КАФЕ ПАУЗА

Category: Работа

  • Внесете ја пролетта во вашата канцеларија

    Внесете ја пролетта во вашата канцеларија

    Автор: Бојана МандевскаrnrnНадвор пукнало сонце, сè цвета и раззеленува, а вие заглавени во вашата канцеларија ги извршувате своите обврски. Сè би дале за една прошетка во парк, утринско кафе на некоја тераса од локалните кафулиња, ручек на отворено… Звучи супер, нели?! Но, знаеме дека обврските мора да се извршат, или како што вели една поговорка „што се мора не е тешко“.Внесете ја пролетта во вашата канцеларијаЗа полесно да ги извршувате своите работни обврски, а притоа да не се нервирате за тоа што не можете да уживате на сонцето, направете мало преуредување на вашето работно место и поканете ја пролетта во вашата канцеларија.rnrnВо прилог ви предлагаме неколку начини на кои би можеле да го постигнете тоа:rnrn1. Пред сè, отворете ги прозорците и дозволете му на свежиот воздух да влезе во просторијата, проветрете. Доста беше седењето во затворени простории. Можете да ставите и освежувач на воздух со пријатен и нежен мирис.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија2. Потоа започнете со отстранување на сите непотребни работи од вашето биро. Ослободете се од сите хартивчиња, кутии, пенкала и сè останато што не го користите, а само зафаќа простор. Земете неколку кутии во боја и ставете дел од работите кои не ги употребувате во нив. Вас ќе ви бидат корисни, а ќе бидат убави за око.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија3. Одберете слики во пролетен, весел амбиент и ставете ги на вашата десктоп позадина, или пак закачете слики на ѕидот од вашата канцеларија. Украсете ја плутената табла  за пораки со интересни забавни слики и мисли кои ќе ви измамат насмевка на лицето. Купете нови интересни  рамки за старите фотографии или пак ставете нова слика од вашите сакани да ви го красат бирото.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија4. Ставете вазна со цвеќе. Одете на пазар или во цвеќара и купете букет свежо цвеќе или пак сезонско саксиско цвеќе.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија5. Заменете ја старата шолја за кафе со нова што ќе се вклопи во пролетниот амбиент.Внесете ја пролетта во вашата канцеларијаСовет плус: доколку имате можност, сменете ја локацијата на вашето биро. Наместете го поблиску до прозорецот така што ќе бидете блиску до свежиот воздух или пак свртете го спроти прозорецот за да добивате повеќе светлина. Изборот е ваш!Внесете ја пролетта во вашата канцеларијаЗа да не ги занемарите вашите обврски поради чистење и средување, направете план. Во текот на денот одвојте неколку пати по 15 минути за да ја исчистите канцеларијата. На крајот на денот ќе имате чиста канцеларија и завршени работни задачи.rnrnКога ќе завршите со преуредувањето, поканете ги колегите на „гости“ и заедно направете мала кафе пауза и заедно уживајте во пролетната атмосфера на вашата канцеларија.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчестите грешки на интервју за работа

    Најчестите грешки на интервју за работа

    Интервјуата за работа се навистина стресни. Испрашувањето за животот, претходното работно искуство, способностите и доблестите  за многумина претставува напната ситуација, особено кога за истата позиција се пријавени стотици лица со слични квалификации. За да се покажете во вистинско светло потребно е однапред да се ослободите од потенцијалните препреки. За таа цел ние ви ги претставуваме четирите најчести грешки кои можат да го уништат вашето интервју за работа.Најчестите грешки на интервју за работаrn

    Трема

    rnДали сте се нашле во ситуација кога јазикот ви е побрз од умот, па кажувате нешто што на крајот излегува поинаку од она што сте го мислеле? Тремата и напнатоста во ваквите ситуации може многу да ви наштети. За да ги избегнете смешните одговори, пробајте да импровизирате неколку интервјуа со вашите домашни или со пријателите. На тој начин ќе си ги изострите вашите комуникациски способности и ќе добиете поголема самодоверба. Ќе се чувствувате спремни и сигурни, а на интервјуто ќе имате далеку помала трема.rn
    rn

    Гледање само на својот интерес

    rnНајлошото нешто што можете да го сторите на интервјуто за работа е вие да го испрашувате работодавецот кои ќе бидат вашите бенефиции доколку се вработите таму. Прашањата за плата, слободни денови, користење службена опрема и возило оставете ги за малку покасно. Така вие ќе создадете слика на чесен работник кој сака да придонесе за градење на фирмата. Наместо тоа подобро е пред интервјуто убаво да проучите со што точно се занимава фирмата за да бидете целосно упатени во нивните тековни активности.rn
    rn

    Непристојна облека

    rnМногу психолози тврдат дека првиот разговор за работа е најважен, а облеката која ја носите тогаш може да каже многу за вас. Колку и да ви се чини дека работодавецот е лежерен и дека не му е битно што носите, ваша задача е да се дотерате најпристојно што можете. Тоа значи дека во комбинација влегува сако, костум, здолниште и кошула. Избегнувајте спортски комбинации, деколте и провокативни парчиња, бидејќи тие можат да остават многу погрешна слика за вас.rn
    rn

    Невистини во вашето CV

    rnДоколку сметате дека вашето CV делува сиромашно и сметате дека треба да додадете уште некој странски јазик, плус некоја година работно искуство или пак уште еден факултет или можеби магистерски труд, тогаш подобро да не го сторите тоа.  Дури и најситната промена на вистината може да биде лесно проверена, а вие фатени во лага. Наместо да ризикувате, спремете се подобро за да ги истакнете вашите вистински квалитети.rn
    rn


    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што после добиен отказ од работа?

    Што после добиен отказ од работа?

    Автор: Горана КоневскаrnrnДобивање отказ, за жал, може да му се случи секому. Може да се случи и без ваша лична вина. Може да биде заради вашиот различен став од оној на директорот, може да е поради намалување на буџетот и работните места и сл. Иако е страшно тешко, многу е важно да се потрудите во тие моменти да излезете на крај со новонастанатите околности со стабилни чекори, без депресивни излетувања и со реално согледување на ситуацијата. Еве неколку совети што може да направите кога веќе сте се нашле во таква ситуација:Што после добиен отказ од работа?Бидете нежни кон себе: Кога веќе се случил ваков несакан момент, не смеете да се обвинувате себеси. Бидете самокритични, но не претерувајте. Во ред е да се извлече поука од секоја ситуација, но во ваков момент, најмалку што ви е потребно е самите да си создавате психичка тортура.rnrnДајте си слободен период: Дури и кога финансиски сте во незавидна положба, потребно е да му дадете време на својот дух, на својата ментална и психолошка состојба, да се врати во нормала. Слободниот период може да трае од неколку дена до месец, но важно е вие да го поминете стресот и да се стабилизирате. Во овој период што ќе си го дадете никако не размислувајте за работата и за стресот кој сте го преживеале. Фокусирајте се на сè друго: на убава книга, филм, кафе, пријатели или на…rnrnНово хоби: Почнете со некоја нова активност која ќе ви ги оттргне мислите од негативната ситуација. Пронајдете некое интересно хоби или некоја нова физичка активност: аеробик, јога, планинарење, медитација, читање книги, трчање. Постојат многу активности кои можете да ги практикувате и за кои не се потребни финансии.rnrnКафе и пријатели: Во ситуација после отказ, никако не смеете да се затворите дома. Многу е важно вашиот социјален живот да го држите на високо ниво. Тоа не само што ќе направи да се чувствувате подобро, туку и ќе ви помогне во запознавањето нови луѓе и отворање нови можности.rnrnПодготовка за нова работа: Разгледајте ја својата кратка биографија и средете ја доколку е тоа потребно. Во овој момент тоа е првиот документ кој ќе му привлече внимание на вашиот нов работодавач, така што сигурно сакате да го отсликува најдоброто за вас! Откако ќе ја средите својата биографија, направете список на оние компании во кои би сакале да работите и кои соодветствуваат со вашето работно искуство. Проверете дали има конкурси за нови работни места, а и доколку нема, сепак аплицирајте, не се знае кога и каде ќе ви се насмевне среќата. Обично големите компании си имаат и свои бази на податоци каде ќе се најде и вашето име, па во моментот кога ќе имаат потреба од кадар како вас ќе ве контактираат.rnrnИ запомнете: Вие не сте вашата работа или вашата гардероба и без разлика каде сте, што работите и што поседувате, тоа не ве прави повеќе или помалку вредни. Едноставно, она што треба постојано да го практикувате е позитивна мисла и позитивен дух, бидејќи тие ќе ви ја отворат и најтешката врата. Сè се случува со причина и секое зло е за добро (иако во некои моменти е тешко тоа да се согледа). Тоа што не ве убива само ве прави посилни, а ова е уште едно искуство во животот кое ќе ве направи помудри.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Избор на кариера според видот на интелигенцијата

    Избор на кариера според видот на интелигенцијата

    Според психологот Харолд Гарднер интелигенцијата има биопсихолошки потенцијал – што значи дека сите ние имаме потенцијал да вежбаме група интелектуални способности во различен период од нашиот живот. Но, сепак постојат некои области во кои сме природно подобри. Тоа е одредено од видот на интелигенција кој го поседуваме и најчесто токму тоа ни помага во изборот на нашата професионална кариера. Истражувањата покажале постоење на барем 7 интелигенции кои се релативно независни:rnrnИзбор на кариера според видот на интелигенцијатаrn

    Лингвистичка интелигенција

    rnОваа интелигенција е високо развиена кај писатели, поети, новинари, адвокати, политичари, преведувачи… Таа се базира на способноста да се сфати синтаксата, фонетиката и семантиката на јазикот. Доколку оваа интелигенција е на повисоко ниво, се зголемуваат способностите за јазично изразување, читање, јасно пишување, убедување.rn

    Логичко-математичка интелигенција

    rnОваа интелигенција се сретнува на повисоко ниво кај математичари, научници од природните науки, сметководители, програмери, правници, доктори… Таа е интелигенција за бројки, математички операции и логичко расудување. Оние кои ја поседуваат имаат високо развиена способност за рационално расудување, поставување хипотези, утврдување каузални односи, за категоризирање и класифицирање.rn

    Спацијална интелигенција

    rnОвој вид интелигенција во поголема мера ја поседуваат архитекти, уметници, пилоти, фотографи, машински инженери, ловци, кореографи, декоратори… Таа подразбира развиена сензитивност за бои и форми, осетливост за визуелни поединости, имагинативна трансформација во тродимензионален простор, креирање на визуелни светови, способност за цртање, просторна ориентација.rn

    Музичка интелигенција

    rnОваа интелигенција на повисоко ниво се наоѓа кај пејачи, изведувачи на музички инструменти, композитори, музички критичари… Се базира на способностите за перципирање, препознавање и продуцирање ритами и мелодии, разликување на висината на тоновите и трансформација во различни тонски скали.rn

    Телесно-кинестетичка интелигенција

    rnОвој вид интелигенција е високо развиена кај спортистите, скулпторите, артистите, танчарите, занаетчиите, хирурзите… Личностите кај кои е развиена оваа интелигенција се одликуваат со тактилна сензитивност, контрола на телесните движења и способност преку нив да ги изразат своите чувства и идеи. Исто така многу вешто ракуваат со предметите.rn

    Интерперсонална интелигенција

    rnОваа интелигенција е високо развиена кај политичките лидери, советници, едукатори, раководители, менаџери на големи фирми, социјални работници… Таа се заснова на способноста да се разберат другите луѓе, да се препознаат нивните расположенија, намери и желби и соодветно да се реагира на нив. Лицата кои ја поседуваат оваа интелигенција се социјално одговорни, емпатични и способни да го видат светот од аспектот на другите луѓе. Тие имаат и способност лесно да влијаат врз одредена група на луѓе.rn

    Интраперсонална интелигенција

    rnОваа интелигенција е на повисоко ниво кај теолози, бизнисмени, психотерапевти… Оние кои ја поседуваат се одликуваат со точно развиена слика за своите доблести и слабости, свесни се за своите расположенија, интереси и желби. Можат лесно да стигнат до своите чувства, да прават дистинкција помеѓу нив. Најчесто се интровертни, интроспективни, уживаат во медитацијата и други форми на длабинско душевно испитување. Тие се независни личности кои преферираат да работат сами.rnПомалку или повеќе ние ги поседуваме сите овие видови интелигенции. Секоја од нив се јавува во одреден степен од нашето детство, го достигнува врвот во различни периоди од зрелоста и постепено опаѓа во староста. Може да се манифестира на различни начини, но најголема улога игра во изборот на нашата кариера.rnrnКоја интелигенција моментално преовладува кај вас?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 кратки совети за успешен работен ден

    5 кратки совети за успешен работен ден

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnСамо мали измени во секојдневната работна рутина, може да ве направат попродуктивни и да постигнете многу подобри резултати. Ви нудиме пет куси и едноставни совети, кои ќе ви помогнат да внесете свежина во вашата работна средина, да ги подобрите односите со колегите или да ги обновите контактите со подзаборавените пријатели и соработници.5 кратки совети за успешен работен денrn

    1. Разбудете се порано

    rnЗапочнете да се будите барем половина час порано од вообичаено. Колку повеќе обврски ве чекаат, толку порано нека ви ѕвони алармот. Најдобро време да ги завршите обврските е токму утрото, пред да започне да се полни вашата електронска пошта со пораки и нови задачи од колегите и соработниците. Со новиот почеток на денот, ќе избегнете натрупување на обврските, а со тоа ќе им ставите крај и на главоболките.5 кратки совети за успешен работен денrn

    2. Читајте весници и гледајте вести

    rnАко го практикувате ова, вие ќе бидете чекор пред останатите. Не само што ќе знаете што се случува во светот, туку и полесно ќе ги препознаете, односно откриете новите можности за ваш личен напредок или напредок на вашиот бизнис. Ќе имате јасна претстава и планови за денот, уште пред вашите конкуренти да го испијат првото утринско кафе.5 кратки совети за успешен работен денrn

    3. Испратете по некој неформален имејл

    rnВо знак на внимание, испратете ù нешто на личноста која ја гледате како ваш иден работодавач или на вашите потенцијални купувачи. На пример, пуштете им по еден кус имејл кој ќе содржи некој корисен линк или едноставно поздравете ги и прашајте ги како се.5 кратки совети за успешен работен денrn

    4. Стапете во контакт со некој стар пријател или соработник

    rnПробајте да искомуницирате со некој стар пријател или поранешен соработник. Одберете некој што не сте го виделе со години и пријатно изненадете го. Прашајте го како е, што работи во моментот, дали и како можете да му помогнете или пак, вие сугерирајте му помош. Верувајте, ќе му го разубавите денот.5 кратки совети за успешен работен денrn

    5. Испратете рачно напишана порака

    rnЗаблагодарете се на стариот добар начин. Испратете рачно напишана белешка до колегите или соработниците. Сериозно. Тоа е изгубена навика, но ве уверуваме дека впечатокот ќе биде оригинален. Сигурно постои некој кому сè уште не сте му кажале благодарам. Ова е вистинскиот начин да го сторите тоа.5 кратки совети за успешен работен ден
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 начини како да останете фокусирани на работата

    5 начини како да останете фокусирани на работата

    Автор: Маја ВладимироваrnrnСите имаат моменти кога се расеани и кога не можат да се фокусираат на работата. Но, кога појавата на таквите моменти ќе стане алармантна, треба навреме да се реагира и да се преземат одредени мерки. Иако многумина од нас го почнуваат денот со листа на работи кои треба да се завршат, на крајот не секогаш сите точки на таа листа се пречкртани. Најчеста причина за застој во работата е проблемот да се остане фокусиран. Затоа се одлучивме да ви дадеме 5 совети кои ќе ви помогнат да го задржите вашето внимание на обврските на работа и на она што од вас се очекува да го завршите во текот на денот.5 начини како да останете фокусирани на работатаrn

    1. Поделба на работата на помали делови

    rnНаучно е докажано дека мозокот може да биде продуктивен при обработка на ограничен проток на информации, во ограничен временски период. Да се работи на една работа преку целиот ден може да биде напорно, монотоно и неефективно, бидејќи после некое време мозокот се заморува и резултатите кои се добиваат нема да бидат ефективни како на почетокот. Затоа, најдобро решение е да се подели работата на помали делови кои би можеле независно да се сработат. При ваквиот начин би можеле повремено да правите паузи со кои би му овозможиле на мозокот да „дишe“ и да се одмори. Така ќе имате чуство како да сте сработeле многу повеќе со што ќе си ја зголемите самодовербата, а и за секоја следна задача ќе бидете одморени и свежи.5 начини како да останете фокусирани на работатаrn

    2. Наградете се после секоја успешно завршена работа

    rnНе е лошо повремено да се посетуваат Фејсбук, Твитер и други слични сајтови додека сте на работа за да ги проверите најновите вести поврзани со пријателите, но важно е да не се троши преголем дел од времето на нив, посебно кога ве чека еден куп работа. Нашиот совет е да изберете неколку задачи кои треба да ги завршите за да ја добиете дружбата со пријателите како награда, без разлика дали на некоја од социјалните мрежи или за време на кафе паузата.5 начини како да останете фокусирани на работатаrn

    3. Изберете ја вистинската музика

    rnМногумина не можат да си ја замислат работата без музиката која им обезбедува мотивација и инспирација. Ако сте и вие ваков тип луѓе, кои преферираат да слушаат музика додека работат, тогаш внимавајте на неколку детали при изборот. Најпрво немојте да бирате тивка и релаксирачка музика од која ќе ви се приспие или пак музика која ќе ве натера да размислувате за текстот на песната. Музиката треба да биде динамична за да ви даде енергија за работа, но не премногу јака и тешка за да ве измори и да предизвика спротивен ефект од посакуваниот. Бидејќи за вкусови не се дискутира, останува сами да одлучите кој ќе биде вистинскиот музички избор за вас.5 начини како да останете фокусирани на работатаrn

    4. Изолирајте се

    rnСè додека во позадина е вклучен вашиот Фејсбук-профил и додека добивате пораки и нотификации од вашите пријатели, ќе биде вистински предизвик за вас да останете фокусирани на работата. За да можете целосно да се посветите на она што го работите во моментот, понекогаш е најдобро да се „сокриете“ од надворешниот свет. Поставете статус „Invisible“, „Do Not Disturb“ или „Busy“ на социјалните мрежи, а од колегите кои наминуваат до вашето биро, заштитете се со слушалки на ушите кои ќе ги предомислат во намерата да ве зазборат.5 начини како да останете фокусирани на работатаrn

    5. Сакајте си ја работата и работете со љубов

    rnОва е најдобриот начин за да го извлечете најдоброто од себе додека работите. Сите знаеме дека кога се работи на нешто интересно, времето поминува неосетно, додека пак фокусот се губи ако работите нешто што сметате дека е досадно. За да бидете продуктивни, обидете се најпрво да си ја направите работата што е можно поинтересна. Замислете си слика во која вашата задача е завршена или поставете си цел да импресионирате некого, без разлика дали се тоа колегите, вашиот шеф или пак некој друг.5 начини како да останете фокусирани на работата
    rn


    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 причини зошто талентираните работници ги напуштаат работните места

    5 причини зошто талентираните работници ги напуштаат работните места

    Ова истражување го има направено „Центарот за менаџерска и организациска ефективност“ кој соработува со секаков тип организации од светот, кои вршат консултантски услуги, истражувања или нудат решенија за разни проблеми. Нивната цел е реално да се прикажуваат проблемите, за да им се овозможи на компаниите да си ги увидат грешките и да ја подобрат својата стратегија на разни полиња. Погледнете ги добиените резултати од истражувањето за причините поради кои компаниите ги губат своите најталентирани работници.rnrn5 причини зошто талентираните работници ги напуштаат работните местаrn

    1. Неподнослив шеф

    rnНајголем дел од вработените го напуштаат своето работно место, бидејќи нивниот шеф е неподнослив. Никој не сака да работи со агресивен, арогантен и нечовечен шеф. Нив ги има многу, а поради начинот на кој се однесуваат, никој не сака да работи за нив. Некои остануваат бидејќи немаат избор. Дури 31% од испитаниците одговориле дека нивниот шеф не им одговара на барањата (ги игнорира) повеќе од 1 година.rn

    2. Недостаток на овластувања

    rnДури 31% од вработените велат дека би сакале да имаат поголема одговорност на работните места. Луѓето не сакаат да дојдат на работа, да седат 8 работни часа и да не мрднат „подалеку“ од редовните работни задачи. Тие сакаат да влијаат, да бараат решенија, да развиваат стратегии и да носат одлуки.rn

    3. Внатрешна политика

    rnСамо 35% од испитаниците одговориле позитивно на прашањето за тоа дали нивните компании се добри или ефективни во унапредувањето на вработените. Во војната за придобивање талентирани работници, никој не сака да се впушти во работен однос каде што не гледа иднина за искачување кон врвот. Прикажувајќи квалитетно резиме, секој очекува дека патот кон врвот треба да му биде полесен. Во спротивно, тоа работно место не е предизвик за талентираниот работник.rn

    4. Признание и пофалби

    rnСекој за себе мисли дека работи премногу, но не е доволно платен за тоа. Можеби покачување или бонус не доаѓа предвид, но една пофалба од типот: „Добро завршена работа“ во комбинација со тапкање по раме или бесплатен ручек, и тоа како можат да придонесат кон дополнителна мотивација и понатамошна посветеност на работата. Според податоците од истражувањето, 43% од вработените на средни менаџерски позиции чувствуваат дека ја вршат целата работа, а не добиваат признание за тоа.rn

    5. Компанијата тоне надолу

    rnНикој не сака да биде последниот патник на брод кој тоне. Вработените можат да ја почувствуваат напнатоста и паниката кај работодавците кога нешто не е оди како што треба. Кога еден од нив нема да издржи и ќе си замине, сите ќе тргнат по него. Само оние кои влечат добар дел од финансиските средства на компанијата остануваат до самиот крај. Дури 23% од испитаниците одговориле дека во ваква ситуација, паралелно бараат друга работа.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 знаци дека треба да најдете друга работа

    4 знаци дека треба да најдете друга работа

    Без разлика дали сте моментално вработени, барате работа или утре одите на интервју за работа, прочитајте на што треба да внимавате кога сте во работното опкружување.rn

    1. Ви поставуваат чудни прашања

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnВнимавајте на прашањата кои имаат за цел да откријат интимни делови од вашиот живот. Која е вашата сексуална определба, кое ви е омилено кафуле, дали некогаш сте се сликале за фотосесија во списание и сл. се прашања кои не треба да се очекуваат од идниот работодавец (освен ако прашањата се директно поврзани со местото за работа за кое аплицирате). Дури и прашањата да не ви се чинат лични, верувајте дека тие се премногу интимни за да ви ги поставува работодавецот за време на интервјуто за работа или после некое време од работењето во неговата компанија.rn

    Еден вработен бил викнат во канцеларијата на неговиот работодавец каде бил прашан: „Дали се навредуваш кога некој упатува пцости спрема тебе?“ Вработениот одговорил: „Не, понекогаш и јас пцујам. Не е тоа ништо“. Потоа, кога разговорот продолжил, вработениот сфатил дека секоја реченица на работодавецот била со пцости. Ги употребувал дури и во деловната комуникација преку е-mail. Вработениот се почувствувал навреден и дал отказ.

    rn

    2. Никој не изгледа среќно во компанијата

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnКога одите на разговор за работа, погледнете ги луѓето кои работат во компанијата. Ако се насмеани, среќни, позитивни и весели, тоа е добар знак. Тоа значи дека ја сакаат работата која ја работат и дека условите во кои работат се одлични. Но, ако човекот кој ќе ве пречека на рецепција не ви се насмевне, тоа е знак дека во компанијата работите не се баш како што треба. Едноставно, набљудувајте го однесувањето на оној кој ве интервјуира. Ако тој му „зборува на носот“, постојано проверува електронска пошта, одговара на телефонските повици кои ги добива во текот на разговорот, тоа е знак дека тој нема доволно почит спрема вас и вашата работна позиција за која аплицирате.rn

    3. Вашата работна позиција нема звање

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnЗа време на интервјуто за работа, оној кој ве интервјуира размислува едно, а вие друго. Вас ви е важно да ве примат на работа, а на другиот му е важно да пополни место во компанијата. За време на интервјуто, покажете интерес и прашувајте прашања за тоа што точно е вашата работа и кое е звањето кое ќе го имате. Ако на почеток не го знаете вашето звање, потоа е потешко истото да го добиете. Дајте му до знаење на работодавецот дека вам ви значи која позиција ќе ја имате во неговата компанија.rn

    4. Верувајте му на внатрешното чувство

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnЗборуваме за интуиција – чувството кое ви кажува што да направите. Понекогаш, дури и сè да ви изгледа убаво и совршено, внатрешниот глас е посилен и не треба да се занемарува. Послушајте се самите себе кога нешто „не ви штима“. Ако чувствувате дека нешто не е во ред, тоа веројатно е така. Затоа, верувајте во самите себе.

  • Не ви е доволно работното време?

    Не ви е доволно работното време?

    Дали често ви се случува да се пожалите дека денот нема доволно часови за да си ги завршите обврските? Додека другите околу вас, во истиот рок завршуваат дузина работи повеќе, не дозволувајте вашето време да помине запрашувајќи се како тие го изведуваат тоа. Почнете да ги согледувате и поправате своите грешки, а сето тоа ќе резултира со многу поголем слободен период за социјализација и забава. Одлуката како ќе го потрошите работното време е ваша, но сепак еве неколку работи кои треба да ги земете предвид за подобра организација на денот.rnrnНе ви е доволно работното време?rn

    Научете да кажувате не

    rnЕдна од најчестите грешки, е да прифатите задача која првично не ви била доделена вам. Научете се да кажувате не, во спротивно ќе го носите товарот кој не ви припаѓа, а вашата задача ќе тапка во место.rn

    Дознајте ги вашите обврски

    rnКако би можеле добро да се организирате, ако воопшто и не сте свесни колку и какви задачи треба да завршите. Направете список на се што е побарано од вас и дополнете го со вашите лични обврски. Само на овој начин секогаш ќе знаете до каде е полна чашата.rnrnНе ви е доволно работното време?rn

    Не дозволувајте мешање на приватниот со професионалниот живот

    rnОбидете се чувствата од приватните работи да ги тргнете на страна. Секоја криза на персонален план доведува до дезорганизација и хаос на работното место, што се одразува на вашата ефикасност и концентрација. Тоа со сигурност нема да му се допадне на вашиот шеф.rn

    Не се заседнувајте

    rnНикој не вели дека секоја секунда од работното време треба да ви е перфектно испланирана и концентрирана само на работата. Но, во никој случај не си дозволувајте да се заборавите сурфајќи на интернет или муабетејќи со колегите.rnrnНе ви е доволно работното време?rn

    Имајте приоритети

    rnДали ви се случило откако ќе ви заврши работното време да сфатите дека денеска не сте завршиле ништо важно? Без разлика колку сте брзи и ефикасни, не треба да мислите дека ќе успеете да завршите сѐ на време. Секогаш акцентот на денот ставајте го на најважните и приоритетни нешта.rn

    Довршувајте ги работите

    rnНедовршената задача претставува дупла работа. Секогаш кога ќе започнете се нешто, завршете го пред да поминете на наредното. Не се обидувајте паралелно да вршите неколку работи, бидејќи доколку мислите дека така ќе завршите побрзо, се лажете себеси. Резултатот никогаш не е позитивен, а навраќањето и потсетувањето на претходното ќе ви одземе многу повеќе време.rnrnНе ви е доволно работното време?