Бактериите се апсолутно насекаде и е невозможно да создадете стерилна средина за живот и работа, но барем можете да го промените она за кое сте лично одговорни.rnrnrnrnПрофесорот по микробиологија од Универзитетот во Аризона, д-р Чарлс Герба, утврдил дека околу 90% од шолјите кои ги користиме во канцелариите, всушност се полни со бактерии, а 20% од нив имаат и фекални бактерии.rnrnСе поставува прашањето како тие стигнале таму и колку е пресуден човечкиот фактор за тоа.rnrnСе сомневаме дека луѓето ги оставаат на шолјите, а тоа се случува кога е нивното миење во прашање. Универзитетската студија укажува на тоа дека 1 од 5 шолји содржи микроби. Погледнете ја вашата канцеларија и веднаш отстранете ги сите валкани шолји, бидејќи тие се извор на зарази.rnrnД-р Герба вели дека за миење на шолјите во заедничката кујна, се користат сунѓери кои не се чистат редовно или пак се чистат неправилно и кои се покриени со неверојатен број на бактерии. Кога користиме такви сунѓери ние само додаваме бактерии, наместо да ги елиминираме.rn
„Ако баш не можете без овие напивки, тогаш својата шолја носете ја дома секојдневно и измијте ја во машина за садови или под млаз топла вода“, советува д-р Герба.
rnНо, дали сте вистински зависник од кафе? Доколку пиете 4 шолји кафе дневно,тогаш имаме добри вест за вас!
Дали постојано ги триете очите и ги грицкате ноктите? Или пак сте од оние кои го користат ракавот од маицата за да отворат врата? Факт е дека бактериите се насекаде и нема да можете целосно да ги одбегнете колку и да се трудите. Меѓутоа, постојат неколку секојдневни навики кои сите ги правиме понекогаш, без да бидеме свесни колку се одвратни. Станува збор за едноставни работи кои лесно би можеле да бидат одбегнати, бидејќи не бараат никакви поголеми промени во начинот на живот. Па, за што точно станува збор? Во продолжение дознајте кои се најодвратните секојдневни навики…rnrnrn
1. Одново ја користите шолјата за кафе
rnЕдно истражување од Универзитетот во Аризона открило дека 20% од шолјите за кафе што се користат во канцелариите имаат фекални бактерии, додека, пак, 90% од нив содржат други различни бактерии. Уште пострашно е тоа што овие бактерии можат да живеат на шолјите цели 3 дена! Најдобро е да си носите чиста шолја од дома или добро да ја измиете канцелариската шолја пред ја употребите.rnrnrn
2. Заборавате да го смените валканиот сунѓер за миење садови
rnСигурно и самите знаете дека нема ништо полошо од стар сунѓер, но дали сте навистина свесни колку е тоа страшно? Некои истражувања откриле дека валканиот сунѓер може да биде 200.000 пати понечист од тоалетната шолја и може да содржи по 10 милиони бактерии на секој сантиметар квадратен. Сунѓерите ви ги допираат рацете, лавабото, садовите, приборот за јадење… Не заборавајте редовно да ги менувате сунѓерите!rnrnrn
3. Не внимавате каде го ставате мобилниот телефон
rnСигурни сме дека не би сакале да имате контакт со тоалетна шолја, но дали знаете дека нашите мобилни телефони можат да содржат исто толку бактерии? Овие видови бактерии можат да предизвикаат инфекции на очите, дијареа и настинка. Но, за среќа, постои едноставно решение за овој проблем: Најдете чистач за телефони на база на алкохол. И искрено сите би требало да престанеме да ги носиме телефоните во тоалет иако сакаме да имаме занимација додека сме таму.rnrnrn
4. Ги грицкате ноктите
rnИако сите знаеме дека ова е лоша навика, сепак не сме свесни колку е навистина штетна. Преку грицкањето на ноктите можете да внесете најразлични бактерии во устата и да се изложите на ризик од настинка и други болести.rnrnrn
5. Спиете на истата навлака за перница
rnИстражувачите од државниот универзитет во Северна Каролина побарале од испитаниците да земат брис од различни делови од нивниот дом и дошле до шокантно откритие. Тие не можеле да направат разлика меѓу брисовите од навлаките за перница и тоалетната шолја. Ако ви требаше мотивација почесто да ја перете постелнината, ова би требало да ви послужи.rnrnrnrnПродолжете на следната страница за да видите кои се останатите одвратни навики на кои треба да внимавате…rnrn
Истражувањата покажуваат дека рацете играат важна улога во преносот на бактерии. Дури и после миењето, рацете и прстите многу брзо повторно се валкаат. Тоа посебно важи доколку имате долги нокти. Еве неколку делови од телото кои не смеат да доаѓаат во контакт со вашите раце.rnrnrn
1. Ушниот канал
rnНикогаш не треба длабоко да чепкате со прстите во ушниот канал. Истото важи и за чепкалките за уши кои поголемиот дел од луѓето ги користат денес, и така без да знаат што прават, го уништуваат увото. Ако чувствувате чешање во ушите подолго време, побарајте помош од доктор.rn
2. Лицето
rnЧистете го лицето и нанесувајте производи за нега на кожата само со чисти раце. Инаку, во текот на денот држете ги рацете подалеку од лицето. Со константното чепкање на мобилниот, предметите околу вас, кваките на јавните места, а на крајот лицето, можете само да замислите што сѐ нанесувате на него.rn
3. Очите
rnНе чепкајте ги очите со раце, освен кога ја чистите шминката од нив или ставате контактни леќи, секако, со чисти прсти. Чепкајќи ги очите кога тоа не е потребно и со валкани раце можете да предизвикате разни инфекции.rnrnrn
4. Устата
rnЛуѓето понекогаш и несвесно ги ставаат прстите во уста или ги чепкаат забите со валкани раце. Одлично за развој на разни микроби во усната шуплина!rn
5. Внатрешноста на носот
rnПрестанете да го чепкате носот! Според една студија за уво, нос и грло, со „копањето“ во нос имате поголема можност да ја внесете бактеријата стафилокока од оние кои ги чуваат своите раце подалеку од него.rn
6. Кожичката под ноктите
rnМногу различни бактерии, вклучувајќи ја и стафилококата, можат да живеат таму. Вашите нокти исто така треба да бидат кратки, со што ќе ги намалите шансите за внесување бактерии.
Во последната деценија луѓето станаа сѐ повеќе приврзани со нивните мобилни телефони, па тешко им е да се оттргнат од нив, дури и кога треба да ги извршуваат своите физиолошки потреби. Според лекарите, носењето телефон во тоалетот може да биде опасно, а еве и зошто.rnrnrnrnНа повеќето луѓе им се случува да го заборават својот телефон во задниот џеб и доцна да се сетат на тоа, дури откако ќе бидат во тоалетот. Лекарите Чарлс Гербa и Кели Рејнолд, двајцата експерти за микроби, велат дека носењето на телефонот во бањата е сигурен начин да се разболите. Не е тајна дека тоалетите се полни со бактерии.rn
„Сите тоалети се прекриени со бактерии и патогени, повеќето од фекални материи“, вели доктор Гербa.
rnДури и да вложите многу труд за да го исчистите, никогаш нема да можете целосно да ги отстраните сите бактерии. Ако пак користите јавен тоалет, шансите за зараза се уште поголеми. Со други зборови, во кој било тоалет и да влезете, тоа ќе биде полно со микроби и бактерии, па многу е важно да ги миете вашите раце секогаш кога ќе излезете, а со тоа се подразбира дека не треба да го носите со себе својот телефон. Освен тоа што овој простор е полн со бактерии, тие исто така може премногу брзо да се прошират на вашиот телефон, а од таму да ги пренесете на лицето и рацете.rnrnrnrnСо една студија спроведена во 2013 година било откриено дека паметните телефони и екраните на таблетите се повеќе заразни од самата тоалетна школка. Помислете само што се случува кога ќе го допрете својот телефон на увото и близу до устата. Бактериите кои се пренесуваат на овој начин се многу опасни, особено оние од тоалетот. Вашиот телефон може да собере штетни бактерии кои може да предизвикаат сериозни стомачни проблеми или проблеми со варењето. Имајќи предвид дека се заразни, тие лесно може да бидат пренесени на вашето семејство или пријателите. Па, без разлика колку е чист вашиот тоалет, подобро е да не го носите телефонот со себе.rn
„Кога пуштате вода во тоалетната школка, во воздухот се создава ‘облак’ кој е преполн со бактерии и се шири речиси два метра во сите правци, а тоа можете да го решите само доколку го затворите капакот на тоалетната школка“, вели доктор Рејнолд.
Влажната и топла бања е идеално место за бактерии, а исто така мрежата за туширање во чиишто набори се собираат овие микроскопски честички, па така може да ја нарушат природната рамнотежа на вашата кожа и вашето здравје.rnrnrnrnМрежата за туширање често се среќава во многу бањи. Таа е многу практична затоа што со нејзина помош брзо се создава пена, со кружните движења се стимулира циркулацијата, додека истовремено се отстрануваат и мртвите клетки од кожата. Но, со оглед на тоа дека обично ја чувате во бањата, односно во топла и влажна околина која е совршена за развивање бактерии, таа може да биде опасна за здравјето, затоа што ситните микроскопски честички се размножуваат речиси преку ноќ. Научниците тврдат дека кога со мрежата за туширање поминувате преку кожата, всушност носите голема количина бактерии на површината на телото. Доколку притоа имате некоја рана, како на пример направена од употребата на жилети, вие се изложувате на инфекции. Доколку сакате да се ослободите од мртвите клетки на кожата, дерматолозите препорачуваат да користите пилинг за тело на природна база кој ефикасно ќе ја заврши својата работа.rnrnДоколку не можете да се откажете од користење на мрежата, вие треба по секоја употреба темелно да ја исплакнете и да ја оставите да се исуши. Исто така една студија покажала дека кој било предмет што го користите при туширањето, треба да го менувате на секои три до четири недели.
Некои од јавните тоалети може да бидат средени и чисти, додека пак други може да изгледаат навистина одвратно. Секако, никој не сака да седи на тоалетна шолја знаејќи дека претходно таму биле илјадници луѓе. Па, што правите во вакви ситуации? Дали и вие ставате тоалетна хартија, сметајќи дека така е почисто? Новите студии ни покажуваат дека оваа навика е сосема погрешна.rn rnrn
Тоалетната хартија и другите материјали на местото за седење на тоалетната шолја го прават истото понечисто
rnХартијата ставена врз местото за седење на тоалетната шолја го прави истото повалкано отколку ако седнете директно. Сигурно сте зачудени и се прашувате како ова може да биде вака. Верувале или не, местата за седење на тоалетните шолји се дизајнирани за да останат чисти. Нивната форма и материјал од кој се направени се способни да ги убијат бактериите. Всушност, тие и не може да преживеат таму. Од друга страна пак, облогите или тоалетната хартија кои ги ставате на местото за седење, се сосема друга приказна. Меките и сунѓерести материјали од кои тие се направени се погодно место за бацилите и бактериите. Со седењето на хартијата, наместо на самото седиште, вие всушност седите на повеќе бактерии. Колку за споредба, сунѓерот за миење садови може да содржи 200.000 пати повеќе бактерии отколку јавната тоалетна шолја.rn
Науката го докажува ова
rn
„Седењето на тоалетната шолја не предизвикува инфекција“, вели Вилијам де Паоло, асистент професор по имунологија и микробиологија на факултетот за медицина при Универзитетот во Јужна Калифорнија. „Многу од бактериите кои се присутни на површината на тоалетот или другите делови од бањата не се пренесуваат лесно преку кожата.“
rnВо суштина, на бактериите им треба влажно (а по можност и топло) место за да живеат. Местото за седење на тоалетната шолја го нема ниту едното ниту другото. Површината нема дупки кои би можеле да апсорбираат вода, а сите знаеме дека тоа место никогаш не е топло.rn
Мијте ги рацете за да ги спречите бактериите
rnНаједноставниот и најефикасен начин за да ги избегнете бактериите е да ги миете вашите раце. Покрај ова, важно е да ги исушите. Што се однесува пак до електричните уреди за сушење на рацете, тие може да бидат повалкани и од тоалетната шолја, пред сѐ поради тоа што луѓето копчето го допираат со влажни раце кои овозможуваат ширење на бактерии.rnrnrn
Постојат многу други места за кои треба да бидете загрижени
rnПокрај бањата и сунѓерот за садови, постојат многу повалкани места за кои треба да се грижите. Еве на што да внимавате:rn
rn011
Мијалникот во кујната. Овде миете месо и друг вид храна кои носат големи бактерии. Дали некогаш сте го чистеле одводниот канал? Бактериите живеат токму таму. Да не ги споменуваме и славината или пак рачката на чешмата. Верувале или не, би требало да го чистите вашиот мијалник во кујната барем два пати неделно.
rn011
Авионите.Вклучувајќи ги нивните тоалети, завесите за прозорците, како и масичките. Малите простори, особено тоалетите, имаат многу делови кои е тешко да се исчистат, што наведува на тоа дека тие се особено валкани.
rn011
Вашиот мобилен телефон. Според Чарлс Герба, микробиолог при Универзитетот во Аризона, мобилните телефони содржат 10 пати повеќе бактерии во споредба со поголем дел од местата за седење на тоалетните шолји.
rn011
Влажните алишта.Особено долната облека. Кога ја преместувате облеката од машината за перење, во машината за сушење алишта, на вашите раце може да се појави бактеријата Ешерихија коли. Еден микроб може да биде доволен за да се зафати целата облека која е во машината. Најдобриот начин да се заштитите од ова е да користите белило на сета ваша бела облека, а долната да ја перете одделно.
rn
rnПа, сега знаете дека постојат многу други места на кои треба да внимавате, со цел да се заштитите од бактериите.
Ова не треба да ве демотивира и да престанете да пиете вода, но најновите истражувања покажуваат дека морате да бидете многу внимателни кога се работи за водата што ја пиете. Резултатите покажале дека бактериите во одново наполнетите пластични шишиња за вода се слични на оние кои ги содржат јавните тоалетни шолји!rnrnrnrnЕкспертите за вежбање ги тестирале одново наполнетите шишиња за вода на група спортисти за да видат колку тие се навистина чисти и откритијата биле вознемирувачки и страшни. Во секое шише вода истражувачите нашле повеќе од 300.000 бактериски колонии на сантиметар квадратен. Таа бројка можеби не им значи ништо на луѓето кои не се разбираат во наука. Но, колку да споредиме, употребена кучешка играчка содржи просечно 3.000 бактериски колонии на сантиметар квадратен. Голема разлика, нели?rnrnТоа не значи дека треба да одбегнувате да пиете вода, туку дека треба да бидете внимателни за тоа од каде ја пиете водата и колку често ги миете шишињата. Сѐ што ќе допрете со усните станува заразено со бактерии. Тоа значи дека на површината до која не сте ја допирале устата премногу често, има помалку шанси да се развијат бактериски колонии. Најголем број штетни бактерии се забележани кај шишињата со капачиња и оние кои се затвораат со лизгање горе-долу.rnrnНајдобро решение е да користите цевка која секојдневно ќе ја менувате, но и тогаш ќе треба да го миете шишето редовно и темелно со доволно жешка вода и антибактериски сапун, или едноставно да го ставите во машината за миење садови. Факт е дека мора да пиеме вода и повеќекратната употреба на пластичните шишиња е најдобрата опција која не е штетна за околината. Доколку сте во можност, најсреќниот избор е да користите термос од нерѓосувачки челик, бидејќи кај него нема погодни услови за развој на бактерии.rnrnНе дозволувајте ова откритие да ве обесхрабри. Продолжете да пиете вода од веќе употребени шишиња за вода, но бидете внимателни. Исфрлете ја старата нечиста колекција на шишиња и започнете нова, особено ако во последно време не сте се чувствувале баш најдобро: Вашите шишиња за вода можеби се причината за тоа!
Бањата е можеби најинтимниот дел од сечиј дом. Многу е важно таа секогаш да е убаво исчистена и дезинфицирана, затоа што во неа се развиваат голем број бактерии. Честото миење и капење создаваат влага, која е добра основа за развој на „непожелни гости“ во вашиот дом. Но, голем број луѓе, иако се грижат за чистотата, сепак практикуваат одредени навики за кои не се свесни, а можат во голема мера да влијаат на нивното здравје.rnrnrn
1. Чувате повеќе четки за заби во една чаша?
rnНа овој начин многу лесно се пренесуваат бактериите од една на друга четка. Покрај тоа, на дното од чашата живеат повеќе „чудни организми“ отколку меѓу влакната на четките.rn
2. Дали го оставате бричот на кадата или во туш кабината?
rnТоа воопшто не е паметна одлука, затоа што влагата на жилетот овозможува појава и проширување на бактерии и рѓа. Кога го оставате во кабината, тоа значи дека впива влага, а со тоа станува и небезбеден за користење.rn
3. Дали сапунот е сместен во затворен сад?
rnПравите грешка доколку сапунот го чувате во сад, кој е целосно затворен. Така оставате добра основа за развој на бактерии. Внимавајте сапунот да го чувате во сад кој има дупки.rn
4. Дали редовно ја чистите кваката од вратата на бањата?
rnОсобено треба да се внимава да се чистат кваките. Замислете, сите што биле во вашата бања, вклучувајќи ве и вас, ја отвораат и ја затвораат вратата, притоа допирајќи ја кваката со своите дланки, кои можеби не се секогаш најчисти.rn
5. Дали четките за пудра, жилетите и другиот прибор го оставате директно на полиците?
rnОтворените полици во бањите многу често се загадени од голем број бактерии кои се насобираат при допир со дланките или при пуштањето вода во тоалетната школка. Затоа следниот пат размислете каде ги оставате вашата четка за нанесување пудра, памукчињата, жилетите. Бактериите преку нив лесно можат да преминат на вашата кожа.rn
6. Дали имате навика да закачувате пешкири еден врз друг?
rnАко го правите тоа, можете и буквално да си ја помирисате грешката. Доколку на тој начин ги чувате пешкирите, тогаш не им оставате можност да се исушат и постои можност да развијат мувла. Исто така, многу е важно, крпите да ги перете по две или три користења.rn
7. Дали пуштате вода со кренат капак на тоалетната школката?
rnАко вашиот одговор е „Да“, тогаш значи дека не сте ја гледале епизодата на „Доктор Оз“ посветена на ова прашање. Капакот има функција да ги задржува капките кои со голема брзина излегуваат од школката при пуштањето вода. Тоа значи дека доколку капакот е отворен, голем број бактерии, лесно можат да достигнат и до најоддалечените места во бањата и да ги загадат четките, крпите…rn
8. И на крај, но бидете искрени, дали ова го читате додека седите на тоалетната школка?
rnДенес е сосема нормално секаде да одиме со нашите телефони, но бидете внимателни. Доколку имате навика да седите во бањата со вашиот телефон, потрудете се редовно да го бришете со средство за дезинфекција.rnrn
Познато е дека бактериите обожаваат да се собираат во тоалетот, но местото каде што ги има најмногу не е она кое прво би ни паднало на памет, односно не се работи за тоалетната шолја. Омиленото место за собирање на бактериите е една друга површина која при чистењето на тоалетот неретко се занемарува.rnrnrnrnНајвалканото место во тоалетот е подот. Веднаш откако е исчистен на него може да се соберат околу 1.000 бактерии, по четири на центиметар, а еден час подоцна може да има дури и милион.rnrnПодот не само што е најголемата површина во тоалетот, туку и неретко се занемарува при чистењето. Со оглед на тоа колку нечистотија носиме од надвор и се собира на него, како и влакна од косата, мокри пешкири, теписи и останати козметички производи, не е ни чудно што подот на тоалетот е толку популарно место за размножување на бактерии.rnrnЕдна од најчестите бактерии на подот во тоалетот се стафилококите, кои можат да завршат на нашата кожа и бактеријата колиформ која се наоѓа во нашите црева. Исто така се наоѓа и бактеријата Ешерихија коли која може да предизвика грчеви и дијареја.rnrnКако најефикасно да го исчистите подот во тоалетот?rnrnНајмалку еднаш неделно темелно исчистете го подот. Доволно е на еден леген со вода да додадете едно до две капачиња средство за чистење. Барем еднаш годишно чистете го подот со интензивно триење.rnrnНајдобар избор за чистење на подот е чистачот на пареа особено ако имате мали деца бидејќи за овој чистач не се потребни дополнителни средства за чистење.
Летото е период од годината кога речиси секојдневно се користат коцки мраз за разладување на пијалаците. Но, дали знаете дека во тие мали коцки кои се создаваат во автоматите за мраз се кријат многу „загадувачи“ кои можат да му наштетат на нашето тело? Иако луѓето со здрав имунолошки систем се отпорни на тие бактерии, микробиолозите посочуваат дека треба да се внимава, затоа што не е познато какво влијание можат да имаат на подолгорочен план. Прочитајте ја листата од најчестите опасности кои се кријат во студените, проѕирни коцкички.rnrnrn
1. Во апаратите за мраз се акумулираат бактерии
rnОва се случува во процесот на замрзнување и настанување на мразот. Апаратите кои се користат за производство на коцки мраз, ретко се третираат како и останатите кујнски апарати и не се чистат редовно, поради тоа што луѓето мислат дека не се извалкани затоа што во нив се става само вода. Но, тоа е сосема погрешно и затоа треба темелно да се чистат.rn
2. Најголем виновник за загадувањето е мувлата
rnИако ниските температури ретко поттикнуваат создавање мувла, доаѓа до проблем доколку автоматот за мраз често се исклучува од струја. Тогаш доаѓа до растопување, насобирање влага и на крај, создавање на мувлата. Автоматите за мраз задолжително треба да се исчистат пред употреба, особено ако долго време биле неупотребувани.rn
3. Бактериите ја сакаат и лопатката за земање мраз
rnДоколку шанкерот ја фати лопатката со неизмиени раце и потоа веднаш се врати назад, бактериите од неговите раце преминуваат во апаратот, а оттаму и директно во мразот. Истото важи и во домашни услови при вадење на мразот од замрзнувачот. Секогаш претходно добро измијте ги рацете, затоа што колку и да изгледа тешко остварливо, мразот може да биде предизвикувач на зараза.