КАФЕ ПАУЗА

Tag: заштеда

  • 7 едноставни правила што ќе ви помогнат да не банкротирате и да не останете гладни кога патувате

    7 едноставни правила што ќе ви помогнат да не банкротирате и да не останете гладни кога патувате

    Нормално е да се опуштите и да уживате кога патувате, но што кога буџетот е ограничен? Еве неколку совети што ќе ви помогнат да заштедите додека сте на патување.rnrn7 едноставни правила што ќе ви помогнат да не банкротирате и да не останете гладни кога патуватеrn

    1. Спакувајте храна за на аеродром

    rnПознато е дека сè е многу поскапо на аеродромите, вклучително и храната. Од друга страна, постојат и значителни ограничувања на аеродромите, па можете да јадете и да се пријавите подоцна за да не правите непотребни трошоци.rn

    2. Следете го правилото за еден оброк

    rnХраната е многу важна кога патувате, а ова правило значи дека не треба да јадете појадок, ручек и вечера надвор. Ако сами подготвувате барем еден оброк во денот, вашиот буџет ќе биде многу поголем.rn

    3. Не јадете десерт во скапи ресторани

    rnСе разбира, не треба да се откажувате од слатките работи, туку запрашајте се дали е навистина потребно да јадете нешто скапо. Барајте нешто слатко на друго место, каде што десертите чинат три пати помалку.rn

    4. Појадувајте во „супермаркет“

    rnМногумина велат дека појадокот е најважниот оброк во денот. Бидејќи повеќето луѓе не јадат зготвен оброк наутро, едноставно посетете го најблискиот маркет и купете јаболка, јогурт, житарици и подгответе се за денот што е пред вас.rn

    5. Изберете улична храна наместо убави ресторани

    rnВо моментот кога ќе седнете во ресторан, вашиот оброк ќе стане многу поскап. Од друга страна, седењето пред мал „штанд“ на улица има и свои предности, а храната во некои од нив е толку вкусна што се познати низ целиот свет.rn

    6. Направете пикник

    rnНаместо да седите на убава бела маса, спакувајте се, земете ќебе и направете пикник. Не само што е романтично, туку можете да јадете надвор, да ги набљудувате луѓето и да го држите буџетот под контрола.rn

    7. Ако престојувате во апартман – гответе

    rnАко се обидувате да заштедите на храна, задолжително изнајмете апартман во кој има кујна. Секогаш може да направите тестенини и да бидете задоволни кога ќе погледнете колку сте успеале да заштедите.rnrnПрочитајте како да заштедите пари за патување.

  • 30 работи што сите ги прават за да заштедат пари на крајот на месецот

    30 работи што сите ги прават за да заштедат пари на крајот на месецот

    Постојат неколку изрази што можат точно да го опишат чувството што го доживувате кога ќе ја проверите вашата банкарска сметка на крајот на месецот. За среќа, постојат трикови што можеби ќе ви помогнат да ги преживеете последните денови од месецот.rn

    1. Дегустирате бесплатни примероци во супермаркетот пред да ручате дома

    rn30 работи што сите ги прават за да заштедат пари на крајот на месецот rn

    2. Ги рециклирате остатоците од парчињата сапун за да направите нов сапун

    rn30 работи што сите ги прават за да заштедат пари на крајот на месецот rn

    3. Кога врне, го паркирате автомобилот надвор за да добиете бесплатно миење

    rn30 работи што сите ги прават за да заштедат пари на крајот на месецот rn

    4. Барате повеќе ќесички сос во рестораните за брза храна за да можете да ги однесете дома

    rn30 работи што сите ги прават за да заштедат пари на крајот на месецот rn

    5. Додавате вода во шампонот кога е при крај

    rn30 работи што сите ги прават за да заштедат пари на крајот на месецот rn

    6. Гледате видеа за сами да направите нешто што ви треба, наместо да го купите

    rn30 работи што сите ги прават за да заштедат пари на крајот на месецот rn

    7. Ги користите тестерите во продавниците за да се нашминкате бесплатно

    rn30 работи што сите ги прават за да заштедат пари на крајот на месецот rn

    8. Потоа, одите кај парфемите и таму ги користите тестерите

    rn30 работи што сите ги прават за да заштедат пари на крајот на месецот rn

    9. Одите во супермаркет само за да ги купите производите што се на акција тој ден

    rn30 работи што сите ги прават за да заштедат пари на крајот на месецот rn

    10. Измислувате нови рецепти за да ги употребите остатоците од храната што стојат во фрижидерот од минатата недела

    rn30 работи што сите ги прават за да заштедат пари на крајот на месецот rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 15 трикови што ќе ви заштедат многу пари и време

    15 трикови што ќе ви заштедат многу пари и време

    Кога ја чистите куќата, можете да ги направите работите многу полесно само со помош на малку фантазија и со употреба на неколку трикови. Коцката мраз може да ви помогне да ги отстраните дамките од восок, а пастата за заби може да ви помогне да се ослободите од гребаниците на вашиот мебел. Секогаш има полесен начин како да го средите домот, па погледнете ги овие трикови што ќе ви заштедат многу пари и време.rn

    1. Сода бикарбоната и оцетот може да ви помогнат да ги одзатнете затнатиот тоалет или мијалникот

    rn15 трикови што ќе ви заштедат многу пари и времеrn

    2. Кога вашите деца ќе нацртаат нешто на ѕидот, користете фен за да го стопите восокот

    rn15 трикови што ќе ви заштедат многу пари и времеrn

    3. Исчистете го мијалникот со бебешко масло за да сјае

    rn15 трикови што ќе ви заштедат многу пари и времеrn

    4. Затворете ги отворените кеси со помош стари шишиња

    rn15 трикови што ќе ви заштедат многу пари и времеrn

    5. Влажната микрофибер крпа може да ви помогне да го исчистите нередот

    rn15 трикови што ќе ви заштедат многу пари и времеrn

    6. Додајте детергент за перење или омекнувач во казанчето за вода во тоалетот за пријатна арома

    rn15 трикови што ќе ви заштедат многу пари и времеrn

    7. Предметите што ги миете ставете ги во цедалка за побрзо да се исушат

    rn15 трикови што ќе ви заштедат многу пари и времеrn

    8. Поминете го тепихот со гумена алатка за чистење прозорци за да изгледа чисто

    rn15 трикови што ќе ви заштедат многу пари и времеrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Како да ги средите финансиите пред почетокот на 2020 година?

    Како да ги средите финансиите пред почетокот на 2020 година?

    Како што се приближува крајот на 2019 година, многу луѓе донесуваат значајни одлуки што сакаат да ги спроведат во наредната година. Една од нив најчесто е заштедата на пари, па прочитајте ги овие совети како да заштедите повеќе.rnrnКако да ги средите финансиите пред почетокот на 2020 година?rn

    1. Анализирајте за што трошевте пари во 2019 година

    rnЗа да изберете по кој пат ќе одите во 2020 година, треба да видите каде сте биле досега. За да го откриете тоа, поставете си ги следните прашања:rn

      rn 011

    • Колку пари месечно трошевте за работите што ви требаат, а колку за вашите желби?
    • rn 011

    • На што ги „фрливте“ парите?
    • rn 011

    • На кои вообичаени места трошите премногу пари?
    • rn 011

    • Кои работи заборававте да ги купите?
    • rn 011

    • Како изгледа вашата заштеда наспроти вашето трошење?
    • rn

    rnНајважно е да водите сметка за вашите трошоци, а планирањето оброци и купувањето намирници со намалена цена пред да ви се потрошат тие што ги имате дома, може многу да ви помогне. Тука спаѓа и планирањето на годишниот одмор. Соочувањето со навиките е клучно за нивно менување.rn

    2. Поставете јасни, но флексибилни цели

    rnВажно е да знаете што сакате и да имате време да го остварите тоа, но немојте да бидете премногу строги ако не ги исполните сите цели пред дадените рокови. Една година е доволно време за да постигнете напредок и за да исполните многу цели.rn

    3. Инспирирајте се

    rnПридружете се во приватни групи на социјалните мрежи каде што луѓето се советуваат едни со други и си помагаат со идеи како да заштедат пари. Во ваквите групи има луѓе кои се таму затоа што сакаат да го споделат своето искуство и да помогнат со своите примери.rn

    4. Запишувајте сè

    rnЗапишувајте како се чувствувате во врска со трошењето пари, на што трошите и како сакате да изгледа вашето трошење. Можете да креирате база на податоци и да ги внесувате дневните трошоци, а можете и да набавите дневник за финансии каде што ќе имате и рубрика за вашите цели.rnrnПрочитајте ги и овие 10 одлични совети од луѓето кои знаат да заштедат пари.

  • 6 трикови за поевтина есенска патувачка авантура

    6 трикови за поевтина есенска патувачка авантура

    Есента е можеби најдобриот период за авантури. Времето е совршено, што значи не мора да се справувате со горештина или да се грижите за студот. Температурата на воздухот е идеална и можете да посетите многу есенски настани.rnrn6 трикови за поевтинa eсенска авантураrnrnЌе можете да ги видите омилените дестинации во ново светло со пожолтувањето на лисјата и ќе ги направите совршените фотографии без многу туристи во позадина. Најважно од сè, ќе заштедите многу пари. Па погледнете како да патувате оваа есен без премногу да ѝ наштетите на вашата заштеда.rn

    1. Побарајте евтини летови

    rn6 трикови за поевтинa eсенска авантураrnrnСпоред веб-сајтот Skyscanner, оваа есен можете да најдете поволни летови за дестинации како Хелсинки, Пекинг и Њујорк. Замислете си колку би било прекрасно да шетате низ некоја метропола опкружени со живите бои на есента. Ова е одличен период да посетите некој бар на покрив или да поминете време во некој парк.rn

    2. Одете на есенско патување со автомобил

    rn6 трикови за поевтинa eсенска авантураrnrnИсклучете ја климата, попуштете ја музиката и возете се со отворени прозорци кон вашата дестинација од соништата. Нема потреба да се грижите за скапите летови или за возење на високи температури. Поделете го горивото со пријателите, спакувајте некоја ужина и вашата авантура може да започне.rn

    3. Одете на кампување во национален парк

    rn6 трикови за поевтинa eсенска авантураrnrnСпакувајте го омилениот џемпер и кампувајте во текот на есента. Нема да ви биде премногу топло, а не мора да се грижите ни за студот. На овој начин ќе заштедите на гориво, авионски билети, хотели и ресторани. Посетете некој национален парк во странство, или одете во некој од нашите. Природата е навистина неверојатна во текот на есента.rn

    4. Прославете го Октоберфест во вашиот град

    rn6 трикови за поевтинa eсенска авантураrnrnМожеби прославувањето на Октоберфест во Германија е нереално, но можете да си овозможите незаборавно искуство и во вашиот град. Подгответе германска храна, купете пиво, соберете ги пријателите и забавувајте се во вашиот двор или дом.rn

    5. Избегнувајте ги празниците

    rn6 трикови за поевтинa eсенска авантураrnrnПразниците секогаш се најскапиот период за патување, дури и во есен. Бидејќи овој период има повеќе празници и разни манифестации во многу држави, обидете се да ги избегнете овие датуми за патување.rn

    6. Останете дома и направете си мал есенски фестивал

    rn6 трикови за поевтинa eсенска авантураrnrnНема потреба да одите далеку за неверојатна есенска авантура. Можете да посетите некој настан во вашиот град или држава. Можете да испланирате и викенд патување со вашите пријатели до некој град во близина познат по есенските фестивали и прослави.rnrnПогледнете и кои се најдобрите есенски дестинации во источна Европа.

  • 5 мудри начини да заштедите пари за време на летувањето

    5 мудри начини да заштедите пари за време на летувањето

    Започнаа летните одмори и секако, еуфоријата е присутна кај сите кои цела година чекаат да поминат неколку дена на плажа, на планина или каде било според желбата. Плановите често може да бидат нарушени поради финансиската состојба, па затоа е добро парите однапред да се планираат. Обрнете внимание на следниве пет совети за заштеда за време на одморот:rnrn5 мудри начини за заштеда на пари за време на летувањетоrn

    1. Букирајте лет навреме

    rnЦените на летовите секојдневно варираат, а многу алгоритами работат на тој принцип што колку повеќе пребарувате за одредена локација, системот ви „исфрла“ супер понуда само за вас, навидум примамлива, но во реалноста доста поскапа отколку што чини летот. Исто така, со рано букирање можете да добиете доста попусти или да ги „фатите“ билетите кои се со промотивна цена.rn

    2. Бришете ги „колачињата“ од пребарувачот

    rnСекогаш кога пребарувате хотел или превоз на Интернет, вашиот пребарувач зачувува дигитална трага благодарение на „колачињата“. Поради тоа, често ќе гледате сугестии за местата кои ве интересираат, но со нешто покачена цена, што дава впечаток дека интересот за тој хотел или лет расте, па ќе го купите по моменталната цена, за да избегнете следно покачување. Ако треба повеќе пати да прегледате, при секое затворање на веб-сајтот бришете ги „колачињата“.rnrn5 мудри начини за заштеда на пари за време на летувањетоrn

    3. Ценкајте се

    rnСамо 28% од гостите во хотелот ќе се охрабрат да побараат подобра соба на рецепција, а 78% од нив ќе успеат во тоа. Со добар пристап, резултатите се неминовни, а вашиот престој би бил доста попријатен. Проценете ја ситуацијата мудро пред да се впуштите во ваквата авантура.rn

    4. Изберете нов хотел или објект што се реновира

    rnНовите хотели прават сè за да привлечат туристи, па можно е цените да им се нешто пониски во споредба со други, веќе добро познати. Исто, доколку има градежен зафат врз објектот на хотелот, големи се шансите дека туристите го избегнуваат, а дека цените се снижени поради тоа.rn

    5. Носете кеш, но плаќајте и со картичка

    rnКога сте во друга држава, конверзијата на вашата валута со тамошната се прави според средниот курс на народната банка во матичната држава. Така, ќе ги избегнете провизиите за вадење кеш од банкомат, но и високиот курс што го нудат некои менувачници.rnrnПогледнете ги и овие 10 летни дестинации покрај европските езера.

  • 8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска криза

    8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска криза

    Голем број успешни стратегии за штедење пари, се базираат на тоа да одбиете да купите нешто што не ви е неопходно, со цел да направите друга добра инвестиција на пари, за нешто поважно или да си остварите некоја зададена цел во иднина. Како и да е, постојат нешта на кои не треба да штедите пари, бидејќи вашето здравје зависи од нивниот квалитет. Погледнете ја оваа листа од 8 важни нешта во коишто секогаш треба да инвестирате, дури и ако се обидувате да заштедите пари во моментов.rn

    1. Чевли

    rn8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска кризаrnrnПодобро е да имате еден пар скапи и квалитетни чевли, отколку два пари евтини чевли, направени од евтини материјали, кои ќе ви ги уништат стапалата после недела-две откако сте ги купиле.rnrnИмајте на ум дека стапалата постојано се под притисок, кога носите неудобни или тесни чевли, а самото тоа доведува до замор, лоша циркулација, проблеми со зглобовите и вените, како и неправилно држење на телото. Парите коишто ќе ги потрошите на третмани, ќе ве чинат многу повеќе отколку цената на еден квалитетен пар чевли. Настрана здравјето, квалитетните чевли, ќе ви помогнат да оставите одличен прв впечаток и ќе направат да се чувствувате посамоуверено.rn

    2. Долна облека

    rn8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска кризаrnrnКолку поблиску е парчето облека до телото, толку поскапо треба да биде. Токму затоа, никогаш не треба да купувате евтина долна облека. Секогаш купувајте долна облека направена од квалитетни и природни материјали, бидејќи таа директно влијае врз квалитетот на вашиот сон. Неквалитетната долна облека, може да ви ја иритира кожата, да предизвика црвенила и да доведе до чешање.rnrnИсто така, долната облека којашто е лошо изработена, не само што е неудобна, туку може да биде и штетна по вашето здравје. Градникот со лош квалитет, го отежнува дишењето, ги притиска вените и ја попречува циркулацијата на крвта. Воедно, лошата циркулација е опасна, бидејќи може да го прекине создавањето млеко кај доилките, а дури и да предизвика проблеми со градите.rn

    3. Фармерки

    rn8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска кризаrnrnДруга важна инвестиција, којашто треба да ја додадеме на оваа листа, се квалитетниот пар фармерки. Добриот пар фармерки направени од џинс, се секојдневно парче облека, кое пред сè, треба да ви е удобно. Тие треба добро да ви стојат, да немаат вишок детали и да не ја изгубат формата после неколку перења, нити да се искинат неколку месеци после купувањето.rnrnИсто така, треба да бидат изработени од лесен и квалитетен материјал, којшто не предизвикува алергиски реакции. Затоа во иднина, планирајте да купите барем еден квалитетен пар фармерки, со класична сина боја, коишто ќе изгледаат добро во наредните неколку години.rn

    4. Заби

    rn8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска кризаrnrnИ покрај тоа што цените на разните третмани на заби, можат да бидат навистина високи, сепак никогаш не треба да ги одложувате. Здравите и убави заби се една од најбитните работи, кои ќе ви овозможат висока самодоверба. Затоа, треба да посетувате заболекар, барем 2 пати годишно.rnrnИмајте на ум, дека високата цена на некоја забна услуга, укажува на тоа дека специјалистите се многу квалификувани и дека опремата којашто ја користат, е квалитетна. Ризично е да се лекувате кај забар, кој има лоша репутација, малку пациенти и неразумно ниски цени. Најдобриот начин да заштедите пари на забни услуги, е да одите на редовни прегледи и да ги откриете потенцијалните проблеми, пред да станат многу сериозни.rn

    5. Чоколадо

    rn8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска кризаrnrnТемното чоколадо е многу добро за вашето здравје, но само доколку има добар квалитет. Неколку парчиња квалитетно и скапо чоколадо, ќе ви причини многу поголемо задоволство, отколку евтино чоколадо, коешто содржи опасни масти. Истото се однесува и на десертите приготвени во домашни услови – употребувајте квалитетно какао и чоколадо, за да постигнете најдобри резултати.rn

    6. Уреди

    rn8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска кризаrnrnСекако, кога купувате електронски уреди треба да ја земете предвид и цената. Тоа не значи дека треба да го купите последниот модел на мобилен телефон, но купувањето премногу евтин модел, исто така не е добра идеја. Кај евтините уреди, не постои гаранција дека ќе работат добро на долг рок. Исто така, треба да обрнете внимание на репутацијата на фирмата.rnrnВоедно, заборавете на евтините електрични бокали и старите фрижидери, бидејќи тие можат да бидат многу опасни. Електричните уреди, треба да работат добро и долготрајно. Затоа, секогаш е подобра опција да инвестирате повеќе пари, во нешто коешто има висок квалитет.rn

    7. Алкохол

    rn8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска кризаrnrnСите знаеме дека пиењето алкохол е лошо за нашето здравје, но една чаша црвено вино, всушност може да биде добро за вас. Затоа, никогаш немојте да штедите на квалитетно вино. Подобра опција е да купите квалитетно шише вино, отколку евтино, коешто може да предизвика сериозно труење од алкохол, главоболки и други здравствени проблеми.rn

    8. Безбедност

    rn8 нешта на коишто е подобро да не штедите, дури и ако сте во финансиска кризаrnrnМногумина сметаат дека безбедноста на автомобилот, станот или животното осигурување се многу скапа инвестиција. Токму поради тоа, повеќето луѓе одбиваат да купат осигурување, бидејќи не сакаат да даваат пари, за хипотетичка шанса дека нешто лошо ќе се случи. Но, погледнато од рационален аспект, подобро е да мислите на иднината однапред, пред да се случи нешто. Истото се однесува и на квалитетна брава за врата, аларм против крадци и аларм против пожар.rnrnКои важни работи вие би ги додале на оваа листа? Споделете со нас, во секцијата за коментари подолу.rnrnМоже да ве интересираат и овие 10 начини да заштедите пари, како што тоа го правеле вашите баби и дедовци.

  • 4 начини да заштедите пари на е-книги

    4 начини да заштедите пари на е-книги

    Вашиот електронски читач никогаш не ви е вон дофат, а вкусот за литература со еден збор може да ви се опише како – разновиден! Тоа е одлично, но ако сте зависници од книги, тоа значи и дека трошите многу пари за да ја задоволите вашата потреба за читање. Имајќи го ова на ум, погледнете ги следниве сервиси што можат да ви помогнат редовно да наоѓате попусти и различни понуди за е-книги што истовремено и ќе ја задоволат вашата жед за пишаниот збор, но и малку ќе ви го заштитат паричникот.rnrn4-nachini-da-zashtedite-pari-na-e-knigi-www.kafepauza.mkrn

    1. BookPerk

    rnПријавете се за дневни имејлови од BookPerk за да добивате листи од книги на попуст што можете да ги симнете во истиот момент. Ова исто така е и многу подобар начин да ја полните вашата електронска библиотека отколку постојано да пребарувате низ милионите наслови. Најдобро од сѐ е што добивате бесплатна е-книга со самото пријавување за добивање имејлови!rn

    2. Scribd

    rnПо 30-дневниот бесплатен период, Scribd ви дозволува за само 8,99 долари, односно 497 денари, да добивате месечен пристап до три е-книги и една аудио книга, плус списанија и други документи.rn

    3. Kindle Unlimited

    rnИсто како и Scribd, така и Амазон нуди 30-дневен пробен бесплатен период каде што можете да ги искусите сите придобивки на програмата Kindle Unlimited, што ви дава пристап до повеќе од милион наслови, од кои можете да зачувате до 10 истовремено на вашиот уред, на неограничен период. Откако ќе помине бесплатниот период, оваа услуга чини 9,99 долари или 552 денари месечно.rn

    4. Kindle Lending Library

    rnУште една одлична понуда од Амазон! Таа е одлична за оние што не сакаат да ги чуваат своите е-книги засекогаш. Ако има Киндл или апликацијата Киндл, и иако имате акаунт на Amazon Prime, тогаш можете да позајмувате наслови во период од 14 дена. Тоа е исто како да одите во библиотека, без да ја напуштите удобноста на својот дом!rnrnПо препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитате!

  • 10 начини да заштедите пари, како што тоа го правеле вашите баби и дедовци

    10 начини да заштедите пари, како што тоа го правеле вашите баби и дедовци

    Постарите луѓе се неисцрпен извор на мудрост и совети. Тие со своите години имаат доживеано најразлични искуства, живееле во различни времиња, при што од нив можеме да научиме многу животни лекции. Покрај другото, бидејќи тие живееле скромен живот, од постарите луѓе може да се научат и неколку трикови за штедење кога станува збор за користење намирници. Погледнете ги овие 10 корисни совети кои ќе ви бидат од голема помош.rnrn10 начини да заштедите пари за купување намирници, како што тоа го правеле вашите баби и дедовциrn

    1. Купувајте од земјоделци

    rnНаместо да купувате од супермаркети, купувајте од земјоделци кои продаваат на пазар и кои веќе ги знаете дека произведуваат свежи и здрави производи. Ова ќе ве чини помалку отколку купувањето од супермаркет, а и ќе бидете сигурни дека она што го внесувате во вашиот организам не е полно со пестициди.rn

    2. Поделете го месото на повеќе оброци

    rnНедостигот на месото ги натерал нашите баби и дедовци да го поделуваат тоа што го имаат за да им трае за повеќе оброци. Наместо целиот фокус да ви биде ставен на месото, користете го истото само како дополнителен додаток на јадењето.rn

    3. Не јадете некаде надвор

    rnВашите баби и дедовци не би можеле да го прехранат своето семејство доколку постојано јаделе некаде надвор. Секако дека ќе постојат и одредени исклучоци, но, практикувајте поголем дел од времето да јадете во својот дом, со што ќе заштедите значителен износ на пари.rn

    4. Подготвувајте храна со користење основни состојки

    rnТоа е многу поевтино и подобро отколку да купувате веќе подготвена или пакувана храна. Изберете нешто што му се допаѓа на вашето семејство, а потоа експериментирајте со храната.rn

    5. Направете си свое мени

    rnДоколку не направите распоред на јадења кои треба да ги приготвувате, понекогаш ќе ви се случи да купите состојки кои не ви се потребни, но и да заборавите да ги купите оние кои ви се потребни. Затоа, најдобро е да си направите некое мени за во наредните неколку дена или пак за цела недела, па врз основа на тоа да ја составите и листата за купување.rnrn10 начини да заштедите пари за купување намирници, како што тоа го правеле вашите баби и дедовциrn

    6. Пронајдете ја продавницата која ви одговара

    rnСигурно вашата баба имала омилена продавница од каде што ги купувала намирниците. Денес, кога веќе имате поголем избор, треба да ја пронајдете продавницата или супермаркетот кој најмногу ви одговара според цените. Така, нема да морате постојано да вртите низ градот, туку ќе знаете сѐ и полесно ќе се снаоѓате.rn

    7. Користете повеќе грав, грашок или леќа

    rnТие се евтини и содржат хранливи влакна, Б витамини и протеини. Постојат многу рецепти во кои можете да ги употребите, а исто така можете да ги приготвувате и на најразлични начини.rn

    8. Не купувајте производи кои се веќе исечени на парчиња

    rnПодобро е да го прескокнете купувањето исечени и исчистени парчиња овошје или зеленчук, затоа што тие чинат многу повеќе, а не е тешко да ја исчистите боранијата сами дома, или пак да го излупите ананасот.rn

    9. Научете да одгледувате сами

    rnВашите баби и дедовци имале градина каде што самите одгледувале производи. Доколку и вие имате место, најдобра идеја е да почнете да садите некои производи, како што се домати, краставици, грав, компири и слично, кои не бараат многу работа, а сепак ќе ви гарантираат заштеда на вашите пари, истовремено внесувајќи здрава и органска храна.rn

    10. Користете ги остатоците и краевите

    rnНаместо да ги фрлате остатоците и краевите од одреден вид храна, пронајдете начин како истите да ги искористите. На пример, наместо да го фрлате зеленчукот кој повеќе не е свеж, можете да го искористите така што ќе го додадете во омлет или пак ќе ви послужи како додаток во некое друго јадење.rnrn10 начини да заштедите пари за купување намирници, како што тоа го правеле вашите баби и дедовци

  • Одлични начини да заштедите на мејкап производи

    Одлични начини да заштедите на мејкап производи

    Секоја жена ужива во средувањето и дотерувањето. Шминката пак е тука за да ги скрие сите нејзини несовршености. Некогаш можеме да ја нанесеме во огромни количини, односно повеќе отколку што ни е потребно. Но, тоа е само непотребен трошок. Доколку трошите премногу пари за купување шминка, тогаш ова се советите кои ќе ви помогнат да заштедите и максимално да го искористите секој мејкап производ.rnrn1-fenomenalni-nachini-so-chija-pomosh-navistina-kje-zashtedite-na-mejkap-proizvodite-www.kafepazua.mk_rn

    1. Немојте да купувате големо пакување маскара

    rnЧестопати како поклон со другите купени производи добиваме маскара. Притоа маскарата по еден месец го губи својот квалитет, па затоа најдобро е да ги избегнувате големите пакувања.rn

    2. Исечете го пакувањето

    rnДоколку шминката се наоѓа во туба или во пакување од кое не можете да ја истиснете во целост, тогаш земете ножички или нож и исечете го пакувањето. Овде се крие шминка која можете да ја искористите уште неколку пати. Доколку одите на патување, понесете ја таа шминка која ви е при крај, па нема потреба да купувате нова.rnrn2-fenomenalni-nachini-so-chija-pomosh-navistina-kje-zashtedite-na-mejkap-proizvodite-www.kafepazua.mk_rn

    3. Не купувајте млеко за бришење на шминка

    rnБебешкиот шампон е идеален кога е во прашање бришењето на шминката. Тој не предизвикува иритација на очите, а прилично е поевтин од разните млека и тоници за отстранување на шминката.rn

    4. Гледајте туторијали

    rnЗа да не фрлате пари на производи кои нема да ви одговараат, гледајте видеа од бјути влогерите на Јутјуб. Тие ќе ви понудат неколку совети, кои ќе можат да ви помогнат при изборот.rn

    5. Прашувајте за бесплатни примероци

    rnНекои парфимерии потполно бесплатно ќе ви дадат примероци од некои производи, а сè што е потребно да направите е да побарате.rnrn3-fenomenalni-nachini-so-chija-pomosh-navistina-kje-zashtedite-na-mejkap-proizvodite-www.kafepazua.mk_