Историјата на градењето датира одамна во минатото. За тоа време, човечката потреба за градење се трансформира во архитектонска професија, а во тој процес привлече секакви ексцентрични, визионерски и тврдоглави поединци. Во продолжение ви споделуваме дел од најинтересните факти за архитектурата.rnrn
rn
Архитектурата некогаш била олимписки спорт
rnВо текот на првите четири децении од модерните Олимписки игри, доделени се 151 медали за музика, сликарство, скулптура, литература и архитектура. Освен тоа, основачите на меѓународниот олимписки комитет, сметале дека уметноста е суштински дел од натпреварувањето. Единствениот критериум кој требало да се исполни бил сите овие категории споменати погоре да бидат поврзани на некој начин со спортот.rn
Првиот облакодер во светот
rnЗградата на „Home insurance“,изградена во Чикаго во 1885 година, се смета за првиот вистински облакодер во светот. Во исто време, тој бил и првиот облакодер со челична конструкција. Висок 42 метри и распослан на 10 ката. Сепак, дури и да одите во Чикаго, овој облакодер нема да го видите денес, бидејќи бил срушен во далечната 1931 година.rn
Најбрзиот лифт во светот
rnСпоред најновите податоци, најбрзиот лифт во светот се наоѓа во Шангајската кула во Кина. Тој оди со неверојатна брзина од околу 70 километри на час. Споредете го тоа со брзината на првиот лифт, поставен уште во 1857 година, чија просечна брзина била околу 0,7 километри на час…rn
Понекогаш не е потребна диплома
rnЧовекот кој се смета за еден од најголемите и најважните архитекти на сите времиња, Ле Корбизје, немал формално архитектонско образование, односно не завршил Архитектонски факултет. Наместо тоа, читал и проучувал, скицирал згради и посетувал музеи. Навистина, човекот бил мултиталентиран!rn
За да се изгради Кинескиот ѕид било потребно подолго време отколку што постои христијанството
rnВремето е навистина нешто релативно. Идејата за единствен, обединет ѕид за заштита на Кина од напаѓачите започнала кога Чин Ши Хуанг, првиот кинески цар (221-206 п.н.е.) поврзал различни утврдувања изградени помеѓу 8 и 3 век п.н.е. Изградбата продолжила до 1878 година, што значи дека, вклучувајќи ги и првобитните утврдувања, изградбата траела околу 2500 години.rnrnОткако ги прочитавте овие занимливи факти за архитектурата, можеби ќе сакате да прочитате и дали иднината на архитектурата лежи во т.н. живи куќи.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr


rn





rn
rn
rn
rn
rn
rnrnОткако ги прочитавте занимливостите за Ватикан, можеби ќе сакате да прочитате и 
