КАФЕ ПАУЗА

Tag: бактерии

  • Знаевте ли дека брадите и тоалетите имаат нешто заедничко?

    Знаевте ли дека брадите и тоалетите имаат нешто заедничко?

    Долги, кратки, запуштени или средени – брадите го направија својот славен камбек. Но доколку сте во врска со момче кое има брада, вашето здравје може да е изложено на ризик.rnrn1-Znaevte-li deka-bradite-i-toaletite-imaat-neshto-zaednichko-kafepauza.mkrnrnСтаницата „ABC“ во Њу Мексико земала примероци од брадите на неколку локални мажи и ги пратила на микробиолошки испитувања. Резултатите биле шокантни…rnrn2-Znaevte-li deka-bradite-i-toaletite-imaat-neshto-zaednichko-kafepauza.mkrnrnНекои од примероците кои биле испитувани имале многу од вообичаените бактерии, но некои бактерии биле споредени со оние кои можат да се најдат во тоалетите. Како на пример, тие нашле бактерии кои всушност може да се најдат во изметот.rnrn3-Znaevte-li deka-bradite-i-toaletite-imaat-neshto-zaednichko-kafepauza.mkrn

    „Вообичаено нештата не ме изненадуваат, но ова од се изненадив“ – вели микробиологот Џон Голобик. Иако не мора да значи дека бактериите секогаш ќе доведат до болест, сепак малку е загрижувачки што брадестите мажи на себе имаат еквивалент на четката за ВЦ-школката.

    rnТој додава дека овој степен на нечистотија е вознемирувачки и кога во водниот систем би се нашле слични примероци, тогаш тој ќе треба да се затвори поради дезинфекција.“rn

    4-Znaevte-li deka-bradite-i-toaletite-imaat-neshto-zaednichko-kafepauza.mk

    rn

    Па што треба да направи брадестиот човек или оној кој е во врска со него по ова прашање?

    rn

    Три збора: Тријте ја брадата!

    rn5-Znaevte-li deka-bradite-i-toaletite-imaat-neshto-zaednichko-kafepauza.mkrnrnЗнаеме дека знаете како се прави тоа, но за секој случај еве погледнете и тука:rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како правилно да го чистите папокот?

    Како правилно да го чистите папокот?

    Папокот е дел од телото на кој често не му обрнуваме доволно внимание. Овој белег кој го добиваме по раѓањето и пресекувањето на папочната врвка треба да се чисти како и секој друг дел од телото. Но, добро е што одржувањето на папочната хигиена е многу едноставно, па ако не сте го практикувале досега, отсега веќе ќе немате причина да го занемарувате.rnrnКако правилно да го чистите папокот?rnrnВообичаеното туширање не е доволно за чистење на овој дел од телото кој е склон на собирање бактерии (тука се наоѓаат околу 65 различни видови). Папокот треба да го одржувате чист на следниот начин:rnrnАко имате вовлечен папок, еднаш неделно чистете го со стапче за уши кое претходно ќе го натопите во вода и сапун, а можете и да го пребришете со алкохол.rnrnАко пак вашиот папок е испапчен, еднаш неделно избришете го со крпата за бањање натопена во вода и сапун.rn

    Зошто е важно папокот да се одржува чист?

    rnБидејќи во него се собира многу нечистотија и ако се натрупа премногу, може да се развие инфекција пропратена со црвенило, чешање, иритација на кожата како и непријатен мирис.rnrnАко папокот веќе го зафатила инфекција и не можете сами да ја отстраните со чистење, за помош обратете се кај вашиот матичен лекар или директно кај дерматолог.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто треба да престанете да го чепкате носот?

    Зошто треба да престанете да го чепкате носот?

    Факт е дека секој го чепка својот нос. Се смета за нешто што е сосема безопасно, но вистината е дека оваа навика многукратно го зголемува ризикот од вирусни инфекции.rnrnЗошто треба да престанете да го чепкате носот?rnrnЏим Арбогаст, лекар кој е експерт за хигиена, вели дека носот е едно од местата преку кои бактериите и вирусите навлегуваат во телото. На рацете може сешто да се залепи, па кога истата таа рака ќе ја ставите во носот нема нешто што не може да остане таму. Во тоа помага и слузникавата површина во внатрешноста на носот, којашто е извонредно живеалиште за бактериите. Затоа зимата е најлошиот период за чепкање на носот, иако неговото затнување многу провоцира на тоа. Еден допир на нечиста површина ја полни раката со бактерии и затоа со чепкањето на носот шансите за разболување се многу големи. Една студија на јапонски научници открила дури и дека луѓето кои многу често го чепкаат носот ризикуваат и да закачат заболувања на горниот респираторен тракт.rnrnАко веќе морате да го чепкате носот, лекарите препорачуваат прстите да ги покриете со марамче пред да го сторите тоа и, се разбира, често да ги миете рацете за да не внесете вируси во вашето тело и да не ги изнесете оттаму за да ги заразите другите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Дали го бришете вашето чисто тело со нечист пешкир?

    Дали го бришете вашето чисто тело со нечист пешкир?

    Колку редовно го перете вашиот пешкир? Дали тоа го правите после секое бањање/туширање или пак, го оставате во тоалетот да се суши после неколку последователни употреби? Погледнете што се случува доколку дозволувате вашиот пешкир или крпите во кујната да стојат долго време влажни и нечисти…rn

    Доколку вашиот омилен пешкир ви стои нечист со денови (па можеби дури и со недели), има големи шанси тој да привлекува нездрава мувла и бактерии во вашиот тоалет.

    rnДали го сушите вашето чисто тело со нечист пешкир?rn

    Пешкирот кој стои во топол тоалет со пареа им дозволува на микробите да имаат „оргија“ со купиштата мртва кожа која паѓа од вас додека се бришете со него.

    rnДали го сушите вашето чисто тело со нечист пешкир?rn

    Токму затоа, се препорачува да не го користите истиот пешкир повеќе од 3 пати, односно по 3-тото бањање најдоцна да го ставите за перење.

    rnДали го сушите вашето чисто тело со нечист пешкир?rnrn rn

    „Пешкирите кои се користат по бањањето или туширањето најчесто се оставаат да се исушат во тоалетот со цел да се искористат повторно“, вели Кели А. Рејнолдс која е професорка на Универзитетот во Аризона. „Бактериите и мувлата започнуваат да се насобираат на мокриот пешкир и како што тој се суши, така се намалува и нивното размножување.“

    rn

    Истото се случува со сите пешкири и крпи во вашиот дом.

    rnДали го сушите вашето чисто тело со нечист пешкир?rnrn rn

    „Крпите во кујната собираат многу повеќе штетни бактерии поради тоа што често се мокри и ретко кога имаат можност целосно да се исушат до следната употреба. Тие исто така собираат честички од храната во кујната бидејќи се во нејзина близина“, објаснува Рејнолдс. „Оваа состојба создава совршено сценарио за насобирање, растење и пренесување на бактерии.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Оваа девојка не ги извадила своите контактни леќи 6 месеци и нешто застрашувачко се случило со нејзините очи

    Оваа девојка не ги извадила своите контактни леќи 6 месеци и нешто застрашувачко се случило со нејзините очи

    Поголемиот дел од контактните леќи не се дизајнирани за континуирано носење. Најчесто, на крајот од денот, вие ги отстранувате леќите и ги оставате во раствор за да се дезинфицираат до наредното утро. Сигурни сме дека никогаш не сте ни помислиле да ги носите 6 месеци без прекин… Во случај да сте размислувале за тоа, веднаш ве предупредуваме да заборавите на таа идеја!rnrnОваа девојка не ги извадила своите контактни леќи 6 месеци и нешто застрашувачко се случило со нејзините очиrnrnЗошто, би се запрашале? Студентката Лиан Као од Тајван го сторила токму тоа. Доколку контактните леќи останат врз вашите очи подолго време, тие ќе станат одлично место за криење на оние бактерии кои не сакаат кислород. Овие бактерии потоа ќе почнат да привлекуваат микроорганизми кои се хранат од нив, како на пример, акантамебата, како што се случило со Као.rnrnОваа девојка не ги извадила своите контактни леќи 6 месеци и нешто застрашувачко се случило со нејзините очиrnrnАкантамебата е еден вид амеба која најчесто не е штетна за луѓето. Но, што мислите, што ќе се случи доколку цела колонија на акантамеби се населат под контактните леќи каде што имаат неограничен извор на бактерии за исхрана? Во случајот на Као, докторите не се сигурни како таа стапила во контакт со овие амеби, но веруваат дека тоа се случило за време на пливање со леќите. Како што оваа колонија растела, така почнувала да навлегува во рожницата на Као, барајќи повеќе бактерии за храна. Токму тогаш се случило она што е познато како „Acanthamoeba keratitis“.rnrnОваа девојка не ги извадила своите контактни леќи 6 месеци и нешто застрашувачко се случило со нејзините очиrnrnОваа состојба знае да создава болка и црвенило, но не доволно за луѓето да побараат медицинска помош. Па, бидејќи не побарала помош на време, очите на Као денес изгледаат како на фотографијата подолу и таа е целосно слепа. Во некои ситуации видот може да се врати со помош на пресадување на рожница, но најчесто пациентите остануваат слепи поради неверојатно тешкиот начин да се отстрани оваа инфекција.rnrnОваа девојка не ги извадила своите контактни леќи 6 месеци и нешто застрашувачко се случило со нејзините очиrnrnНаравоучение: Никогаш не ги носете вашите леќи подолго од еден ден!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 95% од луѓето не ги мијат рацете правилно. Еве како да го правите тоа!

    95% од луѓето не ги мијат рацете правилно. Еве како да го правите тоа!

    Едно американско истражување открило дека повеќето луѓе не знаат правилно да си ги измијат рацете, и тоа потфрлуваат и во начинот и во времетраењето, кои се битни фактори за заштита од бактерии.rnrn2-95-od-lugjeto-ne-gi-mijat-racete-pravilno-eve-kako-da-go-pravite-toa-kafepauza.mkrnrnВо истражувањето учествувале 3.749 луѓе, од кои 95% не успеале да ја завршат работата како што треба. Во најголем број случаи недостасувала темелност во миењето, додека 33% воопшто не употребиле сапун. Имало и разлика помеѓу половите, па така 15% од мажите воопшто не ги измиле рацете, а такви случаи кај жените имало во 7%.rnrnСветската здравствена организација има составено конкретни инструкции за правилно миење раце, кои важно е да ги следите за да го зачувате вашето здравје.rnrn95-od-lugjeto-ne-gi-mijat-racete-pravilno-eve-kako-da-go-pravite-toa-kafepauza.mkrnrnВреметраење: Важно е да ги миете рацете 20-60 секунди и секогаш да користите сапун.rnrnТемелност: Повеќето луѓе не се мијат темелно. Важно е да не го забораватe делот помеѓу прстите, под ноктите и горниот дел на рацете.rnrnКога е неопходно да се мијат рацете? За повеќето луѓе е очигледно, но факт е дека не сите ги следат правилата. Многу е важно да се мијат рацете пред секое јадење и секако, после користење на тоалетот.rnrnДезинфекција и заштита: Многумина мислат дека течностите за дезинфекција се доволни, но ако имате можност да употребите сапун и вода – тоа е секогаш најдобрата опција.

  • Непријатен мирис на вагината: Од што се појавува и како да се ослободите од него?

    Непријатен мирис на вагината: Од што се појавува и како да се ослободите од него?

    Дали припаѓате на оние жени кои водат многу грижа за својата хигиена на интимното подрачје, но сепак чувствувате непријатен мирис? Постојат неколку причини за тоа, но и неколку начини да се изборите со овој проблем. Прво и основно, треба да ја откриете причината за да може да го третирате проблемот.rnrnneprijaten-miris-na-vaginata-od-shto-se-pojavuva-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-kafepauza.mkrnrnПојавата е многу непријатна, а може да биде последица на лоша хигиена, влошки и носење несоодветна облека, но сепак треба да знаете кога е време да се обратите кај вашиот гинеколог.rn

    „За жал, не постојат доволно студии и истражувања кои се занимаваат со проблемот на вагиналниот мирис, ниту е точно објаснето кoј мирис е нормален, а кој не е“, вели Рахив Гала, професор на отсекот за гинекологија на медицинскиот факултет во Њу Орлеанс.

    rnСепак, треба да знаете дека доколку забележите премногу јак мирис, големи се шансите проблемот да лежи во некоја инфекција. Исто така, некои инфекции манифестираат непријатен вагинален мирис, а други не.rnrnБактериската вагиноза – претеран развој на бактерии во вагината, предизвикува јак мирис, кој потсеќа на мирисот на риба. Истиот мирис го произведува и трихомонијазата, полово пренослива болест, која го предизвикува паразитот Трихомонас вагиналис. Но, кај третина од жените кои имаат вагинален мирис, сепак се работи за некој друг причинител.rn

    „Хроничен запек, претерано потење, лоша хигиена и урина на долната облека може да бидат причина за непријатен мирис“, објаснува Гала и додава дека носењето тесна облека може да предизвика непријатен мирис во пределот на вагината, а тоа се случува затоа што потта и бактериите остануваат заробени на кожата.

    rnПричината може да биде и преголема телесна тежина. Доколку постои вишок кожа, се создаваат набори и на тие места потта останува заробена и предизвикува непријатна миризба.rnrnВагиналниот мирис може да се менува во текот на менструалниот циклус. Исто така, се случува кај жените додека вежбаат да им се излачува малку урина, па со носење влошка во тие ситуации може да се предизвика лоша миризба.rnrnДоколку сте загрижени за вашата вагинална миризба, треба да посетите гинеколог кој ќе ја открие причината преку низа рутински тестови и ќе увиди дали проблемот може да се реши без терапија. Од друга страна, доколку причината е инфекција, ќе добиете соодветен антибиотик или некој друг третман за отстранување на непријатниот мирис.rn

    „Она што можете да го направите за да го спречите овој непосакуван мирис е да носите памучна долна облека, како и редовно да ја менувате, и да практикувате облека која не е претесна“, советува Гала. Слабеењето исто така ќе помогне доколку проблемот е во вишокот кожа околу вагиналниот регион.

    rnМожеби ќе паднете во искушение да купите некој производ кој ќе ја маскира непријатната миризба, но Рахив Гала советува тоа да не го правите бидејќи таквите препарати немаат никакви здравствени бенефити, туку само нудат моментално решавање на проблемот и чувство на олеснување. Спротивно на тоа, постојат сомнежи дека тие го зголемуваат ризикот од развој на бактериска вагиноза, габични инфекции и запаление на карлицата.

  • Зошто ве сакаат комарците?

    Зошто ве сакаат комарците?

    Комарците се многу пребирливи суштества, па затоа не треба да нѐ чуди што некои луѓе покрај нив си поминуваат како невидливи, додека други ги прекриваат со отоци од убоди.rnrnzoshto-ve-sakaat-komarcite-kafepauza.mkrnrnВистината е дека никој не е имун. Пред 30 години научниците откриле дека јаглерод диоксидот кој го издишуваме е една од главните траги по кои комарците нѐ следат. Тие летаат каде што има висока концентрација на CO2, кон група луѓе, а потоа го користат видот и сетилото за мирис за да ја одберат својата мета.rnrnНо зошто некои се поштедени, а други се принудени да се чешаат со денови? Сѐ уште не се знае со сигурност, но повеќе студии имаат откриено различни мамки заради кои некои луѓе стануваат подвижна мета за комарците.rn

    Високи сте

    rnБидејќи сте високи, произведувате повеќе јаглерод диоксид и повеќе телесна топлина кои им се природно привлечни на комарците. Затоа во група луѓе возрасните секогаш добиваат повеќе убоди од децата, а мажите повеќе од жените.rn

    Редовно вежбате

    rnВо текот на вежбањето телото произведува млечна киселина која се испушта преку потните жлезди на кожата. Една германска студија потврдила дека таа е исто така привлечна за комарците.rn

    Нозете ви мирисаат непријатно

    rnЕдна студија објавена во научното списание Plos One покажала дека луѓето на чии стапала живеат повеќе бактерии, се попривлечни за комарците. Истата бактерија се наоѓа и во белгиското сирење Лимбургер, а заради неговата ефикасност во привлекувањето комарци, научниците го користат за да ги фатат во замка.rn

    Носите парфем

    rnКомарците го вшмукуваат нектарот од цвеќињата, па ги привлекуваат цветните мириси.rn

    Имате генетски предиспозиции

    rnСтудија објавена во журналот „Инфекции, генетика и еволуција“ покажала дека лицата со одредени HLA гени имаат поголеми шанси да бидат привлечни за комарците.rn

    Пиете пиво

    rnСамо едно мало шише пиво е доволно да ве направи мамка за комарците. Тоа го открила една студија објавена во Журналот на американската асоцијација за комарци, но сѐ уште не е откриено зошто е тоа така.rn

    Имате нулта крвна група

    rnНеколку студии, вклучувајќи и една неодамна објавена во списанието Експериментална паразитологија покажуваат дека лицата со нулта крвна група имаат повеќе шанси да станат вечера за комарците. Меѓутоа некои стручњаци сметаат дека таквите резултати се произлезени од грешки во статистичките податоци.

  • Сè што не сте знаеле за бакнувањето

    Сè што не сте знаеле за бакнувањето

    Преку бакнувањето не само што со партнерот си разменувате плунка, туку и носна слуз, вируси, хормони и една милијарда бактерии. Но, и покрај тоа што овие факти звучат грозно, сепак тие носат и многу придобивки, кои вреди да ги знаете. Погледнете во видеото кои се тие.rnrnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Природни препарати за лечење на синусите

    Природни препарати за лечење на синусите

    Многу луѓе имаат проблеми со синусите, особено во овој период од годината. За настанување на оваа состојба можат да бидат виновни бактерии, вируси, габички, алергии и некои автоимуни заболувања. За среќа, во природата постојат многу билки и плодови кои можат да ви помогнат да го намалите воспалението и кои истовремено го намалуваат ризикот од повторно појавување на овие состојби.rnrnПриродни препарати за лечење на синуситеrn

    Портокали

    rnОва овошје е одличен извор на витамин Ц, кој ја намалува затнатоста на носот и помага при чистењето на синусите. Исто така, истражувањата покажале дека секојдневното консумирање на портокал може значително да го намали ризикот од воспаление на синусите.rn

    Лук

    rnЛукот има одлични антибактериски својства, поради што прилично го намалува воспалението на синусите предизвикано од бактериска или габична инфекција. Алицинот, состојката која на лукот му го дава препознатливиот мирис, има својства на антибиотик, поради што е многу делотворен во лечењето на овие непријатни болести.rn

    Коприва

    rnКопривата исто така ги ублажува симптомите на воспаление на синусите, вклучувајќи ја и надразнетоста на очите и чешањето во носот. Оваа билка, доколку се консумира во форма на чај или капки, ќе ја поттикне работата на имунолошкиот систем, заради што организмот многу подобро ќе се бори против овој вид инфекции. Покрај тоа, копривата го поттикнува ослободувањето на слузот од синусите, кој е главен виновник за неподносливата болка.