КАФЕ ПАУЗА

Tag: антиоксиданси

  • Кои 5 намирници се вистински „сојузници“ за долговечност?

    Кои 5 намирници се вистински „сојузници“ за долговечност?

    Сигурно ви е добро познат фактот дека бобинките се меѓу најздравите намирници бидејќи се богати со влакна, антиоксиданси и други важни хранливи состојки. Според научниците, тоа се должи на присуството на пеларгонидин, состојка која може да го спречи когнитивното нарушување и да го спречи ризикот од Алцхајмерова болест.rnrnКои 5 намирници се вистински „сојузници“ за долговечност?rn

    Што е пеларгонидин?

    rnДиететичарот Кери Ганс објаснува дека црвената и портокаловата нијанса во овошјето се должи на ова соединение кое претставува антиоксиданс. За потсетување, антиоксидансите имаат функција на силен заштитник во организмот. Познато е дека антиоксидансите му помагаат на телото да се бори против слободните радикали и го намалуваат оксидативниот стрес кој може да доведе до разни срцеви заболувања.rnrnСе смета дека ова соединение позитивно влијае врз целото тело благодарение на неговата антиоксидантна активност, но и карактеристиките што ги има како антоцијанинско соединение.rnrnИстражување направено во јули 2022 година покажало дека зголемувањето на количината на пеларгонидин во организмот е клучно за одржување на здравјето на мозокот и когнитивната функција. Ви претставуваме 5 намирници богати со пеларгонидин кои ни помагаат да бидеме витални и во подоцнежните години.rn

    1. Јагоди

    rnНе е чудно што јагодите се на врвот на листата бидејќи се богати не само со пелагонидин туку и витамин Ц, за кој одамна е познато дека е борец против токсините, слободните радикали и е моќен засилувач на имунолошкиот систем.rn

    2. Брусница

    rnБрусницата има и докажани антиинфламаторни својства, а покрај пеларгонидин, се карактеризира и со антибактериски својства.rn

    3. Сливи

    rnСливите се одговорни за бистар, брз и витален ум. Тие содржат полифеноли кои го спречуваат нарушувањето на когнитивните функции.rn

    4. Ротквички

    rnОсвен што го содржат овој моќен антиоксиданс, ротквичките се полни и со калиум кој влијае на крвниот притисок и го намалува ризикот од срцево заболување. Освен тоа, тие се одлични за здрав скалп и сјајна коса.rn

    5. Грав

    rnАко сакате да го зголемите внесот на пеларгонидин во организмот, тогаш консумирајте повеќе грав. Тој е и одличен извор на влакна кои го намалуваат нивото на холестерол и го одржуваат шеќерот во рамнотежа.rnrnОткако прочитавте за овие намирници полни со антиоксиданси, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е важно секојдневно да внесувате антиоксиданси.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Најлесни и најевтини начини за намалување на појавата на брчките

    Најлесни и најевтини начини за намалување на појавата на брчките

    Сите добро знаеме дека скапите креми за убавина, гелови и серуми не секогаш се најдобрата опција кога станува збор за одржување на младешкиот изглед, а да бидеме искрени, тие се скапи па дури и токсични за кожата и телото. Затоа решивме да ви споделиме совети за спречување на брчките кои се сосема здрави и нема да остават никакви штетни последици.rnrnНајлесни и најевтини начини за намалување на појавата на брчкитеrn

    Внесувајте здрави масти

    rnДали знаевте дека еден од најдобрите начини да ја спречите појавата на брчките е преку внесувањето здрави масти? Тие се неопходни за производство и одржување на нивото на колаген во организмот, а токму колагенот придонесува за здравиот изглед на клетките. Авокадо, бадеми, ореви, маслиново масло, кокосово масло, коноп, чиа, лен, лосос се само дел од намирниците кои изобилуваат со здрави масти. Почнете почесто да ги консумирате овие состојки, а подобрувањата на кожата ќе бидат видливи за само неколку недели.rn

    Спијте доволно

    rnКолагенот всушност се произведува ноќе, додека спиете, па затоа сонот е од суштинско значење за неговото правилно производство. Од друга страна, недостатокот на сон придонесува и за развој на депресија и разноразни заболувања. Осигурете се дека спиете доволно за да можете на најлесен начин да се изборите со брчките, но исто така обидете се и да бидете колку што е можно помалку време под стрес.rn

    Обидете се да го контролирате стресот

    rnСтресот го разградува колагенот во кожата, па оттука лесно може да се заклучи дека еден од наједноставните начини за спречување на појавата на брчки е токму регулацијата на стресот. Прошетки во природа, јога, медитација, читање, пауза од социјалните мрежи, разговор со пријател, шолја кафе или чај – сето ова може да ви помогне да го ставите стресот под контрола.rn

    Внесувајте повеќе антиоксиданси

    rnНаместо мени преполно со калории и нездрави состојки, фокусирајте се на здрава исхрана која се одликува со многубројни придобивки. Морковите, доматите, какаото, авокадото, лимонот, јаткастите плодови се само дел од намирниците кои можете да ги најдете во кое било време, а се богат извор на антиоксиданси. Ќе видите дека за кратко време вашата кожа ќе блеска!rn

    Користете сатенски навлаки за перници

    rnМожеби спиењето на памучни чаршафи изгледа сосема безопасно, но факт е дека може да придонесе за појавата на брчки. Наместо памучни, почнете да користите сатенски навлаки кои се помеки и ќе го видите ефектот за само неколку дена.rn

    Внесувајте доволно количество вода во организмот

    rnИзбегнувајте го кофеинот доколку сакате на природен начин да се ослободите од брчките. Сепак, доколку не можете без него, тогаш зелениот чај е опција која можете да ја земете предвид, но избегнувајте го кофеинот од кафето и црниот чај. Но, најдобриот пијалак кога станува збор за здравјето на кожата е токму водата бидејќи ја помага хидратацијата на клетките и на природен начин ги спречува брчките.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за природно спречување на појавата на брчки, можеби ќе сакате да прочитате и кои 11 намирници треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчки.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • Зошто секојдневно треба да консумирате мача чај?

    Зошто секојдневно треба да консумирате мача чај?

    Сигурно досега многупати сте слушнале за мача чајот. Но, дали знаете кои се неговите здравствени придобивки? Станува збор за зелен чај кој се одгледува во Јапонија и не подлежи на никаква термичка обработка, за разлика од конвенционалниот зелен чај. Во продолжение прочитајте зошто треба редовно да го консумирате.rnrnЗошто секојдневно треба да консумирате мача чај?rn

    Ја спречува појавата на рак

    rnНа сите нам ни е добро познато дека зелениот чај во голема мера го спречува ракот, но мача чајот е дури и помоќен борец од обичниот зелен чај кога станува збор за слободните радикали. Антиоксидансите во овој вид чај познати како катехини ги отстрануваат слободните радикали кои можат да доведат до појава на рак во организмот. Според едно истражување, мача чајот содржи дури 137 пати поголема количина на антиоксиданси од зелениот чај.rn

    Го забавува процесот на стареење

    rnЕдна од причините за младешкиот изглед на Јапонците е токму мача чајот со оглед на фактот дека тој е најпопуларниот пијалак во оваа земја. Едно испитување покажало исто така дека жителите на Окинава имаат најдолг животен век во светот. Ова е уште еден доказ дека мача чајот го намалува оксидативниот стрес на телото благодарение на неговите антиоксиданси.rn

    Спречува срцеви болести

    rnСтудија спроведена во 2011 година покажала дека секојдневното консумирање зелен чај значително го намалува нивото на холестеролот кај секој од учесниците.rn

    Помага во намалување на телесната тежина

    rnСигурно ви е добро познато дека зелениот чај помага во намалување на телесната тежина, но мача чајот не само што го забрзува метаболизмот туку и помага во борбата против токсичните масти во телото и го намалува стресот. Кортизолот или хормонот на стрес, е една од главните причини за зголемување на телесната тежина. Покрај намалување на стресот, мача чајот е и извор на енергија, погоден за консумирање во кое било време од денот.rn

    Го подобрува расположението

    rnМача како и обичниот зелен чај, содржи моќна аминокиселина позната како Л-теанин. Оваа аминокиселина има силно дејство врз мозочните функции, го намалува стресот и го подобрува расположението. Важно е да се спомене дека оваа аминокиселина е присутна пет пати повеќе во мача чајот за разлика од обичниот зелен чај.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од мача чајот, можеби ќе сакате да прочитате и 6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓе.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • Кои се здравствените придобивки од ликопенот и каде може да се најде?

    Кои се здравствените придобивки од ликопенот и каде може да се најде?

    Претпоставуваме дека многумина од вас слушнале за ликопен, но дали сте запознаени со фактот дека оваа состојка е богата со антиоксиданси? Во продолжение прочитајте за нејзините здравствени придобивки.rnrnКои се здравствените придобивки од ликопенот и каде може да се најде? rnrnЛикопенот е каротеноид и најмногу се содржи во доматите, но и во другите црвени зеленчуци и овошја. Како и сите други каротеноиди, ликопенот е моќен фитонутриент богат со антиинфламаторни својства.rn

    Богат со антиоксидантни својства

    rnЛикопенот е еден од најмоќните антиоксиданси од растително потекло. Помага при одржување на клеточната еластичност и долговечност преку чистење на слободните радикали. Од друга страна, антиоксидансите помагаат во балансирање на активноста на оксидативниот стрес при што создаваат клеточна хармонија во телото.rn

    Ја подобрува работата на срцето

    rnКлиничките истражувања покажале дека внесувањето ликопен во организмот (најчесто преку домати) поволно влијае врз работата на срцето. Ликопенот исто така придонесува за здрав крвен притисок.rn

    Поволно влијае врз кожата

    rnЛикопенот и бета – каротинот се главните каротеноиди кои можат да ги намалат фините линии и брчките. Токму затоа овие состојки се дел од производите за нега на кожата. Ликопенот исто така може да обезбеди минимална заштита на кожата од изложување на сонце.rn

    Го подобрува очното здравје

    rnКако што веќе споменавме, ликопенот содржи антиоксидантни својста кои придонесуваат и за подобрување на функцијата на очите.rn

    Ја нормализира функцијата на мозокот

    rnИстражувањата покажале дека ликопенот и другите каротеноиди играат важна улога во одржувањето на здравјето на мозокот како и неврозаштитата. Тоа се должи пред сè на антиоксидансите кои се наоѓаат во ликопенот и нивната способност да го намалат оксидативниот стрес во мозочното ткиво.rn

    Го подобрува здравјето на коските

    rnПокрај витаминот Д и калциумот, и ликопенот исто така игра важна улога во одржувањето на здравјето на коските. Нутриционистичките истражувања покажале дека исхраната богата со овошје и зеленчук, особено производите богати со антиоксиданси, има позитивен ефект врз минералниот состав на коските.rnrnЗа крај, важно е да се спомене дека нема несакани ефекти од консумирањето ликопен. Но, поради неговите својства да се сврзува со одредени лекови, сепак подобро е да се консултирате со вашиот лекар за тоа дали да го вклучите во вашата секојдневна исхрана или не.rnrnОткако прочитавте за ликопенот и неговите здравствени придобивки, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 супер зеленчуци и овошки треба да бидат дел од вашата секојдневна исхрана.rnrnИзвор: mindbodygreen.com

  • 10 супер зеленчуци и овошки кои треба да бидат дел од вашата секојдневна исхрана

    10 супер зеленчуци и овошки кои треба да бидат дел од вашата секојдневна исхрана

    Доколку сакате вашиот организам нормално да функционира, треба да вклучите одредени состојки познати како суперхрана во секојдневната исхрана. Сигурно се прашувате што е „супер храна“. Можеби храна со супер моќи? Така некако. Супер храната е храна полна со витамини, минерали и антиоксиданси. Најголем дел од состојките се на растителна база, но можат да вклучат и некои видови месо и млечни производи.rnrn10 супер зеленчуци и овошки кои треба да бидат дел од вашата секојдневна исхранаrn

    Грчки јогурт

    rnГрчкиот јогурт е полн со пробиотици – микроорганизми кои се одлични за варење на храната и го одржуваат гастроинтестиналниот микробиом во нормална функција. Тој е и одлична замена за павлаката, крем сирењето и мајонезот.rn

    Киноа

    rnСемето од киноа се карактеризира со голема нутритивна моќ. Киноата е едно од ретките семиња кои ги обезбедува сите девет есенцијални аминокиселини. Богата е со протеини, а благодарение на нејзиниот вкус на орев, таа е одличен додаток во супи и салати.rn

    Боровинки

    rnБоровинките не само што се вкусни туку тие се исто толку и хранливи. Ова овошје содржи растителни влакна и витамин Ц. Некои истражувања покажале дека боровинките можат да ја подобрат меморијата, но тоа сè уште не е истражено докрај.rn

    Чија

    rnЕдна порција чија семе е одличен извор на влакна, протеини и омега-3 масни киселини. Чија семето се карактеризира и со антиоксиданси кои можат да помогнат во борбата против слободните радикали.rn

    Овесна каша

    rnОвесната каша е богата со влакна, антиоксиданси и други хранливи материи. Може да помогне во намалувањето на нивото на холестерол, во варењето на исхраната, па дури и да го подобри метаболизмот.rn

    Зелен чај

    rnЗелениот чај со векови се користи како лек од рак па сè до срцеви заболувања поради големото присуство на антиоксиданси. Тој содржи и епигалокатехин галат – одреден вид фитохемикалија (хемикалии присутни во растенијата по природен пат) која го забавува неправилниот раст на клетките. Некои истражувања покажуваат дека може да спречи и одредени видови рак, но потребни се повеќе студии за да се утврди докрај.rn

    Брокула

    rnБрокулата е полна со витамини, минерали и растителни влакна. Брокулата се издвојува од останатиот зеленчук по високите нивоа на витамин Ц, калциум, калиум и фосфор.rn

    Лосос

    rnОваа риба е богата со протеини и омега-3 масни киселини. Истражувањата покажале дека лососот може да го намали ризикот од срцеви заболувања и рак на дојка. Исто така, честото консумирање лосос може да ја намали болката и воспалението кај луѓето кои имаат ревматоиден артритис.rn

    Лубеница

    rnБогата со витамини А и Ц, лубеницата е идеална нискокалорична закуска. Истражувањата покажале дека може да помогне во намалувањето на крвниот притисок и да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести. Лубеницата исто така се карактеризира со ликопен, состојка која го штити телото од негативното влијание на УВ зраците.rn

    Ф’стаци

    rnОвие јаткасти плодови се богат извор на протеини и влакна. Тие исто така се богати со витамин Б6 и антиоксиданси. Можат да го намалат ризикот од хипертензија, дијабетес и други воспалителни состојби.rnrnОткако ја прочитавте нашата листа со супер зеленчуци и овошки, можеби ќе сакате да прочитате и кои 8 видови суперхрана препорачани од диететичарите ефикасно ги „топат“ килограмите.rnrnИзвор: greatist.com

  • 4 здравствени придобивки од секојдневното консумирање агаве сируп

    4 здравствени придобивки од секојдневното консумирање агаве сируп

    Најверојатно сте слушнале за растението агава кога станува збор за производство на текила, но она што можеби не го знаете е дека многубројните намени на ова растение се познати со милениуми. Од 300 видови на растенија агава распространети низ целиот свет, 250 растат во Мексико.rnrn4 здравствени придобивки од секојдневното консумирање агаве сируп rnrnСирупот од агава е сладок еликсир што се добива од растението и е посладок од шеќерот за 25 проценти. Во продолжение прочитајте ги здравствените придобивки од консумирањето агаве сируп.rn

    Богат со антиоксиданси

    rnСирупот од агаве содржи терпеноиди, сапонини, инулин и гликозиди. Сапонините го намалуваат целокупното ниво на холестерол во организмот и го контролираат растот на канцерогените тумори. Покрај тоа, сирупот од агаве содржи и здрави микроорганизми и влакна кои го помагаат варењето на храната и го подобруваат дигестивниот тракт.rn

    Содржи есенцијални витамини

    rnСирупот од агава содржи дел од основните хранливи материи кои му се неопходни на вашиот организам како витамините Б1, Б2, Б6, Ц и К. Овие витамини се присутни во сирупот од агава во доволни количини неопходни за нормалното функционирање на телото. Кога се користат редовно, овие витамини не претставуваат никаква опасност.rn

    Се карактеризира со низок гликемиски индекс

    rnАгаве сирупот е природен засладувач кој има низок гликемиски индекс што го прави особено погоден за исхраната на дијабетичарите. Покрај тоа, содржи природни влакна (познати како фруктани) кои помагаат во регулирање на метаболизмот и телесната тежина.rn

    Претставува здрава замена за шеќерот

    rnМожете да го користите агаве сирупот за засладување на вафли, палачинки, житарки и овошен јогурт. Сирупот исто така е совршен додаток за коктели, смуди, леден чај и слични напитоци бидејќи е еден од најразградливите засладувачи.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од агаве сирупот, можеби ќе сакате да прочитате и што може да се користи како замена за шеќер во исхраната.rnrnИзвор: mindbodygreen.com

  • Зошто е важно антиоксидансите да бидат дел од вашата секојдневна исхрана?

    Зошто е важно антиоксидансите да бидат дел од вашата секојдневна исхрана?

    Антиоксидансите играат голема улога за вашето здравје бидејќи го штитат вашето тело од болести, аерозагадување како и од штетното влијание на УВ зраците. Во продолжение прочитајте повеќе за антиоксидансите и зошто е важно тие да бидат дел од вашето секојдневно мени.rnrnЗошто е важно антиоксидансите да бидат дел од вашата секојдневна исхрана?rn

    Што се антиоксиданси?

    rnАнтиоксидансите се супстанции кои помагаат да се спречи или забави процесот на оштетување на клетките предизвикано од слободните радикали – нестабилни молекули што вашиот организам ги создава како одговор на секојдневниот стрес на кој е изложен. Овошјето и зеленчукот содржат антиоксиданси во голема мера, но нив ќе ги најдете и во производи како чоколадо, чај, кафе и вино.rn

    Кои се најзастапените антиоксиданси?

    rnПостојат илјадници хранливи материи и витамини кои делуваат како антиоксиданси, а еве кои се најраспространетите:rn

      rn 011

    • Витамин А
    • rn 011

    • Витамин Ц
    • rn 011

    • Витамин Е
    • rn 011

    • Бета-каротин
    • rn 011

    • Катехини
    • rn 011

    • Флавоноиди
    • rn 011

    • Полифеноли
    • rn 011

    • Селен
    • rn 011

    • Манган
    • rn

    rn

    Храна богата со антиоксиданси

    rnРастителната храна е најдобар извор на антиоксиданси. Колку е пошарена вашата исхрана, толку е побогата со антиоксиданси. Еве кои намирници се на врвот на нашата листа:rn

    Витамин А

    rnМлечни производи, јајца, црн дробrn

    Витамин Ц

    rnЛиснат зеленчук (кељ, брокула, цвекло), зелка, домати пиперки, карфиол, јагоди, грејпфрут, киви, дињаrn

    Витамин Е

    rnЈаткасти плодови и семки (бадеми, ореви, семки од сончоглед), авокадо, блитва и црвени пиперкиrn

    Бета-каротин

    rnДиња, моркови, слатки компири, тиква, кељrn

    Ликопен

    rnДомати, црвени пиперки, лубеницаrn

    Полифеноли

    rnГрозје, зелен чај, бобинки, јагоди, јаболка, кромид, црвено виноrn

    Селен

    rnЖитарки (кафеав ориз и јачмен), риба, мешунки, сирење, јајцаrn

    Здравствени придобивки од антиоксидансите

    rnИстражувањата покажале дека исхраната која се состои од овошје, зеленчук, цели зрна и мешунки може да го намали ризикот од хронични болести кои честопати се поврзуваат со оксидативен стрес. Слободните радикали се всушност оние кои доведуваат до оксидативен стрес и ги напаѓаат здравите клетки. Антиоксидансите, исто така, помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем. Сепак, не постојат доволно истражувања кои би можеле да докажат дека внесувањето голема количина антиоксиданси во организмот ќе ја спречи појавата на рак или други сериозни хронични заболувања.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од антиоксидансите, можеби ќе сакате да прочитате и како антиоксидансите да станат дел од вашата рутина за нега на кожата.rnrnИзвор: greatist.com

  • 10 здравствени придобивки од сокот од моркови

    10 здравствени придобивки од сокот од моркови

    Соковите можат да бидат хранлив додаток во редовната исхрана под услов да не содржат додатни шеќери. Пример за тоа е сокот од морков кој честопати го занемаруваме иако не само што е добар за организмот, туку е и вкусен. Во продолжение прочитајте ги здравствените придобивки од консумирање сок од моркови.rnrn10 здравствени придобивки од сокот од морковиrn

    1. Може да го подобри видот

    rnСпоред едно истражување, лутеинот, зеаксантинот, бета каротинот и витаминот Ц (сите состојки се содржат во морковот) играат важна улога во борбата против оксидативното оштетување на очите и намалување на ризикот од макуларна дегенерација (дегенерација на центарот за јасен вид) која е поврзана со возраста.rn

    2. Може да го поврати сјајот на вашата кожа

    rnМожеби веќе знаете дека витаминот Ц е важна состојка кога станува збор за нега на кожата, а една неодамнешно истражување од Нов Зеланд објаснува зошто е така. Според истражувачите, овој моќен антиоксиданс може да го зголеми нивото на колаген во телото (вообичаено, со стареење, нивото на колаген опаѓа) и да ја заштити кожата од штетното влијание на УВ зраците. Наместо да трошите пари на скапи кремови и серуми, напијте се сок од моркови (една чаша задоволува 23 проценти од дневните потреби).rn

    3. Го намалува ризикот од срцеви заболувања

    rnСоодветната количина на калиум кој се внесува во организмот игра голема улога кога станува збор за регулирање и одржување на здрав крвен притисок и намалување на ризикот од мозочен удар. Важно е да знаете дека една чаша сок од морков покрива 15 проценти од дневните потреби за калиум на вашето тело.rn

    4. Го одржува оралното здравје

    rnСекој стоматолог ќе ви каже дека морковите (и сокот од моркови) прават чуда кога станува збор за вашите заби бидејќи содржат витамин Ц и кератин. Според истражувањата, овие состојки помагаат во зајакнување и заштита на забната глеѓ.rn

    5. Претставува добар извор на енергија

    rnХидратацијата на организмот е од суштинско значење за одржување на здравото ниво на енергија, а сокот од моркови може да ви помогне да го постигнете тоа. Една чаша сок од моркови содржи само 80 калории и е одличен избор за секој момент од денот, без разлика дали ќе го пиете наместо ужина или заедно со утринскиот оброк.rn

    6. Може да ја подобри когнитивната функција

    rnЕдно истражување објавено во The American Journal of Medicine покажало дека соковите од овошје и зеленчук можат значително да ја подобрат целокупната когнитивна функција и да го намалат ризикот од развој на Алцхајмерова болест. Научниците претпоставуваат дека тоа се должи на антиинфламаторните и антиоксидантните својства што се содржат во нив.rn

    7. Може да го заштити црниот дроб

    rnКаротеноидите (состојки кои се содржат во морковот) се микронутриенти кои се богати со антиоксиданси и имаат антиинфламаторни својства. Од друга страна, овие својства можат да го подобрат здравјето на вашиот црн дроб.rn

    8. Може да го намали ризикот од рак

    rnЕдна студија покажала дека одредени соединенија пронајдени во сокот од морков имаат антиканцерогено дејство. Според студијата, лутеинот и бета каротинот ефикасно го забавуваат растот па дури и ги убиваат канцерогените клетки. Сепак, потребни се повеќе истражувања за да се утврди целосниот ефект.rn

    9. Може да помогне при забрзување на метаболизмот

    rnПокрај витамините А и Ц, сокот од морков содржи и витамин Б6 кој помага во процесот на варење на храната преку разградување на мастите, протеините и гликозата.rn

    10. Го регулира нивото на шеќер во крвта

    rnНекои истражувања изгледаат ветувачки во поглед на регулирањето на шеќерот во крвта со помош на сокот од моркови. Со оглед на тоа дека сокот од морков се карактеризира со низок гликемичен индекс, тој може да биде одличен избор доколку се консумира во умерени количини.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од сокот од моркови, можеби ќе сакате да прочитате и рецепт за здраво и вкусно смуди со морков и банана.rnrnИзвор: purewow.com

  • Која е поврзаноста помеѓу печурките и анксиозноста?

    Која е поврзаноста помеѓу печурките и анксиозноста?

    Една од главните причини според кои печурките се доста застапени во нашата исхрана е нивниот вкус, но според нутриционистите, тие се карактеризираат и со здравствени придобивки. Печурките се одлична замена за месото и се богати со антиоксидантни својства кои го поддржуваат имунолошкиот систем во борбата против воспаленија и инфекции. Покрај тоа, во последно време се актуелизира влијанието на печурките во борбата со симптомите на депресија и анксиозност.rnrnКоја е поврзаноста помеѓу печурките и анксиозноста? rnrnСекако, печурките не можат да бидат замена за терапија. Но, според едно истражување спроведено од медицинскиот колеџ Пен Стејт, печурките би можеле да ги намалат симптомите на овие болести.rnrnПодатоците на околу 24.000 возрасни испитаници во САД собрани во периодот помеѓу 2005 и 2016 година покажале дека луѓето кои често консумирале печурки имале пониски нивоа на депресија и анксиозност. Истражувачите откриле и дека оние испитаници кои јаделе печурки во умерена доза исто така имале помал ризик од заболување во споредба со оние кои воопшто не јаделе печурки или ги консумирале во многу мали количини.rnrnНаодите од истражувањето ја потврдиле хипотезата дека луѓето кои консумираат печурки имаат помал ризик од депресија поради високите нивоа на антиоксиданси, антиинфламаторни компоненти како и витамин Б-12.rn

    „Печурките се најголем извор на аминокиселината ерготионеин – антиинфламаторно средство кое луѓето не можат да го синтетизираат“, изјави главниот истражувач Џибрил Ба.

    rnИстражувањето е ветувачко во насока на нутриционистичко решение за превенција и третман на нарушување на расположението. Ејми Шапиро, нутриционист и основач на Real Nutrition, вели дека наодите од истражувањето се охрабрувачки, но потребни се повеќе истражувања за понатамошно проучување на потенцијалните придобивки од консумирањето печурки. Покрај тоа, истражувањето не споменува кои видови печурки ги користеле учесниците, туку дава само детален опис на храната што ја консумирале.rnrnСекој вид на печурка се одликува со различни нутритивни придобивки, но никогаш не може да се земе здраво за готово кога станува збор за менталното здравје. Кога станува збор за депресија и анксиозност, секогаш се претпочита психолошката терапија.rnrnОткако прочитавте за поврзаноста меѓу печурките и симптомите на депресија, можеби ќе сакате да прочитате и рецептот за крем супа од печурки.rnrnИзвор: lepotaizdravlje.rs

  • Како антиоксидансите да станат дел од вашата рутина за нега на кожата?

    Како антиоксидансите да станат дел од вашата рутина за нега на кожата?

    Можеби веќе ви е познато дека за кожата нормално да функционира ѝ се потребни антиоксиданси кои се борат против слободните радикали. Тие се и моќно средство особено при намалување на појавата на знаците на стареење како тенки линии и брчки. Во продолжение прочитајте за благотворното дејство на антиоксидансите врз секаков тип на кожа.rnrnКако антиоксидансите да станат дел од вашата рутина за нега на кожата?rn

    За отстранување на темните дамки и производство на колаген: Витамин Ц

    rnЦ витаминот е еден од најпопуларните антиоксиданси. Иако овој витамин може да биде многу ефикасен кога станува збор за негување на кожата, сепак неговата најголема функција е да ја осветли кожата и да ги минимизира темните дамки кои се поврзани со фотостареењето, предизвикано од УВ зраците. Витаминот Ц исто така го стабилизира нивото на природниот колаген. Овој антиоксиданс придонесува за помазен и посјаен тен на кожата.rn

    За формирање заштитна бариера на кожата: Коензим Q10

    rnДоколку се справувате со кожни проблеми, можеби коензимот Q10 би ви била најдобрата опција. Овој коензим е состојка која се наоѓа во сите клетки и има силни антиоксиндантни својства: штити од липидна пероксидација или процесот преку кој слободните радикали ги оштетуваат клеточните мембрани при што се ослабнува функцијата на заштитната кожна бариера. Покрај тоа, овој коензим им помага на клетките да останат млади и здрави.rn

    За сува кожа: Витамин Е

    rnЕ витаминот е еден од најраспространетите витамини во кожата кој е растворлив во масти и затоа е неопходен за здрава кожа. Го забрзува процесот на заздравување на кожата, а истовремено и ја навлажнува што го прави одлична состојка во сите видови креми и лосиони.rn

    За борба против акните: Ниацинамид

    rnПознат како витамин Б3, ниацинамидот е моќен антиоксиданс кој ја подобрува текстурата на кожата. Овој витамин е особено добар за луѓе со чувствителна кожа благодарение на неговата способност да ја зајакне бариерата на кожата. Содржи и антиинфламаторни својства кои помагаат во борбата против акните но и го смируваат црвенилото што е вообичаено при појава на акни.rn

    За чувствителна кожа: Полифеноли

    rnОвие антиоксиданси се наоѓаат во зеленчукот, зелениот чај како и одредени видови овошје. Покрај тоа што содржат антиоксидантни својства кои се заштита од оксидативниот стрес, тие исто така се карактеризираат и со антиинфламаторни својства кои помагаат да се намалат знаците на чувствителна кожа како црвенило или иритација. Ресвератрол е одличен полифенол кој има антиинфламаторни, антигабични и антибактериски придобивки. Овој полифенол се наоѓа во лушпата на овошје како грозје и бобинки.rnrnПостојат различни начини како да ги вклучите антиоксидантите во вашата секојдневна рутина. Тоа можете да го направите преку исхрана, серуми, креми и лосиони за лице и тело.rnrnОткако прочитавте кои антиоксиданси се поволни за здравјето на вашата кожа, можеби ќе сакате да откриете и дали е безбедно да користите боракс за вашата кожа.rnrnИзвор: mindbodygreen.com