Сè уште многу работи не се познати во врска со ширењето на корона вирусот, но еве што треба да знаете за вашите пратки.rnrn
rn
Проверка на поштата
rnСекој од нас секојдневно го проверува поштенското сандаче. Сметките за струја, вода и телефон може да ви стигнуваат и електронски. Сепак, добивате и друг вид на пошта, но дали и колку се чисти пакетите и пликовите воопшто?rn
Колку е чиста вашата пратка?
rnВооружени сте со средства за дезинфекција на рацете, влажни марамчиња, сапун и топла вода, но сепак треба многу време и напор да се исчисти и дезинфицира сè што е во ваша близина. Центрите за контрола и превенција на болести даваат многу информации и совети, вклучувајќи го и упатството за тоа кога и како да се мијат рацете. Поради тоа што сè уште има многу непознати варијабли во врска со коронавирусот, именуван COVID – 19, овие центри сепак можат да ги користат претходните вируси како референца и водич.rnrnСпоред информациите кои се дадени, изгледа дека веројатноста вирусот да се шири преку пакетите испратени по пошта е многу мала. Во принцип, поради краткото време на преживување на вирусот на површините, постои многу низок ризик од негово ширење преку производи или пакети кои се испорачуваат во период од неколку денови или недели на дневна температура. Сепак, најдобро е да ги миете рацете веднаш откако ќе примите пратка.rnrnДоколку сте загрижени за COVID – 19, немојте, вашата пратка најверојатно нема да е опасна во моментот кога ќе стигне до вашиот праг. Корона вирусот генерално се смета дека се шири преку респираторните капки. Во моментов, нема информација дека пренесувањето на вирусот е поврзано со увезена стока и не се регистрирани случаи на COVID – 19 поврзани со добиена пратка.rnrnДодека „мотото“ на поштенските доставувачи е „И да врне и да вее поштар пошта носи“, ова можеби не се однесува на овој лесно пренослив вирус. Работниците кои ја извршуваат доставата можат да добијат коронавирус. Но, дали вирусот може да се пренесе од поштенскиот работник до вашиот пакет, а потоа и до вас? Според д-р Даршан Шах доколку доставувачите го имаат вирусот и пренесе капки на пакетот, теоретски е можно да се добие вирусот бидејќи тој може да живее на површини и до 9 дена.rn
Чистење на вашето поштенско сандаче
rnВашето сандаче за електронска пошта не е единственото сандаче што треба да се исчисти. Вашето физичко сандаче исто така треба да се исчисти. Се препорачува мешање на неколку капки средство за миење садови со топла вода и чистење на поштенското сандаче и од внатрешната и од надоворешната страна за да се отстрани нечистотијата. Откако ќе се исчисти, дезинфицирајте ја површината со соодветен спреј за дезинфекција.rnrnМожеби сакате да до дознаете и овој одличен трик за дезинфекција на вашиот душек.


rnrnВо септември 2019 година, тој бил примен во ветеринарна клиника во Вулверхемптон, каде работи неговата сегашна сопственичка, 29- годишната Емили Томлинсон. Претпоставувале дека тој имал само 3 или 4 недели кога неговите претходни сопственици го напуштиле и Емили верувала дека тоа било поради неговите сиви очи од билатералниот едем на рожницата кој го имал, иако тоа не влијаело на неговиот вид.rnrn
rnrnЕмили работела во ветеринарната практика. Тој бил предаден на испитувања откако бил пронајден во паркот. Емили го негувала 1 недела, потоа, откако никој не го побарал, таа го вдомила. Тој веќе имал билатерален едем на рожницата, поради тоа и неговите очи биле сиви, но тоа не влијаело на неговиот секојдневен живот и не го праврло поразличен. Ова се случило во почеток на месец септември 2019 година и ветеринарите претпоставувале дека е на возраст од 3 до 4 недели, според изјавите на Емили.rnrn
rnrnСè беше добро додека еден ден мачето неочекувано колабрирало. Емили директно го однела мачето во ветеринарната станица за итни случаи во вечерните часови. Веднаш го прифатиле и му направиле ултразвук, X-зрачење, проверка на крв и му дале терапија со интравенска инфузија. Крвната слика покажала дека нивото на калциум е ниско. Ја испитале неговата крв повторно затоа што се посомневале дека можеби настанала грешка, но резултатот бил ист. Првично не бил испитуван хипопаратироидизам, бидејќи било малку веројатно да се дијагностицира кај маче. Сепак, го направиле и тоа испитување заедно со неговите други испитувања и било потврдено дека тој има хипопаратироидизам, за што доживотно ќе му недостига калциум и витамин Д.rnrn
rnrnЕмили се обидувала да биде позитивна во врска со неговата состојба иако знаела дека тоа сигурно ќе влијае на неговиот живот понатаму. Редовно му дава дополнително витамин Д и калциум, кои тој ги внесува со мала количина на храна повеќе пати во денот, за да може да води нормален живот. Според неа, тој е релативно нормално маче. Имало денови кога бил тивок и не бил многу разигран, но тоа било поради хипопаратироидизмот, чии симптоми покрај другото биле и летаргија и намалена осетливост. Дома, тој бил прилично среќен и правел сè што сака. Кога му недостигало внимание, тој самиот и се приближувал на Емили.rnrn
rnrnТој сака прегратки, спие до неа и постојано ја допира на лицето. Тој е многу мило маче, како што забележуваме од фотографиите.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоа како 
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnАјнштајн и Милева имале едно дете пред бракот, девојче за кое се мисли дека или починало како бебе или било дадено на посвојување. Во бракот со Милева, тие добиваат два сина, од кои на едниот од нив (Едвард), му била дијагностицирана шизофренија. Според некои написи, Ајнштајн бил благодарен за песните и цртежите кои му ги испраќал неговиот болен син, наведувајќи дека Едвард е „неговата слика и прилика која ја нападнала неизлечлива ментална болест“.rnrnНегувал голема љубов кон виолината, без која не одел никаде, сакал да плови и пуши. За него се вели дека бил компулсивен пушач, и често бил фотографиран со своето луле. Тој во еден момент изјавил дека оваа ужасна навика му помогнала во работата, велејќи дека пушењето луле придонесува за смиреност и објективно расудување.rnrnПокрај споменатото луле, Ајнштајн бил препознатлив и по бушавата коса, мустаќите и широките панталони, а неговите брчки го инспирирале дизајнерот на ликот на учителот Јода од филмот „Војна на ѕвездите“. Но, она што го прави неговиот изглед комплетен бил фактот дека тој никогаш не носел чорапи. Никогаш. И на тоа бил особено горд. Научникот не го правел ова само поради ексцентрични причини, туку сфатил дека неговиот палец на ногата постојано му прави дупки во чорапите, па поедноставно му било да престане да ги носи.rnrn
rnrnВо април 1955 година, Ајнштајн бил примен во болница поради болка во градите. Тој починал следниот ден затоа што, наводно, одбил операција која би можела да му го спаси животот. И додека светот ја оплакувал смртта на тогашниот 76-годишен научник, во болницата се случувале зли и вознемирувачки работи. Била извршена обдукција на телото на научникот, од страна на д-р Томас Столк Харви кој немал дозвола да го стори тоа. Тој му ги извадил мозокот и очите на Ајнштајн, а остатокот од телото било предадено за кремирање. Ова било направено спротивно од последната желба на добитникот на Нобеловата награда, кој експлицитно барал неговото тело да биде кремирано додека неговиот мозок е сè уште во черепот. Лекарот, наводно, ретроактивно побарал, но и добил дозвола од синот на Ајнштајн, Ханс, да спроведе студија на мозокот на големиот Ајнштајн. Д-р Харви го чувал мозокот на научникот во својата канцеларија без никаков знак дека ќе ја започне студијата, па затоа бил отпуштен од болницата. Кога го напуштал работното место, лекарот со себе носел тегла со мозокот кој го исекол на 200 парчиња. Понекогаш, научниците контактирале со него за да им испрати дел од мозокот на Ајнштајн, за да го спроведат истражувањето што тој го вети, но никогаш не го спроведе. Приказната за мозокот на Ајнштајн, постхумано, е исто толку неверојатна колку и приказната за тоа колку бил паметен додека бил жив.rnrnШто се однесува до неговите очи, тие му припаднале на неговиот офталмолог Хенри Абрамс. Абрамс и Ајнштајн биле одлични пријатели од моментот кога научникот станал негов пациент, и заедно учествувале во разни политички и активистички настани. Иако постоеле гласини дека очите ќе бидат ставени на аукција, Абрамс сè до неговата смрт негирал дека ќе ги продаде очите на некој кого го сметал за голем идол.rnrnАбрамс починал во 2009 година, и се шпекулира дека некаде во Њујорк, заклучени во сеф и понатаму се наоѓаат очите на Алберт Ајнштајн.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 

rnrn rnrn
rnrn rnrn
rnrnМожеби сакате да прочитате и неколку 
rnrnОвој симбол означува дека сте биле тестирани на неколку нивоа во повеќе области од животот.rnrnИмате можност да ги подобрите вибрациите, да ја прочистите негативната карма, да создадете добра карма и да се усогласите со некои убави можности. Сето тоа се сведува на вашата реакција додека поминувате низ животните тестови.rnrnАко можете да го задржите овој симбол во умот како потсетник дека сите предизвици откриваат светлина на другата страна, ќе се усогласите со благословите што ве чекаат на другата страна на тестовите.rn
rnrnОвој симбол е повеќе како потврда дека е време да започнете да верувате дека ве чуваат духовни суштества. Можеби за тоа ќе ви биде потребно време.rnrnОна што е најважно во овој момент е да бидете искрени со себе и да направите нешто поврзано со областа што е во застој во вашиот живот и да признаете дека работите што се случувале имале своја цел.rnrnПромената е неизбежна и удобно е кога иницирате промени. Не мора секогаш да чекате некој или нешто да ги иницира промените наместо вас.rn
rnrnОвој симбол вели дека е од клучно значење да се ослободите од старите начини на размислување кои ве ограничуваат и ве оддалечуваат од свежите, новите и возбудливите искуства што ве чекаат. Многумина од нас се робови на навиките и понекогаш е тешко за нас да ги направиме потребните промени во нашите сфаќања.rnrnМинатите разочарувачки искуства честопати ја ограничуваат нашата подготвеност да бидеме отворени за поинаква перспектива, како и за мисловните процеси што доаѓаат со тоа.rnrnАко во овој момент сте отворени за проширување на вашите верувања, сигурно ќе бидете пријатно изненадени!rn
rnrnПрстенот во овој случај нè потсетува дека сите односи бараат рамнотежа, отворена комуникација и почитување на чувствата што ги има другата личност.rnrnВо овој момент, духот ве поттикнува да размислите кој однос во вашиот живот не е во рамнотежа, а ова ги вклучува сите релации со: семејството, пријателите, соработниците, партнерот, како и врската што ја имате со своето внатрешно јас.rnrnОткако ќе размислите за вашите односи со другите, започнете да ги правите потребните промени за кои знаете дека ќе ги подобрат релациите што не се во рамнотежа.rn
rnrnОвој симбол вели дека е време да соберете храброст и да се справите со ситуацијата која многу ве плаши. Стравовите може да ве парализираат и секако немаат продуктивен ефект врз вашето време, енергија и емоции.rnrnСтравот може да има врска со вашата подготвеност за љубов, со вашата работа од соништата или со секоја ситуација што ве парализира емоционално, психички или физички. Погледнете му на тој страв во очи, кажете му да се повлече, а потоа погрижете се за вашите работи.rnrnСилата и храброста што ги прифаќате се љубезна, моќна и рационална сила. Може да поместите планини со вашата храброст.rn
rnrnВелосипедот е потсетник дека вие сте единствениот кој управува со вашите реакции и емоции.rnrnМоже да дозволите влијанијата однадвор да ги притискаат копчињата или можете да ги филтрирате работите преку предизвикувачки ситуации и да одлучите кој е вашиот следен чекор.rnrnОвој симбол е потсетник дека проактивноста е најдобриот начин да дојдете до својата судбина. Движете се напред, пред вас е неверојатен живот.rnrnМожеби сакате да 
rnrnСопствениците на Коко решиле да го документираат нејзиниот начин на забава. Тие креирале нејзин профил на
rnrnСопствениците имале малтезер скоро 13 години пред Коко, но тој починал. Тие биле многу тажни и затоа решиле преку Интернет да побараат друга женка од оваа раса, па ја запознале Коко. Таа била земена од локален одгледувач во Аризона, според изјавите на згрижувачката на Коко, Кејти Лошнер.rnrn
rnrn7 месеци откако Коко станала дел од семејството, тие решиле да земат уште еден малтезер за нивното кученце да има пријател. И така ја добиле Кики. Коко всушност била тетка на Кики.rnrn
rnrnКоко е супер слатка, љубезна и нежна, вели сопственичката. Таа додава дека кученцето на моменти се однесува како човек и не обожава да си игра со своите играчки, туку преферира да седи до нејзините сопственици и тие да ја галат по стомакот.rnrn
rnrnКоко многу лесно ја усвоила обуката за стекнување навики. За само една недела откако почнале да ја тренираат, таа веќе одговарала на наредбата „седи“, а следната недела и на наредбата „долу“. Потоа почнала и да се превртува, па дури и да се поздравува со шепата! Ќерката на Кејт, Џеси, изјавила дека таа управува со профилите на Коко на социјалните мрежи. Другото кученце не им било толку паметно, знаеле дека Коко е посебна! Коко подоцна научила и да седи правилно како што можете да видите на фотографиите подолу. Тие ја учеле да седи, и потоа сама да се исправи, но нејзе и било возбудливо да ги става шепите во воздух и постојано го правела тоа.rnrn
rnrnПредизвикот „шепите горе“, започнал како наредба за „седи правилно“. Џеси ја научила да го користи задниот дел од каучот за потпора за да може да ја држи главата горе. Со текот на времето, Коко самата застанувала и ги кревала шепите горе, и сега таа тоа го правела цело време без никаква помош. Сопствениците не можеле да ја спречат да го прави тоа и не можеле да престанат да и се радуваат. Таа свесно го привлекувала нивното внимание на тој начин. Таа била навистина паметна и ова го правела секогаш за време на ручекот, за да го поделат со неа!rnrn
rnrnСпоред Џеси, Коко обожава храна и била подготвена да научи сè за да добие вкусна закуска. Таа верува дека во неа постојат „човечки особини“, бидејќи разбирала сè што ѝ зборуваат, дури и кога барале да погледне во камерата, таа директно гледала во неа.rnrn
rnrnНа Кики не и се допаѓа камерата толку многу како на Коко, па таа не се појавува многу често на Инстаграм. Споствениците никогаш не ги присилувале кучињата да прават нешто што не сакаат. И двете „добри девојки“ се обучени кучиња за терапевтски услуги и се ангажирани во детска болница во Феникс. Сопствениците сакаат да измамат насмевки на лицата на луѓето кои ги следат кученцата и да шират радост преку нивните постови, но и додека кученцата работат во болницата.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnМожеби сакате да прочитате и како 