КАФЕ ПАУЗА

Tag: бактерии

  • Докторите предупредуваат: Ова скоро сите го прават во јавен тоалет, а никако не би смееле

    Докторите предупредуваат: Ова скоро сите го прават во јавен тоалет, а никако не би смееле

    Докторите предупредуваат дека со невнимателно однесување додека се користи јавен тоалет може да се „соберат“ опасни инфекции предизвикани од ешерихија коли и салмонела. Поради ова, некои работи не смеете да ги правите.rnrnДокторите предупредуваат: Ова скоро сите го прават во јавен тоалет, а никако не би смеелеrnrnКористењето на јавен тоалет е како да играте руски рулет. Може да имате среќа, но може и да „закачите“ некоја инфекција на уринарниот тракт што ќе ви го направи животот пекол.rnrnСепак, кога имате потреба, а не сте во можност да искористите домашен тоалет, немате многу избор, па мора да посетите јавен. На сите инстинктивно им доаѓа да ја обложат даската од веце школката со многу тоалетна хартија и така да се заштитат од директен контакт со бактерии. Но, баш на тој начин можете да си наштетите по здравјето.rnrnСекако дека се грижите за заштита од сексуално-преносливи болести, но на овој начин занемарувате други проблематични работи. Обложувањето на даската со тоалетна хартија во јавен тоалет не може да ви го заштити уринарниот тракт од инфекции. Исто така, дури и само да ја пребришете даската со хартија која ја користеле други непознати луѓе пред вас, може да доведе до зараза.rn

    „Најопасно е кога во брзање не ја празните целосно бешиката, туку го прекинувате млазот, односно го задржувате. Тогаш бактериите директно се селат во вашата бешика во која има многу течности, па затоа брзо се множат“, вели д-р Прити Даниелс.

    rnТаа објаснува дека клучната причина за настанување на уринарни инфекции е неразумното однесување и неинформираноста на луѓето кога користат јавни тоалети.rn

    „Луѓето би требало да водат сметка за она што го прават во јавните тоалети, а не да се плашат од сексуално-преносливи болести. За второто, мора да постои изложеност на гениталниот тракт на истата површина и на здрава личност и на заболена личност пред неа. Оваа веројатност скоро и да не постои“, дообјаснува Даниелс.

    rnПогледнете како безбедно да ги користите јавните тоалети и да го заштитите вашето здравје.

  • Истражување: Машката брада има повеќе бактерии од крзното на куче

    Истражување: Машката брада има повеќе бактерии од крзното на куче

    Можеби ова не се најдобрите вести за љубителите на брада, но едно неодамнешно истражување покажало дека брадата на мажите има повеќе бактерии дури и од крзното на кучињата.rnrnИстражување: Машката брада има повеќе бактерии од крзното на кучеrnrnНаучниците од клиниката Хирсланден во Швајцарија споредиле примероци од брада од 18 мажи, на возраст од 18 до 76 години, со влакна од 30 кучиња. Се покажало дека сите мажи имале бактерии во брадата, а кај 7 од нив имало и некои опасни по здравјето. Истите резултати се покажале и кај 23 од 30-те кучиња.rn

    „Врз основа на ова истражување, можеме да утврдиме дека кучињата се почисти од луѓето“, изјавил доктор Андреас Гутзејт кој го водел истражувањето.

    rnЗа резултатите прокоментирал и Кит Флет, главниот на британската заедница која ја промовира брадата, наречена Bear Liberation Front. Кит истакнал дека во последно време премногу се зборувало за негативните страни на машката брада. Исто така додал и дека му изгледало како многу луѓе да страдаат од погонофобија, страв од брада.rnrnСепак, науката има и добри вести за љубителите на брадата – мажите со брада се подобри партнери.

  • Пијалаци кои е најдобро да не ги порачувате кога сте излезени

    Пијалаци кои е најдобро да не ги порачувате кога сте излезени

    Сите сакаме да веруваме дека објектите со храна и пијалаци во кои често го минуваме времето се чисти. Но никогаш не можеме да бидеме сигурни дека сè што консумираме таму е без бактерии. Ова не значи дека треба да се откажете од јадењето и пиењето надвор, туку добро е да знаете кои се пијалаците кои не би требало да ги порачувате, со цел да го избегнете ризичниот контакт со бактериите.rnrnПијалаци кои е најдобро да не ги порачувате кога сте излезениrnrnЕдно истражување покажало дека пијалакот кој сите најчесто го порачуваме, всушност крие најмногу бактерии. Станува збор за чаша вода или газиран сок со парче лимон.rnrnИстражувачите тестирале 76 парчиња лимон од 21 ресторан и откриле дека 70%, односно 53 од парчињата биле заразени со бактерии. Иако истражувањето е навистина мало, и самите можете да забележите дека парчето лимон е однапред исечено. Овие парчиња овошје се чуваат во пластични садови на собна температура, што е одлична средина за развој на бактерии.rnrnИстражувањето не го открило изворот на овие бактерии, но резултатите покажале дека овие бактерии не можат да преживеат и да се размножуваат во алкохолните пијалаци.rnrnПогледнете и кои се бактериите и вирусите што можете да ги „закачите“ од тоалетите.

  • Не седнувајте на вашиот кауч со нечисти алишта: Еве зошто треба да се преслечете веднаш штом стигнете дома

    Не седнувајте на вашиот кауч со нечисти алишта: Еве зошто треба да се преслечете веднаш штом стигнете дома

    Обидете се само да замислите што сè би можело да се залепи на вашата облека во текот на денот, каде сè сте биле, на што сте седеле и со кого сте биле опкружени. Дали сте патувале со јавен превоз или сте седеле во некоја чекалница каде што не можете ни да претпоставите кој сè седел таму пред вас, колку се грижел за хигиената, колку често ја перел својата облека…rnrnrnrnИмајќи го сè ова на ум, можете да разберете зошто е толку лошо да седите на каучот во вашата дневна со истата таа облека, или пак, уште полошо, да седнете на креветот во којшто спиете. Токму затоа и експертите за здравје советуваат веднаш да ја промените облеката што сте ја носеле надвор кога ќе влезете во вашиот дом.rn

    „Луѓето постојано отфрлаат кожа, маснотии, пот, и уште многу нешта што се закачуваат на вашата или на туѓа облека. Всушност, секој човек во текот на денот отфрла околу 500 милиони клетки кожа и пот. Бактериите и микроорганизмите можат да преживеат и до неколку месеци на облеката во ваква околина“, објаснува д-р Филип Тиерно.

    rnДоволно е само да се потпрете со раката на место што е заразено, и потоа да го допрете лицето за да си пренесете болест. Згора на сè, дури и новокупената облека може да биде преполна со бактерии, вируси и нечистотии, поради што морате да ја исперете пред воопшто да помислите да ја носите.rnrnА што е со чевлите? Научниците од Факултетот Хјустон откриле дека на 40% од чевлите се наоѓаат голем број бактерии што се отпорни на антибиотици и можат да доведат до долготрајни болести. Овие бактерии најчесто преживуваат во тоалетите, на работните површини, на столиците како и на подот. Исто така, на земјата по којашто газиме може да се најде буквално сè што постои – од животински измет и хемикалии, до разни видови живи суштества што пренесуваат болести.rnrnОвие носители на болести живеат и до неколку недели на чевлите, па нивното собување пред влезната врата може да ви помогне најбодро да го згаштите вашето здравје.rnrnДознајте и зошто никогаш повеќе не треба да ги перете вашите алишта на 30 степени.

  • 25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневно

    25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневно

    Сигурно не ве изненадува фактот дека светот е валкано место полно со милиони бактерии. Но она што ќе ве изненади е кога ќе дознаете кои се највалканите места во вашиот дом и надвор од него. Па, погледнете кои се 25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневно.rnrn25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневноrn

    1. Брави

    rnИако постојат модерни брави што се отпорни на бактерии, не значи дека секогаш се ефективни. А бравите коишто не се отпорни се уште полоши.rn

    2. Рачката на фрижидерот

    rnИскрено, колку често ја чистите рачката на вашиот фрижидер? Најверојатно никогаш. Но треба да почнете да го правите тоа бидејќи овој дел често е полн со бактериите кои живеат на пилешкото и свинското месо. Причината е тоа што луѓето го вадат месото од фрижидер, го допираат и го враќаат без да ги измијат рацете.rn

    3. Копчиња на автомати

    rnСледниот пат кога ќе користите автомат, имајте го на ум следново – сигурно ќе изедете нешто повеќе од тоа што сте го купиле. Најлошо од сè е што за храната од автомати не користите прибор, па бактериите често завршуваат во вашата уста.rn

    4. Мерачи за паркинг

    rnСпоред неодамнешно истражување, 40% од мерачите за паркинзи биле обележани како ризични места за пренесување на болести.rn

    5. Копчиња на семафорот

    rnКопчињата на семафорите често имаат високо количество аденозин трифосфат, молекула што го сигнализира присуството на габи, бактерии и мувла.rnrn25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневноrn

    6. Банкомати

    rnНеодамнешните истражувања покажале дека банкоматите имаат многу од бактериите што предизвикуваат гадење и дијареја. Интересно е што ова се истите бактерии што се наоѓаат и во јавните тоалети.rn

    7. Далечински управувачи

    rnДодека чистотата на далечинскиот управувач во вашиот дом зависи од вашата лична хигиена, управувачите во болници, хотели и слично се навистина валкани. Не само што вдлабнатините ги прават совршени за микроби, спори и телесни течности, со истражувања се пронајдени урина, па дури и сперма на јавните далечински управувачи.rn

    8. Тоалетни школки

    rnИако не би се осудиле да пиете од тоалетна школка, сепак ова не е највалканото место што постои. Сепак, на 6 центиметри квадратни има околу 295 бактерии.rn

    9. Мобилни телефони

    rnВашиот мобилен телефон е повалкан од тоалетна школка. Причината е тоа што овие направи често се топли и имаат премногу вдлабнатини во кои можат да се „скријат“ бактериите. Едно неодамнешно истражување од Велика Британија покажало дека телефоните се совршено место за развој на стафилокока, бактерија која може да предизвика сè од кожни инфекции до менингитис.rn

    10. Внатрешната брава на јавните тоалети

    rnИако можеби школката се чисти со секое пуштање вода, ова се разбира не важи за бравата. Всушност, големи се шансите дека бравата не е исчистена од поставувањето на тоалетот. Уште една причина да ги измиете вашите раце.rnrn25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневноrn

    11. Кади

    rnОсвен ако не ја чистите кадата еднаш неделно, најверојатно таа е уште повалкана од вашата тоалетна школка. Инфекции од стафилококи, пневмонија и инфекции на уринарниот тракт се болести кои биле предизвикани од валкана када.rn

    12. Прекинувачи за светилка

    rnИ прекинувачите се места кои речиси никогаш не се чистат. После толку години користење, нормално е на нив да има илјадници бактерии на центиметар квадратен.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Дали пластичните даски за сечење се похигиенски од дрвените?

    Дали пластичните даски за сечење се похигиенски од дрвените?

    Многу одамна, не можеше да се замисли домаќинство без дрвена даска за сечење во кујната. Потоа, излегоа модерните тврдења дека дрвото не е хигиенски материјал, па ги заменивме со пластични. Но, ни тие не се толку чисти колку што се сметаше дека се.rnrnДали пластичните даски за сечење се похигиенски од дрвените?rnrnВсушност и дрвената и пластичната даска се еднакво безбедни, односно штетни, доколку не се следат основните правила за употреба. Дрвото во себе впива остатоци од храната, а доколку има пукнатини ризикот е уште поголем. Исто така, браздите што се создаваат на пластичната даска поради употребата на нож, може да се наполнат со илјадници бактерии што тешко се отстрануваат.rnrnrnrnЗатоа, најдобро е да имате една посебна даска за месо и риба и уште една за леб, овошје и зеленчук. По употребата даската мора да се измие со топла вода и со средство за миење садови, а пластичната може и да се мие во машина. Два до три пати месечно потребно е даските длабински да се дезинфицираат со медицински хидроген или алкохол и потоа да се исплакнат под млаз вода. Внимавајте по миењето да ја оставите даската целосно да се исуши, бидејќи влажната средина е идеална за развивање бројни бактерии.rnrnКога купувате даска, внимавајте да е изработена од што поцврст материјал, за да се избегне создавањето вдлабнатини кои собираат нечистотии. Исто така, препорачливо е на одредени временски периоди да се ослободите од старите даски и да ги замените со нови.rnrnПогледнете ги и овие креативни кујнски помагала кои ќе посакате веднаш да ги имате.

  • Артистка ги претвора мувлата и бактериите во уникатни парчиња уметност

    Артистка ги претвора мувлата и бактериите во уникатни парчиња уметност

    Елин Томас е артистка што создава чинии и различни предмети исполнети со мувла и бактерии. Нејзината уметност без сомнение е уникатна. Таа прави еден вид научни експерименти користејќи волна како основа, а потоа внимателно го насочува растот на мувлата и бактериите со помош на различни техники за везење. Елин докажува дека дури и од најчудните и најодвратните нешта можеме да направиме уникатно и креативно парче уметност, доколку имаме доволно имагинација. Погледнете ги нејзините неверојатни изработки…rnrn(1) artistka-gi-pretvora-muvlata-i-bakteriite-vo-unikatni-parchinja-umetnost-www.kafepauza.mk (2) artistka-gi-pretvora-muvlata-i-bakteriite-vo-unikatni-parchinja-umetnost-www.kafepauza.mk (3) artistka-gi-pretvora-muvlata-i-bakteriite-vo-unikatni-parchinja-umetnost-www.kafepauza.mk (4) artistka-gi-pretvora-muvlata-i-bakteriite-vo-unikatni-parchinja-umetnost-www.kafepauza.mk (5) artistka-gi-pretvora-muvlata-i-bakteriite-vo-unikatni-parchinja-umetnost-www.kafepauza.mk (6) artistka-gi-pretvora-muvlata-i-bakteriite-vo-unikatni-parchinja-umetnost-www.kafepauza.mk (7) artistka-gi-pretvora-muvlata-i-bakteriite-vo-unikatni-parchinja-umetnost-www.kafepauza.mkrnrnСветлосни слики: Дознајте нешто повеќе и за првиот уникатен вид уметност во 21-от век!

  • Сѐ што треба да знаете за бактериите во вашата вагина

    Сѐ што треба да знаете за бактериите во вашата вагина

    Најверојатно знаете дека имате бактерии во стомакот кои се здрави за вас и ви помагаат да не се здебелите, ве штитат од некои дигестивни болести, но и го намалуваат ризикот од анксиозност, Паркинсонова болест и некои типови рак. Но, стомакот не е единственото место каде што живеат бактериите во телото. Бактериите живеат насекаде, вклучувајќи ја и вашата вагина. Тие живеат на сите места што се изложени на надворешната средина. За да го зачувате вашето здравје, многу е важно да имате здрави бактерии во вагината. Прочитајте сѐ што треба да знаете на оваа тема…rnrnСѐ што треба да знаете за бактериите во вашата вагинаrn

    1. Во некои вагини има бактерии што се поврзани со бактериите во јогуртот и тие се сметаат за „добри“ бактерии

    rnВо некои вагини има бактерии што се од истиот вид како и бактериите што ги содржи јогуртот и се викаат лактобацили. Овие видови бактерии се разликуваат од оние што може да се најдат во стомакот, уринарниот тракт и некои јогурти. Може да имате многу типови бактерии во вагината, но ако имате лактобацили, тоа е исто како да сте добиле микробиомски џекпот!rn

    2. Здравите бактерии го намалуваат ризикот од сексуално преносливи болести

    rnАко имате лактобацили, тоа значи дека сте изложени на помал ризик од заразување со полово-преносливи болести, како што се кламидија, гонореја и ХИВ. Освен тоа, постојат помали шанси дека ќе се соочите со воспаленија на карлицата. Лактобацилите произведуваат големо количество на млечна киселина и ја намалуваат pH вредноста на вагината до 3,5-4 (тоа значи големо ниво на киселост). Киселата средина го спречува развојот на инфекции.rnrnОваа бактерија ја спречува и бактериската вагиноза. Оваа појава е многу честа и предизвикува болка или чешање на вагината, непријатен мирис и бел или сив исцедок. Антибиотиците можат да помогнат, но ако еднаш се соочите со оваа инфекција, најверојатно постојано ќе ви се повторува. Многу жени ги игнорираат симптомите или не им ги кажуваат на докторите. Повеќето гинеколози не ја бараат оваа инфекција, така што ако се сомневате дека се случува нешто, кажете го тоа!rn

    3. Добрите бактерии можат да го спречат предвременото породување

    rnНекои истражувања покажале дека кај бремените жени кои имаат лактобацили во нивните вагини постојат помали шанси за предвремено породување. Од друга страна, пак, кај жените кои ги имаат бактериите од типот гарднерела и уреаплазма постојат поголеми шанси за предвремено породување.rn

    4. Многу жени немаат добри вагинални бактерии

    rnМногу жени немаат лактобацили во нивните вагини. Тие имаат микробиоми кои се многу поинакви и создаваат помало ниво на киселост, која има заштитни карактеристики. Овие жени се изложени на поголем ризик од заразување со полово-преносливи болести и кога ќе забременат постојат поголеми шанси дека ќе се породат предвреме. Но, тоа не значи дека нивните вагини не се здрави. Тие само се изложени на поголем ризик од проблемите што лактобацилите можат да ги спречат.rnrnСѐ што треба да знаете за бактериите во вашата вагинаrn

    5. Вашата мајка можеби е виновна за типот микробиоми во вашата вагина

    rnПостојат податоци кои докажуваат дека добрите вагинални бактерии може да се пренесат од мајка на ќерка. Тоа не се должи на одредени гени, туку на фактот што девојчињата кои се родени вагинално се изложени на вагиналните бактерии на мајката при породувањето. Ако мајката има добри бактерии, тоа значи дека и бебето подоцна може да развие добри бактерии. За жал, тоа значи дека бебињата што се родени со царски рез или ако мајка им немала добри бактерии, најверојатно нема да развијат добри вагинални бактерии подоцна во животот. Секако дека постојат случаи кога бебињата родени со царски рез развиле лактобацили во нивната вагина, така што потребни се уште истражувања на оваа тема.rn

    6. Контрацепцијата може да ги промени бактериите во вагината

    rnНекои контрацептивни апчиња можат да го поттикнат развојот на лактобацили и нивното распространување во вагината. Тоа е така затоа што естрогенот го зголемува развојот на која било вагинална бактерија и затоа многу жени немаат бактерии во вагината сѐ до почетокот на пубертетот. Но, другите типови контрацепција на база на прогестерон може да го зголемат ризикот од инфекции.rn

    7. Сексуалните односи можат да ги променат бактериите во вагината

    rnМажите имаат бактерии на пенисот и тие микроби се многу слични на бактериите кај жените кои немаат лактобацили. Тие се пренесуваат кога имате секс и тогаш ги отстрануваат сите добри бактерии што ги имате. Ваквите бактерии можат да ја преземат вагиналната флора за многу краток период и да ги уништат лактобацилите. Ова може да се случи и за еден ден во некои случаи. Тоа не значи дека сексуалните односи дефинитивно ќе ги уништат вашите добри бактерии, но можат. Заштитата со презерватив може да го спречи пренесувањето на тие бактерии.rn

    8. Миењето на вагината со туш исто така ги отстранува добрите вагинални бактерии

    rnНе треба да ја миете вашата вагина. Употребете нежен сапун и вода за да ги поминете надворешните места, сето останато се чисти само. Жените кои ја мијат вагината со туш се изложени на поголем ризик од разни инфекции.rn

    9. Научниците се обидуваат да најдат пробиотик за вашата вагина

    rnНаучниците се обидуваат да направат пробиотик од бактериите на здравите жени кои имаат лактобацили, што ќе може да се внесе директно во вагината и да им овозможи на лактобацилите да се развијат во вагината на која било жена. Проблемот е во тоа што мора да се најде вистинскиот тип лактобацили што би можел да го стори тоа, бидејќи многу од видовите се слаби. Исто така, треба да се испита дали ова ќе може да им помогне на сите жени. Некои компании работат на производство на слична терапија што ќе може да се внесе орално како апче. Но, ниту една од овие терапии не се подготвени за продажба. Во секој случај, сето ова е возможно во блиска иднина.rnrnВо продолжение прочитајте од што се појавува непријатниот мирис на вагината.

  • Зошто никогаш не треба да носите чевли во вашиот дом?

    Зошто никогаш не треба да носите чевли во вашиот дом?

    Многу често луѓето не ги соблекуваат чевлите веднаш откако ќе си дојдат дома. Најчесто причината за ова е тоа што речиси сите сметаме дека тоа не е нешто страшно. Но според едно истражување направено од професор од Универзитетот во Аризона, ова може да има некои опасни последици.rnrnЗошто никогаш не треба да носите чевли во вашиот дом?rnrnИстражувањето покажало дека 96% од чевлите доаѓаат во контакт со фекални материи. А овие материи и бактериите сигурно ќе се разнесат низ целиот ваш дом. Најчесто кога размислуваат за тоа дали да ги соблечат чевлите, луѓето гледаат дали има видливи дамки на нив, како кал. За жал, постојат многу невидливи причини поради кои најдобро е чевлите да ги оставите покрај влезната врата.rn

    1. Бактерии

    rnЗошто никогаш не треба да носите чевли во вашиот дом?rnrnРазмислете на сите работи кои ги згазнувате во текот на денот – измет од птици, вода во јавни тоалети… Сите тие се извори на многу бактерии, вклучувајќи и ешерихија коли. Ако ги носите чевлите во домот, сите бактерии се разнесуваат низ него. Според истражувањето, повеќето луѓе имаат околу 421.000 бактерии на нивните чевли.rn

    2. Хемикалии и токсини

    rnЗошто никогаш не треба да носите чевли во вашиот дом?rnrnКога сте надвор често згазнувате и на работи како хемикалии, средства против инсекти, отров за штетници, бензин, антифриз и многу други токсини. Сите тие може да останат на вашите чевли и да ги внесете во домот.rn

    3. Микроскопски животни

    rnЗошто никогаш не треба да носите чевли во вашиот дом?rnrnКога вашите чевли се во контакт со почва и растенија, на нив може да се „закачат“ многу мали бубачки и организми. Па кога ќе прошетате дома со чевлите, ќе ги разнесете насекаде.rn

    4. Кал и земја

    rnЗошто никогаш не треба да носите чевли во вашиот дом?rnrnОвде е и очигледната причина – кал и земја. Ако ги оставите чевлите каде што им е местото, ќе внесете помалку земја во домот, па ќе ви биде полесно за чистење. Можеби е лесно да ја отстраните калта од тврдите површини, но тоа е значително потешко кога таа ќе се најде на тепихот.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Бактерии и вируси што навистина можете да ги „закачите“ од тоалетите

    Бактерии и вируси што навистина можете да ги „закачите“ од тоалетите

    Без разлика како се заштитувате, не сте единствените кои ги избегнуваат јавните тоалети. Но дали претеруваме или навистина постои опасност од некоја болест ако редовно ги користиме? Во просек има околу 50 бактерии на 6 сантиметри квадратни на секоја тоалетна школка. Иако звучи одвратно, во вашиот дом има и повалкани работи, како на пример, сунѓерот за миење садови. Сепак, постојат некои болести и бактерии кои, иако ретко, сепак можете да ги добиете и од некој јавен тоалет.rn

    1. Ешерихија коли

    rn(1)5-bakterii-koi-navistina-mozhete-da-gi-zakachite-od-toaletite-kafepauza.mkrnrnОваа бактерија се наоѓа во нашите црева, но ако случајно ја внесете во организмот преку вода или храна, можете да добиете дијареја, болки во стомакот и повраќање. Од друга страна пак, стомачните вируси предизвикуваат слични проблеми како Ешерихија коли и лесно се пренесуваат од човек на човек. Тие можат да преживеат на многу површини како тоалетната школка, дури и до 2 недели.rn

    2. Шигела

    rn(2)5-bakterii-koi-navistina-mozhete-da-gi-zakachite-od-toaletite-kafepauza.mkrnrnОваа бактерија се пренесува многу лесно, особено ако не ги измиете рацете. Таа може да предизвика инфекции, дијареја, болки во стомакот и други проблеми со дигестивниот систем кои траат околу една недела. Оваа инфекција се пренесува од инфицираниот измет на некоја личност кој се наоѓа на некоја површина, а во овие површини спаѓаат и тоалетите. За да се заштитите, чистете го вашиот тоалет со избелувач. Или ако сте во јавен тоалет, избришете ја школката со антибактериско марамче пред да седнете на неа.rn

    3. Стрептококи

    rn(3)5-bakterii-koi-navistina-mozhete-da-gi-zakachite-od-toaletite-kafepauza.mkrnrnОва е честа бактерија која обично се наоѓа во грлото и ако некогаш сте имале проблеми со болно грло или бронхитис, тогаш имате искуство со неа. Таа исто така може да предизвика заразни инфекции на кожата, а лошата вест е што речиси 39% од тоалетните школки ја на себе. Но, само околу 1% од луѓето ја имаат бактеријата на нивната кожа или во грлото, па имате поголеми шанси да ве удри гром отколку да се заразите од неа на овој начин.rn

    4. Стафилококи

    rn(4)5-bakterii-koi-navistina-mozhete-da-gi-zakachite-od-toaletite-kafepauza.mkrnrnОваа бактерија може да живее на површини како што е тоалетната школка повеќе од 2 месеца. А потребни се само неколку секунди за да се заразите. Но, добрата вест е што имате поголеми шанси да се заразите од вашиот телефон отколку од тоалетна школка. Повеќе од половина од телефоните ја имаат оваа бактерија. За да се заштитите, избришете ја школката со алкохол пред да седнете, а и редовно дезинфицирајте го вашиот мобилен телефон.rn

    5. Грип и настинка

    rn(5)5-bakterii-koi-navistina-mozhete-da-gi-zakachite-od-toaletite-kafepauza.mkrnrnОвие вируси може да живеат до 3 денови на нежива површина вклучувајќи го вашиот телефон, далечинскиот управувач и тоалетната школка. За да не се заразите важно е да не ги допирате вашите очи, нос или уста откако сте биле во тоалет или пак, сте допреле нешто нечисто. Најбезбедно е секогаш да ги миете рацете откако ќе го употребите тоалетот.