КАФЕ ПАУЗА

Tag: занимливости

  • Интересни факти за серијата „Очајни домаќинки“

    Интересни факти за серијата „Очајни домаќинки“

    Серијата „Oчајни домаќинки“ започна да се емитува на 3 октомври 2004 година, а пред некој ден започна да се прикажува и последната сезона, осма по ред, од ова шоу кое постигна неверојатен успех. Креатор на шоуто е Марк Шери, кој искористил сегменти од својот живот за да ги креира ликовите кои се појавуваат во серијата.rnrnОчајните домаќинки: Бри ван де Камп (Марша Крос), Габриел Солис (Ева Лонгорија), Сузан Маер (Тери Хачер), Линет Скаво (Фелисити Хафман), придружувани од Иди Брит (Николет Шеридан) и Кетрин Мејфеир (Дејна Делани), се прекрасно сплотена екипа, а нивната приказна нараторски ја раскажува нивната пријателка Мери Алис (Бренда Стронг).rnrnСеријата постојано беше во врвот на најгледаните, особено во текот на прикажувањето на првите 3 сезони. Ова се само дел од најинтересните факти поврзани со самата серија и нејзините глумци и ликови.Интересни факти за серијата „Очајни домаќинки“1. На почетокот, шоуто им било понудено на телевизиите како женска комедија, но сите ја одбиле. Откако сценариото било малку нашминкано, а шоуто претставено како вечерна сапуница, веднаш било продадено.rnrn2. Марша Крос првично се пријавила за улогата на Мери Алис, но потоа ù била дадена улогата на Бри.rnrn3. Репликата на Бри кога нејзиниот син ù соопштува дека е геј, „Би те сакала дури и да беше убиец“, е истата реченица која му ја кажала мајката на креаторот на шоуто Марк Шери, кога тој ù го соопштил истото.rnrn4. Продуцентите мислеле дека глумецот Рикардо Чавира, е премногу млад  и недоволно изграден за да ја долови улогата на Карлос Солис, па така за малку немало да го ангажираат.rnrn5. На една обожавателка на шоуто толку многу ù се допаднал фустанот кој го носеше Ева Лонгорија (Габи) во пилот-епизодата од шоуто, што им пишала на продуцентите писмо во кое ги замолила да ù го кажат името на дизајнерот, за да може тој да ù го направи истиот фустанот за матура. Наместо тоа, продуцентите решиле да ù го испратат вистинскиот фустан, кој таа потоа го носела на матурската забава.rnrn6. Секоја епизода се снима 8 дена. Најчесто три дена се снима на отворено, а пет во студио.rnrn7. Ликот на Бри е базиран на мајката на креаторот Марк Шери. Најпрво улогата ù била понудена на Дејна Делани (Кетрин), но таа ја одбила три пати.rnrn8. Ева Лонгорија (Габи) е само три години постара од Џеси Меткалф (градинарот Џон). Сепак, во првата сезона е претставено како таа да има афера со малолетник.rnrn9. Николет Шеридан, која во серијата ја игра улогата на Иди, првично се пријавила за улогата на Бри, но продуцентите ù  кажале дека подобро се вклопува токму во ликот кој го играше таа.rnrn10. Улогата на Сузан Маер првично ù била понудена на Кортни Кокс (Моника од серијата „Пријатели“), но таа не ја прифатила бидејќи во тој момент била бремена.rnrn11. Покрај името „Очајни Домаќинки“, во игра биле и уште две имиња „Тајните на Вистерија Лејн“ и „Тајните животи на домаќинките“.rnrn12. Пред да го пишува сценариото за „Очајни домаќинки“, Марк Шери разговарал со својата мајка за неговото детство. Таа му раскажала дека растејќи ги него и неговите браќа, во поголемиот дел од времето сама, без нивниот татко, често ù предизвикувало чувство на „очај“. Токму од тука тој ја добил идејата да ја напише пилот-епизодата за оваа драматична серија.rnrn13. Животот на Линет Скаво е базиран на детството на нејзиниот креатор Марк Шери.rn——————————————————————————————————————————————————————— Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи кои не сте ги знаеле за спиењето

    Работи кои не сте ги знаеле за спиењето

    Спиењето е од суштинско значење за секое човечко и животинско битие. И покрај тоа што научниците сè уште не знаат сè за оваа состојба, сепак познати се многу работи поврзани со спиењето и со сонот. Ова се неколку интересни факти и занимливости поврзани со оваа секојдневна важна активност.rnrnРаботи кои не сте ги знаеле за спиењетоrnrn1. Кога спиеме мозокот ги „полни батериите“, клетките се обновуваат и во телото се ослободуваат многу важни хормони.rnrn2. Во текот на животот, во зависност од годините потребна ни е различна количина на сон, па така:rn

      rn011

    • На бебињата им се потребни 16 часа сон
    • rn011

    • На децата од 3 до 18 години – 10 часа
    • rn011

    • Лицата од 19 до 55 години препорачливо е да спијат по 8 часа
    • rn011

    • Лицата над 65 години – 6 часа
    • rn

    rnРаботи кои не сте ги знаеле за спиењетоrnrn3. Според истражувањата, мажите сонуваат за други мажи 70% од времето, додека жените сонуваат за двата пола подеднакво.rnrn4. Можеме да сонуваме само за лица кои веќе ги имаме некаде видено, без разлика колку ги паметиме.rnrn5. 12% од луѓето сонуваат во црно-бело. Овој процент бил многу повисок, сè до пронаоѓањето на телевизијата во боја.rnrn6. Сонувањето е нормална работа. Оние кои при спиењето не сонуваат, генерално имаат нарушена психичка состојба.rnrn7. Британските војници биле првите кои развиле метод за останување буден повеќе од 36 часа. Кога ќе им се приспиело, тие на очите ставале специјални визири кои ја имитирале светлината на сонцето која ги расонувала.rnrn8. Животни кои спијат најмалку:rn

      rn011

    • Жирафите – 2 часа на ден (на сесии од по 5-10 минути)
    • rn011

    • Срните – нешто повеќе од 3 часа на ден
    • rn011

    • Азиските слонови – нешто повеќе од 3 часа
    • rn

    rnРаботи кои не сте ги знаеле за спиењетоrnrn9. Животни кои спијат најмногу:rn

      rn011

    • Коалите – 22 часа во текот на денот
    • rn011

    • Кафените лилјаци – 20 часа во текот на денот
    • rn011

    • Мравојадите – 18 часа во текот на денот
    • rn

    rn10. Кога делфините заспиваат, само половина од мозокот им се исклучува. Другата половина останува будна за да го помага дишењето.rnrn11. Лицата кои се родени со загубен вид, исто така можат да сонуваат слики. Тоа се случува благодарение на другите сетила за звук, мирис, допир…rnrn12. Полесно е да го загубите животот со лишување од сон, отколку со лишување од храна. Без храна човекот може да издржи околу 2 недели, додека без сон ни 10 дена.rnrnРаботи кои не сте ги знаеле за спиењетоrnrn13. 5 минути по будењето, веќе сте го заборавиле половина сон. 10 минути покасно, 90% од него.rnrn14. Според истражувањата, на секои педесет тинејџери, еден сè уште мокри на спиење.

  • Магичниот свет на кафето

    Магичниот свет на кафето

    Во својата долгогодишна историја, кафето успеало да се пробие како светски најконсумиран пијалак, а на пазарот да биде веднаш зад нафтата. Најстарата легенда за откривањето на кафето, е онаа за козјото стадо на Етиопјанецот Кофа, а со текот на годините за кафето постепено се појавувале многу анализи, факти и занимливости. Ова се мал дел од купот кратки информации кои можат да ви бидат интересни и корисни.rnМагичниот свет на кафето1. Во 1763 година во Венеција имало повеќе од 200 продавници за кафе.rn2. Прототипот на првата еспресо машина бил направен во Франција во 1822 година.rn3. Во 1850 година, рачната мелница за кафе можела да се најде само во кујните на оние со подлабок џеб.rn4. Во 1900 година во САД, кафето се доставувало од врата до врата со помош на кочија придвижувана од коњи.rn5. Првата комерцијална еспресо машина била произведена во Италија во 1906 година.rn6. Во Италија зборовите, кафе и еспресо се синоними.rn7. За време на граѓанската војна во САД, зрната кафе биле главен оброк на војниците.rn8. Јапонија е трета земја по консумирање кафе. Само во Токио постојат повеќе од 10.00 места каде што можете да си набавите кафе.rn9. Кафето е најпопуларниот светски напиток во светот, од кој годишно се консумираат повеќе од 400 билиони шолји.rn10. Францускиот филозоф, Франсоа Волтер пиел по повеќе од 30 кафиња дневно.rn11. Во Италија постојат повеќе од 200.000 кафе-барови и штандови.rn12. Хаваите, се единствената држава во САД во која се одгледува кафе за комерцијални цели.rn13. Леденото кафе својата популарност ја стекнало во 1945 година во Јапонија.

  • Факти и занимливости за серијата „Доктор Хаус“

    Факти и занимливости за серијата „Доктор Хаус“

    Шоуто кое започна да се прикажува на 16 ноември 2004 година, уште во текот на емитувањето на првата сезона постигна вртоглава популарност. Гледаноста, само во САД, се движи во просек околу 15 милиони гледачи по епизода, а серијата се прикажува во повеќе од 60 земји, што во 2008 година ја направи најгледана во светот со околу 82 милиони гледачи. Успешноста на серијата според сите критики се базира на феноменалната глума на Хју Лори, која го направи легенда, но мора да се признае дека целата екипа одлично си ја врши работата. Ова се неколку интересни занимливости поврзани со серијата.Факти и занимливост за серијата „Доктор Хаус“rn

      rn011

    • За време на аудицијата на Хју Лори, за улогата на Грегори Хаус, продуцентот Дејвид Шор рекол „Ова е тоа што ми треба, прав Американец“. Во тоа време тој не знаел дека Хју е Британец.
    • rn011

    • Оваа серија е инспирирана од колумна во весникот „New York Times“, која прикажувала невообичаени медицински случаи.
    • rn011

    • Тројца од шесте членови на актерската екипа се леваци. Тоа се Кади, Формен и Вилсон.
    • rn011

    • За време на гостувањето во „The Tonight Show“ на 16 ноември во 2005 година, Лори признал дека пиел апчиња „Викодин“ кои создаваат зависност, за да го долови ликот на д-р Хаус.
    • rn

    rnФакти и занимливост за серијата „Доктор Хаус“rn

      rn011

    • Во 2009 година Хју Лори изјавил дека започнал да чувствува болка во ногата, поради долгогодишното доловување на хендикепот на неговиот лик.
    • rn011

    • Во секоја епизода, како можна дијагноза за болеста на пациентот се појавуваат саркоидоза или лупус. Сепак, досега во ниту една епизода не се случило да биде точна дијагнозата за една од тие две болести.
    • rn011

    • Таткото на Хју Лори бил доктор, па тој има изјавено дека чувствува малку вина што заработувал многу повеќе од вистинскиот доктор во фамилијата.
    • rn011

    • Џеси Спенсер (д-р Чејс) и Џенифер Морисон (д-р Камерон) во реалниот живот се во врска.
    • rn

    rnФакти и занимливост за серијата „Доктор Хаус“rn

      rn011

    • Сите надворешни сцени на болницата се снимки од универзитетите Јужна Каролина и Принстон, а всушност ниту една епизода не е снимена таму.
    • rn011

    • Продуцентот Дејвид Шор отсекогаш бил голем обожавател на популарниот карактер Шерлок Холмс и признал дека неколку аспекти на серијата се базирани на него. Зависноста на д-р Хаус од апчињата „Викодин“ се споредува со онаа на Холмс од кокаинот, рамнодушниот однос кон пациентите со односот на Холмс кон своите клиенти и неговиот однос со д-р Џејмс Вилсон се споредува со односот на Шерлок со д-р Џон Ватсон.
    • rn

  • Интересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #1

    Интересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #1

    Луѓето кои пијат кафе повеќе уживаат во сексот и почесто го имаат од оние кои не пијат.rnrnИнтересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #1rnrnЛуѓето кои пишуваат со десна рака најчесто ја џвакаат храната на десна страна, а леваците џвакаат на лева.rnrnИнтересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #1rnrnВозможно е да не плачете додека лупите кромид, доколку истовремено џвакате и мастика.rnrnИнтересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #1rnrnСокот од боровинки ја зајакнува меморијата.rnrnИнтересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #1rnrnЗеницата на окото се проширува за 45% кога гледаме во нешто кое ни се допаѓа.rnrnИнтересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #1rnrnДецата на шест годишна возраст се смеат просечно по 300 пати на ден, а возрасните само 13 пати.rnrnИнтересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #1rnrnЛуѓето и делфините се единствени суштества кои имаат секс за задоволство.rnrnИнтересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #1rnrnМорските ѕвезди немаат мозокrnrnИнтересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #1rnrnПовеќе калории се убиваат во текот на спиењето, одошто при гледањето телевизија.rnrnИнтересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #1rnrnПрв производ кој имал бар код се мастиките Вриглис.rnrnИнтересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #1rnrnВенера е единствената планета која ротира во насока на стрелките на часовникот.rnrnИнтересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #1rnrnКонсумирањето јаболко наутро има поголем ефект во освестувањето од кафето.rnrnИнтересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #1rnrnПрашината во вашиот дом во најголем дел се создава од мртвите ткива на кожата.rnrnИнтересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #1rnrnСите досегашни американски претседатели носеле очила за гледање, само некои од нив не сакале да бидат видени со нив во јавност.rnrnИнтересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #1rnrnВолт Дизни се плашел од глувци.rnrnИнтересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #1rnrnПрочитајте го и вториот дел.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.