КАФЕ ПАУЗА

Tag: драма

  • ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)

    ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)

    ТВ серија за еден екипаж кој ќе се разбуди на вселенски брод без никакво помнење

    rn(1) ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)Главни улоги: Марк Бендејвид, Мелиса Оунил, Антони Лемки, Алекс Малари Џуниор, Џоудел Ферланд, Роџер Р. Крос, Зои ПалмерrnrnЖанр: драма, научна фантастика, трилерrnrnКреатори: Џозеф Малози, Пол МулиеrnrnПремиера: 12 јуни 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПостојат 2 огромни причини зошто треба веднаш да ѝ дадете шанса на оваа ТВ серија. Најпрво, таа доаѓа од креаторите на ТВ серијата „Ѕвездена порта“, а како второ таа е базирана според стрип од истите автори. Според досегашното искуство, можеме слободно да кажеме дека ќе станува збор за добра приказна која целосно ќе го освои нашето внимание и која има потенцијал да се развие во нешто многу поголемо.rnrn(2) ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)rnrnПриказната започнува со будењето на екипажот на еден вселенски брод поради знаци за неволја. Но, ниту еден од нив не знае кој е, ниту пак што бара на овој брод. За да можат полесно да се распознаваат, тие ќе се именуваат со броеви од 1 до 6, според редоследот на будење. За среќа, нивната мускулна меморија сè уште постои, па токму затоа тие брзо ќе почнат да сфаќаат која функција ја имале на бродот пред да го изгубат сеќавањето.rnrn(3) ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)rnrnЗа работите да бидат поинтересни, нивниот тим ќе открие уште еден член на екипажот, андроид, кој исто така има избришана меморија. Овој андроид е нивната директна врска со бродот, кој чекор по чекор, полека ќе им помогне да дознаат кои се всушност тие и како се нашле во оваа застрашувачка ситуација. Секое ново открие ќе води кон нова низа прашања за она што им се случува, отворајќи една голема мистерија која ќе ви ја активира фантазијата и ќе ве натера на размислување и формирање голем број теорија.rnrn(4) ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)rnrnТокму затоа ако сте расположени за одлична научно фантастична приказна, со добар избор на актери и уникатна приказна, тогаш дефинитивно треба да почнете да ја гледате „Темна материја“. Бидејќи станува збор за летна серија, досега има само една епизода која излезе претходната недела. Па, ако почнете да ја гледате, сигурни сме дека таа ќе ви биде одличен начин на опуштање за време на најтоплите летни денови…rnrn(5) ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)

  • ТВ серија: 8 сетила (Sense8)

    ТВ серија: 8 сетила (Sense8)

    8 градови, 8 личности, 1 поврзаност…

    rn(1) ТВ серија: 8 сетила (Sense8)Главни улоги: Мигел Анхел Силвестер, Дуна Беј, Џејми Клејтон, Тина Десаи, Брајан Џ. Смит, Тапенс Мидлтон, Макс Римелт, Амл АминrnrnЖанр: драма, научна фантастикаrnrnКреатори: Енди и Лана ВачаускиrnrnПремиера: 5 јуни 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnМожеме слободно да кажеме дека во последниве неколку години Нетфликс целосно ги подигнаа стандардите за ТВ серии. Тие ни претставуваат нови приказни, кои малку отстапуваат од добро познатата Холивуд шема, па токму затоа и создаваат уникатни серии кои целосно го привлекуваат нашето внимание. „Sense8“ е една од нив.rnrn(2) ТВ серија: 8 сетила (Sense8) (3) ТВ серија: 8 сетила (Sense8)rnrnНајпрво да ве предупредиме, кај оваа серија, како и кај сите други од Нетфликс, епизодите траат по 1 час. Но, бидејќи станува збор за драма, не очекувајте премногу акција. Приказната е целосно насочена кон запознавање и развивање на ликовите, па токму затоа и дејството се одвива премногу бавно. Но, тоа не значи дека таа не вреди да се гледа. Баш напротив.rnrn(4) ТВ серија: 8 сетила (Sense8) (5) ТВ серија: 8 сетила (Sense8)rnrnПриказната се врти околу 8 ликови, во 8 различни градови. Тие одеднаш и без никакво предупредување ќе бидат поврзани со еден вид телепатска конекција, па токму затоа и на почетокот секој од нив ќе мисли дека полудува и халуцинира. Но, како што ќе поминува времето така тие сè повеќе ќе сфаќаат дека се поврзани со вистински луѓе…rnrn(6) ТВ серија: 8 сетила (Sense8) (7) ТВ серија: 8 сетила (Sense8)rnrnОваа необична поврзаност ги носи ликовите во нови и непознати градови, без притоа да ја напуштат својата земја, додека истовремено им дава пристап и до нивните лични способности, како поседување различни знаења, познавање јазици, боречки вештини… Но, она што е најинтересно е фактот што секој од нив може да биде на две места одеднаш, истражувајќи ги и најдалечните агли во светот. Но, тие ќе мора да научат како да ги користат овие способности со цел да преживеат во овој свет каде што на секој чекор демне нова и застрашувачка опасност…

  • Филм: Фокус (Focus)

    Филм: Фокус (Focus)

    Некои нешта во животот вредат многу повеќе отколку што сте можеле да забележите претходно

    rn(1) Филм: Фокус (Focus)Режија: Глен Фикара, Џон РикуаrnrnУлоги: Вил Смит, Маргот Роби, Родриго СантороrnrnВреметраење: 105 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 27 февруари 2015rnrnЖанр: комедија, криминал, драмаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnНики (Вил Смит) е многу познат и успешен измамник. Тој е толку вешт во својата професија што не постои ништо што може да му избега од неговиот видик. Барем на прв поглед така изгледа. Но, работите брзо ќе се променат откако тој ќе ја запознае Џес (Маргот Роби) која сосема ненадејно ќе успее да му покаже дека има многу повеќе во животот одошто тој некогаш успеал да види и доживее.rnrn(2) Филм: Фокус (Focus) (3) Филм: Фокус (Focus)rnrnЏес е млада девојка која се обидува да се пробие во кругот на измамниците. Но, нејзините почетнички грешки ќе ја одведат директно во рацете на Ники кој поради љубопитност ќе ѝ дозволи да се обиде да го измами. Секако, нејзиниот обид ќе резултира со неуспех, но тоа нема да ја спречи повторно да го пронајде со цел да се обиде да го натера да биде нејзин ментор. Но, бидејќи Ники не е заинтересиран за оваа улога, токму во тој момент ќе почнат игри на измами кои ќе траат со години.rnrn(4) Филм: Фокус (Focus) (5) Филм: Фокус (Focus)rnrnСтанува збор за филм кој мора да го следите будно со цел да ги забележите сите детали од приказната. Бидејќи главните ликови се измамници, повеќето од времето тешко е да се направи разлика помеѓу вистината и лагата во она што го кажуваат. Токму затоа и филмот има голем број пресврти. Вие само што сте помислиле дека ја следите приказната, одеднаш ќе сфатите дека еден од нив лажел и токму тоа ќе ве одведе во сосема друга насока. Но, ова е и една од причините зошто би требало да му дадете шанса на овој филм.

  • ТВ серија: Тајни и лаги (Secrets and Lies)

    ТВ серија: Тајни и лаги (Secrets and Lies)

    Дали тој е навистина убиецот или не?

    rn(1) ТВ серија: Тајни и лаги (Secrets and Lies)Главни улоги: Рајан Филип, Џулиет Луис, Кади СтрикландrnrnЖанр: криминал, драмаrnrnКреатор: Барби КлајгманrnrnПремиера: 8 март 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за ТВ серија во која убиството на едно младо момче ќе донесе проблеми на семејство кое веќе има потешкотии, но исто така и ќе претвори идилично општество во сомнителна толпа. Соседите ќе се свртат едни кон други, барајќи некој да плати за животот на младото момче, без притоа да ги интересира дали тоа е навистина виновникот или не. Животот во оваа приградска населба ќе биде дополнително отежнат и од студената немилосрдност на една опсесивна детективка.rnrn(2) ТВ серија: Тајни и лаги (Secrets and Lies) (3) ТВ серија: Тајни и лаги (Secrets and Lies)rnrnСопругот и татко, Бен Крафорд (Рајан Филип), ќе го открие телото на младо момче додека џогира и тоа ќе биде една од причините зошто тој ќе стане примарниот осомничен. Бидејќи ќе почувствува дека сите се вртат против него, тој нема да има друг избор освен сам да спроведе истрага со цел да го најде вистинскиот убиец. Целата оваа ситуација влијае негативно врз неговиот брак, деца, репутација, но најмногу од сè и врз неговиот ум.rnrn(4) ТВ серија: Тајни и лаги (Secrets and Lies) (5) ТВ серија: Тајни и лаги (Secrets and Lies)rnrnНе можеме да кажеме дека станува збор за оригинална приказна која никогаш досега не била видена, но тоа не значи дека нема детали кои ја прават вредна за гледање. Токму затоа доколку сте расположени за малку мистерија, опколена со многу лаги и тајни, оваа ТВ серија би можела да биде добар начин на кој ќе го поминете вашето слободно време.

  • Филмски викенд: 5 одлични филмови од различни жанрови‏

    Филмски викенд: 5 одлични филмови од различни жанрови‏

    Доколку сте расположени за добар филм викендов, тогаш погледнете ги следниве 5 предлози од различни жанрови кои без сомнение одлично ќе го исполнат вашето слободно време.rn

    1. Брзи и бесни 7 (Furious 7)

    rn(2) Филмски викенд: 5 одлични филмови од различни жанрови‏Главни улоги: Вин Дизел, Пол Вокер, Двејн ЏонсонrnrnПремиера: 3 април 2015rnrnЖанр: акција, криминал, трилерrnrnКратка содржина: Декард Шо бара одмазда против Доминик Торето и неговата фамилија за својот брат кој е во кома.rnrnrnrn

  • ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines)

    ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines)

    Што точно се случува во овој град и зошто никој не може да си замине?

    rn(1) ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines)Главни улоги: Мет Дилан, Карла Гуџино, Тоби Џоунс,rnrnЖанр: драма, мистерија, трилерrnrnКреатор: Чед ХоџrnrnПремиера: 14 мај 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnОваа одлична мини ТВ серија е една од оние кои едноставно мора да ги гледате за да сфатите за што точно станува збор. Таа изобилува со мистерија и тајни, па токму затоа уште од првата епизода веднаш ќе се навлечете на приказната. Дејствијата се одвиваат прилично брзо, па во ниту еден момент нема да ви биде здодевно, но мора будно да ги следите доколку сакате да ги забележите сите детали кои водат кон поголемата слика.rnrn(3) ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines) (4) ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines)rnrnТајната служба го истражува исчезнувањето на двајца агенти и голем број докази укажуваат на фактот дека градот Вејвард Пајнс може да има нешто со нивното исчезнување. Токму затоа, со цел да откријат дали овие траги се вистинити или не, агентот Бурк, заедно со неговиот партнер, агентот Сталингс, тргнале кон овој град. Но, на пат кон градот, тие доживуваат голема сообраќајка и Бурк се буди во Вејвард Пајнс, зашеметен и малку збунет од ударот во неговата глава.rnrn(5) ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines) (2) ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines)rnrnКако што тој станува посвесен за нештата кои се случуваат околу него, така и почнува да сфаќа дека нешто воопшто не е во ред со овој град. Сите се однесуваат чудно, како да немаат избор во тоа што го прават. Тој ќе се обиде да контактира со надворешниот свет, но бидејќи нема да може да добие никој од својата агенција, ниту пак својата жена, плашејќи се за својот живот ќе се обиде да го напушти градот. Но, многу брзо ќе сфати дека тоа можеби и нема да биде толку лесно како што на прв поглед му изгледаше…

  • Драма, фантазија и комедија: 3 ТВ серии на кои треба да им дадете шанса

    Драма, фантазија и комедија: 3 ТВ серии на кои треба да им дадете шанса

    Пролетта дојде, а со нејзиното доаѓање ги донесе и последните епизоди од поголемиот број серии кои редовно ги следите. Но, не грижете се. Доколку сте расположени за нова ТВ серија, тогаш погледнете ги овие 3. Доколку ви се допадне жанрот, тогаш има големи шанси да ви се допаднат и темите кои тие ги обработуваат.rn

    1. Крвни односи (Bloodline)

    rn(1) Драма, фантазија и комедија: 3 ТВ серии на кои треба да им дадете шансаrnrnЖанр: драма, трилерrnrnПриказна: Секое семејство има по една „црна овца“. Во оваа ТВ серија, почнуваат да се откриваат тајните од минатото и страшните лузни на сите браќа од едно семејство, кога нивниот одамна отфрлен брат ќе се врати во нивниот дом.rnrnrn

    2. Олимп (Olympus)

    rn(2) Драма, фантазија и комедија: 3 ТВ серии на кои треба да им дадете шансаrnrnЖанр: фантазијаrnrnПриказна: Станува збор за приказна која го следи Херојот на неговото патување додека тој се трансформира од млад и сиров млад човек, во безмилосен лидер на човекот кој е на исто ниво како и самите богови.rnrnrn

    3. Маж бара жена (Man Seeking Woman)

    rn(3) Драма, фантазија и комедија: 3 ТВ серии на кои треба да им дадете шансаrnrnЖанр: комедијаrnrnПриказна: По крајот на долготрајната љубовна врска, кога неговата девојка ќе му раскине, еден безнадежен романтичар ќе тргне во потрга по нова љубов. Но, тој многу брзо ќе сфати дека работите не се толку едноставни во светот на љубовните состаноци.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Ти не си ти (You’re Not You)

    Филм: Ти не си ти (You’re Not You)

    Еден момент може да промени сè, но доволна е само една личност за да ни даде надеж.

    rn(1) Филм: Ти не си ти (You’re Not You)Режија: Џорџ Ц. ВулфrnrnУлоги: Хилари Свонк, Еми Росум, Џош ДамелrnrnВреметраење: 102 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 27 ноември 2014rnrnЖанр: драмаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnКејт (Хилари Свонк) има прекрасен живот, неверојатен дом и сопруг кој ја сака со целото срце. Таа има и многу пријатели кои се грижат за неа. Но, работите целосно ќе се сменат откако ќе ја дијагностицираат со Амиотрофична латерална склероза (АЛС). Одеднаш нејзиниот живот целосно ќе се промени и за само една година таа ќе се најде во состојба да не може да се грижи за себе.rnrn(2) Филм: Ти не си ти (You’re Not You)rnrnБидејќи не може да функционира сама, а нејзиниот сопруг мора да работи, Кејт е во постојана потрага по медицински лица кои ќе се грижат за неа. Но, таа многу брзо ги отпушта бидејќи покрај нив се чувствува како пациент. И покрај тоа што таа е многу болна и очекува набрзо да умре, сè што ѝ е потребно е личност која ќе ѝ помага со секојдневните обврски, но која ќе ја гледа како човечко суштество кое сè уште е живо. Токму така и ќе налета на Бек (Еми Росум), студентка која ќе се пријави за работата без да знае на што се нафаќа.rnrn(3) Филм: Ти не си ти (You’re Not You)rnrnНајголемата разлика помеѓу Бек и останатите жени што се грижеле досега за неа е тоа што таа нема никакво искуство во оваа област, а токму тоа освежување ѝ е очајно потребно на Кејт. Бек исто така е девојка во своите луди години и живее од ден за ден. Таа не знае да готви, претерано пие, не сака да се врзува и не само што никогаш не се грижела за никој, туку таа не знае ни како да се грижи за себе. Но, работата со Кејт целосно ќе ја смени и ќе ѝ покаже дека животот сепак вреди да се живее, дури и во оние моменти кога тоа изгледа бесцелно.rnrn(4) Филм: Ти не си ти (You’re Not You)rnrnСтанува збор за тешка приказна која со сигурност ќе влијае врз вашето расположение, па имајте го тоа на ум пред да го пуштите овој филм. Хилари Свонк е позната по овие сериозни улоги и како и секогаш претходно, повторно успева да ни го покаже многу реално и сликовито она низ што нејзиниот лик поминува. Борбата со оваа болест е неверојатно застрашувачка, но дури и тогаш животот може да биде полесен доколку покрај нас ја имаме вистинската личност. Токму тоа е една од моќните пораки на овој филм.rnrn(5) Филм: Ти не си ти (You’re Not You)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy)

    ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy)

    ТВ серија за една хакерка која се обидува со своите вештини да ја најде нејзината исчезната сестра, додека истовремено се обидува да открие сериски убиец кој е опседнат со неа…

    rn(5) ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy)Главни улоги: Викторија Џастис, Кејси Џон Дејдрик, Харви ГиленrnrnЖанр: драма, криминал, мистеријаrnrnКреатор: Кристијан ТејлорrnrnПремиера: 12 јануари 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува со киднапирањето на Сара, помалата сестра на Линди (Викторија Џастис). Тоа се случува пред нејзините очи, но беспомошната Линди и покрај целиот труд, нема да успее навреме да стигне до неа. Дејството продолжува 3 години подоцна каде што ние веднаш откриваме дека Линди имала одредени проблеми со законот. Изгледа нејзините хакерски вештини ја довеле до мала неволја. Но, тоа нема да ја спречи да престане со нејзината мисија да ја пронајде својата помала сестра која сè уште е исчезната и токму затоа продолжува неавторизирано да влегува во досиејата на ФБИ.rnrn(1) ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy) (2) ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy)rnrnИ покрај тоа што целосно ја поддржува, Софија (Кирси Клемонс), нејзината најдобра пријателка ја советува малку да се забавува и да почне повторно да оди на состаноци. Токму затоа таа и ќе ѝ направи профил на една апликација за запознавање со цел да ја натера малку да се опушти и да запознае личност со која ќе може барем малку да заборави на нејзиниот бивш дечко и на сите оние лоши работи кои ѝ се случиле во последниве неколку години. Линди во текот на една вечер, преку оваа апликација ќе запознае многу мажи и нема да биде заинтересирана за ниту за еден од нив. Но, од друга страна пак, еден од нив ќе биде многу заинтересиран за неа и ќе почне да ги убива сите оние со кои мисли дека таа е во врска. Линди случајно ќе налета на сајбер сериски убиец, па токму затоа и ќе се придружи на ФБИ со цел да го открие и спречи.rnrn(3) ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy) (4) ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy)rnrnОваа ТВ серија навистина има голем потенцијал, па доколку приказната продолжува да се одвива со ова темпо таа може да биде навистина интересна. Уште во првата епизода ќе се случат илјадници нешта кои целосно ќе го привлечат вашето внимание и кои ќе ве натераат веднаш да ја спуштите и следната епизода со цел да видите што ќе се случи понатаму. Токму затоа ако сте расположени за криминалистичка драма, исполнета со многу мистерија, тогаш „Eye Candy“ е совршен избор за викенд маратон.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серија: Полдарк (Poldark)

    ТВ серија: Полдарк (Poldark)

    ТВ серија за богатството и сиромаштијата, за љубовта и омразата, за правилното и погрешното…

    rn(1) ТВ серија: Полдарк (Poldark)Главни улоги: Ејдан Турнер, Елеонор Томлинсон, Хејда РидrnrnЖанр: драмаrnrnКреатор: Деби ХорсфилдrnrnПремиера: 8 март 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за ТВ серија базирана според првите два дела од новелите „Poldark“, напишани од страна на Винстон Греам. Во последно време сериите кои имаме можност да ги гледаме на малите екрани се исполнети со многу насилство, акција и експлицитни сцени. Скоро и да ги снема оние, па ајде да ги наречеме културни приказни кои нè исполнуваат со позитивни чувства и предизвикуваат да се чувствуваме малку подобро во овој хаотичен свет. Но, Полдарк е токму една од тие приказни, па токму затоа и нема да можете да престанете да ја гледате.rnrn(2) ТВ серија: Полдарк (Poldark) rnrnВо доцниот 18-ти век, Рос Полдарк (Ејдан Турнер) по долги 3 години војување во американската револуција, ќе се врати во своето мало гратче, Корнвол, Англија. Неговото враќање ќе биде големо изненадување бидејќи сите негови блиски мислеле дека тој е одамна мртов. Рос верувал дека ќе се врати на стариот живот, но изгледа дека 3 години е доволно време за работите целосно да се изменат. Тој веднаш откако ќе пристигне ќе открие дека неговиот татко е мртов, неговиот рудник затворен и најважно од сè, девојката која ја љуби е верена за неговиот братучед. Неговиот дом е во комплетен хаос, а неговото наследство целосно изгубено.rnrn(3) ТВ серија: Полдарк (Poldark) (4) ТВ серија: Полдарк (Poldark)rnrnДа беше кој било друг човек на негово место, тој одма би се откажал од сè и би заминал на друго место да си ја бара среќата. Но, не и Рос. Тој е еден од ретките мажи со силно чувство за правда и праведност, па токму затоа ќе се обиде сам да ги врати сите работи во нормала така што ќе им ја врати работата на сите рудари кои изгубиле сè со затворањето на рудникот на татко му. Тој исто така им помага безрезервно на сите, несебично, па поради одредени негови постапки, некои од неговите побогати „пријатели“ го нарекуваат и Робин Худ. Поради својата великодушност, тој ќе ѝ ги отворите вратите од својот дом и на Демелза (Елеонор Томлинсон), понудувајќи ѝ работа во неговата кујна со цел да избега од нејзиниот татко.rnrn(5) ТВ серија: Полдарк (Poldark) (6) ТВ серија: Полдарк (Poldark)rnrnПолдарк доаѓа од богато, имотно и познато семејство, па токму затоа сите млади девојки сакаат да бидат покрај него. Во тоа време репутацијата на девојката е поважна и од нејзината среќа. Можеби токму тоа е и една од причините зошто Елизабет (Хејда Рид), девојката која тој мислел дека ќе го чека, го дала својот збор на неговиот братучед. Но, Рос не се грижи многу за изгледот, ниту пак за репутацијата, па токму тоа ќе го доведе до една сосема нова љубов која никој не би можел да претпостави дека е можна. Токму оваа љубов, ќе му даде сила да продолжи понатаму, дури и покрај сите оние нешта кои работат против него.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.