КАФЕ ПАУЗА

Tag: врски

  • 3 работи кои никогаш не треба да ги правите ако сакате да заведете или да задржите момче

    3 работи кои никогаш не треба да ги правите ако сакате да заведете или да задржите момче

    Сигурно барем еднаш сте биле во врска во која сè било во ред, за на крајот да заврши болно. Она што е болно за многу жени е што не знаат која е причината за крај. Тие вложиле многу во врската, и на крај биле оставени. Ако сте биле во ваква ситуација, сигурно сте си поставувале многу прашања. Но дали знаете дека е возможно вие несвесно да сте ја уништувале вашата врска? Без разлика колку вашето момче (сегашно или идно) е привлечено од вас, овие 3 работи можат многу лесно да му го променат мислењето.rnrnraboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-ako-sakate-da-go-zavedite-ili-da-go-zadrzhite-vasheto-momche-kafepauza.mkrn

    1. Не однесувајте се како негова мајка

    rnМажите почнуваат врски бидејќи сакаат љубовници, а не мајки. Тие бараат партнер, а не родител. Штом ќе почнете да го управувате секое негово движење и да го потсетувате на работите кои треба да ги прави, големи се шансите да престане да ве сака. Ова сценарио е многу често во врските. Жените сметаат дека имаат право да го следат секое движење на нивниот партнер и сакаат да знаат што прави во текот на целиот ден. Ова е знак за емоционална несигурност и води кон „мајчинско“ однесување од кое мажите бегаат.rn

    2. Немојте да бидете негов психолог

    rnЖените се обидуваат да го протолкуваат однесувањето на мажите. Се обидуваат да ја разберат нивната перспектива, и уште полошо, се обидуваат да ги „поправат“ мажите и да го променат нивното однесување. Тие сакаат да контролираат и често прават планови дури и за животот на нивните партнери. Важно е да знаете дека не можете да ги „поправите“ мажите. Не им е потребен психолог и не им е потребно вашето разбирање. Тие само сакаат да ги прифатите. Тие не ви ги кажуваат нивните проблеми за да им ги решите. Едноставно им е потребно да ги ислушате без судење. Мажите ќе се променат само ако сметаат дека тоа ќе ги направи посреќни и подобри.rnrnНа жените многу често не им е јасно зошто нивниот партнер не сака да се промени. Или пак чудно им е зошто партнерот се променил кога бил толку добар на почетокот на врската. Вистината е дека мажите го покажуваат најдоброто од нив на почетокот. Па уште тогаш обрнете внимание на ситниците кои малку ви пречат. Имајте на ум дека по некое време тие ситници може да станат голем проблем. Ако не можете да се справите со нив на почетокот, нема да можете ни подоцна во врската.rn

    3. Немојте да му бидете последна шанса

    rnДали вашиот партнер ве бара само кога му е потребно нешто? Дали е добар и ви обрнува внимание само кога бара нешто, како на пример секс? Дали ве посетува само кога има слободно време, откако ќе ги заврши другите обврски? Дали се поврзува со вас само во одредено време, кога му е здодевно? И најважно од сè, дали вам ви е добро со овој третман и дали му дозволувате да се извлече со тоа однесување?rnrnАко одговорот е да, тогаш вие сте неговата последна шанса. Вие сте личноста кон која оди кога му е здодевно или кога му е потребна помош. Ако мислите дека ова е начин да го задржите партнерот и да го натерате да ве „сака“ бидејќи секогаш сте овде за него, грешите.rnrnМажите нема да ве почитуваат ако не се почитувате самите. Како ќе ве сакаат ако вие не се сакате? Ако се однесува со вас на овој начин, подобро ќе ви биде без него. Исто така ова однесување може да биде знак за насилство во иднина.rnrnНекои сметаат дека привлечноста е само на површината. Но привлечноста е важен дел од секоја здрава врска. Кога нема привлечност помеѓу партнерите, врската полека умира.rnrnПогледнете и кои се грешките кои ги прават жените во љубовните врски.

  • Бидете со некој кој ги прави овие 13 работи за вас

    Бидете со некој кој ги прави овие 13 работи за вас

    Немојте да се помирувате со врска која не ве прави среќни. Немојте да бидете со партнер кој не ве цени и не ви го нуди она што ви е потребно. Немојте да прифатите врска со личност која не ги прави овие 13 работи за вас.rnrnbidete-so-nekoj-koj-gi-pravi-ovie-13-raboti-za-vas-kafepauza.mkrn

    1. Ја знае важноста на вашето присуство

    rnОдберете го оној кој повеќе ја цени убавината на вашите очи отколку екранот на телефонот. Некој кој прв ви пишува порака. Бидете со некој кој не се плаши да ве држи за рака и кој не чека совршен момент. Некој кој го помни секој детаљ за вас, без разлика колку е мал.rn

    2. Не се плаши од тешкотиите кога станува збор за вас

    rnБидете со некој кој не е уморен дури и ако треба да вози со часови за да ве види. Бидете со некој кој има трпението долго да бара подарок за вас бидејќи сака да биде совршен. Некој кој ве става на прво место, дури и ако тоа значи дека треба да си го промени распоредот.rn

    3. Го знае значењето на посветувањето

    rnБидете со некој кој не се плаши да биде со вас, кој не се преправа дека е сингл и на кој не му е потребен резервен план ако не успее со вас. Бидете со личност која е доволно посветена за паметно да ги донесува одлуките.rn

    4. Го вади најдоброто од вас

    rnБидете со некој кој не ве споредува со други. Кој ви дава комплименти дури и кога не сте средени. Бидете со некој за кого не ви е потребна шминка да го импресионирате, бидејќи тој не сака да ве промени. Најдете личност која го цени секое делче од вас и која ве охрабрува.rn

    5. Носи радост во вашиот живот

    rnБидете со некој со кого секогаш имате тема за разговор. Некој кој ќе ве насмее и кога ви е тешко. Бидете со некој со кого можете да имате долги разговори каде што не треба да размислувате за што би разговарале следно.rn

    6. Се грижи за вас

    rnНајдете личност која ќе биде со вас и во добро и во зло. Некој кој ќе сака да се грижи за вас кога сте болни и кој ќе сака да знае дали безбедно сте стигнале дома. Бидете со некој кој ќе се грижи за вас дури и кога сте во навистина лоша состојба. Бидете со некој кој нема да се плаши ако работите тргнат на лошо.rn

    7. Сака да ги решите вашите проблеми

    rnБидете со личност која е доволно зрела да ги сподели и да ги реши проблемите. Личност која не молчи и не ја влошува ситуацијата. Најдете личност која ги знае своите граници и која го почитува вашиот избор дури и во конфликт. Бидете со личност која сака да се прилагоди, личност која има разбирање и не бега од проблеми.rn

    8. Не се плаши да ве прифати пред сите

    rnБидете со личност која е доволно искрена да ве претстави како партнер пред семејството и пријателите. Личност која сака да ве прегрне само за да им покаже на другите дека сте заедно. Бидете со некој кој ќе се гордее со вас. Некој за кого не сте опција туку вистинскиот избор.rn

    9. Личност која е доследна

    rnНајдете личност која навистина ќе се труди. Некој кој ќе ви помага кога ќе има потреба од тоа. Бидете со некого што мисли за вашите потреби дури и пред неговите. Некој кој ги има на ум вашите сексуални потреби и не се фокусира само на сопственото задоволство.rn

    10. Некој кој е искрен со вас

    rnБидете со некој кој не се плаши да ги покаже своите емоции, дури и ако тоа значи дека треба да заплаче пред вас. Бидете со некој кој ги искажува своите емоции без страв дека ќе го судите. Некој кој е искрен со вас. Нема тајни, нема скриени вистини.rn

    11. Прави да се чувствувате посебни

    rnБидете со некој кој прави да се чувствувате како најубавата личност и кој секогаш ви дели комплименти. Дури и кога сте во соба полна со луѓе, тој ве гледа само вас, сака да биде блиску до вас и сака да знаете колку всушност сте му важни.rn

    12. Размислува за иднина со вас

    rnБидете со некој кој гледа иднина со вас. Некој кој е сериозен и кој сака да се смири со вас. Личност која размислува за брак исто колку и вас. Некој кој сака да го помине остатокот од животот со вас. Бидете со некој кој размислува за иднината исто како и вие.rn

    13. Ве сака

    rnБидете со некој кој е посветен и сериозен за вашата врска. Некој кој го кажува она што навистина го мисли. Бидете со некој кој прави да се чувствувате како да сте единствената личност за него. Некој кој смета дека животот му е празен без вас.rnrnПогледнете и како да ја пронајдете љубовта што ќе трае.

  • Како ќе го изгубите момчето кое никогаш не ве ценело?

    Како ќе го изгубите момчето кое никогаш не ве ценело?

    На почетокот ќе му дозволите да ве третира како резервен план, како втор избор. Нема да го барате дури и кога ќе му бидат потребни денови за да ви одговори. Нема да се жалите кога во последен момент ќе ви откаже. Нема да сакате да изгледате премногу приврзани или очајни, па ќе си молчите. Нема да му одржувате лекции и да почнувате сцени.rnrnkako-kje-go-izgubite-momcheto-koe-nikogash-ne-ve-cenelo-kafepauza.mkrnrnНа почетокот ќе внимавате колку често му викате дека ви недостига и колку често го каните на пијачка бидејќи не сакате да го избркате. Не сакате да го исплашите.rnrnКолку и да ги мразите овие игри, сепак ќе ги играте. Нема да му кажете колку всушност се грижите. Се обидувате да се забавувате. Нема да го прашате како се чувствува за вас, ниту пак да барате да го запознаете неговото семејство. Ќе бидете трпеливи. Ќе им дозволите на работите сами да се одвиваат.rnrnНо еден ден ќе сфатите дека ви е доста. Предолго сте флертувале. Предолго сте пишувале пораки. Многу долго сте си испраќале мешани сигнали. Ќе ви биде потребен знак дека и тој се грижи за вас. Ќе ви биде потребно да се посвети бидејќи долго време сте чекале врска и сметате дека треба работите да станат официјални. Ќе мислите дека чекате предолго. Ова е моментот кога ќе го изгубите.rnrnЌе го изгубите кога ќе почнете да очекувате да ги стигне вашите стандарди. Кога ќе очекувате да ви напише порака секое утро. Кога ќе очекувате да одите на љубовен состанок секој викенд. Кога ќе очекувате да ве претстави како негова девојка.rnrnЌе го изгубите кога ќе го замолите да ви биде верен и да престане да им се додворува на други девојки.rnrnЌе го изгубите кога ќе признаете дека сакате нешто сериозно. Кога ќе му кажете да биде ваше официјално момче. Ќе го изгубите кога ќе го замолите да ве третира со истата почит со која го третирате и вие. Ќе го изгубите кога ќе побарате вистинска врска бидејќи тој никогаш не бил заинтересиран за припитомување. Тој само сакал да ве третира како негова девојка без обврските. Го сакал вашето внимание, комплименти, бакнежи, но никогаш не сакал да се врзе. Не сакал да ви даде ништо за возврат. Само сакал да зема.rnrnЌе го изгубите бидејќи тој нема да сфати колку е среќен што имал шанса со вас. Бидејќи повеќе сака да си ги држи опциите отворени отколку да биде со девојка која ќе му го направи животот целосен.rnrnПогледнете и кои се разликите помеѓу вистинската љубов и привлекувањето.

  • Хороскопски знаци кои чекаат некој друг да го направи првиот чекор

    Хороскопски знаци кои чекаат некој друг да го направи првиот чекор

    Начинот на кој луѓето почнуваат врска не зависи само од нивниот знак, туку и од Венера, планетата на љубовта и врските, Марс, планетата која диктира како луѓето преземаат акција, па дури и Меркур, планетата на комуникацијата. Па поради ова секој знак си има силни и слаби страни кога станува збор за врските. Од друга страна пак, само затоа што некој не го прави првиот чекор, не значи дека нема моќ или автономија во врската. Со овие 3 знаци најверојатно ќе треба да го направите првиот чекор, но штом ќе го направите тоа, тие ќе имаат многу да ви кажат.rnrnhoroskopskite-znaci-koi-chekaat-nekoj-drug-da-go-napravi-prviot-chekor-kafepauza.mkrn

    Рак

    rnРаковите премногу внимателно им приоѓаат на сите ситуации. Ако сте заинтересирани за некој Рак, мора вие да го направите првиот чекор. Немојте да бидете премногу нападни кога ќе се обидувате да го заведете бидејќи може да го исплашите. Но може и да станете здодевни, па Ракот да се тргне од вас. Најдобриот начин да го направите првиот чекор е да ги прашате дали е во ред да ги бакнете во вистинскиот момент. Ако добиете потврден одговор бидете нежни и бавни.rn

    Близнаци

    rnНа почетокот на врската можеби вие ќе бидете најпривлечни за нив, но Близнаците сигурно ќе флертуваат и со некој друг. Тие сакаат кога луѓето умираат за нивното внимание и нема да го направат првиот чекор. Дури и кога ќе им кажете дека сакате сериозна врска, можно е да бидат отсутни уште некое време. Но ако ги запознаете подобро, ќе сфатите дека и Близнаците сакаат да бидат сакани. Бидете опуштени и почекајте тие сами да се вратат кај вас.rn

    Скорпија

    rnВрската со Скорпиите е како навистина долга партија шах. Ако прерано го направите првиот чекор, ќе ги изгубите сите фигури уште пред да почне играта. Скорпиите имаат потреба да контролираат, но нема да ви се отворат ако не се сигурни дека се безбедни. Исто така тие никогаш нема да започнат разговор за сериозна врска бидејќи навистина се плашат од одбивање. Ако сакате да бидете со Скорпија, потребно е да го направите првиот чекор со тоа што ќе ѝ покажете дека сте достапни. Потоа направете да мисли дека всушност таа ви пристапила вам. На овој начин ќе мисли дека контролата е во нејзините раце.rnrnДознајте зошто немате среќа во љубовта според вашиот хороскопски знак.

  • Како би изгледале состанувањето и врските во иднината?

    Како би изгледале состанувањето и врските во иднината?

    Дали некогаш сте се прашувале кои од технологиите кои ги гледаме во филмовите би станале дел од секојдневниот живот? Технологијата навистина ќе ни го олесни животот, а веќе сме сведоци на тоа. Денес имаме производи за кои само можевме да сонуваме пред 10 години. Бидејќи напредокот на технологијата има влијание во секој аспект од нашите животи, погледнете како би изгледале врските и состанувањата во иднина.rn

    1. Направи за виртуелна реалност

    rn(1)kako-bi-izgledale-vrskite-i-sostanuvanjeto-vo-idnina-kafepauza.mkrnrnЗамислете си дека разговарате со некоја девојка, и одеднаш таа почнува да ве провоцира. Девојките знаат да го прават ова за да ги тестираат реакциите на мажот. Таа чека одговор кој ќе одлучи за нејзината иднина. Се разбира, секој од нас сака малку помош за да го направи разговорот пријатен. Гугл, Епл, и некои други компании работат на направи кои ќе ја направат виртуелната реалност дел од нашите животи. До 2040 година ќе можеме да користиме очила, контакти леќи и што уште не кои ќе ни помогнат во интеракцијата и врските со другите.rn

    2. Далечинско бакнување

    rn(2)kako-bi-izgledale-vrskite-i-sostanuvanjeto-vo-idnina-kafepauza.mkrnrnДали сте на бизнис патување и навистина ви недостига партнерот? Сега ќе можете да го бакнете кога и да посакате. Оваа направа постои и денес. Нејзината цел е симулација на бакнеж со партнерот кој е далеку. Направата има посебни сензори, па чувството би требало да биде навистина реално. Засега е направен само прототип, но експертите се убедени дека во иднина ќе постојат не само направи за бакнување, туку и за интимна симулација.rn

    3. Виртуелно состанување со сите сетила

    rn(3)kako-bi-izgledale-vrskite-i-sostanuvanjeto-vo-idnina-kafepauza.mkrnrnДенес истражувачите ја разгледуваат можноста за виртуелно состанување во кое ќе бидат вклучени сите сетила. Значи ќе нема потреба да го напуштите вашиот дом или кревет за да отидете на состанок. Ќе можете дигитално да ги симулирате вашите чувства и емоции преку посебни направи. Оваа технологија ќе им помогне на луѓето да наоѓаат партнер на најефикасниот начин. Можеби звучи чудно, но сигурно и луѓето од минатото би сметале дека нашите денешни навики за состанување се чудни.rn

    4. Состанување со костими

    rn(4)kako-bi-izgledale-vrskite-i-sostanuvanjeto-vo-idnina-kafepauza.mkrnrnЗголемената популарност на маскирањето ќе го зголеми играњето улоги во врските. За да направат пауза од секојдневниот живот, многу луѓе одат на вакви собири и стануваат дел од вакви заедници. На овие настани тие можат да станат личности кои не се во реалниот свет. Па ако сте Супермен, со кого би сакале да се состанувате? Група програмери направиле веб-сајт кој ги спојува луѓето според нивните интереси и според тоа во кој измислен универзум би сакале да живеат. Во иднината, маскирањето и играњето улоги ќе станат уште пораспространети.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Заслужувате повеќе од некој кој само го троши вашето време

    Заслужувате повеќе од некој кој само го троши вашето време

    Времето е важно, но тоа никогаш не го земаме предвид, особено кога станува збор за врските. Зборуваме за тоа дека нема да брзаме, како тоа да е златното правило на состанувањето – непочитување и неискреност едни кон други.rnrnzasluzhuvate-povekje-od-nekoj-koj-samo-go-troshi-vasheto-vreme-kafepauza.mkrnrnДури и најмалку да изгледа како некој да ги брза работите, одма почнуваат да ни „свират аларми“. Разговорот за значењето на врската ја претвора другата личност во дух. Ако поставувате прашања тоа е како да носите знак околу вашиот врат на кој пишува дека премногу барате, премногу сте зависни и сте нетрпеливи, нешта кои не се атрактивни.rnrnПа си го прегризувате јазикот и не правите ништо иако секојдневно се допишувате, редовно одите на состаноци па дури и спиете заедно, иако не знаете на каде се движи врската. Страв ви е да следите што се случува бидејќи денес најважно е да се гледа во моментот, а не премногу напред кон иднината. Се дружите колку што можете подолго , мислејќи дека таа „врска“ сепак се движи кон нешто сè додека друга личност не си замине без збор.rnrnМоже да биде лесно да заглавите во бескраен круг и никогаш да не поставувате прашања. Лесно е да се движите од една личност кон друга надевајќи се дека ќе најдете некаква поврзаност. Може да биде навистина страшно да прашате каде води сето тоа бидејќи може да не ви се допадне одговорот.rn

    Заслужувате повеќе од некој кој само го троши вашето време

    rnКога намерите не ни се јасни, не можеме да обвиниме никој освен самите себе. Ако одбивате да бидете искрени за тоа што го сакате од другата личност, не можете да ја обвинете неа што не чита мисли. Сепак, ако сакате вистинска врска, а другата личност очигледно не го бара тоа, соочете се со фактите и заминете си. Не е важно колку е неверојатна таа. Не е важно колку ве привлекува. Она што е важно е вашето срце и она низ што минува за некој кој е само заинтересиран за една ноќ.rnrnМоже да биде забавно, и тоа ви е јасно. Не мора да се преправате дека сеќавањата не се прекрасни. Може да било неверојатно кога сте поминувале време заедно и кога сте се чувствувале како да сте важни. Може да биде возбудливо да се движите со текот на настаните и да не прашувате прашања за утре. Но ова е во ред сè додека не почнете да се прашувате за апстрактната ситуација која не знаете ни како да ја наречете. Вие ќе се фиксирате само на него/неа додека тој/таа си ги истражува неговите опции. Може да биде забавно, сè додека не е.rnrnВо ред е да сакате вистинска врска. Не барате премногу и не сте луди што сакате нешто сигурно и реално, без разлика како се чувствувате.rn

    Во ред е да сакате некого со исто мислење

    rnИсто така не сте луди затоа што сакате одговори. Ако личноста со којашто се гледате не сака сериозна посветеност, и тоа е во ред. Не е во ред да се преправа дека сака нешто само за да ве задржи. Не е во ред да ве врти во круг и да се надева дека ќе го промените мислењето. Не е во ред да прави да се чувствувате како да барате премногу кога ќе поставите прашање само затоа што не сака да одговори.rnrnАко личноста со која што се гледате ви дава повеќе изговори наместо одговори, повеќе причини наместо посветеноста која ја барате, тогаш должни сте на самите себе да си заминете. Без разлика колку може да биде болно, имајте на ум дека ќе биде уште поболно со секој изминат ден кога ќе знаете дека всушност не сте вистински заедно. Без разлика колку се грижите за него/неа, важно е да знаете дека не можете да седите и да се надевате дека нешто ќе се случи. Вие заслужувате подобро. Должни сте на самите себе да не поминувате време со некој кој само го троши вашето.rnrnПогледнете ги и фазите низ кои минува секоја успешна врска.

  • 10 причини зошто на модерните мажи им е тешко да се справат со силните жени

    10 причини зошто на модерните мажи им е тешко да се справат со силните жени

    Силните жени поминале низ многу во текот на нивниот живот. Тие можат да ја издржат болката, да ги надминат тешкотиите од минатото и да останат независни дури и кога се на работ да изгубат сè. Без разлика со колку неправда и несреќа се соочиле, тие никогаш нема да зависат од некој друг. Па на многу мажи им е тешко да се справат со овие жени. Погледнете зошто.rnrnzoshto-na-mazhite-im-e-teshko-da-se-spravat-so-silnite-zheni-kafepauza.mkrn

    1. Силните жени не се дами во неволја

    rnПовеќето мажи сакаат да бидат херои за нивните партнерки со тоа што ќе ги спасат или ќе им помогнат. Но на силните жени не им е потребен маж да се бори за нив и да ги спасува. Тие сами ги победиле своите битки и знаат како да се справат со нив. Па ако некоја силна жена е со ваков маж, нема да ѝ биде премногу грижа бидејќи таа нема потреба од него.rn

    2. Искреноста е клучната особина која ја бараат силните жени

    rnМажите често чуваат тајни и знаат да излажат. Многу жени се помируваат со ова бидејќи го сакаат нивниот партнер. Но, силната жена ја цени искреноста. Таа сака нејзиниот партнер да биде искрен како неа. Без разлика колку го сака партнерот, таа никогаш нема да се двоуми да го напушти ако тој ја лаже.rn

    3. Не е лесно да излажете силна жена

    rnСилните жени лесно ги препознаваат лагите. Па ако мажот се обидува да ја измами, речиси сигурно нема да успее во тоа. А како што веќе кажавме, овие жени не толерираат лаги. Ако еден маж сака да ја задржи силната жена во неговиот живот, мора да биде искрен со неа.rn

    4. Тие се фокусирани и знаат што сакаат во животот

    rnПовеќето мажи се склони кон тоа да ги контролираат изборите на нивните партнерки. Најчесто го прават тоа давајќи им совети што да прават. Но силните жени знаат што сакаат во нивниот живот. Ним не им е потребно одобрување за тоа. Она што тие го прават е апсолутно нивна одлука. Мажите кои сакаат да контролираат нема да можат да ја издржат врската со овие жени.rn

    5. Силните жени се интензивни

    rnМожеби не физички, но силните жени се навистина интензивни кога станува збор за нивната емоционална и интелектуална интимност. Токму оваа страст може да им претставува проблем на повеќето мажи. Тие може да се чувствуваат срамежливо или пак да сметаат дека не се доволно страсни колку нивната партнерка.rn

    6. Потребен им е маж од кој секогаш ќе имаат поддршка

    rnСилните жени немаат потреба од маж од кој ќе зависат, но исто така не сакаат и маж кој ќе зависи од нив. Тие не можат да бидат во врска со таква личност. Совршениот партнер за силните жени е маж кој ќе ги поддржува и кој е силен и независен како нив.rn

    7. Силните жени се многу посветени

    rnОвие жени ја ценат посветеноста исто колку и искреноста. Штом се во врска, тие го даваат најдоброто од себе и се секогаш лојални кон партнерот. Но ако не го добиваат истиот третман од страна на партнерот, веднаш ќе ѝ стават крај на врската.rn

    8. Не чекаат одреден маж

    rnЗа силните жени љубовта сама си доаѓа. Тие не ја бараат, туку дозволуваат таа да ги пронајде. Ако некој се обидува да си игра со нив за да се вљуби, тие ќе си заминат. Тие се доволно храбри да покажат интерес за некого, но ќе се вљубат само ако неговите чувства се искрени. Тие се свесна дека животот е доволно голем за истражување.rn

    9. Силните жени се страсни

    rnВо овие жени гори вистинска страст. Тие имаат големи соништа и сакаат да го истражуваат светот. Па потребно е многу енергија и посветеност за да се справите со нив. Овие жени станале силни бидејќи се соочиле со сите предизвици и сепак се успешни. Ако на партнерот му недостигаат овие вештини, таа ќе побара некој друг.rn

    10. Силната жена има длабок увид

    rnНа силните жени не им е страв да ја кажуваат вистината за партнерите бидејќи не им е страв дека ќе изгубат нешто. Многу мажи не можат да се справат со овие вистини и тешко им е да ги прифатат. Ова ја огорчува врската и не им овозможува да ја сакаат силната партнерка.rnrnБез разлика колку е тешко да се справите со силна жена, тие се можеби најреткиот вид. Нивните квалитети ги прават навистина скапоцени. Тие се независни, посветени и страсни. Тие донесуваат стабилност во животот на нивните партнери. Па ако сте маж кој е вљубен во ваква жена, сакате ја, разберете ја и нема да зажалите.rnrnАко се жените со силна жена, би требало да ги знаете и овие работи.

  • 7 знаци дека се присилувате да го сакате вашето момче

    7 знаци дека се присилувате да го сакате вашето момче

    Присилувањето да сакате некого не е секогаш очигледно, а звучи и малку смешно. Но сепак ова се случува премногу често. Можеби мислите дека никогаш нема да ви се случи вам, но верувајте дека има големи шанси. Знаците е суптилни, па ако сте во врска каде што нешто не е како што треба, имајте ги следниве 7 работи на ум. Ако ве опишуваат, можеби и вие се присилувате да го сакате вашето момче.rnrn7-znaci-deka-se-prisiluvate-da-go-sakate-vasheto-momche-kafepauza.mkrn

    1. Дел од вас се надева дека ќе ви раскине

    rnКога се присилувате да го сакате вашето момче, не мора да значи дека постојано сте мизерни. Сигурно вашиот партнер има и добри страни. Но кога сте искрени кон себе, дел од вас се надева дека тој ќе ја прекине врската. Ова чувство не е нормално кај функционалните врски.rn

    2. Се прашувате дали постојат среќни врски

    rnЛуѓето можеби ја гледаат вашата врска и сметаат дека е одлична. И таа можеби е… понекогаш. Но дали иднината со него ви изгледа мрачна? Дали ви е тешко да мислите дека ќе имате среќен живот со него? Среќните врски постојат, но во оваа ситуација вие се присилувате да го сакате партнерот.rn

    3. Вашите емоции се чудни

    rnДали вашата анксиозност се засили откако почнавте да се гледате? Дали плачете повеќе од обично? Секој од нас има добри и лоши моменти, но ако искусувате екстремни промени на расположението, може причината да е вашата врска. Иако можеби сè уште не сте го сфатиле тоа, кога се присилувате да сакате некого вие го потиснувате вашиот инстинкт, па вашите емоции стануваат вистински неред.rn

    4. Не сакате да го повредите, дури и тоа да значи да се повредите себеси

    rnКога знаете дека некој ве сака, може да биде навистина тешко да го повредите, дури и ако се повредувате самите. Можеби ве „бркал“ долго време. Или пак ви кажува како не може да си го замисли животот без вас. Тешко е да кажете некому кој ви значи дека не сте вистински еден за друг. Но, одложувањето на раскинувањето само повеќе ќе ве повреди и двајцата.rn

    5. Изморени сте од одбивање

    rnАко сте раскинале неколку пати, а вашиот партнер ве молел да се смирите, на крајот вие се предавате. Ако сметате дека сте биле во право кога сте ставиле крај, паметете го тоа чувство и навистина ставете крај. Истражувањата покажале дека паровите кои често раскинуваат и се смируваат немаат среќна иднина.rn

    6. Очајно сакате да бидете во врска

    rnОчајот ретко води до добри одлуки. Има една тајна: Ако сте несреќни кога сте сингл, ќе бидете несреќни и во врска, освен ако не го промените вашиот живот. Немојте да почнувате врски ако очајно сакате некој да ве направи среќни. Не функционира така. Започнете врска со некој кој се чувствува исто како и вас.rn

    7. „Одличен е, ама…“

    rnНајверојатно вашето момче е одлично. Но, ова не значи дека мора да бидете во врска со него. Ако постојано барате оправдувања за вашата врска, запрашајте се зошто сè уште сте со него. Постојат многу одлични луѓе на светот. И двајцата заслужувате да бидете во врска во која и двајцата се чувствуваат исто.rnrnПричината зошто сте се нашле во ваква врска е тоа што може да биде навистина тешко да бидете искрени кон себе. Ако можете да се препознаете во овие знаци, направете си услуга. Она што ќе го откриете може да ви го промени животот.rnrnПогледнете ги и проблемите во врската кои едноставно не можете да ги решите.

  • 12 начини да направите вашата партнерка да се чувствува сакано

    12 начини да направите вашата партнерка да се чувствува сакано

    Научете како да се однесувате, како да се грижите и како да ја сакате вашата партнерка. Не дозволувајте да биде предоцна. Грешките кои сте ги правеле досега нека ви бидат лекции за оваа врска. Искористете ги за да научите и да созреете. Искористете го вашето искуство и овие совети кои ќе ви помогнат да ѝ покажете на вашата најмила дека навистина ја сакате.rnrn12-nachini-da-napravite-vashata-zhena-da-se-chuvstvuva-sakano-kafepauza.mkrn

    1. Постојано одвојувајте време за неа

    rnЖената ќе се чувствува сакано ако ја направите приоритет и ако одвојувате време за неа. Премногу мажи вложуваат многу време во жената на почетокот на врската, но тоа престанува кога врската ќе стане посериозна. Како што ви е потребно време за сè што ви е важно во животот, така потребно е време и за вашата партнерка. Излезете заедно, играјте игри дома или пак одете на авантура со пријателите. Ова ќе ѝ помогне да се чувствува важно, згрижено и сакано.rn

    2. Ценете ја

    rnПовеќето жени навистина премногу се грижат за другите, а многу од оваа грижа е игнорирана. Покажете ѝ дека ја цените и речиси сигурно ќе направите разлика во нејзиниот живот. Постојат многу работи кај жените кои не ги цениме доволно, како убавите гестови, нежниот допир, грижата за децата, страсниот бакнеж… Постојат многу работи кај вашата сакана кои треба да ги цените.rn

    3. Дајте ѝ признание

    rnОбидете се да забележите кога ќе направи нешто и кажете ѝ дека навистина го цените тоа. Убав гест, добар збор, или пак многу мал подарок ќе направат да се чувствува ценето. Заблагодарете ѝ се барајќи го она што можете да го цените кај неа.rn

    4. Прифатете ја таква каква што е

    rnЦенете ја нејзината најдобра верзија наместо постојано да ја потсетувате за нејзините недостатоци. Наједноставниот начин да љубите жена е да ја прифатите таква каква што е. Нема потреба да ѝ кажувате дека не ја бива за нешто. Општеството веќе со генерации им кажува на жените што да јадат, што да прават, како да изгледаат… Нема потреба и вие да го правите тоа. Кажете ѝ дека ја сакате безусловно и целосно прифатете ја онаква каква што е.rn

    5. Престанете да се обидувате да ја промените

    rnКога ќе ја прифатите таква каква што е, мора да заборавите на обидот да ја промените на кој било начин. Не можете да очекувате или да барате вашата жена да се однесува по некој ваш принцип во врската. Најдоброто нешто коешто можете да го направите е да ѝ помогнете да стане најдобрата верзија од себе преку разбирање, сочувство и добрина. Наместо да се обидувате да ја претворите во нешто што не е, обидете се и вие да станете најдобрата верзија од себе.rn

    6. Развијте сочувство

    rnДел од прифаќањето е и сочувството. Ова значи да ги разберете нејзините предизвици и проблемите со кои се соочува секојдневно. Ова значи да бидете присутни и да можете да ѝ простите. Не мора постојано да биде во право, едноставно дозволете ѝ да ги прави работите кои ги сака. Обидете се да се ставите на нејзино место. Погледнете ја ситуацијата од нејзина перспектива. Понекогаш доволно е само да ѝ оставите простор и да ја поддржите.rn

    7. Ислушајте ја

    rnЖените, за разлика од мажите, сакаат да се искажат преку разговор. Ова споделување за нив е начин на љубење. Сè што треба да направите е да ја слушате, без да се обидувате да ја поправите или да ѝ помогнете. Луѓето обично сакаат да одговорат на сè, но обидете се само да ја слушате без да нудите совети.rn

    8. Покажете отвореност и искреност

    rnАко сте искрени со неа, вашата жена ќе се чувствува навистина сакано. Искрените и отворени разговори, длабоките и интимните мисли прават жената да се чувствува безбедно. Жените можат да се справат со сè што ќе им кажете, но кога ја криете вистината од нив тие се чувствуваат повредено и предадено.rn

    9. Бидете ранливи со неа

    rnЖените се чувствуваат сакано кога со нив ќе ги споделите вашите чувства и искуства, и лоши и добри. Тие не сакат да ја слушнат секоја ваша грижа и секој ваш страв, но сакаат да ги знаат вашите предизвици. И тие сакаат да бидат овде за вас и да ви помогнат. Жените разбираат колку им е тешко на мажите да се отворат, па кога ќе го направите ова таа ќе се чувствува навистина посебно.rn

    10. Обидете се да бидете подобар партнер

    rnНајдоброто нешто што можете да го направите за неа и за вас е да станете најдобрата верзија од себе. Учете, созревајте и работете на вашето подобрување. Отстранете ги лошите навики, станете емоционално посилни и бидете поранливи. На овој начин ќе станете подобар партнер во врската. Кога ќе станете подобра личност, и вашата партнерка ќе има придобивки.rn

    11. Покажете внимание со мали гестови

    rnНема потреба од скапи подароци и егзотични патувања за да ја импресионирате. Малите гестови на внимание се многу помоќни од ова. Обидете се да го направите нејзиниот живот полесен, помогнете ѝ кога ѝ е потребно и со ова ќе ѝ покажете колку всушност ја сакате. Без разлика дали ќе ги измиете садовите или ќе ја средите вашата облека, вашата партнерка сигурно ќе го цени тоа.rn

    12. Опсипете ја со слатки работи, внимание и чоколадо

    rnЖените сакаат да бидат ценети и љубени со зборови. Не мора да пишувате поеми или јавно да ја искажувате вашата љубов. Доволно е да ѝ оставите мала порака на која ќе ѝ напишете дека ја сакате. Прегрнете ја и допрете ја како што сака. Правете работи во кои таа ужива. Бидете свесни за нејзините чувства. И да, изненадете ја со чоколадо. Не мора да биде посебна прилика. Не чекајте роденден или годишнина. Денес е најдобриот ден за ова слатко мало изненадување.rnrnПогледнете ги и љубовните совети кои можете да ги научите од вашата мајка.

  • 5 прашања кои треба да си ги поставите ако постојано ги повторувате истите грешките во љубовта

    5 прашања кои треба да си ги поставите ако постојано ги повторувате истите грешките во љубовта

    Секое раскинување е тешко, без разлика кој бил иницијаторот. Можеби ќе ви биде потребно време после раскинувањето, а можеби веднаш ќе започнете нова врска. Како и да е, изборот е ваш. Од неуспешната врска можете да научите нешто и да најдете подобар партнер, или како повеќето повторно да ги повторите истите грешки.rnrn5-prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-ako-gi-povtoruvate-istite-greshki-vo-ljubovta-kafepauza.mkrnrnПравењето листа ќе ви помогне да ја согледате реалноста за вашата врска, и лошите и добрите страни, и ќе ви помогне да ги средите вашите чувства. Покрај тоа, овие листи ќе ви помогнат да забележите кои грешки ги повторувате, па следниот пат ќе знаете што да избегнувате. Кога ќе ја правите оваа листа, поставете си ги следниве прашања.rn

    1. Што сте сакале кај него?

    rnДури и најлошите врски имаат нешто добро што ве натерало да останете заедно толку долго. Дали се чувствувавте поврзано? Дали ви годело да имате некој покрај себе? Дали заедно се смеевте? Дали тој ги ценел вашите чувства? Дали сте се чувствувале заштитено кога сте биле заедно? Вклучете го секој дел од врската кој ви се допаѓал. Можеби некои од овие работи ќе ги најдете и кај наредниот партнер, а може некои ќе останат само кај поранешниот.rn

    2. Што не сте сакале кај него?

    rnМногу често луѓето мислат само на убавите мигови по раскинувањето, дури и ако врската била навистина лоша. Поврзувањето со другата личност било силно, па по раскинувањето се чувствува празнина. Оваа листа ќе ви помогне да бидете пореални. Дали сметавте дека не сте му приоритет? Дали требало да се извинувате за неговото однесување? Дали секогаш се сомневал во вас? Можеби пак, не водел добра грижа за себе? Запишете сè, па дури и некој физички недостаток. Кога ви недостига, дали ви недостига тој или вие двајца заедно? Оваа листа нека ве потсетува зошто е во ред тоа што сте разделени.rn

    3. Што ве прави вредна личност?

    rnКои се квалитетите со кои можете да се пофалите? Дали сте добар слушател? Дали сте добар готвач? Дали сте возбудени за животот и љубовта? Набројте сè што ќе ви падне на ум. Не заборавајте да ги наброите работите кои ќе му недостигаат на поранешниот партнер, квалитетите кои нема да може да ги пронајде кај друга. Ако постојат некои работи на кои сакате да поработите, запишете ги и нив и уште веднаш почнете со подобрување. Станете жената која сакате да бидете. Станете жената која ве прави среќни. Ова ќе ја зголеми вашата самодоверба, а другите ќе го забележат тоа.rn

    4. Што научивте за себе пред и по раскинувањето?

    rnДали сте сфатиле дека сте одлична девојка? Или пак можеби сте биле премногу несигурна? Дали целосно сте се посветиле на врската или пак ви било страв да не бидете повредени? Дали сте биле љубоморни или лојални и искрени? Набројте сè што сте научиле, и добро и лошо. Размислете и како сте се чувствувале за себе пред да ја започнете врската. Како сте се чувствувале додека сте биле заедно, и како се чувствувате сега? Дали сте биле несреќни кога сте биле сингл, а сега сте сфатиле дека тоа е подобро? Или пак сте се чувствувале среќно и безбедно во врската, па сега едвај ја чекате новата?rn

    5. На што треба да работите пред да го запознаете следниот партнер?

    rnДали ви е потребна поголема самодоверба? Дали треба да научите да ги искажувате вашите чувства? Како што веќе знаете, мажите и жените зборуваат разни јазици, а ваше е да откриете што сакате во здрава врска. Она што звучи добро за вас, може да биде навистина лошо за некои мажи. Добро запознајте се себеси и научете ефективно да комуницирате со мажите. Ова ќе ви помогне да се движите во правилната насока, а резултатите навистина пријатно ќе ве изненадат.rnrnПогледнете и кои се знаците кои покажуваат дека е време да ѝ ставите крај на врската.