Иако црно чоколадо често се смета за поздраво од млечното, експертите велат дека разликата помеѓу двата вида е многу мала.rnrn
rnrnОсновната причина за добрата репутација на црното чоколадо е тоа што содржи повеќе полифеноли од млечното чоколадо. Овие соединенија се секундарни метаболити во растенијата и имаат антиинфламаторно дејство врз телото.rnrnНо, не мора да јадеме црно чоколадо за да ги внесеме овие состојки, според експертите. Преку урамнотежената исхрана и јадењето овошје и зеленчук ќе внесеме и доволно полифеноли.rnrnИ црното и млечното чоколадо се полни со калории. Во црното чоколадо тие се малку помалку и тоа содржи и помала количина шеќер, но често има повеќе маснотии во составот.rnrnШто се однесува до нашето здравје, навистина нема некоја голема разлика помеѓу црното и млечното чоколадо. Експертите уверуваат дека повремената и умерена консумација на чоколадо е добра и може да ни наштети само ако изедеме премногу голема количина или ако премногу често имаме навика да го јадеме.rnrnТие препорачуваат да го консумираме чоколадото во помали парчиња и да дозволиме тоа да ни се топи во устата.rnrnМожеби сакате да прочитате и дали кафето и чоколадото ја зголемуваат интелигенцијата? Што откриваат новите истражувања?
Tag: занимливости
-

Не е баш толку здраво: Зошто (сепак) мора да внимаваме кога јадеме црно чоколадо?
-

Зошто нашите најдобри пријатели се најчесто оние кои ги среќаваме додека студираме?
Постојат многу причини поради кои луѓето тврдат дека времето додека студирале е нивниот најубав период од животот. Секако дека постојат исклучоци, но вистината е дека токму тогаш запознаваме луѓе со кои се држиме долго, долго време. Само додека студираме стекнуваме пријателства кои се вистински и трајни. А, дознајте и зошто е тоа така.rnrn
rn1. Тие ви станаа пријатели во периодот кога веројатно најмногу ви требаа пријатели
rn
rnrnПовеќето од нас дефинитивно знаат колку може да биде интензивен и тежок студентскиот живот. Има многу испити, предавања, трошоци и многу други нешта кои го зголемуваат нивото на стрес во овој период. Пријателите се едни од ретките кои ни помагаат да останеме присебни, а тоа не е мала работа.rn2. Тие беа вашето семејство кога ви беа најпотребни или чувствувавте носталгија за дома
rn
rnrnМногумина од нас додека студираат, веројатно се далеку од дома, далеку од родителите, браќата и сестрите, роднините и пријателите. Значи, во новите пријателства пронајдовте блискост што ви беше потребна. Овие личности неретко се и ваши цимери.rn3. Го виделе и вашето најлошо издание
rn
rnrnБез разлика дали станува збор за напад на паника, испит, стрес или емоционална состојба, вашите пријатели од студии биле тука за вас и ви помогнале да го пребродите сето тоа. И покрај тоа што ве виделе во најлошо издание, тие сепак останале со вас и сакале да бидете нивен пријател!rn4. Се радувале со вас за вашите најголеми успеси
rn
rnrnПокрај лошите моменти, дефинитивно имало и добри! И вашите пријатели од студии веројатно биле сведоци на нив. На пример, кога сте положиле важен испит или сте добиле какви било добри вести, поголемиот дел од времето, вашите студентски пријатели биле првите со кои сте ги споделите убавите новости.rn5. Со нив создадовте незаборавни спомени
rn
rnrnБез разлика дали се тие спомени од забави, излегувања, денот по пијана ноќ, или какви било неволји во кои сте се нашле, тие биле со вас, доживувајќи ги истите искуства.rn6. Тие ги знаат сите ваши најголеми тајни
rn
rnrnСите оние искуства што сте ги доживеале со нив и сите тајни кои не би им ги кажале на никој друг, тие веројатно ги знаат. Вие навистина немавте друг избор освен да бидете пријатели со нив!rn7. Сте се наоѓале во иста фаза од животот
rn
rnrnВеројатно сте живеете заедно, сте биле заедно „шворц“ и сте се бореле со истите предизвици. Соочувањето со овие проблеми создава најсилни врски.rn8. Заедно сте научиле важни животни лекции
rn
rnrnЖивеењето во студентски дом може да биде добра работа поради уште една причина – си разменувате еден со друг некои основни животни вештини. Што се подгрева во микробранова, а што не, како правилно се перат алиштата и што уште не. Ова е важен дел од вашата подготовка за „реалниот живот“ по студиите.rn9. Ментално се подготвувавте еден со друг за следниот „страшен“ чекор: Вистинскиот живот
rn
rnrnЖивотот по студирањето станува сериозен и тежок. Без оглед на тоа колку бевте далеку од тоа, никогаш не престанавте да паничите.rn10. Веројатно ви помогнал да се справите со финансиските проблеми
rn
rnrnСтудентите понекогаш работат за да поминат низ целиот процес на „преживување за време на студиите“. Во многу случаи, вашиот пријател веројатно ви помогнал да се вработите или ви позајмил пари.rnrnМожеби сакате да дознаете и зошто е важно да го имате тој ЕДЕН пријател во животот? -

7 причини зошто германските мажи се совршени за врска
Дефиницијата за идеален маж се разликува од земја до земја, но постојат некои слични квалитети за кои повеќето жени сметаат дека се исклучително пожелни. Широки рамена, висока градба и чувство за стил се некои од нив, но што е уште поважно, тие посакуваат некој што ќе биде сигурен и искрен. Тука германските момци се истакнуваат!rn
1. Тие се супер високи и со чувство за стил
rn
rnrnЖените ги сакаат високите мажи. Всушност, кога бараат партнер за сериозна врска, повеќето жени избираат момци кои се повисоки од нив. Висината може да биде вистинска пречка за некои, а ако е таков и случајот со вас, момците од Германија ве очекуваат. Плус тоа, тие се облекуваат елегантно и обрнуваат внимание на нивниот изглед, што е бонус за вас!rn2. Тие се искрени и не изневеруваат
rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnГерманските мажи се лојални и се строго против изневерувањето. Повеќето жени кои стапиле во врска со Германци се сè уште се со нив, а може тоа и да го потврдат. Овие мажи се чесни и не се воздржуваат од своите вистински мисли и чувства.rn
3. Тие се исклучително паметни, но сепак смирени
rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnПостои разлика меѓу тоа да се биде паметен и да се правите паметен, а германските мажи ја прават таа разлика. Во едно истражување, откриено е дека мажите родени во Германија се најинтелигентни во цела Европа и се едни од најпаметните во светот. Тие знаат дека се паметни, но не се фалат со тоа.rn
4. Тие сакаат на „старомоден“ начин
rn
rn
rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnЛуѓето во Германија се прилично старомодни и сè уште веруваат во стариот добар начин на сакање некого преку: пишување писма, одење на незгодни состаноци и постепено „отворање“ кон партнерот. Германскиот маж е Ромео кој не верува во избрзување. Не му пречи да чека и се труди да направи сè за да ѝ биде удобно на партнерката.rn
5. Тие се срамежливи
rn
rnrnЕве еден факт: германските мажи не флертуваат. Тие се срамежливи и честопати помалку зборуваат во раните фази од состанувањето. Тие оставаат очите да зборуваат наместо нив и прават сè за да се чувствувате сакано.rn6. Никогаш не доцнат
rn
rnrnГерманските мажи се широко познати по својата точност, а тоа е уште една нивна предност. Тие се секогаш навреме и имаат добра меморија, така што нивната партнерка не мора да се грижи дека ќе го пропушти филмот или дека ќе задоцни. Може да сметате на нив и кога планирате датуми однапред!rn7. Тие се грижливи и љубезни
rn
rnrnВо основа, германските мажи се секси, високи, паметни, грижливи, точни и немаат проблем да се поврзат со некого – тие се целосен „пакет“ што го сакаат повеќето жени! Едноставно, тие се идеални партнери.rnrnМожеби сакате да прочитате и најчестите приговори што мажите ги имаат за жените. -

Една мачка била донесена во канцеларија за да ги улови глувците, но наместо тоа почнала да заработува
Скоро сите ги сакаме мачките, а тоа не се само поради нивното меко крзно. Тие се и одлични ловци кои може да ни помогнат да ги избегнеме домашните штетници и глодари. И токму поради нивната вештина за ловење започнала и оваа приказна, која завршила со создавање на добротворна организација. Ви се чини тешко да ги поврзете овие 2 факти? Прочитајте ја приказната до крај.rnrn
rnrnОваа прекрасно маче било вдомено од сопственикот на маркетинг агенцијата „GuRuStu“, во Толса. Компанијата требала да се справи со проблемот со глувците, а мачката била одлично решение за негово решавање. Таа брзо се вклопила во тимот и обожувала да седи покрај прозорецот и да гледа што се случува на улицата.rnrn
rnrnСето тоа изгледало нормално, обична мачка која ги гледа луѓето што поминуваат. Но, одеднаш, вработените почнале да наоѓаат пари на подот близу вратата. Тие не сфаќале од каде се појавиле тие пари. Ситуацијата се повторувала одново и одново, и тие биле во недоумица како е тоа можно.rnrn
rnrnСепак, подоцна пронашле можна причина. Компанијата се наоѓала во област која била полна со објекти за забава. И многу луѓе поминуваат покрај вратата на канцеларијата. Па, можеби луѓето оставале пари за да си поиграат со мачката?rnrn
rnrnТие решиле да ја тестираат мачката и подметнале банкнота под вратата, а таа брзо ја зграпчила. Теоријата се покажала вистинита. И вака функционира:rnrnhttps://www.instagram.com/p/Bg_t-2SlvIy/?utm_source=ig_web_copy_linkrnrnМачката со необичен талент станала навистина популарна и многу луѓе доаѓале да си поиграат со неа. Поради ова, мачката почнала да добива сè повеќе пари, па тимот решил да пронајде достојна причина и да ги искористи парите за донации. Тие решиле овие пари да ги донираат во добротворната организација наречена „Tulsa Day Center for the Homeless“, затоа што имало многу бездомници во околината, а и самата мачка некогаш била бездомна.rnrn
rnrnОвој симпатичен крадец стана познат како CASHnip Kitty. Таа продолжува да им помага на луѓето кои имаат потреба. Но, таа никогаш нема да биде обична мачка. Ова „меко пријателче“ има голема моќ да ги менува животите на луѓето на подобро.rnrn
rnrnМожеби сакате да ја прочитате и приказната за момчето кое спасило мала верверичка што не може да оди, а сега тие се најдобри пријатели. -

Вашиот скриен број: Тројките полни со позитивна енергија која мора да ја шират, петките љубопитни и нервозни!
Иако повеќето работи во нумерологијата можат да се толкуваат преку основниот код од 3 броја: биоритмички, генерациски и личен, има и броеви кои поретко се користат, но и покрај тоа, ни кажуваат многу.rnrn
rnrnЕден од тие броеви е таканаречениот „скриен број“, кој зборува за енергиите и потенцијалите заробени во длабочините на нашата личност. Активирањето на овие потенцијали во голема мера зависат од тоа дали бројот се повторува на друго место во нумероскопот.rnrnНо, ако го знаеме нашиот скриен број, со неколку совети можеме да го канализираме тој енергетски потенцијал во најдобра насока.rnrnПред да започнеме со пресметување на скриениот број, ќе го воведеме терминот „соларен“ број. Сите знаеме дека нумерологијата одговара на астрологијата на таков начин што секој од 9-те архетипски броеви кои се користат во нумерологијата одговара на одредена планета.rnrnТака, бројот 1 одговара на Сонцето, број 2 на Месечина, број 3 на Јупитер, број 4 на Сатурн, број 5 на Меркур, број 6 на Венера, број 7 на Уран, број 8 на Марс, број 9 на Нептун.rnrn„Соларниот број“ е бројот на планетата што владее во знакот во кој сте родени. Ако сте Овен, со вас владее Марс и вашиот соларен број е 8, ако сте Бик вашиот владетел е Венера и вашиот соларен број е 6…rnrnХороскопски знак: Овен / Владејачка планета: Марс / Соларен број: 8rnrnХороскопски знак: Бик / Владејачка планета: Венера / Соларен број: 6rnrnХороскопски знак: Близнаци / Владејачка планета: Меркур / Соларен број: 5rnrnХороскопски знак: Рак / Владејачка планета: Месечина / Соларен број: 2rnrnХороскопски знак: Лав / Владејачка планета: Сонце / Соларен број: 1rnrnХороскопски знак: Девица / Владејачка планета: Меркур / Соларен број: 5rnrnХороскопски знак: Вага / Владејачка планета: Венера / Соларен број: 6rnrnХороскопски знак: Скорпија / Владејачка планета: Марс / Соларен број: 8rnrnХороскопски знак: Стрелец / Владејачка планета: Јупитер / Соларен број: 3rnrnХороскопски знак: Јарец / Владејачка планета: Сатурн / Соларен број: 4rnrnХороскопски знак: Водолија / Владејачка планета: Уран / Соларен број: 7rnrnХороскопски знак: Риби / Владејачка планета: Нептун / Соларен број: 9rnrnКога го знаеме соларниот број, можеме да го пресметаме и скриениот број.rnrnНаправете збир од вашиот соларен број и датумот на кој сте родени, а потоа соберете ги цифрите од добиениот број сè додека не добиете едноцифрен број (10 е всушност 1).rnrnНа пример: 4 + 15 = 19, 1 + 9 = 10, 1 + 0 = 1 скриен број е 1rnТолкување на скриените броеви
rn1rnrnАко вашиот скриен број е 1, вие сте личноста која има квалитети на вистински лидер. Исполнети сте со ентузијазам и креативна енергија што често ја потиснувате.rnrnНа физичко ниво тоа се манифестира во болка во плексусот, дигестивни проблеми и блага вртоглавица и аритмија. Преземете контрола над вашиот живот и ставете се себеси на прво место.rnrnСовет: Носете злато што ќе предизвика заздравување на соларната енергија.rnrn2rnrnАко сте личност со скриен број 2, крајно време е да започнете да го слушате вашиот внатрешен глас. Тој нема да ве измами. Вашата скриена особина е емпатијата и честопати вам најмногу ви се верува. Имате и отворени канали за примање негативна енергија, па веднаш штом сте во друштво на негативна личност чувствувате досадна болка во пределот на вратот или мало гушење. Исто така, луѓето со овој број доживуваат љубовни јадови и понекогаш не успеваат да основаат семејство, иако тоа е нивната најголема желба.rnrnСовет: Бидејќи сте под влијание на Месечината, предлагаме да носите сребро и да останете покрај вода колку што е можно повеќе.rnrn3rnrnОние кои имаат скриен број 3 имаат огромна количина на позитивна енергија во нив што едноставно треба да започнат да ја шират наоколу, во спротивно тие ќе станат негативни и фрустрирани или ќе се препуштат на некој порок, најчесто алкохол. Важен дел од нивните животи е нивната вера, не само во однос на религијата, туку и нивната верба во себе.rnrnСовет: Слободно можете да покажете емоции и да го живеете живот во целост. Носете повеќе сина боја.rnrn4rnrnЛуѓето со скриен број 4 понекогаш изгледаат неодговорно и бесцелно, но длабоко во нив се крие сериозна, одговорна личност која е ментално постара од нивната возраст. Ако сте една од нив, не треба да ја потиснувате љубопитноста, со помош на неа секогаш би биле еден чекор пред другите. Сатурн, владетелот на овој број, како строг учител, бара ред, работа и дисциплина, но ако дадете сè од себе и ја сфатите вашата суштина, тој ве наградува, зашто тој, во антички Рим бил богот на жетвата.rnrnСовет: Бидејќи треба да ја подобрите концентрацијата, а 4 е симбол за изградба и материјализација, најдобро е да создадете барем свое хоби. Носете сиви и бели бои, а работниот простор нека ви биде во земјени тонови.rnrn5rnrn5 го претставува разиграниот Меркур. Овој скриен број, за луѓето кои го имаат и навистина го сакаат и го активирале во нивната судбина, можат да станат говорници, писатели, новинари или големи трговци и трговски патници. Иако често сте статични и претерано сериозни, кај нив има љубопитно дете кое сака да проба сè и да го запознае светот. Слободно можете да го пуштите да „си игра“ и ужива.rnrnСовет: Портокаловите и жолтите нијанси ќе ви помогнат да го сфатите светот околу вас. Исто така, ќе ја намалат и вашата нервоза.rnrn6rnrnАко 6 е вашиот скриен број, вие сте привлечени шармантни, но, едноставно не сте свесни за тоа. Бидете поотворени за емоциите затоа што најмногу посакувате да сакате и да бидете сакани. Мора бестрашно да се обидете да го сфатите тој идеал за куќичка со цвеќиња, куче и многу деца. Вие, исто така, имате уметнички ум, па можете да ја канализирате енергијата во таа насока без да ги гушите емоциите и празнините да ги пополните со слатки задоволства.rnrnСовет: Внимавајте со тироидната жлезда која ви е загрозена.rnrn7rnrnАко вашиот број е 7, вие сте многу нервоза личност. Вашиот бунтовен, авантуристички дух едноставно сака да излезе, да го истражи светот. Пуштете го.rnrnНе се оддалечувајте од социјалните норми, не се осмелувајте да бидете различни, затоа што лошото влијание на овој скриен број може целосно ќе го оштети вашето психофизичко здравје. Вие сте интелектуална личност и имате потреба да апсорбирате знаење цел живот, а најмногу се фокусирате на духовноста.rnrnСовет: Применете одредена техника на релаксација, како медитација и јога, за да ја потиснете нервозата. Исто така, ќе ви помогне ако се опкружени колку што е можно повеќе со небесно сина боја.rnrn8rnrnСкриениот број 8 во вашиот живот е всушност скриен ангел чувар. Се додека правите сè во животот искрено, почитувајќи го законот и редот, тој ќе биде со вас. 8 носи многу енергија, рамнотежа помеѓу материјалното и духовното, но ако не се придржувате кон него, може да станете исклучително чувствителни, осамени и импулсивни. Ако живеете потпирајќи се на вашите способности и постепено рафинирате одредени карактеристики на вашиот карактер, може да добиете многу и во материјална и во духовна смисла.rnrnСовет: Потребна ви е активност со која ќе се бавите кога имате вишок енергија. Ако вашата енергија е во опаѓање, облечете црвено.rnrn9rnrnБројот 9 е мистичен сам по себе, а во нумерологијата ги претставува најдлабоките делови од нашата личност како несвесното, соништата, тајните… Како скриен број тој ви овозможува многу остра интуиција и е многу чест кај видовитите личности.rnrnМожеби не сте видовити, но многу сте чувствителни и треба да го слушате она што ви го кажува вашата потсвест.rnrn9 е наречен и „свештенички број“, па за да ги активирате позитивните влијанија на овој скриен број, мора да бидете посветени на духовноста.rnrnЧестопати брзате низ животот, немате време да бидете болни, па ви се закануваат скриени болести, особено оние од наследна природа. „Смирете ја топката“, поставете вистински цели и нема да зажалите.rnrnСовет: Бидејќи 9 е управуван од Нептун, богот на морето на античките Римјани, ако не живеете во близина на морето, правете си третмани со релаксирачка бања збогатена со морска сол. Носете облека во потемните нијанси на сината боја.rnrnМожеби сакате да дознаете и што значи ако гледате 111? 333? Тоа се ангелски броеви и низите имаат значење.
-

3 народни обичаи за пронаоѓање на љубовта на вашиот живот: Направете го ова на Богојавление и ќе откриете со кој ќе се омажите
Вашата животна љубов чека да се сретнете, а вие можете барем да „ѕирнете“ во вашата иднина и да откриете дали идниот сопружник е некој од вашето опкружување! Еве како, според народните верувања, секоја девојка може да открие со кого ќе се омажи…rnrn
rnrnСе верува дека девојките може да откријат со кого ќе се омажат преку разни трикови и обичаи, а ние ви претставуваме 3 обичаи кои некогаш ги знаела секоја девојка!rnrnАко сте за вљубени во некого и сакате да знаете дали остатокот од животот ќе го поминете со него, се верува дека златниот прстен може да ви помогне да откриете. Земете неколку влакна од вашата коса и на нив закачете златен прстен, а потоа ставете ја косата со прстенот над чаша вода. Се верува дека ако прстенот трипати удари во чашата момчето што сте го замислиле ќе стане ваш сопруг.rnrnСпоред друго верување, со помош на едно јајце може да го открие името на вашиот животен партнер. Сварете го јајцето и исечете ја белката од јајце на половина, а жолчката од јајцето нека да остане цела. Извалкајте ја жолчката во сол и спојте ја со белката и на крајот изедете го целото јајце. Потоа, одете на спиење и се верува дека тогаш вашиот сакан ќе ви се појави на сон.rnrnНо, еден од најпознатите обичаи за откривање на вечна љубов е ритуалот со топчиња од тесто за Водици. Тестото за овие топчиња се прави исклучиво од вода и брашно. Направете четири топчиња од тестото, а потоа ставете ливчиња со имињата на вашите симпатии во три и оставете го четвртото празно. Ставете ги топчињата во врела вода и првото што ќе исплива на површината, е љубовта на вашиот живот. Името на саканиот ќе го прочитате од ливчето во топчето. Ако најпрво исплива празното топче на површината, тогаш девојката сè уште не го запознала нејзиниот животен сопатник.rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоа дека оваа година е престапна, па има многу народни верувања поврзани со неа: Еве што не смеете да правите ако сакате да избегнете несреќа!rn -

Зошто работиме 8, а не 6 часа дневно и кој го измислил тоа?
Дали знаевте дека 8-те работни часа некогаш биле вистински спас за работниците? Во XVIII век, социјалното движење на работничката класа одлучило да му се спротивстави на владеачкиот систем. Всушност, барањето било одговор на работниците на лошите услови за работа, експлоатацијата на децата и работното време кое варирало од 10 до 16 работни часа дневно.rnrn
rnrnНеверојатно долгите работни денови не биле издржливи и наскоро храбриот човек, Роберт Овен, започнал кампања за воспоставување 8-часовен работен ден. Неговиот слоган бил „8 часови работа, 8 часови рекреација, 8 часа одмор“, а наскоро државите, една по една, започнале да применуваат нови услови за работа. Една од првите компании што ги почнала промените била компанијата „Форд мотор“ во 1914 година.rnКолку е тоа корисно?
rnДенес многумина сметаат дека 8 часа се премногу, и тврдат дека би функционирале најдобро со 6 часа работно време. Најпознатиот пример за земја што воведе такво работно време е, секако, Шведска. Во текот на првите 18 месеци од експериментот, медицинските сестри кои работеле 6 часа пријавиле дека се чувствуваат поздраво и попродуктивно. Ова влијаело и врз нивната работа, намалувајќи го драстично бројот на оние кои пријавиле боледување. Откако се вратиле на 8-часовна работа, една медицинска сестра изјавила дека се чувствува исцрпено и дека при враќањето на работа по старото работно време, ѝ одзеле вредни часови поминати со нејзиниот син.rnrnЏејсон Фрид, коосновач на „Basecamp“ тврди дека креативните работни места како програмирање и пишување треба да им дадат на луѓето време да размислат за својата работа.rnrnАко ги прашавте кога последен пат имале можност навистина да размислат за својата работа, повеќето од овие вработени би ви кажале дека немале можност да размислуваат долго време за тоа, што е навистина тажно, според Фрид, кој поддржува 6-часовно работно време.rn
Може ли сè да се направи за 6 часа?
rnБидејќи оваа тема станува сè поактуелна, еве што велат за неа неколку млади вработени луѓе.rn
„Фактот дека имам повеќе време за себе секој ден дополнително ќе ме мотивираше да ги завршам сите задачи во тие 6 часа.“ – вели Леа (26), која смета дека ретко кој може да биде подеднакво продуктивен во текот на сите 8 часа.
rnСлично мислење има и Вероника (24) велејќи:rn
„Мислам дека прашањето дали некој ќе ја заврши или нема да ја заврши работата во рок од 6 часа зависи од видот на работата. Но, исто така, кога 6-часовното работно време би станало стандард, природата на работата ќе се прилагоди и верувам дека и ние ќе се приспособиме. Продуктивни сме максимум 6 часа од вкупното работно време.“.
rn
„Поради обемот на работа, би било соодветно да работам 6 часа во првите две петини од неделата и 8 часа во вторите три, кога има повеќе работа. За жал, дури и 8 часа дневно не ми се доволни за да ги извршувам сите мои дневни задачи, затоа работата ја завршувам дома или за време на викендите.“ – вели Томислав (29).rnrnМожеби сакате да прочитате и за еден научник од Оксфорд тврди дека одењето на работа или на училиште пред 10 часот има ефект сличен на мачење.
-

Изберете каков кактус најмногу ви се допаѓа и дознајте каква порака тој ви носи
Само изберете го кактусот кој најмногу ви допаѓа и дознајте ги пораките од него и исполнувањето на вашите желби.rnrn
rnКактус број 1:
rnОвој кактус е мало бебе, невино и ослободено од лоши мисли. Вашата душа е исто толку убава и чиста како таа на малите деца. Вие имате очи само за љубезноста, па затоа често сте разочарани од луѓето и нештата. Треба да го смените погледот на светот, бидејќи не е сè така розово како што си замислувате. Љубовта и среќата се насекаде околу нас, но не и во сите нас. Некои луѓе имаат толку темна душа што дури и темнината би им позавидела.rnrnВашата желба секако се однесува на најблиските, но време е да посветите малку повеќе внимание на себе и своите потреби наместо на другите луѓе. Но, не грижи се, вашата желба ќе биде исполнета затоа што вашата убава душа тоа го заслужува.rn
Кактус број 2:
rnОвој кактус има одредена специфичност. Исто како и вас самите. Сакате работи што не им се омилени на повеќето. Ве смируваат празните пространства и книгите, сакате да бидете тивки и во прегратки на оние што ги сакате.rnrnВашите желби се обични, но нив сигурно не би ги посакал секој човек.rn
Кактус број 3:
rnОна што ви е најважно е да сте покрај луѓето што ги сакате и да сте среќни. Кога би се појавил магичен дух, веројатно би посакале здравје и среќа само за луѓето што ги сакате.rnrnВие секогаш сте во втор план за себеси, а вашата несебичност е она што ве краси и ве одвојува од другите. Такви се и вашите желби.rn
Кактус број 4:
rnЉубов. Тоа е ваша прва и последна желба. Токму затоа сте одбрале да има срце над кактусот. Вие не верувате во духови, дури ни во исполнување на волшебни желби, но верувате во љубов, заради која во моментов страдате. Затоа и сте тука, затоа што чекате чудо – да сфатите за што копнеете и конечно да дојдат деновите исполнети со среќа.rnrnУште од моментот кога вашиот партнер влезе во вашиот живот, целиот свет престана да постои. Вие не гледате подалеку од него и длабоко во себе чувствувате дека нема да можете да бидете среќни, ако тој не биде покрај вас.rn
Кактус број 5:
rnОвој кактус изгледа прилично просечно, на него нема некои особености или украси. Всушност такви сте и вие самите. Една обична, просечна личност чии желби не се исполнети, па затоа треба да вложите малку труд за тие со сигурност да се исполнат.rnrnГолеми се шансите да сте си замислиле желба што се однесува на вашиот љубовен живот.rnrnАко сакате уште тестови тогаш размислетe кој триаголник ќе го изберете? Овој краток тест ќе ве изненади.
-

Мрачната тајна за бадемовото млеко: Добро размислете пред да го пиете
Производството на бадеми влијае врз опстанокот на пчелите, па оние кои пијат бадемово млеко поради интолеранција на лактоза, треба да размислат за тоа.rnrn
rnrnПонекогаш се чини дека Интернетот постои само за да нè натера да почувствуваме вина бидејќи уживаме во работите што ни носат радост во нашите животи! За бадемовото млеко, кое некои го пијат како замена за животинското млеко, а други за да стават крај на нехуманите потези на големите компании и фармите, можете да најдете безброј информации на Интернет, меѓу кои има и такви кои воопшто не поддржуваат негова употреба.rnБадемите се виновни за поморот на пчелите
rnСпоред стручните лица кои ја истражуваат областа, индустријата за производство на бадеми, која доживеа голем бум во последните години, би можела да биде одговорна за уништувањето на милиони пчели. Тоа е така зашто луѓето повеќе не сакаат да консумираат мед како порано, но сакаат бадеми, особено млеко од бадеми, кое стана многу баран производ.rnrnИмајќи го ова предвид, професионалните пчелари сè помалку се фокусираат на производството на мед и областите што се користат за пасење на пчелите почнуваат да се насадуваат со бадемови дрвја.rnrnКако резултат на тоа, пчелите имаат помал допир со еколошки и нетретирани растенија, што доведува до нивен помор. На полињата каде што има претежно бадеми, тие се хранат како луѓе во студентски дом: постојано со истата храна, без да внесуваат други витамини и корисни состојки. Поради ова, многу пчели умираат на плантажите насадени со бадеми.rn
Бадемите трошат многу вода
rnИма уште најмалку десетина причини зошто треба да се чувствувате виновни за пиењето бадемово млеко. Само на едно бадемово дрво му требаат околу 5 литри вода за да расте. Ако земеме предвид дека значителен дел од бадемите што ги троши светот доаѓаат од американската држава Калифорнија, која се бори со недостиг на вода, со садењето бадеми на огромни површини, земјоделците ѝ предизвикуваат големи штети на животната средина и го сушат земјиштето.rnrnОва предизвикува земјоделците да копаат сè подлабоко во земјата во потрага по вода и да ги пресушуваат изворите за да не ги остават полињата без вода. Денес, плантажите со бадеми се трансформираат во обработливи површини, иако се предвидувало тие да останат недопрени за да се зачува водата.rn
Зголемена употреба на пестициди
rnИсто така, постои зголемена употреба и потрошувачка на пестициди. Во Калифорнија се користат дури 9 видови пестициди кои имаат негативни ефекти врз здравјето на луѓето и природата. Едниот од нив е дури и канцероген, додека другите се штетни за пчелите.rn
Како да го избегнете бадемовото млеко?
rnАко го пиете поради интолеранција кон кравјо млеко, можеби е подобро да почнете да консумирате козјо или овчо млеко наместо бадемово, бидејќи и овие млека се лесно сварливи.rnrnМожеби сакате да дознаете и во кои ситуации лимонот станува опасен по здравјето!
-

7 познати личности кои се вљубиле во животните со кои работеле и одбиле да се одвојат од нив
Софи Тарнер и Зуни, Том Харди и Роко, Крис Еванс и Доџер… Понекогаш познатите личности имаат животни како свои филмски партнери, но тие толку многу се зближуваат, па потоа е едноставно невозможно да се разделат.rnrn
rnrnЕве листа на познати личности кои останувале со своите „колеги“ од животинскиот свет и по снимањето на филмот.rn1. Софи Тарнер и Зуни од „Игра на тронови“ („Game of Thrones“)
rn
rnrnХаската со име Зуни, која ја играла улогата на волчицата Лејди во филмот „Игра на тронови“, не успеала да ја сними ниту втората епизода и останала без работа и без дом. Но, Софи Тарнер (Санса Старк) одлучила да ја посвои, бидејќи многу се поврзала со Зуни за време на снимањето. Како што објаснува Тарнер, додека растела таа отсекогаш сакала куче, но нејзините родители никогаш не дозволувале да има миленик.rn2. Вил Смит и Аби од „Јас сум Легенда“ („I Am Legend“)
rn
rnrnНе се само гледачите тие што се вљубија во кучето кое во филмот „Јас сум легенда“ се вика Сем, а го игра женката од видот германски овчар со име Аби – истото му се случило и на Вил Смит! Тие толку многу се приврзале за време на снимањето, па одвојувањето потоа се чинело невозможно!rn3. Џејмс Ган и Орео од „Чувари на галаксијата“ („Guardians Of The Galaxy“)
rn
rnrnРежисерот на „Чувари на галаксијата“, Џејмс Ган, станал толку добар пријател со ракунот со име Орео, кој бил жив модел за ликот наречен „Ракета ракун“. Ган и Орео дури се појавиле заедно и на црвениот тепих за време на премиерата на филмот!rn4. Том Харди и Роко од „Солза“ („The Drop“)
rn
rnrnВеројатно знаете дека Том Харди е голем обожавател на кучиња. Всушност, една од главните причини зошто тој сакал да ја добие улогата во филмот „Солза“, била зошто главниот лик спасува напуштено кутре кое се вика Роко. По излегувањето на филмот, Том го посвоил Роко и според фотографиите од папараците, тој го носи кучето каде и да оди. Роко се појавува и на Инстаграм профилите на актерот доста често!rn5. Ед О’Нил и Бриџит од „Модерното семејство“ („Modern Family“)
rn
rnrnКога ликот на О’Нил во „Модерно семејство“ ќе добие француски булдог по име Стела, тој веднаш се вљубува во него. Истото му се случило и во реалниот живот, па О’Нил и за време на сетовите се грижел за кученцето – чие вистинско име е Бриџит. Таа е родена е на улица и е напуштена од семејството кое ја вдомило. Ја спасила агенцијата за снимање со животни, па по снимањето на филмот таа си пронашла и сопствен дом.rn6. Крис Еванс и Доџер од „Надарени“ („Gifted“)
rn
rnrnЅвездата од „Avengers“ Крис Еванс за првпат го запознала својот филмски партнер Доџер на сетот на „Надарени“ во 2017 година. Како што споделува Крис, тој станал најдобар пријател со спасеното куче кое било мешавина од расата боксер и оттогаш се неразделни.rn7. Брендон Фрејзер и Пекас од „Тексашки трки“ („Texas Rising“)
rn
rnrnНа снимањето на филмот „Тексашки трки“ во Мексико, некои од коњите кои биле дел од снимањето имале проблеми на еден посебен коњ наречен Пекас. Брендон го забележал тоа и го однел Пекас дома. Подоцна коњот, покрај со актерот, силно се приврзал и со неговиот син.rnrnМожеби сакате да дознаете и кои 13 актерки бремени снимале филмови.