КАФЕ ПАУЗА

Tag: занимливости

  • Случајна повреда при раѓање го оставила ова кученце со едно уво  и тоа ги освојува сите со својот изглед на еднорог

    Случајна повреда при раѓање го оставила ова кученце со едно уво и тоа ги освојува сите со својот изглед на еднорог

    Расата на кучиња златен ретривер е една од најчистите раси во светот. И ова кученце е дел од неа. Кученцето има една необична карактеристика што го направи да стане актуелно на Интернет и целиот свет да дознае за него.rnrnСлучајна повреда при раѓање го оставила ова кученце со едно уво и тоа ги освојува сите со својот изглед на еднорогrnrnРеј е влакнесто, друштвено, супер пријателски настроено суштество, но заради случајна повреда при раѓање го изгубила левото уво. Таа е женка, а она што уште повеќе изненадува, е тоа што како таа растела, нејзиното десно уво се преместувало на врвот од главата.rnrnСлучајна повреда при раѓање го оставила ова кученце со едно уво и тоа ги освојува сите со својот изглед на еднорогrnrnОткако жена која се вика Сем споделила слатко видео од Реј на TikTok, тоа веднаш станало вирално. И тоа со добра причина. Невозможно е да се остане рамнодушен кон ова кученце. По кратко време, сопственикот на Реј направи неколку профили од неа на социјалните мрежи, за сите оние на кој таа му се допаѓа да можат да го следат нејзиното секојдневие.rnrnСлучајна повреда при раѓање го оставила ова кученце со едно уво и тоа ги освојува сите со својот изглед на еднорогrnrnВо продолжение запознајте го најмилото кученце со едно уво кое што го имате видено досега!rnrnСлучајна повреда при раѓање го оставила ова кученце со едно уво и тоа ги освојува сите со својот изглед на еднорогrnrnЗлатниот ретривер е куче со средна големина, познато по густото, златно крзно по кое и расата го добила своето име. Овие раси имаат пријателски и интелигентен поглед и кога се движат, тие го прават тоа со глатко, моќно движење, мавтајќи ја својата пердушеста опашка, како што велат познавачите на расата.rnrnСлучајна повреда при раѓање го оставила ова кученце со едно уво и тоа ги освојува сите со својот изглед на еднорогrnrnИ покрај тоа што се чини дека Реј совршено добро живее „како еднорог“, на нејзиното уво му е потребна зголемена нега. Златните Ротривери страдаат од инфекции на ушите доста често, па затоа нивните сопственици треба најмалку еднаш неделно да проверуваат дали нивните кучиња имаат знаци на овие проблеми.rnrnСлучајна повреда при раѓање го оставила ова кученце со едно уво и тоа ги освојува сите со својот изглед на еднорогrnrnСамо погледнете колку Реј е радосна и полна со енергија.rnrnСлучајна повреда при раѓање го оставила ова кученце со едно уво и тоа ги освојува сите со својот изглед на еднорогrnrnСлучајна повреда при раѓање го оставила ова кученце со едно уво и тоа ги освојува сите со својот изглед на еднорогrnrnПродолжете да ги гледате фотографиите на следната страница…rnrn

  • Зошто принцезата Дајана носеше 2 рачни часовника?

    Зошто принцезата Дајана носеше 2 рачни часовника?

    Принцезата Дајана секогаш кога даваше изјави изгледаше прекрасно и беше позната по својата љубезност.rnrnНа пример, „Кралицата на срцата“ одбила да носи ракавици додека била вон службена должност за луѓето да ја чувствуваат поблиска и да им ја изрази својата љубов.rnrnНекогаш, таа била фотографирана како носи 2 рачни часовника и тоа не било случајно. Дајана сакала на тој начин да ги изрази своите чувства кон луѓето што ги сака и овој гест бил наменет за некој посебен.rnrnСветот ја дозна скриената порака зад овој избор на додатоци, а ние ја споделуваме сентименталната приказна со вас.rn

    Моментот кога Дајана и принцот Чарлс штотуку се венчале

    rnЗошто принцезата Дајана носеше 2 рачни часовника?rnrnОваа слика на принцезата Дајана е направена во 1981 година, откако таа и принцот Чарлс се венчале. Камерата ја фатила како го гледа својот свршеник додека играл поло, во клубот „Гардс“ во Виндзор. Сè изгледало прилично обично, освен еден мал и прилично екстравагантен детал: Дајана носела 2 рачни часовника.rn

    Тоа било знак дека таа се грижи

    rnЗошто принцезата Дајана носеше 2 рачни часовника?rnrnКако што се испостави, златниот метален часовник со тенка лента ја претставувал Дајана, а потемниот му припаѓал на Чарлс. Дајана споделила дека го носела часовникот на Чарлс во знак на почит кон него и за да му донесе среќа.rn

    Овој гест бил дел и од една стара англиска традиција од средниот век

    rnЗошто принцезата Дајана носеше 2 рачни часовника?rnrnВо средниот век, постоела традиција да се врзува женско марамче на задниот дел од витешкиот шлем пред битка. Шамичето се сметало за симбол на среќа и на тој начин му се искажувала поддршка на лицето што влегувало во натпревар или битка.rnrnЗа жал, бракот на Дајана и Чарлс не траел долго, но овој сладок гест илустрира дека тие дефинитивно имале моменти исполнети со љубов и нежност во нивната врска, барем на почетокот.rn

    Ова не бил единствениот момент кога Дајана ја покажала својата љубов преку сентиментален гест

    rnЗошто принцезата Дајана носеше 2 рачни часовника?rnrnДајана одбила да ја носи тијарата што ѝ ја позајмила Кралицата на денот на нејзината свадба. Наместо тоа, таа го одбрала она што било во нејзиното семејство долги години. Со овој гест, Дајана покажала решеност да остане верна на традициите во нејзиното семејство, затоа што многу жени, вклучително и нејзината сестра, се венчале носејќи ја токму таа тијара.rnrnМожеби сакате да прочитете и за бунтовната сестра на Кралицата која ја нарекувале рокенрол принцеза, а заради неа е дозволен и развод во кралското семејство.

  • Ова е причината зошто алармите се одложуваат за 9 минути наместо за 10

    Ова е причината зошто алармите се одложуваат за 9 минути наместо за 10

    Утринските часови се тешки кота треба рано да се пробудите, но со одлагање на алармот, нештата стануваат поприфатливи. Со притискање на копчето, си дозволувате да си поспиете уште 9 минути ( или 18 минути 27 минути, ако сме искрени).rnrnОва е причината зошто алармите се одложуваат за 9 минути наместо за 10rnrnНо, зошто ова копче ни го одлага будењето за 9 наместо 10 минути?rnrnАвтоматските поставки на вашиот телефон всушност започнале да се креираат  уште пред половина век. Алармните часовници со копчиња биле воведени во 1956 година преку „General Electric-Telechron’s Snooz-Alarm“според некои наоди. Одложувањето на алармот кај овој модел на часовници траело девет минути, но постоеле и неколку теории зошто е тоа така.rnrnКај часовници со аларм претходно не постоела функцијата за одлагање, така што веќе имало стандардна поставка со која требало да работат иноваторите. Не било можно надградбата да се постави на точно 10 минути, така што морале да избираат помеѓу 9 минути и неколку секунди или малку повеќе од 10 минути.rnrnЕве од каде потекнуваат различните теории. Некои луѓе велат дека извештаите во 1950-тите години сугерирале дека 10 минути биле доволно време за поспаниот човек да се врати во длабок сон. Тоа би значело дека тој повторно ќе се разбуди, но 9 минути, „сладок сон“ биле сосема доволни за опуштање.rnrnНекои експерти тврдат дека токму таа 1 минута им овозможува на луѓето да извлечат максимум од својот ден. Таа дополнителна минута нема да направи разлика кога го одлагате будењето, но може да направи разлика во тоа колку време ви е потребно да се подготвите.rnrnСепак, најчестата теорија се чини дека се сведува на едноставноста. Двоцифреното одложување на времето било потешко да се програмира отколку едноцифреното, така што дизајнерите сметале дека е подобро да се направи помалку комплициран дизајн.rnrnПодоцнежните часовници не биле задолжени да ги следат стандардите на „Snooz-Alarm“, но сепак и тие, вклучувајќи ги и апликациите за аларм на „iPhone“, ја почитувале оригиналната поставка на 9 минути.rnrnМожеби сакате да откриете и зошто будењето со аларм ве прави уште поуморни?

  • Кога изгледате помладо од вашата возраст тоа може да биде знак на интелигенција – откриваат истражувачите

    Кога изгледате помладо од вашата возраст тоа може да биде знак на интелигенција – откриваат истражувачите

    Нашата биолошка возраст многу ретко одговара на тоа како ние се чувствуваме. Има премногу фактори кои придонесуваат да изгледаме постаро или помладо. Овде ги вклучуваме стресот, финансискиот статус, секојдневните рутини и според една студија овде припаѓа и интелигенцијата. Се претпоставува дека висок IQ предизвикува во нас чувство и помлад изглед од нашата реална возраст во подоцнежните години. Но, како?rnrnВи откриваме како IQ-то влијае на вашето здравје и изглед како што стареете, затоа што никогаш не е доцна да си помогнете на ова поле.rn

    Навистина е важно како се чувствувате во врска со вашата возраст

    rn

    Да изгледате помладо од вашата возраст може да биде знак на интелигенција – откриваат истражувачите

    rnИстражувањето е прилично фасцинантно и започнало во 1957 година. Тогаш, истражувачите го мереле коефициентот на интелигенција кај средношколци, а потоа ги прашале за нивната „внатрешна возраст“ од 1992 до 1993 година, и во 2011 година, кога имале 71 година. Заклучиле дека луѓето со повисока интелигенција се чувствувале помладо од нивната реална возраст.rnrnНо, како „внатрешната возраст“ влијае на изгледот на лицето, ако изгледот се базира на чувства? Размислете за тоа: ако се чувствувате постаро и сте помалку физички активни, тоа може да ве направи депресивни и подложни на болести. Колку помладо се чувствувате, толку повеќе работи сакате да правите и животот ви станува повозбудлив.rn

    Интелигентните луѓе се поотворени за искуства

    rnrnrnНа многу начини, нашето чувство за изненадувања и возбуда поврзани со светот околу нас е она што прави да се чувствуваме младо на која било возраст. Интелигентите луѓе сакаат да истражуваат нови земји и да испробуваат нови работи, затоа што се свесни за можностите кои ги чекаат. Патувањето ви помага да останете активни и полни со енергија. Сите можеме да се согласиме дека преминувањето кон друга авантура звучи подобро отколку да останете на каучот уште една саботна вечер.rn

    Станува збор за градење здрави навики

    rnДа изгледате помладо од вашата возраст може да биде знак на интелигенција – откриваат истражувачитеrnrnНа крај на денот, она што јадете и како се грижите за вашето тело е она што најмногу вреди. Потребна е голема посветеност за да водите здрав начин на живот.rnrnПаметните луѓе знаат дека телото може да настрада од последиците како резултат на лошите избори,  и тоа може да ги мотивира да се грижат за себе, додека луѓето со пониска интелигенција може да не се доволно свесно за тоа. Затоа вреди да научите повеќе за вашето тело и за тоа што му наштетува. Можеби е голем предизвик, но се исплаќа на долг рок.rn

    Интелигенцијата може да ви донесе пари поради остроумноста

    rnrnrnДоброто образование честопати резултира со доброплатена работа. Луѓето со поголеми плати од просечните имаат пристап до подобра медицинска нега, можат да си дозволат третмани за убавина, јадат поквалитетна храна, патуваат… Оваа дополнителна грижа може да направи голема разлика во подоцнежните години.rn

    Паметните луѓе на полесен начин се справуваат со стресот

    rnrnrnСтресот е најголемиот негативец во борбата да останеме млади, бидејќи го забрзува стареењето. Луѓето со висок степен на интелигенција имаат поголема способност да им дадат приоритет на своите проблеми, што им помага да се фокусираат на решавање на една работа, наместо да се залагаат за сè одеднаш.rnrnrnrnТие се подготвени за предизвиците кои доаѓаат со староста и се чувствуваат помалку ранливо поради изложеноста на промени.rnrnМожеби сакате да прочитате и дека добриот шеф „умножувач“ ја поттикнува интелигенцијата и тимските достигнувања.

  • 14-те лекции за животот на кои нè научи „Кум“: Никогаш не мешајте се во приватниот живот на другите луѓе!

    14-те лекции за животот на кои нè научи „Кум“: Никогаш не мешајте се во приватниот живот на другите луѓе!

    Филмот „Кум“ не е само гангстерска сага, туку е слоевита приказна за моќта, семејството и капитализамот.rnrn14-те лекции за животот на кои нè научи „Кум“: Никогаш не мешајте се во приватниот живот на другите луѓе!rnrnЕве 14 лекции што ги научивме од него:rn

    1. Не давајте ветувања кои знаете дека не можете да ги исполните

    rnВашиот збор е најважната работа што може да ја понудите. Не земајте го „здраво за готово“. Секогаш прво размислете дали можете да го исполните ветувањето. Сосема е во ред да се каже „не“ на нечие барање (освен ако не е на денот кога се мажи вашата ќерка).rn

    2. Не мешајте се во животот на другите луѓе

    rnОсобено не мешајте се во животот на некој брачен пар. Озборувањата или давањето совети за личните работи секогаш треба да останат нечии лични нешта – тоа е приватноста што мора да се почитува. Кога Кони и Карло имаа расправија, Сони се обиде да интервенира, но беше замолчан од г-ѓа Корлеоне.rn

    3. Семејството е најважната работа во животот

    rnKрвта е погуста од водата.rn

    „Човекот кој не поминува време со семејството, никогаш не може да стане вистински човек“ и „Единствено богатство на овој свет се децата, поважни од сите пари или моќ на земјата.“ – вели Дон Вито Корлеоне.

    rn

    4. Никогаш не правете нешто против вашето семејство

    rn14-те лекции за животот на кои нè научи „Кум“: Никогаш не мешајте се во приватниот живот на другите луѓе!rnrnНе бидете како Фредо Корлеоне. Без оглед на тоа колку не го сакате вашето семејство, тие се сепак ваше семејство. Од почит, никогаш не одете против сопствената крв, освен ако не сте подготвени на последиците – отуѓување (или смрт).rn

    „Фредо, ти си мојот постар брат и јас те сакам. Но, никогаш не оди против твоето семејство. Никогаш.“ – вели Мајкл Корлеоне.

    rn

    5. Никогаш не реагирајте додека сте емотивни

    rnДејствувајте дури откако ќе размислите со ваш ум за сите можни последици што може да се случат. Размислувајте мудро и дипломатски. Емотивните испади, како што се оние на Сантино „Сони“ Корлеоне, на крајот го доведоа до смрт. Зошто? Затоа што стана предвидлив. Никогаш не станувајте предвидливи.rn

    „Никогаш не мрази ги непријателите. Тоа влијае врз твојата пресуда.“ – Мајкл Корлеоне.

    rn

    6. Чувајте ги вашите пријатели близу, но вашите непријатели уште поблизу

    rnСекогаш внимавајте на непријателите со едно око и играјте ја шаховската игра во животот со прецизност, посветеност и тактика. Градете добри односи, во спротивно нема да можете да се вратите во играта. Особено во јавност. Кога сенаторот Пат го заплаши Мајкл Корлеоне, тој едноставно одговори:rn

    „Мојата понуда е оваа… ништо.“. Тој го задржа сенаторот во неговиот круг и на крајот го имаше во рака.

    rn

    7. Воспоставувајте пријателства од почит, поради бизнис или од доверба

    rnНе можете да го изберете семејството, но пријателите можете. Разгледајте ги придобивките што може да донесе одредено пријателство. Слично на тоа, разгледајте ги и недостатоците. Измерете ги предностите и недостатоците и изберете внимателно.rn

    „Пријателството е сè. Пријателството е повеќе од талент. Тоа е повеќе од владеење, скоро еднакво на семејството.“ –  вели Дон Вито Корлеоне.

    rn

    8. Криминалците на важни позиции се најмоќните криминалци

    rnОд Вол Стрит до Беј Стрит, меѓународните инвеститори и политичари и луѓето на високи позиции може да создадат поголем хаос и да влијаат врз нивното семејство на многу полош начин од просечниот криминалец. Така, образованието и работата се вашите начини за движење нагоре, во погорните класи од општеството. Тоа е животна лекција што мора да ја прифатите ако сакате да станете успешни и моќни. Просечниот уличен криминалец нема да се прослави во големата шема на бизнисот.rn

    „Адвокатот со чанта може да украде повеќе пари отколку човекот со пиштол.“ –  вели Марио Пузо.

    rn

    9. Вашата работа мора да остане во приватност, разговарајте за бизнис само со членовите на семејството!

    rn14-те лекции за животот на кои нè научи „Кум“: Никогаш не мешајте се во приватниот живот на другите луѓе!rnrnНе разговарајте за вашиот личен или семеен бизнис со странци. Никогаш не знаете кој ќе ги искористи тие информации во своја полза.rn

    10. Насилството е последно средство

    rnВо текот на приказната „Кум“ ја пренесува пораката за претпочитање на дипломатијата наместо насилството. По започнувањето на војната, животите се изгубени, работата трпи загуби.rn

    „Не сакам насилство, Том. Јас сум бизнисмен. Крвта е голем трошок.“ – вели Солозо.

    rn

    11. Дрогата е непожелна

    rnДури и криминалците имаат список од непожелни нешта, а дрогата е на врвот. Продажбата на дрога го корумпира нивниот имиџ во јавноста.rn

    „Точно е дека имам многу пријатели во политиката, но тие не би биле толку пријателски настроени ако дознаеа дека продавам дрога наместо коцкање, тие тоа го сметаат за безопасен порок“, „Но, дрогата, тоа е валкана работа.“ – вели Дон Вито Корлеоне.

    rn

    12. Никогаш не барајте нешто за возврат ако прво не ги понудите вашето пријателство и почит

    rnКога ќе прашате нешто од некого, направете го тоа со почит и понудете го вашето пријателство и лојалност за возврат. Во спротивно, ќе се сметате за слабак, несигурен и недоверлив човек.rn

     13. Изградете силна заедница

    rnПомогнете им на другите и помошта ќе ви биде возвратена. Имајте и почит. Дон Вито Корлеоне изгради силна империја врз силната заедница. Тој им помогна на соседите и пријателите и се стекна со голем углед.rn

    „Еден ден, и тој ден можеби никогаш нема да дојде, ќе побарам услуга од вас.“ – Дон Вито Корлеоне.

    rn

    14. Не сфаќајте ги нештата премногу лично

    rnПонекогаш, само треба да имате на ум дека „тоа не е нешто лично, тоа е дел од работата.“ – како што вели Мајкл Корлеоне.rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоа дека еден пластичен хирург открива како денес би изгледале познатите актерки, кога природно би старееле.

  • Секој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тага

    Секој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тага

    Се приближува до Денот на жената, затоа треба да знаете кое цвеќе се подарува, а кое не.rnrnИако многумина можеби не го знаат, секој цвет што некому му го подарувате, носи одредено значење и порака. Затоа, кога му давате цвеќе на некој близок, не заборавајте да обрнете внимание каква симболика има тоа, за лицето кому му го давате да не биде навредено или да стекне погрешен впечаток.rnrnЗа почеток, значењето на цвеќето може да го согледаме според бојата, затоа треба да знаете дека сината значи верност и мечтаење, портокалова гордост и енергија, виолетовата боја претставува нежност, додека белата е симбол на невиност. Црвената значи љубов и убавина, зелената разбирање, а жолтата љубомора.rn

    Нарцис

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnОвој цвет означува самољубие, но исто така е и симбол за нов почеток бидејќи е меѓу првите што цвета. Но, бидете внимателни кому му го подарувате овој цвет затоа што може да означува и презир.rn

    Ирис

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnСимбол на достоинство, инспирација, слава и храброст. Жолтиот ирис означува страст, додека синиот поттикнува среќа.rn

    Зумбули

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnЗнак на верност и стабилност. Ако се сини симболизираат постојаност и континуитет.rn

    Божур

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnСимболизира чест и богатство, како и среќен брак и напредок.rn

    Јасмин

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnЖолтиот јасмин означува елеганција, а останатите бои – посветеност.rn

    Магнолија

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnТаа означува достоинство и елеганција. Ако е бела, тогаш тоа значи невиност, ако е розова, тогаш тоа значи срамежливост и најчесто им се дава на девојчињата. Но, внимавајте, ако подарите магнолија која порано расцветела, тоа е сигурен знак дека сте вознемирени и нетрпеливи за нешто. Според старото верување, магнолиите ја означуваат неверноста на мажите кои ги подаруваат.rn

    Циклама

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnОвој цвет симболизира искреност и е поврзан со моќта на помирување со лицето кому му се подарува. Може да означува и срамежливост.rn

    Рози

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnЦветот што најчесто се подарува и во зависност од бојата, има многу значења. Да се ​​подари црвена роза симболизира страст и љубов, иако може да означи и благодарност и задоволство. Белите рози симболизираат чистота, чесност и безгрешност. Жолтите рози може да бидат симбол на радост, но и неверување и љубомора. Розите без трнови може да ја означат љубовта на прв поглед. Кога жената ќе му поради на мажот црвена роза, розата станува симбол на лојалност. Портокаловите рози се симбол на копнеж и маѓепсаност, а виолетовите љубов на прв поглед. Темните, пурпурни рози се знак на желба за посебност и издвојување, додека сините, поради вештачкиот начин за добивање на нивната боја, се симбол на невозможното.rn

    Кринови

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnУкажуваат на бесконечната убавина, среќата, бесмртноста, чистотата и спасението. Често се среќаваат на свадбите па затоа, според симболика, означува избирање на саканата личност. Белиот крин значи невиност и чистота, жолтиот – измама, а виолетовиот – враќање во среќата.rn

    Бамбус

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnОва растение е симбол на лојалност и цврстина на бракот.rnrn

    Орхидеја

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnЗначи желбата за успех и посебност. Исто така, симболизира и љубов, убавина, романса и желба за интимност. Таа честопати им се подарува на болните и родилките за да им се посака брзо закрепнување. Исто така, таа ја претставува и желба да успеете во вашата кариера.rn

    Лалиња

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnСимбол на гордост и слава. Црвените лалиња се поврзуваат со љубовта, а жолтите со безнадежната љубов. Розите значат грижа, виолетовите – достоинство, а белите – збогување.rn

    Мимози

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnСимбол на сигурност и доверба, но исто така означуваат и луксуз и моќ. Тие се, исто така, и симбол на љубезност.rn

    Сончоглед

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnОвој цвет е симбол на сила, гордост, восхит и обожување. Може да значи и ароганција. Ако му го подарите овој цвет на некој близок, тоа означува подготвеност целосно да му се посветите нему.rn

    Љубичици

    rn

    Секој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тага

    rnСимбол на преданост и лојалност. Белите и виолетовите означуваат скромност.rn

    Хортензии

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnТие претставуваат срдечност и се подаруваат кога сакате да се помирите со некој со кој сте во конфликт. Исто така, на гробиштата честопати се носат хортензии кога се изразува сочувство.rn

    Кокичиња

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnКокичињата значат надеж, напредок и удобност. Кога сакате да му кажете некому да не губи надеж, подарете му кокичиња.rn

    Џунџулиња

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnСимбол на раѓањето, трпеливоста и практичноста.rn

    Гладиоли

    rnСекој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тагаrnrnНајчесто ја означуваат јачината на карактерот, но во никој случај не треба да им ги подарувате на најблиските.rn

    Цвеќиња кои не им се подаруваат на жените

    rnЦвеќињата кои немаат позитивно значење се бегониите кои означуваат црни мисли, лавандата која ја претставува недовербата, далијата што ја означува неизвесноста. Хризантемите се цвеќиња што се носат на гробиштата, но може да означат и љубов и вистина.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто носиме хризантеми на гробовите на нашите сакани?

  • За сите оние родени во 1960, 1970 и 1980 години: Како ли само преживеавме?

    За сите оние родени во 1960, 1970 и 1980 години: Како ли само преживеавме?

    Сите деца од улицата го возеа истиот велосипед. Се разбира, тоа беше „бемикс“ на кој често му се вадеше ланецот, па се обидувавме да го вратиме на место со валканите прсти. Немаше родители во близина да викаат „успори“, а и децата не носеа шлемови додека возеа.rnrnЗа сите оние родени во 1960, 1970 и 1980 години: Како ли само преживеавме?rnrnЗа време на летниот распуст излегувавме наутро и се враќавме доцна во вечерните часови. Речиси никој не може да се сети што направивме сето тоа време, само некои се сеќаваат: „долга магарица“, прескокнување јаже и ластик, стража и криенка, „плочка“, „дај царе војска“, џамлии, „камај“…rnrnКако што паѓаше мракот, нашите мајки нè повикуваа дома, но дури и тогаш не сакавме да се откажеме од бркотниците по улиците.rnrnНемаше мобилни телефони, никој нè бараше. Го јадевме овошјето што ќе го „украдевме“ искачувајќи се на високите гранки од вишните и јаболкниците на соседите.rnrnПаѓавме, добивавме скршеници, но никој не тужеше никого. Гребнатините од кои не течеше „многу“ крв беа игнорирани, сè заради играта. Знаевме дека ако се вратиме дома, нашите родители нема да дозволат да излеземе надвор до крајот на тој ден.rnrnЈадевме колачи, штрудли, сладолед, палачинки, но ниту едно дете не беше дебело затоа што постојано трчавме, скокавме, брзавме, се качувавме… Некои од нас пиеја вода или сок од истото шише, но никој не се разболе од тоа.rnrnНемавме Интернет, мобилни телефони, конзоли, 160 канали на кабловската телевизија, но имавме пријатели!rnrnЗа сите оние родени во 1960, 1970 и 1980 години: Како ли само преживеавме?rnrnСамо ќе излезевме и ќе ги најдевме. Немаше договарање однапред. Седевме на клупите во паркот, на гранките од дрвјата, на трупчиња и разговаравме за сè и сешто.rnrnАко сакавме да повикаме некого, ќе одевме до неговата врата, ќе тропневме или само ќе влезевме дома и ќе ги поканевме другарчињата на леб и мармалад.rnrnСе сеќавате ли? Сами во овој суров свет! Како ли преживеавме?rnrnСите играа фудбал, одбојка, но скоро никој не го практикуваше спортот професионално. Оние што не беа добри во спортот, научија како да се справат со разочарувањето.rnrnРечиси никој од нас ги немаше „сите петки“ на училиште, но имаше многумина кои не ја поминаа годината. Родителите не учеа и не пишуваа домашни задачи со нас.rnrnТатковците мудро велеа: „Ако имаш единица, сигурно си ја заслужил“, или „И тројката е за ученици“, или „Ако научиш ќе одбиеш петка!“…rnrnБевме подготвени на последиците. Немаше зад кој да се скриеме. Родителите секогаш беа на страната на наставниците. Ако направевме грешка, знаевме дека самите сме одговорни за последиците! Никој не нè бранеше, тоа беше познато.rnrnИмавме слобода да избереме, ако сакаме да учиме – да се запишеме на факултет. Родителите не се мешаа во нашите одлуки.rnrnСветот функционираше по поинакви правила и животот беше многу поедноставен. Ах, времиња!rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 8-те митови за животот на нашите баби во кои сè уште веруваме.

  • 15 мачки кои нè натераа да помислиме дека се храна

    15 мачки кои нè натераа да помислиме дека се храна

    Ако се прашувате зошто понекогаш сакате да ја „грицнете“ вашата мачката, го имаме одговорот. Понекогаш мачките се толку слатки, па не може да им одолеете. А, за нештата да бидат полоши, мачките понекогаш сакаат да спијат и седат во позиции во кои всушност личат на храна.rnrnАко сакате да дознаете што се случува кога ќе ги споите двете најдобри нешта во животот, како што се мачките и храната, погледнете ги овие фотографии кои ќе ве насмеат.rn

    1. „Мојата мачка личи на печена кокошка.“

    rn15 мачки кои нè натераа да помислиме дека се хранаrn

    2. „На мачките не им се допаѓаат портокалите, но не и оваа.“

    rn15 мачки кои нè натераа да помислиме дека се хранаrn

    3. „Задникот на мојата мачка личи на ролничка со цимет!“

    rn15 мачки кои нè натераа да помислиме дека се хранаrn

    4. Едно од овие кивија е послатко од останатите

    rn15 мачки кои нè натераа да помислиме дека се хранаrn

    5. „Мачкасан“ – Пронајдете ја разликата:

    rn15 мачки кои нè натераа да помислиме дека се хранаrn

    6. „Топена моцарела“

    rn15 мачки кои нè натераа да помислиме дека се хранаrn

    7. „Бурито со мачка“

    rn15 мачки кои нè натераа да помислиме дека се хранаrn

    8. „Мојата мачка личи на онаа на од пакувањето со грицки за неа.“

    rn15 мачки кои нè натераа да помислиме дека се хранаrn

    9. „Тој личи на крофна со чоколадни трошки кога спие.“

    rn15 мачки кои нè натераа да помислиме дека се хранаrn

    10. На овој маче не му треба тостер за вафли за да личи на закуска

    rn15 мачки кои нè натераа да помислиме дека се хранаrn

    11. „Мојата мачка спиеше меѓу моите нозе и тогаш се случи тоа… Силно се изнасмеав.“

    rn15 мачки кои нè натераа да помислиме дека се хранаrn

    12. Печеното „маршмалоу“ никогаш не изгледало толку симпатично

    rn15 мачки кои нè натераа да помислиме дека се хранаrn

    13. Векна леб со путер што мјаука

    rn15 мачки кои нè натераа да помислиме дека се хранаrn

    14. Десертот се послужува

    rn15 мачки кои нè натераа да помислиме дека се хранаrn

    15. Кога личите на печен компир

    rn15 мачки кои нè натераа да помислиме дека се хранаrnrnМожеби сакате да го запознаете Ернест, мачорот кој живее на фарма во Висконсин и сака да ги масира своите „крзнени пријатели“.

  • Откријте нешто ново за себе: Кое од овие 5 животни ве фасцинира најмногу?

    Откријте нешто ново за себе: Кое од овие 5 животни ве фасцинира најмногу?

    Можеби сте откриле лична поврзаност со одредено животно, но сè уште не ја знаете точната симболика, длабокото значење или целта? Дознавајќи го значењето на сте овие аспекти, можете да стекнете значителен увид за себе, вашата личност, вашите вештини или ситуацијата во која се наоѓате.rnrnДухот на животното ви носи значајни пораки и лекции ако слушате и знаете како да ги дешифрирате. Функција на вашето духовно животно е да ве води и да привлече внимание кон нешто што треба да се прифати и реши, или да ви ги покаже вештините што може да ги користите и понатаму и да ги развивате.rnrnОткријте нешто ново за себе: Кое од овие 5 животни ве фасцинира најмногу?rn

    Духот на животното може да ви помогне во овие области:

    rn

      rn 011

    • Аспектот на личноста што е веќе силно развиен или треба подетално да се истражува,
    • rn 011

    • Ситуацијата или опкружувањето во секојдневниот живот што има силен емоционален ефект,
    • rn 011

    • Животната насока што можеби ќе сакате да ја имате предвид.
    • rn 011

    • Важно е да го откриете животното за кое сметате дека е ваш заштитник и водач.
    • rn 011

    • Ако вашето тотемско животно не е на списокот или не сте сигурни, одберете едно од овие 5 најчести.
    • rn

    rn

    Волк

    rnОткријте нешто ново за себе: Кое од овие 5 животни ве фасцинира најмногу?rn

    Симболика на волкот:

    rn

      rn 011

    • Остра интелигенција, длабока поврзаност со инстинктите,
    • rn 011

    • Слобода,
    • rn 011

    • Изразено силна волја,
    • rn 011

    • Чувство на загрозеност, недостаток на доверба во некого или во себе,
    • rn 011

    • Позитивна симболика на духовното животно волк.
    • rn

    rn

    Карактеристики на волкот:

    rnПозитивните значења истакнуваат длабока поврзаност со нечија интуиција и инстинкти. Волкот може да се чувствува загрозен или да има недостаток на доверба во некого или во сопствените чувства или постапки. Овој дух на животното, исто така, рефлектира голема интелигенција во справувањето со важните проблеми.rnrnКога имате волк како тотем , тоа би можело да биде израз на вашата остра интелигенција и силни инстинкти. Волкот симболизира силна поврзаност со инстинктите и кога се појавува како водач, може да укаже на начинот на доживување и разбирање на светот околу себе.rnrnБез разлика дали волкот ви се појавува во физичка форма, во сон или во медитација, веројатно укажува дека ги користите вашите инстинкти и интуиција за добро да ја разберете ситуацијата. Неговата појава може да биде внатрешен повик да ги искористите овие особини за да се справите со предизвикот со кој неодамна се соочивте во животот.rnrnАко присуството на волкот ви создава чувство на загрозеност, обрнете внимание на тоа како вашата инстинктивна природа и грубите емоции може да ја загрозат вашата рамнотежа со луѓето околу вас. Вашето моќно животно можеби се појавува на тој начин за да ве предупреди за разорните инстинкти што му припаѓаат на некој околу вас.rnrnСилата на волкот или духот на животното укажува на апетит за слобода и страстен живот раководен од инстинкти. Кога волкот се манифестира со своето присуство како водич во вашиот живот, тоа би можело да биде повик да го живеете животот послободно и да вложите поголема страст во вашите секојдневно живеење.rnrnВолците се диви животни кои не се припитомуваат лесно и кога се појавуваат како духовни водичи, тие може да укажат на потребата на ја разберете вашата автентичност и вистинскиот израз на себе. Волкот како тотем е потсетник да го одржите вашиот животен дух и да им верувате на своите инстинкти за да го одберете патот што најмногу ви одговара.rnrnВашиот животински дух ве предупредува за соочувањето со лични ограничувања: можеби чувствувате дека сте биле премногу изложени на влијанието на некоја личност или ситуација и дека треба да ги отстраните или зајакнете емоционалните или физичките граници со таа личност. Волкот како духовно животно, исто така, може да ве потсети дека се соочувате со жестока конкуренција на работа или дека го сфаќате однесувањето на луѓето околу вас како соочување со „пакт волци“.rnrnБидејќи целокупното значење на духовното животно волк ја нагласува улогата на вашите инстинкти, ова животно како водич или тотем може да укаже на начинот на кој го живеете вашиот живот, односно, колку имате доверба или недоверба во вашите инстинкти и интуитивно водство. Бидете сигурни дека не се чувствувате загрозено од вашите сопствени инстинкти и чувства. Присуството на волкот како ваше животно би можело да го одрази вашиот внатрешен емотивен пејзаж и да ве направи свесни за своите чувства кон одреден проблем кој емотивно ве исцрпува.rn

    Був

    rnОткријте нешто ново за себе: Кое од овие 5 животни ве фасцинира најмногу?rn

    Симболика на бувот:

    rn

      rn 011

    • Интуиција, можност да се види она што другите не го гледаат,
    • rn 011

    • Присуството на бувот најавува промена,
    • rn 011

    • Способност да ги насетите измамите и маските,
    • rn 011

    • Мудрост,
    • rn 011

    • Традиционално, бувот како духовно животно го претставува гласникот на смртта, најверојатно симболично како животен пресврт, промена.
    • rn

    rn

    Карактеристики на бувот

    rnБувот е можеби најпознат по тоа што може да гледа во темница. Како духовно животно, бувот ќе ве натера да гледате зад превезот на измамата и илузијата – помага да согледате што се скрива од вас.rnrnИсто така, таа ја симболизира можноста да се надмине илузијата за да се види вистинското значење на нечии постапки. Кога бувот е едно од вашите духовни животни, вие имате силна интуиција и можете да пристапите до информациите и мудроста кои за други се недостижни.rnrnБувот е силен духовен водач со цврсто расудување и способност за донесување одлуки. Повикајте го тотемот на бувот кога треба да ја процените ситуацијата или кога минувате низ тешки времиња. Ако го имате бувот како тотем или духовно животно, веројатно сакате да го истражувате непознатото.rnrnНоќта за вас е особено поволно време за креативност, затоа најдобро е да одвоите време и да се фокусирате на сопствената креативна енергија. Тајните на животот се фасцинантно подрачје на ваш интерес.rnrnКога ќе се појави був во вашиот живот, слушајте и внимавајте на суптилните знаци околу вас. Вашиот животински духовен водич ви помага да внимавате на она што обично се прикрива, но е од особено значење. Бувот е, исто така, водич кој ги открива вашите скриени потенцијали и способности.rnrnБувот како духовно животно ја симболизира смртта во многу традиции. Во повеќето случаи, сепак, ова не треба да се сфаќа буквално: ако бувот е поврзан со смртта, тоа може да се смета како симболична смрт, што значи промена во животот, важен пресврт што се случува или ќе се случи.rnrnКога бувот ќе се појави во вашиот живот, обратете внимание на промените. Можеби ќе напуштите некои стари навики и ситуација кои повеќе не ви одат во прилог.rnrnПродолжете да читате понатаму на следната страница…rnrn

  • Еден пластичен хирург открива како денес би изгледале познатите актерки, кога природно би старееле

    Еден пластичен хирург открива како денес би изгледале познатите актерки, кога природно би старееле

    Во светот на славните, се чини дека часовникот отчукува поинаку, бидејќи дамите на црвениот тепих, на сцената и во филмовите изгледаат неверојатно убаво и се со младешки ликови иако се во своите 40-ти, 50-ти, 60-ти години… Не е баш како времето да застанало за нив и им се познава по некоја брчка, но секако изгледаат помладо од нас, обичните смртници кои се потпираат само на миењето на ладна вода, нанесување на ноќен крем и по некоја масажа на лицето.rnrnСе разбира, на сите ни е јасно дека не се сите природно наградени со младешки гени и не се како Хелен Мирен или Џуди Денч кои изгледаат во склад со возраста. Но, како би изгледале холивудските убавици кога не би им биле направени сите интервенции за младешки изглед? Пластичниот хирург од Лондон, д-р Џулијан Де Силва си поиграл со таа помисла. Тој пронашол стари фотографии пд пред 20 години на некои од славните актерки, ги вметнал низ софтверот „Future Face“ и открива како тие би изгледале денес. Резултатите се интересни…rn

    1. Џенифер Анистон

    rn

    На 21 година, 1990

    rnЕден пластичен хирург открива како денес би изгледале познатите актерки, кога природно би стареелеrn

    Како би изгледала денес?

    rnЕден пластичен хирург открива како денес би изгледале познатите актерки, кога природно би стареелеrn

    Како всушност изгледа:

    rnЕден пластичен хирург открива како денес би изгледале познатите актерки, кога природно би стареелеrn

    2. Џенифер Лопез

    rn

    На 29 години, 1998

    rnrn

    Како би изгледала денес?

    rnЕден пластичен хирург открива како денес би изгледале познатите актерки, кога природно би стареелеrn

    Како всушност изгледа:

    rnЕден пластичен хирург открива како денес би изгледале познатите актерки, кога природно би стареелеrn

    3. Никол Кидман

    rn

    На 32 години, 1999

    rnЕден пластичен хирург открива како денес би изгледале познатите актерки, кога природно би стареелеrn

    Како би изгледала денес?

    rnЕден пластичен хирург открива како денес би изгледале познатите актерки, кога природно би стареелеrn

    Како всушност изгледа:

    rnЕден пластичен хирург открива како денес би изгледале познатите актерки, кога природно би стареелеrn

    4. Рене Зелвегер

    rn

    На 30 години, 1999

    rnЕден пластичен хирург открива како денес би изгледале познатите актерки, кога природно би стареелеrn

    Како би изгледала денес?

    rnЕден пластичен хирург открива како денес би изгледале познатите актерки, кога природно би стареелеrn

    Како всушност изгледа:

    rnЕден пластичен хирург открива како денес би изгледале познатите актерки, кога природно би стареелеrnrnПогледнете ги и фотографиите за другите филмски ѕвезди на следната страница…rnrn