КАФЕ ПАУЗА

Tag: значење

  • Значењето на зборовите „Те сакам“ за секој хороскопски знак

    Значењето на зборовите „Те сакам“ за секој хороскопски знак

    Уште во Вавилонската ера ѕвездите играле голема улога во предвидувањето на особините и настаните што ќе се случат во животот на одредена личност. Иако овој метод се смета за застарен, 12 хороскопски знаци сѐ уште можат да ја предвидат човечката природа и однесување во повеќето ситуации. Па така, тие можат да го одредат и значењето на зборовите „Те сакам“. Во продолжение, дознајте какво значење имаат овие зборови за секој хороскопски знак…rnrnЗначењето на зборовите „Те сакам“ за секој хороскопски знакrn

    Овен: „Лудо сум вљубен/а во сето она што го правиш“

    rnОвните се посветуваат на секоја задача, па така тие многу се посветуваат и на нивните сакани. Нивната љубов е цврста како карпа. Секогаш кога ќе прочитаат ваша порака или ќе го фатат вашиот поглед, нивното срце почнува силно да чука. Нивното те сакам докажува дека вие им значите буквално сѐ на овој свет.rn

    Бик: „Верувам во тебе“

    rnПрипадниците на знакот Бик се повнимателни кога донесуваат одлуки во животот. Тие имаат доверба само во неколку луѓе од нивниот живот и изјавувањето љубов некому е големо достигнување за нив. Токму затоа, нивното те сакам е знак дека им е удобно покрај таа личност и дека имаат доверба во неа.rn

    Близнаци: „Го покажувам моето вистинско лице кога сум крај тебе“

    rnБлизнаците се многу самоуверени и имаат богат социјален живот, па затоа тие без проблем можат да разговараат со секого, но понекогаш им недостасува разбирањето и емоционалната поврзаност со партнерот. Не им се јасни сопствените мисли и одлуки поради што многу им е тешко да се отворат. Нивното те сакам докажува дека вие сте единствената личност на светот пред која можат да бидат искрени и свои и со која можат да ги споделат сите лични тајни, а тоа не е воопшто лесно за Близнаците.rn

    Рак: „Никогаш немој да исчезнеш!“

    rnРаковите се многу емотивни и сочувствителни, па затоа нивната љубов е длабока. Тие ќе се залепат како гума за џвакање за саканата личност и никогаш нема да ја напуштат. Секогаш кога ви велат „Те сакам“ тоа значи дека вие сте им единствениот приоритет и дека ќе ги уништите доколку некогаш ги оставите.rnrnЗначењето на зборовите „Те сакам“ за секој хороскопски знакrn

    Лав: „Ти победи“

    rnНа Лавовите им е тешко да донесуваат одлуки, бидејќи имаат само едно гледиште кон работите. Тие сакаат да им угодуваат на луѓето и да бидат во центарот на вниманието, па затоа многу тешко наоѓаат некого со кого би сакале да останат засекогаш. Нивното те сакам е најголемиот подарок што можете да го добиете од нив.rn

    Девица: „Гледам иднина со тебе“

    rnЗборовите „Те сакам“ означуваат силна поврзаност за Девиците. Тие играат на сигурно и секогаш имаат план. Им треба рамнотежа во животот и кога ќе кажат „Те сакам“, тие мислат на иднината и подготвени се за сериозна врска.rn

    Вага: „Ќе те разберам или барем ќе се обидам“

    rnВагите не обрнуваат многу внимание на она што го велат другите. Тие се фокусирани само на себе, но вложуваат многу труд за да ги разберат нивните сакани. Нивното те сакам значи дека тие ги рушат нивните граници за да ве разберат.rn

    Скорпија: „Ќе те заштитувам“

    rnТврдоглави, нервозни и манипулативни се клучните зборови што се поврзуваат со Скорпиите, но тие имаат и многу позитивни страни. Припадниците на овој знак се многу грижливи и заштитнички настроени кон луѓето кои им значат. Тие се подготвени да ве заштитат од секоја можна опасност. Тие нема да ви ја покажат нивната љубов во јавност, но нивното „Те сакам“ е од големо значење и никогаш не го кажуваат туку-така.rnrnЗначењето на зборовите „Те сакам“ за секој хороскопски знакrn

    Стрелец: „Јас сум активен дел од нашата врска, барем сега засега“

    rnОвој безгрижен хороскопски знак секогаш бара нови патишта и воопшто не мисли на иднината. Иако некои од нив навистина се приврзуваат, останатите веруваат дека треба да се преминува од еден на друг партнер. Тоа не значи дека Стрелците не можат да бидат добри партнери, туку дека нивната љубов понекогаш трае кратко.rn

    Јарец: „Мисијата е да се постигне успех“

    rnЈарците секогаш ја ставаат кариерата на прво место, па затоа честопати се мачат во полето на љубовта. Тие сметаат дека љубовта им го одвлекува вниманието. Па така, нивното те сакам значи дека тие се подготвени да станат дел од една успешна приказна.rn

    Водолија: „Во добро и во зло, секогаш ќе бидам тука за тебе“

    rnВодолиите се динамични и позитивни, но зборовите „сериозна врска“ им претставуваат голема фобија и обично бегаат од таквите односи. Но, откако ќе ги победат овие стравови и зборовите „Те сакам“ ќе излезат од нивната уста, тие ќе бидат подготвени да останат со вас засекогаш.rn

    Риби: „Ќе ти ги простам сите грешки“

    rnРибите се непоправливи романтичари. Освен тоа, тие се подготвени да ја простат секоја ваша грешка, што понекогаш ги доведува до непожелна ситуација. Ако Рибите ви кажат дека ве сакаат, тоа значи дека ќе преминат преку сите ваши грешки и мани.rnrnПрочитајте како хороскопските знаци со 5 збора ја опишуваат вашата совршена љубовна врска.

  • Дали често приметувате 11.11 на вашиот часовник?

    Дали често приметувате 11.11 на вашиот часовник?

    „11 и 11 е! Замисли си желба!“ Сигурно веќе го имате слушнато ова. Како помали, многу од нас верувале дека 11.11 е времето кога треба да си замислиме желба. А оние кои навистина верувале во ова, сигурно почесто го забележувале ова време. Тоа им служи како потсетник да ја пратат својата желба во универзумот.rnrndali-chesto-primetuvate-11-11-na-vashiot-chasovnik-kafepauza.mkrnrnНекои луѓе веруваат дека ова е времето кога примаме длабока духовна порака од нашиот духовен водич, нашиот ангел чувар или од нашето повисоко јас. Се смета дека овој нумерички феномен се случува за да нè потсети на поврзаноста помеѓу нашата свест и надворешниот свет. Оваа појава ни помага да останеме присутни и свесни со нашите мисли. Таа служи и како потсетник дека постои нешто, или некој поголем од нас, во кој можеме да бараме знаење и мудрост кога ни е тешко, кога сме исплашени, или кога сме изгубени.rnrnДорин Вирту, која наводно е медиум помеѓу овој и духовниот свет, вели дека кога забележува броеви кои се повторуваат, особено 11.11 знае дека треба да се посвети на позитивните мисли, бидејќи во тој момент нејзините ангели ќе ја наградат таа манифестација. Таа ја брани својата изјава со еден пример:rn

    „Древниот грчки филозоф Питагора, бил првиот кој тврдел дека броевите имаат вибрациски својства. Тој проучувал како целиот универзум е математички прецизен.“

    rnСпоред некои толкувачи на календарот на Маите, 21 декември, 2012 година, во 11.11 часот, бил почетокот на будењето на свеста кај луѓето. Премин од мрачната кон златната доба. Многу исцелители и духовни водичи веруваат дека овој збир броеви претставува порака која ни вели да ја вратиме нашата поврзаност со Земјата, да ја повратиме рамнотежата во природата.rnrnВо ова време на промени, можеби универзумот ни праќа пораки како 11.11, со кои нè потсетува да бидеме присутни и да им посакуваме добро на сите живи суштества. Колку повеќе забележуваме вакви пораки, толку повеќе можеме да праќаме позитивни вибрации во универзумот. Дали и вам ви се случило нешто вакво?rn

    „Ако сакате да ги пронајдете тајните на универзумот, размислувајте за термини како енергија, фреквенција и вибрација.“ – Никола Тесла

    rnПогледнете ги и духовните пораки од универзумот кои не треба да ги игнорирате.

  • Сте виделе периодов вилинско коњче? Погледнете ја пораката што тоа ја носи!

    Сте виделе периодов вилинско коњче? Погледнете ја пораката што тоа ја носи!

    Тотемот вилинско коњче ја носи мудроста на трансформацијата и адаптацијата на животот. Како спиритуално животно, вилинските коњчиња се поврзани со симболизмот на промена и на светлина. Тоа значи дека кога ќе се појават во вашиот живот, тие сакаат да ве потсетат да донесете повеќе светлина и среќа во вашиот живот. Оние кои го имаат ова животно како тотем, имаат тенденција длабоко да ги спознаат своите емоции и да сјаат во полно светло.rnrnСте виделе периодов вилинско коњче? Погледнете ја пораката што тоа ја носи!rn

    Значење на вилинските коњчиња

    rnТие најчесто се поврзуваат со симболичното значење на трансформација. Но постојат уште неколку значења што треба да ги знаете, особено доколку често ги гледате во вашиот живот:rn

      rn011

    • Промена и трансформација
    • rn011

    • Адаптација
    • rn011

    • Среќа, светлина, постоење
    • rn011

    • Длабоко спознавање на своите емоции
    • rn011

    • Опасност за илузии и измами, како од себе, така и од другите
    • rn011

    • Поврзаност со природата
    • rn

    rn

    Тотем на мудроста и промената

    rnВилинските коњчиња почнуваат да растат во водата и потоа се префрлаат во воздухот и летаат. Кога ова спиритуално животно ќе се појави во вашиот живот, ви дава до знаење дека треба да се трансформирате и да еволуирате. Како симбол на метаморфоза и трансформација, тоа ве инспирира да ги воведете во вашиот живот потребните промени со цел да го постигнете целосниот потенцијал.rnrnКога спиритуалното животно ќе се појави во вашиот живот, тоа е индикатор дека е време за промена. Исто како што вилинското коњче ги менува боите со созревањето, така и вие ќе бидете повикани да живеете и да се доживувате себеси поинаку. Останете отворени за оваа промена во вашето лично патување.rn

    Вилинското коњче како моќно животно на адаптацијата

    rnВилинските коњчиња се карактеризираат со неверојатни шеми на летање, бидејќи делуваат како брзо да менуваат насоки, „лизгајќи“ се низ воздухот без никаков напор. Нивната леснотија ги инспирира оние што го имаат овој тотем да ја користат својата способност да бидат флексибилни и лесно адаптивни на секоја ситуација.rnrnВие можете да се повикате на ова моќно животно кога сте заглавени во одредена ситуација и имате потреба од помош за да добиете нова перспектива. Решението може да се крие во вашата способност да се справите со проблемите од сосема поинаков агол.rn

    Симболизмот на вилинските коњчиња во светот и античките традиции

    rnВо Јапонија, вилинското коњче е национален амблем. Тоа е симбол на радост и повторно раѓање. Во некои нативно американски традиции, тоа исто така е и симбол на душите што го напуштиле овој свет. За Маите, тоа било животното што ја претставувало божицата на креативноста, Икс Кел. Се верува и дека крилјата на вилинските коњчиња и магични песни ја оживеале кога таа скоро била убиена.rn

    Дали вилинското коњче е вашето спиритуално животно?

    rnДознајте кое е вашето спиритуално животно со помош на овој интересен тест.rnrnНаучете и како да ја гледате вашата аура и како редовно да ја чистите.

  • 10 култни симболи и нивното вистинско значење

    10 култни симболи и нивното вистинско значење

    Постојат многу симболи за кои се верувало дека поседуваат огромна ноќ. Но, понекогаш значењата на симболите се менуваат и работите што сме ги знаеле за нив имаат сосема друга мистериозна историја. Во продолжение дознајте ги тајните на најпознатите симболи во светот…rn

    1. Хигиин пехар

    rn10 култни симболи и нивното вистинско значењеrnrnПехарот со змија, што можеме да го видиме на многу аптеки, е познат како Хигиин пехар. Хигија е античка грчка божица на здравјето, хигиената и чистотата. Змијата е симбол и на смртта и на бесмртноста, бидејќи нејзиниот отров може да убие и да излечи. Пехарот најпрво бил употребуван од страна на падованските аптекари во Средниот век.rn

    2. Уроборос

    rn10 култни симболи и нивното вистинско значењеrnrnНајстарите податоци за Уроборос датираат од 4200 година п.н.е. Овој симбол бил многу популарен во религијата, магијата, алхемијата, митологијата и психологијата. Уроборос го означува циклусот на живот и смрт. Во различни култури тој означувал работи без почеток или крај, јин и јанг, добро и зло и слично.rn

    3. Давидова ѕвезда

    rn10 култни симболи и нивното вистинско значењеrnrnОвој симбол бил многу популарен уште во 3000 година п.н.е. и бил знак на срцевата чакра, односно претставувал комбинација од машките и женските принципи. Во 1354 година, римскиот император Чарлс Четврти им дозволил на Евреите од Прага да имаат свое знаме и тие ја прогласиле Давидовата ѕвезда за нивен симбол.rn

    4. Јин Јанг

    rn10 култни симболи и нивното вистинско значењеrnrnЈин Јанг потекнува од 1-виот или 3-тиот век п.н.е. и бил застапен во будистичките верувања. Во Кина и Јапонија, овој симбол го има истото значење. Јин, темнината и Јанг, светлиот рид на планината ги означуваат спротивностите. Тие се хранат меѓусебно и се надополнуваат. Нема крај и победа во оваа битка.rn

    5. Коловрт

    rn10 култни симболи и нивното вистинско значењеrnrnНајраната појава на овој симбол датира од 2000 г. п.н.е. Симболот се појавува во Азија, Блискиот Исток и Египет. Коловртот е симбол на сонцето и го означува животниот циклус. Подоцна, тркалото на среќата се појавило како симбол на променливата судбина. Неговите запци наизменично носеле среќа и несреќа.rnrnПродолжете на следната страница за останатите симболи…rnrn

  • Што претставува кармата и како може да ви го подобри животот?

    Што претставува кармата и како може да ви го подобри животот?

    Речиси секој слушнал за карма и многу луѓе мислат дека кармата претставува судбина. Дали некогаш сте се запрашале што всушност е нејзиното вистинско значење? Многу од нас грешно го сфатиле значењето на овој збор. Кога ќе ја разберете, кармата може да ви биде моќно оружје за вашиот развиток.rnrnshto-znachi-karma-i-kako-mozhe-da-vi-go-podobri-zhivotot-kafepauza.mkrn

    Едноставно објаснување од будистички учител

    rnКармата нема никаква врска со судбината. Ако направите нешто лошо, не значи дека нешто негативно ќе ви се случи за „да се израмнат работите“. Кармата всушност е поврзана со вашите мисли и постапки во секој момент.rn

    „Зборот карма значи делување, не судбина. Во Будизмот, кармата е енергија која се создава преку акција, мисли, зборови и дела. Сите ние создаваме карма во секоја минута, и кармата што ја создаваме влијае на нас во секоја минута. Распространето е мислењето дека ‘вашата карма’ е резултат на нешто што сте го направиле во претходниот живот, па сега судбината ви е запечатена. Ова е многу различно од будистичкото верување. Кармата е акција, не резултат. Иднината не е запишана во карпа. Можете да го промените вашиот живот во овој момент така што ќе ги смените вашите постапки и шемите кои само ви наштетуваат.“ – Барбара Обрајан

    rn

    Зошто општеството има толку грешна слика за кармата?

    rnВо поп културата, кармата најчесто значи дека луѓето си го добиваат она што си го заслужиле. Па, од каде потекнува ова мислење? Мислењето доаѓа од нашата грешна перспектива дека ни е потребно нешто надвор од нас за да бидеме среќни. Причината е нашата алчност која сака да ја трансформира кармата во машина со пари основана на нашето етичко и духовно однесување. Сепак, ако можеме да го заборавиме ова мислење за среќата, ние ќе сфатиме дека она што навистина ни е потребно е свесно да живееме во сегашниот момент и да ја откриеме нашата вистинска природа.rnrnКармата едноставно е енергија. Таа е составена од нашите свесни мисли и постапки. Енергијата што ја создаваме сега и во иднина, ќе има некаков ефект на нас. Но ова нема никаква врска со награда или казнување. Кармата е наша да ја контролираме.rn

    Наводнувајте ја градината на вашиот ум: Како да ја користите кармата како водечка сила?

    rnНајдобро е да ја гледате кармата како енергија која ја создавате во секој момент. Секоја постапка или мисла ја генерира оваа енергија. Ова го чувствуваме секој ден и целта не е награда или казна. Но, ако постојано сте гневни, вие го полните вашиот ум со гнев. Истото се случува и кога сте смирени – вие го полните вашиот ум со мир. Сите овие квалитети како гнев, хармонија, неудобност, среќа… може да се гледаат како цветови и нивното семе. Кога се раѓаме сите овие ментални квалитети и емоции се семиња. Сега замислете дека овие семиња се посадени во градината на вашиот ум и постојано ги вадите со вашите намери и мисли. Во зависност од тоа што го правите, вие или ги наводнувате лошите или добрите семиња. Овие семиња може да пораснат во цветови, а може и да се исушат и да умрат. Од ова треба да сфатите дека енергијата која им ја даваме на овие цветови е нашата кармичка енергија.rnrnКога живееме свесно и мирно ние можеме да го набљудуваме кармичкиот ум и да почнеме да го менуваме начинот на кој реагираме во секојдневните ситуации. Без свесност ние сме подложни на шаблони од мисли и реакции. Па, за да ја користите кармата за вашето лично и духовно созревање, потребно е да работите на свесноста во вашиот живот и да ја идентификувате кармичката енергија.rn

    Заклучок

    rnКога ќе живеете со ова знаење за кармата, можете да се ослободите од менталниот товар и грижи кои мислите дека мора да ги носите и ќе преземете контрола врз вашиот живот. Секако, постојат и надворешни фактори кои имаат влијание на вашиот живот. Но, ако разберете како изгледа вистинскиот мир, ќе ја имате способноста целосно да го искусите животот без разлика што се случува околу вас.rnrnКармата ни покажува дека имаме слобода да одлучиме што ќе ни се случи. Нашите мисли и постапки се оние кои владеат со нашите животи.rnrnПогледнете ги и овие мудрости од Будизмот кои ќе ви помогнат да го пронајдете внатрешниот мир.

  • 10 духовни симболи и нивното значење

    10 духовни симболи и нивното значење

    Сигурно ќе препознаете некој, ако не и секој од овие симболи. Но дали го знаете нивното вистинско духовно значење?rnrnSilhouette young woman practicing yoga on the beach at sunset.rnrnСимболите се неверојатни бидејќи можат да остават силна психолошка импресија само со нивното појавување. Погледнете кое е значењето на 10-те најпознати духовни симболи…rn

    1. Хамза

    rn(1)10-duhovni-simboli-i-nivnoto-znachenje-kafepauza.mkrnrnХамза е арапскиот збор за пет и ги претставува петте цифри на дланката. Хамза е универзален знак за заштита и често се комбинира со Злобното око за да го спречи секој што сака да ви наштети. Според историјата на овој симбол, ако некој ве погледне со лоша намера додека на себе го имате симболот, тој нема да може да ви наштети.rn

    2. Дрвото на животот

    rn(2)10-duhovni-simboli-i-nivnoto-znachenje-kafepauza.mkrnrnДрвото на животот е присутно во бројни култури и религии ширум светот. Дрвото е поврзано со раѓањето, животот, смртта и новото раѓање во кругот на животот. Во Христијанството, ова е дрвото кое се наоѓа во Рајската градина од кое Адам и Ева го набрале забранетото овошје. Со неколку зборови, дрвото се гледа како поврзаност помеѓу четирите елементи (земја, вода, воздух и оган) и ја претставува бескрајната поврзаност на сите нешта кои постојат.rn

    3. Анк

    rn(3)10-duhovni-simboli-i-nivnoto-znachenje-kafepauza.mkrnrnАнкот е добро познат симбол на животот кој често се поврзува со Египќаните. Се смета дека нашите предци го користеле за време на секс со цел да ја регенерираат сексуалната енергија во текот на оргазмот. Накратко, симболот се поврзува со вечниот живот и обновувањето. Денес многу луѓе го носат како симбол за животот или духовната мудрост.rn

    4. Окото на Хорус

    rnrnrnОкото е моќен симбол за заштита со потекло од древен Египет, и е познато и како „окото што гледа сè“. Целта на овој симбол била да го заштити фараонот во овој живот и во животот по смртта и да го отстрани злото. Древните Египќани и морепловците од средниот исток многу често го цртале овој симбол на нивните бродови за да имаат безбедно патување.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 4-те најмоќни мандала симболи од келтската култура и нивните скриени значења

    4-те најмоќни мандала симболи од келтската култура и нивните скриени значења

    Древните Келти биле многу спиритуални луѓе кои наоѓале симболизам дури и во најобичните работи. Како и многу други спиритуални народни групи, тие ги користеле мандалите за да ги изразат нивните верувања во физичка и уметничка форма. Келтите ги сметале мандалите за креативен начин да се поврзат со нивните предци и потекло. Тие ги користеле мандала симболите за да ги визуализираат нивните желби, да ги покажат нивните визии, но и да ја збогатат нивната култура и традиција.rnrn4-те најмоќни мандала симболи од келтската култура и нивните скриени значењаrnrnМандалите им помагале на древните Келтите да се фокусираат, да ги вклучат нивните срца и умови за да ја остварат целта, да станат посвесни и да добијат чувство на вистинско просветлување. Со други зборови, мандалите биле алатки кои им служеле за отворање и збогатување на умот. Тие им овозможувале на поединците да нурнат во длабочините на нивната душа и да постигнат здрава рамнотежа помеѓу нивните внатрешни мисли и надворешно однесување. Келтите верувале дека на тој начин ќе можат подобро да комуницираат со духовите и да си ја подобрат интуицијата.rnrnСимболите што ги користеле Келтите, претставени преку уметнички мандали, ни откриваат многу за нивната култура, верувања и историја. Ова се скриените значења на најмоќните и највпечатливите мандали од келтската традиција…rn

    1. Дрво на животот

    rn4-те најмоќни мандала симболи од келтската култура и нивните скриени значењаrnrnЕдна од најпрепознатливите келтски мандали е дрвото на животот. Восхитот и почитта кон дрвјата биле присутни во срцата на сите Келти и овие природни чуда биле од големо значење во нивниот древен симболизам и традицијата. Дабовото дрво било најмногу ценето бидејќи порано ги покривало шумите на островите. Друидите ги држеле нивните лекции среде дабови дрвја, бидејќи келтските зборови за „дрво“ и „мудрост“ биле многу слични и симболични.rnrnСпоред Келтите, целиот универзум можел да се отслика во едно единствено дрво, каде што корените растат длабоко и цврсто го држат во природата, а гранките се извишуваат нагоре кон небесата. Сите добра и сиот живот живееле во ова дрво, бидејќи тоа го овозможило создавањето на вселената. Па, така дрвото се сметало за Мајка која била грижлива и дарежлива. Испреплетените гранки, што се честопати прикажани на оваа мандала, го означуваат келтското верување во цикличната природа и траењето на животот.rn

    2. Келтски јазол

    rn4-те најмоќни мандала симболи од келтската култура и нивните скриени значењаrnrnКелтскиот јазол е уште еден познат симбол од историјата и културата на оваа народна група. Тој е присутен во разни уметнички форми благодарение на неговата универзалност, со тоа што јазлите варираат од едноставни до комплицирани. Основното симболично значење на овој јазол е многу просто: Меѓусебна поврзаност. Келтите цврсто верувале во испреплетеноста на животот и вечноста. Доколку луѓето се сконцентрирале на оваа мандала, можеле да го следат нејзиниот тек и да создаваат интуитивни врски со нивното сопствено патување низ животот. Освен тоа, овој келтски симбол ја претставува келтската традиција според која постоела силна поврзаност помеѓу човекот и неговите предци.rnrnПродолжете на следната страница за останатите симболи и нивното значење…rnrn

  • Што значат соништата? Психолозите имаат различни одговори

    Што значат соништата? Психолозите имаат различни одговори

    Соништата многу долго се под радарот на научниците. Овој феномен е толку мистериозен што многу луѓе сакаат да знаат повеќе за него. Уште поважно е прашањето: „Зошто сонуваме?“ Не постои сигурен одговор кој кажува која е целта на нашите соништа. Секој човек сонува, иако помнењето на соништата е различно кај сите.rnrnshto-znachat-sonishtata-psiholozite-imaat-razlichni-odgovori-kafepauza.mkrn

    Што ни прават соништата? Дали имаат некоја цел?

    rnОва е прашање на кое сè уште нема одговор, но шпекулациите и теориите си продолжуваат. Позната теорија е дека спиењето и сонувањето работат тимски и му помагаат на мозокот да се обнови после прибирањето на многуте информации во текот на денот. Додека спиеме, мозокот ги „разгледува“ овие информации и го зачувува она што е потребно, а се ослободува од непотребните информации. Истражувачите мислат дека соништата се еден вид алатка во овој процес.rnrnСонувањето се одвива во потсвеста за време на РЕМ фазата во спиењето. Може да се појави и во другите фази, но најмногу соништа биле забележани во РЕМ. Се покажало дека соништата се поврзани со надополнувањето на меморијата кое се случува за време на спиењето. Овде спаѓа „снимање“ и организирање на сеќавањата според чувствата, како и пренесување на сеќавања низ разните региони на мозокот.rn

    Има ли поврзаност помеѓу соништата и потсвеста?

    rnЗа одговор на ова прашање потребно е да се погледне во чудниот свет на соништата. Главното прашање е: Дали мозокот се обидува да пронајде некаква смисла во сигналите кои се генерираат во фазата на дополнување на сеќавањата?rn

    Дали соништата значат нешто?

    rnБарањето на значењето на соништата е нешто кое се одвива со векови. Интерпретацијата на соништата многу често е поврзана со вербата, мотивацијата и симболите кои имаат некакво значење за сонувачот. Замислете дека процесот на дополнување на сеќавањата не е случаен и е фокусиран на искуствата од минатото и целите кои се биолошки одредени. Во овој случај се појавува мотивирачката тензија во соништата.rnrnПа, соништата можеби не се пораки кои ни ги праќа потсвеста. Тие можеби се алатка на мозокот за истражување на можни ситуации и подготвување за акција во иднина. Сликите во соништата може се резултат на програмата која ги преработува сигналите кои се генерирани од внатрешните системи за мотивација и кои не се ограничени со сетилата.rnrnДоколку имате чудни соништа, погледнете што може да биде причината за тоа.

  • Дали претпочитате парни или непарни броеви? Дознајте што се крие зад вашиот избор!

    Дали претпочитате парни или непарни броеви? Дознајте што се крие зад вашиот избор!

    Дали некогаш сте се запрашале зошто кога го повишувате тонот на телевизорот, гласот мора да биде на некој парен број, а не на 73, на пример? Многумина мислат дека ова е безначајна опсесивно-компулсивна навика, но вистината е дека нашата емоционална приврзаност со одредени бројки не е толку необична. Со други зборови, доколку сте човек кој претпочита парни броеви, не сте сами! Сите луѓе имаат субјективно сфаќање за овие објективни симболи и нашите нумеролошки преференции може да влијаат на сите делови од нашиот живот, од производите што ги купуваме па сѐ до хотелската соба што ќе ја одбереме.rnrnДали претпочитате парни или непарни броеви? Дознајте што се крие зад вашиот избор!rnrnМатематичарот Алекс Белос ги проучувал карактерните особини што природно ги покажуваме преку изборот на броевите и нивните аритметички карактеристики. Дури и да не сте големи љубители на математиката, сигурно имате силни чувства кон одредени броеви. Некои броеви едноставно ни помагаат да се чувствуваме подобро.rn

    „Земете го бројот 10 за пример. Имаме 10 прсти на рацете и има 10 цифри во нашиот броен систем. Бројот 10 не е воопшто контроверзен, лесен е за разбирање, тој ни е пријател. Сѐ е во ред со бројот 10“, напишал Белос.

    rnНекои истражувања покажале дека производите кои содржат парен број во името се попривлечни за потрошувачите за разлика од оние со непарен број во името. Се смета дека причината за ова е тоа што полесно ни е да ги разбереме парните броеви. Попознати ни се, почесто се појавуваат во таблицата за множење што ја учиме како деца и полесно ни е да ги користиме во секојдневието што ни дава чувство на леснотија и задоволство. Освен тоа, нумеролошките преференции зависат и од деливоста на бројот.rnrnДали претпочитате парни или непарни броеви? Дознајте што се крие зад вашиот избор!rnrnНепарните броеви, особено примарните, претставуваат поголем предизвик и на нашите мозоци им треба повеќе време за да ги процесираат. Не само што се потешки за разбирање на аритметичко ниво, туку и цело време им придаваме некакво негативно значење. Пример за тоа е бројот 13 што го сметаме за баксузен.rnrnПарните броеви се здодевни и монотони, а непарните даваат чувство на возбуда и немир. Кога ќе го повишите гласот на 42 наместо на 43, се чувствувате пријатно и безбедно. Луѓето секогаш донесуваат брзи одлуки и броевите имаат голем удел во тоа. Веднаш знаеме дека можеме да му веруваме на производот со име ВД-40, но производот со име ВД-39 нѐ буни и нѐ тера да размислиме какво значење има тој број. Заклучокот е дека секојдневно си имаме работа со математиката, без разлика дали ни се допаѓа тоа или не.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, дознајте го значењето на броевите и она што тие се обидуваат да ни го кажат.

  • Возможно е да живеете совршен живот ако го дознаете значењето на зборот „совршенство“

    Возможно е да живеете совршен живот ако го дознаете значењето на зборот „совршенство“

    Сите се стремиме кон совршенство. Мислиме дека ако сме совршени, ќе имаме совршен живот, ќе најдеме совршена љубов и ќе бидеме совршено среќни. Но, што значи поимот „совршенство“? И дали тоа е нешто што навистина можеме да го постигнеме?rnrnВозможно е да живеете совршен живот ако го дознаете значењето на зборот „совршенство“rnrnЕкспертите тврдат дека вистинското совршенство не само што можеме да го постигнеме, туку тоа е и единствениот клуч за вистинската среќа и љубов. Проблемот лежи во начинот на кој го дефинираме совршенството. Нашата моментална перцепција за совршенството е само една голема заблуда.rnrnМислиме дека за да бидеме совршени треба да бидеме постојано среќни и да немаме недостатоци. Мислиме дека сѐ што е лошо е неприфатливо и дека треба да ги скриеме сите негативни страни. Ваквото совршенство не постои и невозможно е да се постигне.rnrnВистината е дека треба да ги прифатиме нашите несовршености за да имаме навистина совршен живот. Животот не е совршен и не се состои само од среќа и виножита. Животот се состои и од тага, загуба и болка. Животот е една прекрасна мешавина од солзи, смеа, радост и тага. Она што го прави животот совршен е начинот на кој ќе одбереме да ја доживееме таа палета од искуства.rnrnЗамислете си дека го живеете животот носејќи розови очила. Сѐ што гледате е розово и весело. Тоа не значи дека ги игнорирате пречките или дека тие станале невидливи. Тие се сѐ уште тука. Но, ако се фокусирате само на пречките, нема да ја видите убавината околу вас. Истото важи и за животот.rnrnДозволете си да почувствувате тага и лутина кога ќе ви се случи нешто лошо, но не тонете во тие чувства. На крајот на краиштата, сѐ се сведува на вашиот избор и на воспоставувањето рамнотежа. Сѐ зависи од тоа дали ќе одберете да ја гледате добрата страна на нештата.rnrnАко постојано трагате по животна радост, ќе можете да го доживеете совршенството на светот, на вашите сакани, како и вашето сопствено совршенство. Тоа е полесно да се каже отколку да се направи, бидејќи сета негативност во животот тежи три пати повеќе од сета радост и затоа нормално е што лошите работи ни влијаат многу повеќе од добрите.rnrnМеѓутоа, ако престанеме да размислуваме на тоа каков би требало да ни биде животот и едноставно почнеме да го живееме, ќе научиме да ја наоѓаме позитивната страна на нештата. Ќе ви треба многу вежбање за да го постигнете тоа, но вашиот ум е како психички мускул. Со текот на времето, тој ќе се навикне на новиот начин на размислување и ќе ви стане полесно. Совршенството е насекаде околу нас и во сите нас, само треба да одбереме да го видиме.rnrnДоколку не знаете како да го промените начинот на размислување, прочитајте ги овие 4 индиски правила кои ќе ви помогнат да го прифатите животот каков што е.