КАФЕ ПАУЗА

Tag: занимливости

  • 15 фотографии кои се топли исто колку и пролетното сонце

    15 фотографии кои се топли исто колку и пролетното сонце

    Не се сите денови подеднакво убави. Некои од нив се навистина бескрајни и досадни, па понекогаш навистина ни е потребен момент исполнет со позитивни емоции. Сигурни сме дека овие фотографии ќе ве расположат и ќе ве потсетат дека има добрина во светот.rn

    1. Момче решило да направи матурски фустан за својата сестра

    rn15 фотографии кои се топли исто колку и пролетното сонцеrnrnЕдна девојка од Филипините немала матурски фустан затоа што нејзините родители не можеле да си го дозволат тоа. Нејзиниот брат го дизајнирал фустанот, купил материјали и ја претворил својата соба во работилница. Еве го резултатот:rnrn15 фотографии кои се топли исто колку и пролетното сонцеrn

    2. Кога не ви се потребни изговори:

    rn15 фотографии кои се топли исто колку и пролетното сонцеrn

    3. Едно семејство организирало забава по повод 13-тиот роденден на нивното куче. Погледнете само колку е среќно тоа за настанот и за неговата нова играчка:

    rn15 фотографии кои се топли исто колку и пролетното сонцеrn

    4. Пожарникар спасил 5 луѓе и мачка. Тимот за спасување морал да се потруди за да ја врати во живот.

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by МЧС Москвы (@mosmchs) on

    rnrn

    rnrn

    5. „Ова сум јас кога ја видов сопругата на денот на нашата свадба. Мојата помала сестра претходно ме немаше видено како плачам.“

    rn15 фотографии кои се топли исто колку и пролетното сонцеrn

    6. „Влегов во нечиј двор за да завртам и оваа поларна мечка трчајќи дојде за да ми ја покаже својата топка!“

    rn15 фотографии кои се топли исто колку и пролетното сонцеrn

    7. „Сестра ми немаше билет за церемонијата за доделување на дипломите, но не знаеше дека јас доаѓам за да одиме заедно.“

    rn15 фотографии кои се топли исто колку и пролетното сонцеrn

    8. „Ова е Арета, спасена крава. Ги лижеше моите нозе со јазикот, а потоа заспа. Душичка.“

    rn15 фотографии кои се топли исто колку и пролетното сонцеrn

    9. „97 години подготовка… Дедо ми ги однесе своите „деца“ во Дизниленд“.

    rn15 фотографии кои се топли исто колку и пролетното сонцеrn

    10. Оваа книжарница знае како да привлече клиенти

    rn15 фотографии кои се топли исто колку и пролетното сонцеrn

    11. Подарок

    rn15 фотографии кои се топли исто колку и пролетното сонцеrnrnОва момче денеска повторно ја доби назад полнетата мачка која ја изгубил пред 3 години, која ја добил од неговиот починат татко. Ова е тој во моментот кога ја отвора кутијата, полн со емоции. Ова им значи премногу на него и на неговата мајка.rn

    12. Публика

    rn15 фотографии кои се топли исто колку и пролетното сонцеrnrn„Бев на прошетка и видов еден човек свиреше на виолина пред публика составена од 2 патки. Се сомневам дека некогаш ќе видам нешто толку чисто и убаво повторно во мојот живот.“rn

    13. Полицаец прави селфи со својот партнер и пријател. Тие двајца изгледаат навистина кул.

    rn15 фотографии кои се топли исто колку и пролетното сонцеrn

    14. Освежување

    rn15 фотографии кои се топли исто колку и пролетното сонцеrnrn„Во моментов сите се подготвуваме за нашите завршни испити, а некој го оставил ова на влезот од библиотеката на Универзитетот.“rn

    15. Не го вознемирувајте лилјакот

    rn15 фотографии кои се топли исто колку и пролетното сонцеrnrnМожеби сакате да ги погледнете и овие 16 фотографии од природата што изгледаат како нешто друго.

  • Од пченкарен кочан до сунѓер: Што сè некогаш се користело наместо тоалетна хартија?

    Од пченкарен кочан до сунѓер: Што сè некогаш се користело наместо тоалетна хартија?

    Иако секојдневно го користиме и е првото нешто кое луѓето го земаат во ситуација како сега, со  пандемијата, ретко се поставува прашањето што би правеле доколку не се измислела тоалетната хартија во средината на 19 век.rnrnОд пченкарен кочан до сунѓер: Што сè некогаш се користело наместо тоалетна хартија?rnrnДипломат од Блискиот исток ја посетил Кина во древните денови и напишал: „Тие не се особено внимателни во однос на хигиената и не се мијат со вода откако ќе одат во тоалет, но се бришат со хартија“.rnrnЗа оние кои потекнуваат од култура каде имаат навика да се мијат со вода по користење на тоалетот, употребата на хартија била шокантна. Така, еден од најстарите почетоци на употребата на она што денес ни е задолжително средство за хигиена биле во Кина во VI век, кога богатите луѓе користеле нешто како сноп хартија за секојдневна потреба.rn

    Тоалетната хартија потекнува од Рим

    rnЗа време на владеењето во династијата Сунг, царот донел одлука да биде обезбедена хартија со ширина од околу 60 см за неговите потреби во бањата.  Тоа било првпат кога тоалетната хартија била официјално забележана да се користи од страна на император. Иако денес не ни помислувате на тоа, употребата на тоалетната хартија и како таа настанала го следи развојот на општеството, а нејзините корени потекнуваат од античкиот Рим.rnrnВо тоа време популарни биле јавните тоалети, а посетителите не користеле хартија туку терсориум, сунѓер на стап, кој се чувал во солена вода или оцет кога не се употребувал. Често овој сунѓер се распарчувал, а не ретко се користел и погрешниот крај на стапчето, што доведувало до инфекции, па дури и до смрт.rnrnСенека ја раскажува приказната за германскиот гладијатор од 65 година п.н.е. кој се самоубил баш со таа четка за да се спаси од ужасната судбина која го чекала во Колосеумот. Необично било и во античка Грција, каде исто така се користел сунѓер на стап, кој се нарекувал ксилоспангиум, но префериран метод бил со парче керамика наречен песои. Парчињата се користеле со стругање, и историчарите процениле дека за просечно бришење биле потребни три парчиња.rnrnВообичаено било физолошките потреби да се задоволат надвор, и само оние одбраните членови во општеството можеле да го користат тоалетот со можност за измивање.rnrnСе верува дека најстарите форми на тоалет во светот се наоѓаат во минојската палата Кносос во Крит, каде можат да се видат нивните остатоци стари 4000 години. Членовите на кралското семејство седеле на дрвено седиште над глинен сад, кој се чистел со вода која се влевала во камена канализација.rnrnВо античка Јапонија, користеле метален уред наречен чуги кој личел на јазичен депресор (уред за чистење на јазик) за да ги исчистат сите места кои се тешко достапни. На Блискиот Исток, користеле проточна вода и левата рака за да го насочат протокот на вода таму каде што е потребно, а потоа, по употребата, внимателно и темелно ја миеле раката.rn

    Крпи кои се переле и пченкарен кочан

    rnВо Европа било вообичаено да се користат крпи кои се перат и се користат повторно, но многу од нив завршиле во канализацијата така што не е можно да се знае колку пати се користеле пред да бидат фрлени. Во Америка, вообичаено се користел изронат кочан од пченка. Тоа било многу популарен метод, бидејќи бил лесно достапен и изненадувачки мек и флексибилен.rnrnТоалетот со измивање бил измислен во 1596 година, додека пак првата тоалетна хартија била произведена во 1857 година. Тогаш американскиот пронаоѓач Џозеф Гајети започнал со продажба на првата терапевтска хартија богата со алое вера. 500 парчиња од оваа хартија се продавале за 50 центи. Во почетокот, била претставена за медицинска потреба наменета за луѓе кои се борат со хемероиди.rnrnСтанала многу популарна, така што луѓето почнале да користат сè што било слично, а што можеле да најдат. Каталозите и публикациите биле омилени, а се користеле и парчиња мов, крзно, дури и школки, осебно остриги. Иако Гајети бил горд на неговиот изум, тој бил запишан како неуспешен. На крилата на неговиот изум, многу други се обиделе да ги претстават своите хартии на пазарот.rnrnНе успеале, сè до 1867 година, кога браќата Томас, Едвард и Кларенс Скот успешно пласирале на пазарот хартија во ролна, каква што и денес се користи. Хартијата почнала да се појавува во весниците па во 1942 година во Велика Британија била претставена и мека, двослојна тоалетна хартија.rn

    Започнале со додатоци

    rnОд тој момент до денес многу се работело за развој на совршен производ, се спроведувале истражувања за проценка на големината, тежината, отпорноста, грубоста и.т.н. Така, на пример, дошло до додавање на алое вера во хартијата.rnrnКвалитетот на производот зависел од сето наведено, а помеката хартија се состоела од неколку слоеви. Ја збогатувале и со ласиони и кремови кои давале мекост и одреден мирис. Често на неа се наоѓале и некој принтови и сликички кои оставале впечаток и посебна карактеристика на она што сите го користиме, а што воопшто не е луксузно.rnrnРазлики постојат секако и во цената, која особено варира баш кај таквите посебни тоалетни хартии. Денешната потреба за тоалетна хартија не е променета, а купувачите ја избираат според една од сите значајни карактеристики, мекоста. Цената на меката хартија се менувала со тек на годините, а особено голема разлика имало во 20 век, откако се вселила во сите бањи. Таму ќе остане засекогаш, или се додека не се појави некој посовремен изум кој како сунѓерот на стап ќе ги револуционизира нашите основни човечки потреби.rnrnМожеби сакате да прочитате и кои 12 нешта што не би требало да ги фрлате во тоалетната школка.

  • Азиските деца се најздрави на планетата: Еве зошто!

    Азиските деца се најздрави на планетата: Еве зошто!

    Овие методи, кои се применуваат во азиските земји, лесно може да се применат и кај нас за да се зачува здравјето на децата.rnrnАзиските деца се најздрави на планетата: Еве зошто!rn

    1. Ги спречуваат децата да читаат одблизу

    rnВо Кина има специјални држачи кои ги спречуваат децата да бидат преблизу до книгата и со тоа да читаат од безбедно растојание. Овие држачи значително ја подобруваат положбата на телото додека седат.rnrnАзиските деца се најздрави на планетата: Еве зошто!rnrn rn

    2. Вежба за очите

    rnВо Кина, учениците во основно и средно училиште се упатуваат на вежби за очи кои имаат за цел подобрување на циркулацијата на крвта и релаксација на мускулите на очите. Вежбите се состојат од 6 сесии кои вклучуваат масажи на пределот околу очите и обично се прават двапати на ден.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by mermermer🎈🎈 (@zzzmermerzzz) on

    rnrn

    rnrn

    3. Испитите се полагаат надвор

    rnПовеќето писмени испити се спроведуваат надвор. Од оваа практика има 2 придобивки: го спречува препишувањето, бидејќи студентите се многу далеку едни од други додека седат, а да не зборуваме за здравствените придобивки. Сонцето и свежиот воздух дополнително го намалуваат стресот поради испитите.rn

    4. Децата носат хируршки маски цело време

    rnВо Јапонија, основна култура е човекот кој има вирус или е алергичен на полен, прашина и сл. да носи маска во јавност. Со тоа го спречуваат вирусот да се шири наоколу и ја намалуваат можноста за зарази на другите околу себе.rn

     5. Часови во живо

    rnАко времето е нестабилно, часовите се изведуваат преку Интернет. Од удобноста на нивниот дом, децата ги следат лекциите во живо, додека се максимално заштитени од поплави, пожари, снег и други непогоди.rn

    6. Мали порции здрава храна

    rnВо Јапонија, училиштата им служат на учениците оброци со намалена количина, главно со голем број на продукти како оризот, зеленчукот и месото. Не постои главен оброк, како кај нас. Во Јапонија, сè е насочено кон локалното производство, па и храната е од локалните пазари.rn

    7. Се ценат активностите на отворено

    rnКампувањата и секаквите други видови активности на отворено се пожелни. Азиските земји веруваат дека децата и возрасните треба да бидат што е можно подолго на отворено за да им се подобри менталното здравје.rn

    8. Пешачењето е пожелно

    rnДецата повеќе пешачат до училиште отколку што користат јавен превоз. Се повеќе Азијци инсталираат аликации за броење на чекорите и пешачат што е можно повеќе. Тоа е единствената форма на рекреација и луѓето го искористуваат максимумот.rn

    9. Борбата против зависноста од Интернет е важна

    rnДецата редовно се следат за навремено да се спречи зависноста од Интернет и од игри. Оние на возраст под 16 години се спречени да сурфаат на Интернет по полноќ со закон.rn

    10. Децата имаат одговорности

    rnВо Јапонија децата имаат обврски кои редовно и добро ги исполнуваат. Така учат да се грижат за себе.rnrnМожеби сакате да прочитате и 10-те совети што вредат злато кои треба да им ги кажете на децата пред да тргнат во училиште.

  • Еве како ќе живееме по коронавирусот: Ништо повеќе нема да биде исто!

    Еве како ќе живееме по коронавирусот: Ништо повеќе нема да биде исто!

    Откако ќе заврши пандемијата, со сите нејзини ефекти врз здравјето на луѓето и економијата, ќе се навикнеме на новата состојба, која ќе ја сметаме за нормална.rnrnЕве како ќе живееме по коронавирусот: Ништо повеќе нема да биде исто!rnrnНаучникот Грег Брајден претпоставува дека нашите животи ќе изгледаат поинаку и ќе бидат потребни одредени јасни промени – во општеството, бизнисот (економијата) и начинот на живот на секој од нас.rnrnНа крајот на краиштата, начинот на кој функционираше светот досега е целосно неодржлив, потенцира Брајан.rnrnПо короната, ќе живееме повеќе локално. Па, сè што досега набавувавме од светот, ќе го набавуваме во некое тесно, локално подрачје, без разлика дали станува збор за храна, лекови или извори на енергија.rnrnНо, благодарение на тоа, повеќе ќе ја цениме нашата заедница и обичниот човек.rnrnТоа ќе биде предизвик, но секако предизвик за кој вреди да се живее. Во извесна смисла, ќе се роди новиот човек.rnrnОстанува да се види како ќе нè промени искуството од коронавирусот.rnrnОстанете смирени и оптимистички настроени, но запомнете дека треба да се заштитите и да го зајакнете имунитетот.rnrnМожеби сакате да прочитате и за храната што ќе ви помогне во зајакнувањето на имунитетот за време на коронавирусот.

  • Што покажува редоследот на раѓање за вашиот љубовен живот?

    Што покажува редоследот на раѓање за вашиот љубовен живот?

    Заљубувањето не ви е одредено од ѕвездите, тоа е одредено со вашето раѓање.rnrnШто покажува редоследот на раѓање за вашиот љубовен живот?rnrnКога станува збор за романтични врски, сите имаат карактерни црти кои веднаш се забележуваат и привлекуваат. Без разлика дали станува збор за премногу самоуверено момче или тајно романтичен тип, тешко е да се одреди што ги прави овие особини на личноста толку привлечни.rnrnНо, вашиот карактер и тоа како и во кого се вљубувате, има многу голема поврзаност со редоследот на вашето раѓање и улогата што ја играте во семејството, а тоа го навестува видот на врска што ќе ја имате во иднина.rnrnВилијам Кејн, автор на книгата „The Birth Order Book of Love“ („Редослед на раѓање, книга за љубовта“), напоменува дека вашата личност е директно поврзана со тоа како комуницирате со другите луѓе. Ова има смисла бидејќи први луѓе со кои се поврзувате во животот на емотивно ниво се вашите браќа, сестри и родители.rn

    Доколку сте првородени…

    rnВие сте природно роден лидер и можете да ја преземете контролата врз секоја ситуација. Провородените се сметаат за стереотипно посигурни, поамбициозни и повредни од помладите браќа и сестри и со право е тоа така. Ова значи дека сте многу сигурни во вашата врска и сте професионалци кога станува збор за планирање.rn

    Доколку сте второ дете…

    rnНе се плашите да го следите текот на нештата, но понекогаш сте тврдоглави (особено кога станува збор за чување тајни). Средните деца се совршени партнери затоа што се многу флексибилни, што може да се препише на искуството во справување со нивните постари и помлади браќа и сестри.rn

    Доколку сте последнородено дете…

    rnСакате да бидете во центарот на вниманието и понекогаш сте малку бунтовни. Како бебе во вашето семејство, навикнати сте сè да правите по свое, што значи дека може да бидете малку тврдоглави кога сте во врска. Последнородените деца се поспонтани, но со помала веројатност да бидат контролирани.rn

    Доколку сте единствено дете…

    rnНе само што сте одговорни, вие сте, исто така и многу објективни. Многу сте зрели и сериозно пристапувате кон партнерот.rnrnИако вашиот успех во врските е дефинитивно под влијание на тоа кој е вашиот редослед на раѓање, исто така треба да се напомене дека за да имате успешна и среќна врска, треба да бидете подготвени да се вложите во неа. Комуницирајте, бидете отворени и запомнете дека во врската сте вклучени и двајцата.rnrnМожеби често гледате 111? 333? Тоа се ангелски броеви и низите имаат значење.

  • 16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвезди

    16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвезди

    Сите одлични актери немаат посетувано училиште за глума. Шарлиз Терон сакала да биде балерина, но добила филмска улога кога била забележана како се расправа со вработен во банка. Хоакин Феникс завршил во „Tinseltown“, откако настапувал на улица за да го издржува своето семејство. Многу други актери како нив, станале важен дел од Холивуд благодарение на нивниот природен талент.rnrnСледниве славни личности докажале дека не секогаш се потребни часовите по глума за да се стане супер ѕвезда во Холивуд.rn

    1. Том Круз

    rn16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвездиrnrnТом сакал филмови и еднаш бил вклучен во претстава која му го променила животот на подобро. Тој се преселил во Њујорк за да стане актер и 6 месеци подоцна, тој добил улога во филмот „Taps“. Во 1990 година тој беше еден од најплатените актери во светот, но остана скромен.rn

    2. Џим Кери

    rn16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвездиrnrnЏим Кери имал доста чудно воспитување. Кога бил тинејџер, живеел во комбе со семејството и оттогаш сонувал да има успешна кариера. Се откажал од школување кога имал 16 години, за да го издржува семејството и се појавувал на аудиции за многу мали улоги. На крај, добил улога во ТВ шоу наречено „Живот во боја“, каде што и „процветала“ неговата кариера. Потоа му следувале многу поголеми улоги и немал потреба да потроши ни денар на часови по глума.rn

    3. Мег Рајан

    rn16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвездиrnrnДодека била дел од новинарскиот свет во Њујорк, таа започнала да оди на аудиции за реклами и ТВ серии. Била дел од рекламите за „Бургер Кинг“ и „АИМ“ паста за заби. И додека нејзината кариера била во подем, таа го прекинала студирањето еден семестар пред да заврши, за да биде дел од игран филм. Никогаш не добила формална едукација за глума.rn

    4. Камерон Диаз

    rn16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвездиrnrnНекогаш, познатиот фотограф Џеф Дунас и се доближил на Диаз за да ја праша кој е нејзиниот агент. Кога таа одговорила дека нема агент, Дунас и ја подарил неговата визит-картичка и ѝ рекол да го побара, откако ќе добие агент. Таа станала манекенка преку агенцијата за модели „Elite“, а потоа играла и мали улоги. 4 години подоцна, таа добила голема улога во „Маска“.rn

    5. Џони Деп

    rn16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвездиrnrnДеп се преселил во Калифорнија за да стане музичар. Таму, негова прва работа била телефонски агент и продавал пенкала преку телефон. Додека ја работел оваа работа, неговиот пријател Николас Кејџ го запознал со неговиот агент. Подоцна, Деп добил улога во „Кошмар на улицата Елм“. Тој никогаш не следел формална настава во училиште за глума.rn

    6. Хоакин Феникс

    rn16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвездиrnrnФеникс е актер, продуцент, музичар… Тој и неговите браќа и сестри биле улични изведувачи за да го издржуваат семејството. Тогаш, сите биле забележани од агентот Ирис Бартон, кој ги вклучил во реклами и ТВ емисии. Хоакин направил пауза откако починал неговиот брат Ривер Феникс.rnrnНеговото враќање му го посветил нему, со многу блокбастер филмови за кои освоил „Оскар“ и многу други престижни награди, како најдобар актер во „Џокер“.rn

    7. Кристијан Бејл

    rn16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвездиrnrnБејл го напуштил училиштето кога имал 16 години и ја започнал својата кариера снимајќи реклами, што и го навело да снима филмови. Тој е познат по неговите легендарни улоги како Бетмен во филмот „Темниот Витез“, но тој е препознатлив и по својот уникатен начин на глума. Спремен е да направи драстични промени кај себе за да ја одигра својата улога на најдобар можен начин.rn

    8. Расел Кроу

    rn16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвездиrnrnКроу стана познат играјќи го Максимус во филмот „Гладијатор“, кој му донесе и „Оскар“. Ја добил првата шанса поради семејните врски со филмскиот свет. И тој се откажал од училиште кога имал 16 години, за да стане актер. Неговата посветеност му донела некои навистина добри филмови како „Гладијатор“, „Прекрасен ум“, и многу други.rnrnПродолжете да читате на следната страница…rnrn

  • Што навистина значи доколку жолтата е вашата омилена боја?

    Што навистина значи доколку жолтата е вашата омилена боја?

    Жолтата боја е една од најмалку омилените бои во светот. Значи, кога ќе прашате некого, „Која е вашата омилена боја?“, многу ретко се случува да добиете одговор „жолта“. Но, всушност, овој одговор може да каже многу за личноста и она што го кажува е најчесто добро. За малкумината кои ја сакате оваа боја, издвоени се неколку интересни сознанија кои ќе ве изненадат.rnrnrnrnСподелуваме со вас сè што оваа боја кажува за вас, за да можете да бидете горд вљубеник во жолтата боја.rn

    1. Уживате во учењето и споделувањето знаење

    rnШто навистина значи доколку ваша омилена боја е жолтата?rnrnЛуѓето кои ја издвојуваат жолтата боја како нивна омилена боја, уживаат во учењето и споделувањето на нивното знаење со други луѓе. Тоа не се однесува секогаш на некое специфично знаење, туку на некои тривијални или чудни информации. Вие сакате да бидете паметни и да научите што е можно повеќе.rn

    2. Имате многу среќа

    rnШто навистина значи доколку ваша омилена боја е жолтата?rnrnВие секогаш имате среќа, не затоа што животот ви е совршен, туку затоа што сте позитивна личност која е во потрага по среќата и затоа што секогаш се обидувате да ја видите чашата половина полна. Се трудите да ја видите светлата страна од нештата и да извлечете максимум од ситуацијата.rn

    3. Вие сте како сонце

    rnШто навистина значи доколку ваша омилена боја е жолтата?rnrnАко сте „луди“ по жолтата боја, луѓето често ве споредуваат со сонцето бидејќи сте „светли“, позитивни и во постојана потрага по среќата. Нема облаци и лошо време кога сте во близина. Ова се случува затоа што секогаш се трудите да ја видите добрата страна на секоја ситуација во која се наоѓате, па затоа вие сте оние со насмевка на лицето во секое време.rn

    4. Вие сте многу комуникативни

    rnШто навистина значи доколку ваша омилена боја е жолтата?rnrnАко ви е жолтата боја омилена, значи дека најверојатно сте многу комуникативна личност која ужива во предизвиците. Не ви е проблем да се дружите. Запознавањето со нови луѓе и разговорот со нив е нешто што го правите со леснотија, па дури и ако сте срамежливи.rn

    5. Динамични сте, но внимателни

    rnШто навистина значи доколку ваша омилена боја е жолтата?rnrnАко сметате дека сте вљубеник во жолтата боја, вие сте динамична личност, но тоа не значи дека не сте внимателни. Вие правите пресметки и не донесувате одлуки без детално да анализирате. Понекогаш може да бидете импулсивни, но се обидувате да се заштитите што е можно подобро, за да можете да уживате во сите прекрасни работи што животот ги нуди.rn

    6. Забавни сте!

    rnШто навистина значи доколку ваша омилена боја е жолтата?rnrnЛуѓето кои уживаат во жолтата боја обично се забавни и многу весели. Може да сте познати како „кловнови“ во групата бидејќи секогаш сте весели и сјаете. „Останете позитивни“ е вашето мото. Вие сте забавни и тоа е навистина одлично затоа што луѓето уживаат во ваша близина додека вие зрачите и правите сè да биде добро.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто жените ја мразеа оваа боја, но сфатија дека не се во право, а оваа нијанса ќе ви даде побогат изглед.rnrn 

  • Нарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снегот

    Нарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снегот

    Денот на нарцисот во многу земји традиционално е посветен на заболените од карцином. Постојат многу други интересни нешта поврзани со цветот што симболизира нов живот и надеж.rnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrn1. Нарцисот е цвет од родот нарциси. Постојат 2 теории за потеклото на името. Според првата теорија, нарцисот е именуван по грчкиот збор нарко (затруен, зашеметен) затоа што цветот содржи супстанција која има наркотичен ефект. Друга популарна теорија е дека овој цвет го носи името на Нарцис од грчката митологија, млад човек кој се вљубил во сопствениот лик гледајќи во неговиот одраз на површината од водата.rnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrn2. Нарциот е многу отпорен цвет. Веднаш штом пролетта ќе се најави, тој брзо се појавува. Го сака сонцето, но не сака многу вода.rnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrn3. Според едно старо верување, за среќа треба секогаш да се дарува букет нарциси, а дарувањето на само еден цвет треба да се избегнува затоа што носи несреќа.rnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrn4. Постојат околу 30 оригинални подвидови на нарциси, а дури 13.000 хибриди создадени од човекот. Нарцисите се обично жолти или бели, но меѓу новите хибридни видови има и портокалови и со розова боја.rnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrn5. Цветот на нарцисот не треба да се консумира бидејќи содржи токсични материи. Тоа е одбранбен механизам кој предизвикува животните да го заобиколат. Поради овие состојки не е препорачливо да ги чувате нарцисите долго во вазна, бидејќи тоа ќе ви наштети. Можете да ставите само нарциси во вазна во првите 24 часа за да го намалите ефектот на нивните отровните состојки, а потоа да додадете и други видови цвеќиња во вазната.rnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrn6. Нарцисот содржи и лековити материи. Тие се користеле како лек против болки во античката медицина. Ефектот на нарцисот во превенцијата и третманот на Алцхајмеровата болест и карциномот е тестиран со децении. Екстрактот од нарцис се користи и во козметиката, на пример, во лосионите за чистење на чувствителна кожа.rnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrn7. Во Велика Британија, нарцисот е симбол на 10-годишнината од бракот.rnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrnМожеби сакате да прочитате и дека секој цвет има некое значење, некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тага.

  • 14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробате

    14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробате

    Додека луѓето сè уште дискутираат за влијанието на глутенот врз здравјето, се докажува дека лебот е изненадувачки корисен во домот, дури и без да се јаде! Може да ви помогне да престанете да плачете додека сечкате кромид, а лебот е и природен производ за чистење во домот.rnrnЗа да ве инспирираме, ги наведуваме сите можни примени на лебот, покрај неговата консумација. Немојте да го фрлате вашиот стар леб. Можеби нема да го изедете, но секогаш е добра идеја да имате неколку парчиња на дофат поради следниве 14 причини:rn

    1. Отстранете ги спиците кои ви се набоделе под кожа

    rn14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробатеrnrnНе се обидувајте да ја допирате вашата кожа со игли или пинцети. Ставете малку зовриена вода на парче леб и оставете да се излади доволно за да може да се допира. Ставете го на повредената област и покријте со завој или чиста крпа. Топлата вода ја омекнува кожата околу спицата која останала под кожата, па лебот ќе ја извлече додека се лади и се суши. Лесно е!rn

    2. Освежете ги вашите стари слики

    rn14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробатеrnrnМекиот дел од лебот има одлична текстура која му овозможува лесно да навлезе во ситните вдлабнатини и резби. Ова е одлична можност кога станува збор за чистење површини со многу детали, како што се старите слики. Поминете лесно со парче свеж леб по сликата и ќе видите колку прав и нечистотија таа има насобрано. Доколку забележите трошки, користете мека четка за да ги отстраните.rn

    3. Ослободете се од дамките

    rn14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробатеrnrnСунѓерестата текстура на лебот е, исто така, неверојатна за чистење дамки. Направете цврста топка од леб без кора и користете ја за отстранување на дамки во кујната или бањата. Се употребува како гума за бришење и нема потреба да се грижите за хемикалиите во производите за чистење!rn

    4. Заборавете на солзите додека сечкате кромид

    rn14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробатеrnrnОва можеби изгледа смешно, но е интересно! Ставете парче бајат леб во устата, оставајќи мал дел од лебот надвор од усните. Причините поради која течат солзи при сечкањето кромид се сулфатите што се ослободуваат при негово дробење. Лебот го апсорбира овој гас и создава свеж воздух.rn

    5. Нека тортата остане свежа подолго време

    rn14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробатеrnrnАко кој било производ се изложи на отворено, ја губи својата текстура и ќе се расипе со тек на време. Но, лебот може да направи штит помеѓу вашата торта и воздухот! Покријте го исечениот дел од тортата со парче бајат леб и ќе ја задржите свежа подолго време.rn

    6. Неутрализирајте го лошиот мирис од зеленчукот

    rn14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробатеrnrnВоздухот, исто така, влијае и на вашиот  лиснат зеленчук, дури и кога тој стои во фрижидер. Ставете парче леб во садот во кој го чувате зеленчукот. Ова ќе помогне тој да не се расипе брзо, а  го елиминира и мирисот на скапано.rn

    7. Безбедно соберете ги парчињата скршено стакло

    rn14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробатеrnrnВолнената ткаенина ќе ви помогне да ги соберете ситните парчиња стакло од скршената чаша, а и лебот има слична текстура. Користете го мекиот дел од лебот како памучна топка и исчистете го местото каде се скршило стакло со поминување преку површината.rn

    8. Направете природен третман на стапалата

    rn14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробатеrnrnКога станува збор за природен третман на стапалата, комбинација од јаболков оцет и леб може да направи чуда. Киселите својства на оцетот помагаат за навлажнување на исушена и испукана кожа. Додека пак, порозната структура на лебот ќе остане влажна подолго во споредба со памук или обичната крпа. Оставете ја смесата преку ноќ и покријте ги стапалата со пластични кеси и чорапи. Ќе се разбудите со помека кожа на стапалата, особено на вашите пети.rn

    9. Отстранете го вишокот маснотии од храната

    rn14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробатеrnrnЛебот лесно ја апсорбира течноста. Поради тоа е совршен за јадење. Исто така, тој е корисен и за работите што не сакате да ги јадете! За да ја намалите маснотијата од супата, сосот натопете го лебот директно со маснотиите. Тој лесно ќе ги апсорбира, па потоа може да ги фрлете.rn

    10. Ги отстранува маснотиите и од ткаенините!

    rn14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробатеrnrnЛебот ги впива и овие маснотии. Само нежно притиснете со малку леб на намрсеното местото на ткаенината и почекајте некое време. Потоа само исперете.rn

    11. Освежете го исушеното мачмалоу

    rn14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробатеrnrnШтом мачмалоуто го изгуби мекиот изглед, тоа нема да го има истиот вкус. Но, постои едноставно решение за да му ја вратите свежината. Ставете парче леб во кесата со мачмалоу да отстои неколку денови. Откако ќе забележите дека се свежи, извадете го лебот.rn

    12. Отстранете го вкусот на изгорено од препечениот ориз

    rn14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробатеrnrnНемојте да го фрлате оризот, иако е изгорен. Најпрво ослободете се од проблематичниот дел и потоа врз остатокот ставете парче леб за да го отстрани мирисот. Никој нема да забележи!rn

    13. Исчистете го блендерот и другите апарати кои тешко се чистат

    rn14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробатеrnrnТрошките од леб ќе достигнат и до местата до кои едноставно е невозможно да стигнете со вашиот сунѓер. Сомелете парчиња леб во блендерот и тоа ќе направи чудо собирајќи ги остатоците од прав кои се во апаратот. Потоа испразнете го садот и исплакнете. Тоа е сè!rn

    14. Исчистете ги дамките од ѕидот

    rn14 начини на поинаква употреба на лебот кои вреди да ги испробатеrnrnМрсните прсти и нечистите детски раце ќе ги извалкаат вашите ѕидови. Можете да се обидете да ги исчистите со сунѓер, но може да останат траги и со текот на времето да се смени бојата на вашите ѕидови. Исчистете го белиот дел од лебот и нечистотиите ќе исчезнат без никаков траг.rnrnМожеби сакате да прочитате и која храна треба да ја избегнувате за да спречите развој на вирусите?

  • Природата создала птица како од бајките, се чини како да доаѓа од рајот

    Природата создала птица како од бајките, се чини како да доаѓа од рајот

    Популарната изрека: „Животот не е розов“, не важи за овој мал борец. Ова мало „виножито со крилја“ има толку уникатни бои, што без сомнение е едно од најубавите и најшарените птици!rnrnПриродата создала птица како од бајките, се чини како да доаѓа од рајотrnrnСекогаш е добро да внесете уште малку боја во вашите животи, затоа сметаме дека оваа раскошна птица ќе го стори токму тоа.rnrnПриродата создала птица како од бајките, се чини како да доаѓа од рајот rnrnОвој вид птици со бели веѓи живеат во Кина, во Тијан Шан и Хималаите, но може да се сретнат и во шумите. Имаат сини пердуви со костенлива капа , розови пердуви на стомакот и веѓи кои преливаат во сиви или бели. Мажјаците имаат поживописни бои од женките. Тие тежат помеѓу 6 и 8 грама и се од 8,5 до 10 сантиметри долги.rnrnПриродата создала птица како од бајките, се чини како да доаѓа од рајот rnrnОвие птици од видот Leptopoecile sophiae не само што се убави, тие се исто така, многу учтиви, бидејќи звуците кои ги испуштаат звучат како „sirrrr“ (господине). „Волшебниците со бели веѓи“ живеат во парови кога им е сезоната на парење, но при крај на оваа сезона, тие живеат во јата од 25 или повеќе птици. Тие се хранат со многу разновидна храна која се состои од мали инсекти и пајаци, но и мали количини на бобинки и семиња во есен и зима.rnrnПриродата создала птица како од бајките, се чини како да доаѓа од рајот rnrnЗа среќа, на овие шарени птици не им се заканува истребување, што веројатно е резултат на нивните добро прикриени гнезда или пак поради малиот број на предатори во нивните места на гнездење.rnrnПриродата создала птица како од бајките, се чини како да доаѓа од рајот rnrnПриродата создала птица како од бајките, се чини како да доаѓа од рајот rnrnПриродата создала птица како од бајките, се чини како да доаѓа од рајот rnrnМожеби сакате да ги погледнете и овие фотографии што ќе ви го подобрат расположението бидејќи ова се 10-те најслатки животни во светот.