КАФЕ ПАУЗА

Category: Храна и пијалаци

  • Италијански сендвич со кашкавал

    Италијански сендвич со кашкавал

    Се прашувате што фино да јадете? Доста ви е од обични сендвичи со кашкавал и шунка? Сакате нешто печено, топло, меко, брзо и многу вкусно, а во исто време и италијанско? Овој сендвич ги има сите квалитети. Направете го и уживајте во вкусот на стопениот кашкавал.rnrnИталијански сендвич со кашкавалrnrn

    Потребни состојки за 8 сендвичи:

    rnrn

      rn011

    • 8 мали домати
    • rn011

    • 16 парчиња леб
    • rn011

    • маслиново масло
    • rn011

    • сол, бибер
    • rn011

    • оригано
    • rn011

    • 400 г кашкавал
    • rn011

    • 400 г фета сирење
    • rn011

    • 1/2 шолја пармезан
    • rn011

    • 16 парчиња мек кашкавал
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rnrn1. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Доматите исечете ги на половина и наредете ги во тавче за печење. Посипете ги со маслиново масло и зачинете ги со оригано, сол и бибер. Печете ги додека да омекнат и станат малку набрани по краевите. Италијански сендвич со кашкавал2. Потоа, загрејте ја рерната на 250 Целизусови степени. Лепчињата намачкајте ги со маслиново масло и поделете ги во парови. Ставете по две парчиња домати на едната страна на лебот. Врз доматите, ставете малку фета сирење, а врз него две парчиња од мекиот кашкавал. Пред да го затворите сендвичот со второто парче леб, ставете малку рендан кашкавал. Преклопете го сендвичот. Истото направете го со сите парчиња леб.Италијански сендвич со кашкавалИталијански сендвич со кашкавал3. Сендвичите наредете ги во тавче за печење кое е претходно намачкано со масло. Печете ги сендвичите 15 минути или додека не се растопи кашкавалот. Потоа извадете ги, посипете ги со рендан пармезан и печете уште малку, додека тој не се растопи. Италијански сендвич со кашкавалИталијански сендвич со кашкавалЗабелешка: Овој сендвич може да го направите и во три дела, така што ќе ставите уште едно парче леб во средината на сендвичот, но така можеби нема да ви биде баш згодно за јадење. Состојките на сендвичот навистина зависат од вашиот вкус: печурки, зеленчук, сувомеснати производи…Италијански сендвич со кашкавал
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Колачиња: Црвено кадифе

    Колачиња: Црвено кадифе

    Red velvet или на македонски Црвено кадифе е една од најпознатите торти во Америка. Јаката црвена боја ја прави тортата многу специфична, а кога e филувана, добива неверојатен вкус и делува примамливо за сите.Колачиња: црвено кадифе Овие колачиња се направени од состојките потребни за тортата Red velvet, а посебни бидејќи се полнети со фил од крем-сирење. Ако сте во недоумица со што да ги изненадите гостите, пријателите или најблиските, овие колачиња се полн погодок.Колачиња: црвено кадифеПотребни состојки за подготовка на тестото:

    rnrn

      rn011

    • 1/2 шолја несолен путер
    • rn011

    • 1 шолја кафеав шеќер
    • rn011

    • 2 лажици какао
    • rn011

    • 1/2 лажичка сода
    • rn011

    • на врв на лажиче сол
    • rn011

    • 1 јајце
    • rn011

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 2 шолји сенаменско брашно
    • rn011

    • 1/2 шолја матеница
    • rn

    rnНачин на подготовка:rnrnЗагрејте ја рерната на 200 целзиусови степени.rn

    Путерот ставете го во длабок сад и со миксер мешајте го 30 секунди.Колачиња: црвено кадифеПотоа, додајте ги шеќерот, какаото, содата и солта.Колачиња: црвено кадифеДодајте едно големо јајце и едно лажиче екстракт од ванила.Колачиња: црвено кадифеДодајте ги двете шолји брашно, постепено, една по друга, мешајќи со миксер на најслаба брзина.Колачиња: црвено кадифеДодајте 1/2 шолја матеница, исто како брашното, на два пати.Колачиња: црвено кадифеНа крај ставете 30 мл црвена боја за готвење.Колачиња: црвено кадифеСо миксер измешајте ја целата смеса додека не добие црвена боја.Колачиња: црвено кадифеТавчето обложете го со хартија за печење. Од филот направете тркалезни форми со помош на лажица.Колачиња: црвено кадифеПечете 7-9 минути (зависи од рерната). Кога краевите на колачињата ќе почнат да се одвојуваат, тогаш се готови. Почекајте да се оладат, пред да ги полните со филот.

    rnЗа подготовка на филот, потребни се следниве состојки:rn

      rn011

    • 180 мл  крем-сирење
    • rn011

    • 3 лажици путер
    • rn011

    • 1/2 лажиче екстракт од пеперминт (или друг екстракт по ваша желба)
    • rn011

    • 3 шолји шеќер во прав
    • rn011

    • малку млеко (по потреба)
    • rn

    rnКрем-сирењето, путерот и екстрактот матете ги со миксер, додека да добиете пенеста смеса. Потоа, почнете постепено да го додавате шеќерот во прав. По потреба, додавајте по малку млеко (лажица по лажица) за  состојките рамномерно да се распределат низ смесата. Со добиениот фил, исполнете ја внатрешната страна на колачињата како сендвич. Колачиња: црвено кадифеСтавете ги во фрижидер и оставете ги да седат 3 дена. Извадете ги 15 минути пред сервирање.Колачиња: црвено кадифе
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Крвава оранжада

    Крвава оранжада

    Направете ја оваа неверојатно ароматична, цитрусна освежителна оранжада. Освен што ќе ве освежи, нејзината боја дефинитивно ќе ве инспирира.Крвава оранжадаПотребно е:rn

      rn011

    • 3/4 шолја минерална вода
    • rn011

    • 3/4 шолја свежо цеден сок од црвен грејпфрут
    • rn011

    • 1/4 шолја свежо цеден сок од портокал
    • rn011

    • 3/4 шолја мраз
    • rn

    rnПодготовка: Исцедете ги портокалите и грејпфрутот. Крвава оранжадаКрвава оранжадаИзмешајте ги соковите. Земете висока стаклена чаша и наполнете ја до половина со цедениот сок. Крвава оранжадаДополнете ја чашата со минерална вода. Ставете неколку коцки мраз.Крвава оранжадаКрвава оранжада Ставете цевка и декорирајте со неколку кришки грејпфрут.Крвава оранжадаКрвава оранжада
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Млечен пунч

    Млечен пунч

    Пробајте го овој млечен пунч кој ќе ве загрее пред спиење… во секоја смисла!

    rnМлечен пунчrn

    Потребни состојки за двајца:

    rn

      rn011

    • 120 мл виски
    • rn011

    • 180 мл пола-пола*
    • rn011

    • 2 лажици шеќер во прав
    • rn011

    • 1/2 лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 1/2 лажичка рендано морско оревче
    • rn

    rn* Пола-пола е израз кој им е најмногу познат на коктел мајсторите. Тоа е микс од млеко и слатка павлака (хопла). Во овој рецепт, најпрво треба да направите пола-пола и тоа со 90 мл млеко и 90 мл слатка павлака (хопла). Ставете ги во голем сад и мешајте со вилушка додека не се соединат. Така, добивате пола-пола.rnrnМлечен пунчМлечен пунчrn

    Начин на подготовка:

    rnВо шејкер ставете го миксот од хопла и млеко (пола-пола) со неколку коцки мраз, вискито, шеќерот во прав, екстрактот од ванила и морското оревче. Ако немате шејкер, сите состојки измешајте ги во голем и длабок бокал. Убаво измешајте. Послужете го во убави стаклени чаши и декорирајте од горе со рендано морско оревче.rnrnМлечен пунч

  • Замрзнати чоко-банани

    Замрзнати чоко-банани

    Банана и чоколадо е една неодолива комбинација. Направете ги овие чоко-банани и уживајте во овошјето и чоколадото во истовреме.Замрзнати чоко бананиПотребно е:rn

      rn011

    • 2 банани
    • rn011

    • 4 дрвени стапчиња
    • rn011

    • 200 г млечно чоколадо, стопено
    • rn011

    • 100 г бело чоколадо, изрендано
    • rn011

    • 100 г мелени кикирики
    • rn

    rnПодготовка: Бананите исечете ги на два дела. Во мало тенџерче растопете го млечното чоколадо. Секое парче банана забодете го на стапче за ражен и натопете го во стопеното чоколадо. Потоа, ставете малку од мелените кикирки врз бананата. Одозгора налепете од ренданите трошки од бело чоколадо. Наредете ги сите банани на хартија за печење и ставете ги во фрижидер да се стегне чоколадото неколку часа. Замрзнати чоко бананиЗамрзнати чоко банани

  • Флертувачки коктели за св. Валентин

    Флертувачки коктели за св. Валентин

    Денеска, според католичкиот календар, е Св. Валентин, а според православниот Св. Трифун, па така што и да славите со сигурност убаво ќе си поминете. Сепак, доколку сакате да ги искомбинирате овие два празника, еве неколку одлични коктели кои ќе ви помогнат да го направите тоа.rn.rn

    Забранета љубов (Amore Vietato)

    rnФлертувачки коктели за Св. Валентинrn

      rn011

    • 60 ml џин
    • rn011

    • 30 ml леден сок од црвен портокал
    • rn011

    • 10 ml шербет
    • rn011

    • 2 јагоди
    • rn011

    • 2 резанки краставица
    • rn

    rnНачин на подготовка: Едната јагода и едната резанка од краставица исечкајте ги на парчиња. Во шејкер ставете ги џинот, сокот од црвен портокал и шербетот. Додадете ги парчињата овошје и силно протресете. Коктелот сипете го во висока чаша за мартини. Украсете со јагодата и краставичката која ви остана, а од кората од портокалот можете да направите форми на срциња.rn.rn

    Љубовта е… Маргарита (Love is…Margarita)

    rnФлертувачки коктели за Св. Валентинrn

      rn011

    • 75 ml чоколадно млеко (ладно)
    • rn011

    • 25 ml текила
    • rn011

    • 25 g пире од јагоди
    • rn011

    • 1 јагода прелиена со чоколадо
    • rn

    rnНачин на подготовка: Во дебела чаша сипете ги чоколадното млеко, текилата и пирето од јагоди. Енергично промешајте за да се добие хомогена смеса и украсете со јагодата прелиена со чоколадо.rn.rn

    Цреша (Kerasi)

    rn rn

    Флертувачки коктели за Св. Валентин

    rnrn

      rn011

    • 60 ml вотка од праска
    • rn011

    • 30 g пире од цреши
    • rn011

    • 15 ml ликер од праска
    • rn011

    • 15 ml бренди од цреша
    • rn011

    • 15 ml сок од лимон
    • rn011

    • 10 ml пенливо вино
    • rn

    rnНачин на подготовка: Сите состојки измешајте ги, освен пенливото вино и сипете ги во висока тенка чаша. Одозгора сипете го виното и украсете со една цреша.rn.rn

    Присети се на минатото лето (Remember Last Summer)

    rn

    Флертувачки коктели за Св. Валентин

    rnrn

      rn011

    • 45 ml вотка од ванила
    • rn011

    • 45 ml ликер од јагода
    • rn011

    • 30 ml сок од ананас
    • rn011

    • 15 g крем од кокос
    • rn011

    • рендан кокос
    • rn011

    • мраз
    • rn

    rnНачин на подготовка: Сите состојки, освен ренданиот кокос, ставете ги во шејкер и силно протресете. Сипете го коктелот во голема чаша и украсете со ренданиот кокос.rn.rn

    Пунч од јагоди (Strawberry Punch)

    rn

    Флертувачки коктели за Св. Валентин

    rnrn

      rn011

    • 3 свежи јагоди
    • rn011

    • 3 парчиња конзервиран ананас
    • rn011

    • 15 ml сок од ананас (од конзервата)
    • rn011

    • 10 ml шербет
    • rn011

    • 60 ml бел рум
    • rn011

    • мраз
    • rn

    rnНачин на подготовка: Истолчете го овошјето и ставете го во шејкер. Додадете го мразот и останатите состојки и силно протресете. Коктелот сипете го во голема чаша и украсете со овошје.rn.rn

    Розова маргарита (Pink Margarita)

    rn

    Флертувачки коктели за Св. Валентин

    rnrn

      rn011

    • 45 ml текила
    • rn011

    • 10 ml кампари
    • rn011

    • 15 ml свеж лимонов сок
    • rn011

    • 15 ml мед
    • rn011

    • мраз
    • rn

    rnНачин на подготовка: Ставете ги сите состојки во шејкер и енергично протресете. Коктелот сипете го во голема чаша, а украсете со резанка лимон и лист од нане.rn.rn

    Цвет од боровинка (Cranberry Flower)

    rnФлертувачки коктели за Св. Валентинrn

      rn011

    • 60 ml џин
    • rn011

    • 25 ml лимонов сок
    • rn011

    • 25 ml лимонов шербет*
    • rn011

    • 2 Супени лажици шербет од боровинки**
    • rn011

    • 6 боровинки
    • rn

    rnНачин на подготовка: Столчете ги боровинките и ставете ги во шејкер. Додадете го шербетот од боровинки и од лимон, лимоновиот сок и џинот и силно протресете. Коктелот сипете го во висока чаша за мартини и украсете со три боровинки.rnrn* При правење на стандарден шербет додавате свеж лимонов сок.rn** При правење на стандарден шербет додавате свеж сок од боровинка.rn.rn

    Бакнеж од јагода (Strawberry Kiss)

    rn

    Флертувачки коктели за Св. Валентин

    rnrn

      rn011

    • 45 ml вотка од ванила
    • rn011

    • 15 ml ликер од јагода
    • rn011

    • 10 ml сок од ананас
    • rn011

    • 10 ml шампањ
    • rn011

    • 1 јагода
    • rn

    rnНачин на подготовка: Сите состојки, освен шампањот, сипете ги во тенка чаша за вино. Одозгора сипете го шампањот и украсете со јагодата.

  • Атоле

    Атоле

    Атоле е традиционален мексикански пијалак кој локалното население во Мексико го пие преку целиот ден, иако најчесто се служи за време на појадокот. Бидејќи најдобрите ванила-стапчиња доаѓаат од Мексико, логично е мексиканците да измислат пијалак кој ќе го величи овој божествен зачин. Одлична замена е за тешките и преблаги пудинзи од ќесичка. Еве како да го направите: АтолеrnrnЗа 6 шолји атоле потребно е:rn

      rn011

    • 40 г нишесте
    • rn011

    • 1.5 литри млеко
    • rn011

    • 65 г шеќер
    • rn011

    • екстракт од ванила
    • rn

    rnНачин на подготовка: Во големо тенџере ставете ги нишестето и 250 мл млеко. Со жица за матење мешајте за да се соединат и да нема грутки во млекото од нишестето. Кога ќе добиете мазна смеса, истурете го остатокот од млекото и потоа додајте ги екстрактот од ванила и шеќерот. Вклучете ја ринглата на средна температура и гответе ја смесата со жица за да се стопи шеќерот и да се згусне целата смеса. АтолеКога ќе се згусне атолето, претурете го во високи шолји и оставете малку да се олади. Овој мексикански пијалак се служи топол.АтолеЗабелешка: Оригиналниот рецепт за атоле вклучува стапче од ванила. Тоа во Скопје ретко се наоѓа, а исто така е најскапиот зачин во светот.

  • Чоколаден тост со путер од кикирики

    Чоколаден тост со путер од кикирики

    За појадок, вечера или ужина, овој чоколаден тост ќе ви покаже дека комбинацијата од чоколаден крем и путер од кикирики е совршена, а бананата само ќе го надополни ефектот. Направете го кога сте во брзање, кога не знаете што благо да јадете или кога не можете да му најдете соодветна примена на путерот од кикирики. Верувајте, ова е тост кој нема да го направите само еднаш.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 парчиња леб
    • rn011

    • 2 големи лажици путер од кикирики
    • rn011

    • пола банана
    • rn011

    • 60 г чоколадо за готвење
    • rn011

    • 1 лажица стопен путер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnДвете парчиња леб намачкајте ги со путер од кикирики.rnrnЧоколаден тост со путер од кикирикиrnrnПоловина од чоколадото за готвење грубо исечете го со нож, а другата половина ситно изрендајте ја. Исечете ја бананата ја на 4 тркалца кои ќе ги распоредите врз едното парче леб. Врз бананата, ставете го грубо исецканото чоколадо, а останатите рендани трошки распоредете ги подеднакво на двете лепчиња.rnrnЧоколаден тост со путер од кикирикиrnrnПреклопете ги парчињата леб внимателно. Горното парче намачкајте го со растопениот путер и ставете го на тостер или на тефлонско тавче (за палачинки) ако немате тостер. Почекајте чоколадото да почне да се топи. Потоа превтрете го тостот на другата страна и намачкајте го другото парче леб со путер. Кога тостот ќе добие убава златна боја, исечете го на два тријаголници.rnrnЧоколаден тост со путер од кикирики
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќни двојки од храна

    Моќни двојки од храна

    Нештата се најубави кога одат во пар. Ист е и случајот со овошјата и зеленчуците. Кога ќе се спојат во една комбинација, даваат здравје, витамини и позитивни вибрации. За енергија, против ПМС или за помека кожа, вие одберете кој ќе биде вашиот витамински пар.rnrn

    За повеќе енергија:

    rn

    Моќни двојки
    Наут + црвени пиперки
    rnrnВо просек, една од пет жени се жали на недостиг на енергија. Но, јадејќи храна со железо, таа може да се надополни. Наутот е досаден ако се јаде самостојно, па затоа во комбинација со црвени пиперки кои се преполни со витамин Ц, се одличен пар. Испечете неколку црвени пиперки додека го правите најпознатиот сос од наут, хумус.rnrn

    За подобар вид:

    rn

    Моќни двојки
    Спанаќ + авокадо
    rnrnСпанаќот има лутеин и витамин А, што веднаш го прави одличен за очите. Авокадото пак, освен што ги има истите витамини како спанаќот, има и здрави маснотии кои му требаат на организмот. Кесадиљас или тако со фил од спанаќ и фета и сос гвакамоле, изборот е ваш.rnrn

    За помалку болен ПМС:

    rn

    Моќни двојки
    Јајца + броколи
    rnrnАко секој месец имате болни периоди, тоа е затоа што нивото на калциум и витамин Д ви е пониско од 30 и 40 проценти, соодветно. Комбинацијата на овие два продукти малку ќе ја ублажи болката само затоа што броколите се преполни со калциум, а јајцата со витамин Д. Фритата од броколи е совршен избор за комбинација на овие производи.rnrn

    За помека кожа:

    rn

    Моќни двојки
    Домати + маслиново масло
    rnrnЛикопенот, моќниот антиоксиданс, најмногу се наоѓа во доматите и штити од штетните сончеви зраци. Освен тоа, помага вашата кожа да биде мека, што не значи дека треба да јадете едно кило домати секој ден за да го постигнете тој резултат. Маслиновото масло има здрави маснотии кои кожата ја прават мазна, со помалку брчки и го забавуваат нејзиното стареење. Комбинацијата на овие два продукти во италијанската кујна се нарекува: Салата Капрезе. Домати исечкани на кругови, моцарела, маслиново масло и неколку ливчиња босилек и вашата кожа ќе ви каже „благодарам“.rnrn

    За подобро варење на храната:

    rn

    Моќни двојки
    Јогурт + ленено семе
    rnrnСтомачното црево е домаќин на 400 разни видови бактерии, некои добри, некои лоши. Кога лошите бактерии ќе ги надвладеат добрите, тогаш доаѓа до проблеми со варењето на храната. Јогуртите се пријатели на дигестивниот систем и помагаат во стомачното црево да има што повеќе добри бактерии. За да опстанат пробиотиците, тие треба да се хранат со пребиотици – влакна кои се наоѓаат во ленот. Кога ќе се спојат заедно, тие овозможуваат здрав баланс во стомакот. Во вашиот јогут, попрскајте малку мелен лен или во овошен јогурт ставете неколку грубо истолчени семиња од лен. Одлично за здрав појадок.rnrn

    За поздраво срце:

    rn

    Моќни двојки
    Овес + јаболко
    rnrnОвесот има бета-глукан (влакна кои го намалуваат холестеролот) и авенантрамид (соединенија кои го штитат ЛДЛ-холестеролот од штетните слободни радикали). Тоа го прави овесот најдобар пријател на срцето. Јаболката пак, исто така штитат од штетните слободни радикали и имаат антиоксидансни соединенија. Во овесната каша која ќе ја јадете за појадок, ставете неколку парчиња исечкано и излупено јаболко. Ова е најдобриот начин за здрав и лесен појадок, препорачан од нутриционисти и доктори.rnrn

    За посилен имунолошки систем:

    rn

    Моќни двојки
    Пилешко месо + сладок компир
    rnrnСлаткиот компир е зеленчук кој се бори против инфекциите кои го напаѓаат организмот бидејќи е полн со витамн А. Но, без цинк кој го има во пилешкото, говедското и свинското месо, витаминот А не може да се донесе на вистинското место во организмот. Затоа, комбинацијата на овие два продукти и нивното претворање во бистра пилешка супа и печен сладок компир ќе го зајакнат вашиот слаб имунитет.rnrn

    За превенција од рак:

    rn

    Моќни двојки
    Зелен чај + лимонов сок
    rnrnЗелениот чај е број еден извор за борба против ракот. Доколку во него ставите неколку капки лимонов сок, ефектот е посигурен, а за уште подобри резултати, додадете и една лажичка шеќер.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колачиња со порака (Fortune cookies)

    Колачиња со порака (Fortune cookies)

    Сите ги знаеме кинеските колачиња со порака кои ги даваат во оригиналните кинески ресторани насекаде низ светот. Во секое колаче се крие убава порака.rnrnКолачиња со порака (Fortune cookies)rnrnСега, овие колачиња можете да ги направите и вие дома. Тоа би било одличен начин да ги изненадите пријателите за време на заедничко собирање, ручек или вечера.rnrnКолачиња со порака (Fortune cookies)rnrnПрво, испечатете на лист љубовни, мотивациски, смешни или обични пораки по ваша желба и исечете ги.rnrnКолачиња со порака (Fortune cookies)rn

    Потребни состојки за колачите:

    rn

      rn011

    • 2 белки
    • rn011

    • 1 лажичка сок од лимон (по желба може да ставите екстракти од кафе, ванила или јагода)
    • rn011

    • 3 лажици растително масло за јадење
    • rn011

    • 8 лажици брашно
    • rn011

    • 1 1/2 лажици нишесте
    • rn011

    • 1/2 лажичка сол
    • rn011

    • 8 лажици шеќер
    • rn011

    • 3 лажици вода
    • rn

    rnПодготовка: Во сад нежно изматете ги белките, лимоновиот сок и маслото (да не бидат цврсто изматени). Во друг сад измешајте ги брашното, нишестето, солта и шеќерот и додадете ја водата. Оваа смеса со брашно додадете ја во смесата со белките и мешајте со вилушка додека не добиете еднолична маса.rnrnКолачиња со порака (Fortune cookies)rnrnСмесата треба да биде компактна. Ако ви е премногу ретка, додадете уште малку брашно.rnrnКолачиња со порака (Fortune cookies)rnrnВо тавче прекриено со хартија за печење, со лажица ставајте од смесата и потоа измазнете ги малите палачинки за да имаат тркалезен облик.rnrnКолачиња со порака (Fortune cookies)rnrnПечете 15 минути (ова зависи од рерната) додека палачинките не почнат сами да се одвојуваат од страните. Откако ќе се испечат треба да работите брзо. Извадете ги палачинките, ставете ја претходно исечената порака на средина на палачинката и преклопете ја на половина. Потоа, доближете ги краевите на колачето (но не дозволувајте да се допираат) и наредете ги во калап за мафини да се сушат. Оставете ги неколку часа да се исушат убаво.rnrnКолачиња со порака (Fortune cookies)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.