КАФЕ ПАУЗА

Category: Работа

  • 10 забавни начини да си дадете отказ

    10 забавни начини да си дадете отказ

    Без разлика дали си заминувате доброволно за да одите на подобро работно место или само за да го напуштите актуелното, или пак ве отпуштаат од работа против ваша волја, секогаш можете да го направите заминувањето забавно и вредно за паметење.rnrnЕве 10 забавни начини да си дадете отказ од работа.10 забавни начини да си дадете отказrn

    1. Журка

    rnАко останувате во добри односи со работодавецот и особено со колегите, добар начин да се збогувате со нив е приредување забава. Можете сите да собирате пари за да се обезбеди храна и пиење и најдобро е журката да ја приредите негде надвор од канцелариите. Ова е одлична прилика да се присетите на сите забавни заеднички моменти и да го одржите пријателството со оние кои ги оставате зад вас.rn
    rn

    2. Оставете спомени за вас… насекаде

    rnМислиме на културни, ненападни начини да го одржите споменот за вас откако ќе ја напуштите зградата за последен пат. Може да оставите кугла со персонализирани пораки за секој во конференциската сала или да испечатите слики од себеси придружени со некои изреки, цитати, изрази кои често сте ги кажувале и по кои сте биле препознатливи. Убаво би било на секој колега да му залепите лепливо „post-it“ ливче на бирото со некоја порака.rn
    rn

    3. Групен имејл до сите колеги

    rnАко сакате да допрете до сите колеги, испратете еден имејл до сите одеднаш и оставете ги вашите контакт-податоци за да можат да дојдат до вас во иднина, откако ќе ви ја исклучат службената имејл-адреса и ќе го вратите службениот број назад. Исто така, бидете креативни. Од напишаното зависи какви ќе бидат реакциите. Можете да се одлучите за некој од овие пристапи:rn
    rn

      rn011

    • Среќен крај: линк до видео со срцепарателна балада + порака на крајот од видеото: „Сашо ја напушта зградата“.
    • rn011

    • Саркастично благодарам: за сите неисплатени плати, скратениот годишен одмор и „ѕврцкање“ на телефон на секои 30 минути… после работното време.
    • rn011

    • Искрено кажување како е, што е: кажете си што ви лежи на душа, само внимавајте до кој степен ќе откриете за себе и за другите.
    • rn


    rn

    4. Кажете го тоа со торта

    rnПојдете до слаткарница и нарачајте торта со широка насмевка. Задолжително додадете и текст на пример: „Честитки… за мене! Давам отказ“.rn
    rn

    5. Свикајте специјален состанок

    rnКаде и да работите, можете да изнајдете начин да ги викнете сите колеги на едно место во исто време. Тогаш испукајте ја важната вест пред лицата на сите. Или, ако сакате да бидете уште позабавни, снимете се на диктафон кажувајќи дека си давате отказ и оставете го на масата со белешка „Play“.rn
    rn

    6. Прекршете ги правилата

    rnАко сте морале да го почитувате дрес кодот со години, време е да се појавите со шорц и да им бидете трн во очи на претпоставените. Ако не смеете да зборувате на телефон во канцеларијата, заборавете се со вашата пријателка од средно. Ако смеете да слушате музика само на слушалки, „случајно“ откорнете го кабелчето и дозволете да грмне хеви метал во цела зграда.rn
    rn

    7. Маички со слоган

    rnОва може да биде многу креативна и евтина идеја. Набавете 10 обични евтини маици во светли бои и дебел маркер. Смислете креативни слогани за секој ден од неделата и почнете да ги носите 2 недели пред заминувањето. Некои идеи се: „Само уште две недели“, „Саатот отчукува“, „Чао, си одам“, „Ми го гледате грбот за последен пат“ (испишано на грбот) и сл.rn
    rn

    8. Откријте ги валканите тајни

    rnВнимателно со ова. Но, ако веќе сте решени да си заминете и да упропастите однос со некого како цена која треба да ја платите за да се чувствувате подобро, ископајте ги сите нерегуларности и валкани тајни и „презентирајте“ ги во фирмата на уникатен начин. На пример, ако работите во продавница, откријте за што поточно плаќаат потрошувачите, истакнувајќи впечатлива реклама во излогот.rn
    rn

    9. Направете тетоважа

    rnСекако трајна тетоважа на челото не би била добар избор, но порака, креативно исцртана со маркер кој може подоцна да се измие е супер идеја. Најдете пријател кој ќе може тоа добро да го изведе и изберете место кое ниеден колега, дури ни шефот, нема да пропушти да го види додека сè уште се „шуњате“ на работа.rn
    rn

    10. Злоупотребете го канцеларискиот простор

    rnНе зборуваме за уништување или крадење стикери и маркери кои можете и онака да си ги купите за џабе пари. Зарем навистина би ви требал спомен во вид на евтин канцелариски материјал од работното место кое толку го мразевте?!rnrnНе, зборуваме за форма на прекршување на правилата која ќе ги иритира претпоставените бидејќи нема да можат да направат ништо против тоа. Доаѓајте подоцна, заминувајте порано, гледајте серија во работно време… Има безброј идеи кои може да ви паднат на памет. Што е најлошото нешто што може да се случи? Да не ви дадат плата? „Да, сигурно“. Заплашувањата од овој тип се нонсенс. Законот за овие работи, е на ваша страна.rnrnИмате некое интересно лично искуство да споделите со нас?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали сексуалниот живот влијае врз успешноста на вашата кариера?

    Дали сексуалниот живот влијае врз успешноста на вашата кариера?

    Активниот сексуален живот ги прави луѓето поздрави, посреќни, но и побогати, тврдат научниците од Универзитетот Кембриџ.Дали сексуалниот живот влијае врз успешноста на вашата кариера?Тие, работејќи на едно истражување за германскиот институт за проучување на трудот во Бон, утврдиле дека оние луѓе кои имаат сексуални односи четири пати неделно, заработуваат повеќе пари од колегите кои го немаат тоа задоволство.rnrnПо една стара психолошка теорија, луѓето мораат да си ги исполнуваат своите основни потреби како оние за храна, вода и секс пред да се обидат да станат успешни во животот.rnrnЛуѓето имаат потреба да бидат сакани, сексуално и несексуално. Доколку чувствуваат недостаток на љубов, можат да станат склони на депресија, социјална напнатост и изолираност, а тоа може да влијае на нивното работење, велат истражувачите.rnrnТие велат дека истражувањето го започнале бидејќи голем број претходни истражувања покажале дека сексот го подобрува здравјето, а доброто здравје е поврзано и со поголема заработувачка. Затоа тие проучувале податоци собрани од 7.500 луѓе од Грција на возраст од 26 до 50 години.rnrnИспитаниците одговарале на прашања поврзани со нивното здравје, сексуалниот живот и заработувачката. Се покажало дека оние луѓе кои имаат сексуални односи барем четири пати неделно, имаат за 5% поголема плата од останатите. Овој процент не се променил, дури ни кога од анализите биле исклучени фактори како образование и работна позиција.rnrnВо истражувањето, научниците напоменуваат дека активниот сексуален живот го смалува ризикот од диајбетис, заболувања на срцето и артритис.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Рецепт за зголемување на продуктивноста за само една недела

    Рецепт за зголемување на продуктивноста за само една недела

    Колку често добивате напад на паника само штом ќе погледнете во листата со работи кои треба да ги направите? Да, зафатеноста е најважна работа во светот и луѓето кои имаат обврски се активни и продуктивни. Но дали сте се соочиле со потешкотии во извршувањето на задачите? Дали често чувствувате дека не можете да постигнете сè и дека она што се бара од вас е едноставно премногу?rnrnРецепт за зголемување на продуктивноста за само една неделаrnrnКако најчесто ви започнува денот? На пример, се будите по само неколку часа сон (бидејќи сте останале до доцна да гледате филм или несвесно сте поминале неколку часа на социјалните мрежи), веднаш ја проверувате електронската пошта или вклучувате ТВ, се спремате многу брзо, целосно го прескокнувате појадокот или купувате нешто по пат, најверојатно нешто што не е задоволителен и здрав појадок, и додека стигнете до вашето работно место веќе се чувствувате изморени и безволни. Дали е вистинско време еднаш засекогаш да прекинете со оваа нездрава навика?rnrnВо продолжение следува рецепт со кој загарантирано ќе ја зголемите вашата продуктивност и тоа за само една недела. Не се откажувајте, дозволете оваа нова утринска рутина да ви стане навика и самите ќе ги забележите промените во резултатите и бројот на завршените задачи.rnrnРецепт за зголемување на продуктивноста за само една неделаrn

    Подготовка:

    rnrn

      rn011

    • Нема телевизија/радио/компјутер после 21 часот
    • rn011

    • Пред легнување запишете ги оние мисли и интересни идеи кои ви доаѓаат на ум
    • rn011

    • Не посегнувајте по телефонот веднаш штом ќе ги отворите очите наутро
    • rn011

    • Не го вклучувајте телевизорот или компјутерот веднаш штом ќе се разбудите
    • rn011

    • Колку и да ви звучи тешко или невозможно, битна е вашата желба да издржите со оваа рутина во нареднава една недела
    • rn

    rnrn

    Од што се состои „рецептот“?

    rn1. Во 21 часот, напијте се чаша млеко или вода и направете мала закуска (овошје, зеленчук или шака ореви).rnrn2. Заминете на спиење пред 22 часот.rnrn3. Наместете го алармот за во 6 часот (заборавете на опцијата за „дремка“ од 5 или 10 минути).rnrn4. Во никој случај не посегнувајте веднаш по вашиот компјутер/телевизор/мобилен.rnrn5. По будењето, дајте си 5-10 минути време и само вдишувајте и издишувајте длабоко.rnrnРецепт за зголемување на продуктивноста за само една неделаrnrn6. Во првиот половина час по будењето појадувајте нешто лесно.rnrn7. Доколку имате можност, организирајте го вашето време така што ќе одвоите 15-20 минути време за лесни вежби за раздвижување.rnrn8. Во вашиот нотес запишете ги трите најважни работи кои треба да ги завршите во текот на денот (не претерувајте со листата, запишете ги само трите најважни).rnrn9. Имате само 3 минути да проверите мејл.rn

    10. Сега сте подготвени за новиот работен ден.

    rn

    Рецепт за зголемување на продуктивноста за само една недела

    rnrn

    Важно!

    rnСо ваквата рутина им кажувате на телото и на духот дека со повеќе сон ќе имате повеќе енергија и волја за извршување на обврските, а воедно и подобро здравје. Колку и да ви звучи страшно тоа што ќе мора да си легнувате рано и да станувате дури и порано од предвиденото, бидејќи така ви налага рутината, треба да сфатите колку ја зголемувате вашата продуктивност. Половина час излежување во кревет наутро или „висење“ пред компјутер е далеку полоша варијанта од раздвижување на телото и умот и воспоставување здрава навика. Кога тргнувате од дома знаејќи ги вашите цели и задачи за денот и фокусирајќи се на истите, вие буквално се движите кон нивно остварување со многу помал притисок.rnrnМислите дека никогаш нема да успеете да воспоставите една ваква навика во вашиот живот? Се двоумите дали навистина нешто ќе се промени? Ваше е да пробате и да утврдите самите. Ја имате целата наредна недела да проверите дали овој рецепт за поголема продуктивност позитивно ќе влијае на вас.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку доволно силни причини да си побарате друга работа

    Неколку доволно силни причини да си побарате друга работа

    Се сметате себеси за одговорен и работлив човек, но едноставно не уживате во работата која ја имате. Во ваков случај платата и повремената искра надеж е она што ве одржува и понатаму да останете и да го печалите лебот на тоа работно место. Но, сепак проблемите секогаш испливуваат на површина и кога тогаш, ќе морате да пресечете и да кажете дека е доста. Секогаш треба да го гледате најдоброто за вас и вашите интереси да бидат пред сè друго. Ова се неколку, доволно силни причини да почнете да барате ново работно место, макар и за помала плата, но за поголемо задоволство и поголемо уживање.rnrnНеколку доволно силни причини да си побарате друга работаrn

    Комуницирате со колегите само за да се пожалите од работата

    rnПорано кога бевте свежи и ентузијастички настроени, со сигурност сте се труделе подобро да се запознаете и да се дружите со колегите. Кога уживате во работата, уживате и во социјализацијата со колегите. Сега, сè поретко разговарате, а кога тоа се случува најчесто го озборувате шефот и директорот, се жалите за работните проблеми, работните услови и слично.rn

    Колегите напредуваат пред вас

    rnПогледнете ги колегите кои се понапредни од вас. Дали тие се вклучија во организацијата после вас? Доколку е така, тогаш можеби е време да го промените работното место бидејќи или не давате сè од себе или повисоките раководни лица не ве ценат вас и вашиот труд.rn

    Не можете да се сетите кога последен пат сте научиле нешто ново

    rnБез постојан предизвик не можеме да очекуваме дека ќе бидеме ентузијасти и свежи постојано и дека ќе бидеме возбудени за работата. Без разлика во кое поле работите и на кое ниво сте, доколку не учите нови работи, тогаш е време да продолжите по друга патека.rnrnНеколку доволно силни причини да си побарате друга работаrn

    Не можете да се сетите кога последен пат некој ве пофалил дека одлично си ја завршувате работата

    rnДобро завршената работа и позитивниот фидбек од сработеното одат рака под рака. Доколку не го добивате позитивниот фидбек, не мора да значи дека не си ја вршите работата како што треба. Можеби некој друг не знае доволно добро да си ги мотивира вработените, па лошиот менаџмент може да ви ја убие вашата желба за работење.rn

    Заспивате на работните состаноци

    rnРаботните состаноци знаат да бидат досадни и да бидеме реални, сите после некое време се исклучуваат. Но, почнете да забележувате колку често ви се случува ова. Доколку увидите дека често ви се случува и дека не ви е интересно, а наместо тоа почнувате да размислувате што ќе јадете после или што филм ќе гледате вечер, тогаш почнете да праќате мотивациско писмо и портфолио во други фирми, бидејќи веќе не ви е предизвик да работите на тоа работно место.rn

    Односот со работодавецот ви е ужасен

    rnДоколку односот со вашиот работодавец ви е толку лош, што нема начин како да се врати во нормала, тоа е силна причина да си заминете и да барате нова работа. Голем број работодавци не знаат да признаат грешка и секогаш вината ја бараат во вас, па некогаш едноставно не вреди да трпите стрес и постојано да сте нервозни поради неговиот карактер.rnrnНеколку доволно силни причини да си побарате друга работаrn

    Мисијата на организацијата е спротивна од вашите етички принципи

    rnБез разлика дали работите во бизнис во кој работодавецот ве тера да лажете за квалитетот на продуктот или работите во организација која ги гази вашите претходно утврдени ставови, не вреди вие да си одите спротивно од вашите принципи за да му го полните некому џебот. Точно е дека во денешно време тешко се наоѓа работа и дека понекогаш треба да се подголтне и да се прифати тоа што ни е понудено, но не по секоја цена.rn

    Преголем стрес

    rnНајчесто стресот е правопорционален со тежината на работата и односот на работодавачот кон вас. Неретко сите посветени работници стресот си го носат и дома, а тоа им се одразува на односот со семејството и пријателите. Доколку сметате дека работата е повредна од тоа, продолжете да работите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лекции кои треба да ги научиме пред да дипломираме

    Лекции кои треба да ги научиме пред да дипломираме

    Образованието кое го добиваме воопшто не нè подготвува за предизвиците кои нè чекаат. Наместо во текот на студирањето да нè убедуваат дека се ќе биде во ред откако ќе ја земеме дипломата и дека брзо ќе се снајдеме во својата работа, добро би било за промена да почнат да нè подготвуваат за реалниот живот.rnrnЛекции кои треба да ги научиме пред да дипломирамеrnrn„Научете“ ги овие лекции кои секој од вас мора да ги знае пред да дипломира…rnrn1. Сите ние се бориме за најдоброто образование. Но, каде се наоѓа тоа? Најдоброто образование не е она кое ви овозможува добро да заработувате, туку она кое ви го отвора патот кон слободата, ви овозможува да се изградите во уникатна личност и на долг пат ве води кон исполнет живот.rnrn2. Постојано барајте совети, но само од оние луѓе на кои се угледувате. Или пак, едноставно барајте совети од најголемите литературни и филозофски дела. Шекспир и Платон биле многу помудри од сите луѓе кои досега сте ги сретнале во вашиот живот.rnrn3. Од друга страна, не делете совети доколку никој не ве прашува.rnrn4. Продолжете да поставувате „смешни“ прашања. Луѓето можеби ќе ве гледаат чудно, но вие барем сте се сетиле да прашате.rnrn5. Бидете многу отворени кон вашите чувства и кон интуицијата. Тие несвесно пробуваат да ви покажат нешто. И скоро секогаш се во право.rnrn6. Не бидете завидливи. Секогаш кога ќе наидете на некој кој е подобар или поуспешен од вас, можете да реагирате на два начина – завидливо или ривалски. Завидливоста е болката која ја чувствувате бидејќи другите имаат добри нешта, а ривалството е болката која ја чувствувате бидејќи вие самите ги немате. Ова е суптилна, но клучна разлика. За разлика од завидливоста, која е бескорисна во најдобар случај и себепоразувачка во најлош, ривалството е добро бидејќи нè тера да преземаме чекори за да ја постигнеме својата цел.rnrn7. Останете пријатели со луѓето кои ве влечат нагоре, а не со оние кои ќе ве буткаат надолу. Подобро е да ве учат отколку вие да учите други. Со тек на време, станувате исти како и вашите пријатели.rnrn8. Никогаш не започнувајте врска само затоа што се чувствувате осамено, несигурно, зашто ви е досадно или пак, зашто опшетеството го очекува тоа од вас. Во вакви ситуации нештата знаат да тргнат на многу лошо.rnrn9. Истото правило важи и за одлуката да имате деца.rnrn10. Не очекувајте да најдете совршена љубов, совршена доблест или совршена мудрост во овој свет. Овие нешта едноставно не постојат во своите идеализирани форми или барем надвор од нашата имагинација.rnrn11. Доколку имате избор помеѓу смеење или плачење, одлучете се за смеење. А ако не можете, станете филозоф. :)rnrn12. Сите погоре наведени совети си бараат одреден степен на самодоверба. Пробајте да ја развивате, а потоа таа самата ќе ви премине во навика. И секако, самодовербата е многу привлечна особина.rnrn13. Најважното правило е: никогаш не плашете се. Или барем погрижете се да изгледа како да не се плашите. Стравот е магнет за лоша среќа.rnrn14. Ако нешто не сакате, поголеми се шансите тоа да го добиете. Уште поважно, кога нешто навистина сакате, бидете сигурни дека тоа ви е важно. Запомнете богати сме заради она што го имаме, но и заради она што го немаме.rnrn15. Не лутете се. Исто како и стравот, лутината може да ви донесе повеќе зло отколку добро.rnrn16. Човекот истовремено е и производ и жртва на светот во кој живее. Тој постојано одбира да ги поднесува оние нешта кои одлучил да ги прави. Доволно е да бидете свесни за ова и веднаш ќе се чувствувате послободно, а со еден слободен чекор можете да си го промените текот на целиот живот.rnrn17. Пронајдете го она нешто што навистина сакате да го работите и започнете да го работите, без разлика што другите мислат. На тој начин нема да се чувствувате како да работите и поголеми се шансите дека ќе бидете одлични во својата работа.rnrn18. Доколку имате избор, гледајте да не работите за други луѓе или пак уште полошо, за безлични компании. Тоа психолошки воопшто не е здраво за вас. Исто така е и игра во која никогаш нема да можете да победите.rnrn19. Размислувајте долгорочно и имајте многу трпение. Основната разлика помеѓу успешниот и неуспешниот човек е тоа што успешниот направил план и успеал да го спроведе докрај.rnrn20. Кога ќе постигнете успех или ќе ја пронајдете среќата, не очекувајте дека некој ќе биде среќен за вас. Всушност, многу луѓе ќе ве презираат, понекогаш дури и пријателите и роднините. Немојте да се нервирате, само прифатете го тоа и продолжете понатаму.rnrn21. Освен ако вашата работа не е и ваша страст, работете за да можете да живеете, а не обратно. Поминувајте барем половина од будните часови во откривање на светот околу вас. Никогаш не заборавајте дека нашата свесност и можноста да го доживуваме сè она што е околу нас е нашиот најголем подарок.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 принципи на успешните луѓе

    8 принципи на успешните луѓе

    Успехот по дефиниција е остварување на некоја цел или намера. Но, многу често е повеќе од тоа. Успехот значи да се биде сведок на остварувањето на сопствениот сон, напорната работа која конечно ви се исплатила и зголемувањето на самодовербата.8 принципи на успешните луѓеДали сте поставиле цели кои сакате да ги остварите? Дали сте опкружени со успешни луѓе на кои им се восхитувате? Ова се 8 принципи на секој успешен човек кои ќе ви помогнат да го почувствувате вкусот на успехот.rn
    rn

    Принцип # 1 – Знајте што сакате

    rnУспехот е релативна работа, па затоа поработете на вашето сфаќање за тоа што е успех. Не како другите го разбираат успехот, туку што за вас значи да се биде успешен. Размислете за тоа што ви е навистина важно. Замислете си дека сте оствариле некоја ваша цел. Како се чувствувате? Што е поразлично од порано? Дали вредел сиот труд кој сте го вложиле? Знајте што точно е вашата цел и фокусирајте се на тоа.rn
    rn

    Принцип # 2 – Работете напорно

    rnНикому успехот не му паѓа од небо. Секако, некој може да е богат или познат поради тоа што е роден во такво семејство, но нема да значи дека е успешен. Секој треба да го заслужи и заработи сопствениот успех, во спротивно, ни славата ни парите нема да траат долго.rn

    Секој успешен човек би ви кажал дека успехот не го заработил лесно. Стигнувањето до целта подразбира долги и непроспиени ноќи, напорни денови, пот и солзи, но штом ќе се искачите, ви станува јасно колку глетката од врвот е посебна.8 принципи на успешните луѓе

    rnrn

    Принцип #3 – Продолжете да учите и да се надградувате себеси

    rnНе постои човек кој се родил учен. Нема некој кој знае сè што треба да знае. Секогаш може да се информирате повеќе. Самоуките не се експерти, тие се самопрогласени експерти. Знаењето се добива од книга и искуство. Дури и кога ќе помислите дека знаете сè, многу работи ќе се променат. Светот се врти и се менува, секогаш излегува нешто ново.rnrnУспешните луѓе знаат како да се носат со новите трендови на секое поле. Останете информирани, прибирајте податоци, секогаш бидете во тек. Во денешно време, кога на секој чекор може да ја најдете потребната информација, игнорирањето на знаењето е сопствен избор.rn
    rn

    Принцип # 4 – Секогаш движете се нанапред

    rnЗапомнете дека патот од 1.000 чекори започнува со еден чекор. Секогаш придвижувајте се кон целта, дури и ако станува збор за чекор по чекор. Имате цел, значи имате и насока по која треба да се движите. На крајот на секој ден размислете што сте презеле во текот на денот за да направите макар еден чекор плус.rn
    rn

    Принцип # 5 – Останете фокусирани

    rn

    Исклучете се од непотребните работи кои ви одземаат време и енергија. Не скршнувајте од вашиот пат. Направете си визуелна табла во мислите каде ќе ги „закачите“ вашите цели и желби за во иднина, и секогаш имајте ја на ум.8 принципи на успешните луѓе

    rnrn

    Принцип # 6 – Бидете позитивни

    rnСекоја работа има позитивности и негативности. Ако се фокусирате најмногу на негативностите, околу вас ќе изградите ѕид од нервоза, стрес и негативни мисли, кој ќе ве спречи да одите напред кон успехот. Фокусирајте се на позитивните работи кои ќе ве мотивираат за повеќе.rnrnНекогаш ќе се прашувате дали воопшто трудот вреди и дали ќе успеете, но на вашите стравови секогаш одговорете им со верба и надеж. Дали некогаш ќе направите погрешни избори? Најверојатно, бидејќи сите ги прават. Но со позитивни мисли, секогаш ќе се враќате назад по правиот пат, а со верба ќе направите нов чекор напред.rn
    rn

    Принцип # 7 – Бидете благодарни и помагајте им на другите

    rnКога се стремите кон нов успех, значи се стремите кон нешто кое чувствувате дека го немате. Тоа може да ви падне тешко. Затоа, иако се трудите да постигнете повеќе, не заборавајте да бидете благодарни за она што го имате.rnrnНе претворајте се во амбициозни личности кои сакаат останатите да ги турнат долу. Колку повеќе давате, толку повеќе добивате. На патот кон успехот, не заборавајте ги блиските и луѓето на кои им треба ваша помош.rn
    rn

    Принцип # 8 – Никогаш не откажувајте се

    rnВие ја имате таа цел со причина, исто како што сè што постои, постои со причина. Иако е лесно да се каже, а многу тешко да се направи, сепак имајте на ум дека не смеете да се откажете од вашиот сон. Ако на патот до успехот удрите во ѕид, побарајте ја вратата, ако ја нема, најдете прозорец, не заборавајте, крајната дестинација е сепак успехот.rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Жените донесуваат подобри деловни одлуки од мажите

    Жените донесуваат подобри деловни одлуки од мажите

    Кога станува збор за работа, жените и тоа како можат и треба да им парираат на мажите за високите позиции, бидејќи најновите истражувања покажуваат дека тие многу често знаат да бидат поуспешни од машките во донесувањето на важните одлуки во компаниите.Жените доносуваат подобри деловни одлуки од мажитеИстражувањето покажало дела жените се поправедни при донесувањето на важните одлуки, што придонесува за поуспешна работа на фирмата за којашто тие работат. Од друга страна, машките при донесувањето на важните одлуки се посклони да се водат строго по прописите и правилата, додека жените многу помалку се ограничуваат само на овие работи. Тие сакаат да се потпираат на добра соработка и постигнување консензус.rn
    rn

    „Жените секогаш сакаат да разгледаат повеќе можни решенија, што е многу важно особено кога во предвид треба да се земе мислењето на повеќе страни“. – вели Грегори Мекин, еден од истражувачите.

    rnВо ова истражување учествувале 600 мажи и жени кои се наоѓаат на директорски позиции во компании од различен карактер.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 митови за вработените жени

    3 митови за вработените жени

    Дали мажите и жените се еднакви на работните места? Поради која причина жената се откажува од својата кариера? Чија кариера е поважна? Ова се трите најголеми митови за жените со кариера, но постојат начини да им се спротивставиме на тие верувања.3 митови за вработените жениrn

    1. Мажите и жените се еднакви на работните места

    rnБи требало да сме еднакви, но не сме. Сè уште во просек мажите заработуваат повеќе од жените, а неретко нивната работа и повеќе се цени. Што можеме да направиме за да го промениме ова?rnrnНе само да зборуваме, туку да делуваме. Промовирајте се самите себе, истакнувајте се, не дозволувајте да ве стават во сенка само затоа што сте жена. Доколку работите иста или слична работа со вашиот колега, а сте помалку платени, дејствувајте и барајте го она што праведно ви следува.rnrnНајважно од сè – ако се трудите да бидете еднакви со мажите и да ве сфатат сериозно, подгответе се да одите по потешкиот пат! Колку е лицемерно да се бориш за полова еднаквост, а да се трудиш да го добиеш вниманието на шефот облекувајќи се провокативно? Една жена секогаш треба да е средена и убаво облечена, но мора да е ценета поради својата способност, а не да потхранува нечие его.rnrnНе дозволувајте да бидете сфатени на шега. Не дозволувајте некој да помисли дека само затоа што сте жена вие сте лесен противник. Дајте им на сите до знаење колку сте борбени и дека не планирате да се откажете од своето работно место или од унапредување, поради која било причина.rn
    rn

    2. Жените се откажуваат од кариерата кога ќе родат бидејќи така сакаат

    rnМногумина ќе помислат дека поради мајчинскиот инстинкт, жената порадо би се откажала од својата кариера за да остане дома со детето. Но, истражувањата покажуваат дека жените најчесто се приморани да се откажат од својата кариера, а тоа ги прави депримирани.rnrnПоради што се приморани? Реално, ретко кој маж ќе пружи вистинска помош откако детето ќе се роди, најчесто сè останува на грбот на жената. Во нашето општество, жената нема да биде сфатена од семејството или пријателите дека ја заслужува својата кариера и дека и покрај тоа што родила, треба да се врати на работа. Најчесто и работодавците не се попустливи кон младите мајки. Отворено разговарајте со вашиот шеф и замолете го да ви излезе во пресрет на одреден период. Исто така, вашиот сопруг мора да знае дека обврските на двајцата родители се еднакви.rn
    rn

    3. Кариерата на мажот е поважна од кариерата на неговата сопруга

    rnВистината е дека на жените им е потребна кариерата исто колку и на мажите, можноста жените да бидат успешни е еднаква со онаа на мажите. Застанете на исто рамниште со својот сопруг и дајте му до знаење дека имате потреба и способност да се надоградувате себеси исто колку и тој.rnrnСè повеќе мажи посакуваат нивните жени да работат. Финансиската сигурност во семесјтвото е поголема, а доколку еден од партнерите ја изгуби работата, ќе имаат поткрепа додека да се врати во игра.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дизајнирајте визит карта со помош на психологијата

    Дизајнирајте визит карта со помош на психологијата

    Кога дизајнирате визит карта, изборот на естетските елементи има многу поголемо влијание од едноставно разубавување на самата картичка. На пример, просторот помеѓу зборовите и боите можат да привлечат позитивно внимание кон вашиот бренд доколку знаете како правилно да ги искористите.rnrnДизајнирајте визит карта со помош на психологијатаrn

    Простор

    rnВнимавајте на просторот помеѓу буквите, зборовите и помеѓу редовите. Соодветниот празен простор му овозможува на читателот побрзо да ги обработува информациите.rnrnСовет: Погрижете се висината на празниот простор помеѓу редовите да биде поголема од висината на буквите.rnrn

    Типографија

    rnОдлучете дали сакате да употребувате sans-serif или serif фонтови. Sans-serif обично се употребува за заглавја, додека пак другиот вид се поефикасни за останатиот текст.rnrnСовет: Не правете комбинација од различни фонтови од ист тип (на пример, Verdana + Tahoma) во текстот бидејќи ќе остави непрофесионален впечаток.rnrn

    Избор на фонт

    rnВерувајте, изборот на фонтот игра огромна улога. Секој фонт има посебна улога и пренесува различно значење. Некои фонтови на пример, се посоодветни за визит карта од областа на бизнис со чоколади и други видови слатки, додека пак истиот тој фонт воопшто не би изгледал добро на визит карта за личност која е вработена во банка.rnrnСовет: Со фонтот што ќе го одберете, искуцајте ги зборовите кои сметате дека го опишуваат. Ако изгледа како да се совпаѓаат со карактерот на фонтот, тогаш отприлика ќе знаете какво влијание ќе има врз оние кои го читаат.rnrn

    Празен простор

    rnПразниот простор е еден од клучните елементи при дизајнирање на визит картата. Ако имате премногу информации и премалку празен простор, читателот нема да знае на каде да се насочи и да го идентификува она што е најважно…rnrnСовет: Оставањето повеќе празен простор се смета за софистицираност, додека пак визит карта која е пренатрупана со текст може да делува евтино. Употребете многу празен простор за да го истакнете дизајнот на визи картата и да им овозможите на луѓето веднаш да ги лоцираат најважните информации на неа.rnrn

    Бои

    rnБоите можат да ја истакнат вашата визит карта, но исто така можат да пренесат и скриена, емоционална порака. На пример, црвената боја се интерпретира како љубов, енергија и опасност. Жолтата како интелигенција, внимателност и плашливост. А сината пак, како смиреност, самодоверба и искреност.rnrnСовет: И покрај тоа што одредени бои сугерираат одредени значења, сепак тоа не значи дека во вашиот случај не можете да го смените значењето на бојата што ќе ја одберете. Размислете зошто ви се допаѓаат одредени бои и какво значење би можеле да имаат тие за читателите.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Со фенг шуи бои до подобар бизнис

    Со фенг шуи бои до подобар бизнис

    Сигурно досега имате слушнато за Фенг шуи, бидејќи последниве неколку години е ултрапопуларно низ целиот свет. Без разлика дали верувате или не во неговата моќ, сепак погледнете ги наредниве неколку начини со кои преку боите можете му помогнете на вашиот бизнис. Секоја боја има свое значење и испраќа одредена порака. Тука ќе ги пронајдете 6-те бои на виножитото и нивното Фенг шуи значење.rn

    1. Виолетова

    rnСо Фенг шуи бои до подобар бизнисrnrnНајтемната боја на виножитото е кралската боја во Фенг шуи. Таа во основа е Јинг и поради тоа е боја која го подобрува физичкото и менталното здравје. Виолетовата боја смирува и има способност да ја намали тензијата. Таа исто така е и бојата на богатството и напредокот. Најмногу ја употребуваат компании чии производи се наменети за жени или за деца. Оваа боја означува моќ и висока интелигенција.rnrnВиолетовата боја може да се забележи кај претставниците на големите компании, како и кај медицинските сестри или наставниците. Исто така таа е одлична боја за спа-центрите или за бизнис поврзан со слатки. Виолетовата би требало да е ваш избор доколку водите стресен бизнис, бидејќи таа по природа ги смирува луѓето. Меѓу другото, таа е добра и за бизнис со антиквитети бидејќи на некој начин е и боја која предизвикува носталгија.rn

    2. Сина

    rnДруга боја која опушта и смирува е сината, бојата на океаните и небото и токму поради тоа означува авантура и слободен дух. Таа е најуниверзалната боја во бизнисот. Предизвикува појава на доверба, лојалност, сигурност и одговорност, па поради тоа ја носат голем број луѓе. Но, таа исто така се смета и за многу предвидлива и конзервативна.rnrnБидете внимателни кога носите сина боја во бизнисот. Премногу од неа може да предизвика досада и може да биде непривлечна кај помладата публика. Сината најчесто е боја која ја избираат банките, компаниите за осигурување, здравствените установи и сите други бизниси каде што довербата и сигурноста се многу значајни. Доколку не сакате вашиот бизнис да се сфаќа како досаден или конзервативен, тогаш подобро одбирајте светло сини бои, отколку темно сина или индиго.rn

    3. Зелена

    rnСо Фенг шуи бои до подобар бизнисrnrnЗелената е бојата на природата, свежината, балансот и хармонијата. Без разлика кој е вашиот бизнис, добро е одвреме-навреме да искомбинирате малку зелена боја. Темните нијанси на зелена се поврзани со пари, престиж и богатство, додека посветлите нијанси претставуваат свежина, раст, добрина и симпатија. Избегнувајте ги оние најсветлите и најсилни зелени бои бидејќи се сфаќаат како детинести.rnrnЗелената е одличен избор за кој било бизнис, но дефинитивно не смее да се заборава кај органските, здравствените и бизнисите со храна. Зелената го стимулира апетитот, па поради тоа е одлична идеја да ја имате доколку водите ресторан или кетеринг бизнис.rn

    4. Жолта

    rnНајсветлата боја од виножитото можеби и не е најдобар избор кога станува збор за бизнис. И покрај тоа што некои студии покажале дека долгото изложување на оваа боја може да доведе до анксиозност, според Фенг шуи таа е поврзана со комуникацијата, здравјето и пријателството. Жолтата ја стимулира логичката страна на мозокот и го прочистува умот. Таа го подобрува аналитичкото размислување и влијае на подобро расудување.rnrnСекој вид на бизнис кој е поврзан со деца (играчки, градинки…) би требало барем до некој степен да ја употребува жолтата боја. Продуктите за убавина кај жените исто така би требало да содржат жолто бидејќи таа е многу примамлива боја и луѓето веднаш ја забележуваат. На тој начин лесно ќе го издвоите вашиот продукт од останатите околу него. За сите останати бизниси, добро е да ја користат оваа боја во помали количини, не како доминантна боја.rn

    5. Портокалова

    rnСо Фенг шуи бои до подобар бизнисrnrnПортокаловата боја според Фенг шуи е одговорна за организација. Во принцип таа е Јанг, па поради тоа ја подобрува концентрацијата, како и креативноста. Таа е топла и жива боја, енергија комбинирана со забава и најмногу се поврзува со оние луѓе кои се отворени, оптимисти и авантуристи.rnrnОваа боја најмногу се забележува во рестораните, агенциите за патувања и кафулињата. Таа е одлична за кој било бизнис поврзан со деца бидејќи тие најчесто многу ја сакаат оваа боја – колку посветла, толку подобро. Но, не е секогаш најдобар избор за во светот на бизнисот бидејќи премногу од неа може да асоцира на несигурност и арогантност. Бидете внимателни кога ја употребувате портокаловата. Најдобро е да не ја правите доминантна боја, туку да биде само дел од одредени детали.rn

    6. Црвена

    rnПоследната боја од виножитото во Фенг шуи е бојата на добрата среќа, самодовербата и парите. Но, таа исто така е и боја на гнев и лутина, па поради тоа најдобро е да не претерувате со неа. Црвената е одлична боја за оние бизниси кои се поврзани со љубов и секс. Таа исто така е и боја на мажественоста, па поради тоа е соодветна за бизнис кој работи со машки колекции. Црвената најчесто се употребува во рестораните и центрите за шопинг.rnrnЦрвената боја покажува енергија и позитивно размислување, но исто така се поврзува и со крв, војна и насилство. Премногу од оваа боја може да предизвика анксиозност и лутина, па поради тоа пожелно е умерено да ја употребувате.rnrnНе мора да носите само црно за да изгледате професионално. Додавањето на одредени бои може да биде одлична идеја за вашиот бизнис – пробајте! Која е вашата омилена бизнис боја?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.