Ви изгледа дека не можете да излезете на крај со вашите месечни приходи и сакате да заштедите, но не ви успева? Ова се 13 правила кои ќе ви помогнат да заштедите без да скратувате од вашите најголеми задоволства.rnrn
rn
1. Појадувајте и испијте го утринското кафе дома
rnСтанете малку порано со цел да имате време да појадувате дома. Не само што појадокот со сигурност ќе биде поздрав од оној кој би го купиле по пат и би го изеле во брзање, туку и ќе заштедите. Во домот пригответе го и првото утринско кафе и сипете кафе во термос за да имате резерви кои ќе ви помогнат да го „истуркате“ денот. Навидум изгледа како да заштедувате малку и речиси безначајно, но кога ќе пресметате колку пари давате на кафе и појадок купени надвор од домот секое утро, ќе сфатите дека сепак е некоја заштеда.rn
2. Со велосипед до работното место
rnДоколку времето е топло и пријатно, заштедете на гориво или автобуски карти и возете се со вашиот велосипед. Заштедувате, а воедно правите добро за вашето здравје и за вашата физичка кондиција.rn
3. Спакувајте ручек од дома
rnПред да одите на работа или на факултет, спакувајте си ручек од дома. Доколку секој ден купувате ручек надвор, вашите месечни трошоци се многу поголеми.rn
4. Внимавајте што правите со слободното време
rnДали имате навика за време на пауза од работа или во текот на вашето слободно попладне да прошетате по бутици? Најчесто купуваме нешто што воопшто и не ни е потребно само бидејќи ни паднало во очи кога сме поминувале пред излог. Наместо слободното време да го потрошите на шетање по бутици или разгледување онлајн-каталози, читнете добра книга или прошетајте во природа.rnrn
rnrn
5. Каков договор имате со мобилниот оператор?
rnОдберете го соодветниот пакет со цел да заштедите. Обрнете внимание за што најмногу го користите мобилниот телефон: за пристап до интернет, за телефонски повици или за СМС-пораки? Нема потреба да плаќате големи суми кога добар дел од погодностите кои ги добивате воопшто и не ви се потребни.rn
6. Тестирајте пред употреба
rnТестирајте го производот пред да го купите. Консултирајте се со пријател или со познаник кој веќе користи таков вид производ, и внимавајте да имате соодветна гаранција особено доколку купувате производи од бела техника. За козметичките производи, пред да ги купите задолжително испробајте го тестерот.rn
7. Обрнете внимание на квалитетот, а не на квантитетот
rnСигурно сте ја чуле изреката „Не сум толку богат за да купувам евтини работи“. Наместо претрупување на вашиот плакар со непотребни партали кои сте ги купиле само бидејќи биле евтини и кои веројатно нема да ги облечете повеќе од двапати, купувајте поретко, но поефективно. Одберете практични и квалитетни парчиња облека и обувки. Пример, обувки кои може да ги носите во разни пригоди или маичка со која може да направите многу комбинации.rn
8. Отстапете место за приоритетите
rnДали сте сигурни кои ви се приоритетите на вашата шопинг листа? Да, ќе преживеете овој месец без нов пар фармерки, можеби она на што би требало да потрошите пари е поправка на некој апарат од домаќинството.rnrn
rnrn
9. Не купувајте импулсивно
rnДали сте импулсивен купувач? Време е да се откажете од таа навика бидејќи со сигурност придонесува за многу поголеми трошоци. Понесени од анксиозноста во моментот, нема да размислите добро и ќе купите нешто што не ви треба или нешто што не ви е по ќеф. Дали навистина ви треба нов фустан? Каде ќе го носите? Дали е доволно квалитетен? Има ли разумна цена? Може ли да си го дозволите во моментов? Доколку не, вратете го назад каде сте го нашле.rn
10. Со себе носете што помалку готовина
rnДодека стојат на сметка, парите се побезбедни. Кога ги имате во џеб полесно ќе се „ослободите“ од нив. Имајте навика да не чувате многу кеш во паричникот.rn
11. Купувајте од втора рака
rnСекако, ова не важи за секаков вид производи, како на пример за козметика. Но електричен апарат, автомобил или стари книги, зошто да не? Ќе заштедите, а користа која ќе ја имате од производот ќе биде речиси еднаква. Само пред да купите што било, осигурајте се дека е во добра и исправна состојба.rn
12. Употребувајте купони или картички за попуст
rn„Паметното“ купување значи искористување на поволните акции по маркетите и секако користење картички за попуст кои ќе ви помогнат да заштедите. Искористете ги распродажбите и специјалните понуди.rn
13. Обнова на старите нешта од плакарот
rnМожеби имате фармерки или здолниште кои не ги носите веќе долго време. Дали постои начин да ги вратите во употреба? Можеби би ги скратиле или додале некаков детаљ? Размислете двапати пред да фрлите одредени парчиња облека и пред да излезете во шопинг по нови.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rn
rn
rn
Како што се приближува датумот на поаѓање цената на билетот може да порасне и за 30%. Но, доколку испланирате денот на поаѓање да биде во вторник, а враќањето да биде наредната среда, можете да заштедите 21% од сумата која би ја платиле за друг ден.rnrnТреба да знаете дека доколку планирате да останувате подолго на патувањето, најдобро е да полетате во сабота, а денот на враќање да биде недела, бидејќи така би заштедиле 9% од сумата која би ја платиле за кој било друг ден.rnrnАнализата на огромен број веб-сајтови за онлајн купување авио-билети, покажала дека најдобар момент за купување карта за меѓународно патување, е 34 дена пред денот на поаѓање.rnrnИстражувањето покажало дека оние патници кои редовно патуваат, од пракса знаат дека што поблиску е денот на поаѓање, картата е поскапа, а на 7 дена пред денот на поаѓање цената може да порасне и до 30%.rnrnНајдобро е да бидете флексибилни за неколку дена порано или подоцна од зацртаниот датум на поаѓање или враќање, бидејќи така можете да извлечете феноменална сума.rnrn
Новиот „ХондаЏет“ може да се пофали со подобрена економичност на горивото благодарение на неговата мала тежина, композитните материјали, усовршената аеродинамика и моторите со голема ефикасност монтирани на горната страна од крилата. Во време кога воздушниот сообраќај станува се поскап, делумно поради големите трошоци за гориво, подобрената потрошувачка за 20% е добредојдена за оние кои преферираат приватно да летаат. Покрај намалената потрошувачка, најавено е дека тој ќе биде побрз, но и помалку бучен од конкурентските авиони. Моторите на авионот ќе бидат изработени од „
Колку ќе чини еден „ХондаЏет“, за жал сè уште не се знае. Авионот засега ќе остане прототип, но сепак се чини дека тие сериозно се посветени да влезат во бизнисот за производство на авиони. Проектот изгледа импресивно, зарем не?rn
Видео од првиот официјален лет на „ХондаЏет“ на 20 декември 2010 година:rn



rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnПорцеланската површина на касичката е згодна за лесно пишување врз неа. Едноставно, пишете го вашето име на едната страна, а името на вашиот цимер, партнер, брат или сестра на другата. Кон која страна ќе се наведнува касичката, таму има повеќе пари. Едноставно, но креативно решение кое нема да дозволи да ве лаже вашиот партнер во штедењето, а сепак ќе ве мотивира двајцата да го правите тоа.
Исто така, може да штедите и сами, но за 2 работи кои сакате да си ги купите, на пример, нов мобилен телефон и акустична гитара, па кога овие две работи ќе ги ставите на двобој, ќе имате претстава за која повеќе одвојувате пари.
И најдоброто од сè, кога ќе решите да ја извадите заштедата на виделина, не мора да ја кршите касата. Доволно е само да ја извлечете црвената лента.
rnrnАко ви се допаѓа касичката, можете да си ја купите за 39$ од