Нема сомнеж дека „Вовед во анатомија“ е една од најдраматичните ТВ серии некогаш направени. Од некои непознати причини, сите луѓе уживаат во разочарувањата и пресвртите што ги прикажуваат сериите. Најверојатно тоа се случува, бидејќи се вљубуваме во ликовите. На пример, идејата да си имаме „наш човек“ што ја наметнува „Вовед во анатомија“, сѐ уште нѐ возбудува и нѐ поттикнува да ги прегрнеме нашите најдобри пријатели. Сценаристите многу добро знаеле како да нѐ натераат да се соживееме со ликовите и да ги засакаме толку многу што на моменти забораваме дека тие не постојат навистина.rnrn
rnrnПо гледањето на овие ТВ серии се чувствуваме многу необично и преплавени сме со емоции. Тие ни влијаат во животот многу повеќе одошто би сакале да признаеме. Доколку ја обожувате „Вовед на анатомија“, но сакате да почнете со нова серија, следниве драматични ТВ серии се идеалниот избор за вас…rn
1. „Приватен доктор“ (Royal Pains)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=0lWP-p91fG8rnrnКога двајца браќа ќе почнат да работат во Хемптонс, ќе се изненадите од тоа во какви ситуации ќе западнат. Очигледно е дека богатите луѓе не се имуни на лудите случајности. Поединците од елитата се подготвени да платат големи суми на пари за доктор што прави домашни посети, а никогаш не можете да знаете што ќе се случи откако ќе се отворат нивните врати.rn
2. „Живи мртовци“ (The Walking Dead)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=R1v0uFms68UrnrnОваа ТВ серија емоционално ќе ве уништи! Многу ќе се приврзете за ликовите што се борат во зомби апокалипсата. Тие формираат кланови и на крајот ќе сфатите дека „талкачите“ не се вистинските чудовишта, туку некои од луѓето.rn
3. „Ноќна смена“ (The Night Shift)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=2H0SfnB76GArnrnДокторите не добиваат доволно заслуги за обврските со кои секојдневно се соочуваат. Ноќната смена во која било професија ќе ви го смени погледот кон светот. Освен тоа, сериите поврзани со болници се многу емотивни, бидејќи прикажуваат ситуации во кои и ние самите би можеле да се најдеме.rn
4. „Портокаловата е новата црна“ (Orange Is the New Black)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=zLyUlTu4KbIrnrnПодгответе се за нешто сурово и урнебесно смешно. Најчесто, не ја знаеме перспективата на жените во затвор, но оваа приказна ќе ви помогне подобро да ги разберете дамите облечени во портокалови комбинизони. Сигурно ќе ви биде забавно покрај толку многу различни карактери на едно место.rn
5. „13 причини зошто“ (13 Reasons Why)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=JebwYGn5Z3ErnrnПодгответе ги марамчињата! Се работи за адаптација на книга која сигурно е уште потажна од ТВ серијата. Во секоја наредна епизода се откриваат делчињата од сложувалката која ги отсликува настаните што довеле до трогателната смрт на една тинејџерка.rn
6. „Црно огледало“ (Black Mirror)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=di6emt8_ie8rnrnТехнологијата е единственото нешто што го живееме и дишеме од моментот кога ќе се разбудиме, па сѐ додека не заспиеме. Сигурно сте свесни дека порано или подоцна, технологијата ќе стане попаметна од нас и ќе почне да размислува сама за себе. Погледнете ја оваа ТВ серија и дозволете ѝ на паранојата да навлезе во вашиот живот.rn
7. „Циганка“ (Gypsy)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=y67_16zSMwkrnrnТерапевтите би требало да ни помагаат, но што се случува кога еден од нив ќе го редефинира поимот „помош“? Постои одредена граница помеѓу пациентот и терапевтот што не треба да се премине, но во оваа ТВ серија сите граници се преминуваат. Што би направиле кога единствената личност што ги знае сите детали од вашиот живот, физички ќе се смести во вашите потреби и ранливост?rnrnМожете да почнете и со следниве 11 ТВ серии што секоја жена треба да ги изгледа.

Главни улоги:
rnrnОваа серија ги има сите карактеристики на типична медицинска ТВ приказна, вклучувајќи ги емоционалните моменти што ќе ви го забрзаат срцебиењето, драмата поврзана со животот и смртта, како и неверојатното спасување човечки животи. Тоа што можеби ѝ недостига е подетална разработка на споредните ликови и поголем увид во секојдневниот живот на главниот лик. Но со оглед на тоа што има само неколку епизоди, и одлична основа со голем потенцијал, сигурна сум дека набрзо серијата ќе прерасне во тоа што сите фанови на медицинските приказни го бараат. Останува на времето да докаже дали сум била во право или не.rnrn


Главни улоги:
rnrnДа преминеме на нивните деца. Јана, најстарата ќерка, е амбициозна архитектка што мора да балансира помеѓу две работни позиции, како асистентка на факултет и архитект во приватна фирма, бидејќи ѝ требаат пари. Од друга страна пак, се соочува и со морална дилема – дали треба или не треба да учествува во сомнителните проекти на нејзиното момче. Виктор, средниот син, и покрај магистерската диплома едноставно не може да најде работа, колку и да се труди, а Бојан, најмладиот син, којшто сè уште е средношколец и чија страст е водењето влогови, се бори за правдата на своите соученици на најдобриот начин што може.rnrn
rnrnПа колкумина од вас се пронајдоа во овие карактери? Започнувајќи од тинејџерите, па сè до постарите генерации, сигурно многумина од вас се соочиле или во моментов се соочуваат токму со овие проблеми типични за нашата земја. Затоа и оваа приказна има голем потенцијал. Досега има снимено 8 епизоди, но се надеваме дека ќе продолжи и понатаму бидејќи може да стане моќна алатка за освестување на македонскиот народ и можност за битка против сите овие проблеми кои е редно време да ги надминеме.rnrn


Главни улоги:
rnrnШто се однесува до самата приказна, токму ликовите се оние што ја издвојуваат од останатите. Имаме можност да запознаеме комплексни карактери што се борат со секојдневни македонски проблеми во кои многумина од вас без сомнение ќе се пронајдат. И како што тие се обидуваат да ги решат овие потешкотии на психотерапевтскиот кауч, така и кај вас ќе почнат некои внатрешни процеси, мотивирајќи ве и самите да преземете нешто во врска со вашиот живот, па можеби дури и да побарате помош од професионалец, ако имате потреба од тоа.rnrn
rnrnГлавниот актер, Никола Ристановски, ја толкува улогата на психотерапевтот д-р Виктор Терзиев и донекаде може да ви покаже како навистина изгледаат овие сесии. Имајќи го ова на ум, како личност што поминала низ психотерапевтската обука, чувствувам должност да ве предупредам дека тој е само лик во серија, па не треба да го земате здраво за готово тоа што го гледате пред вас. Ако прашате искусен психотерапевт, тој веднаш ќе ви укаже на голем број грешки во неговите прашања, коментари и однесувања, што ниту еден психотерапевт не смее да си ги дозволи. Сепак сите овие нешта се дел од поголемата слика што сценаристите сакаат полека да ја откриваме со секоја нова епизода и со оглед на тоа што не станува збор за реалноста, не делуваат толку страшно.rnrn
rnrnДосега најголем впечаток остави перформансот на актерката Јелена Јованова, и нејзината епизода беше значително посилна во однос на останатите. Но како и секоја друга добра серија, потребно е време да ги запознаеме сите ликови, како и да минеме низ сито и решето со нив, за да можеме да се поврземе и да ги разбереме. Очекувам дека тоа и ќе се случи, останува само на времето да ни покаже дали сум во право…
Главни улоги:
rnrnДејството е сместено во доцниот 19-ти век, во фиктивниот град Авонли, каде што едно мало сираче конечно ќе пронајде топол дом полн со љубов. Марила (Џералдин Џејмс) и Метју (Р. Х Томсон) се брат и сестра кои поради својата старост имаат потешкотии при одржувањето на нивите и домот, па затоа решаваат наместо постојано да плаќаат за помош, да посвојат машко дете што би му помагало на Метју во работата. Со оглед на тоа што порано немало директна комуникација, тие пуштиле „збор“ за посвојувањето и до сиропиталиштето стигнала погрешна информација дека тие бараат женско дете. На тој начин Ен (Амибет Мекнулти) сосема случајно ќе влезе во нивниот живот…rnrn
rnrnЛикот на Ен е вистинско освежување на малите екрани, бидејќи таа едноставно зрачи со позитивна енергија. Уште во првиот момент кога ќе ја видите, ќе ви го освои срцето и ќе посакате да стане дел и од вашиот живот. Ен е карактеристична по брзото зборување, користењето големи зборови и имагинацијата без граници, како и по уживањето во секој момент. Таа ќе ве потсети дека понекогаш треба да застанете и да ја помирисате дивата ружа покрај патот, бидејќи не постои нешто попрекрасно што можете да го доживеете. Исто така ќе ве научи и дека без разлика колку тежок или темен ви изгледа животот во моментот, само вие можете да одлучите да го промените на подобро!rnrn
rnrnОваа драма е одлична за оние што сакаат да се одморат од секојдневниот модерен, брз живот и да се вратат во едно поедноставно време каде што ќе можат да уживаат под отворено небо. Ен ја разубавува секоја сцена, секој пејзаж и секој карактер во приказната, па погрижете се да си одвоите доволно време за гледање, бидејќи штом ја пуштите првата епизода, нема да можете да престанете да ја следите нејзината авантура до самиот крај на сезоната.
Главни улоги:
rnrnМора да се спомене и неговата сестра, Кејси (Бриџит Ланди-Пејн) која без сомнение е светлата точка во оваа приказна. Иако Сем е ѕвездата, таа одвреме-навреме го засенува со брилијантни изјави што истовремено ќе ве насмеат, но и ќе ве натераат да се замислите. Начинот на кој таа го заштитува својот брат, додека истовремено е и брутално искрена со него, прифаќајќи го онаков каков што навистина е, додава богатство на двата ликови, па и на самата приказна, правејќи ја многу пореална додека гледате.rnrn
rnrnПа, ако сте расположение за приказна што истовремено е и комедија и драма (преминот од едниот кон другиот жанр понекогаш се случува толку брзо што ќе ви предизвика бура од емоции), тогаш дефинитивно треба да ја погледнете оваа атипична ТВ серија. Да, на почетокот ќе ви биде потребно малку време да се навикнете на ликовите и на текот на приказната, но штом навлезете во неа, без сомнение ќе уживате во авантурите на Сем.
Главни улоги:


Режија:
rnrnИмајќи го ова на ум, главната приказна малку наликува на онаа во филмот Логан – имаме херој што е воден од своето чувство за правда, немо девојче што мора да го заштити и бавно развивање на настаните што ќе го тестира вашето трпение. Но начинот на кој филмот полека нè внесува во својот свет, преку деталните описи на карактерите и богатата приказна, се чувствува како еден вид уметност што ќе ги фасцинира дури и најстудените љубители на филмови. Накратко, филмот ги заслужува највисоките оцени, а мора да го погледнете и самите за да сфатите зошто сите го велат тоа.rnrn

Главни улоги:
rnrnИако Џин, односно Даен, спаѓа под дефинициите на „луд психолог“, тоа што е навистина интересно во оваа приказна е фактот што има сосема нормален живот (надвор од работата). Таа е во брак со Мајкл Халовеј (Били Крудуп), со кого имаат мала 9-годишна ќерка, која пак само што почнала да го истражува својот полов идентитет. Иако тие се обидуваат да ја поддржуваат во своето истражување, како што секој добар родител би направил, сепак се забележува дека не се снаоѓаат најдобро што можат. И секако, работниот стил на Џин ќе почне да влијае на нејзиниот приватен живот, па и покрај тоа што таа е свесна дека може многу работи да расипе, вклучувајќи го и својот брак, како и односот со ќерката, таа едноставно не може да се сопре…rnrn

Главни улоги:
rnrn
rnrnДејството се случува во 1920-тите години и уште во старт да ве предупредиме, иако станува збор за оригинална Нетфликс приказна, сепак типичните шпански елементи на драма и изненадување се видливо присутни во секоја сцена. ТВ серијата ни ја раскажува приказната за Алба (Бјанка Суарез), која планира да ограби телефонска компанија за да го отплати детективот што ја уценува по убиството на нејзината пријателка Гимена. Додека е таму, таа открива дека еден од директорите на компанијата е нејзина бивша љубов од која била одвоена пред многу години. Почнува да звучи како шпанска серија, се согласувате? Додајте на тоа и љубовен триаголник и знаете дека сте на вистинскиот канал!rnrn
rnrnПокрај приказната за Алба, ТВ серијата ги обработува и битките на жените за своите права во Шпанија, па поради тоа и добива поголема тежина од стандардните „сапуници“. Ликовите се многу лесни за сакање, а нивните секојдневни битки доволно опипливи за да можете да се ставите на нивното место и подобро да ја доживеете целата приказна. Ве заинтересирав? Би гарантирам дека нема да зггрешите доколку викендов ѝ дадете шанса! Но внимавајте, можете толку да се заразите што нема да излезете од дома.