КАФЕ ПАУЗА

Tag: заштеда

  • 6 причини зошто септември е најдобриот месец за да заминете на одмор

    6 причини зошто септември е најдобриот месец за да заминете на одмор

    За многумина, септември го означува крајот на сезоната за патување, но за некои, тој нуди одлична можност да се спакуваат и да заминат на одмор. Доколку и вие сѐ уште не сте го искористиле вашиот годишен одмор и планирате тоа да го сторите овој месец, погледнете што го прави септември најдобриот месец за патување.rnrnrn

    1. Поголема заштеда

    rnБидејќи е сезона за одење во училиште, многумина не го избираат септември како месец за патување. Токму поради тоа, цените на трошоците за превоз и сместување може значително да опаднат. Дополнително е тоа што во овој месец неретко можете да сретнете и одредени попусти. Доколку и вие сте од оние коишто завршиле со училишните и факултетски обврски, септември е одличен месец да ја пронајдете вашата дестинација за одмор.rn

    2. Избегнување гужви

    rnОва е дополнителен поттик за патување во септември, особено за оние коишто сакаат да ги избегнат гужвите и сообраќајниот метеж. На некои луѓе ова им пречи и им ја исцрпува енергијата, но овој месец е период којшто нуди посмирени посети на омилените дестинации.rn

    3. Пониски цени за сместување

    rnЛуксузните дестинации честопати ги рекламираат своите најголеми попусти на крајот на летото и за време на раната есен. Во септември можете да пронајдете големи попусти дури и на местата каде што отсекогаш сте посакувале да одите. Искористете го овој период и пружете си себеси и на вашите најмили одмор од соништата.rnrnrn

    4. Времето е пријатно

    rnИако септември веќе ја најавува есента, времето може да биде навистина прекрасно. За сите оние коишто сакаат да ги избегнат летните горештини и сакаат да се опуштат во умерено и пријатно време, септември го нуди сето тоа.rn

    5. Имате можност за вонсезонски активности

    rnДодека пропуштате некои сезонски активности, секогаш постојат нови можности коишто ви ги нуди токму септември. Во зависност од вашата посакувана дестинација, ќе имате можност да искусите многу вонсезонски активности коишто ќе ви ги збогатат вашите спомени.rn

    6. Поголеми попусти на потребните работи

    rnДоколку отпатувате во септември, ќе имате можност да ги купите потребните работи, а притоа да заштедите. На пример, ќе можете да купите костум за капење по доста пониска цена, производите за сончање ќе ве чинат помалку, а исто така ќе заштедите и ќе имате средства да си дозволите да купите и други работи во коишто би уживале.

  • 12 начини преку кои мислите дека штедите, но всушност ве чинат поскапо

    12 начини преку кои мислите дека штедите, но всушност ве чинат поскапо

    Колку пати досега ви се случило да купите нешто затоа што е евтино, а тој предмет, парче облека или храна, воопшто не ви се потребни? Или постојано следите попусти, а по некое време кога ќе сe пресметате, ќе сфатите дека и не сте заштедиле многу, дури и сте платиле повеќе од планираното. Постојат некои трикови со кои трговците ги намамуваат потрошувачите, но тоа е и нивната работа. Затоа, внимавајте на што ги трошите вашите пари. Ние ви нудиме 12 моменти за кои мислите дека штедите финансии, а всушност на долг рок ве чинат многу поскапо.rnrn(1) 12 начини преку кои мислите дека штедите, а всушност ве чинат поскапоrn

    1. Купувате евтин мебел или апарати за домаќинство

    rnКога станува збор за штедење при купување мебел и апарати за домаќинство треба добро да се размисли. Голем дел од луѓето тешко се одлучуваат да купат поскапи парчиња мебел или техника. Но, одлуката да се купи евтин мебел и апарати, многу често значи дека набрзо ќе треба да ги замените со нови, па може да ве чини двојно или тројно повеќе. Можеби ќе најдете кревет за многу ниска цена, но по некое време ќе се покаже како сосема неудобен за седење или спиење. Истото се случува и со кујнските апарати и другата техника. Купувајте паметно, некогаш е подобро некои работи да се платат поскапо. Квалитетот игра важна улога при изборот.rn

    2. Купувате работи само затоа што се на попуст

    rnОваа навика може многу да ве чини. Постојано сте опкружени со огласи и реклами за големи снижувања, но потрудете се да не обрнувате многу внимание на нив и запрашајте се што е она што вистински ви треба. Без оглед колку и да е ниска цената на она што го купувате, сепак парите ќе ги дадете за нешто што не ви треба. Таквите предмети или облека обично завршуваат заборавени во плакарите и фиоките.rn

    3. Не плаќате осигурување или ја плаќате најниската стапка

    rnОва е една честа грешка меѓу луѓето. Никој не мисли на „црните денови“, кои секако не значи дека со сигурност ќе дојдат, но секогаш е подобро да сте осигурени, како вие, така и личниот имот. Сè може да се случи во животот. Избегнувајќи ја ниската месечна рата при плаќање на некое осигурување, може да ви предизвика голема главоболка и проблеми во одреден момент од животот.rn

    4. Го игнорирате одржувањето на вашиот автомобил

    rnАвтомобилот секогаш сигнализира кога му е потребна некаква обнова. Колку повеќе вложувате во него, толку подолго ќе ве служи. Доколку не обрнувате доволно внимание може да се создаде дефект кој подоцна скапо ќе ве чини.rn

    5. Постојано пазарувате на сајтовите за попусти

    rnТоа може навистина да се исплати, но не секогаш. Добро е да побарате одредена понуда, но доколку постојано сте вклучени и ги следите сите снижувања, постои опасност да паднете во искушение и да купувате работи и услуги кои не ви се потребни.rn

    6. Премногу го ограничувате буџетот

    rnСфатете ја оваа финансиска навика како претерано амбициозна диета. Колку повеќе се изгладнувате, толку се поголеми шансите планот да не ви успее и по неколку дена да се фрлите на масната и калорична храна. Така е и со претераното штедење. Доколку редовно си ги исполнувате потребите во границите на нормалата, ќе го намалите ризикот од прекумерно трошење одеднаш.rn

    7. Одбивате да ги употребувате кредитните картички

    rnГолем дел од луѓето во текот на животот се соочиле со одредени проблеми поврзани со кредитните картички и поради тоа изгубиле доверба во нив. Вистината е дека треба многу да се внимава на сумата која што ја имате, затоа што лесно може да се изгубите и да отидете во минус, но картичките нудат и удобност и имаат големи предности доколку паметно ги користите. Распрашајте се во вашата банка кои се поволностите кои можете да ги добиете од користењето на картичките. Секогаш советувајте се со финансиски експерти доколку имате некои нејасни прашања.rn

    8. Купувате евтини парчиња облека

    rnВо ова искушение особено често паѓаат жените. Едноставно не можете да одолеете кога ќе видите дека можете да купите здолниште или блуза по неверојатно ниски цени. Но, проблемот настанува по првото перење. Веднаш ќе ја видите вашата грешка.rn

    9. Штедите на храна

    rnМногу често се случува, наместо храната којашто ја сакате и којашто е здрава да ја замените со некој поевтин оброк. Тоа не е најдобра идеја затоа што мислејќи дека штедите, вие всушност ќе бидете принудени да купите дополнителна храна за да го задоволите апетитот. Исто така, една попаметна идеја е да ја наполните кујната со квалитетни продукти од кои можете да си зготвите здрав ручек или вечера, наместо да немате ништо во фрижидерот, па да одите во најблискиот ресторан, што ќе ве чини многу поскапо.rn

    10. Не штедите за пензионерските денови

    rnОва е една честа грешка, особено меѓу помладата популација. Староста брзо доаѓа, затоа добро би било доколку успеете барем мал дел од вашата заработка да ја вложувате во некои пензиски фондови, кои ќе ви обезбедат долгорочна сигурност.rn

    11. Секогаш избирате промотивни услуги

    rnГолемите компании секогаш нудат промотивни цени кои звучат многу примамливо за потрошувачите. Но, по неколку месеци промоција, може да се соочите со високи цени на услугата, а договорот што сте го потпишале да не можете да го прекинете без да платите одредена казна. Затоа, секогаш кога потпишувате каков било договор, внимавајте што е напишано најдолу, со најситните букви.rn

    12. Купувате поединечни, наместо производи во поголеми пакувања

    rnКолку пати ви се случило да се одлучите да купите едно парче тоалетна хартија, затоа што не сакате да земете пакет со 12 парчиња? Следниот пат добро погледнете ја цената и ќе сфатите колку пари можат да се заштедат на големите пакувања. Тоалетната хартија е само еден пример. Речиси секој производ, барем во големите супер маркети, може да се најде во голем пакет, за неколку пати пониски цени.

  • Генијални трикови: Искористете ги вашите омилени козметички производи до последна капка!

    Генијални трикови: Искористете ги вашите омилени козметички производи до последна капка!

    Колку пати ви се случило воопшто да не потрошите некој козметички производ до крај, а веќе морате да го фрлите, бидејќи се скршил или се оштетил на кој било начин? Фрлањето на неискористените производи и не е баш некоја економична опција, зар не? Особено кога ќе се сетиме колку пари сме потрошиле на тие производи. Во продолжение ви откриваме како да го продолжите векот на траење на вашите омилени козметички производи.rnrn1-genijalni-trikovi-iskoristete-gi-vashite-omileni-kozmetichki-proizvodi-do-posledna-kapka-www.kafepauza.mk_rn

    1. Продолжете го векот на траење на скапата пудра

    rnВашата омилена пудра, за која сте потрошиле вистинско, мало богатство е при крај, а вие моментално и не сте баш во финансиска можност да купите нова. Продолжете го векот на нејзиното траење така што на преостаната количина на пудра ќе додадете хидратантна крема за лице. Измешајте ги производите или растресете го шишенцето во која се наоѓа, и ќе добиете зголемена количина пудра која нема да изгуби многу од своите својства. Дури ќе стане полесна и подобро ќе се стопи во вашата кожа на лицето.rnrn2-genijalni-trikovi-iskoristete-gi-vashite-omileni-kozmetichki-proizvodi-do-posledna-kapka-www.kafepauza.mk_rn

    2. Искористете ја кремата до последна капка

    rnПред да ги фрлите „потрошените“ производи спакувани во пластични шишенца исечете ги со помош на ножици на половина и ќе забележите дека има уште доста од производот на рабовите и аглите на шишенцето до кои не сте можеле да досегнете со класично стискање. Ви препорачуваме остатокот од производот да го соберете со хигиенска чепкалка за уши и да го префрлите во чист, стаклен сад со капаче и на тој начин да го искористите до последната капка.rnrn3-genijalni-trikovi-iskoristete-gi-vashite-omileni-kozmetichki-proizvodi-do-posledna-kapka-www.kafepauza.mk_rn

    3. Вратете ја функцијата на компактната пудра

    rnПотта и честичките од кожата кои остануваат на четката или сунѓерчето, преку нив се пренесуваат на површината на компактната пудра. Се случува нејзината површина буквално да се скамени и пудрата да стане неупотреблива. За да го спречите тоа, земете силен селотејп и притискајте го на површината на пудрата за да го отстраните површниот скаменет слој. Вашата пудра набрзо ќе биде како нова!rnrn4-genijalni-trikovi-iskoristete-gi-vashite-omileni-kozmetichki-proizvodi-do-posledna-kapka-www.kafepauza.mk_rn

    4. Освежете ги валканите сенки за очи

    rnПосле долгиот период на користење се случува сенките за очи, исто како пудрата во претходниот случај, да се скаменат или да ја изгубат бојата. Лесно ќе ги освежите доколку ги напрскате со медицински алкохол и ги тапкате со памук.rnrn5-genijalni-trikovi-iskoristete-gi-vashite-omileni-kozmetichki-proizvodi-do-posledna-kapka-www.kafepauza.mk_rnПродолжете на следната страница за повеќе трикови…rn

  • Како едноставната организација може да ви заштеди многу пари?

    Како едноставната организација може да ви заштеди многу пари?

    Сигурно би рекле дека организацијата е досадна или дека попрво би читале факти за пиво. Тоа е сосема нормално. Но, еве што е проблемот: неорганизираноста ве чини многу пари. А тие пари можете да ги потрошите на пиво. Исто како што перењето долна облека пред да одите на работа не е баш интересно, но чистата долна облека ќе ви помогне да правите други интересни работи.rnrn(0)-kako-ednostavnata-organizacija-mozhe-da-vi-zashtedi-mnogu-pari-kafepauza.mkrnrnЛесно може да кажете организација наместо штедење. Толку лесно што всушност сигурно не сте ни помислиле на овие нешта.rn

    Планирајте ги вашите оброци

    rnВозрасни сте. Сигурно веќе сте забележале дека повеќе трошите на непотребни намирници во супермаркет ако немате претходно подготвена листа. Планирајте ги вашите оброци за да заштедите 50 проценти од трошоците, искористувајте ги попустите и намалете со навиката „Нема врска, ќе порачам пица“. Почнете со листа од 10 оброци кои знаете да ги зготвите. Не грижете се, се важат и макароните со сирење. Со помош на листата направете план за следните две недели. Бонус е ако направите повеќе отколку што можете да изедете при еден оброк.rnrn(1)-kako-ednostavnata-organizacija-mozhe-da-vi-zashtedi-mnogu-pari-kafepauza.mkrn

    Организирајте ги вашите алати

    rnБрзо прашање: Колку пати во текот на изминатата година сте купиле нешто што веќе го имате, но не сте можеле да го најдете кога ви требало? Ако одговорот е повеќе од два, еве зошто организирањето на алатите ви заштедува пари.rnrnНајдете место да ги складирате вашите работи. Најдете место на вашето биро за канцелариските, уметничките или занаетчиските алатки, најдете место во плакарот за опремата за брза помош, а во гаражата или подрумот најдете место за сѐ останато. Организирајте ги уште подетално кога ќе имате време. На тој начин, нема да трчате до продавница секогаш кога ќе ви треба чекан или лепило.rnrn(2)-kako-ednostavnata-organizacija-mozhe-da-vi-zashtedi-mnogu-pari-kafepauza.mkrnrnСакате да бидете уште потемелни? Соработувајте со вашите пријатели и направете заеднички простор за алатите. Во едно друштво од неколку пријатели не е потребна повеќе од една електрична пила за дрва. На тој начин секогаш ќе можете да го најдете потребниот алат на вистинското место.rn

    Исчистете го фрижидерот

    rnТешко дека марулата во фиоката од фрижидерот на која се создава колонија од бактерии може да ја искористите за салата. Исчистете го фрижидерот пред да одите во шопинг и од продуктите на кои им изминува рокот направете вкусен и невообичаен оброк. Облечете скафандер за ловење духови и исчистете ги сите форми на живот кои се создале внатре. Сликајте го фрижидерот кога ќе завршите. Така треба да изгледа фрижидерот секоја недела пред да одите во супермаркет.rnrn(0)-kako-ednostavnata-organizacija-mozhe-da-vi-zashtedi-mnogu-pari-kafepauzarn

    Одржувајте го вашиот автомобил

    rn2.000 денари за редовен сервис оваа година значат заштеда од 20.000 денари за поправки кои ќе треба да ги потрошите следната година. Исто така добро напумпаните гуми значат заштеда на стотици денари бензин во едно лето, а не мора да потрошите ниту еден денар за да ги напумпате гумите како што треба.rnrn(3)-kako-ednostavnata-organizacija-mozhe-da-vi-zashtedi-mnogu-pari-kafepauza.mk

  • Како максимално да заштедите ова лето?

    Како максимално да заштедите ова лето?

    Иако летото е период за релаксација, тоа не значи дека треба да ги изгубите сите пари што ги имате. Ако не внимавате, бројните забави и разните настани, обврските и одморите, многу лесно можат да ви ја испразнат банкарската сметка. Затоа одвојте време и правилно испланирајте ги финансиите. Забавата може да биде евтина ако добро знаете да планирате.rnrn0-8-ednostavni-soveti-kako-da-zastedite-ova-leto-kafepauza.mkrn

    1. Сварете си домашно кафе

    rnДа, навистина купеното кафе има неверојатен вкус наутро и плус го сметате за еден вид фитнес до омилената кафетерија, но домашното кафе ќе ви заштеди многу. Сетете се како некогаш знаат да ви ја згрешат омилената нарачка. Кога го правите дома, невозможно е да згрешите. Плус, послатко е кога самите ќе го приготвите баш онака како што сакате.rn

    2. Однапред спремете си ручек и ужина

    rnКако и кафето, така и ручекот и ужината се лесен начин да заштедите, но и поздраво да се храните. Кога јадете надвор поголеми се шансите да го одберете големиот хамбургер и Кока-колата. Заштедете пари и сами пригответе нешто интересно и вкусно. Можеби ќе ви дојде инспирација да испробате некој нов рецепт.rnrnTuna Egg and Salad Baguette with Fresh Fruitrn

    3. Бидете си личен стилист

    rnПостојано слушаме како трендовите постојано се менуваат и дека постојат класични парчиња облека кои вечно се модерни. Купете неколку летни парчиња кои сметате дека навистина мора да ги имате. Особено внимавајте на квалитетот, но не ја занемарувајте цената. Сепак, мора да постои баланс помеѓу двете: квалитет>квантитет.rn

    4. Зачленете се во библиотека

    rnКупувањето книги е забавно, но и навистина скапа навика. Алтернативно решение е да позајмувате од библиотека. И онака бришењето прашина на купови книги одзема многу време. „Вин-вин“ ситуација.rnrn2-8-ednostavni-soveti-kako-da-zastedite-ova-leto-kafepauza.mkrn

    5. Истражувајте го местото на живеење

    rnЛетото е одлична можност за разни фестивали, културни настани, пазар на отворено и слични типови разонода. Навлезете малку подлабоко во местото каде што живеете и запознајте го подобро. Барајте забава, не чекајте таа да ве најде.rn

    6. Прескокнете ги рестораните

    rnБарем една вечер во викендот. Наместо да излезете, пригответе вечера дома заедно со вашите пријатели. Навистина забавна идеја и одличен начин за заштеда.rnrn3-8-ednostavni-soveti-kako-da-zastedite-ova-leto-kafepauza.mkrn

    7. Истражувајте ги местата за одмор

    rnПред да заминете на одмор, добро проверете ги цените, можностите и амбиентот. Одлична идеја е да го користите Booking за сместување или Trip Advisor за ресторани, летови и детални информации околу местото кое сакате да го посетите.rn

    8. Дозволете ѝ на летната убавина да блесне во вас

    rnНаместо да одите на масажа, педикир и маникир, депилација… направете го сето тоа сами дома. Постојат голем број туторијали за педикир и маникир. Затоа земете го масажерот, истражете рецепти за депилација и разни други начини на разубавување и имајте сопствен спа-ден.rnrn4-8-ednostavni-soveti-kako-da-zastedite-ova-leto-kafepauza.mk

  • Работи кои можете да ги купите на старо за да заштедите пари

    Работи кои можете да ги купите на старо за да заштедите пари

    И предметите кои некој веќе ги употребувал можат да бидат употребливи уште долго време, а се наоѓаат за многу пониска цена. Секако, потребно е да бидат исправни, да изгледаат како нови, да имаат останато уште доста од својот век на траење и можеби тоа да биде нешто кое нема да го користите многу често. Такви предмети е подобро да се купат на старо отколку нови поради односот помеѓу парите што ги плаќате и вредноста што ја добивате за тие пари. Такви предмети би можеле да бидат некои од овие што следуваат.rnrnРаботи кои можете да ги купите на старо за да заштедите париrn

    Книги

    rnРетко кога една книга е прочитана повеќе од еднаш. Дури и ако поминала низ многу раце претходно, доволно е да не е искината за да можете и вие да ја читате. Страсните читатели на ваков начин можат да заштедат многу пари.rn

    Велосипед

    rnЗа цената на нов неквалитетен велосипед можете да си купите стар супер квалитетен. Новите велосипеди кои навистина вредат, чинат и повеќе од 18.000 денари, но ист таков можете да добиете и за помалку од половината од таа сума ако некој го користел пред вас. Проверете само дали е исправен и дали треба да се сменат некои делови пред да го возите, затоа што тоа може подоцна да ви извади уште некој денар од џебот.rn

    Автомобил

    rnКупувањето автомобил на старо веќе е раширена практика кај нас поради многу пониските цени во споредба со оние на новите автомобили. Ако сакате да извлечете максимум од односот вредност-пари, купете автомобил кој е стар 2-3 години. Тие не се многу користени, а нивната цена значително е падната.rn

    Опрема за вежбање

    rnОпремата за вежбање е многу скапа ако ја купите нова од продавница, а нема да ви користи повеќе од некоја што ќе ја купите на старо. Нема никаква разлика помеѓу нов тег и некој што веќе е користен 5 години.rn

    Алати за домаќинство

    rnИсто како и со опремата за вежбање, алатите за домаќинство се доста издржливи и не ја намалуваат својата употребливост со текот на годините. Тоа не важи секогаш за електричните алати, но чеканот, клештите и шрафцигерот секогаш ќе бидат исти како и новите од продавница.rn

    Венчаница

    rnФустанот кој ќе го носите на вашата свадба чини десетици илјади денари, а ќе го облечете само еднаш. Би било паметно доколку веднаш после тоа го продадете, а би било уште попаметно ако го купите на старо и заштедите многу пари за на меден месец.rn

    Мебел

    rnСигурно дека нема домот да го реновирате со мебел на старо, но можете барем некои ситни парчиња кои ви притребуваат одвреме-навреме да ги набавувате на ваков начин за да заштедите пари. Тоа особено важи за мебелот изработен од метал или стакло на кој му треба само малку „шминкање“ за повторно да изгледа како нов.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Едноставни трикови за заштеда на струја кои веројатно не ги знаете

    Едноставни трикови за заштеда на струја кои веројатно не ги знаете

    Моментот кога пристигнуваат месечните сметки за струја веројатно ви се крева косата, особено во зимските месеци. За среќа, благодарение на примената на овие неколку едноставни трикови, сумата на сметките можете значително да ја намалите.rnrnednostavni-trikovi-za-zashteda-na-struja-koi-verojatno-ne-gi-znaete-kafepauza.mkrn

    Изберете го вистинскиот сад за готвење

    rnМеталните садови брзо се загреваат, но и брзо се ладат. Затоа пак керамичките садови одлично ја задржуваат топлината, па на овој начин можете да го скратите времето потребно за подготовка на готвената храна.rn

    Добро исчистете ги пеглата и рерната

    rnКога се валкани, овие уреди работат помалку ефикасно, па затоа грижете се секогаш да бидат чисти. Нечистотијата на пеглата лесно можете да ја отстраните со паста за заби, а кога ја чистите рерната обрнете особено внимание на вратичката на рерната.rn

    Одмрзнете го замрзнувачот

    rnШто повеќе мраз во замрзнувачот, толку повеќе енергија ќе му биде потребна за да ја постигне соодветната температура. Кога ќе забележите дека се направило многу мраз, веднаш одмрзнете го фрижидерот.rn

    Одржувајте ги радијаторите

    rnСе работи за испуштање на вишокот воздух со цел радијаторите да можат да греат до максимум. За ова ви треба посебен клуч или шрафцигер.rn

    Наполнете го фрижидерот со шишиња вода

    rnНе отворајте го често фрижидерот бидејќи така влегува топол воздух во него. Но, ако фрижидерот е полн, на ладниот воздух ќе му треба повеќе време за да избега, па ако немате многу намирници, во него чувајте шишиња со вода.

  • 14 животни цели кои секој 20-годишник сака да ги оствари

    14 животни цели кои секој 20-годишник сака да ги оствари

    Сонуваме за голем успех и финансиска независност проследена со гордоста во очите на нашите родители. Еве што сè посакуваме да ни се оствари во нашите 20-ти.rnrn14 животни цели кои секој 20-годишник сака да ги оствариrn

    1. Добивање на првата плата од постојана работа

    rnИако сме благодарни и горди на парите кои сме ги заработиле од сезонските работи, гордоста е голема да се трошат парите од нашата прва, стабилна и постојана работа.rn

    2. Посета на доктор со сопствено здравствено осигурување

    rnНе здравствено осигурување на име на родителите, туку здравствено осигурување од вашата постојана работа како возрасни и независни.rn

    3. Селење во сопствен стан/дом

    rnКаде не можете да очекувате вашата мајка да го среди нередот по вас, вие сте задолжени самите за себе.rn

    4. Финансиска независност

    rnСвои финансии, моќ за располагање со нив, но и разум за правилно однесување со парите.rn

    5. Имање заштеда

    rnКолку и да е тешко да се тргне на страна некој денар, успех е ако почнете да штедите во вашите 20-ти.rn

    6. Првата сериозна врска

    rnКоја трае најмалку една година и во која и двете страни се однесуваат како возрасни личности, а не како тинејџери. Можеби ќе заврши со брак, можеби нема.rn

    7. Одење на вистински одмор

    rnОна што секој 20-годиншник го сака е одењето на вистински одмор, сместување во хотел накитен со повеќе ѕвездички и гардероба купена специјално за одморот.rn

    8. Стекнување навика за правилна исхрана

    rnДа се храниме како возрасни, не со хамбургери, тостови и шпагети. Да знаеме да си зготвиме нешто добро, нешто како она што сме го јаделе дома.rn

    9. Купување кола со сопствени финансии

    rnЗборуваме за голем успех кој секој од нас го посакува. Да може да му ја подариме колата што ни ја купиле родителите на помалиот брат и да возиме низ градот со сопствен кул автомобил…rn

    10. Вложување на првата инвестиција

    rnМоже да биде и многу мала, но да направиме некоја инвестиција за нашата иднина.rn

    11. Правење голем чекор кон созревање

    rnКако на пример, ослободување од тинејџерската облека или премачкување на собата во друга боја. Сакаме да останеме деца во душата, но и да созрееме.rn

    12. Првата успешна расправа за покачување на плата

    rnСметате дека иако сте млади заслужувате покачување и унапредување, собирате храброст и влегувате во канцеларијата на шефот… па нека биде што биде.rn

    13. Да ги почастите родителите со вечера

    rnДа ги изнесете родителите на вечера а кога ќе дојде сметката вие да посегнете по неа, за промена.rn

    14. Јавно објавување на некој свој труд

    rnКнига, научно излагање, јавен говор и сл. Нешто во што сме вложиле многу труд и сакаме да го видиме нашето име на првата страница.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога и како да заштедите при купување козметички производи?

    Кога и како да заштедите при купување козметички производи?

    Скапата козметика е често поквалитетна од евтината, но не секогаш е така. Она што треба да го имаме на ум е дека често повеќе плаќаме за името на козметиката отколку за нејзиниот квалитет. Може да бидете убави и негувани без да потрошите многу на козметички производи. За одредени производи ќе мора да потрошите повеќе, но за други навистина нема потреба да фрлате многу пари. Еве како паметно да купувате козметика.rnrnКога и како да заштедите во купување на козметички производи?rn

    Лакови за нокти vs. серум за лице

    rnСлободно заштедете купувајќи лакови за нокти бидејќи секако не останувате долго со една нијанса. Плус, доколку имате навика често да правите домашен маникир со разни форми и бои, одбирањето евтини лакови е паметна опција.rnrnОд друга страна, задолжително потрошете повеќе на серум за лице кој продира длабоко во кожата и клучно е да биде направен од квалитетни состојки погодни за вашиот тип на кожа. Доколку имате проблеми со кожата или осетлива кожа, задолжително консултирајте се со дерматолог пред да купите серум за лице. Серумот, пак, може да го комбинирате со поевтин крем за лице и пак да имате прекрасни резултати и убава кожа.rn

    Заштитен спреј за сончање vs. парфем

    rnСекако дека многу е важен спрејот за сончање но многу лесно ќе најдете квалитетни креми и спрејови за сончање по пониски цени кои ќе ве заштитат исто колку скапите увезени производи со звучно име. Така што, заштедете на заштитата од сонце, но од друга страна потрошете на парфем. Евтините парфеми брзо испаруваат и воопшто не мирисаат ни приближно добро колку поскапите. Секако, тоа не значи дека мора да дадете над 5.000 денари за парфем, но потрошете малку повеќе купувајќи квалитетен парфем кој трае подолго и има фини и препознатливи ноти.rn

    Гел за миење лице vs. крем за околу очи

    rnГелот за миење лице се задржува најкратко на кожата и лесно се наоѓаат квалитетни производи по пристапни цени. Но, затоа потрошете повеќе на крем за околу очи бидејќи кожата на тоа место е најтенка и најосетлива, а благодарноста за грижата ќе ја добиете подоцна во животот со помалку брчки околу очите.rnrnКога и како да заштедите во купување на козметички производи?rn

    Гел за туширање vs. виткач за трепки

    rnНема некоја голема разлика меѓу евтините и скапите гелови за туширање па заштедете на овој производ. Потрошете на виткач за трепки бидејќи доколку одберете евтин виткач со лош квалитет може да имате последици како кубење на трепките и лоши резултати по неговата употреба. Добриот виткач за трепки, од друга страна, ќе направи чуда од вашите трепки, така што слободно може да користите поевтина маскара.rn

    Маскара vs. пудра за лице

    rnЗаштедете на маскара. Многу е поважна четкичката на маскарата отколку нејзината цена. Скапите маскари ви ветуваат чуда, но не мора да значи дека ќе добиете фантастични резултати. Во комбинација со добар виткач за трепки, како што кажавме погоре, и поевтина маскара ќе ви заврши работа.rnrnКога и како да заштедите во купување на козметички производи?rnrnСекако, нема сомнеж дека треба да потрошите повеќе на пудрата за лице која веројатно ја употребувате доста често и се задржува речиси цел ден на вашето лице. Резултатите од користење евтина пудра за лице ќе ги добиете малку подоцна, но времето не се враќа назад. Одберете минерална пудра која носи многу благодети за вашата кожа и консултирајте се со дерматолог доколку имате проблематична кожа. Вашиот дерматолог може да ви препорача добра пудра која ќе му годи на вашето лице.rn

    Крем за лице vs. сенка за очи

    rnКако што е спомнато погоре, во комбинација со поскап серум за лице, кремот за лице не е пресудно да биде скап. Така што, слободно заштедете на крем за лице бидејќи звучните имиња можеби промовираат зачудувачки ефекти, но не е така. При одбирањето на крем за лице, особено кога сте помлади, клучно е да го одберете соодветно со типот на вашата кожа, другото навистина не е важно. Од друга страна може да потрошите малку повеќе на сенки за очи. Квалитетните сенки за очи имаат поинтензивна боја, полесно се нанесуваат и подолготрајни се, со што ќе одбегнете размачкување на боите и лош изглед.rn

    Пилинг vs. заштитна крема за лице

    rnИма многу добри евтини пилинзи и многу начини да ги направите и со домашни состојки. Затоа заштедете на пилинг, кој секако се користи ретко, и задолжително потрошете на квалитетна крема со заштитен фактор за вашето лице. Лицето е осетливо при изложување на сонце, а сонцето ја старее кожата. Изборете се со предвремената појава на брчки со користење на квалитетен крем со заштита од штетните УВ зраци.rn

    Лосион за тело vs. четка за нанесување шминка

    rnИ за двете работи не мора да потрошите цело богатство, но девојките неретко се одлучуваат за поевтин лосион за тело бидејќи и оние со пониски цени може да имаат фантастични резултати. Од друга страна, со меките и квалитетни четки за нанесување шминка, не само што полесно и подобро ќе ја нанесете шминката која и подолго ќе трае, туку ќе одбегнете и алергиски реакции и иритации, особено кога станува збор за големата четка за нанесување руменило.rn

    Балсам за усни vs. четка за коса

    rnСигурно макар еднаш во животот ви се случило да дадете повеќе пари на балсам за усни а да не добиете подобри ефекти. Поевтините балсами, парадоксално, може да ви ги заштитат усните подобро од поскапите балсами со познати имиња и мириси на разни овошја, што впрочем се единствените предности. Но, кога станува збор за четка за коса одберете ја внимателно и не ја потценувајте нејзината важност. Добрата четка за коса ќе го намали електрицитетот на косата како и губењето влакна.

  • Би можеле ли да живеете во оваа куќа?

    Би можеле ли да живеете во оваа куќа?

    Архитектката Мејси Милер од Ајдахо, САД долго време посакувала да има свое место за живеење, но не сакала да ги носи на грб трошоците за хипотека, па затоа решила да си изгради свој компактен дом. Откако сонувала еден сон во 2011 година, таа решила да преземе инцијатива и да си го дизајнира нејзиниот мал, но ефикасен дом, познат под името „Tiny House“ (Малечка куќа).rnrnБи можеле ли да живеете во оваа куќа?rnrnСакајќи да стекне искуство во градежништвото и да се пресели во дом кој ќе го направи сама со помали трошоци, Мејси работела на нејзината куќа од 18 метри квадратни, со надеж дека сонот ќе ѝ стане јаве.rnrnБи можеле ли да живеете во оваа куќа?rnrnКуќата е изградена врз приколка со рамна подлога, од рециклирани палети и нови прозорци кои биле донирани. Во внатрешноста на домот е внимавано на сите модерни погодности, а има и светлина, кујнски простор, па дури и функционален тоалет.rnrnБи можеле ли да живеете во оваа куќа?rnrnПостигнувајќи толку многу со толку мал буџет, проектот на Мејси не е тотално завршен, бидејќи таа моментално е во потрага по место на коешто ќе го „паркира“ нејзиното необично живеалиште. Архитектката се надева дека еден ден ќе може да направи целата конструкција да функционира без водовод и струја, со цел да биде сосема еколошка. Можете да го следите прогресот од нејзината работа, на нејзиниот личен блог.rnrnБи можеле ли да живеете во оваа куќа? Би можеле ли да живеете во оваа куќа? Би можеле ли да живеете во оваа куќа?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.