За изработка на дрвен мебел е потребна голема умешност. За ваквата работа треба многу трпение, знаење, вистински алати и се разбира, многу искуство. Штом ќе ја совладате основата, подготвени сте да ги „оживите“ најнеобичните креации кои се производ на вашата имагинација. Не е важно дали само уживате да гледате предмети од дрво или сте заинтересирани да научите сами да ги изработувате – делата на мајсторот Хенк Верхоев сигурно ќе ве инспирираат.rnrn
rnrnНеодамна, овој изработувач на дрвен мебел од Нов Зеланд стана вирален хит на Интернет поради уникатниот мебел кој го прави.rnrn
rnrnНеговата ќерка ги споделила креациите на Хенк на Фејсбук.rnrn
rnrnЛуѓето биле позитивно изненадени и восхитени. Очигледно, Хенк применувал еден поинаков начин на изработка на мебел.rnrn
rnrnШкафовите што тој занаетчиски ги изработува изгледаат како оштетени па поправени, но сепак тие се целосно функционални!rnrn
rnrnОткако привлекол огромно внимание, неговата ќерка Линда решила да креира Фејсбук страница наменета за промовирање на необичниот мебел што тој го прави.rnrn
rnrnНа прашањето за неговиот стил на работа, Хенк изјавил дека го опишува неговиот стил на мебел како „расипан и чуден“. Тој дополнил дека му се допаѓа изработката на необичен мебел бидејќи е нешто што не би го сретнале во продавница.rnrn
rnrnИ додека некој би помислил дека тој е инспириран од бајките, тој тврди дека сите негови креации потекнуваат исклучиво од неговиот „креативен ум“.rnrn
rnrnКако што можете и да претпоставите според нивниот изглед, овие шкафови не се едноставни за изработка. Како и да е, Хенк е „господар“ на овој занает.rnrn
rnrnТој вели дека е тешко да одговори колку време му одзема изработката на едно парче мебел. Но, обично се работи за околу 80-100 часа за време на викендите.rnrn
rnrnПонекогаш некои деталите или агли од мебелот биле нефункционални, па морал да интервенира. Најмногу употребувал рециклиран бор од Нов Зеланд.rnrn
rnrnПред да се пензионира, Хенк бил производител на мебел и вели дека работи со дрво веќе 53 години, но по пензионирањето тоа е само негово хоби.rnrnИ покрај тоа што многу луѓе се заинтересирани за купување на овие волшебни шкафови, Хенк вели дека, за сега, тие не се за продажба.rnrnВели дека почнал да ги создава од искрена љубов, без намера да ги продава. Но, кога ќе нема доволно простор за чување, ќе има аукции на „eBay“.rnrn
rnrnЗасега, шкафовите го красат домот на Хенк.rnrnЛинда и нејзиниот татко не очекувале голем интерес, но јасно е дека неговиот мебел вреди за сите пофалби. Тој е изненаден од интересот за неговите изработки.rnrn
rnrnДа се надеваме дека Хенк ќе продолжи да нè изненадува со неговите несекојдневни парчиња мебел!rnrnМожеби сакате да ги прочитате и овие 18 интересни примери за урбан мебел што ќе ги посакате во вашиот град.
Tag: занимливости
-

Пензиониран изработувач на мебел стана вирален хит со „искршениот“ и невообичаен мебел кој го прави, а е сличен на тој во Дизни филмовите
-

Што вашиот однос кон парите говори за вас?
Парите лесно доаѓаат и си одат во животите на некои луѓе и тие не ни размислуваат за нив. Но, за други, тие може да бидат важно прашање, без разлика дали нивната грижа потекнува од прекумерното трошење или поради недоволната заработка. Во секој случај, начинот на кој управувате со парите, не ја рефлектира само вашата финансиска состојба. Тој може да открие и нешто за вашата личност. На пример, какви стравови имате.rn
Може да ве потсети за вашето минато
rn
rnrnНекои семејства може да си дозволат да купат сè што посакуваат нивните деца. Можеби сте виделе убав фустан во трговскиот центар кога сте биле мали и сте посакале да го имате, но вашите родители немале доволно пари за да ви го купат. Или навистина сакавте да научите да свирите пијано, но немало доволно пари за да посетувате часови.rnrnВаквите ситуации може да остават емотивни лузни и да направат да се чувствувате несигурно, затоа што веројатно сте виделе дека вашите врсници ги имаат сите тие нешта. Можеби сè уште ја гаите во себе таа несигурност. Веќе кога созреавте и станавте финансиски стабилни, можеби започнавте да купувате работи кои не сте можеле да ги имате во минатото, дури и кога тие не ви биле вистински потребни.rnОдносот кон парите може да го отслика вашиот став кон себеси
rn
rnrnАко чувствувате дека сте умешни во справувањето со финансиските проблеми, веројатно сте доверлива личност. Иако можеби се плашите да вложувате и да започнете деловни потфати или да се справите со одредени финансиски предизвици што се појавуваат на патот.rnrnСпротивно на тоа, ако се плашите дека ќе ги изгубите вашите пари и претпочитате да ги чувате во банка, тоа би можело да значи дека сè уште не сте сигурни во себе.rnМоже да ги открие вашите стравови
rn
rnrnСите ние понекогаш размислуваме за тоа како би се промениле нашите животи ако одеднаш ги изгубивме сите пари. Самиот обид да се замисли оваа ситуација може да ги открие нашите најголеми стравови. Можеби сакате вашите деца да одат на добар универзитет и сакате да ги поддржите, но се плашите за вашиот постојан прилив на пари.rnrnИли можеби отсекогаш сте сакале да ги направите вашите родители горди, но се плашите да не ги разочарате заради вашите финансиски проблеми. Парите откриваат што вистински ви значи во животот и што не сакате да загубите под кои било околности.rnНачинот на справување со парите може да ви биде насока за иднината
rn
rnrnНачинот на кој располагате со вашите пари може да ги открие вашите цели, но, исто така, го отсликува и вашето минато. Ако како дете сонувавте да одите во Дизниленд, а вашите родители не ви го овозможија тоа, можеби ќе започнете да размислувате дека никогаш нема да го добиете тоа што го сакате.rnrnНекој што добивал сè што посакувал како дете, можеби сега е поамбициозен човек. Во неговото детство, соништата секогаш се остварувале, па и сега е сигурен дека ќе може да постигне сè што сака.rnrnСпротивно на тоа, некој чии соништа ретко се остварувале може да порасне со ставот дека никогаш нема да биде успешен во областите за кои е заинтересиран, иако тоа можеби не е точно. Но, претходните финансиски ограничувања може да бидат пречка во остварувањето на неговиот сон.rnОдносот кон парите може да ви помогне да го разберете вашиот начин на размислување
rn
rnrnПарите можеби не се голем проблем во вашиот живот. Имате стабилна работа со добра плата и ги задоволувате сите ваши потреби. За некои, ова може да биде доволна причина за да се чувствуваат финансиски сигурно. Други, кои не се во слична ситуација или имаат финансиски проблеми, може да имаат различен став кон парите.rnrnАко постојано чувствувате дека немате доволно пари и имате премногу трошоци, можеби е до вашиот начин на размислување. Дури и ако немате вистинска причина за загриженост, можеби сте опседнати со секој мал трошок што го правите. Постојат луѓе за кои трошењето пари е фрустрација.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 10-те правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен живот. -

12 факти кои докажуваат дека животните може да бидат похумани од нас
Промени во расположението, зборување во сон, зголемување на тежината поради стрес – ова се само неколку од работите кои се доказ дека луѓето и животните се разликуваат премногу. Научниците докажале дека, луѓето не се толку уникатни и дека многу животни доживуваат емоции слични на човечките.rnrnСподелуваме 12 неверојатни факти кои докажуваат дека животните се слични на луѓето во некои ситуации.rn
1. Слоновите со години тагуваат по загубата на своите блиски
rn
rnrnСликите од бебето слон, кое само што ја изгубило својата мајка и тагува покрај нејзиното тело го потресоа целиот свет. Според наодите на истражувачите, слоновите можат да доживеат голем стрес при загуба на близок и може да го оплакуваат дури и по неколку месеци. Ако слоновите се приближат до местото на смртта на нивниот близок, тие може да застанат и да молчат и тоа може да трае неколку минути.rn2. Шимпанзата чувствуваат емпатија, по претпоставка на истражувачите
rn
rnrnСтудиите покажале дека шимпанзата покажуваат емпатија. Тие може да ги споделуваат и разбираат емоциите на другите, но исто како и кај луѓето, нивото на сочувство кај секој поединец може да биде различно. Според истражувањето објавено во списанието „Nature Communications“, по некој судир, шимпанзата можат импулсивно да дојдат и да ги смируваат вознемирените учесници во конфликтната ситуација.rn3. Глувците можат да имаат десетици изрази на лицето
rn
rnrnГлувците ги искажуваат своите емоции на сличен начин како луѓето – според научниците од Универзитетот „МекГил“, глувците кои чувствуваат болка имаат неколку изрази на лицето. Исто така, очигледно глувците можат визуелно да ја искажат својата болка и да ги препознаат меѓусебните емоции.rn4. Очигледно, делфините можат да зборуваат во сон
rn
rnrnНеколку делфини од францускиот аква-парк „Planète Sauvage “ биле снимени како имитираат звуци на кит додека спијат. Според француските истражувачи, делфините можеле да слушаат звуци од кит само во текот на дневните шоуа, така што тие ги „снимале“ овие звуци и ги репродуцирале во текот на ноќта, како нивна верзија на зборувањето во сон.rn5. Гулабите може да се однесуваат нерационално, исто како и луѓето
rn
rnrnСе претпоставува дека гулабите сакаат да ризикуваат, па понекогаш се одлучуваат и за поризични ситуации, според студијата спроведена на Универзитетот во Кентаки. Овие птици понекогаш се одлучуваат за потешка задача при борбата за храна, наместо да се одлучат за полесната задача со иста награда, што е слично на однесувањето на луѓето – според истражувачите.rn6. Мачките, исто така, може да ја зголемат својата тежина кога се депресивни
rn
rnrnЕдна од причините поради кои мачките добиваат во тежина може да бидат случаите кога доживуваат стрес, вознемиреност и некаква незгода, односно драстичната промена на тежината може да биде поврзана со емоционалната состојба на животното. Истото се случува и кај луѓето. Како и да е, ако вашата мачка ја зголеми тежината, најдобро е да посетите ветеринар и да ја проверите нејзината здравствена состојба.rnrnПродолжете да ги читате овие интересни информации и на следната страница…rnrn -

9 работи што ги правиме секој ден, без да сфатиме колку се опасни
Луѓето имаат посебно чувство кое им помага да предвидат кога се во опасност. Како и да е, тие не можат да ги предвидат сите ситуации, особено оние секојдневните за кои веруваат дека се безопасни, како на пример користењето на мобилниот телефон.rnrnСподелуваме со вас 9 нешта кои ги правиме секојдневно, а кои може да бидат опасни.rn
1. Пиењето од пластично шише
rn
rnrnМикропластиката може да биде составна компонента на голем број пластични шишиња, но, овој вид пластика е закана по здравјето на човекот. Компонентите кои се наоѓаат во пластичните шишиња може да влијаат на плодноста, да ги зголемат телесните маснотии, да имаат негативно влијание врз нервниот и имунолошкиот систем, да влијаат врз развојот на гениталиите кај машките деца, да ја поттикнат детската дебелина и да ги зголемат шансите за развој на кардиоваскуларни заболувања. Пластичните шишиња се многу штетни, особено за децата.rn2. Користење на облеката по нејзиното хемиско чистење
rn
rnrnВаквиот вид на третирање на облеката е хемиски процес. При хемиското чистење се користат многу опасни хемикалии, а некои од нив остануваат на ткаенината. При вдишување на овие хемикалии, постои шанса да добиете иритација на респираторните органи и очите, главоболки, вртоглавица и проблеми со видот.rn3. Се воздржувате од кивање
rn
rnrnНикогаш не треба да се обидувате да го спречите кивањето. Може да дојде до оштетување на слухот од воздухот кој преку кивањето доаѓа до ушите. Воздржувањето од кивање, исто така, може да предизвика стеснување, па дури и прскање на крвните садови во очите, носот и ушите.rn4. Користење парфеми кои се полни со хемикалии
rn
rnrnМногу парфеми се полни со токсични состојки што компаниите ги чуваат во тајност. Овие состојки потекнуваат од нафта и може да предизвикаат респираторни и хормонски проблеми, гадење и повраќање. Во најлош случај, луѓето може да настрадаат од труење со парфеми или развој на карцином.rn5. Притискање мозолчиња
rn
rnrnПритискањето на мозолчињата може да ја влоши нивната состојба, па дури да предизвика и лузни, па затоа не е баш корисно. Има област на лицето позната како „триаголник на смртта“ што има директна врска со мозокот и ако предизвикате инфекција на тоа место, обидувајќи се да ги пукнете мозолчињата, тоа може лесно да стигне до нервниот систем и да предизвика компликации со видот, парализа, менингитис и во најлош случај, смрт. Ако некогаш имате потреба да притиснете некое мозолче, пренасочете го вашето внимание на нешто друго и потребата ќе исчезне.rn6. Користење на козметика со синтетички компоненти
rn
rnrnВажно е да знаете дали шминката која ја користите содржи вештачки компоненти кои може да бидат многу штетни за вас. Овие компоненти можат да се акумулираат во вашето тело и да предизвикаат иритација на кожата, па дури и карцином.rn7. Не ја менувате перницата
rn
rnrnСекоја вечер додека спиете, перницата ги апсорбира мртвите клетки од вашата кожа и коса. Со тоа, во неа може да се развијат прашински грини, кои може да предизвикаат навистина лоши алергии.rn8. Отстранување на влакната од носот
rn
rnrnОтстранувањето на влакната од носот може да предизвика иритација и воспаление на кожата. Ако ги отстраните влакната, ќе го направите и вашиот имунолошки систем послаб, а тоа може да доведе до менингитис и други инфекции на мозокот.rn9. Се храните со претходно спакувани оброци
rn
rnrnПретходно спакуваната храна има многу помала хранлива вредност од свежата храна. Голем дел од овие производи се канцерогени, бидејќи се готват на високи температури. Овие оброци, исто така, често содржат супстанции што може да го зголемат ризикот од дијабетес.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 10-те „бабини деветини“ кои веруваме дека помагаат. -

Како да ги препознаете луѓето со црна аура: Најтоксичните луѓе на Земјата!
Секоја аура може да биде затемнета од некоја сенка и може да ја промени нијансата од посветла во потемна. Колку е потемна бојата, толку аурата е во полоша состојба.rnrn
rnrnАурата не одредува кои сме, туку одговара на прашањето „какви сме?“, или „колку сме духовно развиени?“.rnrnСекој има своја аура со одредена нијанса и како што се развива, така се развива и неговата аура. Секоја промена во нашата свест, енергијата, емоциите, дејствата и воопшто, животот, има влијание врз нашата аура.rnНо, кои се луѓето што имаат мрачна, црна аура?
rnЦрната аура е често погрешно сфатена како нешто сосема негативно што треба да нè плаши, но нема причина да се плашиме. Црната аура е различна од другите аури, но со себе носи и одредени придобивки.rnrnНе можеме да негираме дека црната аура има негативни карактеристики. Луѓето со црна аура се „енергетски вампири“ затоа што цицаат енергија од различни извори, наместо да ја шират и чувствуваат својата енергија. Ваквата нерамнотежа на енергијата носи лоши последици за нив и за нивното опкружување.rnrnСо секојдневното соочување со стресни ситуации, лоши вести и негативна енергија, нашата аура станува валкана и потемнува ако не ја рефлектираме и негуваме.rn
Како настанува темната аура?
rnЦрната аура најчесто настанува со непочитување на сопственото битие, самокритикување и понижување на самиот себе. Тогаш, негативноста започнува да ги опфаќа телото и душата и се создава црна аура.rn
Како да се ослободите од неа?
rnОслободувањето од темната аура не е лесно и не се случува преку ноќ. Потребно ви е духовно прочистување за да ја освежите аурата и да ја претворите во светла, позитивна енергија. Сепак е можно да ја претворите темната аура во убава светла аура, ако дадете сè од себе и ја просветлите вашата душа и енергија.rnrnНајдобар начин да го направите тоа е преку медитација или молитва. Ова се моментите кога имаме можност да ја почувствуваме и сфатиме нашата душа. Треба само да се разбереме и прифатиме себеси и нашето битие и полека да почнеме да се сакаме искрено.rnrnМожеби сакате да дознаете и како да ја зајакнете вашата аура и да се заштитите од негативната енергија?
-

Зошто пријателствата кои траат подолго од 10 години се посебни?
Ако сте пријатели со некого подолго од 10 години, тогаш треба да се радувате затоа што вашето пријателство било ставено на „тест на времето“ и „положило“. Можеби имате многу пријатели, но не секој е толку посебен како личноста која ви е во мислите додека го читате ова. Добра работа во врска со пријателствата е што тие стареат како виното – колку се постари, толку се подобри!rnrn
rnrnДоколку имате 10-годишно пријателство, веројатно ќе се пронајдете во следниве аргументи.rn1. Пријателот/пријателката ве познава такви какви што сте
rn
rnrnАко сте пријатели со некого повеќе од 10 години, тој навистина добро ве познава. Всушност, ве познава толку добро што понекогаш сте изненадени од тоа колку добро може да ве „прочита“. Не можете да скриете ништо од него, па и без да размените ниту еден збор, вие се разбирате.rn2. Далечината не го загрозува пријателството
rn
rnrnБи било убаво да останете близу до пријателот и да ги гледате во кое било време, но понекогаш животот има поразличен план и ќе ве одведе далеку еден од друг. Добрата страна кај цврстоизграденото пријателство е тоа што далечината нема да ја намали неговата вредност. Да се има пријателство постаро од 10 години има свои предности, а една од нив е дека секогаш можете да сметате на својот пријател, дури и ако не сте се виделе долго време. И, кога ќе се видете, вашата средба е исполнета со долги, цврсти прегратки.rn3. Секогаш можете да се потпрете еден на друг, дури и ако се случи да не поразговарате неколку недели
rn
rnrnДобрата работа во врска со долгогодишните пријателства е што знаете дека понекогаш може да бидете премногу зафатени, па да немате време ниту за телефонски разговор. Вашиот пријател нема да се налути поради тоа, а понекогаш може да поминат и неколку недели, пред повторно да се видите. И кога конечно ќе се сретнете, ќе биде како ништо да не се сменило и ќе се чувствувате исполнето кога ќе се разделите.rn4. Вие ги знаете најдлабоките тајни еден за друг
rn
rnrnПостои причина зошто вашето пријателство го положило „тестот на времето“, тоа е затоа што одлично комуницирате и се разбирате. Кога некој долго време е ваш пријател, заслужува отворено да разговорате и да ги споделете вашите тајни еден со друг. Вашиот пријател знае за вас повеќе отколку повеќето други.rn5. Тој/Таа ги знае и вашите „неславни“ приказни
rn
rnrn10 години е долг временски период. И за тоа време, веројатно сте биле сведок на некои навистина „неславни“ моменти. Но, за жал, пријателите никогаш не дозволуваат да ги заборавите оние срамни приказни – дури и ако се случиле многу одамна! Вашиот пријател секогаш ќе биде овде за да ве потсети на онаа „глупава“ работа што сте ја направиле, без разлика дали тоа ќе ви се допадне или не…rn6. Имате милион луди приказни за вашите минати авантури
rn
rnrnЗад вас е времето кога сте имале авантури и секогаш ќе ги обновувате тие прекрасни спомени. Можеби сега водите различни животи, но секогаш ќе се сеќавате на „добрите времиња“ кога сте лудувале, а понекогаш и сте правеле и „глупави“ работи заедно. И двајцата знаете дека тоа се спомени што ќе траат вечно.rn7. Бевте заедно во сите значајни моменти
rn
rnrnДипломирање, унапредување на работа, стапување во брак и прославување роденден – сте биле еден покрај друг во сите големи моменти во животот. Дури и ако сте биле многу зафатени, не постоела шанса да не присуствувате на значајниот момент на вашиот најдобар пријател. Без оглед на сè, секогаш имате време да се соберете за да ги прославите работите што ви се важни.rn8. Вашиот пријател ја видел „најдобрата“ и „најлошата“ верзија од вас
rn
rnrnВашиот пријател ја знае вистинската верзија од вас. Некои луѓе можеби ве познаваат површно, но вашиот пријател ве видел во вашето најлошо, нефилтрирано издание. Тој бил со вас во тешките моменти, а бил со вас и кога сте „биле во елемент“. И затоа вашето пријателство е посебно, затоа што знаете дека е вистинско.rn9. Тој/Таа ќе биде цел живот покрај вас
rn
rnrnСега веќе најверојатно нема да се оддалечите и пред вас е долг пат! Тој бил тука за вас кога ви „горело под нозете“, но заедно сте пребродиле сè, па токму затоа вашето пријателство ќе трае уште многу долго.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто нашите најдобри пријатели се најчесто оние кои ги среќаваме додека студираме?rn -

Откријте како правилно да ги прочитате налепниците на овошјето или зеленчукот
Обично на бананите, но често и на другите овошки и зеленчуци, налепниците на кората се нешто што повеќето луѓе дури и не го забележуваат и инстинктивно го одлепуваат пред јадење. Дури и ако ги забележите, ретко кој знае што значи напишаното на нив.rnrn
rnrnНо, тие не се таму случајно, објаснуваат познавачите на трговијата со овошје и зеленчук. Покрај името на производителот, декларацијата треба да содржи и број што открива важни информации за начинот на одгледување на овошјето. Декларациите се главно за овошјето увезено од странство, а ова е значењето на броевите напишани на налепниците:rnНалепница со 4 броеви
rnЗа овошјето кое има декларација со 4 броеви кои почнуваат со бројот 3 или 4, значи дека тоа било одгледувано со вештачки ѓубрива, односно според земјоделските прописи што се на сила последните 50 години. На пример, ваквите лимони се нумерираат 4033, додека бананите го носат бројот 4011.rn
Налепница со 5 броеви
rnАко овошјето нема 4 броја, туку 5 – од кои прв е бројот 9, тоа укажува дека овошјето е органско. Ваквата декларација е гаранција за одгледување без ѓубрива и пестициди. На пример, органски одгледуваните банани го носат бројот 94011.rn
Ако првата бројка на декларацијата е 8
rnОва е можеби најспорната декларација и укажува на тоа дека се работи за плодови кои се генетски модифицирани и шифрата им е со 5 броја, од кои првиот секогаш е бројот 8. На пример, ваквите банани го носат бројот 84011.rn
Што гарантира „еко“ декларацијата?
rnСо цел овошјето и зеленчукот да бидат означени како „еко“, треба да бидат исполнети и условите во врска со складирање и транспорт на плодовите. Така, за разлика од конвенционалното овошје и зеленчук, овие плодови не смеат да се прскаат со хемикалии, да се озрачуваат или да се подложува на какви било процеси што вештачки го продолжуваат рокот на траење на производите.rn
Разликата помеѓу „природните“ и „еко“ производите
rnПостои разлика помеѓу органските и природните производи. Сепак, многу луѓе не знаат дека тие се природни ако не се третирани со хемикалии или ако се само минимално третирани. За разлика од органските, тие не се сертифицирани и нивното производство не се контролира систематски, а нема информации ниту за употребата на конзерванси за одржување на производите.rnrnМожеби сакате да дознаете и податоците од едно истражување кое вели дека нема доволно овошје и зеленчук за сите да се хранат здраво.
-

Откријте ги уникатните карактери на птиците преку овие 20 фотографии
Исто како што сите ние сме различни, така и птиците и животните се различни. Сите тие имаат свои навики, карактеристики и таленти. Со внимателно разгледување, можеме да сфатиме дека не само што секој вид има свои разлики, туку и секоја птица поединечно се разликува од друга. Некои се храбри, а некои срамежливи, некои се сонливи, а некои се немирни и весели.rnrnАко внимателно ги разгледаме, можеме да забележиме многу повеќе од само површен впечаток. Постојат танчари, љубовници, спанковци, борци, спортисти и несмасни „летечки“ другарчиња.rnrnПогледнете ги овие прекрасни фотографии од птици, дело на фотографката Хана Асил.rn
1. Панк-рокерот
rn
rn2. Акробатот
rn
rn3. Сериозниот
rn
rn4. Супер-моделот
rn
rn5. Грижливата
rn
rn6. Шеќерче
rn
rn7. Џентлменот
rn
rn8. Ѕвездата Деница
rn
rn9. Трапавко
rn
rn10. Карпата
rn
rnrnПродолжете да ги гледате овие прекрасни птици и на следната страница…rnrn -

50-те работи што ги пропуштате додека постојано гледате во вашиот мобилен телефон
Секое просечно дете неделно поминува по 44 часа пред екранот, според истражувањата. Тоа се речиси цели 2 дена. Со тоа е изложено на многу опасности, но вистинската трагедија е во тоа што пропушта многу драгоцени моменти од животот во меѓувреме.rnrn
rnrnЕве што сè пропуштате вие и вашите деца додека гледате во вашите телефони:rnrn1. Заодите на сонцетоrnrn2. Полната месечинаrnrn3. „Супер месечината“rnrn4. Ударот од громrnrn5. Повторениот удар од громrnrn6. Автомобилите кои поминуваатrnrn7. Крајот на подвижниот ескалаторrnrn8. Коњот во минувањеrnrn9. Првите кокичиња годинаваrnrn10. Луѓето се лизгаат и паѓаат на мразотrnrn11. Точниот момент кога фризерот ви ја погреши фризуратаrnrn12. Сончевиот отсјај во рекатаrnrn13. Пајаковата мрежаrnrn14. Банкнота од 200 денариrnrn15. Луѓето со телефони во рацете кои се судираат со бандеритеrnrn16. Бандеритеrnrn17. Соседот што готви гол во зградата преку улицаrnrn18. Заплетот на која било ТВ серија без синхронизацијаrnrn19. Расцутените дрвјаrnrn20. Гулабитеrnrn21. Верверицата што собира хранаrnrn22. Кучето и чавката што се „борат“ за фрлената плескавицаrnrn23. Совршено исправниот велосипед фрлен во рекатаrnrn24. Огнометотrnrn25. Снеготrnrn
rnrn26. Погледнувањето во огледалоrnrn27. Момчето кое дели бесплатно кафеrnrn28. Стариот познаникrnrn29. Состојбата на вашите ноктиrnrn30. Десетици деца кои одат на маскенбалrnrn31. Новите графитиrnrn32. Тезгитеrnrn33. Столот што „полета“ од терасата од едно кафуле во три часот попладнеrnrn34. Некој кој ви се насмевнуваrnrn35. Необичниот крај на филмот кој можеби ќе го изгледавтеrnrn36. Нештата што човекот пред вас ги гледа во неговиот телефонrnrn37. Секоја постара или бремена жена на која можеби ѝ треба вашето местоrnrn38. Осудувачките погледи на другите луѓе кои корисници на јавниот превозrnrn39. Станицата што ја пропуштивтеrnrn40. Ручекотrnrn41. Суштинските упатства на инструкторот по нуркањеrnrn42. Ронките на сосетката која го тресе чаршафотrnrn43. Возовитеrnrn44. Молбите за помошrnrn45. Нешто интересно за на ’Инстаграм’rnrn46. Колку глупаво изгледаат другите членови од вашето семејството додека „зјапаат“ во нивните телефониrnrn47. Некоја добра книгаrnrn48. Пријателитеrnrn49. Храната во чинијаrnrn50.Сонот.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто родителите треба да поминуваат помалку време на нивните паметни телефони? -

Немојте вашите мачки или кучиња да ги нарекувате „миленичиња“, тоа е навредливо
Според Здруженијата за етичко постапување со животните, нарекувањето на животното за кое се грижите „милениче“ е навредливо. Според студијата објавена во Списанието за етика кон животните („Journal of Animal Ethics“), користењето на одредени зборови може да влијаат на начинот на кој тие се третираат.rnrnЗатоа тие предлагаат начини на кои треба да ги нарекувате вашите „крзнени пријатели“.rn
Зборот „милениче“ е навредлив
rn
rnrnАктивистите за правата на животните велат дека не се користи зборот „миленичиња“ кога тој се однесува на животните за кои се грижите. Според нив, тоа е навредливо и звучи како вие да го поседувате животното. Сфаќањето дека вашите животински пријатели не се живи суштества, влијае на третманот на овие животни, па дури и на нивното однесување.rnВаквиот термин значи дека животното е ваша сопственост
rn
rnrnАктивистите веруваат дека користењето на терминот „милениче“ асоцира на нежив предмет, па дури и на животно што е за еднократна употреба. Сепак, многу луѓе мислат дека животното е предмет и играчка. Во декември, на пример, многу луѓе добиваат кученца и мачиња како подарок, а во јануари вдомувачките центри за животни се преполни со овие отфрлени животни.rnТерминот го потценува животното и го идентификува како нежив предмет
rn
rnrnСите знаеме дека животните можат да мислат и чувствуваат, така што називот „миленичиња“ го намалува нивниот широк спектар на емоции, чувства и ментални способности и ги сведува на мали меки предмети што се чуваат и се користат на начин каков што „сопственикот“ посакува, објаснуваат престставници од оранизациите за заштита на животните.rn„Придружник“ или „чувар на човекот“ е поинкузивен термин
rn
rnrnДомашните животни како мачките и кучињата ја разбираат вашата интонација, ги читаат вашите емоции и воопшто, ве разбираат кога разговарате со нив. Затоа, прилагодувањето на начинот на кој ги повикувате „вашите крзнени пријатели“ може да биде добра идеја.rnrn
rnrnНа пример, кога животното го нарекувате „придружник“, па дури и го нарекувате со „тoj/таа“ наместо со „тоа“, вие го ставате животното на исто ниво како човекот. Ова ја зголемува важноста на животот на животното и во иднина, може да ги спречи случаите на напуштање. Исто така, тоа е добро и за едукација на децата, па и тие ќе разберат дека нивниот пријател има душа и чувствува, исто како и човекот.rnrnМожеби сакате да дознаете и зошто вашето куче ја навалува главата додека му зборувате? Пристигна одговорот и на ова прашање.