КАФЕ ПАУЗА

Category: Работа

  • Најдобри професии за срамежливи луѓе

    Најдобри професии за срамежливи луѓе

    Изборот на кариера е еден од најважните избори во вашиот живот, кој пред сè треба да биде базиран на вашиот карактер. Постојат луѓе кои уживаат да работат во групи, постојано да комуницираат и да се дружат со колеги и клиенти, но има и такви на кои комуникацијата не им е баш јака страна. Вие треба да уживате во она што го работите без ништо да ве спречува. Не треба да се трудите да се промените, треба само да ја изберете соодветната професија за вас. Доколку сте посрамежливи, ова се професиите кои се најприкладни за вас:rnrnНајдобри професии за срамежливи луѓеrn

    Програмер

    rnАко имате познавање од компјутери и програмски јазици, можеби ова е совршената работа за вас. Програмерите креираат софтверски програми работејќи во затворени канцеларии, најчесто сами. Секако дека мора да има комуникација и соработки со фирми и личности бидејќи комуникацијата во ниедна професија не може да биде сведена на нула, но сепак од овој аспект имаат повеќе олеснителни околности за разлика од други професии.rn

    Сметководител

    rnАко сте срамежливи, но добри со бројки, зошто да не се насочите кон ваква кариера? Сметководителите подготвуваат финансиски извештаи и евиденции и се грижат за точноста и исправноста на финансиските документи. Се случува сметководителите да имаат директен контакт со клиенти, но нивната снаодливост во секојдневната комуникација не е пресуден фактор за тоа колку успешна кариера ќе имаат.rnrnНајдобри професии за срамежливи луѓеrn

    Помошник-адвокат

    rnСамо затоа што сте срамежливи не значи дека треба да се откажете од кариера како правник. Ако го сакате правото, можеби би било најдобро да бидете помошник-адвокат. Станува збор за асистенти на високо квалификувани адвокати кои изработуваат извештаи и спроведуваат правни истражувања.rn

    Графички дизајнер

    rnДали сте креативни и имате уметнички ум? Доколку не би можеле да се замислите себеси во секојдневна интеракција со различни клиенти, кариерата како графички дизајнер е совршена за вас. Графичките дизајнери цртаат визуелни концепти, рачно или на компјутер. Најчесто креираат изглед за веб-сајтови или печатени материјали, како брошури, списанија и корпоративни извештаи, како и телевизиски реклами.rnrnНајдобри професии за срамежливи луѓеrn

    Истражувач на анкети

    rnЗадача на луѓето со ваква професија е да прават анкети и да истажуваат кои се ставовите, плановите и желбите на населението. Анкетарите се платени од разни видови организации кои поради одредена причина сакаат да дознаат кои се мислењата на луѓето на некоја тема. Оваа работа бара контакт со луѓе, но најчесто преку телефон или интернет.

  • Зошто работата е сепак добра за вашето здравје?

    Зошто работата е сепак добра за вашето здравје?

    Во низата вести кои го поврзуваат работното опкружување со лоши последици врз здравјето, тешко е да ги препознаеме добрите страни на состојбата на стална вработеност.Зошто работата е сепак добра за вашето здравје?Кога станува збор за здравјето, работата обично има лоша репутација и се врзува со разните проблеми предизвикани од прекумерното седење, растроеното спиење поради работењето во смени и ред други негативни последици. Но, новото истражување кое го спровело британското министерство за труд и пензии, покажало дека вработените лица помалку се разболуваат, имаат помал ризик од заболување од хронични болести, помали се шансите да патат од ментални болести и генерално, имаат пониска стапка на смртност.rnrnСе разбира, овие позитивни последици се однесуваат на оние кои имаат добра работа, со солидна плата, редовен годишен одмор, разумно работно време, се чувствуваат задоволни и сметаат дека припаѓаат во таа околина.rnrnВоедно, оние кои имаат добар однос со колегите, ќе живеат подолго – покажало истражувањето. Чувството на припадност на некоја група претставува друштвена „сигурносна мрежа“, која се поврзува со долгиот животен век кај луѓето.rnrnИсто така, вашата работа ви помага да се чувствувате корисни. Некои истражувања покажуваат дека сѐ поголем е бројот на луѓе кои одлучуваат да работат и во својата длабока старост, бидејќи сакаат да имаат причина да станат наутро од својот кревет, а тоа му дава смисла на човечкиот живот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Создадете успешен работен тим

    Создадете успешен работен тим

    Тимската работа е од клучно значење за повеќето работни места. Многу е важно секој поединец на тимот да ги разбира својата цел, функција и надлежности со цел сите заедно да ја завршат работата ефикасно. Според Кејт Вард, автор на книгата „Личен стил на работа“, потребни се четири видови поединци за да се создаде успешен работен тим. Создадете успешен работен тимrn

    Директен поединец

    rnДиректен член на тимот е обично оној кој ги собира сите членови заедно и ја дава структурата на задачата или целта. Оваа личност е одлучна, сака акција, успех и подготвена е да им помогне на другите. Директниот член на тимот може да учествува во конфликт, но тоа е за општо добро. Независноста за него е од клучно значење. Ќе ги слушне сите презентирани идеи и ќе одлучи што е најдобро за остварување на целта. Сепак, оваа личност, исто така, може да биде нетрпелива и нечувствителна кога дава повратни информации. Создадете успешен работен тимrn

    Духовен поединец

    rnДуховен член на тимот е личноста која постојано е полна со енергија и ентузијазам. Неговиот стил на работа се темели на духовните квалитети. Важи за најгласен поборник кој ги мотивира, ги воодушевува и ги инспирира останатите членови на тимот. На тој начин ја задржува позитивната енергија при остварувањето на целта. Од овој член потекнуваат многу необични, но практични идеи за работа. Духовниот поединец има решение за секој проблем. Сепак, овие личности често се расеани и не се водат според зацртаниот план. Создадете успешен работен тимrn

    Внимателен поединец

    rnВнимателниот поединец е оној кој ги држи членовите на тимот заедно и покрај сите подеми и падови. Тој ја одржува хармонијата на тимот и се смета за најдобар слушател. Оваа личност е одговорна за преговарање и договарање со другите личности кои не се дел од тимот. Внимателниот поединец е флексибилен кога се работи за остварување на целта. Но, овој член од тимот може да биде многу колеблив при искажувањето на своите чувства, што понатаму е причина за неговата пасивност. Создадете успешен работен тимrn

    Систематски поединец

    rnСистематскиот член на тимот е оној кој практично ја завршува работата. Оваа личност сака јасно дефинирани задачи за кои веќе е определен рок. Систематскиот поединец е целосно спротивен на духовниот поединец. Овој член не поседува високо ниво на креативност и иновативност, но затоа може да се пофали со совршена усогласеност, прецизност, точност и објективност. Кога е потребно фер и искрено мислење, целиот тим може да смета на систематскиот член. Сепак, на оваа личност поважни ѝ се точните податоци отколку односот меѓу членовите на тимот и лесно може да стане жртва на сопствениот перфекционизам. Создадете успешен работен тимrnrnСледниот пат кога ќе бидете дел од тимска работа, идентификувајте го вашиот личен стил на работење. Така ќе знаете како можете најмногу да придонесете за тимот и за работата.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да станете подобри промотери?

    Како да станете подобри промотери?

    Вашиот успех како промотери зависи од многу фактори, пред сè од тоа какви сте вие како личност. Сепак, постојат одредени правила и совети кои доколку ги следите би ви помогнале во тоа да бидете поуспешни во вашата работа како промотери.Како да станете подобри промотери?1. Облекувајте се пристојно.rnrn2. Бидете во склад со она што го промовирате.rnrn3. Бидете чисти и уредни (во облеката, но и на вашиот штанд/пулт).rnrn4. Говорете гласно и јасно за да привлечете внимание, но не бидете прегласни.rnrn5. Бидете сконцентрирани и секогаш изгледајте заинтересирано.rnrn6. Смејте се.rnrn7. Зборувајте сигурно и самоуверено.rnrn8. Доколку некој загуби интерес во текот на вашето зборување, придобијте го неговото внимание со покачување на тонот, некаква гестикулација и дирекно ставање акцент на неговата придобивка од акцијата.rnrn9. Гледајте ги луѓето во очи.rnrn10. Знајте ги наизуст добрите страни и начините на употреба на производите кои ги промовирате.rnrn11. Изразувајте се литературно.rnrn12. Секогаш имајте резервна варијанта во начинот на презентирање.rnrn13. При грешка направете шала на своја сметка.rnrn14. Зближете се со потрошувачите и понудете им ја вашата помош при изборот на производи.rnrn15. Не бидете премногу нападни, дајте им простор на потрошувачите сами да ја донесат својата одлука.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како до одлични организациски вештини?

    Како до одлични организациски вештини?

    Кога ќе одлучите да започнете со нешто ново, секогаш ќе постојат низа на препреки кои мора да ги поминете за на крајот да можете да бидете успешни. Кога ќе решите да започнете со вашата кариера, треба да бидете подготвени за соочување со различни видови на предизвици, но и да знаете да ги идентификувате способностите кои ќе ви бидат потребни за напредок. Една од тие способности кои ќе треба да ги развиете, се и организациските вештини. Тие понекогаш можат да бидат малку потешки за стекнување, но со тек на време преку следење на неколку едноставни совети, ќе можете и вие да ги совладате.Како до одлични организациски вештиниПроценете ги вашите сегашни стратегии – Размислете добро како се справувате со вашите секојдневни обврски. Дали веднаш ги одредувате вашите приоритети и започнувате со работа, или пак оставате на „судбината“ да одлучи за вас? Оценете ја вашата моментална работа и притоа обидете се да бидете малку подисциплинирани од вообичаено.rnrnКако до одлични организациски вештиниЗапочнете полека – Откако целосно ќе го запознаете вашиот начин на работа, треба да започнете полека да го менувате кон подобро. Со развивање на вашите организациски вештини таа цел многу полесно ќе ја постигнете. Секако мора да започнете со полесни задачи, бидејќи ако започнете со нешто преголемо и притоа не успеете – големи се шансите дека ќе се обесхрабрите и ќе се откажете. Одредете си неколку едноставни дневни задачи и обидете се да ги завршувате на време.Како до одлични организациски вештиниНаправете повеќе слободно место во работниот простор – Редовното расчистување на просторот во кој работите, е прв знак дека сте на добар пат кон стекнување одлични организациски способности. Тргнете ги непотребните работи и наредете ги оние кои ви се потребни така што ќе ви бидат на дофат. На овој начин ќе можете побрзо да ја завршувате вашата работа и дефинитивно нема да имате потреба да барате нешто обично како пенкало цел час пред да започнете со вашите работни обврски…Како до одлични организациски вештиниРаботете чекор по чекор – Направете кратка шема каде што ќе ја поделите вашата работа во неколку чекори и потоа обидете се да ја следите. На овој начин ќе си ја олесните работата, но и ќе си помогнете така што на крај кога ќе ги проверувате добиените резултати, ќе можете побрзо да пронајдете грешки и неправилности.Како до одлични организациски вештиниИмајте самодисциплина – Таа е клучна доколку сакате да бидете поорганизирани. Започнете така што ќе си направите листа на работи кои мора да ги завршите во текот на денот на денот. На пример, организирајте ги вашите документи, исчистете ја темелно областа во која работите… Ова ќе биде почетокот при формирањето на вашата самодисциплина. Можете да се обидете и со техниката наречена „не крши го синџирот“ која може многу да им помогне на вашите новостекнати навики да ви доаѓаат природно.Како до одлични организациски вештиниНаучете како да ја распределувате работата според важноста – Многу е важно да научите да проценувате кои задачи се поважни од останатите, за кои ќе ви биде потребно повеќе време да ги завршите или пак кои бараат повеќе внимание од вас. Не заборавајте дека без оваа способност нема да можете никогаш во целост да ги развиете вашите организациски способности.Како до одлични организациски вештиниОдредете ги целите и придобивките – Понекогаш поефективно ќе работите ако се мотивирате од „наградата“ која ве следува на крајот. Кажувајте си постојано на себеси што ќе добиете откако ќе завршите со тешката работа. На пример, ветете си нови обувки, книга или облека доколку завршите сè на време (или предвреме). Поставувањето цел која сакате да ја постигнете, може да ви помогне да останете организирани во текот на работата, како и побрзо и поквалитетно да ја завршите вашата работа.Како до одлични организациски вештиниНаучете да категоризирате – За почеток, означете ги сите документи, така што ќе употребите различни бои за различни категории. Нешто слично направете и со компјутерските податоци. За многу брзо време ќе научите што каде припаѓа и нема да имате потреба понатаму да означувате. Категоризирањето и организациските вештини одат „рака под рака“ така што доколку едното го совладате, нема да имате потешкотии при совладување и на другото.Како до одлични организациски вештини
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работа

    Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работа

    Бидејќи конкуренцијата за вработување е поголема од кога било, многу е важен впечатокот кој ќе го оставите кај потенцијалниот работодавец. Резимеата и интервјуата се само дел од можностите кои кандидатите за работа можат да ги употребат во своја корист. И покрај тоа што не ви гарантираме дека ќе ја добиете работата која ја посакувате, овие 10 клучни зборови со сигурност можат многу да ви помогнат доколку правилно ги употребите во вашето резиме или пак на интервјуто за работа.Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работаУпорност – Потенцијалните кандидати за работа би требало да нагласат дека упорноста им е една од најдобрите карактеристики. Најмувањето интелигентни личности е добра бизнис-практика, но интелигенција без упорност и доследност ретко води кон долготраен успех. Упорните вработени не се откажуваат така лесно и со време продуцираат подобри резултати.rnrnПризнание – Многу е важно во резимето да ги нагласите претходните достигнувања за кои имате добиено признанија. Запишете ги сите специјални награди од работа или од професионалните асоцијации во кои сте членувале. Работодавците сакаат да вработат некој кој претходно бил сметан за „ѕвезда.“rnrnРезултати – На крајот, работодавците сакаат да знаат дека нивните нови вработени ќе ја завршат работата како што треба и поради тоа многу е важно да се употреби зборот „резултати“ во секое интервју. За да ја добиете работата, мора да го убедите оној кој го одржува интервјуто дека со сигурност ќе завршите на време сè што се очекува од вас. За да ја поддржите ваквата изјава, бидете подготвени да покажете дека ги имате потребните способности и карактеристики врз база на вашето досегашно искуство.rnrnВлијание – За време на интервјуто, работодавците сакаат да слушнат каков вид позитивно влијание би можеле вие да имате во нивната компанија. Тие се заинтересирани за вредноста која може потенцијалниот кандидат да ја донесе во организацијата и начините на кои позитивно ќе влијае, посебно помеѓу вработените.rnrnКомпетентност – Овој збор е клучен, но малкумина од потенцијалните кандидати го употребуваат. Секој работодавец сака да слушне дека новиот вработен ќе може да ги исполнува задачите согласно работното место кое ќе му биде доделено.rnrnДиректност – Комуникацијата е критична за успешен бизнис и поради тоа работодавците сакаат да слушнат колку директни можат да бидат нивните потенцијални вработени. Во денешно време комуникацијата на работа е „бојно поле“ од емоции, правни работи и технологии. Способноста да се помине преку сите овие работи и при тоа да се завршат добро обврските е нешто што секој работодавец го посакува од своите вработени.rnrnСпособност за учење – Работодавците сакаат да се сигурни дека нивните вработени нема да ги прават истите грешки од минатото. Сите ние имаме неуспеси позади нас, но важно е да ги сфатиме како лекција и да не ги повториме во иднина.rnrnПосветеност – Повеќе од кога било, работодавците бараат од своите вработени да бидат посветени на нивната работа и на компанијата. Поради тоа многу е добро да ја нагласите таа ваша намера во интервјуто за работата. Размислете добро на што сте посветени и како таа посветеност ќе ù помогне на компанијата – тој одговор со сигурност ќе ви ги зголеми поените за работното место кое го посакувате.rnrnФлексибилност – Во денешната работна околина, каде што сè се одвива премногу брзо, многу е важно да ја нагласите својата флексибилност. Работната околина константно се менува и воопшто не е важно со какви способности ќе влезете во компанијата, туку потребно е да можете лесно да се адаптирате.rnrnРешенија – Работодавците сакаат да знаат дека нивните нови вработени ќе можат да бидат способни да ги решат сите проблеми на кои ќе налетаат. Тие честопати се привлечени од личности кои „зборуваат“ со јазикот на решавањето проблеми.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Излудете го шефот на 9 ефикасни начини :)

    Излудете го шефот на 9 ефикасни начини 🙂

    Преку глава ви е од тероризмот на вашиот шеф? Секогаш тој е нешто незадоволен од вас, ве критикува, мрмори и очекува да сработите повеќе одошто е возможно? Наместо да се нервирате, пробајте да го прелажете шефот и да го излудите, пред тој да ве полуди вас. За да се случи тоа, потребно е да ги следите следниве 9 чекори, односно „антисовети“ за да имате поспокоен професионален живот. :)rn
    rn

    1. Секогаш доцнете на работа

    rnПотрудете се да доцните на работа барем трипати неделно. Секое доцнење измеѓу 15 минути и 2 часа е добро, сѐ додека се држите до златната средина – доцнење до времетраење од 1 час е идеално! Притоа ќе добиете неколку прекорувања, ама нема врска, зашто и онака првиот час од работното време не правите ништо корисно освен пиење утринско кафе и дремење на Фејсбук.Излудете го шефот на 9 ефикасни начиниrn

    2. Прогласете се за болни барем по 1 ден секоја втора недела

    rnНе сте вие виновни што лесно настинувате нели? Напорно работите секој ден, па сосема е нормално да ви паѓа имунитетот. Шефот сигурно ќе преживее и без вас, а би било стварно некоректно од ваша страна доколку се појавите на работа болни и ги заразите со болеста и останатите колеги. Ако трикот со настинката веќе го имате употребено во блиско минато, можете да кажете дека имате болки во стомакот, проблеми со алергијата, болка во грбот и кичмата или расипан заб.rn
    rn

    3. Заборавете да завршите некоја задача

    rnОва е многу важно за развитокот на вашиот лош углед пред шефот. Заборавете да испратите важен имејл или да се јавите на некој голем клиент. Со тек на време, вашиот шеф ќе сфати дека му е полесно да ја додели вашата обврска на некој друг колега, наместо да смета на вас. Можеби ќе го загубите улгедот, ама битно целта сте ја постигнале – шефот нема веќе да ве тормози со досадни работи.rn
    rn

    4. Џвакајте мастика на состанок

    rnСостаноците се многу досадна работа, а џвакањето мастика е прилично квалитетен начин да им го воочите тоа на сите. Две или три мастики ќе ви бидат сосема доволни за да правите совршени балончиња. Немојте да водите забелешки и да ја гледате во очи личноста која мисли дека кажува некоја многу битна работа, бидејќи на тој начин некој би можел да помисли дека делувате заинтересирано.Излудете го шефот на 9 ефикасни начиниrn

    5. Излезете порано од работа

    rnСмачено ви е од работа? Верувајте не сте единствени! Ги завршивте сите зададени задачи и сте подготвиле сѐ за утрешниот работен ден, така што нема поента да поминувате повеќе време во канцеларија, нели?! Освен тоа и вашиот колега си замина денес порано од работа, па зошто вие да останете покуси?rn
    rn

    6. Секогаш наоѓајте добри изговори

    rnНема смисла да забошотувате во работата и притоа на лице место да смислувате глупави оправдување зошто не сте ја завршиле зададената работна обврска на време. Затоа, морате да имате однапред смислен план. Најдобрата метода е да си ги запишете на лист сите добри изговори и да ги распоредите согласно деновите во седмицата. Потрудете се секоја ваша причина да поттикне длабоко разбирање од страна на вашиот шеф, бидејќи во спротивно би можеле да добиете отказ.rn
    rn

    7. Бидете површни

    rnВо имејлот што треба да го пратите сте направиле неколку граматички и правописни грешки, па што?? Толку многу работа ве чека во текот на денов, нормално е некоја грешка да се искраде. Сте навеле погрешен датум? Па не е ни чудо, кога датумот секојдневно се менува!rn
    rn

    8. Не се брзајте

    rnПодобро некогаш отколку никогаш! Ни Рим не бил изграден за еден ден. Кој чека, тој и ќе дочека. Битен е квалитетот на сработеното, а не квантитетот итн., итн.Излудете го шефот на 9 ефикасни начиниrn

    9. Бидете канцелариска „тужи баба“

    rnЗа да можете на шефот да му надокнадите што го толерира ваквото ваше однесување, најдобро би било да почнете да набљудувате што прават вашите колеги и штом забележите нешто, веднаш да го известите надредениот за тоа.rnrnНекои од колегите сигурно си заминуваат 10 минути порано од работа (вашите предвремени заминувања секако нема да ги спомнувате). Други колеги пак, навистина немаат почитување кон работата и паузата од 30 минути самоволно ја продолжуваат на 45. Исто така, особено ве интересира моментот што еден ваш колега „симпатиша“ друга колешка. Љубовните врски на работа можат сериозно да влијаат на квалитетот на услугите кои ги нуди вашата фирма. Додека ги издавате туѓите мани кај шефот, немојте никого да запоставите – секој колега го заслужува вашето внимание. :)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Причини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу вас

    Причини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу вас

    Потребно е многу време да се изгради репутација, а само една мала, навидум незначајна акција за да изгубиме сè што сме граделе со години. Еве ги тие „мали нешта“ кои треба да се избегнуваат, и во приватниот и во деловниот живот.rnrnПричини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу васrn

    1. Неценење на туѓото време

    rnДоцнењето на закажаните состаноци и средби, на почеток може да се толерира, но со текот на времето ќе почне да зборува за други ваши маани, покрај навиката да доцните. Ќе ги доведе во прашање вашата искреност, способноста за организација и за менаџирање на времето, вашите лидерски способности и воопшто способноста да ги завршувате работите. Доцнејќи, всушност на другите бесрамно им велите „Не те ценам и не те почитувам“.rn

    2. Необрнување внимание на она што се зборува

    rnНе мора да фаќате забелешки во текот на разговорот, но можете да се обидете да го тргнете погледот од телефонот кој постојано го чепкате и наместо тоа, да остварите контакт со очите. Кога давате несоодветни одговори на прашања кои сте ги чуле до половина, другата страна го забележува тоа, а кога барате да се повтори сè што било кажано претходно, куртоазно покажувате колку не ви било гајле, и за потрошеното време на соговорникот, и за неговиот вложен труд.rn

    3. Невклучување во толпата

    rnКога вашите колеги организираат некој настан или подготвуваат проект, обидете се да се вклучите подеднакво во спроведувањето на планираните активности. Поместувањето на столчињата не е доволно и јасно покажува дека не сакате да се свиткате во кичмата.rn

    „Само добрите лидери поминуваат време работејќи помалку гламурозни работи заедно со луѓето кои се надеваат дека во иднина ќе ги водат.“

    rn

    4. Ги микроменаџирате сите, освен себеси

    rnМожете да ја следите работата на другите одблизу, постојано да ги проверувате, да ги враќате заради „влакно во јајце“ и да им кажувате како точно треба да ја работат својата работа. На крајот, кога ќе ги проценувате резултатите, можеби ќе сфатите дека не сте го постигнале максималниот ефект, веројатно поради премногу ситничарење, притоа несвртувајќи се кон себеси.rn

    5. Игнорирање на договореното

    rnАко мора да ветите или да се обврзете за нешто кон луѓето околу вас, погрижете се и да ги исполните исполните ветувањата. Во спротивно, доколку не останувате доследни на договорените работи, луѓето со време ќе сфатат дека не можат да сметаат на вас и во иднина ќе го променат односот.rnrnПричини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу васrn

    6. Изговори

    rnСекогаш имате изговори за да кажете зошто не сте успеале да го реализирате договореното. Некој од овие ви звучи познато?rn

      rn011

    • Заборавив
    • rn011

    • Ау, па мислев дека е на друг датум (или место)
    • rn011

    • Не знаев дека ти треба за денес
    • rn011

    • Го завршив, ама не го понесов со себе
    • rn011

    • Го имам во глава, само треба да седнам и да го напишам. Ако сакаш можам сега.
    • rn

    rn

    7. Неподдржување

    rnКога на вашите колеги им оди тешко при презентацијата на вашиот заеднички проект, слободно дистанцирајте се. Не мора да „скокнете“ за да им помогнете. Или?rnrnПричини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу васrn

    8. Светлото е секогаш насочено кон вас

    rnСте забележале како секогаш ги вртите разговорите ставајќи се себеси во фокусот? Вашите постигнувања и вашите успеси се најважни и најинтересни, нели? Многу скромно.rn

    9. Обвинување

    rnПонекогаш се случува работите да не испаднат добро на крајот. Доколку се работи за вашиот важен проект на работа, не мора да значи дека виновни биле вашите асистенти, соработниците кои биле многу бавни или машината за производство. Патем, уште полошо е ако при сите овие „препреки“, вие сте го дале најдоброто од себеси.rn

    10. Злоупотреба на односите со луѓето

    rnИмате обичај да ги контактирате луѓето само кога ви треба нешто од нив. И тоа, им се јавувате, започнувате со прашања за нивниот живот, немате доволно информации за да ги прашате за некои детали кои и онака воопшто не ве интересираат, потоа вртите на „па 100 години не сме се виделе“, за на крајот да ја пуштите бомбата и да ја откриете целта на повикот. Како и да е, ова може да ви успее еднаш или максимум двапати.rnrnПричини поради кои го губите кредибилитетот кај луѓето околу васrn

    11. Откажување од започнати проекти

    rnНормално е дека ги поддржувате проектите кои се успешни, но штом дојде тешко, се откажувате, со добро познатите изговори за негативниот исход (6) и воопшто не ви е грижа што и други луѓе вложиле труд во процесот.rn

    12. Не прифаќате критика

    rnНе им дозволувате на другите да ве критикуваат и да ви кажат дека некаде грешите. Се слушате само себеси и едноставно го игнорирате она што другите имаат да го кажат.rnrnПочитта, лојалноста и кредибилитетот се важни. За да ги стекнете, почнете од точка број 1 и пишете ни кога ќе дојдете до број 12. Тогаш ќе ви кажеме „браво!“

  • Уметноста на критичкото размислување

    Уметноста на критичкото размислување

    Во 1985 година Стив Џобс бил отпуштен од Епл затоа што начинот на кој гледал на потребата од технологија и начинот на кој ја водел компанијата се сметале за несоодветни. Не верувал во тогаш владејачките ставови на бизнис круговите. Единаесет години подоцна се вратил во компанијата и со истите принципи ја направил една од најуспешните во светот.rnrnКлучен во успешната приказна на Џобс бил неговиот скептицизам. Скептицизмот е неопходен за да се развие критичко размислување кое ќе ги стави на тест веќе востановените тврдења и ќе ја провери нивната точност. Луѓето кои не размислуваат критички ризикуваат да ги прифатат тезите кои им се наметнати преку воспитувањето, образованието или рекламната индустрија.rnrnЗа разлика од нив, оние кои размислуваат критички, тезата ја прифаќаат со резерва и ја преиспитуваат нејзината точност. Дури и кога ќе се уверат дека таа е исправна, тие сè уште се спремни да го сменат својот став доколку излезе некој нов факт кој ќе ги натера на тоа. Поради ова тие се свои личности кои не трпат нерационално наметнување на авторитет и ставови. Тоа успеваат да го постигнат преку следните неколку чекори.rnrnУметноста на критичкото размислувањеrn

    Бараат докази

    rnКога на човек со изграден позитивен скептицизам ќе му се изнесе одредено тврдење, тој нема ништо да зема здраво за готово, туку ќе бара истото и да му се докаже. Ќе праша на што се темели тврдењето, со какви докази е поткрепено и дали доказите се веродостојни.rn

    Се сомневаат

    rnКога некој дозволува друг да мисли за него (сеедно дали тоа е родителот, професорот или телевизијата) станува лесно подложен на наметнување на мислења. За да се одбие овој „напад“ потребно е да се изрази сомнеж не само во ставот, туку и во аргументите на другиот и да се преиспитаат.rn

    Играат улога на „адвокат на ѓаволот“

    rnСкептиците понекогаш се конфронтираат со другите со цел подобро да ги разберат нивните тврдења. Дури и кога се согласуваат со тезата, тие заземаат спротивен став и влегуваат во дебата, со што ги проверуваат сите аспекти на тезата пред да донесат заклучок.rn

    Ги комбинираат логиката и интуицијата

    rnЛуѓето кои немаат развиено позитивен скептицизам размислуваат користејќи или премногу логика или премногу интуиција. Критичкото мислење бара да се комбинираат и двата начини. Мора да се верува во нешто, па тоа да биде преиспитано преку логиката, па повторно да се верува во тоа сè додека логиката повторно не ја предизвика точноста.rn

    Не трпат тенденциозност

    rnЛуѓето кои размислуваат критички не гледаат вести само на еден канал. Откако ќе добијат одредена информација ја бараат и другата страна на приказната, односно преиспитуваат дали се работи за личен став на новинарот или тоа е објективно пренесена информација.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали сте доволно паметни за да работите за најголемите светски компании?

    Дали сте доволно паметни за да работите за најголемите светски компании?

    Во најголемите светски компании од типот на Гугл, Мајкрософт и Фејсбук работат извонредни работници кои поминуваат низ жесток и внимателен процес на избор. Во интервјуата, кандидатите треба да одговорат на некои необични прашања кои многу зборуваат за нивниот начин на размислување. Ако и вие сте спремни да ги одговорите, тогаш сте спремни за кариера во некоја од нив.Дали сте доволно паметни за да работите за најголемите светски компании?1. Зошто шахтите имаат округла форма? Ова прашање прво почнале да го користат во Мајкрософт, а целта е да видат како размислува кандидатот кога е соочен со проблем кој има повеќе можни решенија. На тој начин тие ја покажуваат својата креативност и самодоверба.rnrn2. Во три реченици, објаснете му на вашиот осумгодишен внук што е датотека. Вака Гугл проверува дали апликантот може на едноставен и разбирлив начин да ги доближи производите на компанијата до потрошувачите на кои технологија не им е јака страна.rnrn3. Објаснете ми што се случуваше во земјава во последните десет години. Преку одговорот на ова прашање во Бостон Консалтинг можат да видат на кој начин кандидатот може да ги сумира фактите и да ги пренесе на клиентот. Покрај тоа, може многу да се научи за еден човек кога ќе каже кои настани биле важни во последната декада.rnrn4. Штотуку сте наследиле пицерија од вујко ви. Што ќе правите со неа? Вака Фолксваген проверува што сметаат кандидатите за позицијата бизнис аналитичар дека е клучно за успех во бизнисот. Тие треба да истакнат дали веднаш ќе ја продадат пицеријата, дали ќе го разгледаат финансискиот извештај или ќе направат нешто сосема друго.rnrn5. Што имаат заедничко дрвото и алкохолот? Најголемата компанија за обезбедување во САД, Гардсмарк, ги прашува апликантите што е заедничко за дрвото и алкохолот за да добие претстава како тие ги класифицираат информациите и како ги издвојуваат сомнителните од нив. Покрај тоа, покажуваат и како комуницираат со другите луѓе.Дали сте доволно паметни за да работите за најголемите светски компании?6. Како ќе истражите одредена технологија без другите да дознаат дека го правите тоа? Епл секогаш успеваат своите чуда од технологија да ги држи во најголема тајност сè додека самите не ги промовираат. Апликантот што ќе одговори правилно на ова прашање ќе докаже дека може да го стори истото. Покрај тоа, ќе даде слика и за способностите за креативно размислување.rnrn7. Автомат за купување храна, за производ од 75 центи ќе ви земе банкнота од еден долар без да ви врати кусур. Каде е проблемот во системот? Напорното интервју во Епл го содржи и ова прашање, а намерата им е да видат како кандидатот го лоцира проблемот, како ги бара причините кои го создаваат и како прави план за негово надминување.rnrn8. Колку топчиња за голф собира во школски автобус? Никој не знае колкав волумен има автобусот, а топчињата за голф се користат само ако единица мерка. Гугл поставува вакво прашање, не за да го натера апликантот да постави математичка формула, туку за да добие претстава за процесот преку кој што тој ги решава проблемите.rnrn9. Користејќи „поголемо“ и „помало“, кој е минималниот број на обиди да погодиш број помеѓу 1 и 1.000? Одговорот на ова прашање ги покажува математичките вештини и начинот на којшто размислува кандидатот за софтверски инженер во Фејсбук во насока на пронаоѓање решение.rnrn10. Вие сте со големина на молив и сте ставени во блендер кој ќе почне да работи за 60 секунди. Што ќе направите? Голдман Сакс инвестира на пазари на кои многу често се менуваат условите. Нивните вработени постојано наидуваат на проблеми со кои не се соочиле претходно, а ова прашање го става апликантот токму во таква улога. Покрај тоа, проверува како тој пронаоѓа нови невообичаени решенија за тие проблеми.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.