КАФЕ ПАУЗА

Tag: дом

  • Боите во домот го менуваат вашето расположение #3

    Боите во домот го менуваат вашето расположение #3

    Наместо да изберете боја на соба во согласност со вашиот вкус, размислете како таа ќе влијае на вашето расположение, пред да донесете конечна одлука. Имајте на ум дека бојата е моќна алатка, а вие сте способни да ги промените амбиентот и вашето расположение со изборот кој го правите кога ги селектирате боите во вашиот дом.rnrnДоколку сте љубители на неутрални бои…rnrnНеутралните бои испраќаат смирувачки пораки до вашиот мозок. Не е случајност тоа што повеќето ординации, кафетерии, спа центри и центри за ментално здравје  се дизајнирани во неутрални тонови.rnrnНаспроти верувањето дека црната боја ја прави собата мрачна и мистериозна, доколку се употребува умерено му дава посебен стил, елеганција и софистицираност на просторот. Имајте на ум дека црната боја апсорбира светлина. Затоа кога таа се користи за поголеми простории, ќе биде неопходна дополнителна светлина.Боите во домот го менуваат вашето расположение #3Белата боја симболизира чистота, го поткрева расположението и создава чувство на среќа. Како и сите други светли бои, белата го прави просторот да изгледа поголем  и му дава еден свеж изглед. Изберете ја белата боја за која било соба во вашиот дом. Оваа боја отвора многу можности за декорирање, кои можат да ја променат атмосферата во собата, со само неколку додатоци во друга боја.Боите во домот го менуваат вашето расположение #3Сивата боја делува смирувачки и е вистинско задоволство за очите. Таа е идеален избор за спална соба, дневна соба или канцеларија. Ако решите да ја одберете оваа боја, акцентирајте со црни и бели додатоци, за  уникатен дизајн.Боите во домот го менуваат вашето расположение #3Одберете ја беж бојата доколку сакате неутрална нијанса, која ќе ви дозволи да додавате елементи во други бои и прилично лесно да декорирате и да го менувате расположението во собата. Од естетски аспект, беж одговара со сите бои, но ако решите да ја употребите како боја за вашите ѕидови, земете предвид дека таа ќе ги истакне сите недостатоци во собата. Одберете ја, доколку сакате нијанса која ќе се прелева со вашиот ламинат, паркет или мебел. Исто како и белата, беж бојата е прилагодлива за лесно менување на атмосферата во собата.Боите во домот го менуваат вашето расположение #3

  • Изберете модерни бои при преуредувањето на вашата бања

    Изберете модерни бои при преуредувањето на вашата бања

    Веќе подолго време размислувате за преуредување на вашата бања? Погледнете неколку предлог идеи кои можат да ви помогнат да се одлучите за вистинската варијанта. Јаките и специфични бои се тотално ин, како и шарените тапети и украси по ѕидовите.Изберете модерни бои при преуредувањето на вашата бањаrnrnАко сте склони да им подлегнувате на трендовите и вкусовите на другите, еве неколку бањи кои ќе ви бидат инспирација. И не заборавајте, просторот кој го имате на располагање не ве ограничува да бидете креативни и модерни.rnrn

  • Базен каков што би посакале да имате во вашиот двор

    Базен каков што би посакале да имате во вашиот двор

    Погледнете го овој ултрамодерен и уникатен базен, кој одлично се вклопил во просторот на едно аргентинско семејство, очигледно, со добар вкус.rnrnБазен каков што би посакале да имате во вашиот дворrnrnАрхитектите од „Andres Remy Architects“, за овој проект внимателно го анализирале движењето на сонцето и падот на светлината, за да можат идеално да го постават базенот во дворот.rnrnБазен каков што би посакале да имате во вашиот дворrnrnБазенот е издигнат над земјата и има стаклен ѕид, што овозможува глетка од двете страни. Опколен е со бродска палуба и делува како релаксирачко и забавно место. Одлична модерна комбинација за луѓе со урбан стил. Зар не би посакале и вие нешто вакво во вашиот двор?rnrn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Боите во домот го менуваат вашето расположение #2

    Боите во домот го менуваат вашето расположение #2

    Боите на чудесен начин комуницираат со нашите чувства. Тие инспирираат, стимулираат, ублажуваат и внесуваат живот во вашиот дом. Експертите велат дека луѓето не ги гледаат боите, туку ги „чувствуваат“. Со изборот на соодветна боја за вашата соба можете да ги балансирате чувствата, да ги намалите вашите стравови и да го „загреете“ вашиот љубовен живот.rnrnДоколку ви се допаѓаат топли бои…rnrnСончевите нијанси на црвена, жолта и портокалова боја се топли, нежни и весели. Создаваат позитивни чувства и креираат фамилијарна атмосфера. Топлите бои прават малите соби да изгледаат уште помали, а големите соби поудобни и попријатни.rn

    Црвената боја го стимулира телото и умот, што значи дека не е препорачлива за соба во која се одморате. Во комбинација со неутрални бои, таа е одличен избор за вашата трпезарија, бидејќи го зголемува апетитот, енергијата и возбудата. Моќта на црвената боја ќе направи вашите гости да уживаат во храната и пријатна атмосфера, а доброто расположение во друштвото ќе можете да го пренесете во дневната соба, каде што ќе го проследите фудбалскиот натпревар или некој добар филм.Боите во домот го менуваат вашето расположение #2Доколку сакате да оставите впечаток на љубезна и дружељубива личност и сакате вашите роднини и пријатели да се чувствуваат добредојдени во вашиот дом, со портокалова дневна соба – го постигнувате ефектот. Портокаловата е боја на конкуренција, енергија, активност и баланс, така што нежна нијанса од истата е идеална избор и за вашата канцеларија.rnБоите во домот го менуваат вашето расположение #2Жолтата боја пак му дава ведрина, живост и чистота на просторот. Поради свежината која ја носи во себе, жолтата боја е пријатна за во ходниците, каде што ќе ви го поткрева расположението секогаш кога ќе си дојдете дома. Таа боја е и фин избор за спална соба.rnБоите во домот го менуваат вашето расположение #2