КАФЕ ПАУЗА

Category: Храна и пијалаци

  • Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

    Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

    Ручекот е најглавниот оброк во денот кога се претпоставува дека целото семејство треба да е собрано и да ужива во оброкот. Но, некои од нас за време на ручекот не се дома заради работни или други обврски. Тогаш јадеме во ресторани и најчесто, не водиме грижа за тоа колку ќе изедеме. Разни студии покажале дека оние луѓе кои почесто јадат надвор во ресторани, внесуваат повеќе маснотии, сол и калории во организмот. Па така, ако не бидете внимателни со тоа што ќе го нарачете за јадење, таа невнимателност ќе резултира со пополнување на вашата половина.rnrnКако да ручате во ресторан, а да не се здебелите?rnrnСо овие неколку совети ќе научите како оброците што ги нарачувате може да бидат еднакво здрави како и домашно зготвената храна.rn

    1. Немојте да сте изгладнети

    rn

    Ако не појадувате или не земете некоја здрава ужина во времето до ручекот, тоа може да резултира со прејадување во ресторанот. Вие ќе бидете гладни и ќе сакате да нарачате сѐ што ќе ви изгледа примамливо од менито. Затоа, пред да ручате во ресторан, каснете некое овошје, бадеми, ореви или некој крекер.

    rnrn

    2. Не посегајте по лебот

    rnМногу ресторани служат парчиња леб или фурнаринки во кошница и го даваат заедно со салата или некое макало. Замолете го келнерот да го тргне од масата (освен ако некој колега не сака да го јаде, па понудете му го нему). Така, нема да паднете во искушение и трпеливо ќе чекате да пристигне нарачаното. Побарајте чаша вода и пијте сѐ додека не ви стигне главниот оброк.rnrnКако да ручате во ресторан, а да не се здебелите?rn

    3. Внимателно разгледајте го менито

    rnКога келнерот ќе ви го донесе менито, не брзајте веднаш да му кажете што ќе нарачате. Прочитајте го секое јадење кое ви звучи примамливо, и најважно–прочитајте го начинот на кој се подготвува (дали се пржи, пече, вари…). Скенирајте ги оние оброци кои се подготвени на скара, на пареа, јадења кои се поширани, без тешки сосови. Секогаш има здрави опции во менито. Избегнете ги оние кои се пржени, сотирани или јадења на база на путер или млеко.rn

    4. Прашувајте

    rnНе се плашете да прашате како некое јадење е подготвено или да му кажете на келнерот како главниот готвач да ви го подготви јадењето кое сакате да го нарачате. На пример, наместо пржено пилешко, да биде динстано. Исто така, сосовите кои ќе ги нарачате консумирајте ги во многу мали количини, за да го почувствувате вистинскиот вкус на јадењето.rn

    5. Изберете помали порции

    rnРечиси во сите ресторани има мала, средна, голема и екстра голема порција (или фамилијарна). Разумни порции се малата и средната порција. Ако нарачате голема порција, не мора да изедете сѐ од неа. Побарајте да ви го спакуваат остатокот за дома. Така ќе имате еден вид самоконтрола за тоа колку јадете количински. Друг трик е наместо од одделот за главни оброци, да нарачате од одделот за предјадења. Така, ќе може да нарачате и салата или зеленчук настрана.rnrnКако да ручате во ресторан, а да не се здебелите?rn

    6. Бидете отворени за различни кујни

    rnНе знаете што да нарачате ако сте во Кинески, Мексикански, Јапонски ресторан? Сите кујни имаат пржени јадења или јадења кои содржат многу калории. Еве како вашиот избор да биде поздрав:rn

      rn011

    • Кинески ресторан: Нарачајте сѐ што е готвено на пареа, зеленчуци, тофу, риба, пилешко со сос настрана.
    • rn011

    • Француски ресторан: Месо или морски плодови на брускети или на скара.
    • rn011

    • Индиски ресторан: Пилешко или морска храна, леќа, јадења со кари и басмати ориз.
    • rn011

    • Италијански ресторан: Паста примавера, мариниран мускул, шпагети со доматен сос, морски плодови на скара, пица со тенко тесто.
    • rn011

    • Јапонски ресторан: Суши, шашими, теријаки, јакитори, мисо супа.
    • rn

    rn

    Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

    rn

    7. Не нарачувајте мезе

    rnАко нарачате разни мали мезиња заедно со главниот оброк, тоа ќе доведе несвесно да изедете повеќе одошто е потребно. Запомнете: На мозокот му се потребни 20 минути да добие сигнали за ситост, велат експертите. Затоа, не брзајте додека јадете – јадете полека и мирно.rn

    8. Не нарачувајте десерт веднаш

    rnПрво изедете го главното јадење, па дури потоа, размислувајте да нарачате десерт. Не се знае, може ќе бидете најадени и нема да сакате да јадете повеќе. Ако веќе нарачате, поделете го со колегата или пријателот. Така ќе заштедите и калории и пари.rnrnКако да ручате во ресторан, а да не се здебелите?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ужина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве засити

    Ужина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве засити

    Одбирањето добра ужина, некогаш навистина може да претставува голем проблем. Закуската треба истовремено да ве засити за да може вашето тело нормално да функционира, да не ви го распие главниот оброк и што е најважно, да биде вкусна.rnrnУжина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве заситиrnrnЕве неколку примери за квалитетна ужина, која ќе ги задоволи критериумите на сите, а со сигурност ќе ви помогне да го избегнете ризикот за некое непосакувано кило плус.rn

    Јаболко и путер од кикирики

    rnКомбинацијата од овие две нешта содржи голем број белковини, влакна и маснотии, па така едно јаболко со просечна големина и неколку лажички путер од кикирики навистина би ве заситиле. Бидејќи оваа ужина бара малку повеќе џвакање, мозокот си дава автосугестија дека организмот внесува поголема количина храна.rnrnУжина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве заситиrn

    Овошен јогурт

    rnОвошниот јогурт е секогаш победник. Тој ќе зафати повеќе простор во вашиот желудник, а и ќе му треба подолго време за да се свари. Одберете вкус според вашиот критериум  и уживајте на вашата пауза.rnrnУжина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве заситиrn

    Лубеница

    rnТаа има малку повеќе калории од некои други овошја што можете да ги консумирате, но има предност бидејќи е полна со вода, па така вашиот стомак ќе биде полн, а вие сити.rnrnУжина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве заситиrn

    Протеинска штангла

    rnПротеинските штангли всушност имаат сѐ што ви е потребно за да ве заситат. Богати се со белковини и масти, а во маркетите имате голем избор од нив. Сепак, пред да изедете поголема количина, бидете внимателни и прочитајте на обвивката колку калории содржат.rnrnУжина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве заситиrn

    Пуканки

    rnДефинитивно одлична закуска, која понекогаш би била и добра замена за вашата вечера. Волуменски, пуканките зафаќаат поголем простор, а се богати и со белковини.rnrnУжина која ќе ви ја одржи линијата и ќе ве заситиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.