КАФЕ ПАУЗА

Category: Храна и пијалаци

  • Овошни цигари

    Овошни цигари

    Попладневни грицки и интересни, брзи и лесни суканици

    rnОвошни цигариrn

    Потребно е:

    rn

      rn011

    • 450 г јагоди, исечкани на мали парчиња
    • rn011

    • 60 мл вода
    • rn011

    • 1 лажица сок од лимон
    • rn011

    • 1 лажица масло
    • rn011

    • 60 г шеќер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

    Загрејте ја рерната на 60 степени Целзиусови. Исечкајте ги јагодите и заедно со водата и лимоновиот сок ставете ги во тенџере да се варат неколку минути, покриени, на средна температура.

    rn

    Овошни цигариОвошни цигари

    rn

    Кога ќе бидат меки, тргнете ги од оган, ставете го шеќерот и претурете сè во блендер. Мешајте убаво додека да се измикса целата смеса. Пробајте од смесата и ако треба додадете уште шеќер.

    rn

    Овошни цигари

    rn

    Во тава ставете хартија за печење и намачкајте ја со малку масло. Претурете ја смесата врз хартијата и со лажица убаво распоредете ја за да биде тенка и во еден рамномерен слој. Печете околу 12-15 часа, при што некаде на половина печење, смесата треба да се преврти на нова намасленета хартија во тавата. Ако смесата почне да се суши во текот на печењето, намачкајте ја со вода. Доколку немате 15 последователни часови на располагање за печење, можете привремено да ја сушите смесата покрај прозорец изложен на сонце.

    rn

    Овошни цигари

    rn

    Готовата смеса оставете ја да се олади. Од неа исечете долгнавести ленти и потоа завиткајте ги како цигари.

    rn

    Овошни цигари

    rn

    По желба, истиов рецепт можете да го примените за да направите овошни цигари од друг плод.


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Жешки чоколадни камчиња

    Жешки чоколадни камчиња

    Овие чоколадни колачиња се одличен начин да ја изненадите вашата најсакана личност. За роденден, годишнина, Свети Валентин или онака, без причина, како што е секогаш најубаво, изборот е ваш. Особено се погодни за посилниот пол затоа што се многу лесни за подготовка, а девојките дефинитивно „ќе паднат“ на нив и на гестот. Со добра храна полесно се доаѓа до женското срце, нели?Жешки чоколадни камчињаПотребно е:rn

      rn011

    • 230 г чоколадо со 60% какао маса
    • rn011

    • половина лажиче чили во прав
    • rn011

    • прстофат сол
    • rn011

    • 1/2 шолја (240 мл) хопла
    • rn011

    • какао за валкање
    • rn

    rnПодготовка: Чоколадото исечете го на помали коцки. Ставете го во сад и додајте ги солта и чилито. Во тенџерче ставете ја хоплата и почекајте да зоврие. Кога ќе зоврие, претурете ја хоплата врз чоколадото и почекајте 3 минути без да мешате. По три минути, измешајте ја смесата со дрвена лажица додека не стане мазна. Готовата смеса истурете ја врз пластична фолија и завртете ја како салама или како што ќе ви биде згодно. Ставете го чоколадото во замрзнувач и оставете го неколку часа додека не се стврдне убаво. Потоа, извадете го чоколадото и извадете ја фолијата. Од чоколадото сечете коцки со димензии по ваш избор (не ги сечете прецизно и со точни големини, сепак се викаат камчиња, нели?). Камчињата извалкајте ги во какао.Жешки чоколадни камчиња

  • Кралскиот пијалак

    Кралскиот пијалак

    Автор: Christinern(поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnВенчавката на принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон беше еден од најизвонредните настани на 21-от век. Откако малку легна прашината околу самата венчавка, може и ние да си наздравиме на кралски начин. Интересно е што е создаден посебен пијалак, наречен „Кралската венчавка“ (The Royal Wedding), кој секако ја има кралската боја – виолетовата. Еве како да си го подготвите.Кралскиот пијалакrnrnСостојки:rn

      rn011

    • 45 мл бренди
    • rn011

    • 20 мл бренди од праска
    • rn011

    • 20 мл бренди од цреши
    • rn011

    • 90 мл сок од портокал
    • rn011

    • газирана вода
    • rn

    rnКако да го направите: Измешајте ги сите состојки во коктел мешалка и истурете ги во необично обликувана висока чаша. Додадете кршен мраз и уживајте!rnrnБонус совети: rn

      rn011

    • За некоја „пофенси“ декорација, додадете сламки во бела, сина или црвена боја.
    • rn011

    • Ставете ја чашата врз подметнувач кој би имал облик на круна.
    • rn011

    • Ставете британски знаменца.
    • rn011

    • Додадете парчиња лимон по желба или само употребете ја сопствената фантазија.
    • rn

    rnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.

  • Англиски колачиња

    Англиски колачиња

    Автор: Марија ДукоскаrnrnЗа сите обожаватели на кафето, еве предлог-рецепт за брзо и едноставно слатко задоволство. Станува збор за колачиња, коишто ќе измамат насмевка на сечие лице. Брзи за подготовка, сè што ви треба е да издвоите еден час за подоцна да ги изненадите вашите пријатели со нешто уникатно.rnrnАнглиски колачињаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 250 г маргарин
    • rn011

    • 170 г шеќер
    • rn011

    • 100 г чоколадо сецкано на коцкички
    • rn011

    • 100 г мелени ореви (може и лешници)
    • rn011

    • 450 г брашно
    • rn011

    • 100 г суво грозје (или некое друго суво овошје)
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 1 пециво
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите состојки се замесуваат. Потоа тестото се плеска и се рассукува. На крај, со модли се сечат фигури и се печат.rnrnАнглиски колачиња

  • Медот во кујната

    Медот во кујната

    Медот денес е многу повеќе од засладувач во чај. Модерните гурмани знаат дека употребата на медот во современата кујна е сè позастапена и шаренолика. Во комбинација со сирење и модар патлиџан, месо и риба, медот е додаток кој ако досега не сте го употребувале, време е да почнете. Погледнете неколку идеи како да го употребите медот во кујната:rn

    Грашок и шумски мед

    rnМедот во кујнатаrnrnСалата со млад грашок, рен и шумски мед.rn

    Пржен модар патлиџан со багремов мед

    rnМедот во кујнатаrnrnПржените кришки модар патлиџан се толку вкусни и претставуваат одлична заскуска. Во комбинација со багремовиот мед, може да бидат одличен избор за необичен ручек.rn

    Мувлосано (сино) сирење со мед од костен

    rnМедот во кујнатаrnrnБогатиот вкус на синото сирење одлично ќе се надополни со вкусот на медот од костен.rn

    Фуа-гра (џигер од патка) со мед од лаванда

    rnМедот во кујнатаrnrnДва француски специјалитети кои дефинитивно одат едно со друго. Уникатниот вкус на џигерот од патка го ублажува слаткастиот вкус на медот од лаванда.rn

    Чедар кашкавал со мед од липа

    rnМедот во кујнатаrnrnСилниот вкус на кашкавалот одлично се надополнува со мекиот и нежен вкус на медот од липа.rn

    Стапчиња јагнешко со овошен мед

    rnМедот во кујнатаrnrnМесо и мед е неодолива комбинација, а со овошниот мед се добива неверојатен вкус.rn

    Козјо сирење со мед од костен

    rnМедот во кујнатаrnrnМедот и сирењето прават моќна двојка. Овие два производи секогаш одат во пар.rn

    Скуша со планински мед

    rnМедот во кујнатаrnrnСилниот вкус на мрсната риба скуша, зачинета со сос од лимонов сок, соја сос и планински мед е одлична комбинација за незаборавен ручек.rnrnПокрај во кујната, медот можете да го употребите и како козметичко средство за разубавување и лекување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бела сангрија

    Бела сангрија

    Сите сме пробале сангрија – овошно црвено вино. Време е да пробате нешто ново и поинакво. Видете зошто оваа бела сангрија ќе биде главната ѕвезда на вашата следна забава или прослава.rnrnБела сангријаrn

    Потребно за 6 чаши:

    rn

      rn011

    • 1 шише шампањ или бело суво вино
    • rn011

    • 1 1/2 шолји џус од брусница
    • rn011

    • 1 јаболко, исечкано на листови
    • rn011

    • 1 портокал, исечкан на листови
    • rn011

    • 1 лимон, исечкан на листови
    • rn011

    • 1 лимета, исечкана на листови
    • rn011

    • 1 грст грозје
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите овошја и сокот ставете ги во стаклен сад. Врз нив истурете го белото вино или шампањот. Оставете половина час да отстои во фрижидер. Сервирајте ладно.rnrnБела сангријаБела сангријаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколадни тартуфи

    Чоколадни тартуфи

    Ова е оној десерт што никого не може да го остави рамнодушен. Толку едноставен, лесен и премногу вкусен. Предизвикува сериозна зависност, а еден чоколаден тартуф верувајте дека нема да ви биде доволен.Чоколадни тартуфи

    rnrn

    Потребни состојки за 30 тартуфи:

    rn

      rn011

    • 175 мл слатка павлака со 45% масленост
    • rn011

    • 300 г темно чоколадо со над 60% чоколадна маса, растопено
    • rn011

    • 30 г несолен путер, растопен
    • rn011

    • 3 супени лажици ликер по ваш вкус
    • rn011

    • незасладено какао
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо сад ставете ја павлаката да проврие. Претходно растопеното чоколадо ставете го во павлаката. Потоа, ставете го и растопениот путер. Додадете го ликерот. Измешајте ја целата смеса. Готовата смеса претурете ја во тавче и ставете го тавчето во замрзнувач 3 часа. По три часа, извадете го тавчето со смесата. Со лажица почнете да вадите топчиња. Обликувајте ги во рака како тркалца и валкајте ги во какао. Чоколадните тартуфи ставете ги во хартиени калапи за да изгледаат поубаво (може и без нив). Најдобро е да се служат на собна температура.rnrnЗабелешка: Тартуфите може да стојат во фрижидер десет дена, без проблем.rnrnАко сте вешти во готвењето, може да ги декорирате со ореви, бадеми, лешници, чоколадни филови со ваши додатоци.rnrnЧоколадни тартуфи
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Здрава храна за оптимално здравје

    Здрава храна за оптимално здравје

    Во денешно време луѓето многу повеќе се грижат за нивната работа и успех, отколку за одржувањето на доброто здравје. Видот слабее од постојаното гледање во монитор, мускулатурата ослабува од недоволната физичка активност, имунитетот опаѓа од лошата исхрана, а се појавуваат и разни срцеви болести и заболувања од рак. Консумирајте ги овие 8 видови храна секој ден, за да си покажете себеси дека доброто здравје ви е сè уште приоритет број еден во вашиот живот.rn

    1. Спанаќ

    rn

      rn011

    • Ја зголемува сексуалната моќ
    • rn011

    • Помага за раст на мускулите
    • rn011

    • Го подобрува здравјето на срцето
    • rn011

    • Ги зајакнува коските
    • rn011

    • Го подобрува видот
    • rn

    rnЗдрава храна за оптимално здравјеrnrnСпанаќот можеби изгледа како обично зелено ливче, но тој е одличен пријател на мажите. Спанаќот е билдер на бицепсите и е богат со омега 3 и фолна киселина, кои го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести, срцев удар и остеопороза. Бонус: фолната киселина, исто така, го зголемува протокот на крв во пенисот. Лутеинот кој се содржи во спанаќот, се бори против старечкото слепило. Дневната препорачлива доза на свеж спанаќ е 200 г.rnrnЗамена: кељ, марула, кинеска зелкаrn

    2. Јогурт

    rn

      rn011

    • Се бори против заболување од рак
    • rn011

    • Ги зајакнува коските
    • rn011

    • Го зајакнува имунолошкиот систем
    • rn

    rnЗдрава храна за оптимално здравјеrnrnМногу различни култури тврдат дека тие го измислиле јогуртот, но здравите придобивки од 2000-годишниот пијалак не се тема на расправа. Ферментацијата размножува стотици милиони пробиотски организми, кои служат како засилување  на корисните бактерии во вашето тело, го зајакнуваат имунолошкиот систем и се борат против заболување од рак. Не е секој јогурт органски пробиотски, па затоа осигурајте се дека на амбалажата пишува „живи и активни бактериски култури“. Препорачливо е секојдневно да внесувате по една чаша јогурт богат со калциум и протеини.rnrnЗамена: кефир, јогурт од сојаrn

    3. Домат

    rn

      rn011

    • Се бори против заболување од рак
    • rn011

    • Го подобрува здравјето на срцето
    • rn011

    • Го зајакнува имунолошкиот систем
    • rn

    rn

    Здрава храна за оптимално здравјеИма две работи кои треба да ги знаете за доматите. Прво, црвените се најдобри бидејќи изобилуваат со ликопен (јак антиоксиданс од групата каротеноиди) кој многу поволно делува на работата на срцето. Второ, обработените домати се исто толку моќни како и свежите, бидејќи преку нивното консумирање му е полесно на организмот да го апсорбира ликопенот. Истражувањата покажале дека диетата богата со ликопен може да го намали ризикот од рак на бешика, бели дробови, простата, кожа и стомак, а го намалува и ризикот од појава на коронарна артериска болест (болест на срцето поради затнување на артерии). Препорачливо е секој ден да консумирате по 2 домати или една чаша џус од домати.

    rnЗамена: лубеница, црвен цитрон, папаја, гуава, јапонско јаболкоrn

    4. Моркови

    rn

      rn011

    • Се борат против заболување од рак
    • rn011

    • Го зајакнуваат имунолошкиот систем
    • rn011

    • Го подобруваат видот
    • rn

    rn

    Здрава храна за оптимално здравјеПовеќето црвени, жолти и портокалови зеленчуци и овошја се богати со каротеноиди – соединенија растворливи во масти, кои помагаат во борбата против заболување од разни видови рак, а го намалуваат ризикот и сериозноста на воспалителните состојби, како што се астмата и ревматоиден артритис. Препорачлива дневна доза на морков е 100 грама.

    rnЗамена: благ компир, тиква, манго, жолта бабураrn

    5. Боровинки

    rn

      rn011

    • Го стимулираат мозокот
    • rn011

    • Се борат против заболување од рак
    • rn011

    • Го подобруваат здравјето на срцето
    • rn011

    • Го зајакнуваат имунолошкиот систем
    • rn

    rnЗдрава храна за оптимално здравјеrnrnВо однос на другите овошја, боровинките содржат најмногу антиоксиданси и помагаат во спречување на заболувањето од рак, дијабетес и губење на помнењето со текот на стареењето. Истражувањата покажале дека боровинките, кои се богати со растителни влакна и витамини А и Ц, го подобруваат кардиоваскуларното здравје.  Препорачливо е дневно да се консумираат околу 250 грама свежи боровинки.rnrnЗамена: малини, капини, црно грозје, суви сливи, суво грозје, јагодиrn

    6. Црн грав

    rn

      rn011

    • Го стимулира мозокот
    • rn011

    • Помага за раст на мускулите
    • rn011

    • Го подобрува здравјето на срцето
    • rn

    rnЗдрава храна за оптимално здравјеrnrnСекоја врста грав е добра за здравјето, но ниту една не може да ја покрене моќноста на мозокот како црниот грав. Тоа е така, бидејќи зрната се полни со антоцијани, антиоксидантни соединенија кои покажале дека ги подобруваат функциите на мозокот. Препорачлива дневна доза за консумирање е 125 грама, со која ќе внесете 8 грама протеини и 7,5 грама растителни влакна. Исто така црното гравче е ниско калорично и не содржи заситени масти.rnrnЗамена: грашок, леќа, шарен грав, лимски гравrn

    7. Ореви

    rn

      rn011

    • Го стимулираат мозокот
    • rn011

    • Помагаат за раст на мускулите
    • rn011

    • Го подобруваат здравјето на срцето
    • rn

    rnЗдрава храна за оптимално здравјеrnrnПобогати се со омега 3 (кој е добар за срцето) дури и од лососот, имаат повеќе анти-воспалителни полифеноли од црвеното вино и содржат половина од протеините кои ги има во пилешкото место. Повеќето јаткасти плодови, содржат една или две од овие карактеристики, но ниедна не ги содржи сите 3 како оревите. Препорачливо е да се јаде порција од 30 грама во кое било време, особено после вежбање.rnrnЗамена: бадеми, кикирики, ф‘стаци, индиски ореви, лешнициrn

    8. Овес

    rn

      rn011

    • Го стимулира мозокот
    • rn011

    • Помага за раст на мускулите
    • rn011

    • Го подобрува здравјето на срцето
    • rn

    rnЗдрава храна за оптимално здравјеrnrnЕден од главните пропагатори на здравата храна содржи растворливи влакна кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Овесот е полн со јаглехидрати, но ослободувањето на шеќерите е забавено токму од растворливите влакна. Во порција од 100 грама, овесот содржи 10 грама протеини, што го прави одлична храна за енергија при вежбање.rnrnЗамена: ленено семе, оризrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколаден намаз со кикирики

    Чоколаден намаз со кикирики

    Уште еден доказ дека чоколадото и кикириките се најдобри пријателиrnrnЧоколаден намаз со кикирикиПотребно е:rn

      rn011

    • 2 шолји непечени, лупени  кикирки
    • rn011

    • 1/2 шолја какао
    • rn011

    • 1 1/4 шолја шеќер во прав
    • rn011

    • 1 лажичка сол
    • rn011

    • 3 лажици масло
    • rn

    rnПодготовка: Рерната загрејте ја на највисоката температура која ја има. Во тавче за печење, ставете хартија за печење и истурете ги кикириките. Распоредете ги рамномерно и печете ги 10 минути додека не почнат да добиваат кафена боја. Чоколаден намаз со кикирикиЧоколаден намаз со кикирикиЗа тоа време, промешувајте ги неколку пати за да не загорат. Кога ќе бидат испечени, кикириките ставете ги во процесор за храна и мелете ги 5 минути додека не бидат во речиси течна состојба. Ако смесата стане многу густа, ставете малку вода за да стане полу-течна. Чоколаден намаз со кикирикиПотоа, додајте ги какаото, шеќерот, маслото и солта и мешајте во процесорот. Чоколаден намаз со кикирикиЧоколаден намаз со кикирикиГотовиот намаз ставете го во пластичен или стаклен сад и оставете го преку ноќ во фрижидер. Чоколаден намаз со кикирикиНаредниот ден, кога намазот ќе биде ладен и цврст, намачкајте го на парче леб. Внимавајте, овој намаз создава зависност 🙂Чоколаден намаз со кикирики

  • Крвавата Мери

    Крвавата Мери

    „Bloody Mary“ (Крвавата Мери) е многу популарен коктел чии главни ѕвезди се вотка и џус од домати.  Се гарнира со стапчиња целер, а коктелот се зачинува со сол, бибер, табаско сос, маслинки, мелен црвен пипер и други зачини по желба. Овој коктел е одлично „извинување“ за да пиете и јадете во исто време, и тоа, што ви сака душата.Крвавата МериrnrnПотребни состојки за 1 коктел:rn

      rn011

    • 30 мл вотка
    • rn011

    • 90 мл џус од домати
    • rn011

    • 2 лажички табаско сос
    • rn011

    • 1 лажичка ворчестер сос
    • rn011

    • 10 мл сок од лимон
    • rn011

    • 1 прстофат сол
    • rn011

    • 1 прстофат бибер
    • rn011

    • 1 страк целер
    • rn011

    • коцки мраз
    • rn

    rnПодготовка: Во голем бокал ставете ги вотката, џусот од домати и останатите зачини (освен целерот). Со жица за матење промешајте ја течноста. Коктелот претурете го во висока и длабока стаклена чаша. Ставете неколку коцки мраз. Во коктелот ставете едно стапче целер.Крвавата МериЗабелешка: Ако сакате да направите гарнинир за коктелот како на сликата: На чепкалка набодете две парчиња кулен, една коцка кашкавал, пак едно парче кулен, уште една коцка кашкавал и на крај завршете со уште две парчиња кулен.