КАФЕ ПАУЗА

Tag: дом

  • Фенг шуи совети за поголемо изобилство во домот

    Фенг шуи совети за поголемо изобилство во домот

    Фенг шуи ни дава совети не само за положбата на некои предмети во домот туку и за нашиот однос кон животот. Следните неколку совети ќе ви помогнат така што паричната енергија побрзо ќе тече низ вашиот дом.rnrnФенг шуи совети за поголемо изобилство во домотrn

    1. Светли бои во деловите од домот каде што извршувате работи поврзани со пари

    rnМајсторите на фенг шуи секогаш ја нагласуваат „паричната област“ со зелени и виолетови бои. Зелената е бојата на виталноста и растот, а виолетовата боја претставува богатство. Најдете место во кујната за сад со грозје – идеално би било мешањето бело и црно грозје, а кога ќе заврши сезоната на ова овошје, заменете го со убава реплика во бојадисано дрво или стакло.rn

    2. Внимателно ракување со парите е императив

    rnМногумина од нас имаат навика да ги гмечат сметките во џебот или да ги оставаат на различни места низ куќата. Размислете за односот што го имате со парите и почнете да го почитувате. Секогаш чувајте ги уредно превиткани во убав паричник. Освен тоа, внимавајте и сметките секогаш да ви бидат уредно наредени, чувајте ги во пликови или пластични кутии во живи бои.rn

    3. Парите се енергија која мора да тече

    rnАко немате доволно пари за давање и трошење, секако можете да им дадете на другите малку од вашето време или внимание. Затоа, секоја вечер одвојте неколку минути за да се заблагодарите за она што го имате и да размислите за тоа што би можеле да им дадете на другите. Успехот не е само да добиеме повеќе туку да бидете задоволни со она што веќе го имате. Како што се чувствувате поблагодарни за она што го имате, во вашиот живот ќе има поголемо изобилство.rnrnОткако ги прочитавте овие совети, можеби ќе сакате да прочитате и како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Денес е Чист понеделник: Што треба да направите за да имате среќа и мир во домот?

    Денес е Чист понеделник: Што треба да направите за да имате среќа и мир во домот?

    Првата недела од велигденскиот пост се вика Чиста недела, а Чистиот понеделник го означува почетокот на постот кој трае до Велигден. Се нарекува Чиста недела бидејќи се верува дека во оваа недела душата се прочистува преку молитви, добри мисли и добри дела.rnrnДенес е Чист понеделник: Што треба да направите за да имате среќа и мир во домот?rnrnОваа недела се пости, пред сè со вода, а освен чистење на телото, верниците треба да обратат внимание и на состојбата на своето срце. Така, се верува дека простувањето, покајанието за лошите дела, солзите и вистинската вера во доброто ќе ви помогнат да го вратите внатрешниот мир.rnrnСтар обичај е на Чист понеделник куќата да се исчисти за да владее мир и радост во неа. Освен тоа, се верува дека секој бизнис започнат во Страсната недела ќе донесе успех, радост и просперитет.rnrnПорано, за време на Страсната седмица, семејството се собирало навечер околу трпезата и се верувало дека на првиот човек што ќе влезе во куќата на Чист понеделник треба да му се даде подарок.rnrnОткако прочитавте што треба да направите денес за да имате мир и среќа во домот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 9 намирници треба да ги јадете за време на постот за јак имунитет.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Фенг шуи совети: Што треба да промените во домот до крајот на 2022 година?

    Фенг шуи совети: Што треба да промените во домот до крајот на 2022 година?

    Понекогаш, вашето ментално расположение може во голема мера да зависи од енергијата во вашиот дом. Фенг шуи, древната кинеска уметност за уредување на просторот, се состои од одредени правила и упатства за воспоставување на поволен проток на енергија во домот. Во продолжение прочитајте кои 5 работи треба да ги направите во вашиот дом за тој да биде исполнет со повеќе среќа и позитивни вибрации во 2023 година.rnrnФенг шуи совети: Што треба да промените во домот до крајот на 2022 година? rn

    1. Пуштете ја среќата во домот

    rnЕден од најважните елементи од вашиот дом според фенг шуи е влезната врата низ која влегуваат сите можности. За среќен почеток на годината бројот на вашата куќа или стан треба да биде видлив. Тој е симбол на големите можности, среќните околности и добрите луѓе. Освен тоа, не смее да има никаква пукнатина на вратата, а ѕвончето треба да биде во исправна состојба.rn

    2. Проветрете ги просториите

    rnПотребно е да го проветрувате домот секое утро и секоја вечер, дури и кога надвор е ладно. Меѓу другото, растенијата можат да ви помогнат да внесете дополнително ниво на кислород во домот бидејќи тие се природни прочистувачи на воздухот.rn

    3. Создадете катче само за вас

    rnСпоред експертите за фенг шуи, декември, јануари и февруари се потивки, потемни месеци кои нè покануваат на повеќе одмор, релаксација и активности дома. Затоа, важно е да имате простор за себе, мирна и тивка просторија каде што ќе можете да се поврзете со себе. Збогатете ја зимската енергија со мирисите на етерична лаванда, темјан или сандалово дрво и опуштете се во магијата на зимските денови.rn

    4. Нека мирот владее во спалната соба

    rnЗа време на празничниот период на крајот на годината и почетокот на следната ќе имате многу активности, но не заборавајте и да одвоите време за одмор. За мирен сон најдобро е да не чувате никаков електронски уред во вашата спална соба. Освен тоа, пожелно би било да ја исчистите собата од сите непотребни работи.rn

    5. Ослободете се од она што не ви се допаѓа

    rnНа крајот на годината, особено е важно да се ослободите од сите оние работи што не ви се допаѓаат и кои не ве задоволуваат и на тој начин да им отстапите простор на новите и позитивни работи. Размислете кои работи во вашиот дом повеќе не ви служат, потсетуваат на некои лоши искуства, ви го расипуваат расположението или се бескорисни и само зафаќаат простор. Можете да ги подарите, да ги донирате или рециклирате.rnrnОткако ги прочитавте овие совети за зголемување на позитивната енергија во домот, можеби ќе сакате да прочитате и совети од фенг шуи што ќе ви помогнат да привлечете повеќе пари во вашиот живот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Шик трансформација на домот во рок од 60 минути

    Шик трансформација на домот во рок од 60 минути

    Без оглед на тоа дали се работи за нова кујна или за реновирање на спалната соба, преуредувањето на домот на почетокот на годината може да биде добра идеја. Реалноста е дека тоа може да биде прилично скапо. За среќа, постојат поевтини начини да го освежите просторот. Во продолжение прочитајте ги нашите трикови за како да го трансформирате домот во рок од 60 минути.rnrnШик трансформација на домот во рок од 60 минутиrn

    Инвестирајте во голем тепих

    rnВообичаеното размислување е дека доколку мебелот е поголем може да остави илузија дека просторот е помал, но всушност е спротивно. Големиот тепих може да помогне просторијата да остане пространа. Трикот преку кој ќе создадете илузија дека спалната соба е поголема е да го поставите тепихот само под половина од креветот.rnrnШик трансформација на домот во рок од 60 минутиrn

    Сменете ја положбата на мебелот

    rnДали вашиот мебел сè уште стои на истото место откако се преселивте? Нема потреба да трошите пари на нов мебел кога можете одново да го употребите стариот. Дозволете креативноста да ве води и направете нов распоред на мебелот во домот.rnrnШик трансформација на домот во рок од 60 минутиrn

    Купете големо огледало

    rnГолемите огледала се одлични како фокусни точки и се совршени за брзо украсување. Покрај тоа, големото огледало изгледа одлично во секој простор и најдобрата опција би била доколку го закачите на средината на просторот.rnrnШик трансформација на домот во рок од 60 минутиrn

    Променете ги ламбите

    rnЛамбите можат целосно да ја променат естетиката на собата, па затоа најдобра опција би била широки светилки кои рамномерно ќе ја рашират светлината низ просторијата и ќе ја направат поголема.rnrnШик трансформација на домот во рок од 60 минутиrnrnОткако ги прочитавте нашите совети за трансформација на домот, можеби ќе сакате да прочитате и како да изберете модерни бои при преуредувањето на вашата бања.rnrnИзвор: zadovoljna.nova.rs

  • Хороскопскиот знак открива како изгледа домот од вашите соништа!

    Хороскопскиот знак открива како изгледа домот од вашите соништа!

    За време на пандемијата, многумина од нас беа принудени да работат од дома и поголемиот дел од времето да го поминуваат во својот дом. Сепак, астролозите најдоа начин како да си го уредите домот според вашиот хороскопски знак, за времето поминато дома да ви биде максимално уживање.rnrnХороскопскиот знак открива кој е домот од вашите соништа!rn

    Овен

    rnОвните живеат во иднината и постојано ги следат трендовите во модерните технолошки достигнувања. Затоа, технолошките уреди се важен елемент во уредувањето на нивниот дом. Спортот исто така има големо значење за нив, па така во нивниот идеален дом секогаш има место за спортување.rn

    Бик

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак уживаат во хармонија и особено ги ценат старите парчиња мебел. За нив, кујната го претставува срцето на домот, уживаат во готвењето и вкусниот залак.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците сакаат мешање на стиловите. Кај нив, современите детали се надополнети со класична елеганција. Најголем дел од времето го поминуваат во дневната соба, па затоа за нив важно е таа секогаш да биде средена.rn

    Рак

    rnРакот е секогаш ориентиран кон семејството и ужива во скапи парчиња мебел со шарм. Многу ги сака и парчињата мебел добиени како наследство од претходните генерации.rn

    Лав

    rnЛавовите се исклучително добро организирани, како во животот така и во домот. Уживаат во луксуз, а неколку вредни уметнички дела можат да се најдат во домот на речиси секој што е роден во овој знак.rn

    Девица

    rnЛуѓето родени во овој знак се педантни и организирани по карактер. Што се однесува до домот, сакаат кога сè е на свое место, па така претпочитаат простор опремен со фиоки како и други опции за складирање и необични украсни предмети.rn

    Вага

    rnВагите сакаат рамнотежа и хармонија во домот. Тие често поседуваат некое повредно, дизајнерско парче што е одраз на нивната префинетост. Нивните омилени бои се белата, зелената и тиркизно-сината, па затоа им се препорачува да побараат некои детали, како на пример перници, во овие бои.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите уживаат во сè што е таинствено по природа, а за нив боите имаат посебно сетилно значење. Ги претпочитаат комбинациите на светлина и сенка поставени во хармоничен однос. Омилени бои им се портокаловата и жолтата.rn

    Стрелец

    rnСтрелецот ја сака слободата, па со тоа и широкиот простор. Неговиот авантуристички дух им дава посебно значење на книгите, така што опцијата за домашна библиотека е секогаш и повеќе од добредојдена, но тој поминува доста време и во кујната, со оглед на тоа дека припадниците на овој знак се вистински гурмани.rn

    Јарец

    rnНајкарактеристичен стил за Јарецот е класичниот, односно безвременскиот. Мебел од дрво и кожа или ретро шик елементи се меѓу омилените избори. За Јарецот е можеби дури и поважно отколку за луѓето родени во знакот Девица сè да си биде на место.rn

    Водолија

    rnЗа луѓето што припаѓаат на овој знак, идеален дом е оној што ќе им пружи чувство на уживање, исто како да се на патување или на одмор. Обожаваат кога ентериерот е надополнет со сувенири. Нивната омилена боја е белата.rn

    Риби

    rnЛуѓето родени во овој знак ја обожаваат сината боја и хармоничниот однос во катчето за живеење. Со оглед на тоа дека честопати го украсуваат животниот простор со уметнички дела, може да се каже дека нивниот дом наликува на вистинско уметничко студио.rnrnОткако дознавте како да го уредите домот врз основа на советите на астролозите, ви препорачуваме да прочитате и зошто ја мразите работата и како да се ослободите од стресот на работното место според вашиот хороскопски знак.

  • Откријте како да го уредите домот со есенски, шик детали

    Откријте како да го уредите домот со есенски, шик детали

    Првите нешта што ни паѓаат на ум во врска со пристигањето на есента се секако пократките денови, намалената дневна светлина, дождот и студеното време што на прв поглед и не се баш привлечни. Но, на некои луѓе враќањето дома за време на есенските дождливи денови им причинува вистинска радост бидејќи ги очекува топол дом каде ќе можат да се стоплат, да уживаат во есенските бои и мириси и да почувствуваат мир.rnrnОткријте како да го уредите домот со есенски, шик деталиrnrnИзборот на бои е многу важен во уредувањето на домот. Внимателниот избор на боите може да придонесе за хармонија меѓу мебелот и просторот. Покрај тоа, боите играат важна улога во дефинирањето на атмосферата во домот, а исто така, тие се и одраз на луѓето што живеат во него.rnrnЗа да постигнете шик ефекти и да ја подобрите атмосферата во тмурните есенски денови, ве советуваме да користите интензивни бои при уредување на просторот. Ви препорачуваме бои како темно црвена, боја на авокадо, златна боја, бакарна или портокалова како боја на тиква. Овие топли и богати бои се вистинска отстапка од неутралните тонови. Ѕидовите можат да останат во неутрална боја, но затоа можете да го украсите амбиентот со перници, прекривки и теписи во посмели бои.rnrnОткријте како да го уредите домот со есенски, шик деталиrnrnЗа да доловите удобна атмосфера, доволно е да користите земјени тонови кои му даваат топлина на амбиентот и лесно се вклопуваат со мебелот, па така ќе оставите впечаток на безвременска елеганција и софистицираност. За да постигнете баланс во смелата есенска палета на бои, столовите и масата можат да бидат во неутрални тонови.rnrnОткријте како да го уредите домот со есенски, шик деталиrnrnКомбинацијата од неутрални и живописни тонови придонесува за доловување на топлината на есента. Овој сплет од бои е присутен и во природата. Користете го истиот принцип и во вашиот дом – нека мебелот е во неутрални нијанси, а декоративните елементи нека бидат во посмели бои. Можете да ја додадете и сината или розовата боја за да се постигне контраст со есенските бои.rnrnОткријте како да го уредите домот со есенски, шик деталиrnrnМожете да постигнете контраст и доколку комбинирате црвено-портокалови нијанси што се типично топли бои на есенскиот амбиент со ладна виолетова боја за создавање пријатна атмосфера во вашиот дом.rnrnОткријте како да го уредите домот со есенски, шик деталиrnrnДоколку ви се допаднаа нашите предлози за уредување на просторот со есенски, шик детали, ви препорачуваме да прочитате и како најубавите есенски украси од природата да станат дел од вашиот дом.

  • Американец изградил огромен скелет за Ноќта на вештерките. Погледнете како!

    Американец изградил огромен скелет за Ноќта на вештерките. Погледнете како!

    Американецот Алан Перкинс, жител на Охајо и фанатик за Ноќта на вештерките, изградил гигантски скелет што се чини дека во секој момент ќе излезе од неговиот дом. За да го реализира ваквиот проект, му биле потребни 25 дена.rnrnАмериканец изградил огромен скелет за Ноќта на вештерките, погледнете како!rnrnКуќата на Перкинс за кратко време се претворила во ноќна мора за оние со слабо срце. Се чини како џиновските раце да ја имаат „зграпчено“ куќата, при што прстите од едната ползат по надворешноста, додека втората рака држи друг скелет висок три и пол метри. Уште еден мал скелет се качува по покривот, а по прозорците лази џиновски пајак. При изградбата на скелетот, на Перкинс му помогнале и неговите деца.rnrnИмпресивните рачно-изработени скелетни раце се изработени од пена, со ПВЦ арматура што претставува „скелет на скелетот“. Скелетот однадвор е обложен со лепило и песок за да може да оди полесно шлифувањето, а тој е и водоотпорен, со вградена надворешна заптивка. Сепак, тоа не е сè! Перкинс има планови да создаде и огромен череп што ќе го пробива покривот!rnrnВо продолжение, погледнете како изгледа неговиот скелет што претставува вистинско ремек-дело.rnrnАмериканец изградил огромен скелет за Ноќта на вештерките, погледнете како!rnrnАмериканец изградил огромен скелет за Ноќта на вештерките, погледнете како!rnrnАмериканец изградил огромен скелет за Ноќта на вештерките, погледнете како!rnrnАмериканец изградил огромен скелет за Ноќта на вештерките, погледнете како!rnrnОткако прочитавте за ова ремек-дело совршено за Ноќта на вештерките, ви препорачуваме да продолжите со водичот за резбање тиква за Ноќта на вештерките.

  • Најнов тренд: Уредување на домот со фототапети

    Најнов тренд: Уредување на домот со фототапети

    Дали сте забележале дека во последно време просториите со модерен стил се уредени со фототапети? Овие тапети се со подобар квалитет и нудат поразновиден избор за разлика од оние што се користеа во минатото. Па така, денес можете да ја претворите која било фотографија во тапет што целосно ќе ја освежи просторијата.rnrnНајнова мода: уредување на домот со фототапетиrn

    Како да го направите вистинскиот избор?

    rnВо продавниците можете да најдете голем избор на фототапети. Разликите се состојат во мотивите, но и во квалитетот и материјалот од кој се изработени. Тие можат да бидат изработени од хартија или пластифицирани. Втората варијанта е полесна за одржување бидејќи може да се мие, додека хартиените тапети се чистат само со сува крпа.rnrnНајнова мода: уредување на домот со фототапетиrn

    Различни дезени

    rnКога станува збор за дезените, изборот можете да го направите од каталог или пак да се консултирате со печатница што ќе ги изработи тапетите според ваша фотографија. Внимавајте фотографијата да ги исполнува критериумите во однос на резолуцијата и големината, за печатењето да биде што е можно поквалитетно.rnrnПри изборот, задолжително имајте предвид каде ќе го поставите фототапетот бидејќи мотивите кои се идеални за спална соба може да не одговараат за дневната соба и обратно. Во секој случај, фототапетите се моќно средство за декорација и оставаат силен впечаток, освежувајќи го целиот простор.rnrnНајнова мода: уредување на домот со фототапетиrn

    Поставување

    rnПред да ги залепите фототапетите, потребно е да ги поправите пукнатините и темелно да го исчистите ѕидот. Лепилото се подготвува со растворање во вода. Најпрвин треба да ги организирате деловите од фототапетот во една целина, а потоа да почнете да лепите дел по дел. При поставувањето мора да ги следите линиите што претходно биле сте ги нацртале на ѕидот за да може деловите да се вклопат правилно. Хартиените фототапети се поставуваат така што лепилото се нанесува на задната страна. Доколку вашите фототапети се пластифицирани, најпрвин го премачкувате ѕидот со лепило, а потоа ги лепите.rnrnНајнова мода: уредување на домот со фототапетиrnrnСе надеваме дека ви дадовме неколку идеи за освежување на вашиот дом, па би сакале да ги споделиме со вас и останатите трендови во уредувањето на домот во 2021 година.

  • Виолетова боја – идеален избор за декорација на дневната соба

    Виолетова боја – идеален избор за декорација на дневната соба

    Дали се работи за жестока пурпурна нијанса, која наликува на зрела слива или пак за некоја поблага варијанта налик на лаванда, виолетовата боја отсекогаш била една од поинтересните бои за декорација на централниот дел од домот – дневната соба.rnrnВиолетова боја – идеален избор за декорација на дневната собаrnrnОд една страна е идеална боја за да се нагласат омилените делови, а од друга страна совршено се вклопува во секој агол. Оваа боја како да има супермоќ, таа секој простор го прави ни премногу сериозен, а ни премногу разигран.rnrnВиолетова боја – идеален избор за декорација на дневната собаrnrnВиолетова боја – идеален избор за декорација на дневната собаrnrnВиолетова боја – идеален избор за декорација на дневната собаrnrnВиолетовата боја одамна се поврзува со елеганција, префинетост и духовност, но и со мудрост и рационалност. Поради својата поврзаност со лавандата, која делува смирувачки, виолетовата е боја која треба да ја внесеме во животот кога имаме потреба од ведрина и оптимизам.rnrnСовршена е во комбинација со бела боја, особено во летниот период, а одлично се вклопува и со темносина, темносива, жолта и бледо зелена боја.rnrnДоколку не сте расположени за драстични промени, како што е менување на бојата на ѕидовите, обидете се да ја воведете виолетовата боја преку некои декорации во домот, на пример перничиња, прекривки, ситни украси итн.rnrnВиолетова боја – идеален избор за декорација на дневната собаrnrnВиолетова боја – идеален избор за декорација на дневната собаrnrnВиолетова боја – идеален избор за декорација на дневната собаrnrnПовеќе инспирација на следната страница…rnrn

  • Фенг шуи совети за освежување на вашиот дом

    Фенг шуи совети за освежување на вашиот дом

    Фенг шуи е одлична алатка што ќе ви обезбеди да постигнете подинамично чувство во вашиот дом, а енергијата околу вас може да поттикне позитивност во сите аспекти на животот. Домот во кој живеете може да ви помогне да се чувствувате инспирирани, свесни и посилни. Еве неколку совети како да го освежите вашиот дом според фенг шуи вештините:rnrnФенг шуи совети за освежување на вашиот домrn

    Обезбедете повеќе физички простор

    rnТоа би значело ослободување од работите што не ви требаат. Наместо постојано да ги натрупувате, одвојте време да ги испразните фиоките, да ги фрлите непотребните работи и да ги средите плакарите. Ова ќе ви донесе олеснување, но и енергија, оптимизам и јасност.rn

    Направете простор за складирање

    rnОрганизацијата е половина од работата. Кога ќе го сфатите ова, всушност ќе внесете повеќе креативна енергија во вашиот дом и ќе се мотивирате. Размислете како вие самите, со помош на некои идеи, може да направите едноставни работи што ќе ви го олеснат ракувањето и складирањето во вашиот дом.rn

    Променете го вашиот работен простор

    rnСе разбира, ова не значи целосно менување или преместување на друга локација, но значи воведување свежа енергија во работниот простор. Можете да го направите тоа со нови домашни растенија што ќе внесат мир, мудрост, симболика на просторот. Или можеби фотографии од вашето семејство или некои сувенири што ви се драги. Опремете го просторот така што ќе ве инспирира.rn

    Обезбедете го посакуваниот простор

    rnНе двоумете се да го организирате просторот точно како што сакате. Ако сакате мириси, ставете свеќи низ целата соба. Ако вежбате јога, секогаш имајте душек при рака. Книгите што ги сакате ставете ги на маса близу вас.rnrnПрочитајте ги овие чудни, но ефикасни фенг шуи совети за чистење.