борец од францускиот отпор, која набрзо ќе стане негова партнерка на опасна мисија. Нивните наредби се да глумат дека се во брак со цел да не предизвикаат сомнежи додека се подготвуваат за мисијата. Со оглед на тоа што уште од првиот момент кога ќе се здогледаат се чувствува силна хемија меѓу нив, како и фактот дека толку длабоко ќе се посветат на својата улога како сопружници, беше едноставно неизбежно дека вистински ќе се заљубат. И покрај тоа што изгледа како нивните емоции да им го одвлекуваат вниманието, сепак тие успеваат да ја завршат својата мисија успешно.rnrn(2) Филм: Сојузници (Allied)rnrnНо, нештата не сопираат тука. Додека бегаат, Макс ја запросува Мариен и таа среќно ја прифаќа неговата понуда. Тие се враќаат во Лондон, каде што нивниот живот како да започнува од почеток – стапуваат во брак, Макс добива позиција во британската разурнувачка служба, а Мариен станува мајка. И од сите настани досега, има само еден момент што ќе ви се вреже во мислите, терајќи ве до самиот крај да се запрашувате дали Мариен е тоа што Макс и сите ние мислиме дека е. За време на свадбата, таа се насмевнува на многу чуден начин, давајќи ни до знаење дека можеби нејзината мисија сè уште не е завршена…rnrn(3) Филм: Сојузници (Allied)rnrnНашите размислувања се потврдуваат откако Макс ќе добие предупредување дека постои сомнеж за лојалноста на неговата сопруга и дека има шанса таа да е германска шпионка. Тој набрзо добива нова мисија – да ја разоткрие вистината за својата сопруга и ако таа навистина е шпион, самиот да ја убие. Доколку не ја изврши својата мисија, му се заканува бесилка. Од овој момент дејството почнува да го следи Макс и до самиот момент нè држи во неизвесност. Перформансот на главните актери, Бред Пит и Марион Котијар, е едноставно беспрекорен и во комбинација со начинот на кој се раскажува оваа приказна добиваме богат и моќен филм што едноставно не смеете да го пропуштите!

  • Најдобрите нови телевизиски драми (според фановите на жанрот)

    Најдобрите нови телевизиски драми (според фановите на жанрот)

    Иако оваа година, како и секоја претходно, имаме голем избор кога станува збор за драми, сепак овие три приказни со своите специфични карактеристики успееја да се издвојат од толпата. Во продолжение погледнете за кои ТВ серии станува збор.rnНајдобрите нови телевизиски драми (според фановите на жанрот)rn

    1. Нема утре (No Tomorrow)

    rnТоа што ја прави оваа ТВ серија вистинско изненадување, покрај хуморот и мудрите досетки, е што допира до гледачи на сите возрасти. И покрај тоа што романтичните комедии се најчесто наменети за женската публика, оваа приказна може да го задржи вниманието и на мажите, правејќи ја една од најгледаните за оваа сезона.rnrnrn

    2. Бул (Bull)

    rnМајкл Ветерли ја толкува улогата на д-р Џејсон Бул во драма инспирирана од раната кариера на д-р Фил Мекгро. Брилијантен, моќен и шармантен, д-р Бул е куклар што ги држи сите конци во своите раце така што комбинира психологија, човечка интуиција и најнова технологија за да владее со судниците и да открие што кријат поротниците, адвокатите и сведоците.rnrnrn

    3. Егзорцист (The Exorcist)

    rnИако станува збор за специфичен жанр што не е за сечие срце, сепак благодарение на темната атмосфера, брзото дејство, солидните ефекти и силниот перформанс од целиот тим актери, оваа ТВ серија брзо се вивна меѓу најдобрите оваа година. Отсекогаш било тешко да се направи телевизиска адаптација на моќен филм, но сега засега, Егзорцист добро се држи.rnrn