КАФЕ ПАУЗА

Tag: бактерии

  • Практични и ефикасни трикови: Како брзо и темелно да го исчистите вашиот дом?

    Практични и ефикасни трикови: Како брзо и темелно да го исчистите вашиот дом?

    Чистењето на домот е нешто што го правиме секојдневно. Прашината, бактериите, влакната од нашите домашни миленичиња, непријатните мириси на тепихот или душекот за спиење… Сите овие се само дел од работите од кои треба да се ослободиме доколку сакаме да живееме и функционираме во чиста околина. Така, речете им збогум на скапите средства за чистење и прочитајте ги следниве 9 трикови кои вклучуваат само природни, едноставни, евтини и што е најважно делотворни препарати за чист и блескав дом.rnrnПрактични и ефикасни трикови: Како брзо и темелно да го исчистите својот дом?rn

    1. Цимет за пријатен мирис

    rnНанесете неколку капки цимет на тепихот и потоа изметете го со правосмукалка. Во воздухот веднаш ќе забележите пријатен мирис. Се разбира, одлучете се ова да го направите пред да ја изметите целата кука. Овој метод е неспоредливо подобар од прскањето со најразлични хемиски средства и освежувачи на воздух, бидејќи нема да вдишувате никакви штетни хемикалии.rn

    2. Пена за бричење за сјајно огледало

    rnНанесете малку пена за бричење на огледалото и пребришете го со чиста крпа. Освен што ќе ги отстраните нечистотиите ќе направите и еден дополнителен слој на стаклото кој ќе го штити огледалото од замаглување додека се туширате и од греботини.rn

    3. Маслиново масло за челик кој не рѓосува

    rnСтавете малку маслиново масло на една чиста крпа и избришете. Потоа со делот од крпата на кој нема масло, пребришете ја површината уште еднаш за да го соберете остатокот. Тврдокорните дамки и отпечатоците од прсти веднаш ќе исчезнат.rn

    4. Гумените ракавици ги собираат влакната од домашните миленици

    rnСтавете обични гумени ракавици и поминете по површина на мебелот по кој се движеле вашите миленичиња и на кои се собрале влакна. Тие ќе се залепат за гумата. Потоа, исперете ги ракавиците со вода за да ги отстраните влакната. За да избегнете затнување на одводот, измијте ги ракавиците надвор или набавете хируршки ракавици кои можете да ги фрлите веднаш по чистењето.rn

    5. Сода бикарбона за чиста рерна

    rnПомешајте сода бикарбона со вода за да добиете густа смеса. Нанесете ја на оние делови од рерната кои сакате да ги исчистите, како на пример внатрешноста на рерната или стаклената врата, но избегнувајте да ја ставате на грејачите. Оставете ја смесата да делува преку ноќта. На овој начин, тврдокорните дамки и наслаги ќе омекнат и ќе биде многу полесно да ги отстраните и тоа само со една мокра крпа. Ако останат некои делови кои не омекнале и не можете да ги отстранете, тогаш обидете се со малку оцет кој ќе реагира со содата и ќе направи пена.rn

    6. Микробрановата печка може да го дезинфицира сунѓерот за миење садови

    rnНатопете го сунѓерот во мешавина од вода и лимонов сок и ставете го во микробрановата печка на една минута. Тоа ќе ги уништи сите насобрани бактерии.rn

    7. Оцет за чиста славина без дамки и бигор

    rnСтавете памук натопен во оцет на местата каде што се собрал бигор, а доколку имате, можете да користите и брусна хартија. Оставете оцетот да делува неколку минути и потоа избришете со вода.rn

    8. Сода бикарбона за непријатната миризба од душекот

    rnНанесете сода бикарбона на целиот душек, оставете да делува околу 8 часа и потоа изметете со правосмукалка. Содата ќе ги неутрализира сите непријатни мириси, а ќе уништи и неколку бактерии.rn

    9. Пластичните играчки и украси исчистете ги во машината за миење садови

    rnОва важи, се разбира, само за оние предмети кои не работат на батерии и електрична струја. Наредете ги во машината и измијте ги исто како да миете садови, заедно со вообичаеното средство за миење. Тие ќе бидат чисти и дезинфицирани, што е особено значајно доколку имате деца.

  • 5 предупредувачки знаци дека на вашето тело му недостасува витамин Ц

    5 предупредувачки знаци дека на вашето тело му недостасува витамин Ц

    Во зимските месеци добро е да имаме појак имунитет за да се одбраниме од вирусите и бактериите. Затоа е потребно да внесуваме што повеќе витамини и минерали. Витаминот Ц е една состојка која можеме да ја пронајдеме во повеќето прехранбени производи, а експертите велат дека тој се наоѓа во скоро сите овошки и зеленчуци. Но, иако е достапен во природата и нашето тело одлично го прифаќа, сепак лошите животни навики и нездравата исхрана без хранливи состојки можат да доведат до недостаток на витаминот Ц, а со тоа и до несакани здравствени проблеми.rnrn5 предупредувачки знаци дека на вашето тело му недостасува витамин ЦrnrnВитаминот Ц е од витална важност за нашиот имунитет, ја прави кожата да изгледа здраво и меко, а помага и при брзото заздравување на раните. Тој е важен и за коските, бидејќи без него телото не може да го прифати железото и одредени протеини кои се многу потребни за здравите крвни жили, лигаменти и тетиви. Во продолжение прочитајте ги 5-те знаци кои предупредуваат дека на вашето тело му недостасува витамин Ц.rnrn1. Постојано чувство на психички и физички замор и исцрпност.rnrn2. Промени на расположението проследени со беспричинска лутина и нервоза.rnrn3. Пад на имунитетот поради што телото не може да се избори против вирусите, бактериите и другите лоши микроорганизми кои предизвикуваат инфекции и алергии.rnrn4. Крвавење на непцата, расипување на забите и промена на нивната боја.rnrn5. Појавување на модрици на телото без некоја оправдана причина.

  • Еве зошто никогаш не треба да влегувате дома со чевли

    Еве зошто никогаш не треба да влегувате дома со чевли

    Најчесто пред да влеземе во нашиот дом си ги собуваме чевлите затоа што нашите мајки воспоставиле таков ред и дисциплина. Тоа најчесто го правиме за да се одржува хигиената во домот. Но, сега и научниците советуваат дека никогаш не треба да влегуваме пред да ги соблечеме чевлите. Еве зошто…rnrnЕве зошто никогаш не треба да влегувате дома со чевлиrn

    На вашите чевли живеат бактерии

    rnСпоред научниците, се работи за нешто повеќе од само чисти подови. Всушност, носењето чевли внатре го зголемува ризикот од внесување некоја бактерија од надворешниот свет. Истражувањата покажуваат дека на надворешноста на чевлите има 421.000 бактерии од 9 различни видови. Тука спаѓаат ешерихија коли и клебсиела пневмонија која може да предизвика инфекции на мочниот тракт, како и serratia ficaria, која предизвикува респираторни инфекции.rnrnОвие бактерии можат да се закачат на нашите чевли бидејќи поминуваме низ места кои претставуваат легла на бактерии како што се јавните тоалети, нечистата вода, животинскиот измет и така натака. Органските остатоци по кои газиме всушност им помагаат на бактериите да живеат на вашите чевли, што значи дека на нив сега сигурно има бактериски колонии.rnrnИстражувањата откриле дури 77.000 различни видови бактерии и вируси во јавните тоалети, а од земените примероци најзастапени биле стафилококите.rn

    Но, има и други опасности освен бактериите

    rnПреку чевлите дома може да внесете отрови од вештачки ѓубрива и инсектициди со кои се прскаат тревниците. Тоа е навистина играње со вашето здравје. Да не ги заборавиме и валканите вирови во кои сте стапнале, а кои покрај вода, содржат остатоци од бензин, нафта, моторни масла и што ли уште не, кое лесно може да се најде на вашиот под во дневната соба.rn

    Што треба да правите?

    rnЕдноставно е. Соблекувајте ги чевлите кога влегувате дома. И не јадете храна од подот, иако вам ви се чини дека е чиста. Или послушајте ги научниците и перете ги чевлите со детергент во машина за перење. Можеби затоа се верува дека научниците не знаат ништо за модата.

  • Не фрлајте ги силиконските кесички! Еве за што сѐ можат да послужат!

    Не фрлајте ги силиконските кесички! Еве за што сѐ можат да послужат!

    Кесичките со силиконски гел кои ги добиваме при купувањето разни производи, најчесто чевли, обично завршуваат во кантата за ѓубре затоа што мислиме дека се бескорисни или уште полошо – отровни.rnrnНе фрлајте ги силиконските кесички! Еве за што сѐ можат да послужат!rnrnВистината е дека внатре не се наоѓа никаков отров туку силициум диоксид кој не треба да се јаде (затоа и ова е нагласено на самата кесичка), но може многу да ви послужи во домот. Еве неколку начини на кои може да ги користите овие кесички:rn

    1. Ставете ги во ранецот за вежбање

    rnПоентата на овие кесички е да ја впиваат влагата, па затоа ќе направат чуда за вашата опрема за вежбање. Имено, бактериите најдобро се размножуваат во влажни средини, а бидејќи овие кесички ја намалуваат влагата ќе има значително помалку бактерии. А, со тоа и помалку непријатни мириси.rn

    2. Чувајте ги меѓу чистите пешкири

    rnСиликонскиот гел по истиот принцип ќе го запре ширењето на влагата по чистите пешкири, па тие подолго ќе го задржат убавиот мирис. Ова е особено корисно за оние кои ги чуваат своите перени пешкири во тоалетот каде природно има повеќе влага и пареа.rn

    3. Продолжете му го рокот на траење на вашиот брич

    rnАко користите бричеви за еднократна употреба и навистина ги фрлате после таа една употреба, тогаш ова не е за вас. Но, ако живеете во Македонија, тогаш веројатно го користите бричот додека целосно не отупи и токму затоа би било добро да го чувате во пластична кутија која се затвора заедно со две силиконски кесички. Така ќе трае подолго.rn

    4. Спасете го мобилниот телефон

    rnДоколку вашиот телефон падне во вода, можете да го спасите така што ќе го ставите во сад со неколку вакви кесички. Веднаш ќе ја впијат влагата.rn

    5. Сочувајте ги новогодишните украси

    rnКога ќе ги пакувате новогодишните украси за да ги кренете до следната година, не заборавајте во кутијата да ставите и две кесички. Така украсите ќе траат подолго и за секоја наредна употреба ќе изгледаат како нови.rnrnНе фрлајте ги силиконските кесички! Еве за што сѐ можат да послужат!rn

    6. Сочувајте го фотоапаратот

    rnАко имате добар фотоапарат, тогаш сигурно знаете дека влагата му е прв непријател. Решението, секако, се наоѓа во овие кесички. Само додадете една или две во торбичката во која го чувате и бидете спокојни.rn

    7. Справете се со замаглените стакла на автомобилот

    rnВозачите најмногу се нервираат во овој период од годината поради замаглувањето на стаклата. За да биде уште полошо, треба да почекате десетина минути за вентилацијата да си го одработи своето, па да може да возите. За тоа време веќе би стигнале на работа или на факултет со автобус или со такси. Затоа, ставете три до четири кесички под шофершајбната за да го спречите замаглувањето.rn

    8. Сочувајте ги фотографиите

    rnСтарите фотографии со тек на време се уништуваат, што е навистина жално, бидејќи често знаат да разбудат носталгични чувства. За среќа, кесичките со силиконски гел и во овој случај се спасот. Ставете две до три кесички во кутијата во која ги чувате фотографиите и не грижете се, влагата не ќе им може ништо.rn

    9. Спасете ја шминката

    rnВо несесерот во кој ја чувате шминката добро е да имате и една ваква кесичка која ќе го впие вишокот течности и ќе ги спаси производите во прав како и камените производи.rn

    10. Ослободете се од мирисот на стари книги

    rnПред сѐ, да разјасниме – мирисот на стари книги е еден од најубавите и најпривлечните мириси на светот и не би требало ни да помислите да се ослободите од него. Но, не осудуваме, ако сте чудак кој не го сака ваквиот мирис тогаш едноставно ставете ги книгите во кеси полни со кесички силиконски гел и оставете ги преку ноќта. Другиот ден, прекрасниот мирис ќе го нема.

  • 4 важни нешта кои треба да ги знаете за антибиотиците

    4 важни нешта кои треба да ги знаете за антибиотиците

    Откако Александар Флеминг го открил пеницилинот во 1928 година, смртта од заразните болести нагло опаднала. Антибиотиците им овозможиле на луѓето да се борат против бактериските инфекции кои во минатото земале многу животи. Но, има шанси да ја изгубиме оваа неверојатна предност поради отпорноста на антибиотиците. Бактериите еволуираат и стануваат сè подобри при адаптирање и преживување во борбата против овие лекови. Како што сè повеќе видови бактерии стануваат отпорни на антибиотиците, постојат реални шанси човештвото да влезе во нова фаза која ќе нè врати назад во времето, пред неверојатното откритие на Флеминг, каде што повторно ќе бидеме ранливи на бактерии.rnrn4 важни нешта кои треба да ги знаете за антибиотицитеrnrnНајголемиот проблем со антибиотиците е што просечниот човек не знае многу за нив и за начинот на кој функционираат, па токму затоа и може да придонесува за зголемувањето на овој ризик. Во чест на светската недела за проширување на свесноста за антибиотиците, погледнете ги следниве 4 нешта кои сите вие треба да ги знаете со цел да ги користите поодговорно.rn

    1. Антибиотиците се борат само против бактериите, не и против вирусите или габите

    rnКако што ни покажува и самото име, антибиотиците се дизајнирани да се борат против бактериските инфекции. Тоа значи дека тие нема да функционираат против болести предизвикани од вируси, како настинката или грипот, како и против габичните инфекции. И покрај тоа што некои луѓе ги бараат овие лекови кога се болни, секој добар доктор би одбил да им ги препише и ќе препорача соодветни медикаменти. Сепак, ако станува збор за настинка, најдобро е доколку му дозволите на вашето тело само да се избори против неа.rn

    2. Антибактериските продукти претставуваат огромен ризик за околината

    rnАнтибактериските сапуни не прават ништо повеќе од обичните кога станува збор за дезинфекција на вашите раце, но тие дефинитивно се лоши за околината. Компонентите од кои се состојат не можат да бидат филтрирани, па токму затоа и преку канализацијата се враќаат назад во околината и стануваат дел од водниот циклус. Ова може да има ужасно влијание врз околниот воден жив свет, бидејќи сите останати организми се изложени на нивните состојки.rn

    3. Најголемите корисници на антибиотиците се добитокот

    rnНеверојатни 80% од сите антибиотици се препишуваат за животни кои живеат во фабрики. Лошите услови во кои тие живеат се голем стрес за животните кој прави да имаат поголем ризик од разболување. Токму затоа и тие добиваат големи дози антибиотици како превентива. Оваа непотребна практика не прави ништо друго освен зголемување на бактериската отпорност на лековите.rn

    4. Отпорноста на антибиотиците се однесува на отпорноста на бактериите на лековите, а не на личноста

    rnЕдно неодамнешно истражување покажало дека голем дел од луѓето веруваат дека отпорноста на антибиотиците настанува бидејќи нивното тело станува отпорно на ефектите од лековите, па токму затоа и решаваат да си ја скратат својата терапија. Но, тоа е сосема неточно. Доколку не ја испиете препорачаната доза, вие ќе ја оставите бактеријата во вашето тело и ќе ѝ овозможите подобро да се адаптира следен пат кога ќе ве нападне. Отпорноста на антибиотиците се однесува на бактериите, кои со тек на време се адаптираат и стануваат посилни од нив.rnrn

  • 6 правила за долната облека според кои треба да живее секоја жена

    6 правила за долната облека според кои треба да живее секоја жена

    Девојки, време е да признаеме дека не зборуваме доволно за долната облека. Доказ? Дали знаевте дека погрешниот пар долна облека за време на вежбање може да го зголеми ризикот од инфекции? Или дека постојат моменти кога е добро да не носите долна облека? Затоа што сме скоро сигурни дека не знаевте, подготвивме 6 важни правила кои дефинитивно мора да ги знаете.rnrn0-6-pravila-spored-koi-treba-da-zhivee-sekoja-zhena-kafepauza.mkrn

    1. Оставете ја да дише

    rnОсвен што е неверојатно неудобна, кога ја носите подолг временски период, тесната долна облека е многу нездрава за вашата вагина затоа што спречува ветреење. А освен кројот, важен е и материјалот.rnrnПамучната долна облека е најдобра поради тоа што ѝ дозволува на кожата да дише. Синтетичките материјали ја задржуваат влагата и можат да создадат иритација на кожата.rnrnИако памукот е првиот и најдобриот избор, некогаш изгледа лошо под облеката. Затоа постојат и други избори како: полиестер, најлон, ликра или мидер – овие материјали некогаш се порастегливи и подобро изгледаат под облеката, а сепак имаат памучни делови.rn

    2. Користете прашок за алишта кој не создава иритации на кожата

    rnОбрнете што е можно повеќе внимание на кожата која се наоѓа „таму долу“. Користете хипоалергенски прашок кој е направен за чувствителна кожа – без бои и парфеми. Исто така избегнувајте да ја плавите облеката ако таму се и вашите гаќички. Ако ги плавите гаќичките, ризикувате да ги уништите затоа што тие ќе се излитат и плус, може да се изложите на хемикалии кои при реакција со ластикот создаваат алергиска реакција на кожата.rn

    3. Менувајте ги

    rnОчигледно е, така? Освен тоа што треба да ги менувате секојдневно, треба да избегнувате да седите во влажен пар, особено во спарно летно попладне, или уште полошо после вежбање, затоа што тоа е најлесниот начин да закачите габична инфекција.rnrnДолната облека собира влага, а бактериите и габите обожуваат да се размножуваат во топли и влажни средини. Без разлика дали сте подложни на инфекции или не, користете ја влагата како знак дека треба да ги фрлите гаќичките. Ако имате вагинален исцедок – ја чувствувате влажноста, тогаш е време да ги фрлите за перење.rnrnИсто така важно е да знаете дека гаќичките имаат рок на траење – кога е ластикот е попуштен, тие не стојат на место и создаваат дополнително триење, тогаш време е да ги фрлите и да си купите нов пар.rn

    4. Размислете пред да облечете танга

    rnПоради природата на нивниот дизајн, тангите можат да предизвикаат создавање на колонии од бактерии кои се движат кон и во вагината. Ова може да го наруши нормалното живеалиште на бактериите и да го зголеми ризикот од вагинални и уринарни инфекции.rnrnНикако, повторуваме, никако не вежбајте во танга. Инвестирајте во добар пар гаќички наменети исклучиво за вежбање. Голем дел од спортската опрема веќе содржи вакви елементи. Градниците, чорапите, шорцевите и долната облека сега имаат некаков најлонски материјал кој ја апсорбира потта и ја отстранува од телото за тоа да останува суво. Последното нешто што би сакале е да седите во влажен пар гаќички.rnrnСовет плус: Лимитирајте ја употребата на танга – носете ги само кога апсолутно морате.rn

    5. Проучете ги дамките

    rnНе треба да набљудувате толку одблизу колку што мислите, но треба да внимавате затоа што вашиот исцедок може многу да ви каже за вашето здравје и дали сѐ е нормално таму долу.rnrn„Нормалното“ е различно за секоја девојка. Белиот исцедок не секогаш е загрижувачки, но ако тој има лош мирис или имате крв, а не е време за месечниот циклус, тогаш треба да посетите доктор.rn

    6. Кога не треба да носите гаќички?

    rnВеројатно сте се прашувале кога е во ред да не носите гаќи, а тоа е кога ниеден друг материјал не ја допира т.е. не создава триење на вулвата. Исто така, има некои моменти кога мислите дека не треба да носите гаќи, а всушност треба. Не, не станува збор за моментите кога ќе одлучите да носите фустан на ветровит ден.rnrnКако што горе објаснивме, секогаш носете долна облека кога вежбате. Ако не носите, поради триењето, може да ја иритирате кожата. Уште еден случај кога носењето долна облека е препорачливо е со фармерки – затоа што тие можат да предизвикаат плускавици и инфекции во и околу вагината.rnrnНајбезбедна варијанта е да не ги носите кога спиете. Всушност, тоа е една од најздравите опции. Ако жената има проблеми со вагината, исцедокот или чувствува болка, тогаш спиењето голи е најдобра опција.rnrnЗа крај, постојат многу различни типови гаќички и секако дека ќе најдете нешто што одговара на сите критериуми – да изгледа убаво и прави да се чувствувате убаво.

  • Важни сознанија наменети за мажите: Еве што не сте знаеле за вашиот пенис

    Важни сознанија наменети за мажите: Еве што не сте знаеле за вашиот пенис

    Знаете дека тој бара посебно внимание, но вие сѐ уште не го познавате доволно добро? Еве ги најважните нешта што треба да ги знаете за вашиот пенис.rnrnzanimlivosti-nameneti-za-mazhite-eve-shto-ne-ste-znaele-za-vashiot-penis-kafepauza.mkrn

    1. Редовна ерекција = здрав пенис

    rnСпоред Тобијас Келер – професор по урологија на Универзитетот во Јужен Илиноис – „потребно е да имате редовна ерекција за вашиот пенис да биде во одлична форма“. За да го одржите здравиот тонус, мускулите на пенисот периодично мора да се богатат со кислород преку протокот на крв што води до ерекција.rnrnАко немате физички тешкотии да добиете ерекција, но не постигнувате во период од три или четири дена, тоа сепак не е причина за грижа. Можеби едноставно се наоѓате во нееротична средина и ништо не ве возбудува доволно.rn

    2. Мозокот го одржува „алатот“

    rnМозочните импулси се оние кои ве водат до ерекција за време на различните фази од сонот, особено во РЕМ фазата. Не е важно дали сонувате еротски сон или кошмар, вашиот пенис може да биде спремен дури и додека спиете. Од друга страна, некои мажи никако не можат да постигнат ерекција поради проблеми со крвните садови во половиот орган кои најчесто се предизвикани од дијабетес.rn

    3. Не постои врска помеѓу големината на пенисот во ерекција и вон ерекција

    rnНе постои доследна врска помеѓу големината на пенисот во нормална и во состојба на ерекција. Во едно истражување во кое учествувале 80 мажи, утврдено е дека распонот на ерекција од опуштена состојба до неопуштена е прилично широк и станува збор за од 1 до 10-тина сантиметри. Затоа правилото дека мажите со големи пениси во нормална состојба треба да имаат уште поголема ерекција и обратно, овде воопшто не важи.rnrnzanimlivosti-nameneti-za-mazhite-eve-shto-ne-ste-znaele-za-vashiot-penis-kafepauza.mkrnrnАнализите покажуваат дека мажите со пократки полови органи во нормална состојба можат да пораснат и двојно повеќе од оние кои се поголеми во нормална состојба. Отприлика, 12% од пенисите се зголемуваат за ⅓ или помалку во ерекција, а само 7% имаат иста должина и во опуштена состојба и во полна ерекција.rn

    4. Осетливоста може да се намали

    rnСпоред истражувањата, како што старее, мажот ја губи осетливоста на пенисот, но тешко е да се каже во колкава мера. Во суштина, осетливоста на пенисот се мери со последната количина на стимуланси која мажот може да ја почувствува. Тоа се нарекува праг на осетливост. Научно е докажано дека осетливоста почнува да опаѓа на 25 години, а во периодот од 65-75 години тој процес е најизразен.rn

    5. Вибраторот е корисен и за мажите

    rnМомци, вибраторот не е само за жени. Всушност, оваа направа е многу корисна за стимулација на пенисот за мажи кои имаат повреди на `рбетниот мозок – кои предизвикуваат проблеми со ејакулацијата. Вибраторот стимулира одредени делови од нервниот систем по пат на ситни фреквенции. Исто така, постојат одреден број мажи кои патат од одложена ејакулација. Нив дури им се советува да користат лични медицински вибратори.rn

    6. Бактерии

    rnКожата на пенисот е дом на многу различни видови бактерии. Во текот на едно истражување, научниците користеле генетски тестови за да ги идентификуваат бактериите кои ги пронашле на машките полови органи. Резултатите откриле дури 42 уникатни видови бактерии. Со тоа се потврдува тезата дека човечкото тело всушност е еден голем екосистем.rnrnМеѓутоа, бројот на бактерии зависи и од тоа дали мажите се обрежани или се необрежани. Направени се анализи со примероци од 12 мажи пред да се обрежат. Нови примероци се земени и анализирани откако истите тие мажи биле обрежани. Според резултатите, забележан е помал број на видови бактерии на пенисот по обрежувањето. Голем број бактерии кои биле пронајдени биле од анаеробна природа – што значи дека нив не им е потребен кислород за да се размножуваат.rn

    7. Зона на задоволството

    rnМногу мажи сметаат дека долниот дел и главата од пенисот се најосетливите делови од нивното тело. Истражувачите прашаа 80 мажи да рангираат различни делови од своето тело според нивната осетливост. Тука освен пенисот спаѓале и: скротумот, анусот, брадавиците и вратот. Резултатите покажале дека деловите од пенисот се најосетливи – особено горната страна на главичката, левата и десната страна на столбот на пенисот и препуцијумот (кожниот набор).rnrn1-zanimlivosti-nameneti-za-mazhite-eve-shto-ne-ste-znaele-za-vashiot-penis-kafepauza.mk

  • Како промената на климата ја менува отпорноста на нашиот организам?

    Како промената на климата ја менува отпорноста на нашиот организам?

    Непредвидливите и ненадејни временски промени претставуваат стрес за човековиот организам. Посебно е чувствителен кардиоваскуларниот систем, па затоа често се појавуваат варирања на крвниот притисок, мигрени, промена на телесната температура, отежнато дишење и несоница.rnrn1-promena-na-klimata-promena-na-otpornosta-na-nashiot-organizam-www.kafepauza.mk_rnrnКлиматските промени влијаат на сите системи во организмот и го трошат природниот одбранбен механизам на телото. Нашите сетила под надзор на нервниот систем постојано ги следат надворешните услови и по рефлексивен пат нè известуваат за промената на климата, по што го активираат одговорниот механизам за адаптација.rn

    1. Издавањето лекови

    rnВоопшто не треба да нè чуди што сезонското издавање лекови стана тренд, бидејќи стомачниот вирус е актуелен во текот на целата година. Има сè повеќе случаи на болести со нетипична клиничка слика, без разлика дали станува збор за настинка, инфекција или хронична болест, симптомите се јавуваат побавно, а траат подолго.rn

    2. Ненадејните временски промени

    rnОвие промени ги држат нашите сетила во напрегната состојба и предизвикуваат стрес за нашиот организам. Имунолошкиот систем е ослабен, обидувајќи се да се спротивстави на надворешните влијанија. На промената на воздушниот притисок најмногу подлегнуваат зглобните структури, па затоа лицата кои имаат реума најмногу може да ги почувствуваат временските промени.rn

    3. Летните горештини

    rnВо текот на тропските денови се препорачува честа рехидратација без разлика дали чувствуваме жед, односно внесување течности од минимум 2 литри вода или 8 чаши секој ден, одмор во текот на денот и често туширање. Топлото време претставува предуслов за размножување на бактериите и вирусите, па затоа се препорачува и носење лесна и памучна гардероба.

  • 5 средства за чистење кои не смеат да се комбинираат заедно

    5 средства за чистење кои не смеат да се комбинираат заедно

    Кога треба да се исчисти некоја тврдокорна дамка во домот, подготвени сме да комбинираме неколку различни средства за чистење со цел полесно да го решиме проблемот.rnrn5-sredstva-za-chistenje-koi-ne-smeat-da-se-kombiniraat-zaedno-kafepauza.mkrnrnЕкспертите предупредуваат дека употребата на некои хемиски средства може да е оправдана и сигурна само доколку не се мешаат со слични производи.rn

    1. Две различни врсти на средства за чистење одвод

    rnГеловите за чистење на одводот содржат јаки хемикалии кои ефективно ги убиваат бактериите, но доколку со едно чистење не се отстрани непријатниот мирис или запушувањето, тогаш подобро е да повикате водоводџија, отколку да комбинирате два или повеќе различни производи.rn

    2. Хидроген пероксид и алкохолен оцет

    rnКомбинацијата на хидроген пероксид и оцет често се користи за дезинфекција на површините во кујната. Иако станува збор за релативно сигурна мешавина, експертите препорачуваат да не ги мешате во ист сад поради тоа што се создава пероцетна киселина која може да ја иритира вашата кожа, очите и вашиот респираторен систем.rn

    3. Белило и алкохолен оцет

    rnВо теорија, оваа комбинација изгледа моќно кога се работи за отстранување на бактериите од површините во домот, но во пракса се создава гасовит хлор кој во мали количини предизвикува кашлица, проблем со дишењето и насолзени очи.rn

    4. Белило и амонијак

    rnАмонијакот е честа состојка во средствата за чистење на стаклата и прозорите. Научниците препорачуваат да не ги мешате со белилото, затоа што оваа комбинација создава хлорамин. Овој гас има слични последици по човечкото тело како гасовитиот хлор. Предизвикува болки во прстите и недостаток на кислород во белите дробови.rn

    5. Белило и медицински алкохол

    rnОва е уште една комбинација во низата што предизвикува потешкотии во дишењето, па затоа се советува белилото никогаш да не го мешате со други хемиски средства, туку само со вода.

  • 10 најчести грешки при користењето на тампоните

    10 најчести грешки при користењето на тампоните

    Со пристигнувањето на топлите денови, многу девојки и жени одлучуваат да користат тампони за време на месечниот циклус. Тие ни овозможуваат да носиме лесна облека, па и да се капеме во море, наместо да седиме по шорцеви во сенка. Но, при користењето на тампоните жените неретко прават некои грешки кои можат и да им го загрозат здравјето. Научете кои се и избегнувајте ги.rnrn10-najchesti-greshki-pri-koristenjeto-na-tamponite-kafepauza.mkrnrn1. Ги миете рацете само откако ќе го ставите тампонот. Рацете треба да ви бидат миени и пред да го ставите тампонот за да спречите навлегување на некоја бактерија во вагината.rnrn2. Не го вметнувате тампонот доволно длабоко. Како ќе знаете дека тампонот сте го ставиле доволно длабоко? Така што воопшто нема да го чувствувате. Ако е ставен плитко, ќе ви пречи и ќе ви создава непријатно чувство.rnrn3. Користите само една големина на тампони. За деновите кога крварите пообилно, поголемите тампони се подобар избор бидејќи можат повеќе да впијат, а штом се намали интензитетот, можете да преминете на помали.rnrn4. Преретко го менувате тампонот. И тогаш кога менструацијата не е обилна, тампонот треба да се менува на секои 4-5 часа за да се спречи настанување на бактерии.rnrn5. Користите тампон кога имате исцедок. Кон средината на циклусот, поинтензивниот исцедок е нормален, но тогаш не смеете да користите тампон бидејќи можете да ја нарушите природната киселост на вагината што пак може да предизвика воспаление.rnrn6. Носите тампон и ден пред и ден по менструацијата. Ова го правите чисто превентивно, но не се препорачува бидејќи не е добро да се става тампон кога вагината е сува.rnrn7. Не го менувате тампонот по извршување нужда. Тампонот не мора да го менувате по секоја мала нужда, но после 3-4 пати треба задолжително да го промените. Секој пат кога вршите голема нужда сменете го тампонот за да спречите внесување на бактерии.rnrn8. Не го менувате тампонот после пливање. Без разлика дали се капете во базен, река, езеро или море, тампонот треба да го смените веднаш штом излезете од вода. Конецот на тампонот кој е натопен со хлор, солена, езерска или речна вода може да предизвика иритација на кожата.rnrn9. Ги чувате тампоните на место каде што ги прска вода. Избегнувајте да ги чувате тампоните во близина на тушот за да не би се намокриле. Држете ги во затворена фиока или орман за да ги зачувате подолго време свежи.rnrn10. Користите миризливи тампони. Ако имате чувствителна вагина, избегнувајте користење на миризливи тампони, бидејќи тие можат да предизвикаат чешање и иритација.